воздух Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vozduh/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 11:47:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воздух Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vozduh/ 32 32 Меџити и Гиновска најавија засилени контроли на воздухот, први „на удар“ најголемите индустриски капацитети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-i-ginovska-najavija-zasileni-kontroli-na-vozduhot-prvi-na-udar-najgolemite-industriski-kapatsiteti/ Thu, 26 Sep 2024 11:47:52 +0000 https://republika.mk/?p=819860

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) Ивана Гиновска денеска, во пресрет на претстојните есенски и зимски месеци, најавија засилени контроли на квалитетот на воздухот. Контролите ќе почнат, како што рекоа, од најголемите индустриски производни капацитети, а први ќе бидат оние во скопскиот регион.

Работните тимови ќе спроведуваат увиди на терен и надзор на издадените интегрирани еколошки дозволи. Целта е, нагласи Меџити, да се контролира усогласеноста на условите во дозволата со работата на капацитетите. Според него, Владата сака навреме да стартува со активности за ублажување на последиците од загадувањето.

Нашата стратегиска определба е да делуваме врз изворите на загадувањето. Тргнувајќи од фактот дека квалитетот на воздухот не може да се реши преку ноќ, ниту е тоа локален проблем или проблем на едно министерство, активностите за подобрување на состојбата со аерозагадувањето ќе настојуавме да бидат инклузивни, да се споделуваат и координираат со сите релевантни институции, напомена министерот.

Гиновска потенцира дека во есенските и зимските месеци веќе се планирани редовни инспекциски надзори кај субјектите со А интегрирани еколошки дозволи.

При надзорите, покрај наши тимови, ќе присуствуваат и вработени во Министерството за животна средина кои ги изготвуваат одобренијата за дозволите. За спроведените надзори, ДИЖС редовно ќе ја известува јавноста. Ќе биде изготвена и стратегија за спроведување на законодавството за период од шест години по реони и области со цел оптимизација на ресурсите, рече директорката.

Новина е, потенцира, тоа што ќе има мешовити инспекциски тимови - инспектори од еден град или регион ќе вршат надзор во други градови и реони за зајакнување на интегриетот и подобрување на квалитетот на надзорите.

Таа информира дека ДИЖС се соочува со недостиг на кадар поради што побарал вработувања и има одобрен план за вработување тројца нови инспектори. За наредната година Инспекторатот предвидува плус девет вработувања, но тоа, рече Гиновска, ќе зависи од Буџетот.

The post Меџити и Гиновска најавија засилени контроли на воздухот, први „на удар“ најголемите индустриски капацитети appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) Ивана Гиновска денеска, во пресрет на претстојните есенски и зимски месеци, најавија засилени контроли на квалитетот на воздухот. Контролите ќе почнат, како што рекоа, од најголемите индустриски производни капацитети, а први ќе бидат оние во скопскиот регион. Работните тимови ќе спроведуваат увиди на терен и надзор на издадените интегрирани еколошки дозволи. Целта е, нагласи Меџити, да се контролира усогласеноста на условите во дозволата со работата на капацитетите. Според него, Владата сака навреме да стартува со активности за ублажување на последиците од загадувањето. Нашата стратегиска определба е да делуваме врз изворите на загадувањето. Тргнувајќи од фактот дека квалитетот на воздухот не може да се реши преку ноќ, ниту е тоа локален проблем или проблем на едно министерство, активностите за подобрување на состојбата со аерозагадувањето ќе настојуавме да бидат инклузивни, да се споделуваат и координираат со сите релевантни институции, напомена министерот. Гиновска потенцира дека во есенските и зимските месеци веќе се планирани редовни инспекциски надзори кај субјектите со А интегрирани еколошки дозволи. При надзорите, покрај наши тимови, ќе присуствуваат и вработени во Министерството за животна средина кои ги изготвуваат одобренијата за дозволите. За спроведените надзори, ДИЖС редовно ќе ја известува јавноста. Ќе биде изготвена и стратегија за спроведување на законодавството за период од шест години по реони и области со цел оптимизација на ресурсите, рече директорката. Новина е, потенцира, тоа што ќе има мешовити инспекциски тимови - инспектори од еден град или регион ќе вршат надзор во други градови и реони за зајакнување на интегриетот и подобрување на квалитетот на надзорите. Таа информира дека ДИЖС се соочува со недостиг на кадар поради што побарал вработувања и има одобрен план за вработување тројца нови инспектори. За наредната година Инспекторатот предвидува плус девет вработувања, но тоа, рече Гиновска, ќе зависи од Буџетот.

The post Меџити и Гиновска најавија засилени контроли на воздухот, први „на удар“ најголемите индустриски капацитети appeared first on Република.

]]>
Денеска и утре огромно количество на песок од Сахара во воздухот на Балканот https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-i-utre-ogromno-kolichestvo-na-pesok-od-sahara-vo-vozduhot-na-balkanot/ Thu, 29 Feb 2024 13:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=749678

Поради изразеното јужно воздушно струење кое ќе го има над нашиот дел од Европскиот Континент (Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија)-, денес и во петок од Сахара кон нашите краишта ќе се врши голем транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот што го очекуваме ќе биде многу валкан.

 

Се работи за огромно количество на сахарска прашина и песок од Сахара како што погоре наведовме, се очекува над Балканот и над Македонија утре и задутре локално да има дури вкупно и до 2000 честички на милиграм кубен (што е премногу).

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, особено денес попладне, во текот на ноќта кон петок и во петок во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат пообилни (со што локално ќе наврнат до околу, па и над 20 литри дожд на метар квадратен), особено во западните и во јужните предели од државава.

 

Снег ќе врне само на највисоките планини во северозападните предели од Македонија (односно на највисоките места на планината Шар Планина).

Во Скопје и околината исто така со овој влажен бран очекуваме повремени врнежи од дожд.

 

До петок повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат невообичаено високи за овој период од годината, што значи дека тие речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат дури до околу 20 степени.

The post Денеска и утре огромно количество на песок од Сахара во воздухот на Балканот appeared first on Република.

]]>

Поради изразеното јужно воздушно струење кое ќе го има над нашиот дел од Европскиот Континент (Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија)-, денес и во петок од Сахара кон нашите краишта ќе се врши голем транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот што го очекуваме ќе биде многу валкан.   Се работи за огромно количество на сахарска прашина и песок од Сахара како што погоре наведовме, се очекува над Балканот и над Македонија утре и задутре локално да има дури вкупно и до 2000 честички на милиграм кубен (што е премногу). Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, особено денес попладне, во текот на ноќта кон петок и во петок во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат пообилни (со што локално ќе наврнат до околу, па и над 20 литри дожд на метар квадратен), особено во западните и во јужните предели од државава.   Снег ќе врне само на највисоките планини во северозападните предели од Македонија (односно на највисоките места на планината Шар Планина). Во Скопје и околината исто така со овој влажен бран очекуваме повремени врнежи од дожд.   До петок повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат невообичаено високи за овој период од годината, што значи дека тие речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат дури до околу 20 степени.

The post Денеска и утре огромно количество на песок од Сахара во воздухот на Балканот appeared first on Република.

]]>
Воздухот во Скопје е нездрав https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vozduhot-vo-skopje-e-nezdrav/ Wed, 22 Nov 2023 09:18:14 +0000 https://republika.mk/?p=715009

Скопје е на 7. место на ранг-листата според загаденоста на воздухот. Тоа го покажува  утринското рангирање на познатата интернет страница за мерење на загаденоста на воздухот во светските метрополи Iqair.com.

Се наведува дека концентрацијата на штетните ПМ2,5 честички е 70 единици на метер кубен воздух, а на ПМ10 честички – 91,7 единици.

Воздухот е нездрав. Тоа е концентрација на ПМ2,5 честички којашто е за 14 пати поголема од годишната вредност на Упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација, пишува во објавата на страницата.

Индексот на квалитетот на воздухот во Скопје е 158, при што е најголемо загадување со концентрацијата на ПМ2,5 честички.

Препорака до граѓаните е да носат заштитни маски, да не отвораат прозорци и да не возат велосипеди.

 

The post Воздухот во Скопје е нездрав appeared first on Република.

]]>

Скопје е на 7. место на ранг-листата според загаденоста на воздухот. Тоа го покажува  утринското рангирање на познатата интернет страница за мерење на загаденоста на воздухот во светските метрополи Iqair.com. Се наведува дека концентрацијата на штетните ПМ2,5 честички е 70 единици на метер кубен воздух, а на ПМ10 честички – 91,7 единици.
Воздухот е нездрав. Тоа е концентрација на ПМ2,5 честички којашто е за 14 пати поголема од годишната вредност на Упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација, пишува во објавата на страницата.
Индексот на квалитетот на воздухот во Скопје е 158, при што е најголемо загадување со концентрацијата на ПМ2,5 честички. Препорака до граѓаните е да носат заштитни маски, да не отвораат прозорци и да не возат велосипеди.  

The post Воздухот во Скопје е нездрав appeared first on Република.

]]>
Загадувањето на воздухот е поврзано со зголемената отпорноста на антибиотици што го загрозува здравјето на луѓето https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zagaduvaneto-na-vozduhot-e-povrzano-so-zgolemenata-otpornosta-na-antibiotitsi-shto-go-zagrozuva-zdravjeto-na-lugeto/ Wed, 09 Aug 2023 07:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=670191

Загадувањето на воздухот ја зголемува отпорноста на антибиотици, што претставува значајна закана за здравјето на луѓето ширум светот, сугерира глобална студија. Анализата, користејќи податоци од повеќе од 100 земји кои опфаќаат речиси две децении, покажува дека зголеменото загадување на воздухот е поврзано со зголемената отпорност на антибиотици низ секоја земја и континент. Тоа, исто така, сугерира дека врската помеѓу двете се зајакнала со текот на времето, со зголемување на нивото на загаденост на воздухот што се совпаѓа со поголем пораст на отпорноста на антибиотици.

Нашата анализа претставува силен доказ дека зголеменото ниво на загаденост на воздухот е поврзано со зголемен ризик од отпорност на антибиотици, напишаа истражувачите од Кина и Велика Британија.

Оваа анализа е прва што покажува како загадувањето на воздухот влијае на отпорноста на антибиотици на глобално ниво. Нивните наоди се објавени во списанието Lancet Planetary Health.

Отпорноста на антибиотици е една од најбрзо растечките закани за глобалното здравје. Тоа може да влијае на луѓето од која било возраст во која било земја и веќе убива 1,3 милиони луѓе годишно, според проценките.

Главните двигатели се уште се злоупотребата и прекумерната употреба на антибиотици, кои се користат за лекување на инфекции. Но, студијата сугерира дека проблемот се влошува со зголеменото ниво на загаденост на воздухот.

Доказите сугерираат дека честичките PM2.5 можат да содржат бактерии отпорни на антибиотици и гени за отпорност, кои може да се пренесат помеѓу околината и директно да се вдишат од луѓето, велат авторите.

Загадувањето на воздухот веќе е единствениот најголем еколошки ризик за јавното здравје. Долготрајната изложеност на загаден воздух е поврзана со хронични состојби како што се срцеви заболувања, астма и рак на белите дробови, со што се намалува животниот век.

Краткорочната изложеност на високи нивоа на загадување може да предизвика кашлање, отежнато дишење и напади на астма, и доведува до зголемено присуство на болници и општи лекари ширум светот.

Спречувањето на загадувањето на воздухот може да помогне да се намали отпорноста на антибиотици, според студијата, прва длабинска глобална анализа за можните врски меѓу двете. Исто така, се вели дека контролирањето на загадувањето на воздухот може во голема мера да ги намали смртните случаи и економските трошоци кои произлегуваат од инфекциите отпорни на антибиотици.

Водечкиот автор, професор Хонг Чен од Универзитетот Жеџијанг во Кина, рече: „Отпорноста на антибиотици и загадувањето на воздухот се сами по себе меѓу најголемите закани за глобалното здравје“.

Досега, немавме јасна слика за можните врски меѓу двете, но оваа работа сугерира дека придобивките од контролирањето на загадувањето на воздухот би можеле да бидат двојни: не само што ќе ги намали штетните ефекти од лошиот квалитет на воздухот, туку и играат голема улога во борбата против порастот и ширењето на бактериите отпорни на антибиотици.

Иако воздухот е препознаен како директен пат за ширење на отпорност на антибиотици, постојат ограничени податоци за различните патишта на кои гените отпорни на антибиотици се пренесуваат преку загадувањето на воздухот.

Потенцијалните патишта вклучуваат болници, фарми и капацитети за третман на отпадни води кои испуштаат и шират честички отпорни на антибиотици низ воздухот, а потоа на големи растојанија.

Досега имаше ограничени податоци за тоа колкаво влијание има загадувањето на воздухот со ПМ2.5 – кое се состои од честички 30 пати помали од широчината на човечко влакно – врз отпорноста на антибиотици на глобално ниво.

Изворите на PM2.5 вклучуваат патен сообраќај, индустриски процеси и домашно согорување на јаглен и дрва. Податоците покажуваат дека 7,3 милијарди луѓе на глобално ниво се директно изложени на небезбедни просечни годишни нивоа на PM2,5.

Авторите создадоа обемна база на податоци за да истражат дали PM2.5 е клучен фактор што ја поттикнува глобалната отпорност на антибиотици, користејќи податоци за 116 земји од 2000 до 2018 година. Изворите на податоци ги вклучија Светската здравствена организација, Европската агенција за животна средина и Светската банка.

Наодите покажуваат дека отпорноста на антибиотиците се зголемува со PM2,5, при што секој 10 отсто пораст на загадувањето на воздухот е поврзан со зголемување на отпорноста на антибиотици за 1,1 отсто.

Со промените во нивоата на PM2.5 доведе до поголемо зголемување на отпорноста на антибиотици во последниве години. Анализата покажува дека отпорноста на антибиотици како резултат на загадениот воздух е поврзана со околу 480.000 предвремени смртни случаи во 2018 година.

Моделирањето на можните идни сценарија покажува дека доколку нема промени во сегашните политики за загадување на воздухот, до 2050 година нивото на отпорност на антибиотици ширум светот би можело да се зголеми за 17 отсто. Годишниот број на предвремени смртни случаи поврзан со отпорноста на антибиотици може да се зголеми на околу 840.000.

Авторите ги признаа ограничувањата на нивната студија. Недостигот на податоци во некои земји можеби влијаеше на целокупната анализа, велат тие.

Студијата беше набљудувачка, така што не можеше да се докаже причината и последицата. Идните истражувања треба да се фокусираат на истражување на основниот механизам за тоа како загадувањето на воздухот влијае на отпорноста на антибиотици, велат тие.

Втората студија објавена во списанието BMJ Mental Health покажа дека изложеноста на релативно високи нивоа на загаден воздух е поврзана со зголемена употреба на услугите за ментално здравје во заедницата од страна на луѓе со деменција. Долгорочната студија се фокусираше на голема површина на Лондон со густ сообраќај.

Извор: Гардијан – Лондон

The post Загадувањето на воздухот е поврзано со зголемената отпорноста на антибиотици што го загрозува здравјето на луѓето appeared first on Република.

]]>

Загадувањето на воздухот ја зголемува отпорноста на антибиотици, што претставува значајна закана за здравјето на луѓето ширум светот, сугерира глобална студија. Анализата, користејќи податоци од повеќе од 100 земји кои опфаќаат речиси две децении, покажува дека зголеменото загадување на воздухот е поврзано со зголемената отпорност на антибиотици низ секоја земја и континент. Тоа, исто така, сугерира дека врската помеѓу двете се зајакнала со текот на времето, со зголемување на нивото на загаденост на воздухот што се совпаѓа со поголем пораст на отпорноста на антибиотици. Нашата анализа претставува силен доказ дека зголеменото ниво на загаденост на воздухот е поврзано со зголемен ризик од отпорност на антибиотици, напишаа истражувачите од Кина и Велика Британија. Оваа анализа е прва што покажува како загадувањето на воздухот влијае на отпорноста на антибиотици на глобално ниво. Нивните наоди се објавени во списанието Lancet Planetary Health. Отпорноста на антибиотици е една од најбрзо растечките закани за глобалното здравје. Тоа може да влијае на луѓето од која било возраст во која било земја и веќе убива 1,3 милиони луѓе годишно, според проценките. Главните двигатели се уште се злоупотребата и прекумерната употреба на антибиотици, кои се користат за лекување на инфекции. Но, студијата сугерира дека проблемот се влошува со зголеменото ниво на загаденост на воздухот. Доказите сугерираат дека честичките PM2.5 можат да содржат бактерии отпорни на антибиотици и гени за отпорност, кои може да се пренесат помеѓу околината и директно да се вдишат од луѓето, велат авторите. Загадувањето на воздухот веќе е единствениот најголем еколошки ризик за јавното здравје. Долготрајната изложеност на загаден воздух е поврзана со хронични состојби како што се срцеви заболувања, астма и рак на белите дробови, со што се намалува животниот век. Краткорочната изложеност на високи нивоа на загадување може да предизвика кашлање, отежнато дишење и напади на астма, и доведува до зголемено присуство на болници и општи лекари ширум светот. Спречувањето на загадувањето на воздухот може да помогне да се намали отпорноста на антибиотици, според студијата, прва длабинска глобална анализа за можните врски меѓу двете. Исто така, се вели дека контролирањето на загадувањето на воздухот може во голема мера да ги намали смртните случаи и економските трошоци кои произлегуваат од инфекциите отпорни на антибиотици. Водечкиот автор, професор Хонг Чен од Универзитетот Жеџијанг во Кина, рече: „Отпорноста на антибиотици и загадувањето на воздухот се сами по себе меѓу најголемите закани за глобалното здравје“. Досега, немавме јасна слика за можните врски меѓу двете, но оваа работа сугерира дека придобивките од контролирањето на загадувањето на воздухот би можеле да бидат двојни: не само што ќе ги намали штетните ефекти од лошиот квалитет на воздухот, туку и играат голема улога во борбата против порастот и ширењето на бактериите отпорни на антибиотици. Иако воздухот е препознаен како директен пат за ширење на отпорност на антибиотици, постојат ограничени податоци за различните патишта на кои гените отпорни на антибиотици се пренесуваат преку загадувањето на воздухот. Потенцијалните патишта вклучуваат болници, фарми и капацитети за третман на отпадни води кои испуштаат и шират честички отпорни на антибиотици низ воздухот, а потоа на големи растојанија. Досега имаше ограничени податоци за тоа колкаво влијание има загадувањето на воздухот со ПМ2.5 – кое се состои од честички 30 пати помали од широчината на човечко влакно – врз отпорноста на антибиотици на глобално ниво. Изворите на PM2.5 вклучуваат патен сообраќај, индустриски процеси и домашно согорување на јаглен и дрва. Податоците покажуваат дека 7,3 милијарди луѓе на глобално ниво се директно изложени на небезбедни просечни годишни нивоа на PM2,5. Авторите создадоа обемна база на податоци за да истражат дали PM2.5 е клучен фактор што ја поттикнува глобалната отпорност на антибиотици, користејќи податоци за 116 земји од 2000 до 2018 година. Изворите на податоци ги вклучија Светската здравствена организација, Европската агенција за животна средина и Светската банка. Наодите покажуваат дека отпорноста на антибиотиците се зголемува со PM2,5, при што секој 10 отсто пораст на загадувањето на воздухот е поврзан со зголемување на отпорноста на антибиотици за 1,1 отсто. Со промените во нивоата на PM2.5 доведе до поголемо зголемување на отпорноста на антибиотици во последниве години. Анализата покажува дека отпорноста на антибиотици како резултат на загадениот воздух е поврзана со околу 480.000 предвремени смртни случаи во 2018 година. Моделирањето на можните идни сценарија покажува дека доколку нема промени во сегашните политики за загадување на воздухот, до 2050 година нивото на отпорност на антибиотици ширум светот би можело да се зголеми за 17 отсто. Годишниот број на предвремени смртни случаи поврзан со отпорноста на антибиотици може да се зголеми на околу 840.000. Авторите ги признаа ограничувањата на нивната студија. Недостигот на податоци во некои земји можеби влијаеше на целокупната анализа, велат тие. Студијата беше набљудувачка, така што не можеше да се докаже причината и последицата. Идните истражувања треба да се фокусираат на истражување на основниот механизам за тоа како загадувањето на воздухот влијае на отпорноста на антибиотици, велат тие. Втората студија објавена во списанието BMJ Mental Health покажа дека изложеноста на релативно високи нивоа на загаден воздух е поврзана со зголемена употреба на услугите за ментално здравје во заедницата од страна на луѓе со деменција. Долгорочната студија се фокусираше на голема површина на Лондон со густ сообраќај. Извор: Гардијан – Лондон

The post Загадувањето на воздухот е поврзано со зголемената отпорноста на антибиотици што го загрозува здравјето на луѓето appeared first on Република.

]]>
Џо Бајден пак се поздрави со воздухот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dzo-bajden-pak-se-pozdravi-so-vozduhot/ Fri, 15 Jul 2022 08:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=529173

Американскиот претседател Џо Бајден го повтори својот познат гаф, ракување со воздухот по завршување на говор. Овојпат, тоа беше во Тел Авив во Израел, а лице од обезбедувањето му покажа дека таму нема никој и дека треба да седне. Ова доаѓа како иронија ако сме запознати со фактот дека Бајден намерно не се ракуваше со изралескиот претседател Јаир Лапид поради претпазливост од ковид-19.

Всушност, ковид-протоколите беа доста строги при средбата. Секој што е на 300 метри од претседателот требаше да биде ковид-негативен.

Па, ако не може со Лапид, може со воздухот. Ова му е трет пат да го прави гафот. Претходно истиот ден, Бајден во својот говор на аеродромот во Тел Авив ги помеша зборовите „чест“ и „ужас“, па рече „честа на Холокаустот“.

Месецов тој се прослави и со гафот дека често ги чита ливчињата со инструкции кои му ги даваат неговите вработени. Во една прилика тој прочита од инструкциите, а во друга тој несакајќи го покажа ливчето пред новинарите.

Денеска Бајден ќе отпатува во Саудиска Арабија, следна точка на неговата турнеја на Блискиот Исток.

The post Џо Бајден пак се поздрави со воздухот appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден го повтори својот познат гаф, ракување со воздухот по завршување на говор. Овојпат, тоа беше во Тел Авив во Израел, а лице од обезбедувањето му покажа дека таму нема никој и дека треба да седне. Ова доаѓа како иронија ако сме запознати со фактот дека Бајден намерно не се ракуваше со изралескиот претседател Јаир Лапид поради претпазливост од ковид-19. Всушност, ковид-протоколите беа доста строги при средбата. Секој што е на 300 метри од претседателот требаше да биде ковид-негативен. Па, ако не може со Лапид, може со воздухот. Ова му е трет пат да го прави гафот. Претходно истиот ден, Бајден во својот говор на аеродромот во Тел Авив ги помеша зборовите „чест“ и „ужас“, па рече „честа на Холокаустот“. Месецов тој се прослави и со гафот дека често ги чита ливчињата со инструкции кои му ги даваат неговите вработени. Во една прилика тој прочита од инструкциите, а во друга тој несакајќи го покажа ливчето пред новинарите. Денеска Бајден ќе отпатува во Саудиска Арабија, следна точка на неговата турнеја на Блискиот Исток.

The post Џо Бајден пак се поздрави со воздухот appeared first on Република.

]]>
МЖСПП: Мерната станица за квалитет на воздухот во Тетово е во функција, податоците се достапни на AirCare https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzspp-mernata-stanica-za-kvalitet-na-vozduhot-vo-tetovo-e-vo-funkcija-podatocite-se-dostapni-na-aircare/ Mon, 30 May 2022 15:05:27 +0000 https://republika.mk/?p=508850

Министерството за животна средина и просторно планирање ги информира граѓаните дека мерната станица во Тетово е во функција и го мониторира квалитетот на воздухот, но податоците не се видливи на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање  заради проблеми со серверот. Податоците од оваа мерна станица се достапни на мобилната апликација AirCare.

Во моментот само податоците за концентрацијата на СО не се гледаат од причина што во мерната станица имало прекин на струјата и потребно е време да се поткрене системот. Очекуваме достапност на истите за 2-3 часа.

 

 

The post МЖСПП: Мерната станица за квалитет на воздухот во Тетово е во функција, податоците се достапни на AirCare appeared first on Република.

]]>

Министерството за животна средина и просторно планирање ги информира граѓаните дека мерната станица во Тетово е во функција и го мониторира квалитетот на воздухот, но податоците не се видливи на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање  заради проблеми со серверот. Податоците од оваа мерна станица се достапни на мобилната апликација AirCare.

Во моментот само податоците за концентрацијата на СО не се гледаат од причина што во мерната станица имало прекин на струјата и потребно е време да се поткрене системот. Очекуваме достапност на истите за 2-3 часа.

 

 

The post МЖСПП: Мерната станица за квалитет на воздухот во Тетово е во функција, податоците се достапни на AirCare appeared first on Република.

]]>
Воздудхот не ги надминува пропишаните нивоа на загаденост, по пожарот во „Треска“, рече градоначалникот Герасимовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vozdudhot-ne-gi-nadminuva-propishanite-nivoa-na-zagadenost-po-pozarot-vo-treska-reche-gradonachalnikot-gerasimovski/ Mon, 18 Apr 2022 15:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=490164

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска на прес-конференција изјави дека ќе ги почекаат записниците од увидот на МВР за причините за пожарот во „Треска“, како и записниците од Противпожарната служба, по што ќе одлучат како ќе постапат понатаму.

Со задоволство можам да кажам дека воздудхот не ги надминува пропишаните нивоа на загаденост. Во врска со самот простор, важечки е урбанистичкиот план од 2013 година и отворено е планерска куќа, која што ќе прави нов ДУП на таа површина. Најважно ни е расчистување на просторот од штетни материјали, но и отстранување на самите објекти. Во комуникација сме со ОЈО за дополнителни насоки. Сакаме повеќе јавно добро, повеќе зеленило на тој простор. Мое е да се борам за што подобро да биде уреден јавниот простор, но во моментов имаме важечки ДУП и одреден број парцели на таа површина, рече Герасимовски пред новинарите, после состанокот за начините на чистење на отпадот и анализа на последиците од пожарот кој пред два дена изби во поранешната фабрика „Треска“.

 

The post Воздудхот не ги надминува пропишаните нивоа на загаденост, по пожарот во „Треска“, рече градоначалникот Герасимовски appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска на прес-конференција изјави дека ќе ги почекаат записниците од увидот на МВР за причините за пожарот во „Треска“, како и записниците од Противпожарната служба, по што ќе одлучат како ќе постапат понатаму.
Со задоволство можам да кажам дека воздудхот не ги надминува пропишаните нивоа на загаденост. Во врска со самот простор, важечки е урбанистичкиот план од 2013 година и отворено е планерска куќа, која што ќе прави нов ДУП на таа површина. Најважно ни е расчистување на просторот од штетни материјали, но и отстранување на самите објекти. Во комуникација сме со ОЈО за дополнителни насоки. Сакаме повеќе јавно добро, повеќе зеленило на тој простор. Мое е да се борам за што подобро да биде уреден јавниот простор, но во моментов имаме важечки ДУП и одреден број парцели на таа површина, рече Герасимовски пред новинарите, после состанокот за начините на чистење на отпадот и анализа на последиците од пожарот кој пред два дена изби во поранешната фабрика „Треска“.
 

The post Воздудхот не ги надминува пропишаните нивоа на загаденост, по пожарот во „Треска“, рече градоначалникот Герасимовски appeared first on Република.

]]>
Еве за колку минути во воздух коронавирусот губи 90% од својот заразен капацитет https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/eve-za-kolku-minuti-vo-vozduh-koronavirusot-gubi-90-od-svojot-zarazen-kapacitet/ Thu, 27 Jan 2022 17:38:43 +0000 https://republika.mk/?p=450351

Надвор од белите дробови, заразната моќ на коронавирусот „Ковид“ не трае долго: се распаѓа за 20 минути, а најголемиот дел од загубата на моќност за заразност е во првите пет минути.

Инфективноста на коронавирусот SARS-CoV-2 се намалува за 90% по 20 минути од неговата емисија преку ситните честички во воздухот или преку течност што се издишува кога зборуваме или дишеме. Голем дел од оваа загуба на способноста за инфицирање се јавува во првите 5 минути од излегувањето на коронавирусот од дишните патишта: ова е поддржано од студија од Универзитетот во Бристол (Обединето Кралство) која ја повторува важноста на маските и растојанието во превенцијата од ковид- 19 .

Досега е ставен голем акцент на важноста од добра вентилација на затворени и преполни простори; но според новата анализа која сè уште чека прегледување, најризичната ситуација е онаа – најблиската.

Ако ручам со пријателите во ресторан, постои голема односно главна опасност да им го пренесам коронавирусот на моите пријатели или тие да ми го пренесат мене; а не е случај дека инфекцијата доаѓа од некој што седи од другата страна на ресторанот“, објаснува Џонатан Рид, директор на Истражувачкиот центар за аеросоли на Универзитетот во Бристол.

Истражувачите поставиле млазница способна да ослободи прецизен број на аеросоли, кои биле оставени да левитираат помеѓу два електрични прстени во период од 5 секунди до 20 минути. Уредот, исто така, овозможувал да се прилагоди температурата, влажноста и светлината за да се сфати како овие услови влијаат на стабилноста на честичките – а со тоа и на опстанокот на коронавирусот.

Така дојдено е до заклучок дека кога аеросолите што го носат коронавирусот ги напуштаат белите дробови во влажна средина богата со CO2, тие брзо се „сушат“ и подлежат на пораст на pH вредноста. Овие две промени ја уништуваат способноста на патогенот да ги инфицира човечките клетки. Колку брзо тоа ќе се случи зависи од условите на релативната влажност на околниот воздух (и што е најважно, не од температурата: затоа не е точно дека високите температури го убиваат САРС-КоВ-2).

Во услови на релативна влажност под 50%, што одговара сувиот воздух во многу канцеларии, коронавирусот губи половина од заразниот капацитет за 5 секунди и уште 19% во следните 5 минути. Со влажност од 90% – како што е на пример просторот за туширање во спортските сали – губењето на заразноста било постепено: по 5 минути, половина од аеросолите сè уште содржеле одржлив вирус, но по 20 само 10% од честичките биле сè уште заразни.

The post Еве за колку минути во воздух коронавирусот губи 90% од својот заразен капацитет appeared first on Република.

]]>

Надвор од белите дробови, заразната моќ на коронавирусот „Ковид“ не трае долго: се распаѓа за 20 минути, а најголемиот дел од загубата на моќност за заразност е во првите пет минути. Инфективноста на коронавирусот SARS-CoV-2 се намалува за 90% по 20 минути од неговата емисија преку ситните честички во воздухот или преку течност што се издишува кога зборуваме или дишеме. Голем дел од оваа загуба на способноста за инфицирање се јавува во првите 5 минути од излегувањето на коронавирусот од дишните патишта: ова е поддржано од студија од Универзитетот во Бристол (Обединето Кралство) која ја повторува важноста на маските и растојанието во превенцијата од ковид- 19 . Досега е ставен голем акцент на важноста од добра вентилација на затворени и преполни простори; но според новата анализа која сè уште чека прегледување, најризичната ситуација е онаа – најблиската.
Ако ручам со пријателите во ресторан, постои голема односно главна опасност да им го пренесам коронавирусот на моите пријатели или тие да ми го пренесат мене; а не е случај дека инфекцијата доаѓа од некој што седи од другата страна на ресторанот“, објаснува Џонатан Рид, директор на Истражувачкиот центар за аеросоли на Универзитетот во Бристол.
Истражувачите поставиле млазница способна да ослободи прецизен број на аеросоли, кои биле оставени да левитираат помеѓу два електрични прстени во период од 5 секунди до 20 минути. Уредот, исто така, овозможувал да се прилагоди температурата, влажноста и светлината за да се сфати како овие услови влијаат на стабилноста на честичките – а со тоа и на опстанокот на коронавирусот. Така дојдено е до заклучок дека кога аеросолите што го носат коронавирусот ги напуштаат белите дробови во влажна средина богата со CO2, тие брзо се „сушат“ и подлежат на пораст на pH вредноста. Овие две промени ја уништуваат способноста на патогенот да ги инфицира човечките клетки. Колку брзо тоа ќе се случи зависи од условите на релативната влажност на околниот воздух (и што е најважно, не од температурата: затоа не е точно дека високите температури го убиваат САРС-КоВ-2). Во услови на релативна влажност под 50%, што одговара сувиот воздух во многу канцеларии, коронавирусот губи половина од заразниот капацитет за 5 секунди и уште 19% во следните 5 минути. Со влажност од 90% – како што е на пример просторот за туширање во спортските сали – губењето на заразноста било постепено: по 5 минути, половина од аеросолите сè уште содржеле одржлив вирус, но по 20 само 10% од честичките биле сè уште заразни.

The post Еве за колку минути во воздух коронавирусот губи 90% од својот заразен капацитет appeared first on Република.

]]>