вооружување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vooruzuvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Apr 2024 14:31:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вооружување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vooruzuvanje/ 32 32 Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-i-germanija-potpishaa-dogovor-za-zaednichki-proekt-za-vooruzhuvane/ Fri, 26 Apr 2024 14:31:20 +0000 https://republika.mk/?p=771467

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк.

The post Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување appeared first on Република.

]]>

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација. Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија. Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк.

The post Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување appeared first on Република.

]]>
Блумберг: На САД и сојзуниците им се потребни 10 трилиони долари за повторно вооружување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blumberg-na-sad-i-sojzunitsite-im-se-potrebni-10-trilioni-dolari-za-povtorno-vooruzhuvane/ Tue, 16 Apr 2024 14:51:53 +0000 https://republika.mk/?p=766469

САД и нивните сојузници се соочуваат со пресметка од 10 трилиони долари во трката за повторно вооружување, пишува „Блумберг“.

Според изданието, земјите од Г7, вклучувајќи ги САД, Обединетото Кралство, Франција и Германија, можеби ќе треба да инвестираат дополнителни до 10 трилиони долари во одбраната во следните десет години за да ги зголемат трошоците за одбрана на 4% од БДП. Ова ниво е споредливо со она од ерата на Студената војна и значително повисоко од тековните расходи.

Финансиски импликации

Зголемувањето на трошоците за одбрана на 4% од БДП претставува значителен финансиски товар. На пример, ако трошоците за одбрана на САД се околу 3,3% од БДП, нивното зголемување на 4% би барало дополнителни инвестиции и би резултирало со зголемување на нејзиниот удел во федералниот буџет на приближно 16,7%. Во Германија, каде што трошоците за одбрана традиционално се пониски, слично зголемување би значело дека тоа би претставувало околу 10% од федералниот буџет.

Таквото зголемување на трошоците за одбрана неизбежно ќе изврши притисок врз државните буџети, потенцијално влијаејќи на финансирањето на другите критични сектори како здравството, образованието и социјалната сигурност. Како што анализира „Блумберг“, зголемувањето на воените трошоци може да доведе до преиспитување на даночната политика, потенцијални даночни зголемувања или кратења на други важни програми.

The post Блумберг: На САД и сојзуниците им се потребни 10 трилиони долари за повторно вооружување appeared first on Република.

]]>

САД и нивните сојузници се соочуваат со пресметка од 10 трилиони долари во трката за повторно вооружување, пишува „Блумберг“. Според изданието, земјите од Г7, вклучувајќи ги САД, Обединетото Кралство, Франција и Германија, можеби ќе треба да инвестираат дополнителни до 10 трилиони долари во одбраната во следните десет години за да ги зголемат трошоците за одбрана на 4% од БДП. Ова ниво е споредливо со она од ерата на Студената војна и значително повисоко од тековните расходи.

Финансиски импликации

Зголемувањето на трошоците за одбрана на 4% од БДП претставува значителен финансиски товар. На пример, ако трошоците за одбрана на САД се околу 3,3% од БДП, нивното зголемување на 4% би барало дополнителни инвестиции и би резултирало со зголемување на нејзиниот удел во федералниот буџет на приближно 16,7%. Во Германија, каде што трошоците за одбрана традиционално се пониски, слично зголемување би значело дека тоа би претставувало околу 10% од федералниот буџет. Таквото зголемување на трошоците за одбрана неизбежно ќе изврши притисок врз државните буџети, потенцијално влијаејќи на финансирањето на другите критични сектори како здравството, образованието и социјалната сигурност. Како што анализира „Блумберг“, зголемувањето на воените трошоци може да доведе до преиспитување на даночната политика, потенцијални даночни зголемувања или кратења на други важни програми.

The post Блумберг: На САД и сојзуниците им се потребни 10 трилиони долари за повторно вооружување appeared first on Република.

]]>
Овој човек сака атомска бомба: Како САД и Израел можат да му помогнат и зошто на тоа се противи политичар родум од Нови Сад? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ovoj-chovek-saka-atomska-bomba-kako-sad-i-izrael-mozhat-da-mu-pomognat-i-zoshto-na-toa-se-protivi-politichar-rodum-od-novi-sad/ Thu, 21 Sep 2023 10:23:41 +0000 https://republika.mk/?p=683732

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман предупреди дека ако Иран се здобие со нуклеарно оружје, Саудиска Арабија ќе го стори истото.

Ако Иран добие нуклеарно оружје, и ние мора да го добиеме, изјави саудискиот принц за Фокс њуз во интервју емитувано вчера.

Иран негира дека сака нуклеарно оружје, пренесува Индекс.

Врските меѓу Ријад и Техеран се подобрија по договорот во март, со посредство на Кина, за повторно воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји по седум години без формални врски.

Бин Салман рече дека Иран е сериозен во напорите за помирување со Саудиска Арабија.

Разговарајќи за напорите за нормализирање на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел, принцот изрази оптимизам за постигнатиот напредок, велејќи: „Секој ден се приближуваме“.

Тој негираше дека се прекинати преговорите со Израел со посредство на САД.

Зборувајќи за важноста на палестинското прашање во контекст на нормализацијата на односите со Израел, тој рече: Палестинското прашање е многу важно за нас. Мораме да го решиме тој дел. Мораме да видиме во која насока оди прашањето. Се надеваме дека ќе им го олесниме животот на Палестинците, ќе го добиеме Израел како играч на Блискиот Исток, додаде тој.

Администрацијата на Бајден активно работи на дипломатска нормализација на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел.

Тие сакаат да постигнат нешто слично на т.н Договори на Абрахам – Серија договори за нормализација со посредство на САД во 2020 година меѓу Израел и четири арапски држави за време на администрацијата на Трамп.

Пред да се согласи на каков било договор, Саудиска Арабија бара формирање на независна палестинска држава и други отстапки од Израел за Палестинците.

Тајмс од Израел наведува дека противење на планот нешто такво да се случи нема само во САД, туку и во Израел.

Весникот потсетува дека минатиот месец Јаир Лапид, поранешен израелски премиер и шеф на дипломатијата, кој сега е на чело на опозицијата, рекол дека тој договор во овој момент ја загрозува безбедноста на Израел и регионот.

Не смееме на Саудиска Арабија да и овозможимена било кое ниво на збогатен ураниум - рекол Лапид.

Овој израелски политичар е син на Јосеф Томи Лапид, некогашен вицепремиер и министер за одбрана на Израел, кој е роден како Томислав Лампел 1931 во Нови Сад, а после Втората светска војна се одселил во Израел.

The post Овој човек сака атомска бомба: Како САД и Израел можат да му помогнат и зошто на тоа се противи политичар родум од Нови Сад? appeared first on Република.

]]>

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман предупреди дека ако Иран се здобие со нуклеарно оружје, Саудиска Арабија ќе го стори истото. Ако Иран добие нуклеарно оружје, и ние мора да го добиеме, изјави саудискиот принц за Фокс њуз во интервју емитувано вчера. Иран негира дека сака нуклеарно оружје, пренесува Индекс. Врските меѓу Ријад и Техеран се подобрија по договорот во март, со посредство на Кина, за повторно воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји по седум години без формални врски. Бин Салман рече дека Иран е сериозен во напорите за помирување со Саудиска Арабија. Разговарајќи за напорите за нормализирање на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел, принцот изрази оптимизам за постигнатиот напредок, велејќи: „Секој ден се приближуваме“. Тој негираше дека се прекинати преговорите со Израел со посредство на САД. Зборувајќи за важноста на палестинското прашање во контекст на нормализацијата на односите со Израел, тој рече: Палестинското прашање е многу важно за нас. Мораме да го решиме тој дел. Мораме да видиме во која насока оди прашањето. Се надеваме дека ќе им го олесниме животот на Палестинците, ќе го добиеме Израел како играч на Блискиот Исток, додаде тој. Администрацијата на Бајден активно работи на дипломатска нормализација на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел. Тие сакаат да постигнат нешто слично на т.н Договори на Абрахам – Серија договори за нормализација со посредство на САД во 2020 година меѓу Израел и четири арапски држави за време на администрацијата на Трамп. Пред да се согласи на каков било договор, Саудиска Арабија бара формирање на независна палестинска држава и други отстапки од Израел за Палестинците. Тајмс од Израел наведува дека противење на планот нешто такво да се случи нема само во САД, туку и во Израел. Весникот потсетува дека минатиот месец Јаир Лапид, поранешен израелски премиер и шеф на дипломатијата, кој сега е на чело на опозицијата, рекол дека тој договор во овој момент ја загрозува безбедноста на Израел и регионот. Не смееме на Саудиска Арабија да и овозможимена било кое ниво на збогатен ураниум - рекол Лапид. Овој израелски политичар е син на Јосеф Томи Лапид, некогашен вицепремиер и министер за одбрана на Израел, кој е роден како Томислав Лампел 1931 во Нови Сад, а после Втората светска војна се одселил во Израел.

The post Овој човек сака атомска бомба: Како САД и Израел можат да му помогнат и зошто на тоа се противи политичар родум од Нови Сад? appeared first on Република.

]]>
Медведев: Ако глупавите лидери на НАТО ја прифатат Украина, Киев нема да се откаже од обидот да ги врати териториите, а Русија ќе мора жестоко да одговори со сите можни средства https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-ako-glupavite-lideri-na-nato-ja-prifatat-ukraina-kiev-nema-da-se-otkazhe-od-obidot-da-gi-vrati-teritoriite-a-rusija-ke-mora-zhestoko-da-odgovori-so-site-mozhni-sredstva/ Thu, 18 May 2023 10:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=642247

Ако глупавите лидери на НАТО ја прифатат Украина, Киев нема да се откаже од обидот да ги врати териториите, а Русија ќе мора жестоко да одговори со сите можни средства, изјави потпретседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, коментирајќи го предлогот на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, Украина да влезе во алијансата.

„Кисинџер повика Украина да биде примена во НАТО. По десет дена, тој ќе наполни 100 години, а се сретна и со Брежњев. Меѓутоа, тука целосно згреши. Тој го нарече конфликтот меѓу САД и Кина главна закана за човештвото“, напиша Медведев на „Телеграм“.

Медведев посочи дека отсекогаш верувал оти за правилна процена на ситуацијата е важно да се има предвид не хипотетичка, туку директна и очигледна закана.

„Замислете, Украина да е прифатена во НАТО од сегашните глупави лидери. Како прво, НАТО веќе води хибридна војна со нашата земја. Второ, украинскиот националистички режим нема да се откаже од обидот да ги врати изгубените територии. Трето, на ова ќе треба силно да одговориме со сите можни средства и на крајот еве го членот 5 од Вашингтонскиот договор“, нагласи тој.

Суптилните аргументи за спречување егзистенцијални закани, според Медведев, не функционираат за време на крвави конфликти, а тоа треба да им биде јасно, дури и на стогодишниците.

The post Медведев: Ако глупавите лидери на НАТО ја прифатат Украина, Киев нема да се откаже од обидот да ги врати териториите, а Русија ќе мора жестоко да одговори со сите можни средства appeared first on Република.

]]>

Ако глупавите лидери на НАТО ја прифатат Украина, Киев нема да се откаже од обидот да ги врати териториите, а Русија ќе мора жестоко да одговори со сите можни средства, изјави потпретседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, коментирајќи го предлогот на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, Украина да влезе во алијансата.
„Кисинџер повика Украина да биде примена во НАТО. По десет дена, тој ќе наполни 100 години, а се сретна и со Брежњев. Меѓутоа, тука целосно згреши. Тој го нарече конфликтот меѓу САД и Кина главна закана за човештвото“, напиша Медведев на „Телеграм“. Медведев посочи дека отсекогаш верувал оти за правилна процена на ситуацијата е важно да се има предвид не хипотетичка, туку директна и очигледна закана. „Замислете, Украина да е прифатена во НАТО од сегашните глупави лидери. Како прво, НАТО веќе води хибридна војна со нашата земја. Второ, украинскиот националистички режим нема да се откаже од обидот да ги врати изгубените територии. Трето, на ова ќе треба силно да одговориме со сите можни средства и на крајот еве го членот 5 од Вашингтонскиот договор“, нагласи тој. Суптилните аргументи за спречување егзистенцијални закани, според Медведев, не функционираат за време на крвави конфликти, а тоа треба да им биде јасно, дури и на стогодишниците.

The post Медведев: Ако глупавите лидери на НАТО ја прифатат Украина, Киев нема да се откаже од обидот да ги врати териториите, а Русија ќе мора жестоко да одговори со сите можни средства appeared first on Република.

]]>
Кисинџер: Ние ја вооруживме Украина до тој степен што ќе стане најдобро вооружената земја и со најнеискусното раководство во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kisindher-nie-ja-vooruzhivme-ukraina-do-toj-stepen-shto-ke-stane-najdobro-vooruzhenata-zemja-i-so-najneiskusnoto-rakovodstvo-vo-evropa/ Thu, 18 May 2023 10:53:25 +0000 https://republika.mk/?p=642242

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер изјави дека Украина треба да биде примена во НАТО бидејќи станува земја со најдоброто оружје во Европа и најнеискусно раководство.

Она што Европејците го зборуваат сега е неверојатно опасно. Тие велат дека не ги сакаат Украинците во НАТО бидејќи се премногу ризични, но дека добро ќе ги вооружат и ќе им го дадат најдоброто оружје. Ние ја вооруживме Украина до тој степен што ќе стане најдобро вооружената земја и со најнеискусното раководство во Европа“, изјави Кисинџер во интервју за „Економист“.

The post Кисинџер: Ние ја вооруживме Украина до тој степен што ќе стане најдобро вооружената земја и со најнеискусното раководство во Европа appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер изјави дека Украина треба да биде примена во НАТО бидејќи станува земја со најдоброто оружје во Европа и најнеискусно раководство.
Она што Европејците го зборуваат сега е неверојатно опасно. Тие велат дека не ги сакаат Украинците во НАТО бидејќи се премногу ризични, но дека добро ќе ги вооружат и ќе им го дадат најдоброто оружје. Ние ја вооруживме Украина до тој степен што ќе стане најдобро вооружената земја и со најнеискусното раководство во Европа“, изјави Кисинџер во интервју за „Економист“.

The post Кисинџер: Ние ја вооруживме Украина до тој степен што ќе стане најдобро вооружената земја и со најнеискусното раководство во Европа appeared first on Република.

]]>
Медведев: Понатамошното вооружување на Украина нѐ носи поблиску до нуклеарна апокалипса https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-ponatamoshnoto-vooruzhuvane-na-ukraina-n-nosi-poblisku-do-nuklearna-apokalipsa/ Thu, 23 Mar 2023 09:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=622761

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека опасноста од нуклеарен конфликт е зголемена и дека секоја нова испорака на странско оружје во Украина го приближува светот до „нуклеарна апокалипса“.

– Дали заканата од нуклеарен конфликт исчезна? Не, не е. Се зголеми – изјави Медведев во интервју за руските медиуми, вклучително и за агенцијата ТАС С.

– Секој ден кога се испраќа странско оружје во Украина на крајот ќе ја приближи таа нуклеарна апокалипса – предупреди рускиот политичар.

Медведев смета дека Украина е дел од Русија, иако од геополитички и историски причини, како што рече, рускиот народ е поделен со вештачки граници.

Тој вели и дека Москва не може да дозволи Киев да стане членка на НАТО и во тој случај да започне опсежна операција против Русија под покровителство на Северноатлантската воена алијанса.

Москва се обиде да разбере како е можно членството на Украина во НАТО за Западот, имајќи предвид дека „Украина има свој комплекс за нуклеарно оружје“, рече Медведев и посочи дека тогаш Русија ќе мора да се соочи со соседот кој „не е само членка. на непријателскиот блок, но и планирање на производство на нуклеарно оружје“.

Дополнително, Медведев изјави за руските медиуми дека Западот ќе се меша во претседателските избори во Русија во 2024 година, „како што секогаш правеле“ од распадот на Советскиот Сојуз.

The post Медведев: Понатамошното вооружување на Украина нѐ носи поблиску до нуклеарна апокалипса appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека опасноста од нуклеарен конфликт е зголемена и дека секоја нова испорака на странско оружје во Украина го приближува светот до „нуклеарна апокалипса“. – Дали заканата од нуклеарен конфликт исчезна? Не, не е. Се зголеми – изјави Медведев во интервју за руските медиуми, вклучително и за агенцијата ТАС С. – Секој ден кога се испраќа странско оружје во Украина на крајот ќе ја приближи таа нуклеарна апокалипса – предупреди рускиот политичар. Медведев смета дека Украина е дел од Русија, иако од геополитички и историски причини, како што рече, рускиот народ е поделен со вештачки граници. Тој вели и дека Москва не може да дозволи Киев да стане членка на НАТО и во тој случај да започне опсежна операција против Русија под покровителство на Северноатлантската воена алијанса. Москва се обиде да разбере како е можно членството на Украина во НАТО за Западот, имајќи предвид дека „Украина има свој комплекс за нуклеарно оружје“, рече Медведев и посочи дека тогаш Русија ќе мора да се соочи со соседот кој „не е само членка. на непријателскиот блок, но и планирање на производство на нуклеарно оружје“. Дополнително, Медведев изјави за руските медиуми дека Западот ќе се меша во претседателските избори во Русија во 2024 година, „како што секогаш правеле“ од распадот на Советскиот Сојуз.

The post Медведев: Понатамошното вооружување на Украина нѐ носи поблиску до нуклеарна апокалипса appeared first on Република.

]]>
Вучиќ ќе ја вооружува српската армија „до заби“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-ke-ja-vooruzhuva-srpskata-armija-do-zabi/ Mon, 20 Feb 2023 10:36:35 +0000 https://republika.mk/?p=610997

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека „Армијата на Србија мора да биде многу посилна“ отколку што е денес и најави набавка на оружје за околу 300 милиони евра за следните две години.

Мораме да инвестираме огромни суми пари во одбранбената индустрија и армијата. Имав разговор со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за финансии Синиша Мали. Се трудиме да не оштетиме никого и ништо во земјата без драстично да ги зголемиме нашите оперативни и функционални способности, што значи борбена готовност – рече Вучиќ при посетата на меѓународниот саем за оружје во Абу Даби.

Тој изјави дека планот е во 2023 и 2024 година да се набават 200 парчиња тешко оружје од домашно производство за околу 300 милиони евра, јави Бета.

Вучиќ додаде дека Приштина има намера до крајот на годината да набави 100 оклопни возила, делумно од донации, што е „спротивно на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“.

The post Вучиќ ќе ја вооружува српската армија „до заби“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека „Армијата на Србија мора да биде многу посилна“ отколку што е денес и најави набавка на оружје за околу 300 милиони евра за следните две години.
Мораме да инвестираме огромни суми пари во одбранбената индустрија и армијата. Имав разговор со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за финансии Синиша Мали. Се трудиме да не оштетиме никого и ништо во земјата без драстично да ги зголемиме нашите оперативни и функционални способности, што значи борбена готовност – рече Вучиќ при посетата на меѓународниот саем за оружје во Абу Даби.
Тој изјави дека планот е во 2023 и 2024 година да се набават 200 парчиња тешко оружје од домашно производство за околу 300 милиони евра, јави Бета. Вучиќ додаде дека Приштина има намера до крајот на годината да набави 100 оклопни возила, делумно од донации, што е „спротивно на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“.

The post Вучиќ ќе ја вооружува српската армија „до заби“ appeared first on Република.

]]>
САД ќе ја вооружува Бугарија со оружје и опрема вредни 40 милиони долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sad-kje-ja-vooruzuva-bugarija-so-oruzje-i-oprema-vredni-40-milioni-dolari/ Fri, 07 Oct 2022 13:34:26 +0000 https://republika.mk/?p=558453

Американската амбасада во Софија соопшти дека Бугарија ќе добие 40 милиони долари дополнително воено финансирање откако ќе биде одобрено од Конгресот на САД.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, средствата се наменети за зајакнување на безбедноста на Бугарија. Финансирањето е дел од сеопфатниот пакет наменет за Украина и 17 нејзини соседни земји, вклучително и Бугарија.

Целта е да се зајакне безбедноста на оние земји кои можат да бидат жртви на потенцијална руска агресија.

Парите за Бугарија се наменети за модернизација на бугарските вооружени сили и за зајакнување на одбранбената способност на НАТО во балканскиот регион.

The post САД ќе ја вооружува Бугарија со оружје и опрема вредни 40 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Американската амбасада во Софија соопшти дека Бугарија ќе добие 40 милиони долари дополнително воено финансирање откако ќе биде одобрено од Конгресот на САД. Како што јави дописникот на МИА од Софија, средствата се наменети за зајакнување на безбедноста на Бугарија. Финансирањето е дел од сеопфатниот пакет наменет за Украина и 17 нејзини соседни земји, вклучително и Бугарија. Целта е да се зајакне безбедноста на оние земји кои можат да бидат жртви на потенцијална руска агресија. Парите за Бугарија се наменети за модернизација на бугарските вооружени сили и за зајакнување на одбранбената способност на НАТО во балканскиот регион.

The post САД ќе ја вооружува Бугарија со оружје и опрема вредни 40 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Чешкa од Гермнанија добива 15 тенкови Леопард 2А4 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cheshka-od-germnanija-dobiva-15-tenkovi-leopard-2a4/ Wed, 18 May 2022 15:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=503936

Чешка од Германија ќе добие 15 тенкови Леопард 2А4, а предвидено е и да почнат преговори за набавка на уште 50 тенкови Леопард 2А7 плус во следните години, изјави денеска чешката министерка за одбрана Јана Черночова.

Верувам дека благодарение на тоа нашата армија ќе биде посилна, а државата побезбедна, истакна  Черночова.

Чешката армија има 30 модернизирани тенкови Т-72М4ЦЗ и неколку десетици кои не се модернизирани.

Чешка веќе и испрати некои од своите немодернизирани тенкови на Украина, како и артилериско оружје, борбени возила, противвоздушна опрема и ракетни фрлачи.

The post Чешкa од Гермнанија добива 15 тенкови Леопард 2А4 appeared first on Република.

]]>

Чешка од Германија ќе добие 15 тенкови Леопард 2А4, а предвидено е и да почнат преговори за набавка на уште 50 тенкови Леопард 2А7 плус во следните години, изјави денеска чешката министерка за одбрана Јана Черночова. Верувам дека благодарение на тоа нашата армија ќе биде посилна, а државата побезбедна, истакна  Черночова. Чешката армија има 30 модернизирани тенкови Т-72М4ЦЗ и неколку десетици кои не се модернизирани. Чешка веќе и испрати некои од своите немодернизирани тенкови на Украина, како и артилериско оружје, борбени возила, противвоздушна опрема и ракетни фрлачи.

The post Чешкa од Гермнанија добива 15 тенкови Леопард 2А4 appeared first on Република.

]]>
ЕУ вложува дополнителни 200 милијарди евра во одбранбените сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-vlozuva-dopolnitelni-200-milijardi-evra-vo-odbranbenite-sili/ Wed, 18 May 2022 14:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=503923

Европската комисија денеска усвои план за зајакнување на одбраната на Унијата, што ќе вклучува инвестиции од 200 милијарди евра, како и заеднички набавки и подобра интероперабилност на воените сили на земјите членки.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека враќањето на „војната на европскиот континент“ ја нагласи потребата од поголеми, но и покоординирани инвестиции во одбранбените сили на ЕУ.

Парите мора да се инвестираат координирано за да се решат празнините во нашите воени капацитети што очигледно постојат и кои ги идентификувавме во ЕУ и НАТО. Начинот на кој ги трошиме мора да ја зајакне европската одбранбена индустрија на долг рок. Бараме заедничка набавка, што ќе ја зајакнува интероперабилноста на воените сили на земјите членки. Тоа е финансиски поисплатливо и ја зајакнува индустриската база во ЕУ и нашиот иновативен сектор, рече Лајен.

Шефицата на ЕК најави формирање на работна група за координирање на „огромните набавки потребни за одбраната“, како и финансиски инструменти за заеднички набавки што ќе придонесат за дополнителни заеднички инвестиции во она што земјите членки поединечно го издвојуваат за одбранбениот сектор.

The post ЕУ вложува дополнителни 200 милијарди евра во одбранбените сили appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска усвои план за зајакнување на одбраната на Унијата, што ќе вклучува инвестиции од 200 милијарди евра, како и заеднички набавки и подобра интероперабилност на воените сили на земјите членки. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека враќањето на „војната на европскиот континент“ ја нагласи потребата од поголеми, но и покоординирани инвестиции во одбранбените сили на ЕУ.
Парите мора да се инвестираат координирано за да се решат празнините во нашите воени капацитети што очигледно постојат и кои ги идентификувавме во ЕУ и НАТО. Начинот на кој ги трошиме мора да ја зајакне европската одбранбена индустрија на долг рок. Бараме заедничка набавка, што ќе ја зајакнува интероперабилноста на воените сили на земјите членки. Тоа е финансиски поисплатливо и ја зајакнува индустриската база во ЕУ и нашиот иновативен сектор, рече Лајен.
Шефицата на ЕК најави формирање на работна група за координирање на „огромните набавки потребни за одбраната“, како и финансиски инструменти за заеднички набавки што ќе придонесат за дополнителни заеднички инвестиции во она што земјите членки поединечно го издвојуваат за одбранбениот сектор.

The post ЕУ вложува дополнителни 200 милијарди евра во одбранбените сили appeared first on Република.

]]>
Британците негираат дека го вооружуваат Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britancite-negiraat-deka-go-vooruzuvaat-kosovo/ Tue, 19 Apr 2022 12:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=490534

Целосно измислени тврдења за извоз на оружје од Обединетото Кралство на Косово се појавија во некои белградски медиуми, соопштија денеска за ФоНет од британската амбасада во Србија.

Во овие наводи нема трошка вистина, посочуваат во Амбасадата и ги повикуваат сите медиуми да ги проверат фактите и да спречат ширење на дезинформации и лажни вести.

Амбасадата „љубезно ги повика“ и сите медиуми да ги проверат информациите што ги објавуваат за да се спречи ширење на дезинформации и лажни вести.

Некои дневни весници во Србија претходно објавија дека Обединетото Кралство веќе испорача 50 лесни противтенковски ракетни лансери NLAW на Косово, а се планираат и 20 проектили Javelin.

The post Британците негираат дека го вооружуваат Косово appeared first on Република.

]]>

Целосно измислени тврдења за извоз на оружје од Обединетото Кралство на Косово се појавија во некои белградски медиуми, соопштија денеска за ФоНет од британската амбасада во Србија. Во овие наводи нема трошка вистина, посочуваат во Амбасадата и ги повикуваат сите медиуми да ги проверат фактите и да спречат ширење на дезинформации и лажни вести. Амбасадата „љубезно ги повика“ и сите медиуми да ги проверат информациите што ги објавуваат за да се спречи ширење на дезинформации и лажни вести. Некои дневни весници во Србија претходно објавија дека Обединетото Кралство веќе испорача 50 лесни противтенковски ракетни лансери NLAW на Косово, а се планираат и 20 проектили Javelin.

The post Британците негираат дека го вооружуваат Косово appeared first on Република.

]]>
САД го вооружува Тајван, одобрена испорака вредна 95 милиони долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-go-vooruzuva-tajvan-odobrena-isporaka-vredna-95-milioni-dolari/ Wed, 06 Apr 2022 11:24:34 +0000 https://republika.mk/?p=484029

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на опрема, обука и други средства за поддршка на системите за воздушна одбрана „Патриот“ во Тајван. Набавката е вредна околу 95 милиони долари.

Пакетот ќе вклучува обука, планирање, поставување, распоредување, работа и одржување на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ и поврзаната опрема, се вели во известувањето на Пентагон до Конгресот.

Оваа предложена продажба им служи на националните, економските и безбедносните интереси на САД со поддршка на континуираните напори на примателот да ги модернизира своите вооружени сили и да одржи кредибилен одбранбен капацитет.

 

Предложената продажба ќе помогне да се обезбеди подготвеност за воздушни операции. Примачот ќе ја користи оваа способност како средство за одвраќање на регионалните закани и зајакнување на одбраната на татковината - се додава во соопштението.

Законот за односи со Тајван бара од Пентагон да ги поддржи напорите на Тајван да се заштити себеси, но не бара од американската војска да го брани Тајван доколку биде нападнат.

Претседателскиот кабинет на Тајван соопшти дека ова е трета најавена продажба на оружје откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата и ја покажа „цврстата“ природа на нивната врска.

Тајван ќе продолжи да ја демонстрира својата решеност да се брани и да го продлабочи кооперативното партнерство - соопштија од тајванскиот претседателски кабинет.

Тајванскиот министер за одбрана Киу Куо-ченг, претходно изјави дека кинеско-тајванските воени односи се најлоши во последните 40 години.

Во однос на Тајван, Кина не дозволува да се зборува на друг начин освен како дел од нејзината територија, иако Тајван се смета себеси за суверена држава, а стравувањата од кинеско преземање траат со години, пишува „Дејли мејл“.

The post САД го вооружува Тајван, одобрена испорака вредна 95 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на опрема, обука и други средства за поддршка на системите за воздушна одбрана „Патриот“ во Тајван. Набавката е вредна околу 95 милиони долари. Пакетот ќе вклучува обука, планирање, поставување, распоредување, работа и одржување на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ и поврзаната опрема, се вели во известувањето на Пентагон до Конгресот.
Оваа предложена продажба им служи на националните, економските и безбедносните интереси на САД со поддршка на континуираните напори на примателот да ги модернизира своите вооружени сили и да одржи кредибилен одбранбен капацитет.   Предложената продажба ќе помогне да се обезбеди подготвеност за воздушни операции. Примачот ќе ја користи оваа способност како средство за одвраќање на регионалните закани и зајакнување на одбраната на татковината - се додава во соопштението.
Законот за односи со Тајван бара од Пентагон да ги поддржи напорите на Тајван да се заштити себеси, но не бара од американската војска да го брани Тајван доколку биде нападнат. Претседателскиот кабинет на Тајван соопшти дека ова е трета најавена продажба на оружје откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата и ја покажа „цврстата“ природа на нивната врска.
Тајван ќе продолжи да ја демонстрира својата решеност да се брани и да го продлабочи кооперативното партнерство - соопштија од тајванскиот претседателски кабинет.
Тајванскиот министер за одбрана Киу Куо-ченг, претходно изјави дека кинеско-тајванските воени односи се најлоши во последните 40 години. Во однос на Тајван, Кина не дозволува да се зборува на друг начин освен како дел од нејзината територија, иако Тајван се смета себеси за суверена држава, а стравувањата од кинеско преземање траат со години, пишува „Дејли мејл“.

The post САД го вооружува Тајван, одобрена испорака вредна 95 милиони долари appeared first on Република.

]]>