Волфганг Соботка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/volfgang-sobotka/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 09:43:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Волфганг Соботка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/volfgang-sobotka/ 32 32 Јанушев-Соботка: Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ интензивно ќе работи на надминување на сите пречки на патот кон ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janushev-sobotka-novata-vlada-predvodena-od-vmro-dpmne-intenzivno-ke-raboti-na-nadminuvane-na-site-prechki-na-patot-kon-eu/ Sat, 24 Feb 2024 09:43:38 +0000 https://republika.mk/?p=747735

Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со Претседателот на Собранието на Австрија, г-дин Волфганг Соботка.

-Со Претседателот на Собранието на Австрија, г-дин Волфганг Соботка разговаравме за претстојните Претседателски и Парламентарни избори во Македонија. Исто така, г-дин Соботка се интересираше за проблемот наметнат од Бугарија, при што го информирав за ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека за нас е неприфатливо прифаќањето на бугарскиот диктат и дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ интензивно ќе работи на надминување на сите пречки на патот кон ЕУ и решавање на отворените прашања во духот на меѓународното право и познатите практики на реципроцитет и достоинствено решение кое ќе биде прифатливо врз основа на заемно почитување.
На тој план потребна е взаемна волја и отворена и чесна дискусија, без еднострани ултиматуми.

The post Јанушев-Соботка: Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ интензивно ќе работи на надминување на сите пречки на патот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>

Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со Претседателот на Собранието на Австрија, г-дин Волфганг Соботка.
-Со Претседателот на Собранието на Австрија, г-дин Волфганг Соботка разговаравме за претстојните Претседателски и Парламентарни избори во Македонија. Исто така, г-дин Соботка се интересираше за проблемот наметнат од Бугарија, при што го информирав за ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека за нас е неприфатливо прифаќањето на бугарскиот диктат и дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ интензивно ќе работи на надминување на сите пречки на патот кон ЕУ и решавање на отворените прашања во духот на меѓународното право и познатите практики на реципроцитет и достоинствено решение кое ќе биде прифатливо врз основа на заемно почитување. На тој план потребна е взаемна волја и отворена и чесна дискусија, без еднострани ултиматуми.

The post Јанушев-Соботка: Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ интензивно ќе работи на надминување на сите пречки на патот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>
Соботка: Ветото на Бугарија против Македонија е неподносливо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobotka-vetoto-na-bugarija-protiv-severna-makedonija-e-nepodnoslivo/ Sat, 11 Jun 2022 17:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=513942

Австрија никогаш нема да и одобри на Украина статус на земја-кандидат за членство во ЕУ на сметка на земјите од Западен Балкан, изјави претседателот на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка.

Австрија никогаш нема да го поддржи тоа, нагласи Соботка во интервју за агенцијата АПА.

Тој посочи дека за Австрија е важно сите земји од Западен Балкан не само да имаат европска перспектива, туку и да им се покаже начинот на кој можат да влезат во ЕУ.

Тој потсети дека австрискиот канцелар Карл Нехамер јасно ставил до знаење дека нема да има брз пристапен процес за Украина.

За австрискиот предлог за пристапниот процес, Соботка рече дека тој е добар за земјите од Западен Балкан.

Според него, полноправното членство во ЕУ, според предложениот австриски модел, нема да биде тргнато од масата, туку, напротив, вели тој.

Процесот го водат земји кои сакаат да се приклучат. Ако ги исполнуваат сите услови, тогаш ќе бидат членки, објасни тој.

Истовремено, тој го критикуваше актуелниот пристапен процес со 35 поглавја, во кои, посочува, „преговорите се водат на неодредено време без да им се покаже перспектива на граѓаните“.

Покрај тоа, вели Соботка, австрискиот „нон-пејпер“ црпи поуки од претходните процеси на пристапување.

Бугарија и Романија се приклучија по многу краток период и сакаа да решат повеќе прашања, како што е владеењето на правото. Не сакаме ваква ситуација по вторпат, објасни тој.

Соботка нагласи дека во Западен Балкан, на пример, Србија на полето на фактичката економска интеграција со земјите од ЕУ стигна значајно далеку отколку во однос на владеењето на правото.

Според австрискиот предлог, додава тој, треба да биде можно, дури и пред да се исполнат предусловите, на пример во областа на владеењето на правото, да се спроведе официјална и легална економска интеграција.

„Нон-пејперот“, тврди тој, затоа е охрабрување за членките на ЕУ да не ги блокираат кандидатите на патот кон Унијата.

Тој оцени дека ветото на Бугарија против Македонија е неподносливо и дека го нарушува угледот на ЕУ во регионот.

Австрискиот „нон-пејпер“ е добар за спречување на вакви блокади, оцени тој. сд/

The post Соботка: Ветото на Бугарија против Македонија е неподносливо appeared first on Република.

]]>

Австрија никогаш нема да и одобри на Украина статус на земја-кандидат за членство во ЕУ на сметка на земјите од Западен Балкан, изјави претседателот на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка.
Австрија никогаш нема да го поддржи тоа, нагласи Соботка во интервју за агенцијата АПА.
Тој посочи дека за Австрија е важно сите земји од Западен Балкан не само да имаат европска перспектива, туку и да им се покаже начинот на кој можат да влезат во ЕУ. Тој потсети дека австрискиот канцелар Карл Нехамер јасно ставил до знаење дека нема да има брз пристапен процес за Украина. За австрискиот предлог за пристапниот процес, Соботка рече дека тој е добар за земјите од Западен Балкан. Според него, полноправното членство во ЕУ, според предложениот австриски модел, нема да биде тргнато од масата, туку, напротив, вели тој.
Процесот го водат земји кои сакаат да се приклучат. Ако ги исполнуваат сите услови, тогаш ќе бидат членки, објасни тој.
Истовремено, тој го критикуваше актуелниот пристапен процес со 35 поглавја, во кои, посочува, „преговорите се водат на неодредено време без да им се покаже перспектива на граѓаните“. Покрај тоа, вели Соботка, австрискиот „нон-пејпер“ црпи поуки од претходните процеси на пристапување.
Бугарија и Романија се приклучија по многу краток период и сакаа да решат повеќе прашања, како што е владеењето на правото. Не сакаме ваква ситуација по вторпат, објасни тој.
Соботка нагласи дека во Западен Балкан, на пример, Србија на полето на фактичката економска интеграција со земјите од ЕУ стигна значајно далеку отколку во однос на владеењето на правото. Според австрискиот предлог, додава тој, треба да биде можно, дури и пред да се исполнат предусловите, на пример во областа на владеењето на правото, да се спроведе официјална и легална економска интеграција. „Нон-пејперот“, тврди тој, затоа е охрабрување за членките на ЕУ да не ги блокираат кандидатите на патот кон Унијата. Тој оцени дека ветото на Бугарија против Македонија е неподносливо и дека го нарушува угледот на ЕУ во регионот. Австрискиот „нон-пејпер“ е добар за спречување на вакви блокади, оцени тој. сд/

The post Соботка: Ветото на Бугарија против Македонија е неподносливо appeared first on Република.

]]>
Претседателот на австрискиот парламент обвинет за службена злоупотреба: Партиски назначил заменик-директор на покраинска полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-avstriskiot-parlament-obvinet-za-sluzbena-zloupotreba-partiski-naznachil-zamenik-direktor-na-pokrainska-policija/ Thu, 31 Mar 2022 07:42:50 +0000 https://republika.mk/?p=481213

Австриското обвинителството за економски криминал и корупција покрена истрага против претседателот на парламентот, Волфганг Соботка.

Како што пишува весникот „Ое24“, Обвинителството од 29 март го води Соботка како осомничен, а против него е поднесена пријава за злоупотреба на службената положба.

Станува збор за партиско назначување заменик-директор на покраинската полиција во времето кога Соботка се уште беше министер за внатрешни работи на Австрија.

Така, во 2017 година наместо кандидатот на Социјалдемократската партија (СПО) беше именуван кандидат близок до Народната партија на Австрија (ОВП).

Во фокусот на истрагата е порака од чет што Соботка му ја испратил на тогашниот началник на неговиот кабинет Мајкл Клоибмилер, кој исто така е осомничен во овој случај.

За Соботка овој случај може да биде прилично непријатен, бидејќи во 2017 година се уште беше министер за внатрешни работи и нема да биде „заштитен“ со пратеничкиот имунитет.

The post Претседателот на австрискиот парламент обвинет за службена злоупотреба: Партиски назначил заменик-директор на покраинска полиција appeared first on Република.

]]>

Австриското обвинителството за економски криминал и корупција покрена истрага против претседателот на парламентот, Волфганг Соботка. Како што пишува весникот „Ое24“, Обвинителството од 29 март го води Соботка како осомничен, а против него е поднесена пријава за злоупотреба на службената положба. Станува збор за партиско назначување заменик-директор на покраинската полиција во времето кога Соботка се уште беше министер за внатрешни работи на Австрија. Така, во 2017 година наместо кандидатот на Социјалдемократската партија (СПО) беше именуван кандидат близок до Народната партија на Австрија (ОВП). Во фокусот на истрагата е порака од чет што Соботка му ја испратил на тогашниот началник на неговиот кабинет Мајкл Клоибмилер, кој исто така е осомничен во овој случај. За Соботка овој случај може да биде прилично непријатен, бидејќи во 2017 година се уште беше министер за внатрешни работи и нема да биде „заштитен“ со пратеничкиот имунитет.

The post Претседателот на австрискиот парламент обвинет за службена злоупотреба: Партиски назначил заменик-директор на покраинска полиција appeared first on Република.

]]>