војник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vojnik/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jul 2024 14:04:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png војник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vojnik/ 32 32 Војник на АРМ убиен во Македонски Брод: 21-годишник пукал во него за банална расправија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vojnik-na-arm-ubien-vo-makedonski-brod-21-godishnik-pukal-vo-nego-za-banalna-raspravija/ Tue, 16 Jul 2024 14:04:28 +0000 https://republika.mk/?p=797452

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело- Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот вчера со умисла лишил од живот едно лице во двор на куќа во селото Калуѓерец, нанесувајќи му огнострелна повреда со куршум од ловна пушка, соопшти ОЈО.

Жртвата е 31-годишен професионален војник во АРМ, но повод за убиството е банална вербална расправија од приватна природа. Надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, стои во соопштението она ОЈО.

The post Војник на АРМ убиен во Македонски Брод: 21-годишник пукал во него за банална расправија appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело- Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот вчера со умисла лишил од живот едно лице во двор на куќа во селото Калуѓерец, нанесувајќи му огнострелна повреда со куршум од ловна пушка, соопшти ОЈО. Жртвата е 31-годишен професионален војник во АРМ, но повод за убиството е банална вербална расправија од приватна природа. Надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, стои во соопштението она ОЈО.

The post Војник на АРМ убиен во Македонски Брод: 21-годишник пукал во него за банална расправија appeared first on Република.

]]>
Војник во Германија уби четири лица од кои едно дете https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vojnik-vo-germanija-ubi-chetiri-litsa-od-koi-edno-dete/ Fri, 01 Mar 2024 10:00:13 +0000 https://republika.mk/?p=749922

Германски војник на Бундесверот е осомничен дека убил четири лица во областа Ротенбург во Долна Саксонија пред да се предаде, соопштија денеска полицијата и Обвинителството.

Меѓу убиените, чии тела беа пронајдени претходно во текот на денот, има и едно дете. Убиствата се извршени на две локации – во куќа во Вестервезеде во општината Шезел и во Ботел во областа Ротенбург.

Осомничениот сторител се предал по нападот синоќа и бил уапсен, соопштија истражителите. Полицијата соопшти дека приватен проблем „не може да се исклучи“ како мотив за злосторството.

Во истрагата биле ангажирани голем број полицајци.

The post Војник во Германија уби четири лица од кои едно дете appeared first on Република.

]]>

Германски војник на Бундесверот е осомничен дека убил четири лица во областа Ротенбург во Долна Саксонија пред да се предаде, соопштија денеска полицијата и Обвинителството. Меѓу убиените, чии тела беа пронајдени претходно во текот на денот, има и едно дете. Убиствата се извршени на две локации – во куќа во Вестервезеде во општината Шезел и во Ботел во областа Ротенбург. Осомничениот сторител се предал по нападот синоќа и бил уапсен, соопштија истражителите. Полицијата соопшти дека приватен проблем „не може да се исклучи“ како мотив за злосторството. Во истрагата биле ангажирани голем број полицајци.

The post Војник во Германија уби четири лица од кои едно дете appeared first on Република.

]]>
Американски војник се самозапали пред израелската Амбасада во Вашингтон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanski-vojnik-se-samozapali-pred-izraelskata-ambasada-vo-vashington/ Mon, 26 Feb 2024 07:40:15 +0000 https://republika.mk/?p=748294

Американски воен пилот се замозапали пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест против војната во Газа и во моментов е во критична состојба.

Човекот бил пренесен во болница откако пожарот бил изгаснат од припадници на американската тајна служба, соопшти противпожарната служба на Вашингтон.

Портпаролот на американските воздухопловни сили потврди дека во инцидентот бил вклучен активен воздухопловец.

Повеќе нема да бидам соучесник во геноцид, рекол мажот, облечен во униформа, во видео што го емитувал во живо на Интернет, јави „Њујорк Тајмс“.

The post Американски војник се самозапали пред израелската Амбасада во Вашингтон appeared first on Република.

]]>

Американски воен пилот се замозапали пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест против војната во Газа и во моментов е во критична состојба. Човекот бил пренесен во болница откако пожарот бил изгаснат од припадници на американската тајна служба, соопшти противпожарната служба на Вашингтон. Портпаролот на американските воздухопловни сили потврди дека во инцидентот бил вклучен активен воздухопловец. Повеќе нема да бидам соучесник во геноцид, рекол мажот, облечен во униформа, во видео што го емитувал во живо на Интернет, јави „Њујорк Тајмс“.

The post Американски војник се самозапали пред израелската Амбасада во Вашингтон appeared first on Република.

]]>
АРМ со мерки против војникот кој давал мобилни телефони на затвореници, може да биде избркан од армијата! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arm-so-merki-protiv-vojnikot-koj-daval-mobilni-telefoni-na-zatvorenitsi-mozhe-da-bide-izbrkan-od-armijata/ Fri, 02 Feb 2024 16:16:05 +0000 https://republika.mk/?p=739823

АРМ презеде мерки против професионалниот војник кој беше фатен како дава мобилни телефони на затвореници.

Во соопштението на АРМ се вели:

Веднаш по дознавање на случајот за припадник на Армијата, кој како дел од составот кој е во поддршка на полицијата за обезбедување на КПУ-Затвор „Идризово“, е забележан како за време на извршување на должност фрлил мобилни телефони во дворот на затворот, од страна на Генералштабот се превземени сите потребни мерки согласно законските регулативи.

По евидентирање на случајот по хиерархијата на известување, од страна на Началникот на Генералштабот веднаш е издадена наредба и дадени конкретни задачи за преземање на сите пропишани законски дејствија и отпочнување на постапка за спроведување на соодветни дисциплински мерки.

Согласно процедурите, надлежните служби за безбедност во Армијата и воената полиција се во непосредна координација и соработуваат со јавното обвинителство и надлежните истражни органи во МВР.

По квалификација на делото од страна на надлежните истражни органи, во рамки на законските надлежности ќе бидат преземени соодветни пропишани дисциплински мерки, кое за конкретниот случај согласно Законот за служба во Армијата, спаѓа во дисциплински престап за кое е предвидена и најстрогата дисциплинска мерка-престанок на работниот однос.

Генералштабот најостро ги осудува појавите за било каков облик на недозволени или криминални однесувања кои се далеку од начинот на однесување на припадниците на Армијата со кои се нарушува угледот на Армијата и секогаш безкомромисно ќе настојува овие припадници да бидат најстрого санкционирани согласно законските регулативи.

The post АРМ со мерки против војникот кој давал мобилни телефони на затвореници, може да биде избркан од армијата! appeared first on Република.

]]>

АРМ презеде мерки против професионалниот војник кој беше фатен како дава мобилни телефони на затвореници. Во соопштението на АРМ се вели: Веднаш по дознавање на случајот за припадник на Армијата, кој како дел од составот кој е во поддршка на полицијата за обезбедување на КПУ-Затвор „Идризово“, е забележан како за време на извршување на должност фрлил мобилни телефони во дворот на затворот, од страна на Генералштабот се превземени сите потребни мерки согласно законските регулативи. По евидентирање на случајот по хиерархијата на известување, од страна на Началникот на Генералштабот веднаш е издадена наредба и дадени конкретни задачи за преземање на сите пропишани законски дејствија и отпочнување на постапка за спроведување на соодветни дисциплински мерки. Согласно процедурите, надлежните служби за безбедност во Армијата и воената полиција се во непосредна координација и соработуваат со јавното обвинителство и надлежните истражни органи во МВР. По квалификација на делото од страна на надлежните истражни органи, во рамки на законските надлежности ќе бидат преземени соодветни пропишани дисциплински мерки, кое за конкретниот случај согласно Законот за служба во Армијата, спаѓа во дисциплински престап за кое е предвидена и најстрогата дисциплинска мерка-престанок на работниот однос. Генералштабот најостро ги осудува појавите за било каков облик на недозволени или криминални однесувања кои се далеку од начинот на однесување на припадниците на Армијата со кои се нарушува угледот на Армијата и секогаш безкомромисно ќе настојува овие припадници да бидат најстрого санкционирани согласно законските регулативи.

The post АРМ со мерки против војникот кој давал мобилни телефони на затвореници, може да биде избркан од армијата! appeared first on Република.

]]>
Кој е масовниот убиец од Мејн што уби над 20 луѓе? Војник со дебело досие на семејно насилство, со месеци лежел на псхијатрија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koj-e-masovniot-ubiets-od-mejn-shto-ubi-nad-20-luge-vojnik-so-debelo-dosie-na-semejno-nasilstvo-so-mesetsi-lezhel-na-pshijatrija/ Thu, 26 Oct 2023 08:10:06 +0000 https://republika.mk/?p=695080

Полицијата во Левистон го идентификуваше Роберт Кард како главен осомничен за пукотниците во кугланата и ресторанот. Локалните жители, исто така, се предупредени да останат во своите домови, бидејќи Кард се смета за „вооружеен и опасен“. Кој е Роберт Кард, масовниот убиец од Мејн?

Како што пренесуваат медиумите, овој 40-годишник е припадник на резервниот состав на американската армија, а исто така е специјално обучен за ракување со оружје.

Тој бил женет двапати и има три деца.

Тој и е познат на полицијата уште порано, бидејќи неговото досие е преполно со бројни пријави за семејно насилство, а на една од неговите бивши сопруги, исто така, му е одредена забрана за приближување.

Кард летово помина две недели во психијатриска установа бидејќи слушнал гласови и се заканил дека ќе пука во базата на Националната гарда.

Убиецот студирал инженерство на Универзитетот во Мејн. Не се знае дали дипломирал, но студирал помеѓу 2001 и 2004 година, изјави портпаролот на универзитетот Ерик Гордон.

Вчера вечерта околу 22 лица загинаа, а меѓу 50 и 60 луѓе беа ранети во градот Левистон, во американската сојузна држава Мејн. Полицијата го идентификуваше Роберт Р. Кард од Баудоен како убиецот.

The post Кој е масовниот убиец од Мејн што уби над 20 луѓе? Војник со дебело досие на семејно насилство, со месеци лежел на псхијатрија appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Левистон го идентификуваше Роберт Кард како главен осомничен за пукотниците во кугланата и ресторанот. Локалните жители, исто така, се предупредени да останат во своите домови, бидејќи Кард се смета за „вооружеен и опасен“. Кој е Роберт Кард, масовниот убиец од Мејн? Како што пренесуваат медиумите, овој 40-годишник е припадник на резервниот состав на американската армија, а исто така е специјално обучен за ракување со оружје. Тој бил женет двапати и има три деца. Тој и е познат на полицијата уште порано, бидејќи неговото досие е преполно со бројни пријави за семејно насилство, а на една од неговите бивши сопруги, исто така, му е одредена забрана за приближување. Кард летово помина две недели во психијатриска установа бидејќи слушнал гласови и се заканил дека ќе пука во базата на Националната гарда. Убиецот студирал инженерство на Универзитетот во Мејн. Не се знае дали дипломирал, но студирал помеѓу 2001 и 2004 година, изјави портпаролот на универзитетот Ерик Гордон. Вчера вечерта околу 22 лица загинаа, а меѓу 50 и 60 луѓе беа ранети во градот Левистон, во американската сојузна држава Мејн. Полицијата го идентификуваше Роберт Р. Кард од Баудоен како убиецот.

The post Кој е масовниот убиец од Мејн што уби над 20 луѓе? Војник со дебело досие на семејно насилство, со месеци лежел на псхијатрија appeared first on Република.

]]>
Украински војник во Киев убил двајца свои соборци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainski-vojnik-vo-kiev-ubil-dvajtsa-svoi-sobortsi/ Tue, 03 Oct 2023 19:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=687608

Украински војник убил двајца свои соборци во Киев, јавија украински медиуми.

Инцидентот се случил откако војникот Константин Кирјаченко, ја завршил стражата по што пиел алкохолни пијалоци со уште двајца војници на украинската армија на улиците на главниот град на земјата.

За тоа време, дошло до конфликт меѓу војниците, по што Кирјаченко ги застрелал своите војнички колеги со автоматска пушка калашников.

Жртвите починале на лице место... Кирјаченко се обидел да побегне, но два часа подоцна бил уапсен“, изјавил полициски извор цитиран од украинските медиуми.

The post Украински војник во Киев убил двајца свои соборци appeared first on Република.

]]>

Украински војник убил двајца свои соборци во Киев, јавија украински медиуми. Инцидентот се случил откако војникот Константин Кирјаченко, ја завршил стражата по што пиел алкохолни пијалоци со уште двајца војници на украинската армија на улиците на главниот град на земјата. За тоа време, дошло до конфликт меѓу војниците, по што Кирјаченко ги застрелал своите војнички колеги со автоматска пушка калашников.
Жртвите починале на лице место... Кирјаченко се обидел да побегне, но два часа подоцна бил уапсен“, изјавил полициски извор цитиран од украинските медиуми.

The post Украински војник во Киев убил двајца свои соборци appeared first on Република.

]]>
Американскиот војник кој побегна во Северна Кореја сега е во американски притвор откако беше протеран од Пјонгјанг https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanskiot-vojnik-koj-pobegna-vo-severna-koreja-sega-e-vo-amerikanski-pritvor-otkako-beshe-proteran-od-pjongjang/ Wed, 27 Sep 2023 18:00:50 +0000 https://republika.mk/?p=685766

Војникот Тревис Кинг, припадник на американската Армија кој пребегна во Северна Кореја во јули, е задржан во американски притвор откако беше протеран од Северна Кореја во Кина, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори, пренесува БТА.

Севернокорејската државна новинска агенција KCTA соопшти дека Кинг бил протеран откако признал дека илегално влегол во Северна Кореја, бидејќи бил „разочаран од нееднаквоста во американското општество“.

-Американски официјален претставник изјави за Ројтерс дека Кинг сега е во американски притвор, но не даде дополнителни детали, пренесува БТА.

Одлуката за протерување е содржана во конечните резултати од истрагата на севернокорејските власти.

Севернокорејските власти одлучија да го протераат Кинг според законите на земјата, но не објавија никакви детали за спроведувањето на мерката.

Белата куќа соопшти дека им се заблагодарува на Кина и Шведска што го олесниле трансферот на американскиот војник протеран од Северна Кореја, пренесоа француските медиуми.

-Им благодариме на шведската влада за нејзината дипломатска улога... и на кинеската влада за нејзината помош во олеснувањето на транзитот на Кинг“, посочи во соопштението, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Претходно, друг висок американски функционер изјави дека војникот го напуштил кинескиот воздушен простор и бил на пат кон американската воена база.

The post Американскиот војник кој побегна во Северна Кореја сега е во американски притвор откако беше протеран од Пјонгјанг appeared first on Република.

]]>

Војникот Тревис Кинг, припадник на американската Армија кој пребегна во Северна Кореја во јули, е задржан во американски притвор откако беше протеран од Северна Кореја во Кина, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори, пренесува БТА. Севернокорејската државна новинска агенција KCTA соопшти дека Кинг бил протеран откако признал дека илегално влегол во Северна Кореја, бидејќи бил „разочаран од нееднаквоста во американското општество“. -Американски официјален претставник изјави за Ројтерс дека Кинг сега е во американски притвор, но не даде дополнителни детали, пренесува БТА. Одлуката за протерување е содржана во конечните резултати од истрагата на севернокорејските власти. Севернокорејските власти одлучија да го протераат Кинг според законите на земјата, но не објавија никакви детали за спроведувањето на мерката. Белата куќа соопшти дека им се заблагодарува на Кина и Шведска што го олесниле трансферот на американскиот војник протеран од Северна Кореја, пренесоа француските медиуми. -Им благодариме на шведската влада за нејзината дипломатска улога... и на кинеската влада за нејзината помош во олеснувањето на транзитот на Кинг“, посочи во соопштението, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан. Претходно, друг висок американски функционер изјави дека војникот го напуштил кинескиот воздушен простор и бил на пат кон американската воена база.

The post Американскиот војник кој побегна во Северна Кореја сега е во американски притвор откако беше протеран од Пјонгјанг appeared first on Република.

]]>
Северна Кореја не разговара со САД за приведениот американски војник https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/severna-koreja-ne-razgovara-so-sad-za-privedeniot-amerikanski-vojnik/ Thu, 20 Jul 2023 12:39:49 +0000 https://republika.mk/?p=663570

Северна Кореја не одговори на обидите на САД да разговара за американскиот војник, кој ја преминал границата меѓу двете Кореи, изјавија официјални лица во Вашингтон, додавајќи дека изгледите за негово брзо ослободување се нејасни во време на високи тензии меѓу двете земји и неактивни канали за комуникација.

Војникот Тревис Кинг (23), кој беше упатен во САД по отслужувањето на затворската казна во Јужна Кореја за напад, пред два дена влезе во Северна Кореја како дел од цивилна тура на пограничното село Панмунџом.

Тој на 17 јули беше придружуван до аеродромот, но не се качи во авионот. Не е познато како ги поминал часовите помеѓу неговото пристигнување на аеродромот и неговата обиколка на Панмунџом.

Војската на САД дури кога авионот слетал во Тексас сфатила дека го нема Кинг.

Тој е првиот Американец, за кој се знае дека е приведен во Северна Кореја во изминатите пет години.

Мотивот на Кинг за преминувањето на границата не е познат.

Кинг во февруари беше осуден на затворска казна поради напад врз маж и оштетување на полициско возило.

The post Северна Кореја не разговара со САД за приведениот американски војник appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја не одговори на обидите на САД да разговара за американскиот војник, кој ја преминал границата меѓу двете Кореи, изјавија официјални лица во Вашингтон, додавајќи дека изгледите за негово брзо ослободување се нејасни во време на високи тензии меѓу двете земји и неактивни канали за комуникација. Војникот Тревис Кинг (23), кој беше упатен во САД по отслужувањето на затворската казна во Јужна Кореја за напад, пред два дена влезе во Северна Кореја како дел од цивилна тура на пограничното село Панмунџом. Тој на 17 јули беше придружуван до аеродромот, но не се качи во авионот. Не е познато како ги поминал часовите помеѓу неговото пристигнување на аеродромот и неговата обиколка на Панмунџом. Војската на САД дури кога авионот слетал во Тексас сфатила дека го нема Кинг. Тој е првиот Американец, за кој се знае дека е приведен во Северна Кореја во изминатите пет години. Мотивот на Кинг за преминувањето на границата не е познат. Кинг во февруари беше осуден на затворска казна поради напад врз маж и оштетување на полициско возило.

The post Северна Кореја не разговара со САД за приведениот американски војник appeared first on Република.

]]>
Детали за бруталното убиство на хрватскиот војник: Се правел дека сака да ѝ помогне на брзата помош, но камерите го издале! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/detali-za-brutalnoto-ubistvo-na-hrvatskiot-vojnik-se-pravel-deka-saka-da-pomogne-na-brzata-pomosh-no-kamerite-go-izdale/ Mon, 17 Apr 2023 09:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=631391

Уапсениот за убиството на војникот во Пожега при апсењето се правел дека ништо не знае за тоа, па дури се понудил да ѝ помогне на Итната помош да го однесат полумртвиот војник во болница. Сепак, надзорните камери подоцна го издале. Според локалниот портал Pozega.eu, 20-годишниот М.К. му бил другар од детството на војникот, а сега е осомничен за негово убиство.

Министерството за одбрана на Хрватска во саботата извести дека Јаков Бочкај (21), припадник на хрватската армија, кој не бил на должност, рано изутрината бил пронајден во несвест на паркингот на Плоштадот Свето Тројство во Пожега и бил пренесен во Општата жупаниска болница во Пожега, каде подоцна им подлегнал на повредите.

Полицијата вчера попладне соопшти дека околу 2 часот и 25 минути на паркингот во Пожега е уапсен 20-годишник, кој се сомничи дека е поврзан со настанот. По спроведената истрага, против осомничениот е поднесена кривична пријава за нанесување тешки телесни повреди со последица смрт“ и за него е одреден притвор.

Тој е обвинет дека по кратка вербална расправија на паркинг во саботата околу 02:15 часот во Пожега, на плоштадот Светo Тројство, физички нападнал 21-годишен маж, удирајќи му неколку тупаници во пределот на главата. Од ударите 21-годишниот маж паднал на подот, а осомничениот продолжил да го удира уште неколку пати и го напуштил местото на настанот.

Напаѓачот, кого полицијата го пронашла во близина на местото на нападот, наводно се правел дека не знае што се случило со неговиот пријател, па дури се понудил да им помогне на полицијата и на Итната помош да го пренесеат во болница. Сепак, подоцна бил уапсен бидејќи нападот бил снимен од надзорните камери.

 

The post Детали за бруталното убиство на хрватскиот војник: Се правел дека сака да ѝ помогне на брзата помош, но камерите го издале! appeared first on Република.

]]>

Уапсениот за убиството на војникот во Пожега при апсењето се правел дека ништо не знае за тоа, па дури се понудил да ѝ помогне на Итната помош да го однесат полумртвиот војник во болница. Сепак, надзорните камери подоцна го издале. Според локалниот портал Pozega.eu, 20-годишниот М.К. му бил другар од детството на војникот, а сега е осомничен за негово убиство. Министерството за одбрана на Хрватска во саботата извести дека Јаков Бочкај (21), припадник на хрватската армија, кој не бил на должност, рано изутрината бил пронајден во несвест на паркингот на Плоштадот Свето Тројство во Пожега и бил пренесен во Општата жупаниска болница во Пожега, каде подоцна им подлегнал на повредите. Полицијата вчера попладне соопшти дека околу 2 часот и 25 минути на паркингот во Пожега е уапсен 20-годишник, кој се сомничи дека е поврзан со настанот. По спроведената истрага, против осомничениот е поднесена кривична пријава за нанесување тешки телесни повреди со последица смрт“ и за него е одреден притвор. Тој е обвинет дека по кратка вербална расправија на паркинг во саботата околу 02:15 часот во Пожега, на плоштадот Светo Тројство, физички нападнал 21-годишен маж, удирајќи му неколку тупаници во пределот на главата. Од ударите 21-годишниот маж паднал на подот, а осомничениот продолжил да го удира уште неколку пати и го напуштил местото на настанот. Напаѓачот, кого полицијата го пронашла во близина на местото на нападот, наводно се правел дека не знае што се случило со неговиот пријател, па дури се понудил да им помогне на полицијата и на Итната помош да го пренесеат во болница. Сепак, подоцна бил уапсен бидејќи нападот бил снимен од надзорните камери.  

The post Детали за бруталното убиство на хрватскиот војник: Се правел дека сака да ѝ помогне на брзата помош, но камерите го издале! appeared first on Република.

]]>
Масакр во САД: Поранешен војник си ги застрелал трите мали деца додека спиеле и се самоубил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/masakr-vo-sad-poraneshen-vojnik-si-gi-zastrelal-trite-mali-detsa-dodeka-spiele-i-se-samoubil/ Thu, 23 Mar 2023 09:18:07 +0000 https://republika.mk/?p=622749

Поранешен војник си ги застрелал трите деца додека спиеле во неговиот дом во Јужна Каролина додека нивната мајка избезумено барала помош, соопштија властите. Поранешниот војник убил и колега на поранешната сопруга, а потоа се самоубил.

Чарлс Слакс Јуниор, исто така, застрелал и убил војник кој работел со мајката на децата и случајно се нашол внатре во домот, изјави началникот на полицијата во Самтер, Расел Роарк на прес-конференција.

Слакс и неговата сопруга биле разведени, но тој сè уште имал клуч од домот во Самтер во кој влегол околу 22 часот (по локално време) во вторникот, рече Роарк.

Слакс го застрелал колегата на својата поранешна сопруга во дворот додека мајката се обидувала да го запре, а потоа ја турнал и се упатил на катот и ги застрелал децата на возраст од 5, 6 и 11 години во нивните кревети, изјави началникот на полицијата.

„Малите деца спиеле во своите кревети“, рече Роарк.

Мобилниот телефон на мајката се полнел горе, па истрчала да види дали ранетиот колега има телефон што може да го користи. Слушнала истрели, се вратила внатре и го видела својот поранешен сопруг на врвот од скалите, каде што се застрелал, изјави Роарк.

 

The post Масакр во САД: Поранешен војник си ги застрелал трите мали деца додека спиеле и се самоубил appeared first on Република.

]]>

Поранешен војник си ги застрелал трите деца додека спиеле во неговиот дом во Јужна Каролина додека нивната мајка избезумено барала помош, соопштија властите. Поранешниот војник убил и колега на поранешната сопруга, а потоа се самоубил. Чарлс Слакс Јуниор, исто така, застрелал и убил војник кој работел со мајката на децата и случајно се нашол внатре во домот, изјави началникот на полицијата во Самтер, Расел Роарк на прес-конференција. Слакс и неговата сопруга биле разведени, но тој сè уште имал клуч од домот во Самтер во кој влегол околу 22 часот (по локално време) во вторникот, рече Роарк.
Слакс го застрелал колегата на својата поранешна сопруга во дворот додека мајката се обидувала да го запре, а потоа ја турнал и се упатил на катот и ги застрелал децата на возраст од 5, 6 и 11 години во нивните кревети, изјави началникот на полицијата.
„Малите деца спиеле во своите кревети“, рече Роарк.
Мобилниот телефон на мајката се полнел горе, па истрчала да види дали ранетиот колега има телефон што може да го користи. Слушнала истрели, се вратила внатре и го видела својот поранешен сопруг на врвот од скалите, каде што се застрелал, изјави Роарк.
 

The post Масакр во САД: Поранешен војник си ги застрелал трите мали деца додека спиеле и се самоубил appeared first on Република.

]]>
Американски војник убил свој колега и три деца: Крвава престрелка во Јужна Каролина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanski-vojnik-ubil-svoj-kolega-i-tri-detsa-krvava-prestrelka-vo-juzhna-karolina/ Wed, 22 Mar 2023 19:28:58 +0000 https://republika.mk/?p=622597

Поранешен војник застрела и уби активен припадник на американската војска, како и три деца во дом во Јужна Каролина пред самиот да се застрела.

Двајца американски официјални лица потврдија дека станува збор за воени лица.

Полицијата соопшти дека се пронајдени телата на три деца и двајца мажи, а се претпоставува дека едниот од нив е убиецот.

Истрагата е во тек, а неофицијално има сведоци кои раскажале што се случило.

Идентитетот на жртвите не е соопштен.

The post Американски војник убил свој колега и три деца: Крвава престрелка во Јужна Каролина appeared first on Република.

]]>

Поранешен војник застрела и уби активен припадник на американската војска, како и три деца во дом во Јужна Каролина пред самиот да се застрела. Двајца американски официјални лица потврдија дека станува збор за воени лица. Полицијата соопшти дека се пронајдени телата на три деца и двајца мажи, а се претпоставува дека едниот од нив е убиецот. Истрагата е во тек, а неофицијално има сведоци кои раскажале што се случило. Идентитетот на жртвите не е соопштен.

The post Американски војник убил свој колега и три деца: Крвава престрелка во Јужна Каролина appeared first on Република.

]]>
Војник на Бундесверот осомничен во серијата рации против десничарските екстремисти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vojnik-na-bundesverot-osomnichen-vo-serijata-racii-protiv-desnicharskite-ekstremisti/ Wed, 07 Dec 2022 08:46:08 +0000 https://republika.mk/?p=582838

Војник на германскиот Бундесвер е осомничен во големата истрага на германските власти против десничарското екстремистичко „Граѓанско движење на Рајхот“, што во последните 24 часа резултираше повеќе рации низ земјата, изјави денеска портпаролот на контраразузнавачката служба, пренесе ДПА.

Активен војник во командата на Специјалните сили на Бундесверот (КСК) и неколку резервисти на Бундесверот се осомничени во оваа операција на полицијата, изјави за ДПА портпаролот на Воената контраразузнавачка служба (МАД).

Куќата на војникот и неговата канцеларија во касарната „Граф Цепелин“, во покраината Баден-Виртемберг, се претресени како дел од националните рации против движењето, кое не го признава постоењето на германската држава, а наводно, според пишувањњето на медиумите, се подготвувало да изведе и државен удар .

Германските меидуми јавуваат дека полицијатга изведе рации на 130 локации, во 11 од 16-те германски сојузни покраини.

The post Војник на Бундесверот осомничен во серијата рации против десничарските екстремисти appeared first on Република.

]]>

Војник на германскиот Бундесвер е осомничен во големата истрага на германските власти против десничарското екстремистичко „Граѓанско движење на Рајхот“, што во последните 24 часа резултираше повеќе рации низ земјата, изјави денеска портпаролот на контраразузнавачката служба, пренесе ДПА. Активен војник во командата на Специјалните сили на Бундесверот (КСК) и неколку резервисти на Бундесверот се осомничени во оваа операција на полицијата, изјави за ДПА портпаролот на Воената контраразузнавачка служба (МАД). Куќата на војникот и неговата канцеларија во касарната „Граф Цепелин“, во покраината Баден-Виртемберг, се претресени како дел од националните рации против движењето, кое не го признава постоењето на германската држава, а наводно, според пишувањњето на медиумите, се подготвувало да изведе и државен удар . Германските меидуми јавуваат дека полицијатга изведе рации на 130 локации, во 11 од 16-те германски сојузни покраини.

The post Војник на Бундесверот осомничен во серијата рации против десничарските екстремисти appeared first on Република.

]]>
Ако еден белоруски војник ја премине границата, Укрина ќе возврати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ako-eden-beloruski-vojnik-ja-premine-granicata-ukrina-kje-vozvrati/ Fri, 11 Mar 2022 22:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=471566

Украина покажува воздржаност кон Белорусија, но ќе возврати ако белоруските војници ја преминат границата и се придружат на руската инвазија, изјави највисокиот украински безбедносен функционер Алексиј Данилов.

Данилов кажа дека Украина е внимателна во односите со Белорусија и покрај тоа што земјата се користи како лансирна платформа за напади на руските авиони на Украина.

Ако еден белоруски војник ја премине нашата граница, ние ќе возвратиме, кажа Данилов, а пренесува Ројтерс.

Претходно Украинскиот државен информациски центар соопшти дека „не може да се исклучи“ белоруска инвазија на Украина денес.

Според прелиминарните податоци, белоруските трупи би можеле да бидат вовлечени во инвазијата на 11 март во 21:00 (19:00 часот по средноевропско време)“, се наведува во соопштението на центарот, кој е формиран во рамки на министерството за култура и информациска политика.

The post Ако еден белоруски војник ја премине границата, Укрина ќе возврати appeared first on Република.

]]>

Украина покажува воздржаност кон Белорусија, но ќе возврати ако белоруските војници ја преминат границата и се придружат на руската инвазија, изјави највисокиот украински безбедносен функционер Алексиј Данилов. Данилов кажа дека Украина е внимателна во односите со Белорусија и покрај тоа што земјата се користи како лансирна платформа за напади на руските авиони на Украина.
Ако еден белоруски војник ја премине нашата граница, ние ќе возвратиме, кажа Данилов, а пренесува Ројтерс.
Претходно Украинскиот државен информациски центар соопшти дека „не може да се исклучи“ белоруска инвазија на Украина денес.
Според прелиминарните податоци, белоруските трупи би можеле да бидат вовлечени во инвазијата на 11 март во 21:00 (19:00 часот по средноевропско време)“, се наведува во соопштението на центарот, кој е формиран во рамки на министерството за култура и информациска политика.

The post Ако еден белоруски војник ја премине границата, Укрина ќе возврати appeared first on Република.

]]>
Снимка од украински војник во моментот на нападот се шири на социјалните мрежи: Мамо, тато, ве сакам… https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/snimka-od-ukrainski-vojnik-vo-momentot-na-napadot-se-shiri-na-socijalnite-mrezi-mamo-tato-ve-sakam/ Thu, 24 Feb 2022 10:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=463026

На социјалните мрежи се шират разни снимки за кои не е утврдено дали се автентични. Една од нив наводно е украински војник во моментот на рускиот напад, кој беше снимен како вели:

– Мамо, тато, ве сакам…

The post Снимка од украински војник во моментот на нападот се шири на социјалните мрежи: Мамо, тато, ве сакам… appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се шират разни снимки за кои не е утврдено дали се автентични. Една од нив наводно е украински војник во моментот на рускиот напад, кој беше снимен како вели: – Мамо, тато, ве сакам…

The post Снимка од украински војник во моментот на нападот се шири на социјалните мрежи: Мамо, тато, ве сакам… appeared first on Република.

]]>
Ненадејно почина 44-годишен професионален војник на АРМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nenadejno-pochina-44-godishen-profesionalen-vojnik-na-arm/ Fri, 07 Jan 2022 20:51:56 +0000 https://republika.mk/?p=441809

Во болница во Приштина вечерва околу 18:15 часот ненадејно почина професионалниот војник И.Ч (44), кој беше во состав на контингентот на Армијата на Република Македонија во мисијата КФОР, соопшти Генералштабот на Армијата.

На професионалниот војник кој извршувал должности во водот за обезбедување во командата на КФОР-запад во Пеќ, во текот на попладневните часови му се слошило, по што веднаш откако бил забележан од присутните е пристапено кон пружање прва помош од страна на надлежната санитетска служба во состав на контингентот.

Веднаш со воен хеликоптер во придружба на воен медицински персонал бил упатен во болница во Приштина како најблиска здравствена установа, каде што се пристапило кон реанимација, но по кратко време е констатирана смрт за која, според првичните наоди, причина најверојатно е срцев удар.

Од страна на Генералштабот по добивање на првичните информации со преземање на сите потребни процедури, трагичната вест е соопштена на неговите најблиски и во моментот во координација со сите надлежни институции се преземаат сите неопходни мерки за пренесување на посмртните останки на нашиот припадник во неговото место на живеење. По пристигањето на телото на нашиот починат мировник, погребот ќе биде со сите воени почести а во координација со неговата фамилија во време и место кое ќе биде одредено, се наведува во соопштението од ГШ на Армијата на Република Македонија.

The post Ненадејно почина 44-годишен професионален војник на АРМ appeared first on Република.

]]>

Во болница во Приштина вечерва околу 18:15 часот ненадејно почина професионалниот војник И.Ч (44), кој беше во состав на контингентот на Армијата на Република Македонија во мисијата КФОР, соопшти Генералштабот на Армијата. На професионалниот војник кој извршувал должности во водот за обезбедување во командата на КФОР-запад во Пеќ, во текот на попладневните часови му се слошило, по што веднаш откако бил забележан од присутните е пристапено кон пружање прва помош од страна на надлежната санитетска служба во состав на контингентот. Веднаш со воен хеликоптер во придружба на воен медицински персонал бил упатен во болница во Приштина како најблиска здравствена установа, каде што се пристапило кон реанимација, но по кратко време е констатирана смрт за која, според првичните наоди, причина најверојатно е срцев удар.
Од страна на Генералштабот по добивање на првичните информации со преземање на сите потребни процедури, трагичната вест е соопштена на неговите најблиски и во моментот во координација со сите надлежни институции се преземаат сите неопходни мерки за пренесување на посмртните останки на нашиот припадник во неговото место на живеење. По пристигањето на телото на нашиот починат мировник, погребот ќе биде со сите воени почести а во координација со неговата фамилија во време и место кое ќе биде одредено, се наведува во соопштението од ГШ на Армијата на Република Македонија.

The post Ненадејно почина 44-годишен професионален војник на АРМ appeared first on Република.

]]>