вонредна инспекција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vonredna-inspekcija/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 09:55:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вонредна инспекција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vonredna-inspekcija/ 32 32 Вонредни инспекции низ туристичките места, затворени објекти и уништени 8,7 тони храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vonredni-inspektsii-niz-turistichkite-mesta-zatvoreni-objekti-i-unishteni-8-7-toni-hrana/ Mon, 22 Jul 2024 09:55:46 +0000 https://republika.mk/?p=799144

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во периодот од 16 до 19 јули спроведоа вонредни засилени контроли во објекти и оператори со храна (хотели, ресторани, времени - кетеринг објекти, месарници и маркети) во туристичките центри Дојран, Охрид, Струга и Преспа со кои беа опфатени 112 објекти. При тоа беа изречени 54 глоби на 54 оператори со храна, од кои на осум им беше изречена забрана за работа до отстранување на констатираните недоследности.

Со контролите се проверуваше имплементацијата на добра производствена и хигиенска пракса (ДПП/ДХП) базирана на НАССР принципите, инфраструктурните услови во објектите, а се спроведуваа и контроли на активностите согласно регистрацијата на операторите со храна. Во услови на високи надворешни температури, акцент со контролите беше ставен на условите на чување и складирање на производите и роковите на употребливост на храната, соопшти АХВ.

Со контролите, се посочува во соопштението, беше утврдено неисполнување на општите и посебните хигиенски барања во сите фази на производство ,преработка и дистрибуција на храна, неимплементирање на сите процедури на ДПП/ДХП базирани на НАССР принципите, храна со поминат рок на употреба, промет на храна без декларација и означување согласно Законот за безбедност на храна и подзаконските акти според кои ваквите производи се прогласуваат за небезбедни за човечка употреба и нештетно се уништуваат.

Од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари констатирана беше и работа на објекти - оператори со храна кои не се регистрирани или одобрени за работа од страна на АХВ, поради што беа изречени мерки забрана за работа, а затекнатите производи беа забранети за промет и нештетно уништени. Утврдени беа и лоши инфраструктурни и хигиенски услови во кујните, производствените простории, за што некои оператори добија времена мерка забрана за работа, се наведува во соопштението.

Како што нагласуваат од АХВ, од промет беа отстранети 8.700 килограми небезбедна храна која беше нештетно уништена.

Од АХВ најавуваат дека и во наредниов период ќе продолжат со спроведување на вонредни контроли и во другите туристички центри, а поради високите температури, како што велат, на сила останува мерката за засилени контроли кај операторите со храна на целата територија на земјава.

The post Вонредни инспекции низ туристичките места, затворени објекти и уништени 8,7 тони храна appeared first on Република.

]]>

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во периодот од 16 до 19 јули спроведоа вонредни засилени контроли во објекти и оператори со храна (хотели, ресторани, времени - кетеринг објекти, месарници и маркети) во туристичките центри Дојран, Охрид, Струга и Преспа со кои беа опфатени 112 објекти. При тоа беа изречени 54 глоби на 54 оператори со храна, од кои на осум им беше изречена забрана за работа до отстранување на констатираните недоследности.
Со контролите се проверуваше имплементацијата на добра производствена и хигиенска пракса (ДПП/ДХП) базирана на НАССР принципите, инфраструктурните услови во објектите, а се спроведуваа и контроли на активностите согласно регистрацијата на операторите со храна. Во услови на високи надворешни температури, акцент со контролите беше ставен на условите на чување и складирање на производите и роковите на употребливост на храната, соопшти АХВ.
Со контролите, се посочува во соопштението, беше утврдено неисполнување на општите и посебните хигиенски барања во сите фази на производство ,преработка и дистрибуција на храна, неимплементирање на сите процедури на ДПП/ДХП базирани на НАССР принципите, храна со поминат рок на употреба, промет на храна без декларација и означување согласно Законот за безбедност на храна и подзаконските акти според кои ваквите производи се прогласуваат за небезбедни за човечка употреба и нештетно се уништуваат.
Од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари констатирана беше и работа на објекти - оператори со храна кои не се регистрирани или одобрени за работа од страна на АХВ, поради што беа изречени мерки забрана за работа, а затекнатите производи беа забранети за промет и нештетно уништени. Утврдени беа и лоши инфраструктурни и хигиенски услови во кујните, производствените простории, за што некои оператори добија времена мерка забрана за работа, се наведува во соопштението.
Како што нагласуваат од АХВ, од промет беа отстранети 8.700 килограми небезбедна храна која беше нештетно уништена. Од АХВ најавуваат дека и во наредниов период ќе продолжат со спроведување на вонредни контроли и во другите туристички центри, а поради високите температури, како што велат, на сила останува мерката за засилени контроли кај операторите со храна на целата територија на земјава.

The post Вонредни инспекции низ туристичките места, затворени објекти и уништени 8,7 тони храна appeared first on Република.

]]>
Инспекторатот за труд да изврши вонредна инспекција во синдикатите при М-НАВ, побара Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/inspektoratot-za-trud-da-izvrshi-vonredna-inspektsija-vo-sindikatite-pri-m-nav-pobara-vladata/ Tue, 09 Jan 2024 20:13:37 +0000 https://republika.mk/?p=731297

Владата, како што се наведува во соопштението испратено вечерва од Илинденска број 2, ѝ препорачала и на Агенцијата за цивилно воздухоповство (АЦВ) да продолжи со „започнатите активности кои произлегуваат од спроведениот вонреден инспекциски надзор за утврдување на состојбите околу безбедноста и обезбедувањето на воздушниот сообраќај и за истото да го информира ресорното министерство и Владата“.

Владата воедно го задолжи Инспекторатот за труд да изврши вонреден инспекциски надзор за работењето на синдикалните организации во рамки на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје и за истото да ја информира Владата, се наведува во соопштението од Владата за донесените одлуки на денешната седница.

Инаку, главна тема на владината седница беа разрешувањата на двајцата директори во М-НАВ и предлозите за именување на нови, по минатонеделните случувања во оваа институција, каде осум лица, меѓу кои и претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир, ексминистер и вработен во М-НАВ, Беким Незири упаднаа во контролата за летање и нападнаа вработен.

Во соопштението од владината прес-служба не се наведува ништо во врска со првичната одлука на седницата, со која на местото на Фахрудин Хамиди за претседател на Управниот одбор на М-НАВ беше предложен Илир Мехмеди.

Откако стана јасно дека Мехмеди не ги исполнува условите за да биде именуван на оваа позиција, Владата излезе со нов предлог – Хекуран Асани.

Во соопштението се наведени куси биографии на Асани и на Костиќ, кои Владата ги предложи до Надзорниот одбор на М-НАВ да бидат именувани за претседател на Управниот одбор и извршен директор во воздухопловна навигација, односно за член на Управниот одбор и извршен директор за воздухопловна техника.

The post Инспекторатот за труд да изврши вонредна инспекција во синдикатите при М-НАВ, побара Владата appeared first on Република.

]]>

Владата, како што се наведува во соопштението испратено вечерва од Илинденска број 2, ѝ препорачала и на Агенцијата за цивилно воздухоповство (АЦВ) да продолжи со „започнатите активности кои произлегуваат од спроведениот вонреден инспекциски надзор за утврдување на состојбите околу безбедноста и обезбедувањето на воздушниот сообраќај и за истото да го информира ресорното министерство и Владата“.
Владата воедно го задолжи Инспекторатот за труд да изврши вонреден инспекциски надзор за работењето на синдикалните организации во рамки на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје и за истото да ја информира Владата, се наведува во соопштението од Владата за донесените одлуки на денешната седница.
Инаку, главна тема на владината седница беа разрешувањата на двајцата директори во М-НАВ и предлозите за именување на нови, по минатонеделните случувања во оваа институција, каде осум лица, меѓу кои и претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир, ексминистер и вработен во М-НАВ, Беким Незири упаднаа во контролата за летање и нападнаа вработен. Во соопштението од владината прес-служба не се наведува ништо во врска со првичната одлука на седницата, со која на местото на Фахрудин Хамиди за претседател на Управниот одбор на М-НАВ беше предложен Илир Мехмеди. Откако стана јасно дека Мехмеди не ги исполнува условите за да биде именуван на оваа позиција, Владата излезе со нов предлог – Хекуран Асани. Во соопштението се наведени куси биографии на Асани и на Костиќ, кои Владата ги предложи до Надзорниот одбор на М-НАВ да бидат именувани за претседател на Управниот одбор и извршен директор во воздухопловна навигација, односно за член на Управниот одбор и извршен директор за воздухопловна техника.