вонредна состојба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vonredna-sostojba/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 07:59:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вонредна состојба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vonredna-sostojba/ 32 32 Поради украинските напади во Белгордската област прогласена вонредна состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-ukrainskite-napadi-vo-belgordskata-oblast-proglasena-vonredna-sostojba/ Wed, 14 Aug 2024 07:59:33 +0000 https://republika.mk/?p=806362

Во Белгородската област денеска е прогласена вонредна состојба поради украинските напади, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

Ситуацијата во регионот на Белгород и понатаму е исклучително тешка и тензична. Секојдневно гранатирање од вооружените сили на Украина, уништени куќи, повредени и убиени цивили, истакна Гладков.

Тој додаде дека е прогласена вонредна состојба на регионално ниво за целиот белгородски регион, но оти ќе побара воведување на вонредна состојба на сојузно ниво.

 

The post Поради украинските напади во Белгордската област прогласена вонредна состојба appeared first on Република.

]]>

Во Белгородската област денеска е прогласена вонредна состојба поради украинските напади, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
Ситуацијата во регионот на Белгород и понатаму е исклучително тешка и тензична. Секојдневно гранатирање од вооружените сили на Украина, уништени куќи, повредени и убиени цивили, истакна Гладков.
Тој додаде дека е прогласена вонредна состојба на регионално ниво за целиот белгородски регион, но оти ќе побара воведување на вонредна состојба на сојузно ниво.  

The post Поради украинските напади во Белгордската област прогласена вонредна состојба appeared first on Република.

]]>
Светот пред прогласување нова вонредна состојба https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/svetot-pred-proglasuvane-nova-vonredna-sostojba/ Mon, 05 Aug 2024 06:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=803352

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека размислува за свикување на комитет на експерти кој би утврдил дали епидемијата на мајмунски сипаници (мпокс) во неколку африкански земји треба да се квалификува како меѓународна вонредна состојба. Тедрос рече дека СЗО и Африканските центри за контрола и превенција на болести ги зголемуваат напорите за прекин на преносот на вирусот.

Сепак, потребни се повеќе финансиски средства и поддршка за сеопфатен одговор. Размислувам за свикување на комитет за итни случаи за меѓународни здравствени регулативи за да ме советува дали епидемијата на мајмунски сипаници треба да биде прогласена за вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење, напиша Тедрос на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).

Таквата квалификација е највисока алармантна состојба која СЗО може да ја подигне, а шефот на СЗО може да ја покрене врз основа на советите на комитетот.

СЗО на 11 јули предупреди на глобална здравствена закана по луѓето од мајмунски сипаници, изразувајќи загриженост поради избивање на нов, посмртоносен сој на вирусот во Демократската Република Конго. Од тогаш, Бурунди, Брегот на Слоновата Коска, Кенија, Руанда и Уганда пријавија неколку случаи на т.н. мајмунски сипаници. Конго пријави повеќе од 11.000 случаи на зараза, вклучувајќи 450 смртни случаи. Вирусот е првпат откриен кај луѓе во 1970 година во сегашната Демократска Република Конго.

The post Светот пред прогласување нова вонредна состојба appeared first on Република.

]]>

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека размислува за свикување на комитет на експерти кој би утврдил дали епидемијата на мајмунски сипаници (мпокс) во неколку африкански земји треба да се квалификува како меѓународна вонредна состојба. Тедрос рече дека СЗО и Африканските центри за контрола и превенција на болести ги зголемуваат напорите за прекин на преносот на вирусот.
Сепак, потребни се повеќе финансиски средства и поддршка за сеопфатен одговор. Размислувам за свикување на комитет за итни случаи за меѓународни здравствени регулативи за да ме советува дали епидемијата на мајмунски сипаници треба да биде прогласена за вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење, напиша Тедрос на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).
Таквата квалификација е највисока алармантна состојба која СЗО може да ја подигне, а шефот на СЗО може да ја покрене врз основа на советите на комитетот. СЗО на 11 јули предупреди на глобална здравствена закана по луѓето од мајмунски сипаници, изразувајќи загриженост поради избивање на нов, посмртоносен сој на вирусот во Демократската Република Конго. Од тогаш, Бурунди, Брегот на Слоновата Коска, Кенија, Руанда и Уганда пријавија неколку случаи на т.н. мајмунски сипаници. Конго пријави повеќе од 11.000 случаи на зараза, вклучувајќи 450 смртни случаи. Вирусот е првпат откриен кај луѓе во 1970 година во сегашната Демократска Република Конго.

The post Светот пред прогласување нова вонредна состојба appeared first on Република.

]]>
Хондурас прогласи вонредна состојба поради денга треска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/honduras-proglasi-vonredna-sostojba-poradi-denga-treska/ Sun, 02 Jun 2024 10:14:23 +0000 https://republika.mk/?p=784102

Хондурас прогласи вонредна состојба по зголемениот број хоспитализации и смртни случаи од денга треска, објави Министерството за здравство на земјата.

Бројот на случаи на денга треска во Америка надминува 5,2 милиони, бидејќи епидемијата го надминува годишниот рекорд, според Панамериканската здравствена организација (PAHO), специјализираната агенција на Обединетите нации задолжена за меѓународна здравствена соработка во Америка.

Владата им нареди на здравствените службеници да ги преземат сите неопходни активности, вклучително и спроведување на мерки за превенција и контрола и идентификација на средства за справување со епидемијата, јавува Си-Ен-Ен.

Министерството за здравство на Хондурас во првите 20 недели од оваа година соопшти за 23.037 сомнителни случаи на денга, што е една од највисоките бројки во Америка, покажуваат податоците на Панамериканската здравствена организација.

Целиот регион во првите пет месеци од 2024 година веќе има пријавено повеќе од 8,65 милиони случаи, што е речиси двојно повеќе од 4,5 милиони случаи пријавени во цела 2023 година.

Податоците на РАНО покажуваат дека само Бразил има регистрирано 7,2 милиони случаи, додека Централна Америка и Карибите влегуваат во пикот на сезоната на денга.

„Хондурас влезе во зоната на епидемија поради зголемувањето на случаите во сите делови на земјата, како и бројот на пациенти примени во сите болници во земјата поради оваа болест“, соопшти во петокот Министерството за здравство на Хондурас.

PAHO и Светската здравствена организација препорачуваат земјите во тие области „да ги усвојат неопходните мерки за да подготват одговор на зголемувањето на денга треската, вклучително и организација на здравствени услуги за да се обезбеди соодветно клиничко управување, спречување на компликации и избегнување на заситеност на специјализираните услуги за нега “.

Денгата е вирус што го пренесуваат комарците и главно се шири од комарецот Aedes aegypti, кој, исто така, носи неколку други вируси, како што се жолта треска, чикунгуња и Зика, наведува американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

The post Хондурас прогласи вонредна состојба поради денга треска appeared first on Република.

]]>

Хондурас прогласи вонредна состојба по зголемениот број хоспитализации и смртни случаи од денга треска, објави Министерството за здравство на земјата. Бројот на случаи на денга треска во Америка надминува 5,2 милиони, бидејќи епидемијата го надминува годишниот рекорд, според Панамериканската здравствена организација (PAHO), специјализираната агенција на Обединетите нации задолжена за меѓународна здравствена соработка во Америка. Владата им нареди на здравствените службеници да ги преземат сите неопходни активности, вклучително и спроведување на мерки за превенција и контрола и идентификација на средства за справување со епидемијата, јавува Си-Ен-Ен. Министерството за здравство на Хондурас во првите 20 недели од оваа година соопшти за 23.037 сомнителни случаи на денга, што е една од највисоките бројки во Америка, покажуваат податоците на Панамериканската здравствена организација. Целиот регион во првите пет месеци од 2024 година веќе има пријавено повеќе од 8,65 милиони случаи, што е речиси двојно повеќе од 4,5 милиони случаи пријавени во цела 2023 година. Податоците на РАНО покажуваат дека само Бразил има регистрирано 7,2 милиони случаи, додека Централна Америка и Карибите влегуваат во пикот на сезоната на денга. „Хондурас влезе во зоната на епидемија поради зголемувањето на случаите во сите делови на земјата, како и бројот на пациенти примени во сите болници во земјата поради оваа болест“, соопшти во петокот Министерството за здравство на Хондурас. PAHO и Светската здравствена организација препорачуваат земјите во тие области „да ги усвојат неопходните мерки за да подготват одговор на зголемувањето на денга треската, вклучително и организација на здравствени услуги за да се обезбеди соодветно клиничко управување, спречување на компликации и избегнување на заситеност на специјализираните услуги за нега “. Денгата е вирус што го пренесуваат комарците и главно се шири од комарецот Aedes aegypti, кој, исто така, носи неколку други вируси, како што се жолта треска, чикунгуња и Зика, наведува американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

The post Хондурас прогласи вонредна состојба поради денга треска appeared first on Република.

]]>
Во Каталонија прогласена вонредна состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-katalonija-proglasena-vonredna-sostojba/ Fri, 02 Feb 2024 13:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=739770

Во североисточниот шпански регион Каталонија денеска е прогласена вонредна состојба поради најтешката суша забележана во оваа област.

На жителите од денеска им е забрането да перат автомобили и да полнат приватни базени, а ограничувањата ќе се однесуваат и на употреба на вода за земјоделството и индустријата, а исто така ќе биде ограничено дневното снабдувањето со вода по глава на жител. За прекршување на ограничувањата се предвидени казни, а можно е и воведување дополнителни рестриктивни мерки.

Повеќе од шест милиони Каталонци ќе бидат погодени од мерките во 200 градови, вклучувајќи го и главниот град Барселона.

Ограничувањата беа воведени откако количината на вода во акумулациите се намали на околу 16 отсто од нивниот капацитет.

Суша има и во други шпански региони, вклучително Андалузија на југ и Валенсија во источниот дел од земјата.

The post Во Каталонија прогласена вонредна состојба appeared first on Република.

]]>

Во североисточниот шпански регион Каталонија денеска е прогласена вонредна состојба поради најтешката суша забележана во оваа област. На жителите од денеска им е забрането да перат автомобили и да полнат приватни базени, а ограничувањата ќе се однесуваат и на употреба на вода за земјоделството и индустријата, а исто така ќе биде ограничено дневното снабдувањето со вода по глава на жител. За прекршување на ограничувањата се предвидени казни, а можно е и воведување дополнителни рестриктивни мерки. Повеќе од шест милиони Каталонци ќе бидат погодени од мерките во 200 градови, вклучувајќи го и главниот град Барселона. Ограничувањата беа воведени откако количината на вода во акумулациите се намали на околу 16 отсто од нивниот капацитет. Суша има и во други шпански региони, вклучително Андалузија на југ и Валенсија во источниот дел од земјата.

The post Во Каталонија прогласена вонредна состојба appeared first on Република.

]]>
Вонредна состојба во Република Српска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vonredna-sostojba-vo-republika-srpska/ Mon, 10 Jul 2023 15:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=659814

Владата на Република Српска денеска прогласи вонредна состојба во регионот на Семберија поради африканска свинска чума.

Во Бјелина и општините Лопаре и Угљевиќ е прогласена вонредна состојба. Ваква одлука донесе Владата на Република Српска на телефонска седница.

Првите случаи на африканска свинска чума во Бјелина се регистрирани пред петнаесетина дена

 

The post Вонредна состојба во Република Српска appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Српска денеска прогласи вонредна состојба во регионот на Семберија поради африканска свинска чума. Во Бјелина и општините Лопаре и Угљевиќ е прогласена вонредна состојба. Ваква одлука донесе Владата на Република Српска на телефонска седница. Првите случаи на африканска свинска чума во Бјелина се регистрирани пред петнаесетина дена  

The post Вонредна состојба во Република Српска appeared first on Република.

]]>
Оштетени патишта, срушени мостови, масовна евакуација: Србија прогласи вонредна состојба во 56 градови поради поплавите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/oshteteni-patishta-srusheni-mostovi-masovna-evakuatsija-srbija-proglasi-vonredna-sostojba-vo-56-gradovi-poradi-poplavite/ Sun, 18 Jun 2023 09:33:48 +0000 https://republika.mk/?p=652706

Во Србија, поради обилните дождови и поплави, прогласена е вонредна состојба во 56 градови и општини, пренесе Бета повикувајќи се на РТС.

Во изминатите неколку дена беа евакуирани повеќе од 300 луѓе, а пороите оштетија патишта, однесоа мостови и предизвикаа одрони и одрони.

Поплавите предизвикаа проблеми низ речиси цела Србија, а од денеска се очекува подобрување на временските услови.

The post Оштетени патишта, срушени мостови, масовна евакуација: Србија прогласи вонредна состојба во 56 градови поради поплавите appeared first on Република.

]]>

Во Србија, поради обилните дождови и поплави, прогласена е вонредна состојба во 56 градови и општини, пренесе Бета повикувајќи се на РТС. Во изминатите неколку дена беа евакуирани повеќе од 300 луѓе, а пороите оштетија патишта, однесоа мостови и предизвикаа одрони и одрони. Поплавите предизвикаа проблеми низ речиси цела Србија, а од денеска се очекува подобрување на временските услови.

The post Оштетени патишта, срушени мостови, масовна евакуација: Србија прогласи вонредна состојба во 56 градови поради поплавите appeared first on Република.

]]>
Вонредна состојба поради поплави во 35 градови и општини во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vonredna-sostojba-poradi-poplavi-vo-35-gradovi-i-opshtini-vo-srbija/ Fri, 16 Jun 2023 12:12:41 +0000 https://republika.mk/?p=652143

Обилните дождови кои ја зафатија Србија доведоа до излевање на реки и потоци, па во 35 градови и општини е прогласена вонредна состојба, пишува Блиц.
Пожарникарите и спасувачите се на терен низ цела Србија, вчера на удар беа Нови Пазар и Косјериќ, а денеска критично е и во Јагодина, Свилајнец, Крагуевац, каде што беше поплавен дури и подрумот на Клиничкиот центар, како и неколку улици во населбите Станово, Грошница и Велико поле.

Во Јагодина реката Белица достигна критично ниво. Два градски моста се затворени за сообраќај и утврдени со бедеми.

Поради големите врнежи утрово непроодни се патните правци Рековац-Трстеник и Мрчајевци-Краљево кај градот Адрани, соопштија од Јавното претпријатие „Патишта Србија“. Таму се урна дел од мостот на Ибарската магистрала во Адрани.

Патиштата кои беа непроодни кај Краљево и Чачак сега се повторно во функција, но по нив се бара поголема внимателност и побавно возење“, велат во „Патишта на Србија“.

Континуираната работа на патиштата и слабеењето на врнежите во северните, централните и западните делови придонесуваат за подобра проодност на државните патишта од прв и втор ред, но и покрај тоа, помал број локални, општински патишта има на подрачјето на Краљево, Чачак, Јагодина и Трстеник каде сообраќајот е отежнат или моментално е во мирување.

The post Вонредна состојба поради поплави во 35 градови и општини во Србија appeared first on Република.

]]>

Обилните дождови кои ја зафатија Србија доведоа до излевање на реки и потоци, па во 35 градови и општини е прогласена вонредна состојба, пишува Блиц. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ цела Србија, вчера на удар беа Нови Пазар и Косјериќ, а денеска критично е и во Јагодина, Свилајнец, Крагуевац, каде што беше поплавен дури и подрумот на Клиничкиот центар, како и неколку улици во населбите Станово, Грошница и Велико поле. Во Јагодина реката Белица достигна критично ниво. Два градски моста се затворени за сообраќај и утврдени со бедеми.
Поради големите врнежи утрово непроодни се патните правци Рековац-Трстеник и Мрчајевци-Краљево кај градот Адрани, соопштија од Јавното претпријатие „Патишта Србија“. Таму се урна дел од мостот на Ибарската магистрала во Адрани.
Патиштата кои беа непроодни кај Краљево и Чачак сега се повторно во функција, но по нив се бара поголема внимателност и побавно возење“, велат во „Патишта на Србија“.
Континуираната работа на патиштата и слабеењето на врнежите во северните, централните и западните делови придонесуваат за подобра проодност на државните патишта од прв и втор ред, но и покрај тоа, помал број локални, општински патишта има на подрачјето на Краљево, Чачак, Јагодина и Трстеник каде сообраќајот е отежнат или моментално е во мирување.

The post Вонредна состојба поради поплави во 35 градови и општини во Србија appeared first on Република.

]]>
Земјотрес од 4 степени после поплавите во Србија, вонредна состојба во 26 градови и општини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zemjotres-od-4-stepeni-posle-poplavite-vo-srbija-vonredna-sostojba-vo-26-gradovi-i-opshtini/ Mon, 12 Jun 2023 11:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=650468

Во Србија прогласена е вонредна состојба во 26 градови и општини поради обилните врнежи, а на пладне е регистриран и земјотрес со магнитуда од 4,0 според Рихтеровата скала во околината на Парачин, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, Секторот за вонредни состојби, поради поплавите предизвикани од обилните врнежи, во текот на изминатата ноќ, на територијата на Крушевац, Чачак и Јагодина, евакуирале вкупно шест лица, од кои две се деца. Во моментов најкритично е на територијата на Град Чачак.

Недељко Гагиќ, раководител на Одделот за противпожарно-спасувачки единици на Одделението за вонредни состојби на МВР, изјави дека синоќа и претпладнето најкритична е состојбата во градовите Крушевац, Јагодина, Крагуевац и Сомбор, каде поради обилните врнежи, водата навлегла во дворовите и станбените згради.

Во моментов најкритично е на територијата на градот Чачак, каде што водата навлегла во повеќе од 200 објекти, поради неможноста дождовната канализација да ја добие целата вода за кратко време. Припадници на МВР работат со испумпување на водата на неколку десетици локации, рече Гагиќ.

„МВР уште еднаш апелира до сите граѓани да не се движат во поплавените подрачја, покрај бреговите на реките и на насипите и да ги следат прогнозите на РЗМЗ. Доколку постои ризик од навлегување вода во нивните куќи, да постават вреќи со песок на влезот да ја исклучи струјата во зградата и да се искачат на повисоките катови од зградата, како и да ја извести противпожарната единица на телефон 193 или полицијата на телефон 192, изјави Гагиќ.

The post Земјотрес од 4 степени после поплавите во Србија, вонредна состојба во 26 градови и општини appeared first on Република.

]]>

Во Србија прогласена е вонредна состојба во 26 градови и општини поради обилните врнежи, а на пладне е регистриран и земјотрес со магнитуда од 4,0 според Рихтеровата скала во околината на Парачин, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, Секторот за вонредни состојби, поради поплавите предизвикани од обилните врнежи, во текот на изминатата ноќ, на територијата на Крушевац, Чачак и Јагодина, евакуирале вкупно шест лица, од кои две се деца. Во моментов најкритично е на територијата на Град Чачак. Недељко Гагиќ, раководител на Одделот за противпожарно-спасувачки единици на Одделението за вонредни состојби на МВР, изјави дека синоќа и претпладнето најкритична е состојбата во градовите Крушевац, Јагодина, Крагуевац и Сомбор, каде поради обилните врнежи, водата навлегла во дворовите и станбените згради.
Во моментов најкритично е на територијата на градот Чачак, каде што водата навлегла во повеќе од 200 објекти, поради неможноста дождовната канализација да ја добие целата вода за кратко време. Припадници на МВР работат со испумпување на водата на неколку десетици локации, рече Гагиќ.
„МВР уште еднаш апелира до сите граѓани да не се движат во поплавените подрачја, покрај бреговите на реките и на насипите и да ги следат прогнозите на РЗМЗ. Доколку постои ризик од навлегување вода во нивните куќи, да постават вреќи со песок на влезот да ја исклучи струјата во зградата и да се искачат на повисоките катови од зградата, како и да ја извести противпожарната единица на телефон 193 или полицијата на телефон 192, изјави Гагиќ.

The post Земјотрес од 4 степени после поплавите во Србија, вонредна состојба во 26 градови и општини appeared first on Република.

]]>
Ердоган прогласи вонредна состојба на три месеци во десет погодени провинции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-proglasi-vonredna-sostojba-na-tri-mesetsi-vo-deset-pogodeni-provintsii/ Tue, 07 Feb 2023 12:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=605992

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, прогласи вонредна состојба во следните три месеци во 10 погодени провинции.

„Имаме 3.549 загинати, 22.168 повредени. Нашето најголемо достигнување е тоа што досега спасивме повеќе од 8.000 наши граѓани под урнатините“, рече Ердоган.

„Турција се соочува со една од најголемите катастрофи не само во својата историја, туку и во светот“, додаде тој.

Бројот на жртвите во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и западна Сирија постојано расте и според последните податоци се работи за повеќе од 5.000 жртви.

Земјотресите зад себе оставија илјадници повредени и луѓе кои останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени блокови беа срамнети со земја.

The post Ердоган прогласи вонредна состојба на три месеци во десет погодени провинции appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, прогласи вонредна состојба во следните три месеци во 10 погодени провинции. „Имаме 3.549 загинати, 22.168 повредени. Нашето најголемо достигнување е тоа што досега спасивме повеќе од 8.000 наши граѓани под урнатините“, рече Ердоган. „Турција се соочува со една од најголемите катастрофи не само во својата историја, туку и во светот“, додаде тој. Бројот на жртвите во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и западна Сирија постојано расте и според последните податоци се работи за повеќе од 5.000 жртви. Земјотресите зад себе оставија илјадници повредени и луѓе кои останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени блокови беа срамнети со земја.

The post Ердоган прогласи вонредна состојба на три месеци во десет погодени провинции appeared first on Република.

]]>
Вонредна состојба во јужниот дел на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vonredna-sostojba-vo-juzhniot-del-na-sad/ Fri, 13 Jan 2023 17:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=596579

Најмалку седум лица загинаа во торнада во југоисточните американски држави Алабама и Џорџија, соопштија локалните власти.

Во државата Џорџија и во некои окрузи во Алабама е прогласена вонредна состојба.

Вкупно 45 торнада беа регистрирани вчера, се вели во прелиминарниот извештај на американскиот Центар за предвидување бури (SPC).

Градот Селма во округот Далас претрпе значителна штета и градоначалникот ги повика жителите да останат во затворени простории и да се држат подалеку од паднатите далноводи.

Југот на САД беше погоден од 36 торнада на крајот на ноември кога две лица загинаа во Алабама, а една година претходно, на крајот на 2021 година, само во државата Кентаки од торнада загинаа 80 луѓе.

 

The post Вонредна состојба во јужниот дел на САД appeared first on Република.

]]>

Најмалку седум лица загинаа во торнада во југоисточните американски држави Алабама и Џорџија, соопштија локалните власти. Во државата Џорџија и во некои окрузи во Алабама е прогласена вонредна состојба. Вкупно 45 торнада беа регистрирани вчера, се вели во прелиминарниот извештај на американскиот Центар за предвидување бури (SPC). Градот Селма во округот Далас претрпе значителна штета и градоначалникот ги повика жителите да останат во затворени простории и да се држат подалеку од паднатите далноводи. Југот на САД беше погоден од 36 торнада на крајот на ноември кога две лица загинаа во Алабама, а една година претходно, на крајот на 2021 година, само во државата Кентаки од торнада загинаа 80 луѓе.  

The post Вонредна состојба во јужниот дел на САД appeared first on Република.

]]>
Србија ја укина борбена готовност на војската: Тука не е крајот на провокациите на Курти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-ja-ukina-borbena-gotovnost-na-vojskata-tuka-ne-e-krajot-na-provokatsiite-na-kurti/ Thu, 29 Dec 2022 14:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=591509

Состојбата на зголемена борбена готовност во вооружените сили на Србија е укината со одлука на претседателот и врховен командант Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Борбената готовност беше прогласена на 26 декември поради ситуацијата на северот на Косово. Тогаш Вучиќ како врховен командант на српските вооружени сили нареди војската и сите единици на МВР да бидат на највисоко ниво на борбена готовност.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изрази „голема благодарност до претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Србите од Косово и Метохија” што, како што наведе, „нашле сила да одговорат на бруталниот терор и агресија со речиси безгранично трпение, посветеност на мирот, мудрата политика и дијалог со сите оние кои на кој било начин можеле да придонесат за зачувување на мирот”.

За жал, верувам дека тука не е крајот на провокациите на Курти, но се надевам и верувам дека меѓународната заедница ќе се погрижи постигнатите договори во последните 24 часа да се почитуваат за да се зачува овој момент на мир и стабилност, како би се свртиле кон исполнување на Бриселскиот договор, напиша таа на Твитер.

Брнабиќ им се заблагодари и на меѓународните партнери кои помогнаа да се зачува мирот.

Специјалниот претставник и шеф на мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК), Каролин Зијаде ги поздрави сите мерки за смирување на тензиите на северот на Косово, вклучително и отстранувањето на барикадите.

Таа оддаде признание на макотрпните напори на сите страни, вклучително и меѓународните партнери, да се осигура безбедноста на населението на Косово во сите заедници.

Зијаде ја истакна важноста од почитување на обврските и продолжување на разговорите со цел целосно решавање на отворените прашања и нормализирање на односите без одлагање, се наведува во соопштението на УНМИК.

Се очекува денеска отстранување на барикадите на северот на Косово. Засега е отстранета барикадата на пунктот Мердаре од правец на Куршумлија. Во текот на ноќта биле опожарени два камиони кои биле поставени на мостот кај Дудиниот крш како блокада на патот.

The post Србија ја укина борбена готовност на војската: Тука не е крајот на провокациите на Курти appeared first on Република.

]]>

Состојбата на зголемена борбена готовност во вооружените сили на Србија е укината со одлука на претседателот и врховен командант Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Борбената готовност беше прогласена на 26 декември поради ситуацијата на северот на Косово. Тогаш Вучиќ како врховен командант на српските вооружени сили нареди војската и сите единици на МВР да бидат на највисоко ниво на борбена готовност. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изрази „голема благодарност до претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Србите од Косово и Метохија” што, како што наведе, „нашле сила да одговорат на бруталниот терор и агресија со речиси безгранично трпение, посветеност на мирот, мудрата политика и дијалог со сите оние кои на кој било начин можеле да придонесат за зачувување на мирот”. За жал, верувам дека тука не е крајот на провокациите на Курти, но се надевам и верувам дека меѓународната заедница ќе се погрижи постигнатите договори во последните 24 часа да се почитуваат за да се зачува овој момент на мир и стабилност, како би се свртиле кон исполнување на Бриселскиот договор, напиша таа на Твитер. Брнабиќ им се заблагодари и на меѓународните партнери кои помогнаа да се зачува мирот. Специјалниот претставник и шеф на мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК), Каролин Зијаде ги поздрави сите мерки за смирување на тензиите на северот на Косово, вклучително и отстранувањето на барикадите. Таа оддаде признание на макотрпните напори на сите страни, вклучително и меѓународните партнери, да се осигура безбедноста на населението на Косово во сите заедници. Зијаде ја истакна важноста од почитување на обврските и продолжување на разговорите со цел целосно решавање на отворените прашања и нормализирање на односите без одлагање, се наведува во соопштението на УНМИК. Се очекува денеска отстранување на барикадите на северот на Косово. Засега е отстранета барикадата на пунктот Мердаре од правец на Куршумлија. Во текот на ноќта биле опожарени два камиони кои биле поставени на мостот кај Дудиниот крш како блокада на патот.

The post Србија ја укина борбена готовност на војската: Тука не е крајот на провокациите на Курти appeared first on Република.

]]>
Њујорк прогласи вонредна состојба поради значителен пораст на детска парализа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/njujork-proglasi-vonredna-sostojba-poradi-znachitelen-porast-na-detska-paraliza/ Sat, 10 Sep 2022 11:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=549408

Гувернерката на Њујорк, Кети Хокл, соопшти дека државата ги засилува напорите за борба против детска парализа, откако вирусот што ја предизвикува болеста опасна по живот беше пронајден во канализацијата во уште еден округ во Њујорк.

Хокл прогласи вонредна состојба во врска со детска парализа, дозволувајќи им на итни медицински работници, акушерки и фармацевти да спроведуваат вакцинација против болеста, а лекарите да издаваат трајни рецепти за вакцината. Податоците за имунизација ќе се користат за да се насочат напорите за вакцинација онаму каде што се најпотребни.

Здравствените власти почнаа со тестирање за траги од полио-вирусот во отпадните води, откако во јули во округот Рокланд беше откриен првиот случај на полио во САД по речиси 10 години. Последниот случај на вирус во канализацијата во државата беше откриен по тестирањето на примерокот земен минатиот месец во округот Насау.

Здравствените власти велат дека примерокот е генетски поврзан со случајот со полио Рокланд и дава повеќе докази дека вирусот се шири во регионот откако беше пронајден во канализацијата во Њујорк, а исто така и во окрузите Оринџ и Саливан.

Здравствените власти посочија дека сите невакцинирани њујорчани треба веднаш да се вакцинираат. Тие, исто така, повикаа на дополнителни дози за одредени луѓе, како што се здравствените работници во погодените области кои лекуваат пациенти кои може да имаат детска парализа.

Стапката на вакцинација против детска парализа во државата беше 79 проценти, но стапките беа пониски во окрузите Рокланд, Оринџ и Саливан.

The post Њујорк прогласи вонредна состојба поради значителен пораст на детска парализа appeared first on Република.

]]>

Гувернерката на Њујорк, Кети Хокл, соопшти дека државата ги засилува напорите за борба против детска парализа, откако вирусот што ја предизвикува болеста опасна по живот беше пронајден во канализацијата во уште еден округ во Њујорк. Хокл прогласи вонредна состојба во врска со детска парализа, дозволувајќи им на итни медицински работници, акушерки и фармацевти да спроведуваат вакцинација против болеста, а лекарите да издаваат трајни рецепти за вакцината. Податоците за имунизација ќе се користат за да се насочат напорите за вакцинација онаму каде што се најпотребни. Здравствените власти почнаа со тестирање за траги од полио-вирусот во отпадните води, откако во јули во округот Рокланд беше откриен првиот случај на полио во САД по речиси 10 години. Последниот случај на вирус во канализацијата во државата беше откриен по тестирањето на примерокот земен минатиот месец во округот Насау. Здравствените власти велат дека примерокот е генетски поврзан со случајот со полио Рокланд и дава повеќе докази дека вирусот се шири во регионот откако беше пронајден во канализацијата во Њујорк, а исто така и во окрузите Оринџ и Саливан. Здравствените власти посочија дека сите невакцинирани њујорчани треба веднаш да се вакцинираат. Тие, исто така, повикаа на дополнителни дози за одредени луѓе, како што се здравствените работници во погодените области кои лекуваат пациенти кои може да имаат детска парализа. Стапката на вакцинација против детска парализа во државата беше 79 проценти, но стапките беа пониски во окрузите Рокланд, Оринџ и Саливан.

The post Њујорк прогласи вонредна состојба поради значителен пораст на детска парализа appeared first on Република.

]]>
Вонредна состојба во општина Прешево, горат 50 хектари борова шума https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vonredna-sostojba-vo-opshtina-preshevo-gorat-50-hektari-borova-shuma/ Sat, 06 Aug 2022 06:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=537284

Општина Прешево прогласи вонредна состојба на територијата на селата Рајинци, Црнотинце, Горња и Доња Шошаја поради пожарот што избувна вчера, во попладневните часови, јавува РТВ Врање.

Како што се наведува, жителите не се загрозени, но загрозени се животните кои живеат во овој крај.

Голем пожар што избувна во околината на Прешево, во непосредна близина на автопатот Е-75 меѓу стариот пат Бујановац – Прешево, се уште гори во близина на населени куќи, соопшти Координативното тело за општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа.

Горат 50 хектари борова шума, а РТВ Врање јавува дека од пожарот е зафатена боровата шума кај селото Црнотинце и сува трева и ниска вегетација на потегот меѓу селата Рајинце и Црнотинце.

Пожарникарите од Прешево на терен не можат да го изгаснат пожарот, се чека хеликоптер да го изгасне пожарот од воздух.

The post Вонредна состојба во општина Прешево, горат 50 хектари борова шума appeared first on Република.

]]>

Општина Прешево прогласи вонредна состојба на територијата на селата Рајинци, Црнотинце, Горња и Доња Шошаја поради пожарот што избувна вчера, во попладневните часови, јавува РТВ Врање. Како што се наведува, жителите не се загрозени, но загрозени се животните кои живеат во овој крај. Голем пожар што избувна во околината на Прешево, во непосредна близина на автопатот Е-75 меѓу стариот пат Бујановац – Прешево, се уште гори во близина на населени куќи, соопшти Координативното тело за општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа. Горат 50 хектари борова шума, а РТВ Врање јавува дека од пожарот е зафатена боровата шума кај селото Црнотинце и сува трева и ниска вегетација на потегот меѓу селата Рајинце и Црнотинце. Пожарникарите од Прешево на терен не можат да го изгаснат пожарот, се чека хеликоптер да го изгасне пожарот од воздух.

The post Вонредна состојба во општина Прешево, горат 50 хектари борова шума appeared first on Република.

]]>
Молдавија ја продолжува вонредната состојба поради состојбата во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moldavija-ja-prodolzuva-vonrednata-sostojba-poradi-sostojbata-vo-ukraina/ Fri, 29 Jul 2022 11:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=534647

Парламентот на Молдавија изгласа продолжување на вонредната состојба за уште 60 дена.

Одлуката доаѓа откако владата соопшти дека сè уште и се потребни посебни овластувања за да се справи со последиците од руската воена акција во Украина.

Обраќајќи им се на пратениците, кои во четвртокот гласаа за продолжување на вонредната состојба, молдавската премиерка Наталија Гаврилица, порача дека постојат континуирани ризици за енергетската и граничната безбедност и укажа на потребата да се управува со протокот на бегалци од Украина.

Ризиците за Молдавија поради војната во Украина се уште се високи. На владата и се потребни дополнителни овластувања - се наведува во истражувањето на Молдавија.

Продолжувањето на вонредната состојба ќе стапи на сила на 8 август, пренесува Ројтерс.

Околу 500.000 бегалци ја минале границата откако Русија ја почна воената операција во Украина, од кои повеќе од 100.000 остануваат во Молдавија, која има околу 2,6 милиони луѓе.

Парламентот на Модлавија прво гласаше за воведување привремена вонредна состојба веднаш по рускиот напад врз Украина и ја продолжи мерката во април и јуни.

The post Молдавија ја продолжува вонредната состојба поради состојбата во Украина appeared first on Република.

]]>

Парламентот на Молдавија изгласа продолжување на вонредната состојба за уште 60 дена. Одлуката доаѓа откако владата соопшти дека сè уште и се потребни посебни овластувања за да се справи со последиците од руската воена акција во Украина. Обраќајќи им се на пратениците, кои во четвртокот гласаа за продолжување на вонредната состојба, молдавската премиерка Наталија Гаврилица, порача дека постојат континуирани ризици за енергетската и граничната безбедност и укажа на потребата да се управува со протокот на бегалци од Украина.
Ризиците за Молдавија поради војната во Украина се уште се високи. На владата и се потребни дополнителни овластувања - се наведува во истражувањето на Молдавија.
Продолжувањето на вонредната состојба ќе стапи на сила на 8 август, пренесува Ројтерс. Околу 500.000 бегалци ја минале границата откако Русија ја почна воената операција во Украина, од кои повеќе од 100.000 остануваат во Молдавија, која има околу 2,6 милиони луѓе. Парламентот на Модлавија прво гласаше за воведување привремена вонредна состојба веднаш по рускиот напад врз Украина и ја продолжи мерката во април и јуни.

The post Молдавија ја продолжува вонредната состојба поради состојбата во Украина appeared first on Република.

]]>
Oграничувања на брзината на железничките линии, некои училишта ќе се затворат предвреме, а некои посети на лекари ќе бидат откажани поради жешкото време во Велика Британија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ogranichuvanja-na-brzinata-na-zeleznichkite-linii-nekoi-uchilishta-kje-se-zatvorat-predvreme-a-nekoi-poseti-na-lekari-kje-bidat-otkazani-poradi-zeshkoto-vreme-vo-velika-britanija/ Sat, 16 Jul 2022 18:08:01 +0000 https://republika.mk/?p=530097

Во Велика Британија е прогласена вонредна состојба откако за првпат беше издадено црвено предупредување за екстремни горештини, бидејќи температурите би можеле да достигнат и 40 степени Целзиусови.

Предупредувањето од метеоролошката агенција за понеделник и вторник ги вклучува Лондон, Манчестер и Јорк, објави Би-Би-Си.

Тоа значи дека постои ризик по животот, а дневните рутини ќе мора да се сменат.

Ќе има ограничувања на брзината на железничките линии, некои училишта ќе се затворат предвреме, а некои посети на лекари ќе бидат откажани.

Ќе се посипува песок по патиштата за да се намали топењето на асфалтот, а службата за помош на пат предупреди дека на повеќе возачи ќе им биде потребна помош поради прегревање на нивните автомобили.

Метеоролошката агенција издаде предупредување за највисоко ниво четири и додаде дека до мачнини и смрт може да дојде дури и кај здрави луѓе.

Ова е прв пат да биде издадено црвено предупредување за висока температура за делови од Велика Британија.

 

The post Oграничувања на брзината на железничките линии, некои училишта ќе се затворат предвреме, а некои посети на лекари ќе бидат откажани поради жешкото време во Велика Британија appeared first on Република.

]]>

Во Велика Британија е прогласена вонредна состојба откако за првпат беше издадено црвено предупредување за екстремни горештини, бидејќи температурите би можеле да достигнат и 40 степени Целзиусови. Предупредувањето од метеоролошката агенција за понеделник и вторник ги вклучува Лондон, Манчестер и Јорк, објави Би-Би-Си. Тоа значи дека постои ризик по животот, а дневните рутини ќе мора да се сменат. Ќе има ограничувања на брзината на железничките линии, некои училишта ќе се затворат предвреме, а некои посети на лекари ќе бидат откажани. Ќе се посипува песок по патиштата за да се намали топењето на асфалтот, а службата за помош на пат предупреди дека на повеќе возачи ќе им биде потребна помош поради прегревање на нивните автомобили. Метеоролошката агенција издаде предупредување за највисоко ниво четири и додаде дека до мачнини и смрт може да дојде дури и кај здрави луѓе. Ова е прв пат да биде издадено црвено предупредување за висока температура за делови од Велика Британија.  

The post Oграничувања на брзината на железничките линии, некои училишта ќе се затворат предвреме, а некои посети на лекари ќе бидат откажани поради жешкото време во Велика Британија appeared first on Република.

]]>
Состанок на експерти на СЗО: Ќе се прогласи ли вонредна состојба? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sostanok-na-eksperti-na-szo-kje-se-proglasi-li-vonredna-sostojba/ Thu, 23 Jun 2022 10:53:01 +0000 https://republika.mk/?p=518851

СЗО денеска проценува дали епидемијата на мајмунски сипаници треба да се прогласи за вонредна состојба за јавното здравје, како што беше случајот со Ковид.

Претходно беа прогласени само шест такви вонредни состојби: Ковид-19 (2020), епидемија на ебола во Демократска Република Конго (2019), вирус Зика (2016), полиомиелитис или детска парализа (2014), епидемија на ебола во Западна Африка (2014) и H1N1 пандемичен вирус или свински грип (2009).

Доколку тоа се случи, би било можно да се активираат механизмите за меѓународна соработка насочени кон ограничување на понатамошното ширење на болеста, а тоа би било и сигнал до поединечните земји да бидат подготвени, односно да ги зајакнат капацитетите на нивните здравствени услуги, според Британска агенција.

СЗО ја дефинира вонредната состојба за јавно здравје од меѓународно значење како „итен случај што е идентификуван како ризик за јавното здравје на други земји поради меѓународното ширење на болеста и потенцијално бара координиран меѓународен одговор“.

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, претходно изјави дека е јасно дека има необична ситуација, бидејќи вирусот сега се однесува поинаку и дека мајмуните сипаници се појавуваат во сè поголем број земји, поради што е потребен координиран одговор.

Стручната комисија дава препорака, но конечната одлука за прогласување вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење ја носи генералниот директор на Тедрос, Адан Гебрејесус, пренесе Ројтерс.

 

The post Состанок на експерти на СЗО: Ќе се прогласи ли вонредна состојба? appeared first on Република.

]]>

СЗО денеска проценува дали епидемијата на мајмунски сипаници треба да се прогласи за вонредна состојба за јавното здравје, како што беше случајот со Ковид. Претходно беа прогласени само шест такви вонредни состојби: Ковид-19 (2020), епидемија на ебола во Демократска Република Конго (2019), вирус Зика (2016), полиомиелитис или детска парализа (2014), епидемија на ебола во Западна Африка (2014) и H1N1 пандемичен вирус или свински грип (2009). Доколку тоа се случи, би било можно да се активираат механизмите за меѓународна соработка насочени кон ограничување на понатамошното ширење на болеста, а тоа би било и сигнал до поединечните земји да бидат подготвени, односно да ги зајакнат капацитетите на нивните здравствени услуги, според Британска агенција. СЗО ја дефинира вонредната состојба за јавно здравје од меѓународно значење како „итен случај што е идентификуван како ризик за јавното здравје на други земји поради меѓународното ширење на болеста и потенцијално бара координиран меѓународен одговор“. Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, претходно изјави дека е јасно дека има необична ситуација, бидејќи вирусот сега се однесува поинаку и дека мајмуните сипаници се појавуваат во сè поголем број земји, поради што е потребен координиран одговор. Стручната комисија дава препорака, но конечната одлука за прогласување вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење ја носи генералниот директор на Тедрос, Адан Гебрејесус, пренесе Ројтерс.  

The post Состанок на експерти на СЗО: Ќе се прогласи ли вонредна состојба? appeared first on Република.

]]>
Унгарија воведува вонредна состојба поради војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarija-voveduva-vonredna-sostojba-poradi-vojnata-vo-ukraina/ Tue, 24 May 2022 17:46:11 +0000 https://republika.mk/?p=506467

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави на својот профил на фејсбук дека поради војната во Украина којашто предизвика економски превирања во Европа од среда во Унгарија ќе биде воведена вонредна состојба.

Како што појаснува Орбан во објавата, конфликтот во Украина ја загрозува енергетската и финансиска безбедност на земјата.

Гледаме дека војната и санкциите на Брисел доведоа до огромни економски шокови и остро зголемување на цените. Светот е на работ од економска криза. Владата, остварувајќи го своето право според Уставот, прогласува вонредна состојба од полноќ, наведува Орбан.

Унгарија и уште неколку земји од Европската унија се под силен притисок на Европската комисија да се приклучат на нафтеното ембарго против Русија, но унгарската економија е силно зависна од руските енергенси и во догледно време без огромни финансиски вложувања не би можела да се преориентира кон други правци на снабдување со енергија.

Унгарскиот премиер во саботата во Нови Сад на отворањето на тамошниот саем на земјоделство, рече дека Будимпешта не се согласува со економски неприфатливите мерки кои се носат во Брисел, споредувајќи поедини санкции против Русија со атомска бомба, и предупреди дека тоа би можело да предизвика нов мигрантски бран.

Унгарија не се согласува со Брисел во однос на неразумните и неприфатливи мерки против Русија коишто би довеле до раст на цените, глад и невидена масовна миграција. Не треба да се преземаат необмислени санкции кон Москва, бидејќи тие имаа ефект сличен на атомска бомба, рече тогаш Орбан.

Унгарскиот премиер и претходно нагласи дека воведувањето на ембаргото на увозот на руската нафта ќе предизвика „сериозни проблеми во испораките“ што ќе ја поткопа енергетската безбедност на земјата и ќе резултира со „ценовен шок“ и за унгарското население и за унгарското стопанство.

Орбан, исто така, истакна дека планот на Европската комисија за постепеното откажување од руските фосилни горива до 2027 година, претставен минатата седмица, не содржи предлози за дополнително финансирање на „најзасегнатите членки на заедницата кои немаат излез на море“.

На Унгарија за сигурно и непречено снабдување со нафта би ѝ бил потребен нов нафтовод кој би бил поврзан со Храватска која има излез на море. Покрај тоа, Будимпешта бара гаранции дека Загреб ќе се ангажира на изградбата на таа инфраструктура, како и гаранции за финансиски средства од фондовите на ЕУ што досега не ги добила.

The post Унгарија воведува вонредна состојба поради војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави на својот профил на фејсбук дека поради војната во Украина којашто предизвика економски превирања во Европа од среда во Унгарија ќе биде воведена вонредна состојба. Како што појаснува Орбан во објавата, конфликтот во Украина ја загрозува енергетската и финансиска безбедност на земјата.
Гледаме дека војната и санкциите на Брисел доведоа до огромни економски шокови и остро зголемување на цените. Светот е на работ од економска криза. Владата, остварувајќи го своето право според Уставот, прогласува вонредна состојба од полноќ, наведува Орбан.
Унгарија и уште неколку земји од Европската унија се под силен притисок на Европската комисија да се приклучат на нафтеното ембарго против Русија, но унгарската економија е силно зависна од руските енергенси и во догледно време без огромни финансиски вложувања не би можела да се преориентира кон други правци на снабдување со енергија. Унгарскиот премиер во саботата во Нови Сад на отворањето на тамошниот саем на земјоделство, рече дека Будимпешта не се согласува со економски неприфатливите мерки кои се носат во Брисел, споредувајќи поедини санкции против Русија со атомска бомба, и предупреди дека тоа би можело да предизвика нов мигрантски бран.
Унгарија не се согласува со Брисел во однос на неразумните и неприфатливи мерки против Русија коишто би довеле до раст на цените, глад и невидена масовна миграција. Не треба да се преземаат необмислени санкции кон Москва, бидејќи тие имаа ефект сличен на атомска бомба, рече тогаш Орбан.
Унгарскиот премиер и претходно нагласи дека воведувањето на ембаргото на увозот на руската нафта ќе предизвика „сериозни проблеми во испораките“ што ќе ја поткопа енергетската безбедност на земјата и ќе резултира со „ценовен шок“ и за унгарското население и за унгарското стопанство. Орбан, исто така, истакна дека планот на Европската комисија за постепеното откажување од руските фосилни горива до 2027 година, претставен минатата седмица, не содржи предлози за дополнително финансирање на „најзасегнатите членки на заедницата кои немаат излез на море“. На Унгарија за сигурно и непречено снабдување со нафта би ѝ бил потребен нов нафтовод кој би бил поврзан со Храватска која има излез на море. Покрај тоа, Будимпешта бара гаранции дека Загреб ќе се ангажира на изградбата на таа инфраструктура, како и гаранции за финансиски средства од фондовите на ЕУ што досега не ги добила.

The post Унгарија воведува вонредна состојба поради војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Костарика прогласи вонредна состојба поради хакерски напад врз државни институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kostarika-proglasi-vonredna-sostojba-poradi-hakerski-napad-vrz-drzavni-institucii/ Mon, 09 May 2022 12:34:06 +0000 https://republika.mk/?p=499939

Уценувачкиот малициозен софтвер Conti постои од 2020 година и се верува дека е дистрибуиран од руска група хакери. Соединетите Американски Држави одговорија на оваа закана со објавување награда за секој кој има какви било информации за нив. Ако им пријавите на американските власти какви било информации што ќе помогнат да се идентификуваат водачите на оваа хакерска група, можете да добиете 10 милиони долари. Во случај информациите да доведат до апсење на поединци кои соработуваат со нив, потенцијалната награда е 5 милиони долари.

Речиси во исто време, владејачките структури на Костарика на потежок начин дознаа за опасностите од овој откуп. Нивните државни институции и агенции и најмалку две министерства станаа жртви на Conti во последните недели. Покрај тоа што ја оневозможуваа или отежнаа работата на овие институции, хакерите успеаја да украдат од нив огромни количини на податоци – дури 672 гигабајти. Од тоа, околу 97% веќе се објавени на јавно достапни сервери, откако Министерството за финансии одби да плати откуп од 10 милиони долари.

Поради оваа причина, новоизбраниот претседател на Костарика, Родриго Чавес, веднаш по преземањето на функцијата мораше да прогласи вонредна состојба на ниво на целиот јавен сектор. Имено, од 18 април дигиталните услуги на државната каса како потпишување документи се целосно недостапни, што го оневозможува работењето на многу стопански субјекти.

„Го потпишавме овој декрет за да може земјата да се одбрани од напади на сајбер-криминалци. Ова е напад врз нашата татковина и донесовме декрет за да можеме подобро да се браниме“, рече претседателот Чавез, прогласувајќи вонредна состојба.

Експертите го поврзуваат нападот со групата Wizard Spider, која комуницира на руски, а претходно била поврзана со напади на други видови на малициозен софтвер, како што се Ryuk, TrickBot или BazarLoader.

The post Костарика прогласи вонредна состојба поради хакерски напад врз државни институции appeared first on Република.

]]>

Уценувачкиот малициозен софтвер Conti постои од 2020 година и се верува дека е дистрибуиран од руска група хакери. Соединетите Американски Држави одговорија на оваа закана со објавување награда за секој кој има какви било информации за нив. Ако им пријавите на американските власти какви било информации што ќе помогнат да се идентификуваат водачите на оваа хакерска група, можете да добиете 10 милиони долари. Во случај информациите да доведат до апсење на поединци кои соработуваат со нив, потенцијалната награда е 5 милиони долари. Речиси во исто време, владејачките структури на Костарика на потежок начин дознаа за опасностите од овој откуп. Нивните државни институции и агенции и најмалку две министерства станаа жртви на Conti во последните недели. Покрај тоа што ја оневозможуваа или отежнаа работата на овие институции, хакерите успеаја да украдат од нив огромни количини на податоци – дури 672 гигабајти. Од тоа, околу 97% веќе се објавени на јавно достапни сервери, откако Министерството за финансии одби да плати откуп од 10 милиони долари.
Поради оваа причина, новоизбраниот претседател на Костарика, Родриго Чавес, веднаш по преземањето на функцијата мораше да прогласи вонредна состојба на ниво на целиот јавен сектор. Имено, од 18 април дигиталните услуги на државната каса како потпишување документи се целосно недостапни, што го оневозможува работењето на многу стопански субјекти. „Го потпишавме овој декрет за да може земјата да се одбрани од напади на сајбер-криминалци. Ова е напад врз нашата татковина и донесовме декрет за да можеме подобро да се браниме“, рече претседателот Чавез, прогласувајќи вонредна состојба. Експертите го поврзуваат нападот со групата Wizard Spider, која комуницира на руски, а претходно била поврзана со напади на други видови на малициозен софтвер, како што се Ryuk, TrickBot или BazarLoader.

The post Костарика прогласи вонредна состојба поради хакерски напад врз државни институции appeared first on Република.

]]>
Западот се загрижи поради прогласената вонредна состојба во Шри Ланка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zapadot-se-zagrizi-poradi-proglasenata-vonredna-sostojba-vo-shri-lanka/ Sat, 07 May 2022 16:29:15 +0000 https://republika.mk/?p=499145

Западните дипломати и групите за човекови права изразија загриженост откако претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса, прогласи вонредна состојба во земјата, а полицијата употреби сила против мирните демонстранти кои бараат смена на претседателот поради најтешката економска криза во земјата.

Раџапакса со прогласувањето на вонредната состојба во земјата доби овластувања за одобрување притвор, за одземање имот и претрес на какви било простории. Исто така, може да ги измени или суспендира законите во интерес на јавната безбедност и за одржување на основните резерви.

Шри Ланка е на работ на банкрот, бидејќи нејзините жители демонстрираат со месеци наназад, обвинувајќи ги Раџапакса и неговите роднини кои владеат со години, за економската состојба и лошото управување со долгот што создаде огромен недостиг од храна, електрична енергија и лекови.

Полицијата вчера на двапати употреби солзавец и водени топови против демонстрантите во близина на зградата на парламентот додека тие ги критикуваа пратениците дека не го смениле претседателот и владата, на чие чело е братот на претседателот Махинда Раџапакса.

Американската амбасадорка во Шри Ланка, Џули Чунг, денеска на Твитер напиша дека е загрижена поради вонредната состојба и дека „треба да се слушне гласот на мирните граѓани“.

Канадскиот амбасадор Дејвид Мекинон соопшти дека жителите на Шри Ланка имаат право на мирни протести и дека „тешко е да се разбере зошто е потребна вонредна состојба“.

Владата денеска соопшти дека е прогласена вонредна состојба за да се „создаде политичка стабилност“ за да може да се спроведат реформи за да се помогне во решавањето на економската криза.

The post Западот се загрижи поради прогласената вонредна состојба во Шри Ланка appeared first on Република.

]]>

Западните дипломати и групите за човекови права изразија загриженост откако претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса, прогласи вонредна состојба во земјата, а полицијата употреби сила против мирните демонстранти кои бараат смена на претседателот поради најтешката економска криза во земјата. Раџапакса со прогласувањето на вонредната состојба во земјата доби овластувања за одобрување притвор, за одземање имот и претрес на какви било простории. Исто така, може да ги измени или суспендира законите во интерес на јавната безбедност и за одржување на основните резерви. Шри Ланка е на работ на банкрот, бидејќи нејзините жители демонстрираат со месеци наназад, обвинувајќи ги Раџапакса и неговите роднини кои владеат со години, за економската состојба и лошото управување со долгот што создаде огромен недостиг од храна, електрична енергија и лекови. Полицијата вчера на двапати употреби солзавец и водени топови против демонстрантите во близина на зградата на парламентот додека тие ги критикуваа пратениците дека не го смениле претседателот и владата, на чие чело е братот на претседателот Махинда Раџапакса. Американската амбасадорка во Шри Ланка, Џули Чунг, денеска на Твитер напиша дека е загрижена поради вонредната состојба и дека „треба да се слушне гласот на мирните граѓани“. Канадскиот амбасадор Дејвид Мекинон соопшти дека жителите на Шри Ланка имаат право на мирни протести и дека „тешко е да се разбере зошто е потребна вонредна состојба“. Владата денеска соопшти дека е прогласена вонредна состојба за да се „создаде политичка стабилност“ за да може да се спроведат реформи за да се помогне во решавањето на економската криза.

The post Западот се загрижи поради прогласената вонредна состојба во Шри Ланка appeared first on Република.

]]>
Швајцарија ги укина ковид мерките, во Италија нема веќе вонредна состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvajcarija-gi-ukina-kovid-merkite-vo-italija-nema-vekje-vonredna-sostojba/ Fri, 01 Apr 2022 08:33:17 +0000 https://republika.mk/?p=481796

Швајцарија денеска ги укина последните преостанати ограничувања за Ковид-19, а Италија ја прекина вонредната состојба прогласена поради пандемијата.

Во Швајцарија, маските повеќе не се задолжителни во јавниот транспорт и здравствените установи, а апликацијата „Ковид-19“ за следење контакти е деактивирана.

Луѓето заразени со коронавирус повеќе не мора да одат во самоизолација, но властите, сепак, ги повикуваат да останат дома доколку имаат симптоми на Ковид-19. Тие оценуваат дека кај населението преовладува висок имунитет, а состојбата на интензивна нега е стабилна.

Но, и натаму сакаат да одржат „засилена будност“ до пролетта 2023 година.

Властите во Рим, пак, одлучија да ја укинат вонредната состојба наметната од пандемијата, како и зелената пропусница за местата каде беше потребна.

Од денеска, гостите во хотелите повеќе нема да треба да докажуваат дали се вакцинирани против Ковид-19, дали биле заразени со вирусот или имаат негативен тест. Овој сертификат повеќе не е потребен ниту за влез во ресторани и барови на отворено, но за внатрешниот простор и натаму се бара.

Маските се уште се неопходни во затворен простор. Сертификатите исто така повеќе не се потребни за влез во музеи и изложби, но се бараат во театри, кина и концерти на затворено.

The post Швајцарија ги укина ковид мерките, во Италија нема веќе вонредна состојба appeared first on Република.

]]>

Швајцарија денеска ги укина последните преостанати ограничувања за Ковид-19, а Италија ја прекина вонредната состојба прогласена поради пандемијата. Во Швајцарија, маските повеќе не се задолжителни во јавниот транспорт и здравствените установи, а апликацијата „Ковид-19“ за следење контакти е деактивирана. Луѓето заразени со коронавирус повеќе не мора да одат во самоизолација, но властите, сепак, ги повикуваат да останат дома доколку имаат симптоми на Ковид-19. Тие оценуваат дека кај населението преовладува висок имунитет, а состојбата на интензивна нега е стабилна. Но, и натаму сакаат да одржат „засилена будност“ до пролетта 2023 година. Властите во Рим, пак, одлучија да ја укинат вонредната состојба наметната од пандемијата, како и зелената пропусница за местата каде беше потребна. Од денеска, гостите во хотелите повеќе нема да треба да докажуваат дали се вакцинирани против Ковид-19, дали биле заразени со вирусот или имаат негативен тест. Овој сертификат повеќе не е потребен ниту за влез во ресторани и барови на отворено, но за внатрешниот простор и натаму се бара. Маските се уште се неопходни во затворен простор. Сертификатите исто така повеќе не се потребни за влез во музеи и изложби, но се бараат во театри, кина и концерти на затворено.

The post Швајцарија ги укина ковид мерките, во Италија нема веќе вонредна состојба appeared first on Република.

]]>