воз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voz/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 12:49:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voz/ 32 32 Трагична несреќа во Загреб: Воз прегази малолетник https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tragichna-nesreka-vo-zagreb-voz-pregazi-maloletnik/ Mon, 30 Sep 2024 12:49:58 +0000 https://republika.mk/?p=821075

Во понеделникот наутро воз налета на малолетник во околината на Загреб. Според полицијата, околу 8.50 часот тие добиле пријава за настанот, но поради тоа што се работи за малолетник, не соопштуваат повеќе информации.

Како што пренесуваат медиумите, малолетникот починал.

Најверојатно, се работи за несреќен случај, соопшти Јавното обвинителство на Загреб. Според тамошните медиуми, најверојатно се работи за малолетник што тргнал на тренинг.

Поради инцидентот, патничкиот сообраќај според хрватските железници бил во прекин и сообраќајот се одвивал преку помошни транспортни релации.

The post Трагична несреќа во Загреб: Воз прегази малолетник appeared first on Република.

]]>

Во понеделникот наутро воз налета на малолетник во околината на Загреб. Според полицијата, околу 8.50 часот тие добиле пријава за настанот, но поради тоа што се работи за малолетник, не соопштуваат повеќе информации. Како што пренесуваат медиумите, малолетникот починал. Најверојатно, се работи за несреќен случај, соопшти Јавното обвинителство на Загреб. Според тамошните медиуми, најверојатно се работи за малолетник што тргнал на тренинг. Поради инцидентот, патничкиот сообраќај според хрватските железници бил во прекин и сообраќајот се одвивал преку помошни транспортни релации.

The post Трагична несреќа во Загреб: Воз прегази малолетник appeared first on Република.

]]>
Ех и тоа да се види: Патници туркале расипан воз во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eh-i-toa-da-se-vidi-patnitsi-turkale-rasipan-voz-vo-bugarija/ Fri, 23 Aug 2024 13:20:58 +0000 https://republika.mk/?p=809476

Патниците на возот на релација Пловдив – Димитровград, морале да помогнат и да ја турнат локомотивата за повторно да проработи.

На тргнување од Пловдив, машиновозачот ги известил патниците дека се соочуваат со проблем, односно дека локомотивата не може да се контактира на електричната мрежа, и дека мора да се помести за неколку метри.

Патниците го турнаа возот 20 метри, и за среќа тој проработе, се вклучи на електричната мрежа, и тргнавме, напиша Јорданка Николова, позната писателка и блогерка во Бугарија која била на возот.

The post Ех и тоа да се види: Патници туркале расипан воз во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Патниците на возот на релација Пловдив – Димитровград, морале да помогнат и да ја турнат локомотивата за повторно да проработи. На тргнување од Пловдив, машиновозачот ги известил патниците дека се соочуваат со проблем, односно дека локомотивата не може да се контактира на електричната мрежа, и дека мора да се помести за неколку метри. Патниците го турнаа возот 20 метри, и за среќа тој проработе, се вклучи на електричната мрежа, и тргнавме, напиша Јорданка Николова, позната писателка и блогерка во Бугарија која била на возот.

The post Ех и тоа да се види: Патници туркале расипан воз во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Загинаа брат (12) и сестра (14), нивниот татко се бори за живот: Во судир на воз и автомобил загина и возачот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zaginaa-brat-12-i-sestra-14-nivniot-tatko-se-bori-za-zhivot-vo-sudir-na-voz-i-avtomobil-zagina-i-vozachot/ Mon, 19 Aug 2024 12:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=807964

Три лица загинаа, а едно лице е тешко повредено откако воз удрил во автомобил на железнички премин во селото Петка кај Лазаревац околу 12:45 часот, јавија српските медиуми.

Возот сообраќал на релација Пријепоље-Белград.

Во моментов железничкиот сообраќај во тој дел е во прекин.

The post Загинаа брат (12) и сестра (14), нивниот татко се бори за живот: Во судир на воз и автомобил загина и возачот appeared first on Република.

]]>

Три лица загинаа, а едно лице е тешко повредено откако воз удрил во автомобил на железнички премин во селото Петка кај Лазаревац околу 12:45 часот, јавија српските медиуми. Возот сообраќал на релација Пријепоље-Белград. Во моментов железничкиот сообраќај во тој дел е во прекин.

The post Загинаа брат (12) и сестра (14), нивниот татко се бори за живот: Во судир на воз и автомобил загина и возачот appeared first on Република.

]]>
Возот од Амстердам морал да застане поради скинат кабел, евакуирани 500 патници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vozot-od-amsterdam-moral-da-zastane-poradi-skinat-kabel-evakuirani-500-patnitsi/ Tue, 30 Jul 2024 09:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=801596

Ноќниот воз од Амстердам до Париз мораше да застане поради скинат кабел а евакуирани се 500 патници, соопшти денеска железничката компанија „ПроРејл“.

 

Во текот на ноќта возот застанал на делот меѓу Арнхајм и Најмеген, пишува „NL Times“. Евакуацијата на патниците поминала без проблеми, а сите патници добиле ваучери за хотелите во кои ноќевале.

Компанијата „ProRail“ наведува дека хотелите во областа на градот Утрехт биле преполни, па 60 патници не можеле да најдат сместување.

The post Возот од Амстердам морал да застане поради скинат кабел, евакуирани 500 патници appeared first on Република.

]]>

Ноќниот воз од Амстердам до Париз мораше да застане поради скинат кабел а евакуирани се 500 патници, соопшти денеска железничката компанија „ПроРејл“.   Во текот на ноќта возот застанал на делот меѓу Арнхајм и Најмеген, пишува „NL Times“. Евакуацијата на патниците поминала без проблеми, а сите патници добиле ваучери за хотелите во кои ноќевале. Компанијата „ProRail“ наведува дека хотелите во областа на градот Утрехт биле преполни, па 60 патници не можеле да најдат сместување.

The post Возот од Амстердам морал да застане поради скинат кабел, евакуирани 500 патници appeared first on Република.

]]>
Воз на релација Скопје – Гевгелија удрил во возило на излезот од Драчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/voz-na-relatsija-skopje-gevgelija-udril-vo-vozilo-na-izlezot-od-drachevo/ Mon, 08 Jul 2024 07:41:08 +0000 https://republika.mk/?p=794414

Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека од Македонски железници известиле дека вчера во 17.15 часот, патничкиот воз што сообраќа на релација Скопје – Гевгелија, на излезот од станицата „Драчево“ на патничкиот премин, што е обележан со светлосна и звучна сигнализација, удрил во патничко моторно возило.

Според информациите до ЦУК, во возилото бил само возачот и нема настрадани.

На местото на несреќата, покрај Итната медицинска помош, биле од полицијата, а и Комисија од МЖ.

ЦУК информира и за состојбата со пожарите во земјава.

Во последното деноноќие, имало вкупно 18 пожари на отворено – сите се изгаснати и утрово нема активни, соопшти ЦУК.

Од центарот со алел до граѓаните да не се палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата.

РЦУК Скопје, известува дека вчера попладне била добиена пријава дека при рушење на објект во с.Грушино, во близина на основното училиште, било пронајдено неексплодирано експлозивно убојно средство. Од РЦУК Скопје, известени се ДЗС Скопје, од каде известиле дека за подигање на опасниот предмет ќе интервенираат во текот на утринските часови денеска. Инаку, превентивната препорака до тие што ќе најдат неексплодирани убојни средства (НУС) да не ги фаќаат и да не ги поместуваат туку едноставно да ги пријават на 112 во ЦУК.

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека денеска од 10:00 до 15:00 часот, се планира да се врши минирање на каменоломот „Зелениковец“ (Општина Сопиште) и околу местото ќе се слушаат детонациите од минирањето.

Регионалниот ЦУК Битола, информира, според најавата на ЦЈЗ „Прилеп“, дека од денеска, 08 јули до 10 десети јули, во периодот од 22.00 до 05.05 часот на територијата на Општина Прилеп ќе се спроведува прва фаза од дезинсекција со цел уништување на комарци. Со дезинсекцијата, освен градот Прилеп, ќе бидат опфатени населените места: Ореовец, Лениште, Селце, Лагово, Беровци, Кадино Село, Галичани, Тополчани, Ерековци, Канатларци, Чепигово, Тројкрсти, Мажучиште и Мало и Големо Коњари.

Се информираат пчеларите да ги заштитат нивните пчели во Прилепско каде што ќе се прска против комарци.

ЦУК предупредува и на состојбата со временската прогноза.

Следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

 

The post Воз на релација Скопје – Гевгелија удрил во возило на излезот од Драчево appeared first on Република.

]]>

Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека од Македонски железници известиле дека вчера во 17.15 часот, патничкиот воз што сообраќа на релација Скопје – Гевгелија, на излезот од станицата „Драчево“ на патничкиот премин, што е обележан со светлосна и звучна сигнализација, удрил во патничко моторно возило. Според информациите до ЦУК, во возилото бил само возачот и нема настрадани. На местото на несреќата, покрај Итната медицинска помош, биле од полицијата, а и Комисија од МЖ. ЦУК информира и за состојбата со пожарите во земјава. Во последното деноноќие, имало вкупно 18 пожари на отворено – сите се изгаснати и утрово нема активни, соопшти ЦУК. Од центарот со алел до граѓаните да не се палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата. РЦУК Скопје, известува дека вчера попладне била добиена пријава дека при рушење на објект во с.Грушино, во близина на основното училиште, било пронајдено неексплодирано експлозивно убојно средство. Од РЦУК Скопје, известени се ДЗС Скопје, од каде известиле дека за подигање на опасниот предмет ќе интервенираат во текот на утринските часови денеска. Инаку, превентивната препорака до тие што ќе најдат неексплодирани убојни средства (НУС) да не ги фаќаат и да не ги поместуваат туку едноставно да ги пријават на 112 во ЦУК. Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека денеска од 10:00 до 15:00 часот, се планира да се врши минирање на каменоломот „Зелениковец“ (Општина Сопиште) и околу местото ќе се слушаат детонациите од минирањето. Регионалниот ЦУК Битола, информира, според најавата на ЦЈЗ „Прилеп“, дека од денеска, 08 јули до 10 десети јули, во периодот од 22.00 до 05.05 часот на територијата на Општина Прилеп ќе се спроведува прва фаза од дезинсекција со цел уништување на комарци. Со дезинсекцијата, освен градот Прилеп, ќе бидат опфатени населените места: Ореовец, Лениште, Селце, Лагово, Беровци, Кадино Село, Галичани, Тополчани, Ерековци, Канатларци, Чепигово, Тројкрсти, Мажучиште и Мало и Големо Коњари. Се информираат пчеларите да ги заштитат нивните пчели во Прилепско каде што ќе се прска против комарци. ЦУК предупредува и на состојбата со временската прогноза. Следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.  

The post Воз на релација Скопје – Гевгелија удрил во возило на излезот од Драчево appeared first on Република.

]]>
Воз излета од шини во Русија, најмалку 70 повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/voz-izleta-od-shini-vo-rusija-najmalku-70-povredeni/ Thu, 27 Jun 2024 07:53:14 +0000 https://republika.mk/?p=791164

Најмалку 70 лица се повредени кога девет вагони на патнички воз излетале од шините во Република Коми на северот на Русија.

Руските медиуми јавија дека според последните информации нема жртви во оваа тешка железничка несреќа.

Патничкиот воз со број 511 сообраќал меѓу Воркут, град на северот на Русија и Новоросијск на брегот на Црното Море. Несреќата се случила недалеку од градот Инта, соопштија претставници на Руската железница.

Итните служби се на лице место. Преземени се сите неопходни мерки за помош на повредените. Сообраќајот на пругата е во прекин, соопштија надлежните.

The post Воз излета од шини во Русија, најмалку 70 повредени appeared first on Република.

]]>

Најмалку 70 лица се повредени кога девет вагони на патнички воз излетале од шините во Република Коми на северот на Русија. Руските медиуми јавија дека според последните информации нема жртви во оваа тешка железничка несреќа. Патничкиот воз со број 511 сообраќал меѓу Воркут, град на северот на Русија и Новоросијск на брегот на Црното Море. Несреќата се случила недалеку од градот Инта, соопштија претставници на Руската железница.
Итните служби се на лице место. Преземени се сите неопходни мерки за помош на повредените. Сообраќајот на пругата е во прекин, соопштија надлежните.

The post Воз излета од шини во Русија, најмалку 70 повредени appeared first on Република.

]]>
Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nikoloski-mozhno-e-da-se-vovede-gradski-voz-vo-skopje/ Tue, 25 Jun 2024 07:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=790489

Новиот министер за транспорт и врски Александар Николоски смета дека од следната сезона е возможно во Скопје да се воведе градски воз, односно да се искористи постојната железничка инфраструктура за градски превоз со возовите што беа набавени од Кина пред крајот на мандатот на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеме да размислуваме за воведување на таканаречен градски воз во рамки на градот Скопје. Постојната железничка инфраструктура во градот Скопје е релативно добра и ќе овозможи да се искористи и граѓаните за точно определено време да може да стигнуваат на пример од Драчево до Скопје. Тоа може да почне уште од следната сезона и може да се направи цел железнички прстен околу Скопје, особено со населбите од кои луѓето имаат сега сериозен проблем да дојдат до центарот на градот. На тој начин ќе можат брзо да дојдат до центарот и за тоа ќе можат да се искористат возовите кои се купија на крајот на мандатот на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, рече Николоски во интервју за ТВ Сител.

За изградбата на пругата од Куманово до Деве Баир рече дека веднаш може да гарантира дека ќе се реализираат првите две фази, кои се работат, а за третата за која се предвидени грантови и кредити, потенцира, не е ни почната постапката. Затоа за таа фаза поконкретно ќе може да каже конкретен рок за месец или два.

The post Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје appeared first on Република.

]]>

Новиот министер за транспорт и врски Александар Николоски смета дека од следната сезона е возможно во Скопје да се воведе градски воз, односно да се искористи постојната железничка инфраструктура за градски превоз со возовите што беа набавени од Кина пред крајот на мандатот на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Можеме да размислуваме за воведување на таканаречен градски воз во рамки на градот Скопје. Постојната железничка инфраструктура во градот Скопје е релативно добра и ќе овозможи да се искористи и граѓаните за точно определено време да може да стигнуваат на пример од Драчево до Скопје. Тоа може да почне уште од следната сезона и може да се направи цел железнички прстен околу Скопје, особено со населбите од кои луѓето имаат сега сериозен проблем да дојдат до центарот на градот. На тој начин ќе можат брзо да дојдат до центарот и за тоа ќе можат да се искористат возовите кои се купија на крајот на мандатот на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, рече Николоски во интервју за ТВ Сител.
За изградбата на пругата од Куманово до Деве Баир рече дека веднаш може да гарантира дека ќе се реализираат првите две фази, кои се работат, а за третата за која се предвидени грантови и кредити, потенцира, не е ни почната постапката. Затоа за таа фаза поконкретно ќе може да каже конкретен рок за месец или два.

The post Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје appeared first on Република.

]]>
Германски воз на долги релации со 185 патници излета од шините по свлечиште предизвикано од обилни дождови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanski-voz-na-dolgi-relatsii-so-185-patnitsi-izleta-od-shinite-po-svlechishte-predizvikano-od-obilni-dozhdovi/ Sun, 02 Jun 2024 14:48:33 +0000 https://republika.mk/?p=784189

Делови од воз на долги релации со 185 патници излетаа од шините во југозападна Германија доцна синоќа, откако железничките пруги беа погодени од лизгање на земјиштето предизвикано од обилни врнежи.

Никој не е повреден, а патниците се евакуирани од возот уште утрово, изјави портпаролот на националниот железнички оператор, јави ДПА.

До пладне тимовите за поправки ја исчистија едната страна од пругата, но линијата сè уште е затворена за сообраќај со голема брзина.

Свлечиштето се случи во градот Швабиш Гмунд, на околу 50 километри источно од Штутгарт.
Според портпаролот на железницата, првите два вагони на возот излетале од шините околу 23:20 часот (21:20 часот по Гринич), но не се превртеле.

Свлечиштето било широко околу 30 метри, а исто така зафати и пат паралелен со железничката пруга, рече портпаролот.

Еден автомобил бил погоден, но возачот не е повреден, додаде тој.

Долгиот воз кој излета од шините се врати на шините и треба да биде влечен, изјави портпаролката на железницата. Таа додаде дека возот бил пренасочен меѓу градовите Улм и Штутгарт поради поплавите во регионот.

По лизгањето на земјиштето, сите долги линии меѓу Штутгарт и Минхен се прекинати. Сè уште не е јасно колку долго ќе трае нарушувањето на возниот ред.

Големи делови од јужна Германија вчера беа зафатени од обилни дождови, поради што многу градови прогласија вонредна состојба поради надојдени реки и поплави.

 

The post Германски воз на долги релации со 185 патници излета од шините по свлечиште предизвикано од обилни дождови appeared first on Република.

]]>

Делови од воз на долги релации со 185 патници излетаа од шините во југозападна Германија доцна синоќа, откако железничките пруги беа погодени од лизгање на земјиштето предизвикано од обилни врнежи. Никој не е повреден, а патниците се евакуирани од возот уште утрово, изјави портпаролот на националниот железнички оператор, јави ДПА. До пладне тимовите за поправки ја исчистија едната страна од пругата, но линијата сè уште е затворена за сообраќај со голема брзина. Свлечиштето се случи во градот Швабиш Гмунд, на околу 50 километри источно од Штутгарт. Според портпаролот на железницата, првите два вагони на возот излетале од шините околу 23:20 часот (21:20 часот по Гринич), но не се превртеле. Свлечиштето било широко околу 30 метри, а исто така зафати и пат паралелен со железничката пруга, рече портпаролот. Еден автомобил бил погоден, но возачот не е повреден, додаде тој. Долгиот воз кој излета од шините се врати на шините и треба да биде влечен, изјави портпаролката на железницата. Таа додаде дека возот бил пренасочен меѓу градовите Улм и Штутгарт поради поплавите во регионот. По лизгањето на земјиштето, сите долги линии меѓу Штутгарт и Минхен се прекинати. Сè уште не е јасно колку долго ќе трае нарушувањето на возниот ред. Големи делови од јужна Германија вчера беа зафатени од обилни дождови, поради што многу градови прогласија вонредна состојба поради надојдени реки и поплави.  

The post Германски воз на долги релации со 185 патници излета од шините по свлечиште предизвикано од обилни дождови appeared first on Република.

]]>
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/devet-povredeni-pri-sudar-na-patnichki-i-tovaren-voz-vo-tunelot-vukov-spomenik-panchevachki-most-vo-belgrad/ Sat, 18 May 2024 06:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=779349

Девет лица се повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, блиску до излезот кон Панчевачки мост, јави РТС.

Несреќата се случила вчера вечерта, во тунелот кај студентскиот дом „Карабурма“. На терен излегле екипи на Итната помош и 25 пожарникари со пет возила.

Итните служби добиле известување дека товарен воз налетал на патнички воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, поблиску до излезот кон Панчевачкиот мост.

The post Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост во Белград appeared first on Република.

]]>

Девет лица се повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, блиску до излезот кон Панчевачки мост, јави РТС. Несреќата се случила вчера вечерта, во тунелот кај студентскиот дом „Карабурма“. На терен излегле екипи на Итната помош и 25 пожарникари со пет возила. Итните служби добиле известување дека товарен воз налетал на патнички воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, поблиску до излезот кон Панчевачкиот мост.

The post Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост во Белград appeared first on Република.

]]>
Само во Македонија воз чека да помине автомобил https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/samo-vo-makedonija-voz-cheka-da-pomine-avtomobl/ Thu, 25 Apr 2024 19:24:37 +0000 https://republika.mk/?p=771113

На социјалните мрежи кружи видео од железнички премин во Македонија.Секаде во светот кога возот поминува рампата се спушта за автомобилите.

Е во оваа наша чудесна Македонија е обратно.

Погледнете

The post Само во Македонија воз чека да помине автомобил appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи кружи видео од железнички премин во Македонија.Секаде во светот кога возот поминува рампата се спушта за автомобилите. Е во оваа наша чудесна Македонија е обратно. Погледнете

The post Само во Македонија воз чека да помине автомобил appeared first on Република.

]]>
ЕУ дели бесплатни билети за патување со воз низ Европа, и Македонците на листата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eu-deli-besplatni-bileti-za-patuvane-so-voz-niz-evropa-i-makedontsite-na-listata/ Sun, 21 Apr 2024 07:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=768699

Европската комисија повторно им подарува билети за воз на младите. Секој роден помеѓу 1 јули 2005 и 30 јуни 2006 година може да аплицира за еден од 35.500 билети за DiscoverEU.

Со нивна помош младите ќе патуваат бесплатно во Европа до 30 дена. Ако сакате еден од билетите, треба да одговорите на квиз за Европската Унија. Право на учество имаат млади од Европската Унија, како и од Исланд, Лихтенштајн, Македонија, Норвешка, Србија и Турција.

Различен број билети се достапни за поединечни земји.

Среќните добитници кои ќе го освојат билетот можат да го искористат од 1 јули 2024 година до 30 септември 2025 година за патување до 30 дена во Европа. Со билетот добиваат попусти на пример за јавен превоз или во култура. Лицата со попреченост имаат поддршка за време на нивните патувања.

Програмата постои од 2018 година. Оттогаш, повеќе од милион апликанти се пријавиле за 284.000 достапни билети. Околу 72 отсто од нив рекле дека првпат патуваат со воз надвор од нивната земја на живеење.

The post ЕУ дели бесплатни билети за патување со воз низ Европа, и Македонците на листата appeared first on Република.

]]>

Европската комисија повторно им подарува билети за воз на младите. Секој роден помеѓу 1 јули 2005 и 30 јуни 2006 година може да аплицира за еден од 35.500 билети за DiscoverEU. Со нивна помош младите ќе патуваат бесплатно во Европа до 30 дена. Ако сакате еден од билетите, треба да одговорите на квиз за Европската Унија. Право на учество имаат млади од Европската Унија, како и од Исланд, Лихтенштајн, Македонија, Норвешка, Србија и Турција. Различен број билети се достапни за поединечни земји. Среќните добитници кои ќе го освојат билетот можат да го искористат од 1 јули 2024 година до 30 септември 2025 година за патување до 30 дена во Европа. Со билетот добиваат попусти на пример за јавен превоз или во култура. Лицата со попреченост имаат поддршка за време на нивните патувања. Програмата постои од 2018 година. Оттогаш, повеќе од милион апликанти се пријавиле за 284.000 достапни билети. Околу 72 отсто од нив рекле дека првпат патуваат со воз надвор од нивната земја на живеење.

The post ЕУ дели бесплатни билети за патување со воз низ Европа, и Македонците на листата appeared first on Република.

]]>
Сериозен скандал во Јапонија: Воз задоцнил 17 минути https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/seriozen-skandal-vo-japonija-voz-zadotsnil-17-minuti/ Sat, 20 Apr 2024 10:33:37 +0000 https://republika.mk/?p=768385

Во Јапонија времето се почитува до тој степен што ако (по некое чудо) некој воз доцни неколку минути, патниците веднаш добиваат формално извинување.

Од Централната железничка компанија соопштуваат дека возот од Нагоја на време пристигнал во Токио, но поаѓањето за Осака било привремено прекинато, а причината е повеќе од бизарна.

Имено, персоналот забележал змија од 40 сантиметри како се влече на подот во еден од вагоните. Поради тоа, повеќе од 600 патници морале да се префрлат во друг воз бидејќи Шинкансен бил исклучен од мрежата, а змијата подоцна била фатена.

Властите истражуваат како змијата завршила во возот.

Тешко е да се замисли дека змија ќе влезе во вагон на една од станиците. Имаме правила, кои забрануваат внесување диви животни. И покрај ова, ние не го проверуваме багажот на патниците“, се наведува во соопштено.

The post Сериозен скандал во Јапонија: Воз задоцнил 17 минути appeared first on Република.

]]>

Во Јапонија времето се почитува до тој степен што ако (по некое чудо) некој воз доцни неколку минути, патниците веднаш добиваат формално извинување. Од Централната железничка компанија соопштуваат дека возот од Нагоја на време пристигнал во Токио, но поаѓањето за Осака било привремено прекинато, а причината е повеќе од бизарна. Имено, персоналот забележал змија од 40 сантиметри како се влече на подот во еден од вагоните. Поради тоа, повеќе од 600 патници морале да се префрлат во друг воз бидејќи Шинкансен бил исклучен од мрежата, а змијата подоцна била фатена. Властите истражуваат како змијата завршила во возот.
Тешко е да се замисли дека змија ќе влезе во вагон на една од станиците. Имаме правила, кои забрануваат внесување диви животни. И покрај ова, ние не го проверуваме багажот на патниците“, се наведува во соопштено.

The post Сериозен скандал во Јапонија: Воз задоцнил 17 минути appeared first on Република.

]]>
Четири вагони со фосфорна киселина излетале од шините во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chetiri-vagoni-so-fosforna-kiselina-izletale-od-shinite-vo-srbija/ Mon, 26 Feb 2024 09:55:07 +0000 https://republika.mk/?p=748422

Товарен воз кој превезувал фосфорна киселина утровол излетал од шините на железничката станица во Рума, во Србија. Вагоните излетале од шните на 300 метри од железничката станица, пренесуваат српските медиуми.

Четири вагони од композицијата што превезувале фосфорна киселина од „Еликсир“ Прахово до Шабац  излетале од шините, но според првичните информации во инцидентот нема истекување на киселината кое може да биде опасно за околината.

„Курир“ објави дека се чекаат експерти од Белград  да извршат увид и да ја проценат штетата, а се очекува киселината да биде префрлена во други цистерни.

Засега не е дозволено приближување до местото каде што вагоните излетале од шините.

The post Четири вагони со фосфорна киселина излетале од шините во Србија appeared first on Република.

]]>

Товарен воз кој превезувал фосфорна киселина утровол излетал од шините на железничката станица во Рума, во Србија. Вагоните излетале од шните на 300 метри од железничката станица, пренесуваат српските медиуми. Четири вагони од композицијата што превезувале фосфорна киселина од „Еликсир“ Прахово до Шабац  излетале од шините, но според првичните информации во инцидентот нема истекување на киселината кое може да биде опасно за околината. „Курир“ објави дека се чекаат експерти од Белград  да извршат увид и да ја проценат штетата, а се очекува киселината да биде префрлена во други цистерни. Засега не е дозволено приближување до местото каде што вагоните излетале од шините.

The post Четири вагони со фосфорна киселина излетале од шините во Србија appeared first on Република.

]]>
Патничкиот воз Истанбул-Софија на железнички премин удрил во камион за мешање бетон, па го влечел по пругата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/patnichkiot-voz-istanbul-sofija-na-zheleznichki-premin-udril-vo-kamion-za-meshane-beton-pa-go-vlechel-po-prugata/ Sun, 28 Jan 2024 07:34:42 +0000 https://republika.mk/?p=737633

Патнички воз кој сообраќал од Истанбул за Софија и камион со бетон се судриле на железнички премин во близина на селото Черкезкој, провинција Текирдаг, објави ТВ ТРТ Хабер.

Возот удрил во камионот кој се обидувал да го помине преминот. Од ударот и последователно влечење бил повреден возачот на камионот за мешање бетон со турска регистрација. Човекот е хоспитализиран.

Во ноќниот патнички воз Е68 009 имало вкупно 80 лица, повеќето странци, меѓу кои и бугарски државјани, пренесува БТА. Несреќата се случила во 23:00 часот по локално време.

На местото на настанот се испратени медицински екипи и полиција и почнат е увид.

The post Патничкиот воз Истанбул-Софија на железнички премин удрил во камион за мешање бетон, па го влечел по пругата appeared first on Република.

]]>

Патнички воз кој сообраќал од Истанбул за Софија и камион со бетон се судриле на железнички премин во близина на селото Черкезкој, провинција Текирдаг, објави ТВ ТРТ Хабер. Возот удрил во камионот кој се обидувал да го помине преминот. Од ударот и последователно влечење бил повреден возачот на камионот за мешање бетон со турска регистрација. Човекот е хоспитализиран. Во ноќниот патнички воз Е68 009 имало вкупно 80 лица, повеќето странци, меѓу кои и бугарски државјани, пренесува БТА. Несреќата се случила во 23:00 часот по локално време. На местото на настанот се испратени медицински екипи и полиција и почнат е увид.

The post Патничкиот воз Истанбул-Софија на железнички премин удрил во камион за мешање бетон, па го влечел по пругата appeared first on Република.

]]>
Единствениот воз на Македонски железници остана без нафта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edinstveniot-voz-na-makedonski-zheleznitsi-ostana-bez-nafta/ Mon, 25 Dec 2023 11:07:06 +0000 https://republika.mk/?p=726456

На проблемите на Македонски железници им нема крај, велат од ВМРО-ДПМНЕ откривајќи дека единствениот воз кој патуваше кон Битола, од вчера веќе не е во сообраќај.

Причината е тоа што МЖ Транспорт нема нафта за возовите. Се сеќавате, пред неколку месеци за првпат во историјата на македонски железници, МЖ Транспорт остана без ел. енергија, а сега остана и без нафта за возовите. Со тоа граѓаните на Пелагонија и Азот остануваат и без тој еден воз кој што го имаа на располагање. Тоа е тој расипнички и понижувачки однос што го има оваа власт кон железниците во Македонија. Тоа е таа неспособност. Но, добро е што останува уште многу малку време од нивното владеење. После промената на власта ќе има одговорност за сите кои учествувале во уништувањето на железниците во Македонија. После промената на власта ќе следуваат вистински реформи и повторно ставање на железницата на колосек, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Единствениот воз на Македонски железници остана без нафта appeared first on Република.

]]>

На проблемите на Македонски железници им нема крај, велат од ВМРО-ДПМНЕ откривајќи дека единствениот воз кој патуваше кон Битола, од вчера веќе не е во сообраќај.
Причината е тоа што МЖ Транспорт нема нафта за возовите. Се сеќавате, пред неколку месеци за првпат во историјата на македонски железници, МЖ Транспорт остана без ел. енергија, а сега остана и без нафта за возовите. Со тоа граѓаните на Пелагонија и Азот остануваат и без тој еден воз кој што го имаа на располагање. Тоа е тој расипнички и понижувачки однос што го има оваа власт кон железниците во Македонија. Тоа е таа неспособност. Но, добро е што останува уште многу малку време од нивното владеење. После промената на власта ќе има одговорност за сите кои учествувале во уништувањето на железниците во Македонија. После промената на власта ќе следуваат вистински реформи и повторно ставање на железницата на колосек, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Единствениот воз на Македонски железници остана без нафта appeared first on Република.

]]>
Во Словенија воз налета на железничари, има загинати, четири лица тешко повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-slovenija-voz-naleta-na-zheleznichari-ima-zaginati-chetiri-litsa-teshko-povredeni/ Thu, 21 Dec 2023 10:08:58 +0000 https://republika.mk/?p=725191

Најмалку две лица загинаа, а четворица се тешко повредени кога утринава патнички воз налета на група железничари во близина на градот Постојна во Словенија, соопшти полицијата.

Несреќата се случила утрово нешто по девет часот, кај селото Ракитник, јужно од Постојна, на пругата Љубљана-Копер, изјавија за СТА од полициската управа Копер.

Според полициските информации, возот удрил во членовите на групата за одржување на Словенечките железници, националниот железнички оператор.

Причината за несреќата засега не е позната, додава словенечки Дело.

The post Во Словенија воз налета на железничари, има загинати, четири лица тешко повредени appeared first on Република.

]]>

Најмалку две лица загинаа, а четворица се тешко повредени кога утринава патнички воз налета на група железничари во близина на градот Постојна во Словенија, соопшти полицијата. Несреќата се случила утрово нешто по девет часот, кај селото Ракитник, јужно од Постојна, на пругата Љубљана-Копер, изјавија за СТА од полициската управа Копер. Според полициските информации, возот удрил во членовите на групата за одржување на Словенечките железници, националниот железнички оператор. Причината за несреќата засега не е позната, додава словенечки Дело.

The post Во Словенија воз налета на железничари, има загинати, четири лица тешко повредени appeared first on Република.

]]>
Повторно сообраќа единствениот воз Скопје-Битола https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/povtorno-soobraka-edinstveniot-voz-skopje-bitola/ Fri, 24 Nov 2023 15:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=715988

По повеќе од десет дена застој, од вчера попладне во 14:30 часот повторно сообраќа единствениот воз на релација Скопје – Битола преку Велес и Прилеп и обратно.

Возот, кој, како што велат од ЈП „Македонски железници“, не сообраќаше поради расипана локомотива, утрово во 5:46 часот, од Битола пристигна на Железничката станица во Велес на радост на голем број патници и тргна повторно на релацијата за Скопје.

Попладнево во 14:30 часот, возот тргна од Железничката станица во Скопје, а во 15:20 минути од Велес ќе продолжи кон Прилеп и Битола, информираат од Железничката станица во Велес.

Патниците од Велес, Прилеп Битола, Скопје и попатните станици бараат од МЖ повторно да се вратат и другите два воза, кои сообраќаа на оваа релација Скопје-Битола и обратно, а кои беа укинати пред околу два месеци.

The post Повторно сообраќа единствениот воз Скопје-Битола appeared first on Република.

]]>

По повеќе од десет дена застој, од вчера попладне во 14:30 часот повторно сообраќа единствениот воз на релација Скопје – Битола преку Велес и Прилеп и обратно. Возот, кој, како што велат од ЈП „Македонски железници“, не сообраќаше поради расипана локомотива, утрово во 5:46 часот, од Битола пристигна на Железничката станица во Велес на радост на голем број патници и тргна повторно на релацијата за Скопје. Попладнево во 14:30 часот, возот тргна од Железничката станица во Скопје, а во 15:20 минути од Велес ќе продолжи кон Прилеп и Битола, информираат од Железничката станица во Велес. Патниците од Велес, Прилеп Битола, Скопје и попатните станици бараат од МЖ повторно да се вратат и другите два воза, кои сообраќаа на оваа релација Скопје-Битола и обратно, а кои беа укинати пред околу два месеци.

The post Повторно сообраќа единствениот воз Скопје-Битола appeared first on Република.

]]>
Воз удрил во комбе, двајца во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/voz-udril-vo-kombe-dvajtsa-vo-bolnitsa/ Mon, 20 Nov 2023 09:39:58 +0000 https://republika.mk/?p=714315

Вчера утрото возот кој сообраќал на релација Скопје-Табановце во близина на железничкиот премин кај селото Лопате удрил во комбе. Притоа две лица се повредени.

„Несреќата се случила во 5.50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. Две лице се полесно повредени и пренесени се во Општа болница Куманово. Оштетено е само комбито, додека матерјална штета на пругата нема“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Куманово.

Железничкиот собраќај бил нормализиран во 09.45 часот и функционира редовно и без застој

The post Воз удрил во комбе, двајца во болница appeared first on Република.

]]>

Вчера утрото возот кој сообраќал на релација Скопје-Табановце во близина на железничкиот премин кај селото Лопате удрил во комбе. Притоа две лица се повредени. „Несреќата се случила во 5.50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. Две лице се полесно повредени и пренесени се во Општа болница Куманово. Оштетено е само комбито, додека матерјална штета на пругата нема“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Куманово. Железничкиот собраќај бил нормализиран во 09.45 часот и функционира редовно и без застој

The post Воз удрил во комбе, двајца во болница appeared first on Република.

]]>
Ковачевски да се врати дома и да не ја брука Македонија, потпишува меморандуми за брзи пруги, а дома нема еден функционален воз https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-kovachevski-da-se-vrati-doma-i-da-ne-ja-bruka-makedonija-potpishuva-memorandumi-za-brzi-prugi-a-doma-nema-eden-funktsionalen-voz/ Fri, 17 Nov 2023 12:03:53 +0000 https://republika.mk/?p=702510

Се моли Димитар Ковачевски да се врати во Македонија за да не ја брука државата на отворена сцена. Едно со своите испади на винскиот саем во Србија, второ со своите изјави и постапки. Ковачевски потпишува меморандуми за брза пруга, а дома нема еден функционален воз кој му се сообраќа во Македонија, реагираат преку соопштение од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/ke-pomine-li-brzata-pruga-niz-makedonija-vlasta-bara-pomosh-od-srbija-za-obnova-na-zheleznitsata/

Не може Ковачевски да зборува за непринципиелности од страна на Бугарија, бидејќи кога сите тоа му го говорат во Македонија тој ги обвинува за антиевропско однесување.Ковачевски помалку да патува со цели свити и да арчи народни пари за да учествува на вински саеми, повеќе да се концентрира на работите во Македонија.

Му преостануваат уште неколку месеци на власт, па редно е да реши барем еден од проблемите кои тој и неговата влада им ги донесоа на граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

 

The post Ковачевски да се врати дома и да не ја брука Македонија, потпишува меморандуми за брзи пруги, а дома нема еден функционален воз appeared first on Република.

]]>

Се моли Димитар Ковачевски да се врати во Македонија за да не ја брука државата на отворена сцена. Едно со своите испади на винскиот саем во Србија, второ со своите изјави и постапки. Ковачевски потпишува меморандуми за брза пруга, а дома нема еден функционален воз кој му се сообраќа во Македонија, реагираат преку соопштение од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/ekonomija/ke-pomine-li-brzata-pruga-niz-makedonija-vlasta-bara-pomosh-od-srbija-za-obnova-na-zheleznitsata/
Не може Ковачевски да зборува за непринципиелности од страна на Бугарија, бидејќи кога сите тоа му го говорат во Македонија тој ги обвинува за антиевропско однесување.Ковачевски помалку да патува со цели свити и да арчи народни пари за да учествува на вински саеми, повеќе да се концентрира на работите во Македонија. Му преостануваат уште неколку месеци на власт, па редно е да реши барем еден од проблемите кои тој и неговата влада им ги донесоа на граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.  

The post Ковачевски да се врати дома и да не ја брука Македонија, потпишува меморандуми за брзи пруги, а дома нема еден функционален воз appeared first on Република.

]]>
Поради напукнатиот мост, патниците од воз се преместуваат во автобус кај Кукуричани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poradi-napuknatiot-most-patnitsite-od-voz-se-premestuvaat-vo-avtobus-kaj-kukurichani/ Wed, 15 Nov 2023 08:32:39 +0000 https://republika.mk/?p=701674

Согласно информациите од Македонски железници, поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија - Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, железнички сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од 15:25 часот - и патнички и товарен. Но, патничкиот сепак се одвива со „премостување“ - со автобуски превоз. Конкретно, од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, додека од Гевгелија ќе сообраќаат до Криволак. Од наведените железнички станици - Градско и Криволак, патниците се превезуваат со автобуски превоз. Експерти од Градежниот факултет во Скопје, во текот на денешниот ден планирано е да излезат на терен, за да извршат увид на состојбата, соопшти Центарот за управување со кризи.

Во соопштението се додава дека пожарникарите од Битола во период од 17:37 до 18:33 часот, со едно противпожарно возило и тричлен тим, интервенирале на запалена ниска вегетација, сува трева и грмушки, на стариот пат за село Могила. Помали интервенции имале пожарникарите, по една, од Валандово, од Кавадарци и од Охрид, а две - пожарникарите од Скопје.

Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи, имало вкупно 1.583 повици. „Реални“ повици за итни случаи имало 31,59 отсто. Имало 68,41 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање. Кон полицијата биле упатени 54,60 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош -38,65 проценти, а кон пожарникарите биле упатени 1,84 отсто. Кон ЦУК имало 4,91 проценти од итните повици, што е во рамки на просекот од три до 10 проценти што ги решава, секако заедно со 68,41 отсто од другите, именувани и како „неитни повици“, поточно ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, се додава во соопштението.

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека од Единствениот број за итни случаи Е-112, добиле информација дека на крстосницата на улицата „Варшавска“ со Булеварот „8ми Септември“, околу комплексот на згради, имало расфрлана отровна материја од којашто започнале да изумираат бездомните животни.

Тоа е многу опасно за мали деца кои можат случајно да дојдат во допир или да земат од таа затруена материја. Од ЦУК, конкретно преку Регионалниот ЦУК Скопје, пријавата е доставена до Општина Карпош и до ЈП „Лајка“, за нивно понатамошно постапување, а истовремено ја информирале и полициската станица „Карпош“ од каде што повратно известиле дека веднаш испратиле екипа на терен за увид, пишува во соопштението.

The post Поради напукнатиот мост, патниците од воз се преместуваат во автобус кај Кукуричани appeared first on Република.

]]>

Согласно информациите од Македонски железници, поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија - Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, железнички сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од 15:25 часот - и патнички и товарен. Но, патничкиот сепак се одвива со „премостување“ - со автобуски превоз. Конкретно, од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, додека од Гевгелија ќе сообраќаат до Криволак. Од наведените железнички станици - Градско и Криволак, патниците се превезуваат со автобуски превоз. Експерти од Градежниот факултет во Скопје, во текот на денешниот ден планирано е да излезат на терен, за да извршат увид на состојбата, соопшти Центарот за управување со кризи. Во соопштението се додава дека пожарникарите од Битола во период од 17:37 до 18:33 часот, со едно противпожарно возило и тричлен тим, интервенирале на запалена ниска вегетација, сува трева и грмушки, на стариот пат за село Могила. Помали интервенции имале пожарникарите, по една, од Валандово, од Кавадарци и од Охрид, а две - пожарникарите од Скопје.
Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи, имало вкупно 1.583 повици. „Реални“ повици за итни случаи имало 31,59 отсто. Имало 68,41 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање. Кон полицијата биле упатени 54,60 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош -38,65 проценти, а кон пожарникарите биле упатени 1,84 отсто. Кон ЦУК имало 4,91 проценти од итните повици, што е во рамки на просекот од три до 10 проценти што ги решава, секако заедно со 68,41 отсто од другите, именувани и како „неитни повици“, поточно ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, се додава во соопштението.
Регионалниот ЦУК Скопје информира дека од Единствениот број за итни случаи Е-112, добиле информација дека на крстосницата на улицата „Варшавска“ со Булеварот „8ми Септември“, околу комплексот на згради, имало расфрлана отровна материја од којашто започнале да изумираат бездомните животни.
Тоа е многу опасно за мали деца кои можат случајно да дојдат во допир или да земат од таа затруена материја. Од ЦУК, конкретно преку Регионалниот ЦУК Скопје, пријавата е доставена до Општина Карпош и до ЈП „Лајка“, за нивно понатамошно постапување, а истовремено ја информирале и полициската станица „Карпош“ од каде што повратно известиле дека веднаш испратиле екипа на терен за увид, пишува во соопштението.

The post Поради напукнатиот мост, патниците од воз се преместуваат во автобус кај Кукуричани appeared first on Република.

]]>