Војче Китаноски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vojche-kitanoski/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Oct 2023 19:23:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Војче Китаноски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vojche-kitanoski/ 32 32 Ин мемориам: Почина македонскиот хуморист и сатиричар Војче Китаноски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/in-memoriam-pochina-makedonskiot-humorist-i-satirichar-vojche-kitanoski/ Sun, 15 Oct 2023 19:22:46 +0000 https://republika.mk/?p=691491

Почина легендарниот македонски хуморист Војче Китаноски. Веста за неговата смрт на социјалните медиуми ја објавија неговите пријатели и познати личности. Хуморот беше и остана негов заштитен знак. Пет децении ја развеселуваше македонската публика со неговите шеги и незаборавни имитации и за себе вечеше дека е првиот стенд ап комичар во поранешна Југославија.

Војче е роден во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод. Завршил гимназија во Кичево. Дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје, а подоцна и на туризам по желба на неговите родители и имал лиценца за туристички водич.

Од 1985 до 1991 година соработувал со легендарниот српски пејач Тома Здравковиќ и гостувал на стотици негови концерти на просторите на некогашна Југославија. По игра на случајноста, во 1983 година во Штип, менаџерот на Мики Јевремовиќ го ангажирал да гостува на сите десетина концерти на познатиот пејач во Македонија, што за него била голема отскочна штица. Подоцна Мики го ангажирал да го придружува и на концерти низ поранешна Југославија и на некој од нив го забележал менаџерот на Тома Здравковиќ.

Тома Здравковиќ беше исклучителен човек, добар, неповторлив, единствен… Се разбира не беше совршен, како што не е никој од нас. Неговите песни за него беа смислата на животот и концертите на кои ги пееше. Беше магнет за жени, со шест промашени брака зад себе, но и магнет за пороци. Живееше брзо и бурно, па во една пригода неговиот колега Мирослав Илиќ го праша: „Томо, застани малку, што ќе правиш кога ќе остариш? “, а тој му одговори: „Тогаш мене нема да ме има“! И затоа мислам дека филмот е убав и буди многу чувства кај гледачите, бидејќи и животот на Тома Здравковиќ беше таков. – раскажуваше Војче.

На Китановски секогаш истакнуваше дека само хуморот е најдобра вакцина и спас од вирусот.

Хуморот го продолжува животот. Тоа е научно докажано. Јас се занимавам со хумор 50 години, а поради тоа ќе се занимавам уште 500 години. На народот во државата му значи хуморот. Тој е најдобриот лек. Го има и во законите, каде што е пропишана „дозата“ што секој граѓанин пред пандемијата требаше да ја прими преку спортот и забавата, а во второто влегува хуморот – вели Китановски.

Денот на независноста 8 Септември во 2017, тој ги пречекуваше граѓаните облечен како Тито.

 Македонци, дојде Тито да ви го честита празникот 8 Септември“, им велеше Китановски на граѓаните кои влегуваа во дворот на Владата и голем број од нив застануваа и се сликаа со него, а тој ги поздравуваше како маршалот. – велеше во негов стил.

Тој е автор на книгата со најубавите вицеви за деца „Антологија на 500 вицеви за деца“ и книгата „Енциклопедија за хумор“, во која, преку своите доживувања и анегдоти раскажува за својот живот.

The post Ин мемориам: Почина македонскиот хуморист и сатиричар Војче Китаноски appeared first on Република.

]]>

Почина легендарниот македонски хуморист Војче Китаноски. Веста за неговата смрт на социјалните медиуми ја објавија неговите пријатели и познати личности. Хуморот беше и остана негов заштитен знак. Пет децении ја развеселуваше македонската публика со неговите шеги и незаборавни имитации и за себе вечеше дека е првиот стенд ап комичар во поранешна Југославија. Војче е роден во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод. Завршил гимназија во Кичево. Дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје, а подоцна и на туризам по желба на неговите родители и имал лиценца за туристички водич. Од 1985 до 1991 година соработувал со легендарниот српски пејач Тома Здравковиќ и гостувал на стотици негови концерти на просторите на некогашна Југославија. По игра на случајноста, во 1983 година во Штип, менаџерот на Мики Јевремовиќ го ангажирал да гостува на сите десетина концерти на познатиот пејач во Македонија, што за него била голема отскочна штица. Подоцна Мики го ангажирал да го придружува и на концерти низ поранешна Југославија и на некој од нив го забележал менаџерот на Тома Здравковиќ.