Воспитно-поправен дом Волковија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vospitno-popraven-dom-volkovija/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Sep 2023 08:30:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Воспитно-поправен дом Волковија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vospitno-popraven-dom-volkovija/ 32 32 Учебната година не почна за децата упатени во воспитно-поправен дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchebnata-godina-ne-pochna-za-detsata-upateni-vo-vospitno-popraven-dom/ Fri, 01 Sep 2023 08:17:11 +0000 https://republika.mk/?p=677804

Учебната година за децата во Воспитно-поправниот дом Волковија-Тетово не започна денеска, откако Владата на прашањето на МИА до каде е постапувањето по барањето на Народниот правобранител кој бара без одлагање да се преземат мерки со цел да се задолжи надлежното министерство и образовните институции, на заедничка средба да го разгледаат прашањето за образование во Воспитно-поправните домови, одговори дека тоа ќе се разгледува на некоја од наредните седници.

Информацијата со предлог за преземање мерки испратена од страна на Народен правобранител е доставенa до Владата на 27.07.2023 година и истата ќе се разгледа на една од наредните владини седници, информираа од Владата за МИА, од каде дополнуваат дека јавноста ќе биде навремено известена кога ќе биде донесена одлуката.

Директорот на Волковија, Даниел Антовски, во изјава за МИА денеска рече дека децата од ВПД, наместо прв училишен час, во моментов се на еднодневна екскурзија во Охрид, а додека се донесат законските измени, тие се во преговори за онлајн настава преку проект финансиран од УНИЦЕФ.

[caption id="" align="alignnone" width="1080"] (фото: МИА)[/caption]

Во информацијата до Владата на Република Македонија, Народниот правобранител наведува дека очекува Владата сериозно да ја разгледа оваа Информација и да се изнајде привремено, соодветно решение за непречено образование на децата/младите од ВПД Волковија, Тетово, до евентуално донесување на предложените законски измени, односно воспоставување на формален образовен процес и континуитет на истиот за штитениците во ВПД Тетово.

Дисконтинуитетот во образованието за штитениците во ВПД-Тетово, каде се сместуваат машки деца кои дошле во судир со законот, не е новина, а истото важи и за женските деца, кои се сместуваат во Идризово.

Во серијата стории, кои МИА и „Само Прашај“ ги објавија за состојбата во домот констатирано е дека штитениците во Волковија имаа прекин во образованието во повеќе наврати.

Станува збор за основно образование на повозрасна група деца, кои од различни причини пред да се упатат во домот не успеале да го завршат задолжителното основно образование.

Во ВПД-Тетово се упатуваат деца кои се судриле со законот на возраст од 14 до 21 година, поради тоа што и нивното образование мора да се прилагоди на возраста, како и на степенот на подготвеност кој го имаат.

[caption id="" align="alignnone" width="1080"] (фото: МИА)[/caption]

Основното образование за штитениците во Волковија своевремено се спроведуваше преку проект на Министерството за образование и наука и УНДП, пракса, која се применува изминативе години. Решението е ад-хок, од година за година, процесот е непостојан, а по завршувањето на школската година тие деца не добиваат класични дипломи, туку потврди за завршен одреден степен на образование, кои немаат важност на јавна исправа. За трајно решавање на овој проблем потребни беа законски измени.

Правото на образование е уставно загарантирано право. Членот 44 од Уставот пропишува дека секој има право на образование. Образованието е достапно за сите под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно. Согласно Законот за средно образование, средното образование е задолжително за секој граѓанин, под еднакви услови, утврдено со овој закон, нагласи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која, исто така, утврди директна продолжена дискриминација во пристапот до задолжително образование од страна на Министерството за образование и наука кон децата на кои им е изречена мерка „упатување во Воспитно-поправен дом“.

Според Правобранителот, ваквата состојба, која ја образложи и во својата информација до Владата, е загрижувачка, и претставува повреда на правото на образование за кое МИА веќе подолго време пишува и бара одговорност од надлежните институции.

The post Учебната година не почна за децата упатени во воспитно-поправен дом appeared first on Република.

]]>

Учебната година за децата во Воспитно-поправниот дом Волковија-Тетово не започна денеска, откако Владата на прашањето на МИА до каде е постапувањето по барањето на Народниот правобранител кој бара без одлагање да се преземат мерки со цел да се задолжи надлежното министерство и образовните институции, на заедничка средба да го разгледаат прашањето за образование во Воспитно-поправните домови, одговори дека тоа ќе се разгледува на некоја од наредните седници.
Информацијата со предлог за преземање мерки испратена од страна на Народен правобранител е доставенa до Владата на 27.07.2023 година и истата ќе се разгледа на една од наредните владини седници, информираа од Владата за МИА, од каде дополнуваат дека јавноста ќе биде навремено известена кога ќе биде донесена одлуката.
Директорот на Волковија, Даниел Антовски, во изјава за МИА денеска рече дека децата од ВПД, наместо прв училишен час, во моментов се на еднодневна екскурзија во Охрид, а додека се донесат законските измени, тие се во преговори за онлајн настава преку проект финансиран од УНИЦЕФ. [caption id="" align="alignnone" width="1080"] (фото: МИА)[/caption] Во информацијата до Владата на Република Македонија, Народниот правобранител наведува дека очекува Владата сериозно да ја разгледа оваа Информација и да се изнајде привремено, соодветно решение за непречено образование на децата/младите од ВПД Волковија, Тетово, до евентуално донесување на предложените законски измени, односно воспоставување на формален образовен процес и континуитет на истиот за штитениците во ВПД Тетово. Дисконтинуитетот во образованието за штитениците во ВПД-Тетово, каде се сместуваат машки деца кои дошле во судир со законот, не е новина, а истото важи и за женските деца, кои се сместуваат во Идризово. Во серијата стории, кои МИА и „Само Прашај“ ги објавија за состојбата во домот констатирано е дека штитениците во Волковија имаа прекин во образованието во повеќе наврати. Станува збор за основно образование на повозрасна група деца, кои од различни причини пред да се упатат во домот не успеале да го завршат задолжителното основно образование. Во ВПД-Тетово се упатуваат деца кои се судриле со законот на возраст од 14 до 21 година, поради тоа што и нивното образование мора да се прилагоди на возраста, како и на степенот на подготвеност кој го имаат. [caption id="" align="alignnone" width="1080"] (фото: МИА)[/caption] Основното образование за штитениците во Волковија своевремено се спроведуваше преку проект на Министерството за образование и наука и УНДП, пракса, која се применува изминативе години. Решението е ад-хок, од година за година, процесот е непостојан, а по завршувањето на школската година тие деца не добиваат класични дипломи, туку потврди за завршен одреден степен на образование, кои немаат важност на јавна исправа. За трајно решавање на овој проблем потребни беа законски измени.
Правото на образование е уставно загарантирано право. Членот 44 од Уставот пропишува дека секој има право на образование. Образованието е достапно за сите под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно. Согласно Законот за средно образование, средното образование е задолжително за секој граѓанин, под еднакви услови, утврдено со овој закон, нагласи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која, исто така, утврди директна продолжена дискриминација во пристапот до задолжително образование од страна на Министерството за образование и наука кон децата на кои им е изречена мерка „упатување во Воспитно-поправен дом“.
Според Правобранителот, ваквата состојба, која ја образложи и во својата информација до Владата, е загрижувачка, и претставува повреда на правото на образование за кое МИА веќе подолго време пишува и бара одговорност од надлежните институции.

The post Учебната година не почна за децата упатени во воспитно-поправен дом appeared first on Република.

]]>
Малолетниците од воспитно-поправниот дом Волковија оставени без образование повеќе од еден месец https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maloletnicite-od-vospitno-popravniot-dom-volkovija-ostaveni-bez-obrazovanie-povekje-od-eden-mesec/ Sun, 20 Nov 2022 08:49:29 +0000 https://republika.mk/?p=576012

Помина повеќе од еден месец откако е прекинат образовниот процес за малолетниците кои се на издржување мерка во воспитно-поправниот дом во тетовска Волковија и нема најава кога ќе продолжи. До 10 октомври имаше образование кое што беше организирано од МОН и УНДП со склучен договор со средното училиште „Макаренко“ од Скопје.

Проектот заврши и прекинаа договорите на наставниците кои ја изведуваат наставата во нашиов дом. Сега сме во контакт со министерот бидејќи образованието треба да биде организирано од Министерството за образование. Ние како институција сме должни да обезбедиме само услови за да се одвива образованието. Се работи на некои точки, членови од законот за возрасни, треба да бидат променети да тимски да се реши проблемов во нашава институција со образованието. Односно да има основно образование, основно училиште да има во самата институција да биде тука да не доаѓаат наставници од надворешни училишта и се надевам дека наскоро тој проблем системски ќе биде решен и ќе бидеме целосно покриени со образование, вели директорот Даниел Антовски.

Вработените во домот уверуваат дека додека се чека да продолжи образовниот процес продолжуваат обидите на воспитувачите да направат успешна ресоцијализација на малолетниците. Според нив во домот има солидни услови кои може да доведат до успешна социјализација на децата.

За да биде успешна ресоцијализацијата потребно е и постпеналниот прифат да биде соодветен. Треба да бидат вклучени Центрите за социјална работа најповеќе, судот исто може да има влијание. Ние шест месечните извештаи што ги праќаме за секое дете, ги праќаме до Судот и до центарот. Судот е информиран за превоспитниот период за секое дете за тие шест месеци и исто така и центарот. Ние три месеци пред отпуштање на секое дете имаме соработка со Центрите за да тие најдат начин да му помогнат на семејството, изјави Снежана Трајановска, воспитувач во одделението за третман.

Од МИА разговарале со штитеник во домот кој има 19 години, а издржува мерка над две години, односно досега 25 месеци. Со тоа што бил вклучен во обуките за занаети, вели дека почувствувал промена во животот и смета дека е подготвен за нормално функционирање во иднина.

Од самиот почеток сум остручен како водоинсталатер, ова ми е плус како хоби работа на изработки од дрво. Во домот ги имаме сите услови, многу работиме одработивме. Имаме направени летниковци, клупи, маси, столови, се што има во склопот на домот го имаме самите направено со подршка на вработените. Чувствувам голема промена кај мене, дека сум многу повеќе ресоцијализиран за разлика од кога дојдов. Стекнав работни навики, вклучен сум повеќе пати во семинари, како застапник за правда на децата, Мислам дека сум спремен за понатаму кога ќе искочам да си најдам ново работно место и да продолжам со нормален живот, вели младиот човек.

МИА во текот на 2022 објави серијал на стории со кои постојано ја следи состојбата во однос на образованието на малолетниците. Преку сториите, „Децата упатени во Воспитно-поправен дом лишени од задолжителното образование“, „Антоски за МИА: Очекуваме наставата за штитениците во ВПД-Тетово да почне месецов“, „Со доследно применување на Законот за правда на деца до намалување на деликвенцијата“, „Образованието на децата во Воспитно-поправен дом бара системско решение“, „Една година „воспитување“ без образование за штитениците во ВПД, се очекува процесот да продолжи во септември“ и „За иста мерка, момчињата во Воспитно-поправен дом, девојчињата во затвор“, МИА откри дека во воспитно-поправните установи во земјава нема образовен процес веќе цела година иако, според закон, е задолжителен, и дека девојчињата кои ја издржуваат оваа мерка, за разлика од момчињата, се сместени во несоодветни услови во адаптирана соба во ходник во рамките на КПУ Идризово.

Образованието на овие ученици по едногодишната пауза во јуни 2022 година повторно почна да се одвива, но беше прекинато на 10 октомври.

The post Малолетниците од воспитно-поправниот дом Волковија оставени без образование повеќе од еден месец appeared first on Република.

]]>

Помина повеќе од еден месец откако е прекинат образовниот процес за малолетниците кои се на издржување мерка во воспитно-поправниот дом во тетовска Волковија и нема најава кога ќе продолжи. До 10 октомври имаше образование кое што беше организирано од МОН и УНДП со склучен договор со средното училиште „Макаренко“ од Скопје.
Проектот заврши и прекинаа договорите на наставниците кои ја изведуваат наставата во нашиов дом. Сега сме во контакт со министерот бидејќи образованието треба да биде организирано од Министерството за образование. Ние како институција сме должни да обезбедиме само услови за да се одвива образованието. Се работи на некои точки, членови од законот за возрасни, треба да бидат променети да тимски да се реши проблемов во нашава институција со образованието. Односно да има основно образование, основно училиште да има во самата институција да биде тука да не доаѓаат наставници од надворешни училишта и се надевам дека наскоро тој проблем системски ќе биде решен и ќе бидеме целосно покриени со образование, вели директорот Даниел Антовски.
Вработените во домот уверуваат дека додека се чека да продолжи образовниот процес продолжуваат обидите на воспитувачите да направат успешна ресоцијализација на малолетниците. Според нив во домот има солидни услови кои може да доведат до успешна социјализација на децата.
За да биде успешна ресоцијализацијата потребно е и постпеналниот прифат да биде соодветен. Треба да бидат вклучени Центрите за социјална работа најповеќе, судот исто може да има влијание. Ние шест месечните извештаи што ги праќаме за секое дете, ги праќаме до Судот и до центарот. Судот е информиран за превоспитниот период за секое дете за тие шест месеци и исто така и центарот. Ние три месеци пред отпуштање на секое дете имаме соработка со Центрите за да тие најдат начин да му помогнат на семејството, изјави Снежана Трајановска, воспитувач во одделението за третман.
Од МИА разговарале со штитеник во домот кој има 19 години, а издржува мерка над две години, односно досега 25 месеци. Со тоа што бил вклучен во обуките за занаети, вели дека почувствувал промена во животот и смета дека е подготвен за нормално функционирање во иднина.
Од самиот почеток сум остручен како водоинсталатер, ова ми е плус како хоби работа на изработки од дрво. Во домот ги имаме сите услови, многу работиме одработивме. Имаме направени летниковци, клупи, маси, столови, се што има во склопот на домот го имаме самите направено со подршка на вработените. Чувствувам голема промена кај мене, дека сум многу повеќе ресоцијализиран за разлика од кога дојдов. Стекнав работни навики, вклучен сум повеќе пати во семинари, како застапник за правда на децата, Мислам дека сум спремен за понатаму кога ќе искочам да си најдам ново работно место и да продолжам со нормален живот, вели младиот човек.
МИА во текот на 2022 објави серијал на стории со кои постојано ја следи состојбата во однос на образованието на малолетниците. Преку сториите, „Децата упатени во Воспитно-поправен дом лишени од задолжителното образование“, „Антоски за МИА: Очекуваме наставата за штитениците во ВПД-Тетово да почне месецов“, „Со доследно применување на Законот за правда на деца до намалување на деликвенцијата“, „Образованието на децата во Воспитно-поправен дом бара системско решение“, „Една година „воспитување“ без образование за штитениците во ВПД, се очекува процесот да продолжи во септември“ и „За иста мерка, момчињата во Воспитно-поправен дом, девојчињата во затвор“, МИА откри дека во воспитно-поправните установи во земјава нема образовен процес веќе цела година иако, според закон, е задолжителен, и дека девојчињата кои ја издржуваат оваа мерка, за разлика од момчињата, се сместени во несоодветни услови во адаптирана соба во ходник во рамките на КПУ Идризово. Образованието на овие ученици по едногодишната пауза во јуни 2022 година повторно почна да се одвива, но беше прекинато на 10 октомври.

The post Малолетниците од воспитно-поправниот дом Волковија оставени без образование повеќе од еден месец appeared first on Република.

]]>