Вован и Лексус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vovan-i-leksus/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Feb 2023 16:04:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вован и Лексус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vovan-i-leksus/ 32 32 Руски комичари сакале да се шегуваат со Ангела Меркел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-komichari-sakale-da-se-sheguvaat-so-angela-merkel/ Mon, 20 Feb 2023 14:42:26 +0000 https://republika.mk/?p=611151

Руските комичари Вован и Лексус, познати по своите телефонски местенки, ѝ се јавија и на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, претставувајќи ѝ се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

Како што наведуваат западни медиуми, се чини, таа подобро „се држела“ од многумина свои колеги од политиката, па неколкупати и вешто одби да коментира на некои прашања, прагматично останувајќи на ставот дека таа веќе не е дел од власта и не треба премногу да копа во минатото. Така, прашана за договорите од Минск од 2014 година, Меркел рече дека нема смисла да се навраќа на тоа.

Таа исто така истакна дека не сака да шпекулира дали било можно да се спречи војната во Украина, но призна дека Договорите од Минск секако го одложиле судирот и му дале време на Киев.

- Во тој миг, за да не се случат полоши работи, сите ги потпишавме договорите. Јас едноставно верувам дека тие ѝ дадоа на Украина повеќе време за развој во времето од 2014 до 2021 година. Овие договори беа добри за Киев, бидејќи благодарение на нив Украинците сега можат да му се спротивстават на Путин... Украина сега не само што може да одговори, туку доби и меѓународна поддршка, заклучи Меркел.

Прашана - што мисли, дали ќе може воено да се зајакне Украина до степен што ќe ја принуди Русија да преговара, Меркел повторно одби да одговори, велејќи дека Порошенко, бидејќи „е со армијата - во првите редови“, треба да знае подобро за тоа од неа.

- Петро, ​​уште потешко ми е да зборувам за тоа отколку тебе. Би сакала да слушнам оценка од тебе. Ние сме пријатели. Сакаме да ви помогнеме. Европската Унија е единствена по прашањето за Украина, иако има мали разлики меѓу земјите-членки, појасни таа.

За Западот, како што рече пензионираната политичарка, важно е водечките земји да водат координирана политика, а за германската Влада смета оти добро ја води својата државна политика.

- Луѓето како мене, кои веќе не се во Владата, не можат да направат ништо значајно, затоа може само да ја поддржам тековната работа на нашата Влада, вели таа.

Коментирајќи ја политиката на францускиот претседател Емануел Макрон, таа рече дека верува дека и германските и американските лидери, т.е. канцеларот Олаф Шолц и претседателот Џо Бајден имаат многу добри односи со Макрон.

Поранешната германска канцеларка на крајот одбила да го продолжи разговорот на руски, на предлог на руските „шегаџии“, по што брзо го завршила разговорот за којшто, како што двапати нагласи, се надевала дека нема да заврши во медиумите. - Состојбата и онака е многу сложена и нашите две влади дефинитивно се во постојан контакт, нагласи таа.

Инаку, познатите руски комичари неодамна разговараа и со поранешниот шеф на Пентагон, Марк Еспер.

- Украинскиот народ ја врши валканата работа за она што ние никогаш не сакаме да го правиме овде во САД, и затоа треба да продолжиме да ве поддржуваме (Украина) со се што можеме, без разлика дали се работи за муниција, оружје или разузнавање, рече тогаш Еспер.

 

The post Руски комичари сакале да се шегуваат со Ангела Меркел appeared first on Република.

]]>

Руските комичари Вован и Лексус, познати по своите телефонски местенки, ѝ се јавија и на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, претставувајќи ѝ се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко. Како што наведуваат западни медиуми, се чини, таа подобро „се држела“ од многумина свои колеги од политиката, па неколкупати и вешто одби да коментира на некои прашања, прагматично останувајќи на ставот дека таа веќе не е дел од власта и не треба премногу да копа во минатото. Така, прашана за договорите од Минск од 2014 година, Меркел рече дека нема смисла да се навраќа на тоа. Таа исто така истакна дека не сака да шпекулира дали било можно да се спречи војната во Украина, но призна дека Договорите од Минск секако го одложиле судирот и му дале време на Киев.
- Во тој миг, за да не се случат полоши работи, сите ги потпишавме договорите. Јас едноставно верувам дека тие ѝ дадоа на Украина повеќе време за развој во времето од 2014 до 2021 година. Овие договори беа добри за Киев, бидејќи благодарение на нив Украинците сега можат да му се спротивстават на Путин... Украина сега не само што може да одговори, туку доби и меѓународна поддршка, заклучи Меркел.
Прашана - што мисли, дали ќе може воено да се зајакне Украина до степен што ќe ја принуди Русија да преговара, Меркел повторно одби да одговори, велејќи дека Порошенко, бидејќи „е со армијата - во првите редови“, треба да знае подобро за тоа од неа.
- Петро, ​​уште потешко ми е да зборувам за тоа отколку тебе. Би сакала да слушнам оценка од тебе. Ние сме пријатели. Сакаме да ви помогнеме. Европската Унија е единствена по прашањето за Украина, иако има мали разлики меѓу земјите-членки, појасни таа.
За Западот, како што рече пензионираната политичарка, важно е водечките земји да водат координирана политика, а за германската Влада смета оти добро ја води својата државна политика.
- Луѓето како мене, кои веќе не се во Владата, не можат да направат ништо значајно, затоа може само да ја поддржам тековната работа на нашата Влада, вели таа.
Коментирајќи ја политиката на францускиот претседател Емануел Макрон, таа рече дека верува дека и германските и американските лидери, т.е. канцеларот Олаф Шолц и претседателот Џо Бајден имаат многу добри односи со Макрон. Поранешната германска канцеларка на крајот одбила да го продолжи разговорот на руски, на предлог на руските „шегаџии“, по што брзо го завршила разговорот за којшто, како што двапати нагласи, се надевала дека нема да заврши во медиумите. - Состојбата и онака е многу сложена и нашите две влади дефинитивно се во постојан контакт, нагласи таа. Инаку, познатите руски комичари неодамна разговараа и со поранешниот шеф на Пентагон, Марк Еспер.
- Украинскиот народ ја врши валканата работа за она што ние никогаш не сакаме да го правиме овде во САД, и затоа треба да продолжиме да ве поддржуваме (Украина) со се што можеме, без разлика дали се работи за муниција, оружје или разузнавање, рече тогаш Еспер.
 

The post Руски комичари сакале да се шегуваат со Ангела Меркел appeared first on Република.

]]>
Руските пранкери Вован и Лексус по разговорот со Маја Санду открија: Молдавија сака да даде дел од својата територија на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskite-prankeri-vovan-i-leksus-po-razgovorot-so-maja-sandu-otkrija-moldavija-saka-da-dade-del-od-svojata-teritorija-na-ukraina/ Tue, 04 Oct 2022 19:54:52 +0000 https://republika.mk/?p=557365

Молдавија e подготвена да ѝ даде дел од својата територија на Украина на користење за период од неколку години.

Претседателката Маја Санду ова го кажа при разговор со руските пранкери Вован и Лексус, мислејќи дека разговара со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ. Блогерите го објавија видеото на Телеграм.

Знаете, кога бев во Киев, разговаравме за прашањето за селото Ѓурѓулешти (во регионот Чагул во Молдавија, на границата со Романија и Украина) и излеговме со предлог. Вашите луѓе дојдоа и ја погледнаа територијата, која сме подготвени да ви ја отстапиме. Засега се обидуваме целосно да ги решиме правните прашања во врска со пристаништето. Сепак, можеме да ви предложиме земја што ќе можете да ја користите во следните неколку години“, рекла Санду.

Натаму во разговорот, според објавениот фрагмент, лажниот Шмигал ја прашува Санду дало мисли дека е време да спроведе мобилизација во Молдавија, на што добил одговор „Се разбира, мора да бидеме подготвени за тоа“.

Рекла и дека „голем предизвик“ за нејзината земја може да биде зголемувањето на бројот на украинските бегалци во Молдавија поради руската инвазија.

Администрацијата на претседателката на Молдавија oбјави дека видеоснимката од разговорот на Маја Санду со руските пранкери е фалсификат. Молдавија беше загрижена дека конфликтот од Украина може да се префрли и на нивно тло затоа што имаат руско малцинство.

Инаку, руските пранкери изминативе години на сличен начин „измамија“ повеќе политичари.

The post Руските пранкери Вован и Лексус по разговорот со Маја Санду открија: Молдавија сака да даде дел од својата територија на Украина appeared first on Република.

]]>

Молдавија e подготвена да ѝ даде дел од својата територија на Украина на користење за период од неколку години. Претседателката Маја Санду ова го кажа при разговор со руските пранкери Вован и Лексус, мислејќи дека разговара со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ. Блогерите го објавија видеото на Телеграм.
Знаете, кога бев во Киев, разговаравме за прашањето за селото Ѓурѓулешти (во регионот Чагул во Молдавија, на границата со Романија и Украина) и излеговме со предлог. Вашите луѓе дојдоа и ја погледнаа територијата, која сме подготвени да ви ја отстапиме. Засега се обидуваме целосно да ги решиме правните прашања во врска со пристаништето. Сепак, можеме да ви предложиме земја што ќе можете да ја користите во следните неколку години“, рекла Санду.
Натаму во разговорот, според објавениот фрагмент, лажниот Шмигал ја прашува Санду дало мисли дека е време да спроведе мобилизација во Молдавија, на што добил одговор „Се разбира, мора да бидеме подготвени за тоа“. Рекла и дека „голем предизвик“ за нејзината земја може да биде зголемувањето на бројот на украинските бегалци во Молдавија поради руската инвазија. Администрацијата на претседателката на Молдавија oбјави дека видеоснимката од разговорот на Маја Санду со руските пранкери е фалсификат. Молдавија беше загрижена дека конфликтот од Украина може да се префрли и на нивно тло затоа што имаат руско малцинство. Инаку, руските пранкери изминативе години на сличен начин „измамија“ повеќе политичари.

The post Руските пранкери Вован и Лексус по разговорот со Маја Санду открија: Молдавија сака да даде дел од својата територија на Украина appeared first on Република.

]]>
Пранкерите на Заев го наместиле Валас: Лажен Шмигаљ разговарал со британскиот министер за одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prankerite-na-zaev-go-namestile-valas-lazen-shmigalj-razgovaral-so-britanskiot-minister-za-odbrana/ Tue, 22 Mar 2022 11:39:36 +0000 https://republika.mk/?p=476555

Велика Британија денеска ја обвини Русија дека стои зад видеоповикот во кој едно лице лажно се претставува како премиер на Украина во разговор со министерот за одбрана, Бен Валас, чија снимка синоќа беше објавена на „Јутјуб“.

Лондон го обвини Кремљ дека стои зад обидите со измама да обезбеди чувствителни информации и да ги засрами британските официјални лица. Тие се обидуваат да преговараат со „Јутјуб“ за отстранување на видеото на кое се гледа дека Валас мисли дека разговара со украинскиот премиер Денис Шмигаљ преку видеоповик.

Министерката за внатрешни работи, Прити Пател, исто така, призна дека разговарала со измамници, кои неуспешно се обиделе да стапат во контакт и со министерката за култура Надин Дорис.

Краток клип од разговорот со Валас се појави на интернет, во кој се тврди дека се работи за „пранк“ со „Вован и Лексус“, двојка на која претходно и се препишуваше дека го измамила и војводата од Сасекс.

Валас е прикажан како разговара од Полска, додека лице од другата страна на линијата вели дека Украина сака да ја подобри својата нуклеарна програма за да се заштити од Москва, како што претходно неосновано твределе и руските државни медиуми.

По објавувањето на повикот, Валас рече дека инвазијата на Украина сигурно оди многу лошо за Кремљ, штом паднале на ниво на продукција на монтирани видеа. Извор од Министерството за одбрана рекол дека го видел „ѓубрето“, односно дека се работи за преработена снимка.

„Она што не го слушате е дека министерот за одбрана исто така вели дека Велика Британје не може да има никаква врска со наводните за нуклеарни амбиции на Украина бидејќи е потпишан Договорот за неширење атомско оружје“, рекол тој.

Валас не кажаува ништо особено срамно или чувствително во видеото, но во него се најавува и целосното интервју во рок од, како што се вели, неколку дена.

Валас во моментот на инцидентот минатата недела, рече дека верува оти Русија е виновна за повикот, а Британија сега и официјално го соопшти тоа.

The post Пранкерите на Заев го наместиле Валас: Лажен Шмигаљ разговарал со британскиот министер за одбрана appeared first on Република.

]]>

Велика Британија денеска ја обвини Русија дека стои зад видеоповикот во кој едно лице лажно се претставува како премиер на Украина во разговор со министерот за одбрана, Бен Валас, чија снимка синоќа беше објавена на „Јутјуб“. Лондон го обвини Кремљ дека стои зад обидите со измама да обезбеди чувствителни информации и да ги засрами британските официјални лица. Тие се обидуваат да преговараат со „Јутјуб“ за отстранување на видеото на кое се гледа дека Валас мисли дека разговара со украинскиот премиер Денис Шмигаљ преку видеоповик. Министерката за внатрешни работи, Прити Пател, исто така, призна дека разговарала со измамници, кои неуспешно се обиделе да стапат во контакт и со министерката за култура Надин Дорис. Краток клип од разговорот со Валас се појави на интернет, во кој се тврди дека се работи за „пранк“ со „Вован и Лексус“, двојка на која претходно и се препишуваше дека го измамила и војводата од Сасекс. Валас е прикажан како разговара од Полска, додека лице од другата страна на линијата вели дека Украина сака да ја подобри својата нуклеарна програма за да се заштити од Москва, како што претходно неосновано твределе и руските државни медиуми. По објавувањето на повикот, Валас рече дека инвазијата на Украина сигурно оди многу лошо за Кремљ, штом паднале на ниво на продукција на монтирани видеа. Извор од Министерството за одбрана рекол дека го видел „ѓубрето“, односно дека се работи за преработена снимка. „Она што не го слушате е дека министерот за одбрана исто така вели дека Велика Британје не може да има никаква врска со наводните за нуклеарни амбиции на Украина бидејќи е потпишан Договорот за неширење атомско оружје“, рекол тој. Валас не кажаува ништо особено срамно или чувствително во видеото, но во него се најавува и целосното интервју во рок од, како што се вели, неколку дена. Валас во моментот на инцидентот минатата недела, рече дека верува оти Русија е виновна за повикот, а Британија сега и официјално го соопшти тоа.

The post Пранкерите на Заев го наместиле Валас: Лажен Шмигаљ разговарал со британскиот министер за одбрана appeared first on Република.

]]>