ВПД „Волковија“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vpd-volkovija/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Sep 2023 08:30:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ВПД „Волковија“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vpd-volkovija/ 32 32 Учебната година не почна за децата упатени во воспитно-поправен дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchebnata-godina-ne-pochna-za-detsata-upateni-vo-vospitno-popraven-dom/ Fri, 01 Sep 2023 08:17:11 +0000 https://republika.mk/?p=677804

Учебната година за децата во Воспитно-поправниот дом Волковија-Тетово не започна денеска, откако Владата на прашањето на МИА до каде е постапувањето по барањето на Народниот правобранител кој бара без одлагање да се преземат мерки со цел да се задолжи надлежното министерство и образовните институции, на заедничка средба да го разгледаат прашањето за образование во Воспитно-поправните домови, одговори дека тоа ќе се разгледува на некоја од наредните седници.

Информацијата со предлог за преземање мерки испратена од страна на Народен правобранител е доставенa до Владата на 27.07.2023 година и истата ќе се разгледа на една од наредните владини седници, информираа од Владата за МИА, од каде дополнуваат дека јавноста ќе биде навремено известена кога ќе биде донесена одлуката.

Директорот на Волковија, Даниел Антовски, во изјава за МИА денеска рече дека децата од ВПД, наместо прв училишен час, во моментов се на еднодневна екскурзија во Охрид, а додека се донесат законските измени, тие се во преговори за онлајн настава преку проект финансиран од УНИЦЕФ.

[caption id="" align="alignnone" width="1080"] (фото: МИА)[/caption]

Во информацијата до Владата на Република Македонија, Народниот правобранител наведува дека очекува Владата сериозно да ја разгледа оваа Информација и да се изнајде привремено, соодветно решение за непречено образование на децата/младите од ВПД Волковија, Тетово, до евентуално донесување на предложените законски измени, односно воспоставување на формален образовен процес и континуитет на истиот за штитениците во ВПД Тетово.

Дисконтинуитетот во образованието за штитениците во ВПД-Тетово, каде се сместуваат машки деца кои дошле во судир со законот, не е новина, а истото важи и за женските деца, кои се сместуваат во Идризово.

Во серијата стории, кои МИА и „Само Прашај“ ги објавија за состојбата во домот констатирано е дека штитениците во Волковија имаа прекин во образованието во повеќе наврати.

Станува збор за основно образование на повозрасна група деца, кои од различни причини пред да се упатат во домот не успеале да го завршат задолжителното основно образование.

Во ВПД-Тетово се упатуваат деца кои се судриле со законот на возраст од 14 до 21 година, поради тоа што и нивното образование мора да се прилагоди на возраста, како и на степенот на подготвеност кој го имаат.

[caption id="" align="alignnone" width="1080"] (фото: МИА)[/caption]

Основното образование за штитениците во Волковија своевремено се спроведуваше преку проект на Министерството за образование и наука и УНДП, пракса, која се применува изминативе години. Решението е ад-хок, од година за година, процесот е непостојан, а по завршувањето на школската година тие деца не добиваат класични дипломи, туку потврди за завршен одреден степен на образование, кои немаат важност на јавна исправа. За трајно решавање на овој проблем потребни беа законски измени.

Правото на образование е уставно загарантирано право. Членот 44 од Уставот пропишува дека секој има право на образование. Образованието е достапно за сите под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно. Согласно Законот за средно образование, средното образование е задолжително за секој граѓанин, под еднакви услови, утврдено со овој закон, нагласи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која, исто така, утврди директна продолжена дискриминација во пристапот до задолжително образование од страна на Министерството за образование и наука кон децата на кои им е изречена мерка „упатување во Воспитно-поправен дом“.

Според Правобранителот, ваквата состојба, која ја образложи и во својата информација до Владата, е загрижувачка, и претставува повреда на правото на образование за кое МИА веќе подолго време пишува и бара одговорност од надлежните институции.

The post Учебната година не почна за децата упатени во воспитно-поправен дом appeared first on Република.

]]>

Учебната година за децата во Воспитно-поправниот дом Волковија-Тетово не започна денеска, откако Владата на прашањето на МИА до каде е постапувањето по барањето на Народниот правобранител кој бара без одлагање да се преземат мерки со цел да се задолжи надлежното министерство и образовните институции, на заедничка средба да го разгледаат прашањето за образование во Воспитно-поправните домови, одговори дека тоа ќе се разгледува на некоја од наредните седници.
Информацијата со предлог за преземање мерки испратена од страна на Народен правобранител е доставенa до Владата на 27.07.2023 година и истата ќе се разгледа на една од наредните владини седници, информираа од Владата за МИА, од каде дополнуваат дека јавноста ќе биде навремено известена кога ќе биде донесена одлуката.
Директорот на Волковија, Даниел Антовски, во изјава за МИА денеска рече дека децата од ВПД, наместо прв училишен час, во моментов се на еднодневна екскурзија во Охрид, а додека се донесат законските измени, тие се во преговори за онлајн настава преку проект финансиран од УНИЦЕФ. [caption id="" align="alignnone" width="1080"] (фото: МИА)[/caption] Во информацијата до Владата на Република Македонија, Народниот правобранител наведува дека очекува Владата сериозно да ја разгледа оваа Информација и да се изнајде привремено, соодветно решение за непречено образование на децата/младите од ВПД Волковија, Тетово, до евентуално донесување на предложените законски измени, односно воспоставување на формален образовен процес и континуитет на истиот за штитениците во ВПД Тетово. Дисконтинуитетот во образованието за штитениците во ВПД-Тетово, каде се сместуваат машки деца кои дошле во судир со законот, не е новина, а истото важи и за женските деца, кои се сместуваат во Идризово. Во серијата стории, кои МИА и „Само Прашај“ ги објавија за состојбата во домот констатирано е дека штитениците во Волковија имаа прекин во образованието во повеќе наврати. Станува збор за основно образование на повозрасна група деца, кои од различни причини пред да се упатат во домот не успеале да го завршат задолжителното основно образование. Во ВПД-Тетово се упатуваат деца кои се судриле со законот на возраст од 14 до 21 година, поради тоа што и нивното образование мора да се прилагоди на возраста, како и на степенот на подготвеност кој го имаат. [caption id="" align="alignnone" width="1080"] (фото: МИА)[/caption] Основното образование за штитениците во Волковија своевремено се спроведуваше преку проект на Министерството за образование и наука и УНДП, пракса, која се применува изминативе години. Решението е ад-хок, од година за година, процесот е непостојан, а по завршувањето на школската година тие деца не добиваат класични дипломи, туку потврди за завршен одреден степен на образование, кои немаат важност на јавна исправа. За трајно решавање на овој проблем потребни беа законски измени.
Правото на образование е уставно загарантирано право. Членот 44 од Уставот пропишува дека секој има право на образование. Образованието е достапно за сите под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно. Согласно Законот за средно образование, средното образование е задолжително за секој граѓанин, под еднакви услови, утврдено со овој закон, нагласи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која, исто така, утврди директна продолжена дискриминација во пристапот до задолжително образование од страна на Министерството за образование и наука кон децата на кои им е изречена мерка „упатување во Воспитно-поправен дом“.
Според Правобранителот, ваквата состојба, која ја образложи и во својата информација до Владата, е загрижувачка, и претставува повреда на правото на образование за кое МИА веќе подолго време пишува и бара одговорност од надлежните институции.

The post Учебната година не почна за децата упатени во воспитно-поправен дом appeared first on Република.

]]>
Децата од Воспитно-поправниот дом „Волковија“ веќе втора недела немаат настава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/decata-od-vospitno-popravniot-dom-volkovija-vekje-vtora-nedela-nemaat-nastava/ Thu, 20 Oct 2022 16:20:56 +0000 https://republika.mk/?p=563670

Малолетниците од Воспитно-поправниот дом „Волковија“ веќе втора недела немаат пристап до образование поради завршен договор со наставниците од училиштето „Макаренко“. Децата кои ја издржуваат мерката „упатување во Воспитно-поправен дом“, од септември 2021 година до јуни годинава се соочија со истиот проблем за кој институциите најдоа решение, а сега повторно останаа без настава.

Директорот на ВПД „Волковија“ Даниел Антовски денеска за МИА потврди дека од минатата недела завршил договорот со наставниците кои држеле настава во домот, дека пред два дена ги тестирале малолетниците и дека со министерот за образование Јетон Шаќири се во контакт и заеднички бараат решение што е можно побрзо да се обезбеди продолжување на образовниот процес на децата кои ја издржуваат мерката „упатување во воспитно-поправен дом“.

МИА од Министерството за образование побара информација дали е прекинат образовниот процес во ВПД „Волковија“ и до овој момент не добивме одговор.

Европската Комисија во Извештајот нотираше подобрување на условите за сместување на малолетниците во објектот на Воспитно-поправниот дом во Волковија но сепак, забележува дека во периодот меѓу септември 2021 и јуни 2022 година тие немале пристап до образование.

Откако го објави серијалот стории, МИА постојано ја следи состојбата и во однос на образованието на малолетниците, кои според нивни информации, по едногодишната пауза во јуни 2022 година повторно почна да се одвива, но од минатата недела малолетниците се оставени без настава.

 

The post Децата од Воспитно-поправниот дом „Волковија“ веќе втора недела немаат настава appeared first on Република.

]]>

Малолетниците од Воспитно-поправниот дом „Волковија“ веќе втора недела немаат пристап до образование поради завршен договор со наставниците од училиштето „Макаренко“. Децата кои ја издржуваат мерката „упатување во Воспитно-поправен дом“, од септември 2021 година до јуни годинава се соочија со истиот проблем за кој институциите најдоа решение, а сега повторно останаа без настава. Директорот на ВПД „Волковија“ Даниел Антовски денеска за МИА потврди дека од минатата недела завршил договорот со наставниците кои држеле настава во домот, дека пред два дена ги тестирале малолетниците и дека со министерот за образование Јетон Шаќири се во контакт и заеднички бараат решение што е можно побрзо да се обезбеди продолжување на образовниот процес на децата кои ја издржуваат мерката „упатување во воспитно-поправен дом“. МИА од Министерството за образование побара информација дали е прекинат образовниот процес во ВПД „Волковија“ и до овој момент не добивме одговор. Европската Комисија во Извештајот нотираше подобрување на условите за сместување на малолетниците во објектот на Воспитно-поправниот дом во Волковија но сепак, забележува дека во периодот меѓу септември 2021 и јуни 2022 година тие немале пристап до образование. Откако го објави серијалот стории, МИА постојано ја следи состојбата и во однос на образованието на малолетниците, кои според нивни информации, по едногодишната пауза во јуни 2022 година повторно почна да се одвива, но од минатата недела малолетниците се оставени без настава.  

The post Децата од Воспитно-поправниот дом „Волковија“ веќе втора недела немаат настава appeared first on Република.

]]>
Мерката „упатување во ВПД“ малолетничките ќе ја издржуваат во Волковија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/merkata-upatuvanje-vo-vpd-maloletnichkite-kje-ja-izdrzuvaat-vo-volkovija/ Thu, 20 Oct 2022 09:55:48 +0000 https://republika.mk/?p=563487

Малолетничките на кои им е изречена мерката „упатување во Воспитно-поправен дом“ истата ќе ја издржуваат во ВПД „Волковија“ во Тетово каде што условите се многу подобри од оние во кои три девојчињата до скоро ја издржуваа оваа мерка во адаптирани услови во Затворот во Идризово.

Информацијата дека девјочињата мерката ќе ја извршуваат во Тетово денеска на настанот насловен „Преглед на реформите поврзани со правдата на децата” ја потврди министерот за правда Никола Тупанчевски на прашање на МИА коментирајќи го Извештајот на Европската комисија во кој се нотирани несоодветни услови за малолетничките во Идризово.

-Во таа насока ние веќе како Министерство за правда реагиравме, постапивме по тие препораки – забелешки и тој проблем инстантно е решен. Меѓутоа, работиме на системско решавање на проблемот затоа што претпоставувам дека знаете има посебна установа во близината на Тетово каде што практично претставува институција за згрижување на децата, коишто пријавуваат девијантно однесување. Во таа насока Министерството за правда работи на изнаоѓање на системско и трајно решение во однос на статусот на децата и како извршители на кривични дела, истакна Тупанчевски.

На прашањето на МИА дали од сега малолетничките ќе бидат упатувани во „Волковија“, Тупанчевски рече, „да“ и потсети дека тој пред неколку месеци, заедно со директорот на Управата за извршување на санкции биле на лице место, увиделе каква е состојбата и реагирале.

Судијата Лазар Нанев, пак, минатиот месец на прашање на МИА за условите на девојчињата во ВПД информира дека женските деца кои се наоѓале во одвоениот дел во Идризово, се отпуштени. На прашањето што доколку има потреба од упатување други девојчиња во ВПД, Нанев рече дека сè уште нема институција исклучиво за девојчињата, бидејќи ВПД во Волковија е само за момчиња, така што, тие би биле сместени повторно во Идризово.

– Не можат да бидат сместени и девојчињата и момчињата во иста градежна целина. Исто ќе бидат сместени. Ние сè уште немаме посебна институција исклучиво за женски лица, и нормално, најголемиот дел од критиките доаѓа токму од меѓународната заедница во која насока треба да се движи државата. Една од нашите активности е токму во делот дека државата мора во наредниот временски период да изнајде решение, односно да создаде институција која според своите архитектонски градежни решенија ќе биде издвоена од КПД Идризово каде што казната ја издржуваат полнолетни машки и женски лица, додаде Нанев.

МИА ја отвори оваа тема при посетата на ВПД – Волковија, каде забележавме одлични просторни услови за издржување на оваа мерка, меѓутоа, објектот е наменет само за момчиња. Девојчињата на кои им е определена ова мерка се упатуваат во Идризово. Во сторијата на МИА за условите во импровизираниот ВПД за девојчиња во Идризово беше објавено дека кога имаат потреба од нешто, малолетничките, сместени во адаптирана соба во ходник во рамките на Казнено-поправната установа Идризово, се принудени да викаат преку прозорецот од тоалетот, бидејќи немаат уред за повик до службите.

Овие штитенички, спротивно на законот, беа сместени во просторија која не обезбедува целосна изолација, односно оневозможување контакт со осуденичките со кои се во допир при добивање на храната и при користење слободно време за прошетка на отворено. Малолетничките беа сместени во една трошна и студена просторија за која во разговор со екипата на МИА изјавија дека понекогаш нема и вода. Единствена активност таму им е цртањето и прошетката во дворот, што го делат со останатите возрасни затворенички и за кој мора да чекаат слободен термин.

За разлика од нив, штитениците во Воспитно-поправниот дом – Тетово, каде тогаш беа сместени 21 момче, имаат уредни, опремени соби, тоалети, училници, вежбалница, игралишта на отворено, менза, работилници и многу други алтернативи со кои на креативни начини го исполнуваат нивното слободно време. Со штитениците во Волковија работи тим од воспитувачи, како и психолог, педагог и социолог, додека, во Идризово, малолетничките имаа само една воспитувачка која ја делат со сите останати затворенички.

The post Мерката „упатување во ВПД“ малолетничките ќе ја издржуваат во Волковија appeared first on Република.

]]>

Малолетничките на кои им е изречена мерката „упатување во Воспитно-поправен дом“ истата ќе ја издржуваат во ВПД „Волковија“ во Тетово каде што условите се многу подобри од оние во кои три девојчињата до скоро ја издржуваа оваа мерка во адаптирани услови во Затворот во Идризово. Информацијата дека девјочињата мерката ќе ја извршуваат во Тетово денеска на настанот насловен „Преглед на реформите поврзани со правдата на децата” ја потврди министерот за правда Никола Тупанчевски на прашање на МИА коментирајќи го Извештајот на Европската комисија во кој се нотирани несоодветни услови за малолетничките во Идризово.
-Во таа насока ние веќе како Министерство за правда реагиравме, постапивме по тие препораки – забелешки и тој проблем инстантно е решен. Меѓутоа, работиме на системско решавање на проблемот затоа што претпоставувам дека знаете има посебна установа во близината на Тетово каде што практично претставува институција за згрижување на децата, коишто пријавуваат девијантно однесување. Во таа насока Министерството за правда работи на изнаоѓање на системско и трајно решение во однос на статусот на децата и како извршители на кривични дела, истакна Тупанчевски.
На прашањето на МИА дали од сега малолетничките ќе бидат упатувани во „Волковија“, Тупанчевски рече, „да“ и потсети дека тој пред неколку месеци, заедно со директорот на Управата за извршување на санкции биле на лице место, увиделе каква е состојбата и реагирале. Судијата Лазар Нанев, пак, минатиот месец на прашање на МИА за условите на девојчињата во ВПД информира дека женските деца кои се наоѓале во одвоениот дел во Идризово, се отпуштени. На прашањето што доколку има потреба од упатување други девојчиња во ВПД, Нанев рече дека сè уште нема институција исклучиво за девојчињата, бидејќи ВПД во Волковија е само за момчиња, така што, тие би биле сместени повторно во Идризово.
– Не можат да бидат сместени и девојчињата и момчињата во иста градежна целина. Исто ќе бидат сместени. Ние сè уште немаме посебна институција исклучиво за женски лица, и нормално, најголемиот дел од критиките доаѓа токму од меѓународната заедница во која насока треба да се движи државата. Една од нашите активности е токму во делот дека државата мора во наредниот временски период да изнајде решение, односно да создаде институција која според своите архитектонски градежни решенија ќе биде издвоена од КПД Идризово каде што казната ја издржуваат полнолетни машки и женски лица, додаде Нанев.
МИА ја отвори оваа тема при посетата на ВПД – Волковија, каде забележавме одлични просторни услови за издржување на оваа мерка, меѓутоа, објектот е наменет само за момчиња. Девојчињата на кои им е определена ова мерка се упатуваат во Идризово. Во сторијата на МИА за условите во импровизираниот ВПД за девојчиња во Идризово беше објавено дека кога имаат потреба од нешто, малолетничките, сместени во адаптирана соба во ходник во рамките на Казнено-поправната установа Идризово, се принудени да викаат преку прозорецот од тоалетот, бидејќи немаат уред за повик до службите. Овие штитенички, спротивно на законот, беа сместени во просторија која не обезбедува целосна изолација, односно оневозможување контакт со осуденичките со кои се во допир при добивање на храната и при користење слободно време за прошетка на отворено. Малолетничките беа сместени во една трошна и студена просторија за која во разговор со екипата на МИА изјавија дека понекогаш нема и вода. Единствена активност таму им е цртањето и прошетката во дворот, што го делат со останатите возрасни затворенички и за кој мора да чекаат слободен термин. За разлика од нив, штитениците во Воспитно-поправниот дом – Тетово, каде тогаш беа сместени 21 момче, имаат уредни, опремени соби, тоалети, училници, вежбалница, игралишта на отворено, менза, работилници и многу други алтернативи со кои на креативни начини го исполнуваат нивното слободно време. Со штитениците во Волковија работи тим од воспитувачи, како и психолог, педагог и социолог, додека, во Идризово, малолетничките имаа само една воспитувачка која ја делат со сите останати затворенички.

The post Мерката „упатување во ВПД“ малолетничките ќе ја издржуваат во Волковија appeared first on Република.

]]>