Војќех Јагелски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vojkjeh-jagelski/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Nov 2022 14:58:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Војќех Јагелски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vojkjeh-jagelski/ 32 32 „Сите војни на Лара“ од Војќех Јагелски објавена на македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/site-vojni-na-lara-od-vojkjeh-jagelski-objavena-na-makedonski-jazik/ Thu, 03 Nov 2022 14:58:54 +0000 https://republika.mk/?p=569267

Издавачката куќа „Славика либрис“ од Скопје ја објави книгата- книжевна репортажа „Сите војни на Лара“ од полскиот автор Војќех Јагелски, а во превод на Лидија Танушевска.

Во долината на јужната страна од Кавказот жителите на грузиските села живеат спокоен живот, заедно се молат на различни богови, седат на иста маса и наздравуваат со вино, сè додека од чеченската страна не почнат да доаѓаат бегалци и вооружени бунтовници од земјата зафатена со војна. Лара е мајка на две машки деца и прави сè што е во нејзина моќ за нивното добро и нивната посветла иднина. Ги спасува од виорот на војната, која е секогаш на чекор од нив. Но дали е тоа доволно за нивната среќа?

Војќех Јагелски (1960) - политиколог специјализиран за Африка, автор на многу ценети репортажни книги и еден од најценетите полски странски известувачи, започнал во 1980-тите како дописник на полската прес-служба. Долги години соработувал со весникот „Gazeta Wyborcza“, моментално пишува за „Tygodnik Powszechny“, но и за BBC или „Le Monde“. Како новинар, тој патувал во Советскиот Сојуз, Грузија, Ерменија и Азербејџан и во разни африкански држави. Заедно со извонредниот фотограф Кшиштоф Милер, тие формирале новинарски тандем, патувајќи долги години во областите на вооружени конфликти. Добитник е на многу награди, вклучително и на наградата„ Tischner“, наградата „Rzeczpospolita“, на награди на ПЕН клубот и од Здружението на полски новинари и наградата за студентско новинарство „MediaTory“. Номиниран е за наградата „Ришард Капушќински“ и за наградите „NIKE“. Во 2014 година бил одликуван со крст на Витез од редот „Polonia Restituta“. Автор е на репортажни книги како што се: „Молитва за дожд“, „Камени кули“, „Ноќни шетачи“, „Горење на тревата“ и „Сите војни на Лара“.  одговориме.

 

The post „Сите војни на Лара“ од Војќех Јагелски објавена на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Славика либрис“ од Скопје ја објави книгата- книжевна репортажа „Сите војни на Лара“ од полскиот автор Војќех Јагелски, а во превод на Лидија Танушевска. Во долината на јужната страна од Кавказот жителите на грузиските села живеат спокоен живот, заедно се молат на различни богови, седат на иста маса и наздравуваат со вино, сè додека од чеченската страна не почнат да доаѓаат бегалци и вооружени бунтовници од земјата зафатена со војна. Лара е мајка на две машки деца и прави сè што е во нејзина моќ за нивното добро и нивната посветла иднина. Ги спасува од виорот на војната, која е секогаш на чекор од нив. Но дали е тоа доволно за нивната среќа? Војќех Јагелски (1960) - политиколог специјализиран за Африка, автор на многу ценети репортажни книги и еден од најценетите полски странски известувачи, започнал во 1980-тите како дописник на полската прес-служба. Долги години соработувал со весникот „Gazeta Wyborcza“, моментално пишува за „Tygodnik Powszechny“, но и за BBC или „Le Monde“. Како новинар, тој патувал во Советскиот Сојуз, Грузија, Ерменија и Азербејџан и во разни африкански држави. Заедно со извонредниот фотограф Кшиштоф Милер, тие формирале новинарски тандем, патувајќи долги години во областите на вооружени конфликти. Добитник е на многу награди, вклучително и на наградата„ Tischner“, наградата „Rzeczpospolita“, на награди на ПЕН клубот и од Здружението на полски новинари и наградата за студентско новинарство „MediaTory“. Номиниран е за наградата „Ришард Капушќински“ и за наградите „NIKE“. Во 2014 година бил одликуван со крст на Витез од редот „Polonia Restituta“. Автор е на репортажни книги како што се: „Молитва за дожд“, „Камени кули“, „Ноќни шетачи“, „Горење на тревата“ и „Сите војни на Лара“.  одговориме.  

The post „Сите војни на Лара“ од Војќех Јагелски објавена на македонски јазик appeared first on Република.

]]>