возови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vozovi/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 08:41:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png возови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vozovi/ 32 32 Судар на возови во Прага, повредени десетина лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudar-na-vozovi-vo-praga-povredeni-desetina-litsa/ Wed, 18 Sep 2024 08:41:44 +0000 https://republika.mk/?p=817347

Десетина лица се повредени во судар на два патнички воза во Прага.

Сударот се случил во близина на станицата Праг-Либен, на пругата меѓу станиците Височани и Главната железничка станица.

Меѓу повредените се петнаесет лица, кои имаат полесни повреди како модрици и гребаници.

Истражителите, заедно со железничката инспекција, ќе го истражат инцидентот поради сомневање за кривично дело поради невнимание.

The post Судар на возови во Прага, повредени десетина лица appeared first on Република.

]]>

Десетина лица се повредени во судар на два патнички воза во Прага. Сударот се случил во близина на станицата Праг-Либен, на пругата меѓу станиците Височани и Главната железничка станица. Меѓу повредените се петнаесет лица, кои имаат полесни повреди како модрици и гребаници. Истражителите, заедно со железничката инспекција, ќе го истражат инцидентот поради сомневање за кривично дело поради невнимание.

The post Судар на возови во Прага, повредени десетина лица appeared first on Република.

]]>
Несреќа во Русија: Во директен судир на два воза, 14 вагони излетале од шините, сообраќајот запрен во двата правци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nesreka-vo-rusija-vo-direkten-sudir-na-dva-voza-14-vagoni-izletale-od-shinite-soobrakajot-zapren-vo-dvata-pravtsi/ Tue, 09 Jan 2024 08:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=731006

Во Русија 14 вагони на товарен воз што превезувал јаглен излетале од шините на делницата Алеур-Бушулеј, поради судир со празен воз кој сообраќал во спротивна насока, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Сообраќајот е запрен во двата правци, пренесува ТАСС. Нема повредени и нема опасност по околината.

Руските железници соопштија дека неколку патнички возови доцнеле поради инцидентот.

Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка за прекршување на безбедносните правила во железничкиот сообраќај.

The post Несреќа во Русија: Во директен судир на два воза, 14 вагони излетале од шините, сообраќајот запрен во двата правци appeared first on Република.

]]>

Во Русија 14 вагони на товарен воз што превезувал јаглен излетале од шините на делницата Алеур-Бушулеј, поради судир со празен воз кој сообраќал во спротивна насока, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Сообраќајот е запрен во двата правци, пренесува ТАСС. Нема повредени и нема опасност по околината. Руските железници соопштија дека неколку патнички возови доцнеле поради инцидентот. Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка за прекршување на безбедносните правила во железничкиот сообраќај.

The post Несреќа во Русија: Во директен судир на два воза, 14 вагони излетале од шините, сообраќајот запрен во двата правци appeared first on Република.

]]>
Возовите не возат, железничарите штрајкуваат, не зеле плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vozovite-ne-vozat-zheleznicharite-shtrajkuvaat-ne-zele-plata/ Sat, 26 Aug 2023 08:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=675935

Железничкиот сообраќај во државава и денеска е во прекин поради бојкотот на машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт.

Причина за бојкотот, што почна вчера попладне, е неисплатениот втор дел од платата за јули годинава.

Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал, за МИА изјави дека од стартот на бојкотот не сообраќаат ниту патничките ниту товарните возови. Досега, како што вели, не се реализирани предвидените сообраќања согласно со возниот ред на шест патнички и пет товарни возови.

Димовски најави дека бојкотот ќе трае до исполнување на барањето, но и постигнување договор за редовна целосна исплата на платите.

-Ова веќе на ништо не личи, речиси за секоја плата мора да правиме бојкот и затоа ќе бараме да почнеме преговори и да се постигне договор да прекине оваа пракса, рече Димовски.

И на крајот на јули имаше прекин во железничкиот сообраќај исто така поради неисплатен втор дел од плата, а од истата причина и претходно во неколку наврати вработените ја бојкотираа работата.

The post Возовите не возат, железничарите штрајкуваат, не зеле плата appeared first on Република.

]]>

Железничкиот сообраќај во државава и денеска е во прекин поради бојкотот на машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт. Причина за бојкотот, што почна вчера попладне, е неисплатениот втор дел од платата за јули годинава. Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал, за МИА изјави дека од стартот на бојкотот не сообраќаат ниту патничките ниту товарните возови. Досега, како што вели, не се реализирани предвидените сообраќања согласно со возниот ред на шест патнички и пет товарни возови. Димовски најави дека бојкотот ќе трае до исполнување на барањето, но и постигнување договор за редовна целосна исплата на платите. -Ова веќе на ништо не личи, речиси за секоја плата мора да правиме бојкот и затоа ќе бараме да почнеме преговори и да се постигне договор да прекине оваа пракса, рече Димовски. И на крајот на јули имаше прекин во железничкиот сообраќај исто така поради неисплатен втор дел од плата, а од истата причина и претходно во неколку наврати вработените ја бојкотираа работата.

The post Возовите не возат, железничарите штрајкуваат, не зеле плата appeared first on Република.

]]>
Видов херои и ангели, многу мртви, вели полицаецот кој прв дошол на местото на судирот на возови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vidov-heroi-i-angeli-mnogu-mrtvi-veli-politsaetsot-koj-prv-doshol-na-mestoto-na-sudirot-na-vozovi/ Sun, 05 Mar 2023 09:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=615989

Кошмарните моменти што ги доживеаја патниците од кобниот воз во Грција оживеаја во очите на полицијата и спасувачите кои први пристигнаа на местото на трагичната железничка несреќа. Таму видоа апокалиптични слики.

Луѓе распарчени, млади фрлени во околните ниви и мртви, многу мртви. Повредените се обидувале да најдат начин да избегаат.

На местото први пристигнале младиот полицаец и неговите колеги, откако неколку минути по несреќата биле информирани за судирот.

Судирот на возот се случил во 23 часот и 21 минути по локално време, а тој на местото на настанот пристигнал 10 минути подоцна.

„Многу од сликите што ги видов не сакам да ги споделам јавно. Сцената беше драматична. Видовме херои и ангели. Видов девојка во болка, седеше и се тресеше од шокот што го доживеа” вели млад полицаец во изјави за грчката тв Алфа.

Тој додаде дека ја посетил другата повредена девојка во болница. Таа имала изгореници, а тој мисли дека била во првите вагони.

„Се соочивме со многу херои, се сеќавам на едно 20-годишно дете кое остана да ги ослободи луѓето и успеа во тоа. Спаси 10 луѓе и продолжи да се обидува“, рече полицаецот.

Најмалку 57 лица, повеќето млади, загинаа во страшен судар на два воза ноќта меѓу вторникот и средата во близина на Лариса, во Грција.

The post Видов херои и ангели, многу мртви, вели полицаецот кој прв дошол на местото на судирот на возови appeared first on Република.

]]>

Кошмарните моменти што ги доживеаја патниците од кобниот воз во Грција оживеаја во очите на полицијата и спасувачите кои први пристигнаа на местото на трагичната железничка несреќа. Таму видоа апокалиптични слики. Луѓе распарчени, млади фрлени во околните ниви и мртви, многу мртви. Повредените се обидувале да најдат начин да избегаат. На местото први пристигнале младиот полицаец и неговите колеги, откако неколку минути по несреќата биле информирани за судирот. Судирот на возот се случил во 23 часот и 21 минути по локално време, а тој на местото на настанот пристигнал 10 минути подоцна. „Многу од сликите што ги видов не сакам да ги споделам јавно. Сцената беше драматична. Видовме херои и ангели. Видов девојка во болка, седеше и се тресеше од шокот што го доживеа” вели млад полицаец во изјави за грчката тв Алфа. Тој додаде дека ја посетил другата повредена девојка во болница. Таа имала изгореници, а тој мисли дека била во првите вагони. „Се соочивме со многу херои, се сеќавам на едно 20-годишно дете кое остана да ги ослободи луѓето и успеа во тоа. Спаси 10 луѓе и продолжи да се обидува“, рече полицаецот. Најмалку 57 лица, повеќето млади, загинаа во страшен судар на два воза ноќта меѓу вторникот и средата во близина на Лариса, во Грција.

The post Видов херои и ангели, многу мртви, вели полицаецот кој прв дошол на местото на судирот на возови appeared first on Република.

]]>
И утринава се вадат јагленисани тела: Се зголемува црниот биланс на загинати во возот на смртта во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/i-utrinava-se-vadat-jaglenisani-tela-se-zgolemuva-tsrniot-bilans-na-zaginati-vo-vozot-na-smrtta-vo-grtsija/ Thu, 02 Mar 2023 09:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=614994

Седум јагленосани тела на патници биле утрово извлечени од остатоците од еден од вагоните, со што бројот на загинати во железничката несреќа во Грција се зголеми на 46 лица, според официјалните податоци од Противпожарната служба.

Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис информираше дека операцијата за пребарување и извлекување на местото на железничката несреќа продолжува и денеска, а во моментов активностите се насочени кон вагонот- ресторан, кој поради јачината на судирот бил згмечен од првиот вагон.

Се отстранува патничкиот вагон што е врз него, а потоа ќе се отстрани компресираниот вагон-ресторан што е во форма на буквата „Г“. Од овој вагон утринава се извлечени вкупно седум јагленосани тела. Потврдениот број на загинати во овој момент е 46, рече Ватракојанис.

Објасни дека за продолжување на акцијата за пребарување и спасување ќе треба да се пресечат метали со специјални машини и делумно да се отстранат метални елементи и процените се дека конкретниот вагон до пладне ќе се отстрани, а за останатите ќе биде неопходно операцијата да продолжи утре.

Целата операција се води под тешки услови, а повремениот дожд дополнително ја отежнува акцијата.

The post И утринава се вадат јагленисани тела: Се зголемува црниот биланс на загинати во возот на смртта во Грција appeared first on Република.

]]>

Седум јагленосани тела на патници биле утрово извлечени од остатоците од еден од вагоните, со што бројот на загинати во железничката несреќа во Грција се зголеми на 46 лица, според официјалните податоци од Противпожарната служба. Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис информираше дека операцијата за пребарување и извлекување на местото на железничката несреќа продолжува и денеска, а во моментов активностите се насочени кон вагонот- ресторан, кој поради јачината на судирот бил згмечен од првиот вагон. Се отстранува патничкиот вагон што е врз него, а потоа ќе се отстрани компресираниот вагон-ресторан што е во форма на буквата „Г“. Од овој вагон утринава се извлечени вкупно седум јагленосани тела. Потврдениот број на загинати во овој момент е 46, рече Ватракојанис. Објасни дека за продолжување на акцијата за пребарување и спасување ќе треба да се пресечат метали со специјални машини и делумно да се отстранат метални елементи и процените се дека конкретниот вагон до пладне ќе се отстрани, а за останатите ќе биде неопходно операцијата да продолжи утре. Целата операција се води под тешки услови, а повремениот дожд дополнително ја отежнува акцијата.

The post И утринава се вадат јагленисани тела: Се зголемува црниот биланс на загинати во возот на смртта во Грција appeared first on Република.

]]>
Со 160 км/ч се забил во другиот воз: Објавен разговорот на машиновозачот од „возот на смртта“ и станицата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/so-160-km-ch-se-zabil-vo-drugiot-voz-objaven-razgovorot-na-mashinovozachot-od-vozot-na-smrtta-i-stanitsata/ Thu, 02 Mar 2023 08:12:45 +0000 https://republika.mk/?p=614920

Објавени се разговорите меѓу шефот на станицата во Лариса и машиновозачот на патничкиот воз Интерсити 62, кој во вторникот вечерта се судри со товарен воз. Во несреќата загинаа најмалку 43 лица, а повеќе од 80 се повредени.

Се верува дека стационарецот без да знае за тоа му дал на машиновозачот „зелено светло“ да се престрои на друг дел од пругата, по кој веќе сообраќал товарниот воз.

Машиновозачот не внимавал на црвеното светло пред себе, бидејќи сигналниот систем не работел извесно време. Уште повеќе, како што велат извори од железницата, стационарецот не бил ни свесен дека возот излетал од шините, па не можел да ја поправи грешката во следните минути.

Како течеше разговорот меѓу машиновозачот и станицата

Машиновозач: „Лариса, може ли да се слушнеме. Васили, да одам“ ?

Станица: Оди, оди.

Возач: Добра, пријатна вечер.

Станица: Среќно.

Има и снимка од разговорот на стационарот и браварот, кој открива што се случило.

Бравар: Шефе, да го вратам?

Станица: Не, не, нека оди така.

Бравар: Добро, ќе го оставам како што е, дијагонално.

Овој разговор открива дека работникот го прашал управникот на станицата дали треба да го врати прекинувачот, за возот да се врати на првата пруга. Меѓутоа, тој добил инструкции дека локалниот воз ќе ја користи дијагоналната пруга.

Овие разговори се официјални и возачот немаше причина да се сомнева во наредбите на стационарецот, бидејќи веруваше дека Лариса се слушнала со колегите на следната станица, во Неи Пори, и верувал дека патеката е слободна.

Има индиции дека во тој кобен вторник имало низа технички проблеми поради кои на моменти биле затворени делови од пругата.

Интерсити тргна во 22.48 со задоцнување од 48 минути од железничката станица Палеофарсало, а на „средбата на смртта“ со комерцијалниот воз пристигна неколку минути по 23.00 часот, пишува Прототема.

Шефот на станицата, откако првично тврдеше дека го „заклучил“ возот на вистинската пруга „но не го послушал системот“, ја признал својата фатална грешка и се соочува со сериозно обвинение за убиство од небрежност.

Меѓуградскиот воз 62 на релација Атина-Солун ја помина станицата Лариса нешто пред 23 часот во вторникот, со 341 патник и 13-член екипаж.

Неколку минути подоцна се случи трагедија. Имено, и покрај тоа што железничката линија Атина-Солун е двојна, возот со најмалку 350 луѓе директно се судрил со товарен воз кој се движел во спротивна насока, при што првите три вагони излетале од шините и се запалиле.

Досега, пожарникарите извлекле 43 тела, но властите веруваат дека конечниот биланс на загинати ќе биде поголем бидејќи 19 се уште се водат за исчезнати.

Тоа се претежно ученици и студенти, кои по три дена одмор се враќаа во училиштата.

Во моментот на трагедијата се верува дека возот се движел со брзина од 160 километри на час,пренесе Телеграф.рс.

The post Со 160 км/ч се забил во другиот воз: Објавен разговорот на машиновозачот од „возот на смртта“ и станицата appeared first on Република.

]]>

Објавени се разговорите меѓу шефот на станицата во Лариса и машиновозачот на патничкиот воз Интерсити 62, кој во вторникот вечерта се судри со товарен воз. Во несреќата загинаа најмалку 43 лица, а повеќе од 80 се повредени. Се верува дека стационарецот без да знае за тоа му дал на машиновозачот „зелено светло“ да се престрои на друг дел од пругата, по кој веќе сообраќал товарниот воз. Машиновозачот не внимавал на црвеното светло пред себе, бидејќи сигналниот систем не работел извесно време. Уште повеќе, како што велат извори од железницата, стационарецот не бил ни свесен дека возот излетал од шините, па не можел да ја поправи грешката во следните минути. Како течеше разговорот меѓу машиновозачот и станицата Машиновозач: „Лариса, може ли да се слушнеме. Васили, да одам“ ? Станица: Оди, оди. Возач: Добра, пријатна вечер. Станица: Среќно. Има и снимка од разговорот на стационарот и браварот, кој открива што се случило. Бравар: Шефе, да го вратам? Станица: Не, не, нека оди така. Бравар: Добро, ќе го оставам како што е, дијагонално. Овој разговор открива дека работникот го прашал управникот на станицата дали треба да го врати прекинувачот, за возот да се врати на првата пруга. Меѓутоа, тој добил инструкции дека локалниот воз ќе ја користи дијагоналната пруга. Овие разговори се официјални и возачот немаше причина да се сомнева во наредбите на стационарецот, бидејќи веруваше дека Лариса се слушнала со колегите на следната станица, во Неи Пори, и верувал дека патеката е слободна. Има индиции дека во тој кобен вторник имало низа технички проблеми поради кои на моменти биле затворени делови од пругата. Интерсити тргна во 22.48 со задоцнување од 48 минути од железничката станица Палеофарсало, а на „средбата на смртта“ со комерцијалниот воз пристигна неколку минути по 23.00 часот, пишува Прототема. Шефот на станицата, откако првично тврдеше дека го „заклучил“ возот на вистинската пруга „но не го послушал системот“, ја признал својата фатална грешка и се соочува со сериозно обвинение за убиство од небрежност. Меѓуградскиот воз 62 на релација Атина-Солун ја помина станицата Лариса нешто пред 23 часот во вторникот, со 341 патник и 13-член екипаж. Неколку минути подоцна се случи трагедија. Имено, и покрај тоа што железничката линија Атина-Солун е двојна, возот со најмалку 350 луѓе директно се судрил со товарен воз кој се движел во спротивна насока, при што првите три вагони излетале од шините и се запалиле. Досега, пожарникарите извлекле 43 тела, но властите веруваат дека конечниот биланс на загинати ќе биде поголем бидејќи 19 се уште се водат за исчезнати. Тоа се претежно ученици и студенти, кои по три дена одмор се враќаа во училиштата. Во моментот на трагедијата се верува дека возот се движел со брзина од 160 километри на час,пренесе Телеграф.рс.

The post Со 160 км/ч се забил во другиот воз: Објавен разговорот на машиновозачот од „возот на смртта“ и станицата appeared first on Република.

]]>
Возовите директно се судриле на иста пруга – приведен шефот на станицата во Лариса https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vozovite-direktno-se-sudrile-na-ista-pruga-priveden-shefot-na-stanitsata-vo-larisa/ Wed, 01 Mar 2023 09:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=614538

Грчката полиција го приведе шефот на смената на станицата во Лариса поради сомнение дека по негова вина се случила трагедијата во која се судриле патнички воз на релација Атина-Солун и товарен воз кој превезувал лим на релација Солун-Атина на источната патека.

Како дошло до судирот се уште се истражува, но фактот дека несреќата се случила по станицата во Лариса ја наведува полицијата да верува дека можеби се работи за човечка грешка.

Иако е прерано да се расветлат сите аспекти на кобната трагедија, првичните индикации велат дека двата воза директно се судриле, најверојатно со голема брзина. Се проценува дека шефот на станицата во Лариса не ги свртел клучевите, преку кои механички се регулира минувањето на возовите на јазлите, испраќајќи два воза на иста линија.

Претседателот на машиновозачите, Костас Генидунијас, рече дека доколку функционирала светлосната сигнализација, трагедијата можела да се избегне.

Во последните години се случуваше да јавуваме дека електронските системи не работат и сѐ се работи рачно на оската Атина-Солун. Да работеа светлата, возачите ќе ги видеа црвените сигнали и ќе застанеа.

Затоа, информациите се пренесуваат од управител на станица до управител на станица, што доведува до доцнење и конвенционални методи на работа, кои не можат да го надминат човечкиот фактор и покрај големото искуство на машиновозачот, рече тој.

Во врска со околностите на несреќата,Генидунијас, зборувајќи претходно за ЕРТ, објасни дека на точката имало двојна линија, еден воз се качувал, еден се спуштал, но возовите биле на истата пруга.

Најмалку 36 лица загинаа, а 85 се повредени во стравотниот судар на возови во Грција, што се случи синоќа нешто пред полноќ во близина на градот Темпи кај Лариса. На првите снимки по страшната несреќа се гледаат грозоморните сцени од стуткани вагони и пожарот кој избувна по судирот на два воза.

The post Возовите директно се судриле на иста пруга – приведен шефот на станицата во Лариса appeared first on Република.

]]>

Грчката полиција го приведе шефот на смената на станицата во Лариса поради сомнение дека по негова вина се случила трагедијата во која се судриле патнички воз на релација Атина-Солун и товарен воз кој превезувал лим на релација Солун-Атина на источната патека. Како дошло до судирот се уште се истражува, но фактот дека несреќата се случила по станицата во Лариса ја наведува полицијата да верува дека можеби се работи за човечка грешка. Иако е прерано да се расветлат сите аспекти на кобната трагедија, првичните индикации велат дека двата воза директно се судриле, најверојатно со голема брзина. Се проценува дека шефот на станицата во Лариса не ги свртел клучевите, преку кои механички се регулира минувањето на возовите на јазлите, испраќајќи два воза на иста линија. Претседателот на машиновозачите, Костас Генидунијас, рече дека доколку функционирала светлосната сигнализација, трагедијата можела да се избегне. Во последните години се случуваше да јавуваме дека електронските системи не работат и сѐ се работи рачно на оската Атина-Солун. Да работеа светлата, возачите ќе ги видеа црвените сигнали и ќе застанеа. Затоа, информациите се пренесуваат од управител на станица до управител на станица, што доведува до доцнење и конвенционални методи на работа, кои не можат да го надминат човечкиот фактор и покрај големото искуство на машиновозачот, рече тој. Во врска со околностите на несреќата,Генидунијас, зборувајќи претходно за ЕРТ, објасни дека на точката имало двојна линија, еден воз се качувал, еден се спуштал, но возовите биле на истата пруга. Најмалку 36 лица загинаа, а 85 се повредени во стравотниот судар на возови во Грција, што се случи синоќа нешто пред полноќ во близина на градот Темпи кај Лариса. На првите снимки по страшната несреќа се гледаат грозоморните сцени од стуткани вагони и пожарот кој избувна по судирот на два воза.

The post Возовите директно се судриле на иста пруга – приведен шефот на станицата во Лариса appeared first on Република.

]]>
Два воза се судрија кај Барселона, најмалку 155 повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dva-voza-se-sudrija-kaj-barselona-najmalku-155-povredeni/ Wed, 07 Dec 2022 10:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=582899

Најмалку 155 лица се повредени изутрината во судар на два воза на станицата Монтцад и Реихац – Манрес на околу 12 километри од центарот на Барселона, соопштија од Итната помош.

Локалните медиуми јавија дека возовите патувале во иста насока и се судриле додека еден бил запрен на станицата. Не се познати причините за несреќата.

Од Итната помош посочија дека 150 лица се полесно повредени, а пет лица се потешко повредени, но дека не станува збор за повреди кои се сериозни или опасни по живот. Три лица се пренесени во болница.

Поради несреќата накратко бил прекинат железничкиот сообраќај на неколку линии, соопшти регионалната влада.

Опишувајќи го моментот на сударот, една патничка за радио станицата Сер Каталуња истакнала дека доживеалан „страшен удар“ и дека „луѓето врескале“. Друг патник за локалната радио станица RAC1 рекол дека возот бил полн.

Шпанската министерка за сообраќај Ракуел Санчез изјави дека будно ја следи ситуацијата и им посака брзо опоравување на повредените.

The post Два воза се судрија кај Барселона, најмалку 155 повредени appeared first on Република.

]]>

Најмалку 155 лица се повредени изутрината во судар на два воза на станицата Монтцад и Реихац – Манрес на околу 12 километри од центарот на Барселона, соопштија од Итната помош. Локалните медиуми јавија дека возовите патувале во иста насока и се судриле додека еден бил запрен на станицата. Не се познати причините за несреќата. Од Итната помош посочија дека 150 лица се полесно повредени, а пет лица се потешко повредени, но дека не станува збор за повреди кои се сериозни или опасни по живот. Три лица се пренесени во болница. Поради несреќата накратко бил прекинат железничкиот сообраќај на неколку линии, соопшти регионалната влада. Опишувајќи го моментот на сударот, една патничка за радио станицата Сер Каталуња истакнала дека доживеалан „страшен удар“ и дека „луѓето врескале“. Друг патник за локалната радио станица RAC1 рекол дека возот бил полн. Шпанската министерка за сообраќај Ракуел Санчез изјави дека будно ја следи ситуацијата и им посака брзо опоравување на повредените.

The post Два воза се судрија кај Барселона, најмалку 155 повредени appeared first on Република.

]]>
Тројца загинаа, а 11 се повредени во директен судир меѓу два воза во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/trojca-zaginaa-a-11-se-povredeni-vo-direkten-sudir-megju-dva-voza-vo-hrvatska/ Sat, 10 Sep 2022 07:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=549325

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени кога се судрија патнички и товарен воз во централниот дел на Хрватска.

Судирот се случил синоќа, околу 21.30 часот по локално време, во близина на градот Новска, кој се наоѓа блиску до границата на Хрватска со Босна и Херцеговина.

Ударот беше огромен – рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој на местото на инцидентот отиде заедно со други владини претставници.

Пленковиќ потврди дека на местото на инцидентот се пронајдени тела на три лица, но рече дека може да се откријат уште жртви во утринските часови, пренесе ТВ „ТРТ“.

Повредените се хоспитализирани, бидејќи некои од нив се со тешки повреди, но никој не е во животна опасност, додаде тој.

Како што дознава Индекс, патничкиот воз се движел со брзина од 100 км/ч кога налетал на воз во дефект. Возот, наводно, поминал на црвено светло пред да удри во запрен товарен воз со полна брзина.

На местото на несреќата е Томислав Антун Бибер, главен истражувач за железнички несреќи од хрватската Агенција за истражување на несреќи во воздушниот, железничкиот и поморскиот транспорт.

Очигледно е дека патничкиот воз удрил во товарниот воз, кој бил во дефект. Според некои информации, патничкиот воз не застанал на сигналот за застанување, изјави Бибер.

Истрагата ќе утврди зошто возот не застанал.

 

The post Тројца загинаа, а 11 се повредени во директен судир меѓу два воза во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени кога се судрија патнички и товарен воз во централниот дел на Хрватска. Судирот се случил синоќа, околу 21.30 часот по локално време, во близина на градот Новска, кој се наоѓа блиску до границата на Хрватска со Босна и Херцеговина.
Ударот беше огромен – рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој на местото на инцидентот отиде заедно со други владини претставници.
Пленковиќ потврди дека на местото на инцидентот се пронајдени тела на три лица, но рече дека може да се откријат уште жртви во утринските часови, пренесе ТВ „ТРТ“. Повредените се хоспитализирани, бидејќи некои од нив се со тешки повреди, но никој не е во животна опасност, додаде тој. Како што дознава Индекс, патничкиот воз се движел со брзина од 100 км/ч кога налетал на воз во дефект. Возот, наводно, поминал на црвено светло пред да удри во запрен товарен воз со полна брзина. На местото на несреќата е Томислав Антун Бибер, главен истражувач за железнички несреќи од хрватската Агенција за истражување на несреќи во воздушниот, железничкиот и поморскиот транспорт.
Очигледно е дека патничкиот воз удрил во товарниот воз, кој бил во дефект. Според некои информации, патничкиот воз не застанал на сигналот за застанување, изјави Бибер.
Истрагата ќе утврди зошто возот не застанал.  

The post Тројца загинаа, а 11 се повредени во директен судир меѓу два воза во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Возовите во Германија возат на водород https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vozovite-vo-germanija-vozat-na-vodorod/ Thu, 25 Aug 2022 06:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=543845

– Во германската покраина Долна Саксонија   беа пуштени во употреба 14 патнички возови на водород, наместо дизел возовите што претходно сообраќаа на неелектрифицирани пруги.

Возовите користат водородни ќелии како извор на електрична енергија што ги придвижува моторите, а ги произведува француската компанија Алстом.

Со нив управува регионалната железничка компанија LNVG, на маршрути меѓу северните градови Цукхавен, Бремерхавен, Бремерверде и Букстехуде, пренесе Бета.

Гувернерот на Долна Саксонија, Стефан Вајл, рече дека проектот вреден 93 милиони евра е „одличен пример“ за напорите на државата да ја направи својата економија зелена.

Според компанијата Алстом, со користење на водород произведен од обновливи извори на енергија, возовите заштедуваат 1,6 милиони литри дизел гориво годишно

The post Возовите во Германија возат на водород appeared first on Република.

]]>

– Во германската покраина Долна Саксонија   беа пуштени во употреба 14 патнички возови на водород, наместо дизел возовите што претходно сообраќаа на неелектрифицирани пруги. Возовите користат водородни ќелии како извор на електрична енергија што ги придвижува моторите, а ги произведува француската компанија Алстом. Со нив управува регионалната железничка компанија LNVG, на маршрути меѓу северните градови Цукхавен, Бремерхавен, Бремерверде и Букстехуде, пренесе Бета. Гувернерот на Долна Саксонија, Стефан Вајл, рече дека проектот вреден 93 милиони евра е „одличен пример“ за напорите на државата да ја направи својата економија зелена. Според компанијата Алстом, со користење на водород произведен од обновливи извори на енергија, возовите заштедуваат 1,6 милиони литри дизел гориво годишно

The post Возовите во Германија возат на водород appeared first on Република.

]]>
Тешка сообраќајна несреќа: Во судир на возови во Барселона загинал возач, повредени повеќе од 80 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/teshka-soobrakjajna-nesrekja-vo-sudir-na-vozovi-vo-barselona-zaginal-vozach-povredeni-povekje-od-80-lugje/ Mon, 16 May 2022 21:16:46 +0000 https://republika.mk/?p=503112

Во судир на два воза во понеделникот на пладне покрај Барселона загинал возач, а полесно биле повредени повеќе 80 патници, објавиле регионалните власти.

Околу 85 луѓе се повредени, од кои двајца потешко, пренесуваат регионалните итни служби.

Судирот се случил во околу 18 часот кога товарен воз излетал од шините и удрил во патнички воз кај станицата Сант Бои Де Лобрегат, оддалечена на околу 14 километри од Барселона.

Возачот на патничкиот воз загинал како последица од ударот, објавила регионалната влада во соопштението.

 

The post Тешка сообраќајна несреќа: Во судир на возови во Барселона загинал возач, повредени повеќе од 80 луѓе appeared first on Република.

]]>

Во судир на два воза во понеделникот на пладне покрај Барселона загинал возач, а полесно биле повредени повеќе 80 патници, објавиле регионалните власти. Околу 85 луѓе се повредени, од кои двајца потешко, пренесуваат регионалните итни служби. Судирот се случил во околу 18 часот кога товарен воз излетал од шините и удрил во патнички воз кај станицата Сант Бои Де Лобрегат, оддалечена на околу 14 километри од Барселона.
Возачот на патничкиот воз загинал како последица од ударот, објавила регионалната влада во соопштението.
 

The post Тешка сообраќајна несреќа: Во судир на возови во Барселона загинал возач, повредени повеќе од 80 луѓе appeared first on Република.

]]>
Димовски: Прекин на железничкиот сообраќај ако не се исплатат материјалните трошоци за февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimovski-prekin-na-zeleznichkiot-soobrakjaj-ako-ne-se-isplatat-materijalnite-troshoci-za-fevruari/ Tue, 15 Mar 2022 11:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=473097

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од попладне во 15 часот повторно ќе биде запрен поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во Железници на РМ Транспорт доколку не бидат исплатени материјалните трошоци за февруари, најави Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија.

Поради неисплатени материјални трошоци машинскиот и извршниот персонал неколку часа ја блокираше работата и минатата недела во петок, но бојкотот беше прекинат по ветувањето што го добиле од раководството за исполнување на поставените барања.

Димовски за МИА изјави дека се уште не им е исплатен и првиот дел од платата за февруари, за што рокот е денеска. Се очекува прашањето за железници на РМ да биде отворено денеска на седница на Владата, а од исходот, како што вели Димовски, ќе зависи реализацијата на бојкотот.

Тој повтори дека стапуваат во бојкот согласно со одлуката што ја доставија до раководството во ноември лани, а според која, доколку до 10-ти во месецот не им бидат исплатени материјалните трошоци за претходниот месец, ќе ја прекинат работата наредниот ден. Исто така, според одлуката, доколку до 25-ти во тековниот месец не им биде исплатена платата за претходниот месец во целост, наредниот ден ќе стапат во бојкот.

Според Димовски, со бојкотот ќе бидат опфатени патничките возови според планираниот возен ред по 15 часот на релациите Скопје – Табановце и обратно (16.25), Скопје – Гевгелија (16.55) и Скопје – Велес (22.40), како и сообраќањата на планираните три товарни воза.

The post Димовски: Прекин на железничкиот сообраќај ако не се исплатат материјалните трошоци за февруари appeared first on Република.

]]>

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од попладне во 15 часот повторно ќе биде запрен поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во Железници на РМ Транспорт доколку не бидат исплатени материјалните трошоци за февруари, најави Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија. Поради неисплатени материјални трошоци машинскиот и извршниот персонал неколку часа ја блокираше работата и минатата недела во петок, но бојкотот беше прекинат по ветувањето што го добиле од раководството за исполнување на поставените барања. Димовски за МИА изјави дека се уште не им е исплатен и првиот дел од платата за февруари, за што рокот е денеска. Се очекува прашањето за железници на РМ да биде отворено денеска на седница на Владата, а од исходот, како што вели Димовски, ќе зависи реализацијата на бојкотот. Тој повтори дека стапуваат во бојкот согласно со одлуката што ја доставија до раководството во ноември лани, а според која, доколку до 10-ти во месецот не им бидат исплатени материјалните трошоци за претходниот месец, ќе ја прекинат работата наредниот ден. Исто така, според одлуката, доколку до 25-ти во тековниот месец не им биде исплатена платата за претходниот месец во целост, наредниот ден ќе стапат во бојкот. Според Димовски, со бојкотот ќе бидат опфатени патничките возови според планираниот возен ред по 15 часот на релациите Скопје – Табановце и обратно (16.25), Скопје – Гевгелија (16.55) и Скопје – Велес (22.40), како и сообраќањата на планираните три товарни воза.

The post Димовски: Прекин на железничкиот сообраќај ако не се исплатат материјалните трошоци за февруари appeared first on Република.

]]>
Возовите повторно сообраќаат, прекинат бојкотот на машинскиот и извршниот персонал https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vozovite-povtorno-soobrakjaat-prekinat-bojkotot-na-mashinskiot-i-izvrshniot-personal/ Fri, 11 Mar 2022 13:25:56 +0000 https://republika.mk/?p=471349

Возовите во земјава повторно сообраќаат. Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ го прекина бојкотот откако е договорено раководството на компанијата во понеделник да им го исплати надоместокот за материјалните трошоци.

Железничкиот сообраќај веќе не е во прекин. Го прифативме договорот надоместокот за материјални трошоци да ни биде исплатен во понеделник - изјави претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски.

Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово беше во прекин поради неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ требал да го добие заклучно со вчера.

Бојкотот беше согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот на машинскиот и извршниот персонал да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци.

Утрово, пред седум часот, сообраќаа само две лини, за Битола и за Гевгелија, по што сообраќајот беше во целосен прекин.

The post Возовите повторно сообраќаат, прекинат бојкотот на машинскиот и извршниот персонал appeared first on Република.

]]>

Возовите во земјава повторно сообраќаат. Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ го прекина бојкотот откако е договорено раководството на компанијата во понеделник да им го исплати надоместокот за материјалните трошоци.
Железничкиот сообраќај веќе не е во прекин. Го прифативме договорот надоместокот за материјални трошоци да ни биде исплатен во понеделник - изјави претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски.
Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово беше во прекин поради неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ требал да го добие заклучно со вчера. Бојкотот беше согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот на машинскиот и извршниот персонал да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци. Утрово, пред седум часот, сообраќаа само две лини, за Битола и за Гевгелија, по што сообраќајот беше во целосен прекин.

The post Возовите повторно сообраќаат, прекинат бојкотот на машинскиот и извршниот персонал appeared first on Република.

]]>
Чакаровски: Прекинат бојкотот, се нормализира железничкиот сообраќај https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/chakarovski-prekinat-bojkotot-se-normalizira-zeleznichkiot-soobrakjaj/ Thu, 27 Jan 2022 13:22:47 +0000 https://republika.mk/?p=450286

Исплатен е вториот дел од платата за декември лани во Железници на РМ Транспорт со што машинскиот и извршниот персинал го прекина бојкотот поради кој од вчера не сообраќаа патничките и товарните возови во државава, информира за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот и извршниот персонал.

Чакаровски најави дека со исплатата на платата е исполнето нивното барање и тие се на работните места, а за половина час ќе тргнат возовите согласно дневниот распоред од возниот ред.

Претходно во соопштение од кабинетот на генералниот директор на ЖРМ Транспорт наведоа дека „прекинот на работата односно штрајкот не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје и оти не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машинскиот персонал“ кој имал плата со тримесечен просек за периодот 09/2021 година до 11/2021 година во износ од 50.848,00 денари, тврдење што беше негирано од Чакаровски.

Од претпријатието наведоа дека во услови на пандемија како и енергетска криза редовно ги исплаќаат платите и надоместоците на вработените, иако друштвото се соочува со намалени приходи, а во исто време и зголемени трошоци по однос на користење на електричната енергија, кој инпут енормно ги зголемува вкупните трошоци во редовното работење. Со целосниот прекин на железничкиот сообраќај, како што наведоа, им се нанесуваат огромни материјални и нематеријални штети на ЖРМ Транспорт, ЈП за железничка инфраструктура на РМ и на целокупното стопанство во државата.

Прекинот на железничкиот сообраќај, како што изјави претходно Чакаровски, е според Одлуката од 2 ноември 2021 година донесена на собир на севкупниот машински и извршен персонал независно од членство во синдикат. На одлуката е наведено дека доколку до 25-ти во тековниот месец не биде исплатена платата во целост на 26-ти (односно првиот работен ден после 25-ти) со почеток во 07.00 часот машинскиот и извршниот персонал ќе ја бојкотира работата.

The post Чакаровски: Прекинат бојкотот, се нормализира железничкиот сообраќај appeared first on Република.

]]>

Исплатен е вториот дел од платата за декември лани во Железници на РМ Транспорт со што машинскиот и извршниот персинал го прекина бојкотот поради кој од вчера не сообраќаа патничките и товарните возови во државава, информира за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот и извршниот персонал. Чакаровски најави дека со исплатата на платата е исполнето нивното барање и тие се на работните места, а за половина час ќе тргнат возовите согласно дневниот распоред од возниот ред. Претходно во соопштение од кабинетот на генералниот директор на ЖРМ Транспорт наведоа дека „прекинот на работата односно штрајкот не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје и оти не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машинскиот персонал“ кој имал плата со тримесечен просек за периодот 09/2021 година до 11/2021 година во износ од 50.848,00 денари, тврдење што беше негирано од Чакаровски. Од претпријатието наведоа дека во услови на пандемија како и енергетска криза редовно ги исплаќаат платите и надоместоците на вработените, иако друштвото се соочува со намалени приходи, а во исто време и зголемени трошоци по однос на користење на електричната енергија, кој инпут енормно ги зголемува вкупните трошоци во редовното работење. Со целосниот прекин на железничкиот сообраќај, како што наведоа, им се нанесуваат огромни материјални и нематеријални штети на ЖРМ Транспорт, ЈП за железничка инфраструктура на РМ и на целокупното стопанство во државата. Прекинот на железничкиот сообраќај, како што изјави претходно Чакаровски, е според Одлуката од 2 ноември 2021 година донесена на собир на севкупниот машински и извршен персонал независно од членство во синдикат. На одлуката е наведено дека доколку до 25-ти во тековниот месец не биде исплатена платата во целост на 26-ти (односно првиот работен ден после 25-ти) со почеток во 07.00 часот машинскиот и извршниот персонал ќе ја бојкотира работата.

The post Чакаровски: Прекинат бојкотот, се нормализира железничкиот сообраќај appeared first on Република.

]]>
Возовите стојат, машинскиот и извршниот персонал нема плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vozovite-stojat-mashinskiot-i-izvrshniot-personal-nema-plata/ Thu, 27 Jan 2022 09:53:41 +0000 https://republika.mk/?p=450139

Втор ден не сообраќаат патничките и товарните возови во државава откако машинскиот и извршниот персонал во Железници Транспорт на РСМ вчера изутрина почна бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за декември лани.

Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал изјави дека бојкотот продолжува до исполнување на поставеното барање. Има, како што вели, најави од раководството на претпријатието дека вториот дел од платата ќе биде исплатен утре, но засега нема промена на нашата одлука.

Согласно со Одлуката од 2 ноември 2021 година машинскиот и извршниот персонал најави дека нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец. Одлуката беше донесена по прекинот на работата во ноември, исто така поради доцнење со исплатата на платата. Поради истата причина бојкот имаше и во август лани.

The post Возовите стојат, машинскиот и извршниот персонал нема плата appeared first on Република.

]]>

Втор ден не сообраќаат патничките и товарните возови во државава откако машинскиот и извршниот персонал во Железници Транспорт на РСМ вчера изутрина почна бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за декември лани. Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал изјави дека бојкотот продолжува до исполнување на поставеното барање. Има, како што вели, најави од раководството на претпријатието дека вториот дел од платата ќе биде исплатен утре, но засега нема промена на нашата одлука. Согласно со Одлуката од 2 ноември 2021 година машинскиот и извршниот персонал најави дека нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец. Одлуката беше донесена по прекинот на работата во ноември, исто така поради доцнење со исплатата на платата. Поради истата причина бојкот имаше и во август лани.

The post Возовите стојат, машинскиот и извршниот персонал нема плата appeared first on Република.

]]>
Бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – Транспорт“, сообраќајот е во прекин https://arhiva3.republika.mk/vesti/bojkot-na-mashinskiot-i-izvrshniot-personal-vo-zeleznici-transport-soobrakjajot-e-vo-prekin/ Wed, 26 Jan 2022 14:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=449869

Од 7.00 часот утрово патничкиот и товарниот железнички сообраќај е во прекин, поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – Транспорт“.

Како што изјави за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, причина за бојкотот е неисплатениот втор дел од декемвриската плата. Тој се повика на Одлуката од 2 ноември 2021 година, според која, машинскиот и извршниот персонал нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец.

Се повикуваме на оваа Одлука и поради тоа не ги извршуваме работите. Веднаш ќе продолжиме со работа кога ќе ни се исплати вториот дел од декемвриската плата, нагласи Чакаровски.

Тони Димовски, пак, кој исто така е претставник на машинскиот персонал, кусо одговори дека се во тек „разговори и преговори околу барањето“.

Согласно Одлуката од ноември, машинскиот и извршниот персонал во Железници – Транспорт бара и исплата на материјалните трошоци до 10-ти во тековниот месец.
Прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше и на почетокот на август, како и во ноември 2021 година.

The post Бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – Транспорт“, сообраќајот е во прекин appeared first on Република.

]]>

Од 7.00 часот утрово патничкиот и товарниот железнички сообраќај е во прекин, поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – Транспорт“. Како што изјави за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, причина за бојкотот е неисплатениот втор дел од декемвриската плата. Тој се повика на Одлуката од 2 ноември 2021 година, според која, машинскиот и извршниот персонал нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец.
Се повикуваме на оваа Одлука и поради тоа не ги извршуваме работите. Веднаш ќе продолжиме со работа кога ќе ни се исплати вториот дел од декемвриската плата, нагласи Чакаровски.
Тони Димовски, пак, кој исто така е претставник на машинскиот персонал, кусо одговори дека се во тек „разговори и преговори околу барањето“. Согласно Одлуката од ноември, машинскиот и извршниот персонал во Железници – Транспорт бара и исплата на материјалните трошоци до 10-ти во тековниот месец. Прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше и на почетокот на август, како и во ноември 2021 година.

The post Бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – Транспорт“, сообраќајот е во прекин appeared first on Република.

]]>
На 80 вработени во „Влеча на возови“ не им е продолжен договорот за работа, синдикатот најавува блокада на сообраќајот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/na-80-vraboteni-vo-vlecha-na-vozovi-ne-im-e-prodolzen-dogovorot-za-rabota-sindikatot-najavuva-blokada-na-soobrakjajot/ Tue, 04 Jan 2022 12:00:29 +0000 https://republika.mk/?p=440438

Синдикатот на вработените во „Влеча на возови“ при Железници Транспорт информира дека на 80 нивни колеги не им е продолжен договорот за работа и најавува дека доколку во најкус можен рок не се најде решение за нив, ќе го блокираат железничкиот сообраќај.

Во писмото испратено до јавноста, Синдикатот наведува дека овие работници им се потребни за нормално функционирање на компанијата.

Како синдикат од за нас нејасни причини, Министерството за финансии кое е надлежно за давање на согласност за вработување, а со самото тоа и можност за продолжување на работниот ангажман на нашите 80 колеги од кои голем дел се извршен персонал, истото не го достави, така што заклучно со 31.12.2021 ги остави без работа, а нашата фирма без извршен персонал. Ние како фирма во последниов период сме дојдени до многу ниско ниво на егзистенција како финансиски, така и со вработени, и доколку во најкраток можен рок не се преземе нешто со нашите колеги кои останаа на улица, а се потребни на фирмата, како репрезентативен синдикат ќе бидеме приморани после божиќните празници да го блокираме железничкиот транспорт во знак на солидарност со нашите колеги кои ни се неопходни за секојдневно непречено и безбедно одвивање на железничкиот сообраќај, се вели во писмото.

Од Синдикатот информираат дека овие вработени се обучени и ги поминале и интерните обуки кои траат од шест до 12 месеци.

The post На 80 вработени во „Влеча на возови“ не им е продолжен договорот за работа, синдикатот најавува блокада на сообраќајот appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на вработените во „Влеча на возови“ при Железници Транспорт информира дека на 80 нивни колеги не им е продолжен договорот за работа и најавува дека доколку во најкус можен рок не се најде решение за нив, ќе го блокираат железничкиот сообраќај. Во писмото испратено до јавноста, Синдикатот наведува дека овие работници им се потребни за нормално функционирање на компанијата. Како синдикат од за нас нејасни причини, Министерството за финансии кое е надлежно за давање на согласност за вработување, а со самото тоа и можност за продолжување на работниот ангажман на нашите 80 колеги од кои голем дел се извршен персонал, истото не го достави, така што заклучно со 31.12.2021 ги остави без работа, а нашата фирма без извршен персонал. Ние како фирма во последниов период сме дојдени до многу ниско ниво на егзистенција како финансиски, така и со вработени, и доколку во најкраток можен рок не се преземе нешто со нашите колеги кои останаа на улица, а се потребни на фирмата, како репрезентативен синдикат ќе бидеме приморани после божиќните празници да го блокираме железничкиот транспорт во знак на солидарност со нашите колеги кои ни се неопходни за секојдневно непречено и безбедно одвивање на железничкиот сообраќај, се вели во писмото. Од Синдикатот информираат дека овие вработени се обучени и ги поминале и интерните обуки кои траат од шест до 12 месеци.

The post На 80 вработени во „Влеча на возови“ не им е продолжен договорот за работа, синдикатот најавува блокада на сообраќајот appeared first on Република.

]]>