Воисав Димитровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voisav-dimitrovski/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Sep 2022 10:47:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Воисав Димитровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voisav-dimitrovski/ 32 32 „Лајка“ останува без директор, оставка даде и Воислав Димитровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/lajka-ostanuva-bez-direktor-ostavka-dade-i-voislav-dimitrovski/ Fri, 16 Sep 2022 09:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=551322

Денеска оставка од функцијата в.д. директор на ЈП „Лајка“ поднесе и досегашиот директорот Воислав Димитровски. Тој во својата објуава на фејсбук објаснува дека поради недостиг на поддршка од страна на Град Скопје, претпријатието имало континуирано блокирани сметки и, каснење во исплатата на платите на вработените.

Димитровски вели дека го затекнал претпријатието во хаотична состојба без воспоставена структура, со недостаток на соодветен и нецелосно остручен кадар за работа на јавно претпријатие, со над 70 отсто заробен капацитет на прифатилиштето и со долг од над 10 милиони денари.

 Град Скопје со ребалансот на буџетот во 2022 година обезбеди 10 000 000 денари за ЈП Лајка за потешкотии во работењето, за кои веќе втор месец не се обезбедува мнозинство во Советот на Град Скопје да се доделат средствата на ЈП Лајка со цел да може да се врати во функција претпријатието и да врати веќе доспеани долгови. ЈП Лајка за остатокот од 2022 година има останати обезбедени средства од Град Скопје само 1 900 000 денари која е доволно да се исплатат само плата и комунални трошоци на претпријатието за само 1 месец, без финансии за храна лекови и потрошен материјал – вели досегашниот директор.

Во изминатиот период, како што објаснува, ЈП „Лајка“ поради тоа што немала финансиски средства за основно функционирање, правела акции за донации со цел да не се прекине воспоставеното темпо на работа за реализација на програмата и спроведување на хуман третман кај животните.

 Во ваква тешка финансиска состојба без реална подршка од страна на Град Скопје, како ВД директор на ЈП „Лајка“ заедно со тимот од ЈП „Лајка“ и со несебична подршка од страна на здруженијата и активистите успеавме да го зголемиме капацитетот на третирани кучиња со хуман третман за околу 40%, вдомувањата на кучиња се зголеми за 300%, според податок од МВР на ниво на Град Скопје има намалување на инциденти предизвикани од куче за 20% – вели меѓу другото во своето обраќање Димитровски.

The post „Лајка“ останува без директор, оставка даде и Воислав Димитровски appeared first on Република.

]]>

Денеска оставка од функцијата в.д. директор на ЈП „Лајка“ поднесе и досегашиот директорот Воислав Димитровски. Тој во својата објуава на фејсбук објаснува дека поради недостиг на поддршка од страна на Град Скопје, претпријатието имало континуирано блокирани сметки и, каснење во исплатата на платите на вработените. Димитровски вели дека го затекнал претпријатието во хаотична состојба без воспоставена структура, со недостаток на соодветен и нецелосно остручен кадар за работа на јавно претпријатие, со над 70 отсто заробен капацитет на прифатилиштето и со долг од над 10 милиони денари.