Војо Димовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vojo-dimovski/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Aug 2022 12:15:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Војо Димовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vojo-dimovski/ 32 32 Обвинител Димовски: Јас не дадов оставка, јас се евакуирав! Не сте свесни колку институциите се заробени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinitel-dimovski-jas-ne-dadov-ostavka-jas-se-evakuirav-ne-ste-svesni-kolku-instituciite-se-zarobeni/ Thu, 18 Aug 2022 12:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=541689

Воислав Димоски од јули веќе не е обвинител во обвинителството во Охрид. Сам даде оставка незадоволен од тоа што за 10 години не успеа да помогне во проектот на менување на состојбите во правосудството воопшто.

Од денешен аспект можам да кажам дека ама баш ништо не сум успеал да променам, вели Димоски, кој веќе подолго време на својот фејсбук-профил сосема отворено како обвинител зборува за тие состојби.

Така зборува и во интервјуто за МКД.мк.

Не можете да претпоставите до која мера се заробени институциите. На пример, своевремено ми водеа постапка за прекршување на Етичкиот кодекс кое сум го сторил со објава на мојот фејсбук-профил. А бев објавил фотографии од ружите во мојата градина (црвена и жолта) со коментар: „Процветаа ружите со боите на Македонија! Ќе процвета и Македонија, само да се раатиса од вошките!“, вели тој.

Димоски смета дека во обвинителството и во судовите сепак има една мала бројка вистински професионалци, луѓе што се на маргините, кои не се движат нагоре во хиерархијата бидејќи не се послушни кон политичките елити.

Целото интервју на МКД.мк

The post Обвинител Димовски: Јас не дадов оставка, јас се евакуирав! Не сте свесни колку институциите се заробени appeared first on Република.

]]>

Воислав Димоски од јули веќе не е обвинител во обвинителството во Охрид. Сам даде оставка незадоволен од тоа што за 10 години не успеа да помогне во проектот на менување на состојбите во правосудството воопшто.
Од денешен аспект можам да кажам дека ама баш ништо не сум успеал да променам, вели Димоски, кој веќе подолго време на својот фејсбук-профил сосема отворено како обвинител зборува за тие состојби.
Така зборува и во интервјуто за МКД.мк.
Не можете да претпоставите до која мера се заробени институциите. На пример, своевремено ми водеа постапка за прекршување на Етичкиот кодекс кое сум го сторил со објава на мојот фејсбук-профил. А бев објавил фотографии од ружите во мојата градина (црвена и жолта) со коментар: „Процветаа ружите со боите на Македонија! Ќе процвета и Македонија, само да се раатиса од вошките!“, вели тој.
Димоски смета дека во обвинителството и во судовите сепак има една мала бројка вистински професионалци, луѓе што се на маргините, кои не се движат нагоре во хиерархијата бидејќи не се послушни кон политичките елити. Целото интервју на МКД.мк

The post Обвинител Димовски: Јас не дадов оставка, јас се евакуирав! Не сте свесни колку институциите се заробени appeared first on Република.

]]>
Димовски: Забавата допрва почнува, не знам што и е планот на Вилма, ама Обвинителството е болно од метастазиран канцер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimovski-zabavata-doprva-pochnuva-ne-znam-shto-i-e-planot-na-vilma-ama-obvinitelstvoto-e-bolno-od-metastaziran-kancer/ Thu, 04 Aug 2022 13:32:31 +0000 https://republika.mk/?p=536796

Првиот поголем судир со хиерархијата како обвинител ја имав кога одбив да се покорам на сугестиите да изземам од кривичен прогон еден соработник на службите кој во тој момент беше лидер на една од верските заедници. Останав на своето до крај, ама хиерархијата ми нарача притисок во вид на постапка пред Етичкиот комитет на Обвинителството, а потоа и дисциплинска постапка, напиша на Фејсбук, Војо Димовски.
Како човек кој по силата на јуристичкото образование верува во формата, решив да побарам заштита од Здружението на Јавни обвинители каде што членував.
Се откажав во моментот кога дознав дека претседател на тоа здружение е токму истиот тој кој е претседател на етичката комисија . ❤
Но тоа не се!
Истиот тој "талентиран" правник е и претседател на дисциплинската комисија! ❤
И тоа не е се!
Истиот тој незаменлив правник е кандидат за уставен судија! ❤
Не знам што и е планот на Вилма, ама кога јас видов дека Обвинителството е болно од метастазиран канцер, решив до крај да ги терам постапките кои ми ги иницираа. Да не се лажеме: исходот ми беше јасен но ми беше сеедно бидејќи пред години бев донел одлука дека не сум за тоа друштво, па решив да соберам доволно пишан материјал кој ми е граѓа на книгата што ја пишувам. Час поскоро ќе ја завршам, со оглед дека многу од актерите се луѓе во години, па иако пројавуваат кариерни амбиции како да се на триесет години, сепак се детерминирани во времето како секој што се родил смртен.
Читајте ме. Забавата допрва почнува. Лесно ни е нам што се раѓаме со пушка на рамо. Нашите плеќи можат да носат товар. Тешко на овие во сиви оделца и со тесни рамења.
Мир на сите!, пишува Димовски.

The post Димовски: Забавата допрва почнува, не знам што и е планот на Вилма, ама Обвинителството е болно од метастазиран канцер appeared first on Република.

]]>

Првиот поголем судир со хиерархијата како обвинител ја имав кога одбив да се покорам на сугестиите да изземам од кривичен прогон еден соработник на службите кој во тој момент беше лидер на една од верските заедници. Останав на своето до крај, ама хиерархијата ми нарача притисок во вид на постапка пред Етичкиот комитет на Обвинителството, а потоа и дисциплинска постапка, напиша на Фејсбук, Војо Димовски. Како човек кој по силата на јуристичкото образование верува во формата, решив да побарам заштита од Здружението на Јавни обвинители каде што членував. Се откажав во моментот кога дознав дека претседател на тоа здружение е токму истиот тој кој е претседател на етичката комисија . ❤ Но тоа не се! Истиот тој "талентиран" правник е и претседател на дисциплинската комисија! ❤ И тоа не е се! Истиот тој незаменлив правник е кандидат за уставен судија! ❤ Не знам што и е планот на Вилма, ама кога јас видов дека Обвинителството е болно од метастазиран канцер, решив до крај да ги терам постапките кои ми ги иницираа. Да не се лажеме: исходот ми беше јасен но ми беше сеедно бидејќи пред години бев донел одлука дека не сум за тоа друштво, па решив да соберам доволно пишан материјал кој ми е граѓа на книгата што ја пишувам. Час поскоро ќе ја завршам, со оглед дека многу од актерите се луѓе во години, па иако пројавуваат кариерни амбиции како да се на триесет години, сепак се детерминирани во времето како секој што се родил смртен. Читајте ме. Забавата допрва почнува. Лесно ни е нам што се раѓаме со пушка на рамо. Нашите плеќи можат да носат товар. Тешко на овие во сиви оделца и со тесни рамења. Мир на сите!, пишува Димовски.

The post Димовски: Забавата допрва почнува, не знам што и е планот на Вилма, ама Обвинителството е болно од метастазиран канцер appeared first on Република.

]]>