вознемирување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voznemiruvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Feb 2024 11:08:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вознемирување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voznemiruvanje/ 32 32 Уапсен маж кој допирал продавачка по телото https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-mazh-koj-dopiral-prodavachka-po-teloto/ Thu, 01 Feb 2024 11:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=739332

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (31 јануари) околу 11 часот и 45 минути во Гостивар го лишиле од слобода 57-годишниот М.М. од гостиварско Здуње. Како што соопшти СВР Тетово, тој претходно бил пријавен од 20-годишна гостиварка дека околу 10 часот во трговски објект, во кој таа работела, ја допирал по телото.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Уапсен маж кој допирал продавачка по телото appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (31 јануари) околу 11 часот и 45 минути во Гостивар го лишиле од слобода 57-годишниот М.М. од гостиварско Здуње. Како што соопшти СВР Тетово, тој претходно бил пријавен од 20-годишна гостиварка дека околу 10 часот во трговски објект, во кој таа работела, ја допирал по телото. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Уапсен маж кој допирал продавачка по телото appeared first on Република.

]]>
Ѝ пишувала дека е грда и дебела: Љубовница осудена за вознемирување на сопругата, а мажот со години криел дека имаат две деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pishuvala-deka-e-grda-i-debela-lubovnitsa-osudena-za-voznemiruvane-na-soprugata-a-mazhot-so-godini-kriel-deka-imaat-dve-detsa/ Tue, 01 Aug 2023 08:37:27 +0000 https://republika.mk/?p=667510

Tриесетгодишната Хрватка Кристина е прогласена за виновна и осудена за наметливо однесување кон сопругата и таткото на нејзиниот љубовник, пренесува „Даница.хр“.

Според пресудата, таа минатата година од февруари до септември во Загреб често испраќала пораки до сопругата на мажот со кој била во врска и „ја навредувала дека е грда, дебела, дека мајка ѝ е виновна за нејзиниот изглед, дека е мизерна и ѝ испраќала смс-пораки со заканувачка содржина“ како „ќе види што следи, следи Трета светска војна".

Покрај тоа, таа испратила фотографии од порнографски содржини со својот љубовник до сопругата и нејзината мајка, доаѓала во зградата каде што живеат нејзините родители, а еднаш дури и дошла на влезната врата од нивниот стан, каде што се обидела да разговара со нејзиниот татко, кој ја избркал.

Таа ѝ се претставила на мајката како сопруга на сопругот на нејзината ќерка, им се јавила и на останатите членови од семејството и испратила неколку смс-пораки до нејзината сестра. Ова кај сопругата предизвикало чувство на страв за сопствената и безбедноста на членовите на нејзиното семејство, како и чувство на вознемиреност и тешкотија.

Кристина од февруари до мај во Загреб често испраќала навредливи смс-пораки и до таткото на својот љубовник, во кои „го навредувала него, неговата сопруга и нивниот син, а на улицата каде што живеел и во околните улици закачувала флаери на кои пишувала дека неговиот син има вонбрачни деца“.

Кристина во текот на истрагата признала сè, но се правдала со тоа дека нејзиниот љубовник „е татко на нејзините две деца, кои никогаш не ги признал, па отишле на ДНК анализа, а тој не плаќа алиментација ниту за нив“.

Таа беше прогласена за виновна и осудена на една година условна казна. Пресудата е неправосилна и Кристина, која инаку е самохрана и невработена мајка, може да поднесе жалба.

The post Ѝ пишувала дека е грда и дебела: Љубовница осудена за вознемирување на сопругата, а мажот со години криел дека имаат две деца appeared first on Република.

]]>

Tриесетгодишната Хрватка Кристина е прогласена за виновна и осудена за наметливо однесување кон сопругата и таткото на нејзиниот љубовник, пренесува „Даница.хр“. Според пресудата, таа минатата година од февруари до септември во Загреб често испраќала пораки до сопругата на мажот со кој била во врска и „ја навредувала дека е грда, дебела, дека мајка ѝ е виновна за нејзиниот изглед, дека е мизерна и ѝ испраќала смс-пораки со заканувачка содржина“ како „ќе види што следи, следи Трета светска војна". Покрај тоа, таа испратила фотографии од порнографски содржини со својот љубовник до сопругата и нејзината мајка, доаѓала во зградата каде што живеат нејзините родители, а еднаш дури и дошла на влезната врата од нивниот стан, каде што се обидела да разговара со нејзиниот татко, кој ја избркал. Таа ѝ се претставила на мајката како сопруга на сопругот на нејзината ќерка, им се јавила и на останатите членови од семејството и испратила неколку смс-пораки до нејзината сестра. Ова кај сопругата предизвикало чувство на страв за сопствената и безбедноста на членовите на нејзиното семејство, како и чувство на вознемиреност и тешкотија. Кристина од февруари до мај во Загреб често испраќала навредливи смс-пораки и до таткото на својот љубовник, во кои „го навредувала него, неговата сопруга и нивниот син, а на улицата каде што живеел и во околните улици закачувала флаери на кои пишувала дека неговиот син има вонбрачни деца“. Кристина во текот на истрагата признала сè, но се правдала со тоа дека нејзиниот љубовник „е татко на нејзините две деца, кои никогаш не ги признал, па отишле на ДНК анализа, а тој не плаќа алиментација ниту за нив“. Таа беше прогласена за виновна и осудена на една година условна казна. Пресудата е неправосилна и Кристина, која инаку е самохрана и невработена мајка, може да поднесе жалба.

The post Ѝ пишувала дека е грда и дебела: Љубовница осудена за вознемирување на сопругата, а мажот со години криел дека имаат две деца appeared first on Република.

]]>
Приведен тетовец кој следел и снимал девојки https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-tetovets-koj-sledel-i-snimal-devojki/ Wed, 26 Jul 2023 11:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=665501

Вчера во 18.20 часот на улица „Живко Брајкоски“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово - ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.А.(46) од Тетово.

Претходно, тој бил пријавен од Џ.С.(21) дека во угостителски објект на истата улица ја вознемирувал неа и нејзини пријателки, снимајќи ги со мобилен телефон.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Приведен тетовец кој следел и снимал девојки appeared first on Република.

]]>

Вчера во 18.20 часот на улица „Живко Брајкоски“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово - ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.А.(46) од Тетово. Претходно, тој бил пријавен од Џ.С.(21) дека во угостителски објект на истата улица ја вознемирувал неа и нејзини пријателки, снимајќи ги со мобилен телефон. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Приведен тетовец кој следел и снимал девојки appeared first on Република.

]]>
„Срамота, прашајте си ги надлежните“: Министерот Николовски се потресе зошто новинарите го прашуваат за скапото масло https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sramota-prashajte-si-gi-nadleznite-ministerot-nikolovski-se-potrese-zoshto-novinarite-go-prashuvaat-za-skapoto-maslo/ Thu, 07 Apr 2022 13:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=484842

„Срамота, срамота…!“

Ова е реакцијата на Министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој видно се вознемири од прашањата на „Алсат“. Од телевизијата побараа одговор, дали ќе биде оправдано најавеното зголемување на цената на маслото за јадење? Но, Николовски инсистираше како одговор на прашањето да кажува какви мерки дава Владата за подобрување на земјоделството.

- Ама, министер трет пат ми го кажувате ова. Кога ќе влезат луѓето во продавница да купат зејтин ќе биде за 30 отсто поскап зејтинот. Вие три пати ми кажувате иста работа. Јас Ве прашувам како владин министер, дали имаат право трговците, компаниите да ја зголемат сега цената на маслото за јадење?

- Тоа ќе ги прашате надлежните.

- Кои надлежни? Вие сте министер во Владата.

- Не е точно, не е точно, прочитајте ги законите.

- Ама вие сте во владата втор, трет човек…

https://youtu.be/MEbhaLhFduk

The post „Срамота, прашајте си ги надлежните“: Министерот Николовски се потресе зошто новинарите го прашуваат за скапото масло appeared first on Република.

]]>

„Срамота, срамота…!“ Ова е реакцијата на Министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој видно се вознемири од прашањата на „Алсат“. Од телевизијата побараа одговор, дали ќе биде оправдано најавеното зголемување на цената на маслото за јадење? Но, Николовски инсистираше како одговор на прашањето да кажува какви мерки дава Владата за подобрување на земјоделството.
- Ама, министер трет пат ми го кажувате ова. Кога ќе влезат луѓето во продавница да купат зејтин ќе биде за 30 отсто поскап зејтинот. Вие три пати ми кажувате иста работа. Јас Ве прашувам како владин министер, дали имаат право трговците, компаниите да ја зголемат сега цената на маслото за јадење? - Тоа ќе ги прашате надлежните. - Кои надлежни? Вие сте министер во Владата. - Не е точно, не е точно, прочитајте ги законите. - Ама вие сте во владата втор, трет човек…
https://youtu.be/MEbhaLhFduk

The post „Срамота, прашајте си ги надлежните“: Министерот Николовски се потресе зошто новинарите го прашуваат за скапото масло appeared first on Република.

]]>
Сексуално ги вознемирувал малолетните девојчиња: 20 години затвор за прилепскиот џудо тренер https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/seksualno-gi-voznemiruval-maloletnite-devojchinja-20-godini-zatvor-za-prilepskiot-dzudo-trener/ Tue, 05 Apr 2022 11:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=483548

На 20 годишна казна затвор е осуден прилепскиот џудо тренер Рубин Пеески, обвинет за обљуба на 4 малолетни девојчињa кои ги тренеирал во неговиот џудо клуб. Исто така, му е изречена и забрана за врешење на дејност, затоа што, покрај обљубата на товар му се става и злоупотреба на службената положба како џудо тренер. Портпаролот на Основниот суд во Прилеп, Жарко Велески, за Телма ја потврди пресудата од 20 години затвор за 46 годишниот тренер од Прилеп.

Според обвинението Пеески, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба ивршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени за тренирање и воспитување.

Случајот кој ја шокираше јавноста беше откриен во јануари годинава, кога еден од родителите го пријави тренерот во полиција, а потоа истргата ги откри и другите жртви.

The post Сексуално ги вознемирувал малолетните девојчиња: 20 години затвор за прилепскиот џудо тренер appeared first on Република.

]]>

На 20 годишна казна затвор е осуден прилепскиот џудо тренер Рубин Пеески, обвинет за обљуба на 4 малолетни девојчињa кои ги тренеирал во неговиот џудо клуб. Исто така, му е изречена и забрана за врешење на дејност, затоа што, покрај обљубата на товар му се става и злоупотреба на службената положба како џудо тренер. Портпаролот на Основниот суд во Прилеп, Жарко Велески, за Телма ја потврди пресудата од 20 години затвор за 46 годишниот тренер од Прилеп. Според обвинението Пеески, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба ивршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени за тренирање и воспитување. Случајот кој ја шокираше јавноста беше откриен во јануари годинава, кога еден од родителите го пријави тренерот во полиција, а потоа истргата ги откри и другите жртви.

The post Сексуално ги вознемирувал малолетните девојчиња: 20 години затвор за прилепскиот џудо тренер appeared first on Република.

]]>