вонземјани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vonzemjani/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Jan 2024 13:33:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вонземјани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vonzemjani/ 32 32 Овие бараат да смениме Устав: Бугарите во 1995 година пречекувале вонземјани на аеродром во Русе https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/ovie-baraat-da-smenime-ustav-bugarite-vo-1995-godina-prechekuvale-vonzemjani-na-aerodrom-vo-ruse/ Sun, 21 Jan 2024 14:14:52 +0000 https://republika.mk/?p=735163

Две жени од Бугарија, Здравка Крумова и Ратка Трифонова тврделе дека  воспоставиле контакт со вонземјани и дека во секој момент ќе слетаат на аеродромот во гратчето Русе. На 11 септември 1995 година цело Русе било на нозе да ги  пречекаат вонземјаните кои требало да и помогнат на Бугарија.

Сите гледале во небото а настанот се пренесувал во живо на бугарската телевизија.

Ратка комуницира со нив и чекаат да се исчисти пистата, да не летаат со авиони.Требаше да се појават во секој момент но пистата не е чиста-велела една од „повикувачките“ Здравка Крумова.

Радка исто била убедена дека вонземјаните ќе дојдат во Русе.

Се чека да се исчисти пистата и за дојдат да и помогнат на Бугарија, за спас на земјата и децата.Вистина, вера и љубов кон Бугарите.Бугарија да биде светла.Умот  на човекот не е загрозен од постапките.Увавите нешта се во бугарските зборови.Кој Бугарин ќе дојдеше на овој аеродром со таква  слаба психа-им изјавила на присутните Трифонова.

Двете жени на пристутните им покажувале карикатура на гостинот од „горе“.Тој се викал Вериус Григорис Мајал кој само што не слетал во Русе. Григориус бил министер во владата на вонземјаните.

Претседателот пак на платената Вестуми пак  се викал Алтивичу Коничи.И тој „тргнал“ накај Русе.

Кога вонземјаните не слетале во Русе Ратка и Цвета им рекле на собраните дека тие се виновни бидејќи не сплетиле венец за вонземјаните.

И ова  не е лажна вест што би рекле „вистиномерите“. Еве и видео од бугарската телевизија.

https://www.youtube.com/watch?v=n-Vws4V-Zd0&t=216s

 

The post Овие бараат да смениме Устав: Бугарите во 1995 година пречекувале вонземјани на аеродром во Русе appeared first on Република.

]]>

Две жени од Бугарија, Здравка Крумова и Ратка Трифонова тврделе дека  воспоставиле контакт со вонземјани и дека во секој момент ќе слетаат на аеродромот во гратчето Русе. На 11 септември 1995 година цело Русе било на нозе да ги  пречекаат вонземјаните кои требало да и помогнат на Бугарија. Сите гледале во небото а настанот се пренесувал во живо на бугарската телевизија.
Ратка комуницира со нив и чекаат да се исчисти пистата, да не летаат со авиони.Требаше да се појават во секој момент но пистата не е чиста-велела една од „повикувачките“ Здравка Крумова.
Радка исто била убедена дека вонземјаните ќе дојдат во Русе.
Се чека да се исчисти пистата и за дојдат да и помогнат на Бугарија, за спас на земјата и децата.Вистина, вера и љубов кон Бугарите.Бугарија да биде светла.Умот  на човекот не е загрозен од постапките.Увавите нешта се во бугарските зборови.Кој Бугарин ќе дојдеше на овој аеродром со таква  слаба психа-им изјавила на присутните Трифонова.
Двете жени на пристутните им покажувале карикатура на гостинот од „горе“.Тој се викал Вериус Григорис Мајал кој само што не слетал во Русе. Григориус бил министер во владата на вонземјаните. Претседателот пак на платената Вестуми пак  се викал Алтивичу Коничи.И тој „тргнал“ накај Русе. Кога вонземјаните не слетале во Русе Ратка и Цвета им рекле на собраните дека тие се виновни бидејќи не сплетиле венец за вонземјаните. И ова  не е лажна вест што би рекле „вистиномерите“. Еве и видео од бугарската телевизија. https://www.youtube.com/watch?v=n-Vws4V-Zd0&t=216s  

The post Овие бараат да смениме Устав: Бугарите во 1995 година пречекувале вонземјани на аеродром во Русе appeared first on Република.

]]>
Поранешен американски разузнавач: Време е да се каже вистината за вонземјаните, човештвото може да се носи со тоа https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/poraneshen-amerikanski-razuznavach-vreme-e-da-se-kazhe-vistinata-za-vonzemjanite-choveshtvoto-mozhe-da-se-nosi-so-toa/ Fri, 09 Jun 2023 13:25:56 +0000 https://republika.mk/?p=649657

Кристофер Мелон, поранешен американски разузнавач, ја повика федералната влада да објави информации за наводен проект за обратен инженеринг (процес на репродукција на технологија или производ, т.е. обратна анализа и истражување за да се одреди составот и компонентите, како се направени и функција, функционални карактеристики итн.) која вклучува неидентификувани летечки објекти (НЛО).

Мелон, поранешен заменик-помошник секретар за одбрана за разузнавање, кој е специјализиран за НЛО, напиша во авторски текст во изданието на Политико објавено во саботата дека добил извештаи оти владата се вклучила во „проект за обратен инженеринг“ во кој се вклучени НЛО. Тој ја повика владата да ги објави сите записи, пренесува Њузвик, кој не може самостојно да ги потврди извештаите.

Мелон наведува дека упатил четворица сведоци до Канцеларијата за решавање на аномалии на сите домени (AARO – канцеларија во рамките на Канцеларијата на секретарот за одбрана која истражува НЛО и други феномени во воздухот, морето, вселената и на копното) кои тврделе да има сознанија за тајна владина програма „која вклучува анализа и експлоатација на материјали пронајдени од несветски (земјени) летечки објекти“, и дека бил контактиран од други извори за „наводна тајна програма за обратно инженерство на американската влада“.

Тој наведува голем број причини зошто смета дека сите информации за овие наводни проекти треба да бидат јавни. Мелон посочува дека Американците „имаат право да ја знаат вистината“ за тоа дали владата има проекти за обратно инженерство на НЛО и дека луѓето „можат да се носат“ со какви било информации за вонземјани.

Откривањето на таквите информации, исто така, може да им помогне на глобалните лидери „да развијат ефективно одвраќање“ против напад, напиша тој, истакнувајќи дека нема знаци на „агресија“.

Мелон, исто така, појаснува неколку научни предности од откривањето на какви било информации.

Ако сме репродуцирале неземјени технологии, нашите најдобри и најпаметни умови треба да бидат ангажирани во нивното оценување. Претпоставувајќи дека технологијата на погон на неидентификувани аномални феномени (UAP) е различна од се што е познато на јавноста, успешна програма за обратно инженерство може да доведе до револуција во енергијата, транспортот и технологијата на материјали. Можеби ќе можеме да ја забрзаме транзицијата кон чиста и евтина енергија, можеби дури и да развиеме суперспроводливи материјали и погонски технологии кои сега се тема на холивудските филмови“, вели поранешниот разузнавач.

Мелон не е првиот човек што го поставил прашањето за обратното инженерство на НЛО. Американскиот конгресмен Тим Бурчет, републиканец од Тенеси, во март за „Њузвик“ изјави дека верува дека „во одреден момент најдовме летало, а можеби и суштества“.

Мислам дека многу работи во моментов се измислуваат обратно, но ние едноставно не го сфаќаме тоа“, рече конгресменот.

Во април, војската на САД декласифицираше досега видени видеа од НЛО за време на сослушувањето во Сенатот.

Гледањето на НЛО со векови го буди интересот на милијарди луѓе ширум светот. Иако овие гледања често се лесно објаснети – понекогаш тоа се вообичаени вселенски објекти како метеори или воена опрема – тие често наведуваат многумина да размислуваат за можноста за вонземски живот. Во последниве години, очите на јавноста повторно беа свртени кон НЛО, а многумина ја повикаа американската влада да биде потранспарентна во врска со забележаните појави.

The post Поранешен американски разузнавач: Време е да се каже вистината за вонземјаните, човештвото може да се носи со тоа appeared first on Република.

]]>

Кристофер Мелон, поранешен американски разузнавач, ја повика федералната влада да објави информации за наводен проект за обратен инженеринг (процес на репродукција на технологија или производ, т.е. обратна анализа и истражување за да се одреди составот и компонентите, како се направени и функција, функционални карактеристики итн.) која вклучува неидентификувани летечки објекти (НЛО). Мелон, поранешен заменик-помошник секретар за одбрана за разузнавање, кој е специјализиран за НЛО, напиша во авторски текст во изданието на Политико објавено во саботата дека добил извештаи оти владата се вклучила во „проект за обратен инженеринг“ во кој се вклучени НЛО. Тој ја повика владата да ги објави сите записи, пренесува Њузвик, кој не може самостојно да ги потврди извештаите. Мелон наведува дека упатил четворица сведоци до Канцеларијата за решавање на аномалии на сите домени (AARO – канцеларија во рамките на Канцеларијата на секретарот за одбрана која истражува НЛО и други феномени во воздухот, морето, вселената и на копното) кои тврделе да има сознанија за тајна владина програма „која вклучува анализа и експлоатација на материјали пронајдени од несветски (земјени) летечки објекти“, и дека бил контактиран од други извори за „наводна тајна програма за обратно инженерство на американската влада“. Тој наведува голем број причини зошто смета дека сите информации за овие наводни проекти треба да бидат јавни. Мелон посочува дека Американците „имаат право да ја знаат вистината“ за тоа дали владата има проекти за обратно инженерство на НЛО и дека луѓето „можат да се носат“ со какви било информации за вонземјани.
Откривањето на таквите информации, исто така, може да им помогне на глобалните лидери „да развијат ефективно одвраќање“ против напад, напиша тој, истакнувајќи дека нема знаци на „агресија“.
Мелон, исто така, појаснува неколку научни предности од откривањето на какви било информации.
Ако сме репродуцирале неземјени технологии, нашите најдобри и најпаметни умови треба да бидат ангажирани во нивното оценување. Претпоставувајќи дека технологијата на погон на неидентификувани аномални феномени (UAP) е различна од се што е познато на јавноста, успешна програма за обратно инженерство може да доведе до револуција во енергијата, транспортот и технологијата на материјали. Можеби ќе можеме да ја забрзаме транзицијата кон чиста и евтина енергија, можеби дури и да развиеме суперспроводливи материјали и погонски технологии кои сега се тема на холивудските филмови“, вели поранешниот разузнавач.
Мелон не е првиот човек што го поставил прашањето за обратното инженерство на НЛО. Американскиот конгресмен Тим Бурчет, републиканец од Тенеси, во март за „Њузвик“ изјави дека верува дека „во одреден момент најдовме летало, а можеби и суштества“.
Мислам дека многу работи во моментов се измислуваат обратно, но ние едноставно не го сфаќаме тоа“, рече конгресменот.
Во април, војската на САД декласифицираше досега видени видеа од НЛО за време на сослушувањето во Сенатот. Гледањето на НЛО со векови го буди интересот на милијарди луѓе ширум светот. Иако овие гледања често се лесно објаснети – понекогаш тоа се вообичаени вселенски објекти како метеори или воена опрема – тие често наведуваат многумина да размислуваат за можноста за вонземски живот. Во последниве години, очите на јавноста повторно беа свртени кон НЛО, а многумина ја повикаа американската влада да биде потранспарентна во врска со забележаните појави.

The post Поранешен американски разузнавач: Време е да се каже вистината за вонземјаните, човештвото може да се носи со тоа appeared first on Република.

]]>
Американски научници „знаат“ која година вонземјани ќе воспостават контакт со нас https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/amerikanski-nauchnitsi-znaat-koja-godina-vonzemjani-ke-vospostavat-kontakt-so-nas/ Mon, 01 May 2023 16:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=635659

Тим научници од Универзитетот во Калифорнија верува дека вонземјаните ќе стапат во контакт со Земјата веќе во 2029 година. Пред 20 години, НАСА испрати сигнал до вселенското летало „Пионер 12“ како дел од рутинскиот протокол за испраќање податоци и воспоставување комуникации.

Сигналот стигнал до ѕвезда оддалечена 27 светлосни години од нашата планета, а истражувачите се надеваат дека бил пресретнат од вонземјани кои реагирале и го испратиле одговорот назад на Земјата, пишува „Дејли мејл“.

Ова е познатата идеја на Карл Саган, која ја искористи како тема на филмот „Контакт“, изјави астрономот Хауард Исаксон.

Филмот „Контакт“ од 1997 година е заснован на приказната на Саган, за научник кој наоѓа докази за постоење на вонземјани на планета оддалечена 26 светлосни години од Земјата и решава да воспостави контакт со испраќање сигнал.

Студијата користела сигнали испратени од Земјата до „Војаџер 1“, „Војаџер 2“, „Пионер 10“, „Пионер 11“ и „Њу Хорајзонс“, мапирајќи каде сигналите би можеле да се шират откако ќе бидат испратени во вселената. Овие вселенски летала комуницирале со радио антените на „Дип Стејшн Нетворк“ (Deep Station Network) за преземање податоци за наука и телеметрија, се вели во истражувањето објавено во списанието „Publications of the Astronomical Society“.

Мрежата на длабоки станици е меѓународен систем на радио антени на НАСА кои поддржуваат мисии на меѓупланетарни вселенски летала и неколку кои орбитираат околу Земјата. Утврдено е дека сигналите на некои од нив досега наишле на барем една ѕвезда.

Можеме да очекуваме повратен пренос најрано во 2029 година“, се вели во еден од извештаите.

Тимот пресметал кога блиските ѕвезди треба да бидат погодени во преносите, земајќи ја предвид брзината на светлината. Ова им овозможило да го одредат времето потребно за пренос до секој објект.

Интересна вежба, но веројатно нема да даде резултати“, вели Кејтлин Расмусен, астробиолог од Универзитетот во Вашингтон, која не работела на истражувањето.

Студијата била спроведена откако се појавија вести за нови неидентификувани летечки објекти и високи членови на Конгресот разговараа со шест свиркачи кои тврдат дека работеле на програми за пронаоѓање НЛО. Актот за овластување за национална одбрана (НДАА) од 2023 година, потпишан во закон од претседателот Џозеф Бајден во декември, вклучи амандман со кој се бара од Пентагон да им достави на високите сенатори доверливи извештаи за претходно неоткриени програми поврзани со неидентификувани аномални појави.

The post Американски научници „знаат“ која година вонземјани ќе воспостават контакт со нас appeared first on Република.

]]>

Тим научници од Универзитетот во Калифорнија верува дека вонземјаните ќе стапат во контакт со Земјата веќе во 2029 година. Пред 20 години, НАСА испрати сигнал до вселенското летало „Пионер 12“ како дел од рутинскиот протокол за испраќање податоци и воспоставување комуникации. Сигналот стигнал до ѕвезда оддалечена 27 светлосни години од нашата планета, а истражувачите се надеваат дека бил пресретнат од вонземјани кои реагирале и го испратиле одговорот назад на Земјата, пишува „Дејли мејл“.
Ова е познатата идеја на Карл Саган, која ја искористи како тема на филмот „Контакт“, изјави астрономот Хауард Исаксон.
Филмот „Контакт“ од 1997 година е заснован на приказната на Саган, за научник кој наоѓа докази за постоење на вонземјани на планета оддалечена 26 светлосни години од Земјата и решава да воспостави контакт со испраќање сигнал. Студијата користела сигнали испратени од Земјата до „Војаџер 1“, „Војаџер 2“, „Пионер 10“, „Пионер 11“ и „Њу Хорајзонс“, мапирајќи каде сигналите би можеле да се шират откако ќе бидат испратени во вселената. Овие вселенски летала комуницирале со радио антените на „Дип Стејшн Нетворк“ (Deep Station Network) за преземање податоци за наука и телеметрија, се вели во истражувањето објавено во списанието „Publications of the Astronomical Society“. Мрежата на длабоки станици е меѓународен систем на радио антени на НАСА кои поддржуваат мисии на меѓупланетарни вселенски летала и неколку кои орбитираат околу Земјата. Утврдено е дека сигналите на некои од нив досега наишле на барем една ѕвезда.
Можеме да очекуваме повратен пренос најрано во 2029 година“, се вели во еден од извештаите.
Тимот пресметал кога блиските ѕвезди треба да бидат погодени во преносите, земајќи ја предвид брзината на светлината. Ова им овозможило да го одредат времето потребно за пренос до секој објект.
Интересна вежба, но веројатно нема да даде резултати“, вели Кејтлин Расмусен, астробиолог од Универзитетот во Вашингтон, која не работела на истражувањето.
Студијата била спроведена откако се појавија вести за нови неидентификувани летечки објекти и високи членови на Конгресот разговараа со шест свиркачи кои тврдат дека работеле на програми за пронаоѓање НЛО. Актот за овластување за национална одбрана (НДАА) од 2023 година, потпишан во закон од претседателот Џозеф Бајден во декември, вклучи амандман со кој се бара од Пентагон да им достави на високите сенатори доверливи извештаи за претходно неоткриени програми поврзани со неидентификувани аномални појави.

The post Американски научници „знаат“ која година вонземјани ќе воспостават контакт со нас appeared first on Република.

]]>
Сноуден: Со приказни за вонземјани се шири паника за да се оттргне вниманието од истрагата за експлозиите на гасоводите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/snouden-so-prikazni-za-vonzemjani-se-shiri-panika-za-da-se-ottrgne-vnimanieto-od-istragata-za-eksploziite-na-gasovodite/ Tue, 14 Feb 2023 13:03:18 +0000 https://republika.mk/?p=608897

Поранешниот вработен во американската Агенција за национална безбедност, Едвард Сноуден, смета дека паниката околу настаните со балоните била вештачки предизвикана.

Состојбата со трите соборени неидентификувани летечки објекти во Северна Америка во последните денови има за цел да го оттргне вниманието на новинарите од истрагата за експлозијата на гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“. Ваква оценка на Твитер искажа Едвард Сноуден, пренесоа руските медиуми.

Посакувам да беа вонземјани, но не се вонземјани“, напиша Сноуден, коментирајќи ја ситуацијата со соборените балони и неидентификуваните летечки објекти во САД и Канада. Според него, „паниката е вештачки предизвикана“ и има за цел „да се осигури дека новинарите за национална безбедност се назначени да ги истражат глупостите со балонот на топол воздух, а не буџетот или експлозиите (како Северен тек)“.

The post Сноуден: Со приказни за вонземјани се шири паника за да се оттргне вниманието од истрагата за експлозиите на гасоводите appeared first on Република.

]]>

Поранешниот вработен во американската Агенција за национална безбедност, Едвард Сноуден, смета дека паниката околу настаните со балоните била вештачки предизвикана. Состојбата со трите соборени неидентификувани летечки објекти во Северна Америка во последните денови има за цел да го оттргне вниманието на новинарите од истрагата за експлозијата на гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“. Ваква оценка на Твитер искажа Едвард Сноуден, пренесоа руските медиуми.
Посакувам да беа вонземјани, но не се вонземјани“, напиша Сноуден, коментирајќи ја ситуацијата со соборените балони и неидентификуваните летечки објекти во САД и Канада. Според него, „паниката е вештачки предизвикана“ и има за цел „да се осигури дека новинарите за национална безбедност се назначени да ги истражат глупостите со балонот на топол воздух, а не буџетот или експлозиите (како Северен тек)“.

The post Сноуден: Со приказни за вонземјани се шири паника за да се оттргне вниманието од истрагата за експлозиите на гасоводите appeared first on Република.

]]>
Пентагон декласифицираше 1.500 страници извештаи за НЛО: Се споменуваат изгореници од радијација и необјаснета бременост https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pentagon-deklasificirashe-1-500-stranici-izveshtai-za-nlo-se-spomenuvaat-izgorenici-od-radijacija-i-neobjasneta-bremenost/ Thu, 07 Apr 2022 11:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=484727

Пентагон ги објави своите материјали за НЛО

Наводно, средбите со НЛО (неидентификувани летечки објекти), наводно на Американци им предизвикале изгореници од радијација, оштетување на мозокот и нервниот систем, па дури и „несакана бременост“, се наведува во владините извештаи неодамна објавени според Законот за слобода на информации (ФОИА).

Базата на податоци содржи повеќе од 1.500 страници материјал поврзан со НЛО, објавен од „Advanced Spacecraft Threat Identification Program“ (AAТИП), мистериозен проект на американското Министерство за одбрана кој траел од 2007 до 2012 година.

Иако никогаш не бил класифициран како тајна, AAТИП стана познат на јавноста дури во 2017 година, кога поранешниот програмски директор Луис Елизондо поднесе оставка од Пентагон и објави неколку, сега многу познати снимки од неидентификувани летечки објекти кои се движат на наизглед невозможен начин, пишува „Наука во живо“ (live science).

Набргу откако беше откриено постоењето на ААИТП, американскиот огранок на британскиот таблоид „Сан“ поднел барање преку Законот за слобода на информациите да ги стави на располагање сите документи поврзани со оваа програма. Четири години подоцна, на 5 април 2022 година, Американската одбранбена разузнавачка агенција (ДИА) го прифати ова барање, ставајќи на располагање 1.574 страници материјал.

Според „Сан“, повеќето документи содржат извештаи за биолошките последици од гледањето НЛО врз луѓето, за испитување на напредните технологии како што е полето на невидливоста и плановите за истражување и колонизација на длабоката вселена. Некои делови од документите се „делумно задржани“ поради причини како што се приватност и доверливост на податоците, соопшти ААТИП.

Еден документ што го привлече вниманието беше извештајот наречен „Абнормални акутни и субакутни ефекти врз човечкото и биолошкото ткиво“, од март 2010 година. Во извештајот се опишани наводните повреди на „луѓе сведоци на аномални напредни системи на летала“, „од кои некои може да бидат закана за интересите на Соединетите држави“.

Извештајот опишува 42 случаи од медицински документи и 300 „необјавени“ случаи во кои луѓето претрпеле повреди по наводните средби со „аномални авиони“, вклучително и НЛО.

Во некои случаи, луѓето имале изгореници или други состојби поврзани со електромагнетно зрачење, се вели во извештајот, а некои од нив наводно биле предизвикани од „енергетски погонски системи“.

Во извештајот се наведуваат и случаи на оштетување на мозокот, нерви, палпитации на срцето и главоболки поврзани со овие средби.

Не е познато кој процес на критичко испитување и верификација - и дали воопшто постоел - го користеле ААТИП за да ги истражи овие наводни случаи. „Сан“ се уште не ја споделил целата содржина од извештајот што го добил.

Извештајот, исто така, ги наведува наводните биолошки ефекти од појавата на НЛО врз човечки сведоци помеѓу 1873 и 1994 година, составена од МУФОН (Меѓусебна мрежа за НЛО) - граѓанска непрофитна група која ги проучува наводните гледања на НЛО. Меѓу споменатите ефекти од средбите со НЛО се „необјаснета бременост“, „наводно киднапирање“, парализа и искуства од телепатија, телепортација и левитација.

Извештајот заклучува дека има доволно докази за да се поддржи тврдењето дека „напредните системи веќе се користат“, и дека тие не се целосно разбрани врз основа на податоците со кои располагаат САД.

The post Пентагон декласифицираше 1.500 страници извештаи за НЛО: Се споменуваат изгореници од радијација и необјаснета бременост appeared first on Република.

]]>

Пентагон ги објави своите материјали за НЛО Наводно, средбите со НЛО (неидентификувани летечки објекти), наводно на Американци им предизвикале изгореници од радијација, оштетување на мозокот и нервниот систем, па дури и „несакана бременост“, се наведува во владините извештаи неодамна објавени според Законот за слобода на информации (ФОИА). Базата на податоци содржи повеќе од 1.500 страници материјал поврзан со НЛО, објавен од „Advanced Spacecraft Threat Identification Program“ (AAТИП), мистериозен проект на американското Министерство за одбрана кој траел од 2007 до 2012 година. Иако никогаш не бил класифициран како тајна, AAТИП стана познат на јавноста дури во 2017 година, кога поранешниот програмски директор Луис Елизондо поднесе оставка од Пентагон и објави неколку, сега многу познати снимки од неидентификувани летечки објекти кои се движат на наизглед невозможен начин, пишува „Наука во живо“ (live science). Набргу откако беше откриено постоењето на ААИТП, американскиот огранок на британскиот таблоид „Сан“ поднел барање преку Законот за слобода на информациите да ги стави на располагање сите документи поврзани со оваа програма. Четири години подоцна, на 5 април 2022 година, Американската одбранбена разузнавачка агенција (ДИА) го прифати ова барање, ставајќи на располагање 1.574 страници материјал. Според „Сан“, повеќето документи содржат извештаи за биолошките последици од гледањето НЛО врз луѓето, за испитување на напредните технологии како што е полето на невидливоста и плановите за истражување и колонизација на длабоката вселена. Некои делови од документите се „делумно задржани“ поради причини како што се приватност и доверливост на податоците, соопшти ААТИП. Еден документ што го привлече вниманието беше извештајот наречен „Абнормални акутни и субакутни ефекти врз човечкото и биолошкото ткиво“, од март 2010 година. Во извештајот се опишани наводните повреди на „луѓе сведоци на аномални напредни системи на летала“, „од кои некои може да бидат закана за интересите на Соединетите држави“. Извештајот опишува 42 случаи од медицински документи и 300 „необјавени“ случаи во кои луѓето претрпеле повреди по наводните средби со „аномални авиони“, вклучително и НЛО. Во некои случаи, луѓето имале изгореници или други состојби поврзани со електромагнетно зрачење, се вели во извештајот, а некои од нив наводно биле предизвикани од „енергетски погонски системи“. Во извештајот се наведуваат и случаи на оштетување на мозокот, нерви, палпитации на срцето и главоболки поврзани со овие средби. Не е познато кој процес на критичко испитување и верификација - и дали воопшто постоел - го користеле ААТИП за да ги истражи овие наводни случаи. „Сан“ се уште не ја споделил целата содржина од извештајот што го добил. Извештајот, исто така, ги наведува наводните биолошки ефекти од појавата на НЛО врз човечки сведоци помеѓу 1873 и 1994 година, составена од МУФОН (Меѓусебна мрежа за НЛО) - граѓанска непрофитна група која ги проучува наводните гледања на НЛО. Меѓу споменатите ефекти од средбите со НЛО се „необјаснета бременост“, „наводно киднапирање“, парализа и искуства од телепатија, телепортација и левитација. Извештајот заклучува дека има доволно докази за да се поддржи тврдењето дека „напредните системи веќе се користат“, и дека тие не се целосно разбрани врз основа на податоците со кои располагаат САД.

The post Пентагон декласифицираше 1.500 страници извештаи за НЛО: Се споменуваат изгореници од радијација и необјаснета бременост appeared first on Република.

]]>