вонреден надзор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vonreden-nadzor/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 14:46:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вонреден надзор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vonreden-nadzor/ 32 32 Вонреден инспекциски надзор во кумановската болница за случајот со починатата родилка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-kumanovskata-bolnitsa-za-sluchajot-so-pochinatata-rodilka/ Wed, 02 Oct 2024 15:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=821839

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вчера извршил вонреден инспекциски надзор во кумановската општа болница за случајот со починатата родилка, соопшти в.д. директорот на ДЗСИ, Кирил Лазов. Состојбата со новороденчето е непромената, информираа од Детска клиника. Од Јавното обвинителтво (ЈОРСМ) ги чекаат потребните анализи од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба.

Триесет и едногодишната родилка која почина во кумановската болница при породување била во добра здравствена состојба, редовно се прегледувала кај матичен гинеколог покажа вонредниот инспекциски надзор што вчера го спровеле инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Надзорот кај матичниот гинеколог покажал дека родилката навремено се јавувала во текот на бременоста, правела редовни контроли, пациентката била во добра здравствена состојба при втора уредно контролирана бременост и немало отстапувања. Инспекторите извршиле и вонреден надзор и во болницата.

Ден по приемот, на 27 септември поставена е индикација за породување и околу 15.00 часот отпочнало аплицирањето терапија за отпочнување на породувањето. Истата терапија повторно е дадена во 19:30 часот кога дошло до нагло влошување на здравствената состојба на родилката (во 19.40) после кое била итно спроведена во операциска сала и извршен царски од страна на дежурниот тим лекари (специјалист по гинекологија и акушерство, специјализант по гинекологија и акушерство и специјалист анестезиолог). Во 20 ч 30 миннути изваден е плодот а во 20 часот и 45 минути е констатирана смрт на родилката од страна на анестезиолог, се вели во извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Лекарите од Детска клиника сè уште ја следат состојбата на новороденчето.

Состојбата на новороденото е непроменета, лекарите ја следат здравствената состојба. Новороденчето е на одделот за интензивна нега и терапија и е на механичка вентилација и ја добива потребната здравствена нега, изјави директорот Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.

Од ЈОРСМ ги чекаат анализите од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба и евентуалната одговорност за случајот со младата кумановка.

The post Вонреден инспекциски надзор во кумановската болница за случајот со починатата родилка appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вчера извршил вонреден инспекциски надзор во кумановската општа болница за случајот со починатата родилка, соопшти в.д. директорот на ДЗСИ, Кирил Лазов. Состојбата со новороденчето е непромената, информираа од Детска клиника. Од Јавното обвинителтво (ЈОРСМ) ги чекаат потребните анализи од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба. Триесет и едногодишната родилка која почина во кумановската болница при породување била во добра здравствена состојба, редовно се прегледувала кај матичен гинеколог покажа вонредниот инспекциски надзор што вчера го спровеле инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Надзорот кај матичниот гинеколог покажал дека родилката навремено се јавувала во текот на бременоста, правела редовни контроли, пациентката била во добра здравствена состојба при втора уредно контролирана бременост и немало отстапувања. Инспекторите извршиле и вонреден надзор и во болницата.
Ден по приемот, на 27 септември поставена е индикација за породување и околу 15.00 часот отпочнало аплицирањето терапија за отпочнување на породувањето. Истата терапија повторно е дадена во 19:30 часот кога дошло до нагло влошување на здравствената состојба на родилката (во 19.40) после кое била итно спроведена во операциска сала и извршен царски од страна на дежурниот тим лекари (специјалист по гинекологија и акушерство, специјализант по гинекологија и акушерство и специјалист анестезиолог). Во 20 ч 30 миннути изваден е плодот а во 20 часот и 45 минути е констатирана смрт на родилката од страна на анестезиолог, се вели во извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Лекарите од Детска клиника сè уште ја следат состојбата на новороденчето.
Состојбата на новороденото е непроменета, лекарите ја следат здравствената состојба. Новороденчето е на одделот за интензивна нега и терапија и е на механичка вентилација и ја добива потребната здравствена нега, изјави директорот Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.
Од ЈОРСМ ги чекаат анализите од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба и евентуалната одговорност за случајот со младата кумановка.

The post Вонреден инспекциски надзор во кумановската болница за случајот со починатата родилка appeared first on Република.

]]>
Затвореник им зел 4.000 на затворски командири ветувајќи им работа во МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zatvorenik-im-zel-4-000-na-zatvorski-komandiri-vetuvajki-im-rabota-vo-mvr/ Mon, 25 Sep 2023 13:27:50 +0000 https://republika.mk/?p=684999

Управата за извршување на санкции на 19 септември 2023 година изврши вонреден наздор во КПД Идризово со цел да се проверат наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани по живот, рекет и уцени, соопшти денеска Министерството за правда.

Јанко Јаневски, кој отслужува деветгодишна затворска казна, посочил дека имал уцени и закани по живот да врати 4.000 евра во рок од 24 часа. Управата за извршување на санкции, како што се наведува, изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски. Тој им побарал по 2.000 евра, ветувајќи им дека ќе бидат префрлени со работа во МВР. Вкупната сума од 4.000 евра му ја исплатиле на негов пријател во трговскиот центар „Сити мол“. Командирите, како што се наведува, по извесен период сфатиле дека се измамени и настанот го пријавиле во ПС Кавадарци.

Службените лица од Управата разговарале и со осуденото лице Јанко Јаневски, кој појаснил дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција.

Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа. За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица, стои во соопштението.

Тони Денковски имал поплака дека му е нарушена безбедноста и дека има закани и уцени од страна на осудени лица и припадници на затворската полиција, за што е поднесена и пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Од разговорот со него, како што се наведува, тој не посочил конкретни имиња на осудени лица или припадници на затворската полиција поради што не можело да се проверат неговите наоди.

За Денковски, во дневните билтени не е евидентиран некаков настан или физички напад на ова лице, а преземени се и мерки за заштита на неговата безбедност, сместен е сам во соба и сам оди на прошетка. До денот на извршениот надзор осуденото лице Тони Денковски нема поднесено барање за преместување во друга установа, се вели во соопштението од Министерството за правда.

The post Затвореник им зел 4.000 на затворски командири ветувајќи им работа во МВР appeared first on Република.

]]>

Управата за извршување на санкции на 19 септември 2023 година изврши вонреден наздор во КПД Идризово со цел да се проверат наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани по живот, рекет и уцени, соопшти денеска Министерството за правда. Јанко Јаневски, кој отслужува деветгодишна затворска казна, посочил дека имал уцени и закани по живот да врати 4.000 евра во рок од 24 часа. Управата за извршување на санкции, како што се наведува, изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски. Тој им побарал по 2.000 евра, ветувајќи им дека ќе бидат префрлени со работа во МВР. Вкупната сума од 4.000 евра му ја исплатиле на негов пријател во трговскиот центар „Сити мол“. Командирите, како што се наведува, по извесен период сфатиле дека се измамени и настанот го пријавиле во ПС Кавадарци. Службените лица од Управата разговарале и со осуденото лице Јанко Јаневски, кој појаснил дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција.
Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа. За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица, стои во соопштението.
Тони Денковски имал поплака дека му е нарушена безбедноста и дека има закани и уцени од страна на осудени лица и припадници на затворската полиција, за што е поднесена и пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Од разговорот со него, како што се наведува, тој не посочил конкретни имиња на осудени лица или припадници на затворската полиција поради што не можело да се проверат неговите наоди.
За Денковски, во дневните билтени не е евидентиран некаков настан или физички напад на ова лице, а преземени се и мерки за заштита на неговата безбедност, сместен е сам во соба и сам оди на прошетка. До денот на извршениот надзор осуденото лице Тони Денковски нема поднесено барање за преместување во друга установа, се вели во соопштението од Министерството за правда.

The post Затвореник им зел 4.000 на затворски командири ветувајќи им работа во МВР appeared first on Република.

]]>
Не само еден, туку повеќе чекори биле прекршени при преносот на Беким во болница, покажа вонредниот надзор во „Идризово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-samo-eden-tuku-poveke-chekori-bile-prekrsheni-pri-prenosot-na-bekim-vo-bolnitsa-pokazha-vonredniot-nadzor-vo-idrizovo/ Mon, 16 Jan 2023 13:36:20 +0000 https://republika.mk/?p=597557

Од Управата за извршување на санкциите информираат дека на 13 јануари спровеле вонреден стручен надзор во КПД Идризово со цел да се утврдат сите околности кои довеле до тоа да се случи бекството на осуденото лице Беким Мемети, за кој настан информираа уште во текот на истиот ден.

Со оглед на фактот што учесниците во настанот кои се припадници на затворската полиција (освен повредениот затворски полицаец) уште во текот на ноќта морале да се упатат во просториите на надлежниот сектор на МВР, а со нив и Командирот на одделение кој го координира настанот, службените лица од Управата не беа во можност со истите да разговараат, туку за текот на настанот беа информирани од директорот на КПД Идризово и од Заповедникот на затворската полиција во оваа установа, велат оттаму.

Со ова соопштение oд УИС сакаат да нотираат во кој дел не е постапено во согласност со Правилникот за овластувањата на затворската полиција, начинот на вооружување и вршење на работите на затворската полиција врз основа на кој е пропишана и постапката за спроведување вон установата.

Имено, за да биде едно осудено лице спроведено за интервенција до здравствена установа, за неговата здравствена состојба мора да се подготви упат од здравствен работник, т.е. лекар во установата, или вон работното време со констатација и напатствие дадено од екипа на итна медицинска помош која во овој случај не била повикана. Одлуката за да може осудениот да биде спроведен до Клинички центар ја донел Командирот на одделение и ја потпишал Наредбата за да се изврши спроводот. За да ја потпише оваа наредба, Командирот мора претходно да го извести директорот на установата, што во овој случај не е направено, а директорот откако ќе биде запознаен со здравствениот проблем усно ќе даде овластување наредбата да биде потпишана.

Следното правило што не е испочитувано е што осуденото лице наместо да биде сместено во специјално обезбедениот дел од возилото, истото по предлог на командирот било сместено во вториот дел на седиштата помеѓу два припадника на затворската полиција. Притоа, затворскиот полицаец кој седел до осуденото лице воопшто немал со себе огнено оружје кое бил должен да го носи, а вториот затворски полицаец од кого е одземен пиштолот со кој е пукано во возилото, не се однесувал со должно внимание и не го спречил дејствието при кое пиштолот му е одземен, се вели во нивното соопштение.

Управата за извршување на санкциите информира дека Командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот со одлука на директорот на КПД Идризово, истиот ден се суспендирани од своите работни места.

The post Не само еден, туку повеќе чекори биле прекршени при преносот на Беким во болница, покажа вонредниот надзор во „Идризово“ appeared first on Република.

]]>

Од Управата за извршување на санкциите информираат дека на 13 јануари спровеле вонреден стручен надзор во КПД Идризово со цел да се утврдат сите околности кои довеле до тоа да се случи бекството на осуденото лице Беким Мемети, за кој настан информираа уште во текот на истиот ден.
Со оглед на фактот што учесниците во настанот кои се припадници на затворската полиција (освен повредениот затворски полицаец) уште во текот на ноќта морале да се упатат во просториите на надлежниот сектор на МВР, а со нив и Командирот на одделение кој го координира настанот, службените лица од Управата не беа во можност со истите да разговараат, туку за текот на настанот беа информирани од директорот на КПД Идризово и од Заповедникот на затворската полиција во оваа установа, велат оттаму.
Со ова соопштение oд УИС сакаат да нотираат во кој дел не е постапено во согласност со Правилникот за овластувањата на затворската полиција, начинот на вооружување и вршење на работите на затворската полиција врз основа на кој е пропишана и постапката за спроведување вон установата.
Имено, за да биде едно осудено лице спроведено за интервенција до здравствена установа, за неговата здравствена состојба мора да се подготви упат од здравствен работник, т.е. лекар во установата, или вон работното време со констатација и напатствие дадено од екипа на итна медицинска помош која во овој случај не била повикана. Одлуката за да може осудениот да биде спроведен до Клинички центар ја донел Командирот на одделение и ја потпишал Наредбата за да се изврши спроводот. За да ја потпише оваа наредба, Командирот мора претходно да го извести директорот на установата, што во овој случај не е направено, а директорот откако ќе биде запознаен со здравствениот проблем усно ќе даде овластување наредбата да биде потпишана. Следното правило што не е испочитувано е што осуденото лице наместо да биде сместено во специјално обезбедениот дел од возилото, истото по предлог на командирот било сместено во вториот дел на седиштата помеѓу два припадника на затворската полиција. Притоа, затворскиот полицаец кој седел до осуденото лице воопшто немал со себе огнено оружје кое бил должен да го носи, а вториот затворски полицаец од кого е одземен пиштолот со кој е пукано во возилото, не се однесувал со должно внимание и не го спречил дејствието при кое пиштолот му е одземен, се вели во нивното соопштение.