војна криза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vojna-kriza/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Sep 2022 21:54:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png војна криза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vojna-kriza/ 32 32 Блинкен и Столтенберг: Војната во Украина влегува во критична фаза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-i-stoltenberg-vojnata-vo-ukraina-vleguva-vo-kritichna-faza/ Fri, 09 Sep 2022 19:28:09 +0000 https://republika.mk/?p=549257

Украинските вооружени сили постигнаа значителен успех во контраофанзивата против руските сили во јужна и источна Украина, но како што изгледа засега борбите ќе траат со месеци.

Ова го изјавија денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Блинкен, кој по посетата на Киев е во посета на НАТО во Брисел, рече дека војната во Украина влегува во критичен период и го повика Западот да ја поддржи таа земја во наредните месеци и во текот на зимата.

„Првите знаци се позитивни и гледаме дека Украина прави вистински, видлив напредок. Но, за ова веројатно ќе биде потребно извесно време. Има огромен број руски војници во Украина, а за жал, трагично, страшно, претседателот Владимир Путин ќе додаде многу повеќе луѓе во ова, иако тоа ќе ја чини многу Русија“, рече Блинкен.

Столтенберг изјави дека „инвазијата што ја започна Путин во февруари влегува во критична фаза“.

„Украинските сили успеаја да ја запрат офанзивата на Москва во Донбас, да возвратат и да ја вратат територијата“, рече тој.

Сепак, тој предупреди дека сојузниците ќе бидат на тест наредните месеци поради енергетската криза и растот на цените.

The post Блинкен и Столтенберг: Војната во Украина влегува во критична фаза appeared first on Република.

]]>

Украинските вооружени сили постигнаа значителен успех во контраофанзивата против руските сили во јужна и источна Украина, но како што изгледа засега борбите ќе траат со месеци. Ова го изјавија денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Блинкен, кој по посетата на Киев е во посета на НАТО во Брисел, рече дека војната во Украина влегува во критичен период и го повика Западот да ја поддржи таа земја во наредните месеци и во текот на зимата. „Првите знаци се позитивни и гледаме дека Украина прави вистински, видлив напредок. Но, за ова веројатно ќе биде потребно извесно време. Има огромен број руски војници во Украина, а за жал, трагично, страшно, претседателот Владимир Путин ќе додаде многу повеќе луѓе во ова, иако тоа ќе ја чини многу Русија“, рече Блинкен. Столтенберг изјави дека „инвазијата што ја започна Путин во февруари влегува во критична фаза“. „Украинските сили успеаја да ја запрат офанзивата на Москва во Донбас, да возвратат и да ја вратат територијата“, рече тој. Сепак, тој предупреди дека сојузниците ќе бидат на тест наредните месеци поради енергетската криза и растот на цените.

The post Блинкен и Столтенберг: Војната во Украина влегува во критична фаза appeared first on Република.

]]>