воздушен простор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vozdushen-prostor/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Feb 2023 14:31:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воздушен простор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vozdushen-prostor/ 32 32 Молдавија го затвори воздушниот простор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moldavija-go-zatvori-vozdushniot-prostor/ Tue, 14 Feb 2023 14:31:36 +0000 https://republika.mk/?p=608966

Поранешната советска република Молдавија го затвори својот воздушен простор, пишува Sky News, повикувајќи се на соопштение на националната авиокомпанија „Ер Молдавија“.

Авиокомпанијата ги повика патниците „да останат смирени“, додавајќи дека подоцна ќе објави повеќе информации. „Почитувани патници, во овој момент воздушниот простор на Република Молдавија е затворен. Чекаме обновување на летовите“, стои во известувањето што го добиле патниците на „Ер Молдавија“.

Да потсетиме, вчера претседателката на Молдавија, Маја Санду ја обвини Русија дека се обидува да организира државен удар. Санду рече дека планот предвидува влез на руски, белоруски и српски граѓани во Молдавија за да се поттикнат протести и „да се смени легитимно избраната влада во нелегална влада контролирана од Руската Федерација“.

Москва негираше обид за каква било интервенција во Молдавија, а Белата куќа ги нарече извештаите за наводниот обид за државен удар „длабоко вознемирувачки“, додавајќи дека тие не се независно потврдени.

The post Молдавија го затвори воздушниот простор appeared first on Република.

]]>

Поранешната советска република Молдавија го затвори својот воздушен простор, пишува Sky News, повикувајќи се на соопштение на националната авиокомпанија „Ер Молдавија“. Авиокомпанијата ги повика патниците „да останат смирени“, додавајќи дека подоцна ќе објави повеќе информации. „Почитувани патници, во овој момент воздушниот простор на Република Молдавија е затворен. Чекаме обновување на летовите“, стои во известувањето што го добиле патниците на „Ер Молдавија“. Да потсетиме, вчера претседателката на Молдавија, Маја Санду ја обвини Русија дека се обидува да организира државен удар. Санду рече дека планот предвидува влез на руски, белоруски и српски граѓани во Молдавија за да се поттикнат протести и „да се смени легитимно избраната влада во нелегална влада контролирана од Руската Федерација“. Москва негираше обид за каква било интервенција во Молдавија, а Белата куќа ги нарече извештаите за наводниот обид за државен удар „длабоко вознемирувачки“, додавајќи дека тие не се независно потврдени.

The post Молдавија го затвори воздушниот простор appeared first on Република.

]]>
Молдавија го затвори својот воздушен простор https://arhiva3.republika.mk/vesti/moldavija-go-zatvori-svojot-vozdushen-prostor/ Tue, 14 Feb 2023 14:25:18 +0000 https://republika.mk/?p=608960

Властите во Молдавија донесоа одлука за затворање на нивниот воздушен простор, јавуваат светските медиуми. Засега не е позната причината за таквата одлука.

Сите претходно закажани летови се откажани или пренасочени.

„Воздушниот простор на Модлавија во овој момент е затворен. Чекаме продолжение на летовите. Денешниот распоред ќе биде изменет“, соопшти компанијата „Ер Молдова“.

Според првичните информации, воздушниот простор над земјата ќе биде затворен до 16 часот по локално време.

 

The post Молдавија го затвори својот воздушен простор appeared first on Република.

]]>

Властите во Молдавија донесоа одлука за затворање на нивниот воздушен простор, јавуваат светските медиуми. Засега не е позната причината за таквата одлука. Сите претходно закажани летови се откажани или пренасочени. „Воздушниот простор на Модлавија во овој момент е затворен. Чекаме продолжение на летовите. Денешниот распоред ќе биде изменет“, соопшти компанијата „Ер Молдова“. Според првичните информации, воздушниот простор над земјата ќе биде затворен до 16 часот по локално време.  

The post Молдавија го затвори својот воздушен простор appeared first on Република.

]]>
Швајцарскиот воздушен простор повторно отворен за сообраќај https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvajcarskiot-vozdushen-prostor-povtorno-otvoren-za-soobrakjaj/ Wed, 15 Jun 2022 09:11:45 +0000 https://republika.mk/?p=515398

Швајцарскиот воздушен простор е повторно отворен за сообраќај, соопшти Службата за контрола на летање „Скајгајд“.

Според информациите од „Скајгајд“, надминати се техничките проблеми и од 8:30 часот по локално време повторно е нормализиран авиосообраќајот на небото над Швајцарија. Обновени се летовите од и кон аеродромите во Цирих и Женева.

Претходно беше соопштено дека поради технички проблеми и дефект на компјутерската опрема привремено се затвара за авиосообраќај просторот што е под контрола на швајцарската Служба за контрола на летање. Авионите кон Швајцарија беа пренасочувани кон ал тернативни аеродроми во северна Италија.

Не се соопштени детали околу техничкиот проблем поради кој дојде до прекин на авиособраќајот на швајцарското небо.

The post Швајцарскиот воздушен простор повторно отворен за сообраќај appeared first on Република.

]]>

Швајцарскиот воздушен простор е повторно отворен за сообраќај, соопшти Службата за контрола на летање „Скајгајд“. Според информациите од „Скајгајд“, надминати се техничките проблеми и од 8:30 часот по локално време повторно е нормализиран авиосообраќајот на небото над Швајцарија. Обновени се летовите од и кон аеродромите во Цирих и Женева. Претходно беше соопштено дека поради технички проблеми и дефект на компјутерската опрема привремено се затвара за авиосообраќај просторот што е под контрола на швајцарската Служба за контрола на летање. Авионите кон Швајцарија беа пренасочувани кон ал тернативни аеродроми во северна Италија. Не се соопштени детали околу техничкиот проблем поради кој дојде до прекин на авиособраќајот на швајцарското небо.

The post Швајцарскиот воздушен простор повторно отворен за сообраќај appeared first on Република.

]]>
Затворен воздушниот простор на Швајцарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zatvoren-vozdushniot-prostor-na-shvajcarija/ Wed, 15 Jun 2022 07:17:41 +0000 https://republika.mk/?p=515322

Швајцарскиот воздушен простор моментално е „затворен до дополнително известување“, поради дефект на компјутерска опрема, соопшти утринава Службата за контрола на летање „Скајгајд“.

Во швајцарската служба за контрола на летање рано изутринава дојде до техничка неисправност поради што швајцарскиот воздушен простор е затворен за сообраќај од безбедносни причини, се посочува во соопштението.

Од „Скајгајд“ не се објавени други детали за случајот.

Според агенцијата „AТС-Кистоун“, меѓународните летови за Швајцарија се пренасочуваат кон аеродромот во Милано, во северниот дел на Италија.

The post Затворен воздушниот простор на Швајцарија appeared first on Република.

]]>

Швајцарскиот воздушен простор моментално е „затворен до дополнително известување“, поради дефект на компјутерска опрема, соопшти утринава Службата за контрола на летање „Скајгајд“. Во швајцарската служба за контрола на летање рано изутринава дојде до техничка неисправност поради што швајцарскиот воздушен простор е затворен за сообраќај од безбедносни причини, се посочува во соопштението. Од „Скајгајд“ не се објавени други детали за случајот. Според агенцијата „AТС-Кистоун“, меѓународните летови за Швајцарија се пренасочуваат кон аеродромот во Милано, во северниот дел на Италија.

The post Затворен воздушниот простор на Швајцарија appeared first on Република.

]]>
Британско министерство за одбрана: Украина го контролира својот воздушен простор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britansko-ministerstvo-za-odbrana-ukraina-go-kontrolira-svojot-vozdushen-prostor/ Wed, 27 Apr 2022 07:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=494078

Британското министерство за одбрана, соопшти дека Украина ја задржала контролата врз поголемиот дел од својот воздушен простор, истакнувајќи дека Русија не успеала да ги уништи украинските воздушни сили и нејзината противвоздушна одбрана.

Русија има многу ограничен воздушен пристап до северот и западот на Украина, а нејзините офанзивни дејства се ограничени на удари со оружје од долг дострел - се вели во соопштението на британското министерство на Твитер.

Според извештајот на британската воена разузнавачка служба, „руската воздушна активност е првенствено насочена кон јужна и источна Украина, за давање поддршка на руските копнени сили“.

Русија продолжува да ја гранатира украинската воена опрема и логистичка инфраструктура низ целата земја - соопшти Министерството.

https://twitter.com/DefenceHQ/status/1519177727038967808?cxt=HHwWgMC-rYCGmpUqAAAA

The post Британско министерство за одбрана: Украина го контролира својот воздушен простор appeared first on Република.

]]>

Британското министерство за одбрана, соопшти дека Украина ја задржала контролата врз поголемиот дел од својот воздушен простор, истакнувајќи дека Русија не успеала да ги уништи украинските воздушни сили и нејзината противвоздушна одбрана.
Русија има многу ограничен воздушен пристап до северот и западот на Украина, а нејзините офанзивни дејства се ограничени на удари со оружје од долг дострел - се вели во соопштението на британското министерство на Твитер.
Според извештајот на британската воена разузнавачка служба, „руската воздушна активност е првенствено насочена кон јужна и источна Украина, за давање поддршка на руските копнени сили“.
Русија продолжува да ја гранатира украинската воена опрема и логистичка инфраструктура низ целата земја - соопшти Министерството.
https://twitter.com/DefenceHQ/status/1519177727038967808?cxt=HHwWgMC-rYCGmpUqAAAA

The post Британско министерство за одбрана: Украина го контролира својот воздушен простор appeared first on Република.

]]>
Црна Гора го затвори воздушниот простор за руски авиони https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/crna-gora-go-zatvori-vozdushniot-prostor-za-ruski-avioni/ Fri, 04 Mar 2022 19:13:27 +0000 https://republika.mk/?p=467960

Воздушниот простор на Црна Гора е затворен за сите руски авиони со одлука на Агенцијата за цивилно воздухопловство, а на предлог на Министерството за капитални инвестиции, објави РТЦГ.

Со оваа одлука, Црна Гора им се приклучи на земјите-членки на Европската унија кои на 27 февруари го затворија својот воздушен простор за авио сообраќај со Русија, како одговор на руската воена интервенција во Украина.

По рускиот напад врз Украина на 24 февруари, Црна Гора се приклучи кон сите рестриктивни мерки, вклучително и осум пакети индивидуални и економски санкции што Европската унија ги усвои против Москва.

The post Црна Гора го затвори воздушниот простор за руски авиони appeared first on Република.

]]>

Воздушниот простор на Црна Гора е затворен за сите руски авиони со одлука на Агенцијата за цивилно воздухопловство, а на предлог на Министерството за капитални инвестиции, објави РТЦГ. Со оваа одлука, Црна Гора им се приклучи на земјите-членки на Европската унија кои на 27 февруари го затворија својот воздушен простор за авио сообраќај со Русија, како одговор на руската воена интервенција во Украина. По рускиот напад врз Украина на 24 февруари, Црна Гора се приклучи кон сите рестриктивни мерки, вклучително и осум пакети индивидуални и економски санкции што Европската унија ги усвои против Москва.

The post Црна Гора го затвори воздушниот простор за руски авиони appeared first on Република.

]]>
Противудар: Русија им забрани на авиокомпаниите од 36 земји да го користат нејзиниот воздушен простор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/protivudar-rusija-im-zabrani-na-aviokompaniite-od-36-zemji-da-go-koristat-nejziniot-vozdushen-prostor/ Mon, 28 Feb 2022 15:43:26 +0000 https://republika.mk/?p=465424

Русија денеска им забрани на авиокомпаниите од 36 земји да го користат рускиот воздушен простор како одмазда за санкциите што го засегаат рускиот авијациски сектор.

Меѓу компаниите на кои им е забрането да го користат рускиот воздушен простор се и оние од Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија и од Канада, пренесува „Ројтерс“.

Европската Унија вчера одлучи целосно да го затвори воздушниот простор за руските авиони, а на таа одлука ѝ се приклучија и други земји, кои не се членки на Унијата.

Денеска е петти ден од почетокот на руската агресија врз Украина откако рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот наутро најави „почеток на специјална воена акција“. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска побара од Европската Унија итен прием и ги повика руските војници да дезертираат.

The post Противудар: Русија им забрани на авиокомпаниите од 36 земји да го користат нејзиниот воздушен простор appeared first on Република.

]]>

Русија денеска им забрани на авиокомпаниите од 36 земји да го користат рускиот воздушен простор како одмазда за санкциите што го засегаат рускиот авијациски сектор. Меѓу компаниите на кои им е забрането да го користат рускиот воздушен простор се и оние од Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија и од Канада, пренесува „Ројтерс“. Европската Унија вчера одлучи целосно да го затвори воздушниот простор за руските авиони, а на таа одлука ѝ се приклучија и други земји, кои не се членки на Унијата. Денеска е петти ден од почетокот на руската агресија врз Украина откако рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот наутро најави „почеток на специјална воена акција“. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска побара од Европската Унија итен прием и ги повика руските војници да дезертираат.

The post Противудар: Русија им забрани на авиокомпаниите од 36 земји да го користат нејзиниот воздушен простор appeared first on Република.

]]>
Руско Министерство за одбрана: Руската авијација го освои украинското небо https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusko-ministerstvo-za-odbrana-ruskata-avijacija-go-osvoi-ukrainskoto-nebo/ Mon, 28 Feb 2022 08:02:25 +0000 https://republika.mk/?p=464990

Руската авијација извојува надмоќ на воздух низ цела Украина. Ова го соопшти официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

„Руската авијација извојува надмоќ во воздухот на целата територија на Украина“, се вели во извештајот.

Забележано е дека во текот на изминатиот ден руските воздушни сили уништиле осум борбени возила Бук М-1, системи за воздушна одбрана С-300 и Бук М-1, како и четири борбени авиони на земја и еден во воздух.

Вкупно, од почетокот на специјалната операција за заштита на Донбас, руските сили погодија 1.114 објекти на украинската воена инфраструктура.

The post Руско Министерство за одбрана: Руската авијација го освои украинското небо appeared first on Република.

]]>

Руската авијација извојува надмоќ на воздух низ цела Украина. Ова го соопшти официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
„Руската авијација извојува надмоќ во воздухот на целата територија на Украина“, се вели во извештајот.
Забележано е дека во текот на изминатиот ден руските воздушни сили уништиле осум борбени возила Бук М-1, системи за воздушна одбрана С-300 и Бук М-1, како и четири борбени авиони на земја и еден во воздух. Вкупно, од почетокот на специјалната операција за заштита на Донбас, руските сили погодија 1.114 објекти на украинската воена инфраструктура.

The post Руско Министерство за одбрана: Руската авијација го освои украинското небо appeared first on Република.

]]>
ЕУ планира целосно затворање на воздушниот простор за руски авиони https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-planira-celosno-zatvoranje-na-vozdushniot-prostor-za-ruski-avioni/ Sun, 27 Feb 2022 10:08:09 +0000 https://republika.mk/?p=464618

Затворање на воздушниот сообраќај за руските авиони на целата територија на ЕУ, би можела да биде дел од новиот пакет санкции против Москва.

Според зборовите на неименуван европски дипломат за Ројтерс, се уште не е познато дали одлуката за новите санкции ќе биде донесена во текот на денешниот ден.

Дипломатот вели дека таа одлука ќе биде координирана со групата на седумте најмоќни светски економии Г-7.

Многу земји веќе донесоа таква одлука поединечно, но прогласувањето на ниво на ЕУ би можело да биде дел од новиот пакет санкции.

The post ЕУ планира целосно затворање на воздушниот простор за руски авиони appeared first on Република.

]]>

Затворање на воздушниот сообраќај за руските авиони на целата територија на ЕУ, би можела да биде дел од новиот пакет санкции против Москва. Според зборовите на неименуван европски дипломат за Ројтерс, се уште не е познато дали одлуката за новите санкции ќе биде донесена во текот на денешниот ден. Дипломатот вели дека таа одлука ќе биде координирана со групата на седумте најмоќни светски економии Г-7. Многу земји веќе донесоа таква одлука поединечно, но прогласувањето на ниво на ЕУ би можело да биде дел од новиот пакет санкции.

The post ЕУ планира целосно затворање на воздушниот простор за руски авиони appeared first on Република.

]]>
Словенија го затвори воздушниот простор за руски авиони https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenija-go-zatvori-vozdushniot-prostor-za-ruski-avioni/ Sat, 26 Feb 2022 17:06:04 +0000 https://republika.mk/?p=464388

Словенија денеска одлучи да го затвори словенечкиот воздушен простор за руските авиони поради инвазијата на земјата во Украина и одобри 100.000 евра на Меѓународниот комитет на Црвениот крст за хуманитарна помош за Украина, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи.

Словенечката влада донесе одлука со која се забранува користење на словенечкиот воздушен простор за авиони регистрирани во Русија или во сопственост на руски оператори, а одлуката стапува на сила веднаш и ќе важи ‘додека постојат причини за тоа, се наведува во владиното соопштение.

Контролорите на летови добија инструкции да одбијат да дадат дозвола за влез во воздушниот простор на такви руски авиони чии пилоти тоа би го побарале, објавија словенечките медиуми.

Со одобрени 100.000 евра, Словенија во последните денови испрати материјална хуманитарна помош преку европскиот механизам во вредност од 163 илјади евра.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша за 18 часот свика седница на Советот за национална безбедност на која се поканети и претседателите на опозициските партии.

The post Словенија го затвори воздушниот простор за руски авиони appeared first on Република.

]]>

Словенија денеска одлучи да го затвори словенечкиот воздушен простор за руските авиони поради инвазијата на земјата во Украина и одобри 100.000 евра на Меѓународниот комитет на Црвениот крст за хуманитарна помош за Украина, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи.
Словенечката влада донесе одлука со која се забранува користење на словенечкиот воздушен простор за авиони регистрирани во Русија или во сопственост на руски оператори, а одлуката стапува на сила веднаш и ќе важи ‘додека постојат причини за тоа, се наведува во владиното соопштение.
Контролорите на летови добија инструкции да одбијат да дадат дозвола за влез во воздушниот простор на такви руски авиони чии пилоти тоа би го побарале, објавија словенечките медиуми.
Со одобрени 100.000 евра, Словенија во последните денови испрати материјална хуманитарна помош преку европскиот механизам во вредност од 163 илјади евра. Словенечкиот премиер Јанез Јанша за 18 часот свика седница на Советот за национална безбедност на која се поканети и претседателите на опозициските партии.

The post Словенија го затвори воздушниот простор за руски авиони appeared first on Република.

]]>