Волмарт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/volmart/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Jul 2023 13:32:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Волмарт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/volmart/ 32 32 Човекот кој уби 23 луѓе во Волмарт е осуден на 90 доживотни затворски казни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chovekot-koj-ubi-23-luge-vo-volmart-e-osuden-na-90-dozhivotni-zatvorski-kazni/ Sat, 08 Jul 2023 13:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=659202

Федерален судија во петокот осуди бел расист на 90 доживотни затворски казни за убиство на 23 лица во напад на супермаркет во Тексас, чија цел биле Американци со шпанско потекло, објавија локалните медиуми, во нападот беа повредени уште 22 луѓе.

Казната е дел од договорот за признавање вина во федералниот суд во Ел Пасо во кој Патрик Крусиус (24) се изјасни за виновен и се согласи на затвор за да ја избегне смртната казна.

Сепак, сè уште постои тековен случај во државниот суд во Тексас што може да резултира со егзекуција.

Крусиус возел повеќе од илјада километри од предградијата на Далас до Ел Пасо на границата со Мексико и на 3 август 2019 година изврши масакр со калашников од романско производство и експандирачки куршуми.

Пред пукањето, тој објави манифест на Интернет во кој напиша: „Овој напад е одговор на шпанската инвазија на Тексас. Тие се виновни, не јас. Јас само ја бранам својата земја од културниот и етничкиот инженеринг до кој не доведе инвазијата“.

The post Човекот кој уби 23 луѓе во Волмарт е осуден на 90 доживотни затворски казни appeared first on Република.

]]>

Федерален судија во петокот осуди бел расист на 90 доживотни затворски казни за убиство на 23 лица во напад на супермаркет во Тексас, чија цел биле Американци со шпанско потекло, објавија локалните медиуми, во нападот беа повредени уште 22 луѓе. Казната е дел од договорот за признавање вина во федералниот суд во Ел Пасо во кој Патрик Крусиус (24) се изјасни за виновен и се согласи на затвор за да ја избегне смртната казна. Сепак, сè уште постои тековен случај во државниот суд во Тексас што може да резултира со егзекуција. Крусиус возел повеќе од илјада километри од предградијата на Далас до Ел Пасо на границата со Мексико и на 3 август 2019 година изврши масакр со калашников од романско производство и експандирачки куршуми. Пред пукањето, тој објави манифест на Интернет во кој напиша: „Овој напад е одговор на шпанската инвазија на Тексас. Тие се виновни, не јас. Јас само ја бранам својата земја од културниот и етничкиот инженеринг до кој не доведе инвазијата“.

The post Човекот кој уби 23 луѓе во Волмарт е осуден на 90 доживотни затворски казни appeared first on Република.

]]>