воздушна тревога Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vozdushna-trevoga/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 18:58:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воздушна тревога Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vozdushna-trevoga/ 32 32 Воздушна тревога во Киев за време на посетата на Блинкен и Лами https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vozdushna-trevoga-vo-kiev-za-vreme-na-posetata-na-blinken-i-lami/ Wed, 11 Sep 2024 19:36:35 +0000 https://republika.mk/?p=815486

Воздушна тревога денеска попладне се огласи на улиците на Киев, со траење повеќе од 30 минути во време кога таму престојуваа американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, како и други западни претставници.

Украинските Воздухопловни сили преку каналот Телеграм информираа за закана од балистичка ракета.

Во пораката било наведувено дека ракетата се движи кон Полтавската област од правец на северната Сумска област. Подоцна, официјални претставници од администрацијата во Сумската област информираа дека ракетата била соборена и дека нема информации за предизвикана штета или повредени цивили.

The post Воздушна тревога во Киев за време на посетата на Блинкен и Лами appeared first on Република.

]]>

Воздушна тревога денеска попладне се огласи на улиците на Киев, со траење повеќе од 30 минути во време кога таму престојуваа американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, како и други западни претставници. Украинските Воздухопловни сили преку каналот Телеграм информираа за закана од балистичка ракета. Во пораката било наведувено дека ракетата се движи кон Полтавската област од правец на северната Сумска област. Подоцна, официјални претставници од администрацијата во Сумската област информираа дека ракетата била соборена и дека нема информации за предизвикана штета или повредени цивили.

The post Воздушна тревога во Киев за време на посетата на Блинкен и Лами appeared first on Република.

]]>
Воздушна тревога во Романија поради можен руски напад во близина на границата со Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vozdushna-trevoga-vo-romanija-poradi-mozhen-ruski-napad-vo-blizina-na-granitsata-so-ukraina/ Sun, 08 Sep 2024 08:03:59 +0000 https://republika.mk/?p=814272

Предупредувачко известување за можност од паѓање на објекти од воздух добија синоќа жителите на романските окрузи Тулча и Констанца преку системот „Ро-Алeрт“ (Ro-Alert), пренесува Диџи24.

„Останете смирени. Засолнете се во подруми или во засолништа за цивилна заштита. Доколку нема засолниште, останете внатре во куќите, далеку од прозорци и надворешни ѕидови. Очекувано времетраење: 90 минути“, се вели во пораката, испратена неколку минути пред три часот по полноќ.

Диџи24 наведува дека ова е првпат вакво известување да се испрати и до округот Констанца. Досега вакви предупредувања добиваа жителите на Тулча, Браила и Галац.

Известувањето беше испратено синоќа, откако националните одбранбени и безбедносни структури забележаа можен напад од Руската Федерација врз некои цели на територијата на Украина, во близина на границата со Романија. Во него се пренесуваат информации за предупредување и информирање на населението за можноста од паѓање на предмети од воздушниот простор и мерки за засолнување ако ситуацијата го наложува тоа“, истакнаа од Инспекторатот за итни случаи на Тулча. Тие изјавија дека овие известувања имаат цел да го информираат населението од граничната зона на Романија.

Минатата година Романија неколку пати соопшти за пронајдени остатоци од руски дронови на нејзина територија по напади врз украински цели на спротивниот брег на реката Дунав, потсетуваат локалните медиуми.

The post Воздушна тревога во Романија поради можен руски напад во близина на границата со Украина appeared first on Република.

]]>

Предупредувачко известување за можност од паѓање на објекти од воздух добија синоќа жителите на романските окрузи Тулча и Констанца преку системот „Ро-Алeрт“ (Ro-Alert), пренесува Диџи24. „Останете смирени. Засолнете се во подруми или во засолништа за цивилна заштита. Доколку нема засолниште, останете внатре во куќите, далеку од прозорци и надворешни ѕидови. Очекувано времетраење: 90 минути“, се вели во пораката, испратена неколку минути пред три часот по полноќ. Диџи24 наведува дека ова е првпат вакво известување да се испрати и до округот Констанца. Досега вакви предупредувања добиваа жителите на Тулча, Браила и Галац.