воздушни напади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vozdushni-napadi/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 11:04:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воздушни напади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vozdushni-napadi/ 32 32 Израел денеска изврши 150 воздушни напади врз Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-deneska-izvrshi-150-vozdushni-napadi-vrz-liban/ Mon, 23 Sep 2024 11:04:18 +0000 https://republika.mk/?p=818983

Израелската војска утринава изврши околу 150 напади врз цели на Хезболах во Либан, од каде исламистичкото движење истрелува ракети на израелска територија за поддршка на палестинскиот Хамас во Појасот Газа.

Утринава имаше околу 150 воздушни напади, рече портпаролот на армијата.

Нападите биле извршени меѓу 6:30 и 7:30 часот по локално време.

Либанскиот премиер Наџиб Микати го осуди „планот за уништување што го спроведува Израел“.

Продолжувањето на израелската агресија против Либан е војна за истребување во секој поглед, план за уништување чија цел е да ги избрише либанските села и градови, рече тој.

Израелската армија утринава им порача на либанските граѓани „да се држат подалеку од целите на Хезболах“ во јужен Либан.

The post Израел денеска изврши 150 воздушни напади врз Либан appeared first on Република.

]]>

Израелската војска утринава изврши околу 150 напади врз цели на Хезболах во Либан, од каде исламистичкото движење истрелува ракети на израелска територија за поддршка на палестинскиот Хамас во Појасот Газа.
Утринава имаше околу 150 воздушни напади, рече портпаролот на армијата.
Нападите биле извршени меѓу 6:30 и 7:30 часот по локално време. Либанскиот премиер Наџиб Микати го осуди „планот за уништување што го спроведува Израел“.
Продолжувањето на израелската агресија против Либан е војна за истребување во секој поглед, план за уништување чија цел е да ги избрише либанските села и градови, рече тој.
Израелската армија утринава им порача на либанските граѓани „да се држат подалеку од целите на Хезболах“ во јужен Либан.

The post Израел денеска изврши 150 воздушни напади врз Либан appeared first on Република.

]]>
Големи руски воздушни напади врз Украина втор ден по ред https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/golemi-ruski-vozdushni-napadi-vrz-ukraina-vtor-den-po-red/ Tue, 27 Aug 2024 07:37:43 +0000 https://republika.mk/?p=810445

Системите за противвоздушна одбрана на регионот Киев беа активирани неколку пати во текот на ноќта со цел одбивање проектили и дронови насочени кон главниот град на Украина, соопшти на Телеграм воената администрација на регионот.

Известувачите од Киев јавија за најмалку три експлозии во текот на ноќта во главниот град на Украина.

Русија во текот на ноќта изврши неколку бранови ракетни и беспилотни напади насочени кон Киев и други региони, соопшти украинската војска рано утрово, еден ден по најголемиот таков напад на Москва во војната. Две лица се убиени во областа Кривиј Рих, соопшти локалниот функционер Евген Ситниченко на Телеграм. Еден човек е убиен и во нападот со дрон Шахед во регионот Запорожје, изјави локалниот гувернер Иван Федоров.

Кривиј Рих, Киев и централните и источните региони на Украина беа под тревога за воздушен напад во поголемиот дел од ноќта. Петмина цивили можеби се уште се под урнатините, а четворица се повредени како резултат на рускиот напад, соопшти на Телеграм, Олександр Вилкул, шеф на воената управа на Кривиј Рих.

Вестите се лоши, додаде тој.

Размерите на нападите од минатата ноќ се уште не се познати, но украинските воздухопловни сили соопштија дека регистрирале лансирање на неколку групи дронови и полетување на стратешките бомбардери Ту-85 и суперсонични пресретнувачи МиГ-31 од руските аеродроми.

Светските агенции нагласуваат дека информациите не можат да бидат потврдени од независни извори, а засега нема коментар до руска страна.

Русија вчера лансираше повеќе од 200 проектили и дронови, при што загинаа најмалку седум лица и беше оштетена енергетска инфраструктура.

Кремљ негира дека таргетирал цивили во војната што почна во февруари 2022 година. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во неговите напади вчера биле погодени „сите одредени цели“ во критичната енергетска инфраструктура на Украина.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска се очекува во руската нуклеарна централа Курск за да ја процени ситуацијата по украинската контраофанзива во регионот. Тој сака „независно да процени што се случува“ со посета на инфраструктурата.

Безбедноста на сите нуклеарни централи е централно и основно прашање за МААЕ, истакна тој.

The post Големи руски воздушни напади врз Украина втор ден по ред appeared first on Република.

]]>

Системите за противвоздушна одбрана на регионот Киев беа активирани неколку пати во текот на ноќта со цел одбивање проектили и дронови насочени кон главниот град на Украина, соопшти на Телеграм воената администрација на регионот. Известувачите од Киев јавија за најмалку три експлозии во текот на ноќта во главниот град на Украина. Русија во текот на ноќта изврши неколку бранови ракетни и беспилотни напади насочени кон Киев и други региони, соопшти украинската војска рано утрово, еден ден по најголемиот таков напад на Москва во војната. Две лица се убиени во областа Кривиј Рих, соопшти локалниот функционер Евген Ситниченко на Телеграм. Еден човек е убиен и во нападот со дрон Шахед во регионот Запорожје, изјави локалниот гувернер Иван Федоров. Кривиј Рих, Киев и централните и источните региони на Украина беа под тревога за воздушен напад во поголемиот дел од ноќта. Петмина цивили можеби се уште се под урнатините, а четворица се повредени како резултат на рускиот напад, соопшти на Телеграм, Олександр Вилкул, шеф на воената управа на Кривиј Рих.
Вестите се лоши, додаде тој.
Размерите на нападите од минатата ноќ се уште не се познати, но украинските воздухопловни сили соопштија дека регистрирале лансирање на неколку групи дронови и полетување на стратешките бомбардери Ту-85 и суперсонични пресретнувачи МиГ-31 од руските аеродроми. Светските агенции нагласуваат дека информациите не можат да бидат потврдени од независни извори, а засега нема коментар до руска страна. Русија вчера лансираше повеќе од 200 проектили и дронови, при што загинаа најмалку седум лица и беше оштетена енергетска инфраструктура. Кремљ негира дека таргетирал цивили во војната што почна во февруари 2022 година. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во неговите напади вчера биле погодени „сите одредени цели“ во критичната енергетска инфраструктура на Украина. Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска се очекува во руската нуклеарна централа Курск за да ја процени ситуацијата по украинската контраофанзива во регионот. Тој сака „независно да процени што се случува“ со посета на инфраструктурата.
Безбедноста на сите нуклеарни централи е централно и основно прашање за МААЕ, истакна тој.

The post Големи руски воздушни напади врз Украина втор ден по ред appeared first on Република.

]]>
САД извршија над 85 напади врз цели во Ирак и во Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-izvrshija-nad-85-napadi-vrz-tseli-vo-irak-i-vo-sirija/ Sat, 03 Feb 2024 08:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=739933

Американските сили извршија воздушни напади врз иранската револуционерна гарда и милициските групи поврзани со Техеран, погодувајќи повеќе од 85 цели во Ирак и Сирија, соопшти американската војска.

Силите на Централната команда на САД (CENTCOM) извршија воздушни напади во Ирак и Сирија против силите Кудс на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и поврзаните милициски групи. Американските воени сили погодија повеќе од 85 цели, со бројни авиони, вклучително и бомбардери кои лета од САД. Објектите што беа погодени вклучуваа командни и контролни оперативни центри, разузнавачки центри, ракети, проектили, складиште за беспилотни летала и објекти за логистика и синџир на снабдување со муниција на милициските групи и нивните спонзори на ИРГЦ кои ги олеснуваа нападите против силите на САД и на коалицијата. 

Во изјава за Си-Ен-Ен, висок претставник од американското Министерство за одбрана нагласи дека не се таргетирани цели во Иран.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека одговорот за загинувањето американски војници започнал денеска и дека САД не бараат конфликт на Блискиот Исток.

Американските воени сили нападнаа цели на објекти во Ирак и Сирија што ИРГЦ и поврзаната милиција ги користат за да ги нападнат американските сили. Нашиот одговор започна денеска. Ќе продолжи во моменти и места по наш избор.  САД не бараат конфликт на Блискиот Исток или на кое било друго место во светот. Но, нека го знаат ова сите оние кои би сакале да ни нанесат штета: Ако му наштетите на Американец, ние ќе одговориме.

Одмаздничките напади дојдоа како одговор на нападот со беспилотно летало на милитантите поддржани од Иран врз американска воена база во Јордан во неделата, при што загинаа тројца американски војници, а беа ранети повеќе од 40 други.

Најмалку 13 проирански борци беа убиени денеска во воздушните напади на САД, чија цел беа упоришта на проирански борци во источната провинција Деир ал-Зур, Сириска опсерваторија за човекови права. Цел на воздушните напади беше регионот Хаидарија во пустината на градот Ал-Мајадин.

Цел на нападите биле и областа Ал Хизам и индустрискиот кварт во градот Ал Букамал во близина на сириско-ирачката граница, според Сириската опсерваторија за човекови права.

Според нив, воените авиони уништиле 17 локации во Деир ал-Зур во три рунди воздушни напади врз Ал-Мајадин и еден круг на Ал-Букамал.

Американските извидувачки авиони продолжуваат интензивно да патролираат во воздушниот простор над регионот, соопшти таа организација.

The post САД извршија над 85 напади врз цели во Ирак и во Сирија appeared first on Република.

]]>

Американските сили извршија воздушни напади врз иранската револуционерна гарда и милициските групи поврзани со Техеран, погодувајќи повеќе од 85 цели во Ирак и Сирија, соопшти американската војска.
Силите на Централната команда на САД (CENTCOM) извршија воздушни напади во Ирак и Сирија против силите Кудс на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и поврзаните милициски групи. Американските воени сили погодија повеќе од 85 цели, со бројни авиони, вклучително и бомбардери кои лета од САД. Објектите што беа погодени вклучуваа командни и контролни оперативни центри, разузнавачки центри, ракети, проектили, складиште за беспилотни летала и објекти за логистика и синџир на снабдување со муниција на милициските групи и нивните спонзори на ИРГЦ кои ги олеснуваа нападите против силите на САД и на коалицијата. 
Во изјава за Си-Ен-Ен, висок претставник од американското Министерство за одбрана нагласи дека не се таргетирани цели во Иран. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека одговорот за загинувањето американски војници започнал денеска и дека САД не бараат конфликт на Блискиот Исток.
Американските воени сили нападнаа цели на објекти во Ирак и Сирија што ИРГЦ и поврзаната милиција ги користат за да ги нападнат американските сили. Нашиот одговор започна денеска. Ќе продолжи во моменти и места по наш избор.  САД не бараат конфликт на Блискиот Исток или на кое било друго место во светот. Но, нека го знаат ова сите оние кои би сакале да ни нанесат штета: Ако му наштетите на Американец, ние ќе одговориме.
Одмаздничките напади дојдоа како одговор на нападот со беспилотно летало на милитантите поддржани од Иран врз американска воена база во Јордан во неделата, при што загинаа тројца американски војници, а беа ранети повеќе од 40 други. Најмалку 13 проирански борци беа убиени денеска во воздушните напади на САД, чија цел беа упоришта на проирански борци во источната провинција Деир ал-Зур, Сириска опсерваторија за човекови права. Цел на воздушните напади беше регионот Хаидарија во пустината на градот Ал-Мајадин. Цел на нападите биле и областа Ал Хизам и индустрискиот кварт во градот Ал Букамал во близина на сириско-ирачката граница, според Сириската опсерваторија за човекови права. Според нив, воените авиони уништиле 17 локации во Деир ал-Зур во три рунди воздушни напади врз Ал-Мајадин и еден круг на Ал-Букамал. Американските извидувачки авиони продолжуваат интензивно да патролираат во воздушниот простор над регионот, соопшти таа организација.

The post САД извршија над 85 напади врз цели во Ирак и во Сирија appeared first on Република.

]]>
Турција изврши воздушни напади, ескалира конфликтот на Блискиот Исток https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turtsija-izvrshi-vozdushni-napadi-eskalira-konfliktot-na-bliskiot-istok/ Sat, 13 Jan 2024 10:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=732535

Турција изврши воздушни напади врз курдските милитанти во соседните региони на Ирак и Сирија во саботата наутро, се вели во соопштението на турското Министерство за одбрана.

Овие напади се одговор на нападот врз турската воена база во Ирак во петокот, при што животот го загубија девет турски војници, јавува Асошиејтед прес.

Нападот се случи во петокот вечерта кога курдските напаѓачи се обидоа да се инфилтрираат во турската воена база во полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, при што загинаа пет војници. Уште четворица војници подоцна починаа од повреди, додека турското Министерство за одбрана потврди дека во овој инцидент загинале и 15 милитанти.

Турција е позната по честите напади на цели во Сирија и Ирак за кои смета дека се поврзани со Курдистанската работничка партија (ПКК), забранета курдска сепаратистичка група која води бунтови против Турција од 80-тите години.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека цел на воздушните напади биле Метина, Хакурк, Гара и Кандил во северен Ирак, но не прецизираше кои области во Сирија биле исто така цел на напад.

Во соопштението се наведува дека турските воени авиони уништиле пештери, бункери, засолништа и нафтени капацитети со цел да се елиминира заканата од терористички напади врз турскиот народ и безбедносните сили, со цел да се сигура безбедност на границата. Министерството, исто така, посочи дека многу курдски милитанти биле убиени за време на овие напади.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, на платформата Х објави дека земјата „до крај ќе се бори против терористичката организација ПКК во и надвор од нејзините граници“.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја додаде дека полицијата уапсила 113 лица осомничени за поврзаност со ПКК по рациите во 32 турски провинции.

The post Турција изврши воздушни напади, ескалира конфликтот на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>

Турција изврши воздушни напади врз курдските милитанти во соседните региони на Ирак и Сирија во саботата наутро, се вели во соопштението на турското Министерство за одбрана. Овие напади се одговор на нападот врз турската воена база во Ирак во петокот, при што животот го загубија девет турски војници, јавува Асошиејтед прес. Нападот се случи во петокот вечерта кога курдските напаѓачи се обидоа да се инфилтрираат во турската воена база во полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, при што загинаа пет војници. Уште четворица војници подоцна починаа од повреди, додека турското Министерство за одбрана потврди дека во овој инцидент загинале и 15 милитанти. Турција е позната по честите напади на цели во Сирија и Ирак за кои смета дека се поврзани со Курдистанската работничка партија (ПКК), забранета курдска сепаратистичка група која води бунтови против Турција од 80-тите години. Турското Министерство за одбрана соопшти дека цел на воздушните напади биле Метина, Хакурк, Гара и Кандил во северен Ирак, но не прецизираше кои области во Сирија биле исто така цел на напад. Во соопштението се наведува дека турските воени авиони уништиле пештери, бункери, засолништа и нафтени капацитети со цел да се елиминира заканата од терористички напади врз турскиот народ и безбедносните сили, со цел да се сигура безбедност на границата. Министерството, исто така, посочи дека многу курдски милитанти биле убиени за време на овие напади. Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, на платформата Х објави дека земјата „до крај ќе се бори против терористичката организација ПКК во и надвор од нејзините граници“. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја додаде дека полицијата уапсила 113 лица осомничени за поврзаност со ПКК по рациите во 32 турски провинции.

The post Турција изврши воздушни напади, ескалира конфликтот на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>
Турски воени авиони ги нападнале курдските позиции во Сирија и Ирак https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turski-voeni-avioni-gi-napadnale-kurdskite-pozicii-vo-sirija-i-irak/ Sun, 20 Nov 2022 10:54:08 +0000 https://republika.mk/?p=576043

Најмалку 12 лица загинале во турски воздушни напади врз курдски позиции во североисточна Сирија, пренесе ДПА повикувајќи се на Сириската опсерваторија за човекови права.

Турското Министерство за одбрана потврди дека извршило воздушни напади врз базите на курдските милитанти во северна Сирија и северен Ирак.

Цел на нападите биле базите на Курдската работничка партија (ПКК) и на сириската курдска милиција ЈПГ, се додава во соопштението на Министерството.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека 25 воздушни напади ги погодиле областите под контрола на Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите во селата кај Кобане и Алепо.

Организацијата за мониторинг со седиште во Британија, кој ја документира 11-годишната граѓанска војна во Сирија, соопшти дека биле погодени и позиции на сириската армија, при што загинале најмалку 12 лица, вклучувајќи и војници на СДФ и сириската армија.

Шефот на СДФ, Мазлум Абди, на Твитер напиша дека нападите се закана за целиот регион.

Ова бомбардирање не е во корист на ниту една страна. Правиме максимални напори да избегнеме голема катастрофа. Ако избие војна, сите ќе бидат погодени, напиша тој.

Сириската државна телевизија ги потврди нападите.

Воздушните напади доаѓаат една недела по бомбашкиот напад во Истанбул, во кој загинаа шест, а беа ранети повеќе од 80 луѓе. Турција ги обвинува ЈПГ и забранетата ПКК за нападот. ПКК ги отфрли обвинувањата.

The post Турски воени авиони ги нападнале курдските позиции во Сирија и Ирак appeared first on Република.

]]>

Најмалку 12 лица загинале во турски воздушни напади врз курдски позиции во североисточна Сирија, пренесе ДПА повикувајќи се на Сириската опсерваторија за човекови права. Турското Министерство за одбрана потврди дека извршило воздушни напади врз базите на курдските милитанти во северна Сирија и северен Ирак. Цел на нападите биле базите на Курдската работничка партија (ПКК) и на сириската курдска милиција ЈПГ, се додава во соопштението на Министерството. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека 25 воздушни напади ги погодиле областите под контрола на Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите во селата кај Кобане и Алепо. Организацијата за мониторинг со седиште во Британија, кој ја документира 11-годишната граѓанска војна во Сирија, соопшти дека биле погодени и позиции на сириската армија, при што загинале најмалку 12 лица, вклучувајќи и војници на СДФ и сириската армија. Шефот на СДФ, Мазлум Абди, на Твитер напиша дека нападите се закана за целиот регион.
Ова бомбардирање не е во корист на ниту една страна. Правиме максимални напори да избегнеме голема катастрофа. Ако избие војна, сите ќе бидат погодени, напиша тој.
Сириската државна телевизија ги потврди нападите. Воздушните напади доаѓаат една недела по бомбашкиот напад во Истанбул, во кој загинаа шест, а беа ранети повеќе од 80 луѓе. Турција ги обвинува ЈПГ и забранетата ПКК за нападот. ПКК ги отфрли обвинувањата.

The post Турски воени авиони ги нападнале курдските позиции во Сирија и Ирак appeared first on Република.

]]>
Турски воени авиони бомбардирале курдски позиции во Ирак и cеверна Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turski-voeni-avioni-bombardirale-kurdski-pozicii-vo-irak-i-ceverna-sirija/ Wed, 02 Feb 2022 10:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=452901

Турски воени авиони нападнале позиции на курдската милиција, вклучително и кампови за обука, засолништа и складишта за муниција во Ирак и северна Сирија.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека авионите што учествувале во нападот на областите Дерик, Синчар и Карачак, по завршувањето на задачата се вратиле во своите бази.

Британските медиуми јавуваат дека нема податоци за жртви и материјална штета предизвикана во овие напади на турските воздухопловни сили.

Турскиот министер за одбрана, Хуласи Акер, за ДПА изјави дека во операцијата „целосно се уништени засолништата, гнездата, пештерите на терористите“.

Според него, слични рации ќе продолжат „до неутрализирање на последниот терорист“.

Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека воздушната операција била насочена кон единиците на Курдската работничка партија (ПКК), која има бази во Ирак, како и врз Сириската курдска милиција ИПГ, која Турција ја смета за терористичка организација.

The post Турски воени авиони бомбардирале курдски позиции во Ирак и cеверна Сирија appeared first on Република.

]]>

Турски воени авиони нападнале позиции на курдската милиција, вклучително и кампови за обука, засолништа и складишта за муниција во Ирак и северна Сирија. Турското Министерство за одбрана соопшти дека авионите што учествувале во нападот на областите Дерик, Синчар и Карачак, по завршувањето на задачата се вратиле во своите бази. Британските медиуми јавуваат дека нема податоци за жртви и материјална штета предизвикана во овие напади на турските воздухопловни сили. Турскиот министер за одбрана, Хуласи Акер, за ДПА изјави дека во операцијата „целосно се уништени засолништата, гнездата, пештерите на терористите“. Според него, слични рации ќе продолжат „до неутрализирање на последниот терорист“. Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека воздушната операција била насочена кон единиците на Курдската работничка партија (ПКК), која има бази во Ирак, како и врз Сириската курдска милиција ИПГ, која Турција ја смета за терористичка организација.

The post Турски воени авиони бомбардирале курдски позиции во Ирак и cеверна Сирија appeared first on Република.

]]>