воки-токи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voki-toki/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Oct 2024 16:13:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воки-токи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voki-toki/ 32 32 „Emirates“ забрани пејџери и воки-токи на летовите https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/emirates-zabrani-pejdheri-i-voki-toki-na-letovite/ Sat, 05 Oct 2024 16:13:04 +0000 https://republika.mk/?p=823209

Авиокомпанијата „Еmirates“ со седиште во Дубаи им забрани на патниците да носат пејџери и воки-токи на своите летови откако минатиот месец беа активирани уреди што ги користеше либанската група Хезболах.

„На сите патници кои патуваат до, од или преку Дубаи им е забрането да носат пејџери и воки-токи во чекиран или рачен багаж“, се вели во соопштението на авиокомпанијата објавена на нејзината веб-страница во петокот. Се додава дека сите забранети предмети ќе ги конфискува полицијата во Дубаи како дел од засилените безбедносни мерки.

Илјадници пејџери и радија користени од членовите на Хезболах експлодираа во септември. Се верува дека Израел е одговорен за нападот, иако официјално не ја презеде одговорноста. Најголемата авиокомпанија на Блискиот Исток, исто така, објави дека летовите кон Ирак и Иран се запрени до вторник, а до Јордан ќе бидат обновени во недела.

Летовите за Либан ќе останат суспендирани до 15 октомври поради ескалацијата на израелските напади врз Хезболах поддржан од Иран, вклучително и нападите во близина на аеродромот во Бејрут. Неколку други авиокомпании, исто така, ги прекинаа летовите кон Бејрут и другите регионални аеродроми поради зголемените тензии.

 

The post „Emirates“ забрани пејџери и воки-токи на летовите appeared first on Република.

]]>

Авиокомпанијата „Еmirates“ со седиште во Дубаи им забрани на патниците да носат пејџери и воки-токи на своите летови откако минатиот месец беа активирани уреди што ги користеше либанската група Хезболах. „На сите патници кои патуваат до, од или преку Дубаи им е забрането да носат пејџери и воки-токи во чекиран или рачен багаж“, се вели во соопштението на авиокомпанијата објавена на нејзината веб-страница во петокот. Се додава дека сите забранети предмети ќе ги конфискува полицијата во Дубаи како дел од засилените безбедносни мерки. Илјадници пејџери и радија користени од членовите на Хезболах експлодираа во септември. Се верува дека Израел е одговорен за нападот, иако официјално не ја презеде одговорноста. Најголемата авиокомпанија на Блискиот Исток, исто така, објави дека летовите кон Ирак и Иран се запрени до вторник, а до Јордан ќе бидат обновени во недела. Летовите за Либан ќе останат суспендирани до 15 октомври поради ескалацијата на израелските напади врз Хезболах поддржан од Иран, вклучително и нападите во близина на аеродромот во Бејрут. Неколку други авиокомпании, исто така, ги прекинаа летовите кон Бејрут и другите регионални аеродроми поради зголемените тензии.  

The post „Emirates“ забрани пејџери и воки-токи на летовите appeared first on Република.

]]>
„Мајкрософт тимс“ ја воведе опцијата „воки-токи“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/majkrosoft-tims-ja-vovede-opcijata-voki-toki/ Mon, 17 Jan 2022 10:36:01 +0000 https://republika.mk/?p=445715

„Мајкрософт“ воведе нова опција на својата апликација „Тимс“, наречена „воки-токи“ (Walkie Talkie). Се работи за новитет што им овозможува на корисниците „да го претворат“ својот паметен телефон или таблет во поделотворен подвижен уред за комуникација што работи преку мобилна или ви-фи мрежа.

Оваа функција беше најавена пред две години. Во септември 2020 година се појави за на „Андроид“, а сега е достапна и за мобилните уреди „Зебра“, како и за „Ајфон“ и „Ајпад“.

„Епл“ исто така има своја опција слична на „воки-токи“, од 2018 година, преку „Фејстајм аудио кол“.

The post „Мајкрософт тимс“ ја воведе опцијата „воки-токи“ appeared first on Република.

]]>

„Мајкрософт“ воведе нова опција на својата апликација „Тимс“, наречена „воки-токи“ (Walkie Talkie). Се работи за новитет што им овозможува на корисниците „да го претворат“ својот паметен телефон или таблет во поделотворен подвижен уред за комуникација што работи преку мобилна или ви-фи мрежа. Оваа функција беше најавена пред две години. Во септември 2020 година се појави за на „Андроид“, а сега е достапна и за мобилните уреди „Зебра“, како и за „Ајфон“ и „Ајпад“. „Епл“ исто така има своја опција слична на „воки-токи“, од 2018 година, преку „Фејстајм аудио кол“.

The post „Мајкрософт тимс“ ја воведе опцијата „воки-токи“ appeared first on Република.

]]>