волос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/volos/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Sep 2023 06:17:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png волос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/volos/ 32 32 Волос и околината повторно под вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/volos-i-okolinata-povtorno-pod-voda/ Thu, 28 Sep 2023 06:36:15 +0000 https://republika.mk/?p=685803

Грчкиот град Волос, како и околните села, повторно се поплавија, по втор пат во период од неколку седмици, а невремето „Илиас“ ги зафати и областа Тесалија и северниот дел на Евија, каде што исто така има проблеми, јави дописничката на МИА од Атина.

Жителите на Волос и околината, поминаа тешка ноќ, повеќе делови се без струја и вода, улиците се поплавија и поради обилниот дожд и поради изливање на реката Кравсидонас, а од вчера во градот има забрана за движење, откако од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите.

Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека во областа Магнисија, поширокиот регион на Волос од пладневните часови вчера до денеска наутро примиле 1.200 повици, а 257 лица биле пренесени на безбедни локации.

Според локалното население, новото невреме било посилно и покатастрофално во споредба со претходното „Даниел“ што ја зафати Грција на почетокот на месецов.

Градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос, говорејќи за грчката телевизија ЕРТ утрово рече дека домови и бизниси повторно се поплавени, во опасност беа човечки животи, 80 отсто од градот е без струја, а проблеми има и со водата.

Поплави има и во областа Тесалија, каде што вчера беа евакуирани десетици села, додека пак во северниот дел на островот Евија, постои целосна забрана за движење во четири населени места, откако утрово до жителите беше испратена порака  од бројот 112.

The post Волос и околината повторно под вода appeared first on Република.

]]>

Грчкиот град Волос, како и околните села, повторно се поплавија, по втор пат во период од неколку седмици, а невремето „Илиас“ ги зафати и областа Тесалија и северниот дел на Евија, каде што исто така има проблеми, јави дописничката на МИА од Атина. Жителите на Волос и околината, поминаа тешка ноќ, повеќе делови се без струја и вода, улиците се поплавија и поради обилниот дожд и поради изливање на реката Кравсидонас, а од вчера во градот има забрана за движење, откако од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите. Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека во областа Магнисија, поширокиот регион на Волос од пладневните часови вчера до денеска наутро примиле 1.200 повици, а 257 лица биле пренесени на безбедни локации. Според локалното население, новото невреме било посилно и покатастрофално во споредба со претходното „Даниел“ што ја зафати Грција на почетокот на месецов. Градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос, говорејќи за грчката телевизија ЕРТ утрово рече дека домови и бизниси повторно се поплавени, во опасност беа човечки животи, 80 отсто од градот е без струја, а проблеми има и со водата. Поплави има и во областа Тесалија, каде што вчера беа евакуирани десетици села, додека пак во северниот дел на островот Евија, постои целосна забрана за движење во четири населени места, откако утрово до жителите беше испратена порака  од бројот 112.

The post Волос и околината повторно под вода appeared first on Република.

]]>