војска на србија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vojska-na-srbija/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Nov 2022 21:38:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png војска на србија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vojska-na-srbija/ 32 32 Војска на Србија: Соборивме комерцијално беспилотно летало во областа на Копаоник https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vojska-na-srbija-soborivme-komercijalno-bespilotno-letalo-vo-oblasta-na-kopaonik/ Wed, 02 Nov 2022 22:35:55 +0000 https://republika.mk/?p=568972

Единиците на Војската на Србија во попладневните часови по навременото откривање и следење, неутрализирале комерцијален дрон кој се движел од правец на Копаоник кон Рашка, соопшти Министерството за одбрана. Беспилотното летало е соборено со помош на електронски мерки за блокирање, во непосредна близина на воените објекти во гарнизонот Рашка, се додава во соопштението.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, на Копаоник се наоѓа административната граница меѓу Косово и Србија.

„Во согласност со наредбата на претседателот на Републиката и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, вооружените сили на Србија преземаат засилени мерки за откривање, следење и неутрализирање на беспилотни летала во близина на воени објекти. Вооружените сили на Србија ќе продолжат, согласно наредбата на претседателот на Републиката и врховниот командант, да ги соборуваат сите беспилотни летала пронајдени во зоната на забранети летови и во близина на воените објекти“, соопштија од Министерството за одбрана.

Претходно денеска министерот за одбрана Вучевиќ за РТС потврди дека Вучиќ ја подигнал борбената готовност на српските вооружени сили поради беспилотните летала и „имајќи го предвид искуството на украинскиот фронт“ за да нема административни доцнења во командниот синџир.

Вучевиќ изјави дека Вучиќ „издал наредба секој таков објект да биде елиминиран или ставен под наша контрола“ и дека борбените авиони МИГ-29, што ги активира Србија, не се кренати во воздух поради беспилотните летала, туку дека „патролираат на нашето небо“.

Министерот за одбрана на Србија изјави дека „на овие предизвици армијата може да одговори со топови“ и на други начини.

-Не се работи само за влез во Рашката област, ВС набљудувала одредени објекти во насока на движење низ Топличкиот и Нишавскиот реон, рече претходно денес Вучевиќ.

The post Војска на Србија: Соборивме комерцијално беспилотно летало во областа на Копаоник appeared first on Република.

]]>

Единиците на Војската на Србија во попладневните часови по навременото откривање и следење, неутрализирале комерцијален дрон кој се движел од правец на Копаоник кон Рашка, соопшти Министерството за одбрана. Беспилотното летало е соборено со помош на електронски мерки за блокирање, во непосредна близина на воените објекти во гарнизонот Рашка, се додава во соопштението. Како што јави допсиникот на МИА од Белград, на Копаоник се наоѓа административната граница меѓу Косово и Србија.
„Во согласност со наредбата на претседателот на Републиката и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, вооружените сили на Србија преземаат засилени мерки за откривање, следење и неутрализирање на беспилотни летала во близина на воени објекти. Вооружените сили на Србија ќе продолжат, согласно наредбата на претседателот на Републиката и врховниот командант, да ги соборуваат сите беспилотни летала пронајдени во зоната на забранети летови и во близина на воените објекти“, соопштија од Министерството за одбрана.
Претходно денеска министерот за одбрана Вучевиќ за РТС потврди дека Вучиќ ја подигнал борбената готовност на српските вооружени сили поради беспилотните летала и „имајќи го предвид искуството на украинскиот фронт“ за да нема административни доцнења во командниот синџир. Вучевиќ изјави дека Вучиќ „издал наредба секој таков објект да биде елиминиран или ставен под наша контрола“ и дека борбените авиони МИГ-29, што ги активира Србија, не се кренати во воздух поради беспилотните летала, туку дека „патролираат на нашето небо“. Министерот за одбрана на Србија изјави дека „на овие предизвици армијата може да одговори со топови“ и на други начини.
-Не се работи само за влез во Рашката област, ВС набљудувала одредени објекти во насока на движење низ Топличкиот и Нишавскиот реон, рече претходно денес Вучевиќ.

The post Војска на Србија: Соборивме комерцијално беспилотно летало во областа на Копаоник appeared first on Република.

]]>
Српската војска собори дрон над касарната во Рашка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskata-vojska-sobori-dron-nad-kasarnata-vo-rashka/ Wed, 02 Nov 2022 21:35:25 +0000 https://republika.mk/?p=568969

Српската војска собори дрон над касарната во Рашка, јави дописникот на МИА од Белград.

Претходно беше забележано набљудување и извидување на касарната, па војската по наредба на врховниот командант дејствуваше и го собори дронот, соопштија срспките медиуми.

И вчера, беспилотни летала беа забележани на подрачјето на Мердаре и во околината на Рашка, кои ги набљудуваа касарните и позициите на Вооружените сили на Србија.

Претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили Александар Вучиќ нареди веднаш да се уништат сите непријателски беспилотни летала на територијата на централна Србија.

Претходно денес министерот за одбрана Вучевиќ за РТС потврди дека Вучиќ ја подигнал борбената готовност на српските вооружени сили поради беспилотните летала и „имајќи го предвид искуството на украинскиот фронт“ за да нема административни доцнења во командниот синџир.

Вучевиќ изјави дека Вучиќ „издал наредба секој таков објект да биде елиминиран или ставен под наша контрола“ и дека борбените авиони МИГ 29, кои ги активира Србија, не се подигнати поради беспилотните летала, туку дека „патролираат на нашето небо“.

Министерот за одбрана на Србија изјави дека „на овие предизвици армијата може да одговори со топови“ и на други начини.

-Не се работи само за влез во Рашката област, ВС набљудувала одредени објекти во насока на движење низ Топличкиот и Нишавскиот реон, рече Вучевиќ.

Наскоро се очекува соопштение од Војската на Србија. об/сд/

The post Српската војска собори дрон над касарната во Рашка appeared first on Република.

]]>

Српската војска собори дрон над касарната во Рашка, јави дописникот на МИА од Белград. Претходно беше забележано набљудување и извидување на касарната, па војската по наредба на врховниот командант дејствуваше и го собори дронот, соопштија срспките медиуми. И вчера, беспилотни летала беа забележани на подрачјето на Мердаре и во околината на Рашка, кои ги набљудуваа касарните и позициите на Вооружените сили на Србија. Претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили Александар Вучиќ нареди веднаш да се уништат сите непријателски беспилотни летала на територијата на централна Србија. Претходно денес министерот за одбрана Вучевиќ за РТС потврди дека Вучиќ ја подигнал борбената готовност на српските вооружени сили поради беспилотните летала и „имајќи го предвид искуството на украинскиот фронт“ за да нема административни доцнења во командниот синџир. Вучевиќ изјави дека Вучиќ „издал наредба секој таков објект да биде елиминиран или ставен под наша контрола“ и дека борбените авиони МИГ 29, кои ги активира Србија, не се подигнати поради беспилотните летала, туку дека „патролираат на нашето небо“. Министерот за одбрана на Србија изјави дека „на овие предизвици армијата може да одговори со топови“ и на други начини. -Не се работи само за влез во Рашката област, ВС набљудувала одредени објекти во насока на движење низ Топличкиот и Нишавскиот реон, рече Вучевиќ. Наскоро се очекува соопштение од Војската на Србија. об/сд/

The post Српската војска собори дрон над касарната во Рашка appeared first on Република.

]]>