Врачар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vrachar/ За подобро да се разбереме Sun, 16 Jul 2023 09:16:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Врачар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vrachar/ 32 32 Судот нареди нови мерки против таткото и мајката на момчето – убиец од Врачар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sudot-naredi-novi-merki-protiv-tatkoto-i-majkata-na-momcheto-ubiets-od-vrachar/ Sun, 16 Jul 2023 09:16:59 +0000 https://republika.mk/?p=661866

Вишиот суд во Белград го усвои предлогот на членовите на семејствата на убиените деца во масакрот во О.У. „Владислав Рибникар“ сите пари со кои располага таткото на Коста К., убиецот од Врачар да се префрлат на депозит на јавен извршител.

Во исто време, судот и наложи на Народната банка на Србија да ги префрли парите како што е наложено. Парите, до висината на имотно-правните побарувања на оштетените (членовите на семејствата на убиените) ќе бидат депонирани кај јавниот извршител каде ќе се чуваат до конечното завршување на кривичната постапка.

Тоа значи дека сите пари од сметката на тоа семејство ќе бидат префрлени на депозитот на јавниот извршител. Против тоа решение е дозволена жалба, но тоа не го одлага извршувањето на решението.

Да потсетиме, таткото на момчето-убиец од Врачар е во притвор под сомнение дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност. На неговата сопруга, односно мајката на момчето, судот и забрани да стави под хипотека или да продава недвижен имот што го поседуваат. Ова важи и за автомобилот регистриран на нејзино име.

Одлуката на судот е донесена кога адвокатот на девет семејства, чии деца се убиени, ја побара оваа мерка во нивно име бидејќи се стравуваше дека обвинетиот ќе ја спречи или значително ќе ја одложи наплатата. Одземено е онолку колку што е потребно за да се обезбедат барањата на семејствата на убиените деца.

 

The post Судот нареди нови мерки против таткото и мајката на момчето – убиец од Врачар appeared first on Република.

]]>

Вишиот суд во Белград го усвои предлогот на членовите на семејствата на убиените деца во масакрот во О.У. „Владислав Рибникар“ сите пари со кои располага таткото на Коста К., убиецот од Врачар да се префрлат на депозит на јавен извршител. Во исто време, судот и наложи на Народната банка на Србија да ги префрли парите како што е наложено. Парите, до висината на имотно-правните побарувања на оштетените (членовите на семејствата на убиените) ќе бидат депонирани кај јавниот извршител каде ќе се чуваат до конечното завршување на кривичната постапка. Тоа значи дека сите пари од сметката на тоа семејство ќе бидат префрлени на депозитот на јавниот извршител. Против тоа решение е дозволена жалба, но тоа не го одлага извршувањето на решението. Да потсетиме, таткото на момчето-убиец од Врачар е во притвор под сомнение дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност. На неговата сопруга, односно мајката на момчето, судот и забрани да стави под хипотека или да продава недвижен имот што го поседуваат. Ова важи и за автомобилот регистриран на нејзино име. Одлуката на судот е донесена кога адвокатот на девет семејства, чии деца се убиени, ја побара оваа мерка во нивно име бидејќи се стравуваше дека обвинетиот ќе ја спречи или значително ќе ја одложи наплатата. Одземено е онолку колку што е потребно за да се обезбедат барањата на семејствата на убиените деца.  

The post Судот нареди нови мерки против таткото и мајката на момчето – убиец од Врачар appeared first on Република.

]]>
Уапсен е пукачот кој вчера рани македонски граѓанин во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapsen-e-pukachot-koj-vchera-rani-makedonski-graganin-vo-belgrad/ Tue, 23 May 2023 08:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=643825

Српската полиција три часа по инцидентот го уапси  Н.Ѓ. (20) осомничен дека вчера во 19.40 часот рани две лица во белградската населба Врачар. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград му е одредена мерка притвор до 48 часа, пишува „Блиц“.

Како што вчера пренесоа српските медиуми, две лица беа ранети во претрелката, од кои едното лице е 21-годишниот македонски државјанин Д.Л. за кој медиумите пишуваат дека бил случајно ранет. По престрелката полицијата затекла една повредена особа на улицата „Максим Горки“, и второ повредено лице на блиската улица „Новопазарска“, кои биле пренесени во Ургентниот центар.

https://republika.mk/vesti/balkan/makedonski-drzhavjanin-eden-od-ranetite-vo-pukotnitsite-vo-belgrad-vecherva/

И додека за првото лице А.П (26) кое е повредено со два проектила во ногата, медиумите соопштија дека има криминално досие со 12 кривични пријави поради наркотици, оружје и разбојништво, за македонскиот државјанин Д.Л (21) кој е повреден во грбот, пишуваат дека најверојатно е случајна жртва.

Ранетиот Д.Л., го донесе негов пријател на влез во соседната улица Новопазарска. Таму го тргнал и повикал полиција и брза помош. Тој и ранетиот другар се движеле од Његошева кон улицата Максим Горки, кога пред позната обложувалница дошло до пукање. Кога некако го донесе неговиот пријател до влезот, тој одеше и од мака се фаќаше за главата, изјави соговорникот за порталот „Мондо“.

Набрзо пристигнале Брзата помош и полицијата, а кога ранетиот македонски државјанин бил внесен во автомобилот, на грбот биле видливи две крвави рани од куршуми.

Истрагата треба да утврди дали македонскиот државјанин е случајно ранет.

 

The post Уапсен е пукачот кој вчера рани македонски граѓанин во Белград appeared first on Република.

]]>

Српската полиција три часа по инцидентот го уапси  Н.Ѓ. (20) осомничен дека вчера во 19.40 часот рани две лица во белградската населба Врачар. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград му е одредена мерка притвор до 48 часа, пишува „Блиц“. Како што вчера пренесоа српските медиуми, две лица беа ранети во претрелката, од кои едното лице е 21-годишниот македонски државјанин Д.Л. за кој медиумите пишуваат дека бил случајно ранет. По престрелката полицијата затекла една повредена особа на улицата „Максим Горки“, и второ повредено лице на блиската улица „Новопазарска“, кои биле пренесени во Ургентниот центар. https://republika.mk/vesti/balkan/makedonski-drzhavjanin-eden-od-ranetite-vo-pukotnitsite-vo-belgrad-vecherva/ И додека за првото лице А.П (26) кое е повредено со два проектила во ногата, медиумите соопштија дека има криминално досие со 12 кривични пријави поради наркотици, оружје и разбојништво, за македонскиот државјанин Д.Л (21) кој е повреден во грбот, пишуваат дека најверојатно е случајна жртва.
Ранетиот Д.Л., го донесе негов пријател на влез во соседната улица Новопазарска. Таму го тргнал и повикал полиција и брза помош. Тој и ранетиот другар се движеле од Његошева кон улицата Максим Горки, кога пред позната обложувалница дошло до пукање. Кога некако го донесе неговиот пријател до влезот, тој одеше и од мака се фаќаше за главата, изјави соговорникот за порталот „Мондо“.
Набрзо пристигнале Брзата помош и полицијата, а кога ранетиот македонски државјанин бил внесен во автомобилот, на грбот биле видливи две крвави рани од куршуми. Истрагата треба да утврди дали македонскиот државјанин е случајно ранет.  

The post Уапсен е пукачот кој вчера рани македонски граѓанин во Белград appeared first on Република.

]]>
Македонски државјанин еден од ранетите во пукотниците во Белград вечерва https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonski-drzhavjanin-eden-od-ranetite-vo-pukotnitsite-vo-belgrad-vecherva/ Mon, 22 May 2023 20:38:47 +0000 https://republika.mk/?p=643761

Македонскиот државјанин Д.Л.(21) е еден од двајцата повредени во пукањето што се случи вечерва околу 19.40 часот во белградската населба Врачар, пренесуваат српските медиуми. Тој се здобил со две прострелни рани во грбот. Како што пренесува „Информер“, тој најверојатно бил случајно застрелан.

Престрелката се случила на аголот од улиците „Максим Горки“ и „Цар Николај“.

Ранет е 29-годишниот А.П.(29) кој веќе и е познат на полицијата поради бројни криминални дела. Станува збор за лице со 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништво итн. по кое во тек била и потера за издржување затворска казна. Тој бил застрелан во ногата и е надвор од животна опасност.

Недалеку од местото каде што е застрелан А.П., полицијата го пронашла македонскиот државјанин. Се претпоставува дека биле ранети од истиот напаѓач, кој е во бегство.

Како што пренесуваат медиумите, се работи за момче од околу 20-21 година, висок 170 сантиметри и носи сив дуксер и фармерки. По пукањето побегнал кон Чубурски парк.

 

The post Македонски државјанин еден од ранетите во пукотниците во Белград вечерва appeared first on Република.

]]>

Македонскиот државјанин Д.Л.(21) е еден од двајцата повредени во пукањето што се случи вечерва околу 19.40 часот во белградската населба Врачар, пренесуваат српските медиуми. Тој се здобил со две прострелни рани во грбот. Како што пренесува „Информер“, тој најверојатно бил случајно застрелан. Престрелката се случила на аголот од улиците „Максим Горки“ и „Цар Николај“.
Ранет е 29-годишниот А.П.(29) кој веќе и е познат на полицијата поради бројни криминални дела. Станува збор за лице со 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништво итн. по кое во тек била и потера за издржување затворска казна. Тој бил застрелан во ногата и е надвор од животна опасност. Недалеку од местото каде што е застрелан А.П., полицијата го пронашла македонскиот државјанин. Се претпоставува дека биле ранети од истиот напаѓач, кој е во бегство. Како што пренесуваат медиумите, се работи за момче од околу 20-21 година, висок 170 сантиметри и носи сив дуксер и фармерки. По пукањето побегнал кон Чубурски парк.  

The post Македонски државјанин еден од ранетите во пукотниците во Белград вечерва appeared first on Република.

]]>
Повторно пукање во Врачар, две лица во Ургентен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/povtorno-pukane-vo-vrachar-dve-litsa-vo-urgenten/ Mon, 22 May 2023 19:34:46 +0000 https://republika.mk/?p=643743

Две лица се ранети во престрелката што се случи вечерва во белградската населба Врачар во центарот на српскиот главен град. Престрелката се случила на аголот од улиците „Максим Горки“ и „Цар Николај“.

Како што дознава „Телеграф“, еден од ранетите е 29-годишниот А.П.(29) кој веќе и е познат на полицијата поради бројни криминални дела. Станува збор за лице со 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништво итн. по кое во тек била и потера за издржување затворска казна. Тој бил застрелан во ногата и е надвор од животна опасност.

Недалеку од местото каде што е застрелан А.П., полицијата пронашла уште едно младо момче со рана на грбот. Се претпоставува дека биле ранети од истиот напаѓач, кој е во бегство.

Застрелани се двајца мажи, се сомнева дека се работи за истиот инцидент, двајцата се пренесени во Ургентниот центар, а истрагата е во тек, потврдија од српското МВР.

 

 

 

 

The post Повторно пукање во Врачар, две лица во Ургентен appeared first on Република.

]]>

Две лица се ранети во престрелката што се случи вечерва во белградската населба Врачар во центарот на српскиот главен град. Престрелката се случила на аголот од улиците „Максим Горки“ и „Цар Николај“. Како што дознава „Телеграф“, еден од ранетите е 29-годишниот А.П.(29) кој веќе и е познат на полицијата поради бројни криминални дела. Станува збор за лице со 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништво итн. по кое во тек била и потера за издржување затворска казна. Тој бил застрелан во ногата и е надвор од животна опасност. Недалеку од местото каде што е застрелан А.П., полицијата пронашла уште едно младо момче со рана на грбот. Се претпоставува дека биле ранети од истиот напаѓач, кој е во бегство.
Застрелани се двајца мажи, се сомнева дека се работи за истиот инцидент, двајцата се пренесени во Ургентниот центар, а истрагата е во тек, потврдија од српското МВР.
       

The post Повторно пукање во Врачар, две лица во Ургентен appeared first on Република.

]]>
Две деца, сведоци на масакрот во училиштето на Врачар посакале да се самоубијат, а две да убијат некого https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dve-detsa-svedotsi-na-masakrot-vo-uchilishteto-na-vrachar-posakale-da-se-samoubijat-a-dve-da-ubijat-nekogo/ Tue, 09 May 2023 09:19:15 +0000 https://republika.mk/?p=638674

Министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ истакна дека вчера на детската клиника за невропсихијатрија биле примени четири деца, бидејќи две имале идеја да се убијат, а две да убијат некого.

Децата почувствуваа дека нешто не е во ред, а исто така и родителите. Тие деца бараа да останат во болница и затоа ги повикувам сите родители, деца, кој има проблем да се јави на вистинскиот број. Се согласувам дека во училиштата треба да има полицајци, но тие не можат да го спречат стравот, ни требаат педагози и психолози да разговараме, рече министерката Грујичиќ.

Таа изјави дека животот мора да продолжи, а потоа побара од медиумите да ги остават надлежните како понатаму и кои се следните чекори во решавањето на овој проблем кој сите ги остави затечени.

 

The post Две деца, сведоци на масакрот во училиштето на Врачар посакале да се самоубијат, а две да убијат некого appeared first on Република.

]]>

Министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ истакна дека вчера на детската клиника за невропсихијатрија биле примени четири деца, бидејќи две имале идеја да се убијат, а две да убијат некого.
Децата почувствуваа дека нешто не е во ред, а исто така и родителите. Тие деца бараа да останат во болница и затоа ги повикувам сите родители, деца, кој има проблем да се јави на вистинскиот број. Се согласувам дека во училиштата треба да има полицајци, но тие не можат да го спречат стравот, ни требаат педагози и психолози да разговараме, рече министерката Грујичиќ.
Таа изјави дека животот мора да продолжи, а потоа побара од медиумите да ги остават надлежните како понатаму и кои се следните чекори во решавањето на овој проблем кој сите ги остави затечени.  

The post Две деца, сведоци на масакрот во училиштето на Врачар посакале да се самоубијат, а две да убијат некого appeared first on Република.

]]>
Родители нема да ги вратат децата во училиштето на Врачар, додека не се реконструира https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/roditeli-nema-da-gi-vratat-detsata-vo-uchilishteto-na-vrachar-dodeka-ne-se-rekonstruira/ Mon, 08 May 2023 08:44:10 +0000 https://republika.mk/?p=638231

Повеќето родители на децата од основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар од среда нема да ги вратат децата на училиште бидејќи сметаат дека е рано за тоа, изјави Војин Шаљиќ, татко на прваче од тоа училиште.

Тој при своето учество на „Впечаток на неделата“ на телевизија Нова го соопшти ставот на дел од членовите на Советот на родители на тоа училиште што се одржа вечерва, објави порталот Нова.рс.

Тој истакна дека ова не е официјален став на Советот на родители во целина, туку, како што рече, ги слуша потребите на децата и родителите за начин како да се реши ситуацијата“.

Тој рече и дека „речиси 60 отсто од родителите зазеле став дека децата нема да се вратат во таа зграда од среда“, и дека бараат реконструкција и преуредување на зградата за децата повторно да не ја доживеат таа траума.

Според неговите зборови, постои договор заедницата да се интегрира во целина, да се започне групна работа, да се собере одделението, да се преместат од местото на настанот, додека училиштето се реновира.

Тој додаде дека аргументот на претставниците на Министерството за образование е дека треба да дојдат во среда, дека ќе има психолози да дојдат да разговараат.

Тие изразија јасен став дека враќањето на училиште е неопходно единствено можно решение, со што не се согласуваме“, повтори Шаљиќ.

Помошникот на министерот за образование, Милан Пашиќ, претходно вечерва изјави дека учениците од тоа училиште ќе се вратат на настава од среда на 10 мај, но не на нормална настава, туку, како што наведе, ќе им биде обезбедена помош од експерти.

Тој за РТС објасни дека на учениците ќе им помагаат стручни лица „во составот на тимот што е формиран за кризни интервенции“, и додаде дека е формиран тим „кој ќе им пружи психолошка помош на учениците, родителите и вработените“.

На 3 мај, малолетниот ученик од тоа училиште со истрели од огнено оружје уби осум ученици и еден училишен чувар.

 

The post Родители нема да ги вратат децата во училиштето на Врачар, додека не се реконструира appeared first on Република.

]]>

Повеќето родители на децата од основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар од среда нема да ги вратат децата на училиште бидејќи сметаат дека е рано за тоа, изјави Војин Шаљиќ, татко на прваче од тоа училиште. Тој при своето учество на „Впечаток на неделата“ на телевизија Нова го соопшти ставот на дел од членовите на Советот на родители на тоа училиште што се одржа вечерва, објави порталот Нова.рс. Тој истакна дека ова не е официјален став на Советот на родители во целина, туку, како што рече, ги слуша потребите на децата и родителите за начин како да се реши ситуацијата“. Тој рече и дека „речиси 60 отсто од родителите зазеле став дека децата нема да се вратат во таа зграда од среда“, и дека бараат реконструкција и преуредување на зградата за децата повторно да не ја доживеат таа траума. Според неговите зборови, постои договор заедницата да се интегрира во целина, да се започне групна работа, да се собере одделението, да се преместат од местото на настанот, додека училиштето се реновира. Тој додаде дека аргументот на претставниците на Министерството за образование е дека треба да дојдат во среда, дека ќе има психолози да дојдат да разговараат.
Тие изразија јасен став дека враќањето на училиште е неопходно единствено можно решение, со што не се согласуваме“, повтори Шаљиќ.
Помошникот на министерот за образование, Милан Пашиќ, претходно вечерва изјави дека учениците од тоа училиште ќе се вратат на настава од среда на 10 мај, но не на нормална настава, туку, како што наведе, ќе им биде обезбедена помош од експерти. Тој за РТС објасни дека на учениците ќе им помагаат стручни лица „во составот на тимот што е формиран за кризни интервенции“, и додаде дека е формиран тим „кој ќе им пружи психолошка помош на учениците, родителите и вработените“. На 3 мај, малолетниот ученик од тоа училиште со истрели од огнено оружје уби осум ученици и еден училишен чувар.  

The post Родители нема да ги вратат децата во училиштето на Врачар, додека не се реконструира appeared first on Република.

]]>
Уапсено лице за кое се смета дека го инспирирало Коста К. за масакрот во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapseno-litse-za-koe-se-smeta-deka-go-inspiriralo-kosta-k-za-masakrot-vo-belgrad/ Sat, 06 May 2023 21:13:49 +0000 https://republika.mk/?p=637824

Српски „Курир“ неофицијално дознава дека е уапсено лице кое, за како што се наведува, постои сомнеж дека го инспирирало Коста К. (13) да го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, кога беа убиени девет лица, од кои осум деца.

https://republika.mk/vesti/balkan/chuvarot-pokosen-na-vlezot-dve-devojchina-mrtvi-kaj-klupata-za-dezhurni-potoa-vleguvash-vo-mrtvoto-oddelenie/

Српскиот медиум, наведува дека наскоро ќе соопшти повеќе детали.

Коста Кецмановиќ, со два пиштоли, на 3. мај уби осумина свои другари и чуварот на училиштетот. Во ранецот му беа пронајдени и молотови коктели, како и цела разработена шема, односно список со имиња на учениците кои сакал да ги ликвидира.

https://republika.mk/vesti/balkan/uchenitsite-ke-go-pametat-kako-angel-nemashe-svoi-detsa-no-go-dade-zhivotot-shtitejki-tugi-ispoved-na-bratot-na-ubieniot-chuvar-dragan/

The post Уапсено лице за кое се смета дека го инспирирало Коста К. за масакрот во Белград appeared first on Република.

]]>

Српски „Курир“ неофицијално дознава дека е уапсено лице кое, за како што се наведува, постои сомнеж дека го инспирирало Коста К. (13) да го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, кога беа убиени девет лица, од кои осум деца. https://republika.mk/vesti/balkan/chuvarot-pokosen-na-vlezot-dve-devojchina-mrtvi-kaj-klupata-za-dezhurni-potoa-vleguvash-vo-mrtvoto-oddelenie/ Српскиот медиум, наведува дека наскоро ќе соопшти повеќе детали. Коста Кецмановиќ, со два пиштоли, на 3. мај уби осумина свои другари и чуварот на училиштетот. Во ранецот му беа пронајдени и молотови коктели, како и цела разработена шема, односно список со имиња на учениците кои сакал да ги ликвидира. https://republika.mk/vesti/balkan/uchenitsite-ke-go-pametat-kako-angel-nemashe-svoi-detsa-no-go-dade-zhivotot-shtitejki-tugi-ispoved-na-bratot-na-ubieniot-chuvar-dragan/

The post Уапсено лице за кое се смета дека го инспирирало Коста К. за масакрот во Белград appeared first on Република.

]]>
Андрија Чикиќ е едно од осумте деца убиени во Белград: Пред еден месец ја компонираше мелодијата „Емоции“ која победи на фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/andrija-chikik-e-edno-od-osumte-detsa-ubieni-vo-belgrad-pred-eden-mesets-ja-komponirashe-melodijata-emotsii-koja-pobedi-na-festival/ Fri, 05 May 2023 16:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=637411

Андрија Чикиќ е едно од осумте деца кои беа убиени од врсник од нивното училиште во белградската населба Врачар.

Андрија пред само еден месец ја компонираше и ја отсвири композицијата „Емоции“ со која ја освои и ја освои Првата награда, со максимални 100 поени, на 28. Републички фестивал за детско музичко творештво - „Деца композитори, ФЕДЕМУС 2023“...

The post Андрија Чикиќ е едно од осумте деца убиени во Белград: Пред еден месец ја компонираше мелодијата „Емоции“ која победи на фестивал appeared first on Република.

]]>

Андрија Чикиќ е едно од осумте деца кои беа убиени од врсник од нивното училиште во белградската населба Врачар. Андрија пред само еден месец ја компонираше и ја отсвири композицијата „Емоции“ со која ја освои и ја освои Првата награда, со максимални 100 поени, на 28. Републички фестивал за детско музичко творештво - „Деца композитори, ФЕДЕМУС 2023“...

The post Андрија Чикиќ е едно од осумте деца убиени во Белград: Пред еден месец ја компонираше мелодијата „Емоции“ која победи на фестивал appeared first on Република.

]]>
Ученици ја окупираа зградата на убиецот: Ова не треба да остане неказнето https://arhiva3.republika.mk/vesti/uchenitsi-ja-okupiraa-zgradata-na-ubietsot-ova-ne-treba-da-ostane-nekazneto/ Thu, 04 May 2023 21:27:52 +0000 https://republika.mk/?p=637093

Пред зградата во белградски Врачар каде што живее семејството на Коста кој вчера изврши брутално злосторство, попладнево се собраа околу стотина млади луѓе, пишува Слободна Далмација.

Учениците од неколку белградски училишта, меѓу кои има и матуриранти, сакаат да укажат на системот кој, како што велат, во голема мера пропаднал во Србија.

Новинарите на Слободна Далмација разговараа со 19-годишниот Александар Јокиќ – другар на момче кое ја загубило сестра си во масакрот.

Сакаме само да апелираме до Владата да преземе нешто околу ова. Убиена е сестрата на наш добар другар. Како и уште седум невини деца и човек кој бил пример за сите. Ова не треба да остане неказнето, дете самото да влезе на училиште и да направи масакр, вели Јокиќ.

Бараат да се воведе закон со кој и по 12 години некој ќе може кривично да се гони.

Што се однесува до момчето што го направи тоа, очигледно бил под влијание на општеството и не му било добро во главата кога на училиште влегол со пиштол и го направил тоа. Се надевам дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи во Србија“, рече Александар, пишува „Слободна Далмација“.

The post Ученици ја окупираа зградата на убиецот: Ова не треба да остане неказнето appeared first on Република.

]]>

Пред зградата во белградски Врачар каде што живее семејството на Коста кој вчера изврши брутално злосторство, попладнево се собраа околу стотина млади луѓе, пишува Слободна Далмација. Учениците од неколку белградски училишта, меѓу кои има и матуриранти, сакаат да укажат на системот кој, како што велат, во голема мера пропаднал во Србија. Новинарите на Слободна Далмација разговараа со 19-годишниот Александар Јокиќ – другар на момче кое ја загубило сестра си во масакрот.
Сакаме само да апелираме до Владата да преземе нешто околу ова. Убиена е сестрата на наш добар другар. Како и уште седум невини деца и човек кој бил пример за сите. Ова не треба да остане неказнето, дете самото да влезе на училиште и да направи масакр, вели Јокиќ.
Бараат да се воведе закон со кој и по 12 години некој ќе може кривично да се гони.
Што се однесува до момчето што го направи тоа, очигледно бил под влијание на општеството и не му било добро во главата кога на училиште влегол со пиштол и го направил тоа. Се надевам дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи во Србија“, рече Александар, пишува „Слободна Далмација“.

The post Ученици ја окупираа зградата на убиецот: Ова не треба да остане неказнето appeared first on Република.

]]>
Убиецот од Врачар е 14-годишниот Коста Кецмановиќ, учестувал на многу школски натпревари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ubietsot-od-vrachar-e-14-godishniot-kosta-ketsmanovik-uchestuval-na-mnogu-shkolski-natprevari/ Wed, 03 May 2023 09:21:06 +0000 https://republika.mk/?p=636367

Министерството за внатрешни работи на Србија го објави идентитетот на убиецот од Врачар. Станува збор за ученикот Коста Кецмановиќ (14) кој денеска упаднал во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар во Белград и уби најмалку шест лица, а неколкумина се повредени.

Како што може да се види во училишната евиденција, Коста Кецмановиќ учествувал на многу училишни натпревари. Неколку пати учествувал на натпревари по математика и добивал пофалби, објави Нова.рс.

Кецмановиќ лани го освоил и третото место на општинскиот натпревар по историја. Денеска целиот крвав поход започнал токму поради неговиот гнев кон наставничката по историја, на чијшто час утрово упаднал и почнал да пука.

Пукањето се случило околу осум часот, кога Коста упаднал во училиштето и почнал по случаен избор да пука.

 

The post Убиецот од Врачар е 14-годишниот Коста Кецмановиќ, учестувал на многу школски натпревари appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи на Србија го објави идентитетот на убиецот од Врачар. Станува збор за ученикот Коста Кецмановиќ (14) кој денеска упаднал во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар во Белград и уби најмалку шест лица, а неколкумина се повредени. Како што може да се види во училишната евиденција, Коста Кецмановиќ учествувал на многу училишни натпревари. Неколку пати учествувал на натпревари по математика и добивал пофалби, објави Нова.рс. Кецмановиќ лани го освоил и третото место на општинскиот натпревар по историја. Денеска целиот крвав поход започнал токму поради неговиот гнев кон наставничката по историја, на чијшто час утрово упаднал и почнал да пука. Пукањето се случило околу осум часот, кога Коста упаднал во училиштето и почнал по случаен избор да пука.  

The post Убиецот од Врачар е 14-годишниот Коста Кецмановиќ, учестувал на многу школски натпревари appeared first on Република.

]]>