волстрит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/volstrit/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 09:52:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png волстрит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/volstrit/ 32 32 Нов рекорд на индексот Dow Jones на Волстрит https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nov-rekord-na-indeksot-dow-jones-na-volstrit/ Tue, 26 Nov 2024 09:52:57 +0000 https://republika.mk/?p=841843

Берзанските индекси пораснаа на Волстрит во понеделникот, при што Dow Jones индексот достигна ново рекордно ниво, а најмногу пораснаа цените на акциите на помалите и средни компании.

Индексот Dow Jones зајакна 0,99 отсто, на 44.736 поени, додека S&P 500 порасна за 0,30 отсто, на 5.987 поени, а индексот Nasdaq 0,27 отсто, на 19.054 поени.

Инвеститорите беа охрабрени од одлуката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за нов министер за финансии да го номинира инвеститорот Скот Бесент, кој работеше за познатиот берзанскиот шпекулант Џорџ Сорос, а подоцна основаше и сопствен хеџ фонд „Key Square Group“.

Инвеститорите очекуваат дека Бесент ќе биде поволен за пазарот, намалување на даноците и дерегулација на одредени сектори.

Последниве денови, акциите на помалите и средни компании го предводат растот на цените.

„Секторите кои заостанаа оваа година сега растат посилно, не само поради изборот на Трамп, туку и поради намалувањето на каматните стапки од страна на американската централна банка“, вели Адам Сархан, директор на „50 Park Investments“.

Но, бидејќи економијата постојано расте, додека инфлацијата останува над целта на Fed од 2 отсто, постои загриженост дека централната банка би можела да го забави темпото на намалување на каматните стапки, па дури и да го запре процесот.

Дотолку повеќе ако инфлацијата зајакне поради политиките на Трамп за стимулирање на економскиот раст и најавеното зголемување на царините.

Вчера пораснаа и индексите на европските берзи. Лондонски FTSE зајакна 0,36 отсто, на 8.291 поен, додека франкфуртски DAX зајакна 0,43 отсто, на 19.405 поени, а париски CAC 0,03 отсто, на 7.257 поени.

The post Нов рекорд на индексот Dow Jones на Волстрит appeared first on Република.

]]>

Берзанските индекси пораснаа на Волстрит во понеделникот, при што Dow Jones индексот достигна ново рекордно ниво, а најмногу пораснаа цените на акциите на помалите и средни компании. Индексот Dow Jones зајакна 0,99 отсто, на 44.736 поени, додека S&P 500 порасна за 0,30 отсто, на 5.987 поени, а индексот Nasdaq 0,27 отсто, на 19.054 поени. Инвеститорите беа охрабрени од одлуката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за нов министер за финансии да го номинира инвеститорот Скот Бесент, кој работеше за познатиот берзанскиот шпекулант Џорџ Сорос, а подоцна основаше и сопствен хеџ фонд „Key Square Group“. Инвеститорите очекуваат дека Бесент ќе биде поволен за пазарот, намалување на даноците и дерегулација на одредени сектори. Последниве денови, акциите на помалите и средни компании го предводат растот на цените. „Секторите кои заостанаа оваа година сега растат посилно, не само поради изборот на Трамп, туку и поради намалувањето на каматните стапки од страна на американската централна банка“, вели Адам Сархан, директор на „50 Park Investments“. Но, бидејќи економијата постојано расте, додека инфлацијата останува над целта на Fed од 2 отсто, постои загриженост дека централната банка би можела да го забави темпото на намалување на каматните стапки, па дури и да го запре процесот. Дотолку повеќе ако инфлацијата зајакне поради политиките на Трамп за стимулирање на економскиот раст и најавеното зголемување на царините. Вчера пораснаа и индексите на европските берзи. Лондонски FTSE зајакна 0,36 отсто, на 8.291 поен, додека франкфуртски DAX зајакна 0,43 отсто, на 19.405 поени, а париски CAC 0,03 отсто, на 7.257 поени.

The post Нов рекорд на индексот Dow Jones на Волстрит appeared first on Република.

]]>
Нови рекорди на Волстрит, се очекува намалување на каматните стапки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/novi-rekordi-na-volstrit-se-ochekuva-namaluvane-na-kamatnite-stapki/ Wed, 17 Jul 2024 08:05:57 +0000 https://republika.mk/?p=797605

На Волстрит во вторникот индексите Dow Jones и S&P 500 достигнаа ново рекордно ниво, бидејќи се очекува намалување на каматните стапки во септември, па цените на акциите растат најмногу во оние сектори кои би можеле да имаат најголема полза од пониските трошоци за задолжување.

Индексот Dow Jones зајакна 1,85 отсто, на 40.954 поени, додека S&P 500 порасна за 0,64 отсто, на 5.667 поени, а Nasdaq 0,20 отсто, на 18.509 поени.

Новите рекорди на Dow Jones и S&P 500 беа главно поттикнати од очекувањата дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки во септември, бидејќи инфлаторните притисоци се намалуваат додека економскиот раст забавува. Тоа го покажаа и вчерашните податоци за продажбата на мало, која бележи пораст, но побавно од претходните месеци. Ова ги поддржа надежите дека американската економија ќе избегне рецесија, и покрај високите каматни стапки.

„Последните податоци покажуваат дека економскиот раст забавува, но не со алармантни стапки. Банката на федерални резерви може да види што точно сака – економијата забавува, но не премногу, не премногу брзо“, објаснува Том Хејнлин, стратег во компанијата „U.S. Bank Wealth Management“.

По неколкумесечниот силен раст на цените на акциите на технолошките компании, последните денови нивниот раст е забавен, додека цените на акциите на оние сектори и компании кои би можеле повеќе да имаат корист од намалувањето на каматните стапки растат побрзо. Токму затоа, на пример, индексот Russell 2000, кој ги вклучува акциите на малите компании и кој во однос на растот годинава е значително зад клучните американски берзански индекси, последните пет дена порасна за повеќе од 1 отсто.

Изминативе денови во фокусот на инвеститорите се кварталните деловни резултати на компаниите и банките. Вообичаено, повеќето од нив пријавуваат поголема заработка од очекуваната, но тоа според аналитичарите е и поради поставување на многу нискиот праг.

И на европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,22 отсто, на 8.164 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,39 отсто, на 18.518 поени, а париски CAC 0,69 отсто, на 7.580 поени.

The post Нови рекорди на Волстрит, се очекува намалување на каматните стапки appeared first on Република.

]]>

На Волстрит во вторникот индексите Dow Jones и S&P 500 достигнаа ново рекордно ниво, бидејќи се очекува намалување на каматните стапки во септември, па цените на акциите растат најмногу во оние сектори кои би можеле да имаат најголема полза од пониските трошоци за задолжување. Индексот Dow Jones зајакна 1,85 отсто, на 40.954 поени, додека S&P 500 порасна за 0,64 отсто, на 5.667 поени, а Nasdaq 0,20 отсто, на 18.509 поени. Новите рекорди на Dow Jones и S&P 500 беа главно поттикнати од очекувањата дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки во септември, бидејќи инфлаторните притисоци се намалуваат додека економскиот раст забавува. Тоа го покажаа и вчерашните податоци за продажбата на мало, која бележи пораст, но побавно од претходните месеци. Ова ги поддржа надежите дека американската економија ќе избегне рецесија, и покрај високите каматни стапки. „Последните податоци покажуваат дека економскиот раст забавува, но не со алармантни стапки. Банката на федерални резерви може да види што точно сака – економијата забавува, но не премногу, не премногу брзо“, објаснува Том Хејнлин, стратег во компанијата „U.S. Bank Wealth Management“. По неколкумесечниот силен раст на цените на акциите на технолошките компании, последните денови нивниот раст е забавен, додека цените на акциите на оние сектори и компании кои би можеле повеќе да имаат корист од намалувањето на каматните стапки растат побрзо. Токму затоа, на пример, индексот Russell 2000, кој ги вклучува акциите на малите компании и кој во однос на растот годинава е значително зад клучните американски берзански индекси, последните пет дена порасна за повеќе од 1 отсто. Изминативе денови во фокусот на инвеститорите се кварталните деловни резултати на компаниите и банките. Вообичаено, повеќето од нив пријавуваат поголема заработка од очекуваната, но тоа според аналитичарите е и поради поставување на многу нискиот праг. И на европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,22 отсто, на 8.164 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,39 отсто, на 18.518 поени, а париски CAC 0,69 отсто, на 7.580 поени.

The post Нови рекорди на Волстрит, се очекува намалување на каматните стапки appeared first on Република.

]]>
Раст на Волстрит по проценките на централната банка на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rast-na-volstrit-po-protsenkite-na-tsentralnata-banka-na-sad/ Thu, 21 Mar 2024 08:17:23 +0000 https://republika.mk/?p=756887

На Волстрит берзанските индекси во средата пораснаа трет ден со ред, откако челниците на американската централна банка (Federal Reserve – Fed) ги задржаа проценките за намалување на каматните стапки оваа година и ја зголемија проценката за економскиот раст.

Индексот Dow Jones зајакна за 1,03 отсто, на 39.512 поени, додека индексот S&P се зголеми за 0,89 отсто, на 5.224 поени, а индексот Nasdaq за 1,25 отсто, на 16.369 поени.

Очекувано, по дводневната седница челниците на Fed ги оставија каматните стапки непроменети во опсегот од 5,25 до 5,50 отсто. Но, инвеститорите беа охрабрени од потврдата на централната банка на проценките дека би можеле да ги намалат каматните стапки трипати оваа година, и покрај зголемената инфлација во САД во јануари и февруари.

Претседателот на Fed, Џером Пауел, го потврди ова на прес-конференцијата. Порастот на инфлацијата во првите два месеца „не ја промени целокупната слика, а тоа е дека инфлацијата, иако со пречки на патот, постепено се спушта кон целното ниво од 2 отсто“, посочи Пауел.

По седницата беа објавени нови прогнози на шефот на Fed, при што ја зголемија проценката за економскиот раст годинава од претходните 1,4 на 2,1 отсто. Додуша, тие ја зголемија и проценката за просечна инфлација оваа година од претходните 2,4 на 2,6 отсто, но тоа не ги загрижи инвеститорите, бидејќи челниците на Fed, сепак, веруваат дека би можеле да ги намалат каматните стапки трипати оваа година за по 0,25 отсто. .

Благодарение на ова, во девет од 11-те најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите вчера пораснаа, а највисоко во тргосвскиот сектор, за 1,5 отсто.

А на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,01 отсто, на 7.737 поени, а париски CAC за 0,48 отсто, на 8.161 поен. Франкфуртски DAX зајакна, пак, за 0,15 отсто, на 18.015 поени.

The post Раст на Волстрит по проценките на централната банка на САД appeared first on Република.

]]>

На Волстрит берзанските индекси во средата пораснаа трет ден со ред, откако челниците на американската централна банка (Federal Reserve – Fed) ги задржаа проценките за намалување на каматните стапки оваа година и ја зголемија проценката за економскиот раст. Индексот Dow Jones зајакна за 1,03 отсто, на 39.512 поени, додека индексот S&P се зголеми за 0,89 отсто, на 5.224 поени, а индексот Nasdaq за 1,25 отсто, на 16.369 поени. Очекувано, по дводневната седница челниците на Fed ги оставија каматните стапки непроменети во опсегот од 5,25 до 5,50 отсто. Но, инвеститорите беа охрабрени од потврдата на централната банка на проценките дека би можеле да ги намалат каматните стапки трипати оваа година, и покрај зголемената инфлација во САД во јануари и февруари. Претседателот на Fed, Џером Пауел, го потврди ова на прес-конференцијата. Порастот на инфлацијата во првите два месеца „не ја промени целокупната слика, а тоа е дека инфлацијата, иако со пречки на патот, постепено се спушта кон целното ниво од 2 отсто“, посочи Пауел. По седницата беа објавени нови прогнози на шефот на Fed, при што ја зголемија проценката за економскиот раст годинава од претходните 1,4 на 2,1 отсто. Додуша, тие ја зголемија и проценката за просечна инфлација оваа година од претходните 2,4 на 2,6 отсто, но тоа не ги загрижи инвеститорите, бидејќи челниците на Fed, сепак, веруваат дека би можеле да ги намалат каматните стапки трипати оваа година за по 0,25 отсто. . Благодарение на ова, во девет од 11-те најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите вчера пораснаа, а највисоко во тргосвскиот сектор, за 1,5 отсто. А на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,01 отсто, на 7.737 поени, а париски CAC за 0,48 отсто, на 8.161 поен. Франкфуртски DAX зајакна, пак, за 0,15 отсто, на 18.015 поени.

The post Раст на Волстрит по проценките на централната банка на САД appeared first on Република.

]]>
Волстрит порасна, инфлацијата во САД се намалува https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/volstrit-porasna-inflatsijata-vo-sad-se-namaluva/ Thu, 13 Jul 2023 06:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=660651

На Волстрит, акциите пораснаа трет ден по ред во средата, бидејќи американскиот инфлациски притисок се намали и инвеститорите веруваа дека циклусот на зголемување на каматните стапки завршува.

Dow Jones зајакна 0,25 отсто, на 34.347 поени, додека S&P 500 порасна за 0,74 отсто, на 4.472 поени, а Nasdaq индексот порасна за 1,15 отсто, на 13.918 поени.

Растот на индексот е благодарение на податоците кои покажуваат дека инфлацијата во САД продолжува да се намалува.

Вчера беше објавено дека потрошувачките цени во јуни се зголемени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, додека на годишна основа се зголемени за 3 отсто, најмалку од почетокот на 2021 година. Пред еден месец инфлацијата беше 4 отсто.

Базичната стапка на инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергијата, се лизна од 5,3 на 4,8 отсто во јуни.

Сето ова се подобри податоци отколку што очекуваа аналитичарите, па го зајакнаа верувањето на инвеститорите дека американската централна банка наскоро ќе стави крај на циклусот на зголемување на каматните стапки, кој трае повеќе од една година.

Деновиве неколку функционери на ФЕД изјавија дека ќе треба дополнително да се зголемат каматните стапки за да се потисне инфлацијата, но и дека се ближи крајот на циклусот на зголемување на каматните стапки.

The post Волстрит порасна, инфлацијата во САД се намалува appeared first on Република.

]]>

На Волстрит, акциите пораснаа трет ден по ред во средата, бидејќи американскиот инфлациски притисок се намали и инвеститорите веруваа дека циклусот на зголемување на каматните стапки завршува. Dow Jones зајакна 0,25 отсто, на 34.347 поени, додека S&P 500 порасна за 0,74 отсто, на 4.472 поени, а Nasdaq индексот порасна за 1,15 отсто, на 13.918 поени. Растот на индексот е благодарение на податоците кои покажуваат дека инфлацијата во САД продолжува да се намалува. Вчера беше објавено дека потрошувачките цени во јуни се зголемени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, додека на годишна основа се зголемени за 3 отсто, најмалку од почетокот на 2021 година. Пред еден месец инфлацијата беше 4 отсто. Базичната стапка на инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергијата, се лизна од 5,3 на 4,8 отсто во јуни. Сето ова се подобри податоци отколку што очекуваа аналитичарите, па го зајакнаа верувањето на инвеститорите дека американската централна банка наскоро ќе стави крај на циклусот на зголемување на каматните стапки, кој трае повеќе од една година. Деновиве неколку функционери на ФЕД изјавија дека ќе треба дополнително да се зголемат каматните стапки за да се потисне инфлацијата, но и дека се ближи крајот на циклусот на зголемување на каматните стапки.

The post Волстрит порасна, инфлацијата во САД се намалува appeared first on Република.

]]>