вонреден инспекциски надзор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vonreden-inspekciski-nadzor/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Nov 2023 13:04:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вонреден инспекциски надзор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vonreden-inspekciski-nadzor/ 32 32 ДСЗИ ќе извшри вонреден инспекицски надзор за починатото новороденче од сепса https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dszi-ke-izvshri-vonreden-inspekitsski-nadzor-za-pochinatoto-novorodenche-od-sepsa/ Mon, 13 Nov 2023 13:04:11 +0000 https://republika.mk/?p=701081

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Болницата во Прилеп во врска со смртта на новороденчето кое почина од сепса, потврди денеска во изјава за новинарите министерот за здравство Фатмир Меџити.

Веднаш денеска иницирав како министер во Министерството, ќе оди Државен санитарен инспекторат и ќе има и стручна комисија. Нема отсега натаму веќе да има сомненија за ниту еден случај, се ќе решиме до крај како што треба, рече на новинарско прашање Меџити по посетата на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, по повод промоција на нови сензори за мерење гликемија.

Бебето било родено во болницата во Прилеп, а потоа префрлено на Детската клиника во Скопје, каде починало по една недела.

Тој при тоа повторно го повик Обвинителството дека е крајно време веќе да излезат со име и со презиме во однос на скандалот со Онкологија.

Нема да дозволиме да се оцрни белиот мантил повеќе, и тие излегоа со соопштение да не го користиме за политички цели. Јас не сум политичар, јаз сум доктор, и јас сум човек, пред се, и јас сум министер за здравство и затоа ќе барам отчет од сите институции. Го повикувам Обвинителството да излезе конкретно со име и со презиме. Мислам дека веќе е крајно време, предолго трае овој процес, рече Меџити.

The post ДСЗИ ќе извшри вонреден инспекицски надзор за починатото новороденче од сепса appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Болницата во Прилеп во врска со смртта на новороденчето кое почина од сепса, потврди денеска во изјава за новинарите министерот за здравство Фатмир Меџити.
Веднаш денеска иницирав како министер во Министерството, ќе оди Државен санитарен инспекторат и ќе има и стручна комисија. Нема отсега натаму веќе да има сомненија за ниту еден случај, се ќе решиме до крај како што треба, рече на новинарско прашање Меџити по посетата на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, по повод промоција на нови сензори за мерење гликемија.
Бебето било родено во болницата во Прилеп, а потоа префрлено на Детската клиника во Скопје, каде починало по една недела. Тој при тоа повторно го повик Обвинителството дека е крајно време веќе да излезат со име и со презиме во однос на скандалот со Онкологија.
Нема да дозволиме да се оцрни белиот мантил повеќе, и тие излегоа со соопштение да не го користиме за политички цели. Јас не сум политичар, јаз сум доктор, и јас сум човек, пред се, и јас сум министер за здравство и затоа ќе барам отчет од сите институции. Го повикувам Обвинителството да излезе конкретно со име и со презиме. Мислам дека веќе е крајно време, предолго трае овој процес, рече Меџити.
 
The post ДСЗИ ќе извшри вонреден инспекицски надзор за починатото новороденче од сепса appeared first on Република.

]]>
Вонреден инспекциски надзор во градинката каде е повредено 11-месечното девојче https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-gradinkata-kade-e-povredeno-11-mesechnoto-devojche/ Mon, 25 Sep 2023 09:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=684929

Извршен е вонреден инспекциски надзор во градинката во Шуто Оризари по случајот со 11-месечното бебе, кое според тврдењето на родителите, било повредено. Задолжена е директорката на градинката да почне постапка за утврдување на фактичката состојба или евентуална вина кај вработените.

Во врска со случајот со детето од градинката „8 Април“ во Шуто Оризари, извршен е вонреден инспекциски надзор, земени се изјави од вработените и согласно Законот за заштита на деца, инспекторите ќе издадат решение за постапување и утврдување на фактичката состојба или евентуална вина на вработените за згрижување за детето. Односно, инспекторите ја задолжуваат директорката на детската градинка да започне постапка за утврдување на фактичката состојба или евентуална вина на вработените за згрижување за детето, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерството за внатрешни работи во саботата соопшти дека родителите го пријавиле случајот во петокот тврдејќи дека нивната малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда во градинка на подрачјето на Шуто Оризари.

Во СВР Скопје, И.С.(28) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 8 часот и бидејќи е во период на адаптација, ја зела во 10 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, девојчето не престанувало да плаче, по што го однеле во Ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата, информираше МВР во саботата.

The post Вонреден инспекциски надзор во градинката каде е повредено 11-месечното девојче appeared first on Република.

Инспекцискиот надзор на ДСЗИ уште трае во Клиничката болница во Штип, ќе се испитуваат сите здраствени установи каде што 25-годишниот беровчанец побарал лекарска помош https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/inspekciskiot-nadzor-na-dszi-ushte-trae-vo-klinichkata-bolnica-vo-shtip-kje-se-ispituvaat-site-zdrastveni-ustanovi-kade-shto-25-godishniot-berovchanec-pobaral-lekarska-pomosh/ Fri, 26 Aug 2022 12:05:30 +0000 https://republika.mk/?p=544453

Вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) уште трае во Клиничката болница во Штип, а ќе се испитуваат сите здраствени установи каде што 25-годишниот беровчанец побарал лекарска помош.

Денеска од страна на ДСЗИ е извршен вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ Штип по допрен глас за настанат смртен исход кај пациент Ј.Д од Берово по извршена хируршка интервенција на заб.

Инспекцискиот надзор во клиничката болница е сè уште во тек. Доплнително, ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што пациентот побарал лекарска помош: матичен лекар, матичен стоматолог, итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, ренимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзна со лекувањето на пациентот, соопштија од ДСЗИ.

По завршување на инспекцискиот надзор ќе се изготви комплетна информација за констатирана фактичка состојба.

Од ДСЗИ велат дека ќе иницираат формирање на комисија за стручен надзор до министерот за здравство.

The post Инспекцискиот надзор на ДСЗИ уште трае во Клиничката болница во Штип, ќе се испитуваат сите здраствени установи каде што 25-годишниот беровчанец побарал лекарска помош appeared first on Република.

]]>

Вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) уште трае во Клиничката болница во Штип, а ќе се испитуваат сите здраствени установи каде што 25-годишниот беровчанец побарал лекарска помош. Денеска од страна на ДСЗИ е извршен вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ Штип по допрен глас за настанат смртен исход кај пациент Ј.Д од Берово по извршена хируршка интервенција на заб.
Инспекцискиот надзор во клиничката болница е сè уште во тек. Доплнително, ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што пациентот побарал лекарска помош: матичен лекар, матичен стоматолог, итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, ренимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзна со лекувањето на пациентот, соопштија од ДСЗИ.
По завршување на инспекцискиот надзор ќе се изготви комплетна информација за констатирана фактичка состојба. Од ДСЗИ велат дека ќе иницираат формирање на комисија за стручен надзор до министерот за здравство.  

The post Инспекцискиот надзор на ДСЗИ уште трае во Клиничката болница во Штип, ќе се испитуваат сите здраствени установи каде што 25-годишниот беровчанец побарал лекарска помош appeared first on Република.

]]>
Вонреден инспекциски надзор во штипската болница откако пациент почина од сепса https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vonreden-inspekciski-nadzor-vo-shtipskata-bolnica-otkako-pacient-pochina-od-sepsa/ Thu, 25 Aug 2022 13:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=544047

Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека иницирал вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничката болница – Штип по добиените сознанија за пациент кој починал од сепса.

Роднини на починатиот пациент Ј.Д. (25) од Берово на социјалните мрежи информираа дека тој починал откако добил сепса по дренирање заб во штипската болница.

Смртта на пацеинтот ја потврдија и од штипската болница.

https://republika.mk/zivot/zdravje/ne-mozevme-da-go-spasime-pa-go-prativme-na-karil-proteche-izveshtajot-za-smrtta-na-25-godishniot-vancho/

The post Вонреден инспекциски надзор во штипската болница откако пациент почина од сепса appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека иницирал вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничката болница – Штип по добиените сознанија за пациент кој починал од сепса. Роднини на починатиот пациент Ј.Д. (25) од Берово на социјалните мрежи информираа дека тој починал откако добил сепса по дренирање заб во штипската болница. Смртта на пацеинтот ја потврдија и од штипската болница. https://republika.mk/zivot/zdravje/ne-mozevme-da-go-spasime-pa-go-prativme-na-karil-proteche-izveshtajot-za-smrtta-na-25-godishniot-vancho/