вонредна седница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vonredna-sednica/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 20:41:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вонредна седница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vonredna-sednica/ 32 32 Готово е: Владата одлучи со нафта од државните резерви да се реши проблемот со автобусите низ Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gotovo-e-vladata-odluchi-so-nafta-od-drzhavnite-rezervi-da-se-reshi-problemot-so-avtobusite-niz-skopje/ Thu, 21 Nov 2024 15:03:53 +0000 https://republika.mk/?p=840463

Владата се вклучи во решавањето на проблемот со недостигот на нафта за автобусите на ЈСП Скопје. На денешната вонредна седница е донесена одлука со која ќе се овоможи на градот Скопје да му се позајмат дел од нафтените резерви на државата.

Како што брифираат за МИА од Владата, денеска, меѓудругото, Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје.

Со ова, како што се потенцира, Владата го затвора прашањето со настаната потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај.

На вонредната седница на која се расправаше за недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, била констатирана лошата состојба и недостиг на гориво за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие при што Владата се вклучи во решавање на овој проблем.

https://republika.mk/vesti/skopje/skandalot-se-prodlabochuva-finansiska-politsija-gi-cheshla-javnite-nabavki-za-mazut-vo-jsp/

Веќе втор ден на улиците на Градот Скопје сообраќаат по триесетина автобуси на градското сообраќајно претпријатие поради недостиг на нафта. Граѓаните со часови чекаат автобус.

The post Готово е: Владата одлучи со нафта од државните резерви да се реши проблемот со автобусите низ Скопје appeared first on Република.

]]>

Владата се вклучи во решавањето на проблемот со недостигот на нафта за автобусите на ЈСП Скопје. На денешната вонредна седница е донесена одлука со која ќе се овоможи на градот Скопје да му се позајмат дел од нафтените резерви на државата. Како што брифираат за МИА од Владата, денеска, меѓудругото, Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје. Со ова, како што се потенцира, Владата го затвора прашањето со настаната потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај. На вонредната седница на која се расправаше за недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, била констатирана лошата состојба и недостиг на гориво за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие при што Владата се вклучи во решавање на овој проблем. https://republika.mk/vesti/skopje/skandalot-se-prodlabochuva-finansiska-politsija-gi-cheshla-javnite-nabavki-za-mazut-vo-jsp/ Веќе втор ден на улиците на Градот Скопје сообраќаат по триесетина автобуси на градското сообраќајно претпријатие поради недостиг на нафта. Граѓаните со часови чекаат автобус.

The post Готово е: Владата одлучи со нафта од државните резерви да се реши проблемот со автобусите низ Скопје appeared first on Република.

]]>
Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/slaveski-svika-itna-vonredna-sednitsa-na-sovetot-na-skopje-poradi-kolapsot-na-javniot-prevoz/ Thu, 21 Nov 2024 08:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=840162

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да се расправа за нефункционирањето на јавниот превоз во градот, откако автобусите на ЈСП прекинаа да сообраќаат поради недостиг на гориво.

Нефункционирањето на јавните претпријатија во надлежност на град Скопје, задолжени да обезбедуваат витални услуги за граѓаните, достигна кулминација. Совет на град Скопје на 21 ноември, ќе одржи итна вонредна седница со почеток во 18:00 часот. Советот, во рамките на своите надлежности, е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сѐ од градоначалникот Арсовска и директорите, итно да го нормализираат јавниот превоз на територијата на град Скопје и да го подигнат нивото на хигиена, сподели Славески преку социјалните мрежи.

Свикување вонредна седница за проблемите со превозот побара и опозициската СДСМ. Лидерот на партијата Венко Филипче преку соопштение предупреди дека состојбата во Скопје е алармантна и оти градот е во криза. Иницирана е итна седница на Советот на Град Скопје за да се изнајдат конкретни мерки за излез од кризата.

Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот, бидејќи нема да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град, соопшти Филипче.

Јавниот превоз во главниот град од вчера е максимално редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје.

Од вчера попладне сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров.

Од Град Скопје, пак, одговорноста во врска со кризата што настана Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое остана без нафта, ја префрлаат на совтениците на ВМРО-ДПМНЕ и на директорката на Бирото за јавни набавки поради поништената постапка за набавка на гориво за автобусите.

The post Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да се расправа за нефункционирањето на јавниот превоз во градот, откако автобусите на ЈСП прекинаа да сообраќаат поради недостиг на гориво.
Нефункционирањето на јавните претпријатија во надлежност на град Скопје, задолжени да обезбедуваат витални услуги за граѓаните, достигна кулминација. Совет на град Скопје на 21 ноември, ќе одржи итна вонредна седница со почеток во 18:00 часот. Советот, во рамките на своите надлежности, е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сѐ од градоначалникот Арсовска и директорите, итно да го нормализираат јавниот превоз на територијата на град Скопје и да го подигнат нивото на хигиена, сподели Славески преку социјалните мрежи.
Свикување вонредна седница за проблемите со превозот побара и опозициската СДСМ. Лидерот на партијата Венко Филипче преку соопштение предупреди дека состојбата во Скопје е алармантна и оти градот е во криза. Иницирана е итна седница на Советот на Град Скопје за да се изнајдат конкретни мерки за излез од кризата.
Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот, бидејќи нема да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град, соопшти Филипче.
Јавниот превоз во главниот град од вчера е максимално редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје. Од вчера попладне сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров. Од Град Скопје, пак, одговорноста во врска со кризата што настана Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое остана без нафта, ја префрлаат на совтениците на ВМРО-ДПМНЕ и на директорката на Бирото за јавни набавки поради поништената постапка за набавка на гориво за автобусите.  

The post Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз appeared first on Република.

]]>
Закажана нова вонредна седница на Советот на Град Скопје за субвенциите за ЈСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zakazhana-nova-vonredna-sednitsa-na-sovetot-na-grad-skopje-za-subventsiite-za-jsp/ Mon, 22 Jan 2024 14:09:42 +0000 https://republika.mk/?p=735526

За 14.45 часот закажана е нова вонредна седница на Советот на град Скопје за одлуката за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони евра и исплата на декемвриската плата, соопшти претседателот на Синдикатот во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - Скопје Миќо Стојановски пред вработените кои од претпладнето пред просториите на град Скопје чекаат исход за одлуката за субвенционирање на ЈСП и исплата на платата.

На седницата на Советот на Град Скопје што се одржа претходно денеска, одлуката за субвенционирање на ЈСП не беше усвоена поради недоволен број гласови, односно не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Тринаесет беа воздражани, а ниту еден против.

Не помина за еден глас. Веројатно во меѓувреме се јавил некој што му е криво што сите овде мрзнеме и ќе мрзнеме, а јавен градски превоз ќе нема па сака својата воздржаност да ја преточи во гласање „за“. Затоа вработените остануваат тука и ќе ја чекаме дополнителната вонредна седница и тогаш ќе бидете присутни и вие и ќе знаете што ќе се случува, изјави Стојановски, најавувајќи дека ќе нема јавен градски превоз ако нема нова седница на Совет на Град Скопје.

Јавниот градски превоз во Скопје е во прекин од 9 часот изутрина поради неисплатена плата за минатиот месец.

The post Закажана нова вонредна седница на Советот на Град Скопје за субвенциите за ЈСП appeared first on Република.

]]>

За 14.45 часот закажана е нова вонредна седница на Советот на град Скопје за одлуката за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони евра и исплата на декемвриската плата, соопшти претседателот на Синдикатот во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - Скопје Миќо Стојановски пред вработените кои од претпладнето пред просториите на град Скопје чекаат исход за одлуката за субвенционирање на ЈСП и исплата на платата. На седницата на Советот на Град Скопје што се одржа претходно денеска, одлуката за субвенционирање на ЈСП не беше усвоена поради недоволен број гласови, односно не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Тринаесет беа воздражани, а ниту еден против. Не помина за еден глас. Веројатно во меѓувреме се јавил некој што му е криво што сите овде мрзнеме и ќе мрзнеме, а јавен градски превоз ќе нема па сака својата воздржаност да ја преточи во гласање „за“. Затоа вработените остануваат тука и ќе ја чекаме дополнителната вонредна седница и тогаш ќе бидете присутни и вие и ќе знаете што ќе се случува, изјави Стојановски, најавувајќи дека ќе нема јавен градски превоз ако нема нова седница на Совет на Град Скопје. Јавниот градски превоз во Скопје е во прекин од 9 часот изутрина поради неисплатена плата за минатиот месец.

The post Закажана нова вонредна седница на Советот на Град Скопје за субвенциите за ЈСП appeared first on Република.

]]>
Започна вонредната седница на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zapochna-vonrednata-sednica-na-nato/ Wed, 16 Nov 2022 11:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=574452

Утрово во седиштето на Алијансата во Брисел почна вонредниот состанок на амбасадорите на НАТО на кој ќе се разговара за падот на проектил во Полска, кој не се знае од каде е истрелан, соопштија дипломати.

Информациите за седницата со која претседаваше генералниот секретар Јенс Столтенберг беше објавена во вторникот вечерта.

„Важно е да се утврдат сите факти“, рече генералниот секретар во врска со смртоносната експлозија во која загинаа две лица.

Украина ја обвинува Русија за инцидентот, а Москва ја отфрли одговорноста, тврдејќи дека експлозијата била провокација од Западот.

Полската армија беше во состојба на готовност во средата, еден ден откако ракета падна врз село во близина на границата со Украина.

Полскиот претседател Анджеј Дуда истакна дека во моментот „нема јасни докази“ од каде била истрелана ракетата, „многу веројатно е од руско производство“.

„Во тек е истрага“, рече тој, нагласувајќи дека станува збор за „изолиран“ инцидент

„Постои голема веројатност да се соочиме со последиците од дејствијата на Русија. Овие последици, за прв пат од почетокот на војната Полска ги чувствува на своја кожа бидејќи полските граѓани загинаа“, рече Павел Јаблонски, заменик полски министер за надворешни работи, во средата за агенцијата ПАП.

The post Започна вонредната седница на НАТО appeared first on Република.

]]>

Утрово во седиштето на Алијансата во Брисел почна вонредниот состанок на амбасадорите на НАТО на кој ќе се разговара за падот на проектил во Полска, кој не се знае од каде е истрелан, соопштија дипломати. Информациите за седницата со која претседаваше генералниот секретар Јенс Столтенберг беше објавена во вторникот вечерта. „Важно е да се утврдат сите факти“, рече генералниот секретар во врска со смртоносната експлозија во која загинаа две лица. Украина ја обвинува Русија за инцидентот, а Москва ја отфрли одговорноста, тврдејќи дека експлозијата била провокација од Западот. Полската армија беше во состојба на готовност во средата, еден ден откако ракета падна врз село во близина на границата со Украина. Полскиот претседател Анджеј Дуда истакна дека во моментот „нема јасни докази“ од каде била истрелана ракетата, „многу веројатно е од руско производство“. „Во тек е истрага“, рече тој, нагласувајќи дека станува збор за „изолиран“ инцидент „Постои голема веројатност да се соочиме со последиците од дејствијата на Русија. Овие последици, за прв пат од почетокот на војната Полска ги чувствува на своја кожа бидејќи полските граѓани загинаа“, рече Павел Јаблонски, заменик полски министер за надворешни работи, во средата за агенцијата ПАП.  

The post Започна вонредната седница на НАТО appeared first on Република.

]]>
Вучиќ по вонредната седница на Владата на Србија: Не се откажуваме од политиката на мир и стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-po-vonrednata-sednica-na-vladata-na-srbija-ne-se-otkazuvame-od-politikata-na-mir-i-stabilnost/ Sat, 05 Nov 2022 12:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=570010

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска присуствуваше на посебна седница на Владата на Србија на покана на премиерката Ана Брнабиќ.

Вучиќ по седницата се огласи на социјалните мрежи.

Ви благодарам за поканата и што ми дадовте можност да ве информирам за состојбата во која се наоѓа Србија. Не се откажуваме од одговорната политика на мир и стабилност“ – стои во објавата на Инстаграм профилот на „Иднината на Србија“.

Инаку, Вучиќ за денеска најави средба со врвот на СПЦ, а на таа средба ќе присуствува и актуелниот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

The post Вучиќ по вонредната седница на Владата на Србија: Не се откажуваме од политиката на мир и стабилност appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска присуствуваше на посебна седница на Владата на Србија на покана на премиерката Ана Брнабиќ. Вучиќ по седницата се огласи на социјалните мрежи.
Ви благодарам за поканата и што ми дадовте можност да ве информирам за состојбата во која се наоѓа Србија. Не се откажуваме од одговорната политика на мир и стабилност“ – стои во објавата на Инстаграм профилот на „Иднината на Србија“.
Инаку, Вучиќ за денеска најави средба со врвот на СПЦ, а на таа средба ќе присуствува и актуелниот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

The post Вучиќ по вонредната седница на Владата на Србија: Не се откажуваме од политиката на мир и стабилност appeared first on Република.

]]>
Во живо: Вонредна седница на Советот на Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-zivo-vonredna-sednica-na-sovetot-na-grad-skopje/ Thu, 20 Oct 2022 11:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=563580

Советот на Град Скопје со втора вонредна седница за реѓавање на проблемот со платата на вработените во ЈСП.

The post Во живо: Вонредна седница на Советот на Град Скопје appeared first on Република.