воени злосторства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voeni-zlostorstva/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Aug 2024 14:21:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воени злосторства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voeni-zlostorstva/ 32 32 Во Косово уапсени пет лица осомничени за тешки воени злосторства врз цивили Албанци во 1999 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-kosovo-uapseni-pet-litsa-osomnicheni-za-teshki-voeni-zlostorstva-vrz-tsivili-albantsi-vo-1999-godina/ Sat, 03 Aug 2024 14:21:53 +0000 https://republika.mk/?p=803067

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека, по неколкумесечна истрага, денеска се уапсени пет лица осомничени дека извршиле воени злосторства врз цивили Aлбанци во последната војна во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на Обвинителството, петте лица во април 1999 година во неколку села на општина Гњилане, во источно Косово, на границата со Србија, убиле, раниле, киднапирале, силувале, малтретирале, мачеле и живи палеле албански цивили.

Покрај свирепите убиства, петмината уапсени се осомничени и за низа други оштетувања на објекти, како и за протерување на населението.

- По налог на Специјалниот обвинител, приведени се лицата со иницијали: Д.Ч., Д.Н., Н.С., С.Ј., М.Ш., со основано сомнение дека истите, заедно со други неидентификувани членови соизвршители од групата, вооружени и облечени во маскирни униформи и нерегуларни униформи на српската полиција или војска, на 05.04.1999 година, во раните утрински часови, презеле акција во селата Инатоц (Кокај) , Љовце, Пограга и Угљар, каде што намерно убивале, ранувале, палеле живи албански цивилни жртви, земале заложници, силувале, тепале, малтретирале, вршеле физичка и психичка тортура, ограбувале, уништувале и палеле имоти на Албанците, го протерувале албанското цивилно население и ги сквернавеле културните и верските објекти, дејствија санкционирани според локалните закони, обичаите на војување и Женевските меѓународни конвенции и Дополнителните протоколи, информира косовското Специјално обвинителство.

The post Во Косово уапсени пет лица осомничени за тешки воени злосторства врз цивили Албанци во 1999 година appeared first on Република.

]]>

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека, по неколкумесечна истрага, денеска се уапсени пет лица осомничени дека извршиле воени злосторства врз цивили Aлбанци во последната војна во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на Обвинителството, петте лица во април 1999 година во неколку села на општина Гњилане, во источно Косово, на границата со Србија, убиле, раниле, киднапирале, силувале, малтретирале, мачеле и живи палеле албански цивили. Покрај свирепите убиства, петмината уапсени се осомничени и за низа други оштетувања на објекти, како и за протерување на населението.
- По налог на Специјалниот обвинител, приведени се лицата со иницијали: Д.Ч., Д.Н., Н.С., С.Ј., М.Ш., со основано сомнение дека истите, заедно со други неидентификувани членови соизвршители од групата, вооружени и облечени во маскирни униформи и нерегуларни униформи на српската полиција или војска, на 05.04.1999 година, во раните утрински часови, презеле акција во селата Инатоц (Кокај) , Љовце, Пограга и Угљар, каде што намерно убивале, ранувале, палеле живи албански цивилни жртви, земале заложници, силувале, тепале, малтретирале, вршеле физичка и психичка тортура, ограбувале, уништувале и палеле имоти на Албанците, го протерувале албанското цивилно население и ги сквернавеле културните и верските објекти, дејствија санкционирани според локалните закони, обичаите на војување и Женевските меѓународни конвенции и Дополнителните протоколи, информира косовското Специјално обвинителство.

The post Во Косово уапсени пет лица осомничени за тешки воени злосторства врз цивили Албанци во 1999 година appeared first on Република.

]]>
Дачиќ: На преминот Мердаре е уапсен Албанец осомничен за воени злосторства https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dachik-na-preminot-merdare-e-uapsen-albanets-osomnichen-za-voeni-zlostorstva/ Sun, 02 Jun 2024 10:28:35 +0000 https://republika.mk/?p=784052

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, вчера изјави дека на административниот премин Мердаре е уапсено лице осомничено за воени злосторства врз цивилното население на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

„Станува збор за Тефик Мустафа, кој како припадник на ОВК беше спомнат во изјавите на сведоците како учесник во киднапирањето на полицајците Горан Маринковиќ, Живојин Павиќ и Предраг Милошевиќ, што се случи на 19 јуни 1999 година на магистралниот пат Приштина-Гњилане, во близина на местото Лабљан, по што им се губи секаква трага“, се наведува во соопштението на српскиот министер за внатрешни работи.

Дачиќ додаде дека Мустафа ќе биде предаден на Обвинителството за воени злосторства.

The post Дачиќ: На преминот Мердаре е уапсен Албанец осомничен за воени злосторства appeared first on Република.

Тројцата Срби уапсени на Косово за наводни воени злосторства добија еден месец притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/trojtsata-srbi-uapseni-na-kosovo-za-navodni-voeni-zlostorstva-dobija-eden-mesets-pritvor/ Thu, 21 Sep 2023 18:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=683919

Основниот суд во Приштина им изрече мерка притвор во траење од по 30 дена на тројцата Срби уапсени за „воени злосторства врз цивилното население“ во војната во Косово во 1998-99 година, потврди тимот на одбраната на осомничените.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, еден од адвокатите на обвинетите во четвртокот пред медиумите изјави дека неговиот клиент е обвинет за кривични дела, но не е јасно за што се работи.

Тие се товарат за кривично дело воено злосторство. Но, да ви кажам право, од оправданоста на барањето за определување притвор не можеше да се види кој за што конкретно се товари, што се случило и кога, како и зошто овие луѓе го имаат ова обвинение. И претходно кажав, вакво збунувачки, нејасно, непрофесионално и лошо барање притвор не сум видел во моето 28-годишно адвокатско работење, рече адвокатот Љубомир Пантовиќ.

Според адвокатот, барањето за притвор е „тотално незаконско, нејасно и непрофесионално“, додека еден од уапсените има здравствени проблеми.

За жал, судијата прифати конфузно, лошо, празно и непрофесионално изготвено барање за притвор, кое е изготвено незаконски, без факти, без докази и во оваа прилика сакам да кажам дека, за жал, Специјалното одделение на Основниот суд во Приштина, кое е надлежно за процесуирање на воени злосторства, нема доволно моќ, ниту волја и желба да ги спроведе овие дејствија во согласност со Законот, изјави Пантовиќ.

Според него, Судот не го зел предвид ниту мислењето на лекарот на еден од осомничените дека „притворот драстично ќе му ја влоши состојбата“.

Значи, медицината кажа дека не е за притвор, но, за жал, судијата одлучи како што одлучи, додаде адвокатот.

Лицата И.Е, Д.М. и З.К. беа уапсени од косовската полиција во средата во северно Косово.

Портпаролот на Европската Унија, Петер Стано, денеска изјави дека е во контакт со косовските власти за да има повеќе информации за нивното апсење.

The post Тројцата Срби уапсени на Косово за наводни воени злосторства добија еден месец притвор appeared first on Република.

]]>

Основниот суд во Приштина им изрече мерка притвор во траење од по 30 дена на тројцата Срби уапсени за „воени злосторства врз цивилното население“ во војната во Косово во 1998-99 година, потврди тимот на одбраната на осомничените. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, еден од адвокатите на обвинетите во четвртокот пред медиумите изјави дека неговиот клиент е обвинет за кривични дела, но не е јасно за што се работи.
Тие се товарат за кривично дело воено злосторство. Но, да ви кажам право, од оправданоста на барањето за определување притвор не можеше да се види кој за што конкретно се товари, што се случило и кога, како и зошто овие луѓе го имаат ова обвинение. И претходно кажав, вакво збунувачки, нејасно, непрофесионално и лошо барање притвор не сум видел во моето 28-годишно адвокатско работење, рече адвокатот Љубомир Пантовиќ.
Според адвокатот, барањето за притвор е „тотално незаконско, нејасно и непрофесионално“, додека еден од уапсените има здравствени проблеми.
За жал, судијата прифати конфузно, лошо, празно и непрофесионално изготвено барање за притвор, кое е изготвено незаконски, без факти, без докази и во оваа прилика сакам да кажам дека, за жал, Специјалното одделение на Основниот суд во Приштина, кое е надлежно за процесуирање на воени злосторства, нема доволно моќ, ниту волја и желба да ги спроведе овие дејствија во согласност со Законот, изјави Пантовиќ.
Според него, Судот не го зел предвид ниту мислењето на лекарот на еден од осомничените дека „притворот драстично ќе му ја влоши состојбата“.
Значи, медицината кажа дека не е за притвор, но, за жал, судијата одлучи како што одлучи, додаде адвокатот.
Лицата И.Е, Д.М. и З.К. беа уапсени од косовската полиција во средата во северно Косово. Портпаролот на Европската Унија, Петер Стано, денеска изјави дека е во контакт со косовските власти за да има повеќе информации за нивното апсење.

The post Тројцата Срби уапсени на Косово за наводни воени злосторства добија еден месец притвор appeared first on Република.

]]>
На Косово упасени тројца Срби осомничени за воени злосторства во војната 1998-99 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-kosovo-upaseni-trojtsa-srbi-osomnicheni-za-voeni-zlostorstva-vo-vojnata-1998-99-godina/ Wed, 20 Sep 2023 17:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=683554

Косовската полиција уапсила три лица од српска националност, кои се осомничени за воени злосторства против цивилното население за време на војната во Косово во 1998-99 година.

Во соопштението на Специјалното обвинителство на Косово се наведува дека на тројцата уапсени им е одреден притвор од 48 часа.

Тројцата уапсени се обвинети за кривичното дело „Воени злосторства против цивилното население“, дејствија кои се санкционирани според членовите 142 и 22 од Кривичниот законик на РСФЈ, актуелно казниво според Кривичниот законик на Косово, според локалните закони, воените обичаи и Женевските меѓународни конвенции и дополнителните протоколи, се наведува во соопштението.

Официјален Белград реагира преку Канцеларијата за Косово, која функционира во рамките на Владата на Србија, а која соопшти дека уапсениот во Звечан, Д.М., е поранешен полицаец, додека за уапсениот И.Е. се наведува дека е во тешка здравствена состојба.

Тие се испратени во непознат правец јужно од (реката) Ибар. Канцеларијата за Косово веднаш обезбеди адвокати за уапсените Срби, кои се обидуваат да откријат каде се испратени, бидејќи нивните семејства немаат детални информации за нивните најблиски“, се вели во соопштението од Белград.

The post На Косово упасени тројца Срби осомничени за воени злосторства во војната 1998-99 година appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција уапсила три лица од српска националност, кои се осомничени за воени злосторства против цивилното население за време на војната во Косово во 1998-99 година. Во соопштението на Специјалното обвинителство на Косово се наведува дека на тројцата уапсени им е одреден притвор од 48 часа.
Тројцата уапсени се обвинети за кривичното дело „Воени злосторства против цивилното население“, дејствија кои се санкционирани според членовите 142 и 22 од Кривичниот законик на РСФЈ, актуелно казниво според Кривичниот законик на Косово, според локалните закони, воените обичаи и Женевските меѓународни конвенции и дополнителните протоколи, се наведува во соопштението.
Официјален Белград реагира преку Канцеларијата за Косово, која функционира во рамките на Владата на Србија, а која соопшти дека уапсениот во Звечан, Д.М., е поранешен полицаец, додека за уапсениот И.Е. се наведува дека е во тешка здравствена состојба.
Тие се испратени во непознат правец јужно од (реката) Ибар. Канцеларијата за Косово веднаш обезбеди адвокати за уапсените Срби, кои се обидуваат да откријат каде се испратени, бидејќи нивните семејства немаат детални информации за нивните најблиски“, се вели во соопштението од Белград.

The post На Косово упасени тројца Срби осомничени за воени злосторства во војната 1998-99 година appeared first on Република.

]]>
Тешко ранет германски платеник: Украинските сили стрелаа заробени руски војници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/teshko-ranet-germanski-platenik-ukrainskite-sili-strelaa-zarobeni-ruski-vojnitsi/ Fri, 05 May 2023 15:28:17 +0000 https://republika.mk/?p=636873

Тешко ранет платеник од Германија, вратен од Украина, раскажува дека украинските вооружени сили пукале во немоќни руски воени заробеници.

Јонас Кразенберг напиша книга за неговото учество во војната во Украина, во којашто зборува за заробувањето на тројца руски борци и еден цивил, кои подоцна беа застрелани од украинската армија.

„Тоа беше срање“. Од чисто човечка гледна точка, тоа е валкано“, Кразенберг го искажува своето мислење за воените злосторства на украинските сили во интервју за порталот „Т-Онлајн“.

Германецот вели и дека раководните луѓе во „Меѓународната легија“ се однесувале лошо со борците, плаќала малку или воопшто не плаќала пари. Тој зборува и за корупција во редовите на вооружените сили на Украина и вели дека требало порано да ја напушти легијата.

Украинците ги користат странците како топовско месо“, вели Кразенберг.

Платеникот ја напуштил Украина откако бил тешко повреден за време на напад со руски дрон. тој се уште ги чувствува последиците од нападот, со оглед на тѕоа што докторите сè уште не успеале да ги извадат сите шрапнели од неговото тело, вклучително и во главата, рацете и нозете.

The post Тешко ранет германски платеник: Украинските сили стрелаа заробени руски војници appeared first on Република.

]]>

Тешко ранет платеник од Германија, вратен од Украина, раскажува дека украинските вооружени сили пукале во немоќни руски воени заробеници. Јонас Кразенберг напиша книга за неговото учество во војната во Украина, во којашто зборува за заробувањето на тројца руски борци и еден цивил, кои подоцна беа застрелани од украинската армија.
„Тоа беше срање“. Од чисто човечка гледна точка, тоа е валкано“, Кразенберг го искажува своето мислење за воените злосторства на украинските сили во интервју за порталот „Т-Онлајн“.
Германецот вели и дека раководните луѓе во „Меѓународната легија“ се однесувале лошо со борците, плаќала малку или воопшто не плаќала пари. Тој зборува и за корупција во редовите на вооружените сили на Украина и вели дека требало порано да ја напушти легијата.
Украинците ги користат странците како топовско месо“, вели Кразенберг.
Платеникот ја напуштил Украина откако бил тешко повреден за време на напад со руски дрон. тој се уште ги чувствува последиците од нападот, со оглед на тѕоа што докторите сè уште не успеале да ги извадат сите шрапнели од неговото тело, вклучително и во главата, рацете и нозете.

The post Тешко ранет германски платеник: Украинските сили стрелаа заробени руски војници appeared first on Република.

]]>
Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи се изјасни за невин за сите точки од обвинението https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poraneshniot-pretsedatel-na-kosovo-hashim-tachi-se-izjasni-za-nevin-za-site-tochki-od-obvinenieto/ Tue, 04 Apr 2023 06:44:55 +0000 https://republika.mk/?p=626925

Поранешниот лидер на ОВК и поранешен претседател Косово, Хашим Тачи се изјасни за невин за сите точки од обвинението, на почетокот на судењето пред Специјалниот суд за воени злосторства на Косово со седиште во Хаг.

Со воведното излагање на обвинителството почна судењето на поранешните водачи на таканаречената ОВК , Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими. Обинетите  се за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура сторени за време на воениот конфликт на Косово во 1998 и 1999 година.

Го разбирам обвинението и не сум виновен“, им рече Тачи на судиите во воведната фаза на рочиштето.

Вина не чувствуваат ниту  Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими. Судењето на поранешните лидери на ОВК наиде на бројни критики во Косово со образложение дека процесот е „едностран“, бидејќи не се суди за злосторства извршени од Срби на територијата на Косово.

https://republika.mk/vesti/balkan/zatvorenitsite-sami-si-gi-kopale-grobovite-mislele-deka-smrtta-e-spas-a-tachi-veseli-krasniki-i-selimi-znaele-za-torturata/

The post Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи се изјасни за невин за сите точки од обвинението appeared first on Република.

]]>

Поранешниот лидер на ОВК и поранешен претседател Косово, Хашим Тачи се изјасни за невин за сите точки од обвинението, на почетокот на судењето пред Специјалниот суд за воени злосторства на Косово со седиште во Хаг. Со воведното излагање на обвинителството почна судењето на поранешните водачи на таканаречената ОВК , Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими. Обинетите  се за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура сторени за време на воениот конфликт на Косово во 1998 и 1999 година.
Го разбирам обвинението и не сум виновен“, им рече Тачи на судиите во воведната фаза на рочиштето.
Вина не чувствуваат ниту  Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими. Судењето на поранешните лидери на ОВК наиде на бројни критики во Косово со образложение дека процесот е „едностран“, бидејќи не се суди за злосторства извршени од Срби на територијата на Косово. https://republika.mk/vesti/balkan/zatvorenitsite-sami-si-gi-kopale-grobovite-mislele-deka-smrtta-e-spas-a-tachi-veseli-krasniki-i-selimi-znaele-za-torturata/

The post Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи се изјасни за невин за сите точки од обвинението appeared first on Република.

]]>
Кан: Повод за налогот за апсење на Путин од МКС е мрачен, не е време за триумфализам https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kan-povod-za-nalogot-za-apsene-na-putin-od-mks-e-mrachen-ne-e-vreme-za-triumfalizam/ Mon, 20 Mar 2023 16:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=621688

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Карим Кан изјави дека Судот мораше да преземе акција против рускиот претседател Владимир Путин за наводните воени злосторства и дека станува збор за еден „мрачен“ повод, а не за момент за тапкање по рамо.

МКС во петокот попладнето издаде налог за апсење на рускиот претседател поради сомневање дека е одговорен за нелегалната депортација на деца и илегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.

Москва ги отфрла обвинувањата и смета дека налогот за апсење на МКС е неприфатлив, но и бесмислен, потсетувајќи дека Русија не е членка на Римскиот статут, како и многу други држави и не ја признава јурисдикцијата на МКС.

Римскиот статут, со кој во 2002 година беше основан МКС, досега е ратификуван од 123 држави. Меѓутоа, меѓу нив не се САД, Кина, Израел, Пакистан, Саудиска Арабија, Турција и Иран, ниту пак Индија, која е домаќин на состанокот на Г-20 во септември, на кој се очекува да присуствува и рускиот претседател.

Ова не е момент за триумфализам и тапкање по рамо. Навистина станува збор за многу тажен и мрачен повод што судиите на МКС, или на кој било друг суд, почувствуваа дека е неопходно, за првпат било кога, да издаваат налози за апсење на лидер и висок функционер на постојана членка на Советот за безбедност на ОН, додаде Кан.

МКС, во петокот, под истите обвинувања, исто така, издаде налог за апсење на Марија Алексеевна Лвова-Белова, руска комесарка за правата на децата.

Русија никогаш не криеше дека однела илјадници украински деца во Русија како дел од хуманитарната акција за заштита на сирачињата и напуштените деца во зоната на конфликтот.

Украина тврди дека илјадници депортирани украински деца се посвоени од руски семејства, сместени во кампови и сиропиталишта, добиваат руски пасоши и се воспитувани да го одбијат украинското државјанство.

Велам, вратете ги децата, повторно обединете ги децата. Доколку има вистина во тврдењата дека тоа е во корист на децата, вратете ги во нивната земја на потекло, наместо да им дадете странски пасош, рече Кан. .

Главниот украински обвинител Андриј Костин изјави дека неговата канцеларија почнала истраги за повеќе од 72.000 инциденти поврзани со наводни воени злосторства и дека наскоро ќе потпише договор за основање канцеларија на МКС во Украина.

The post Кан: Повод за налогот за апсење на Путин од МКС е мрачен, не е време за триумфализам appeared first on Република.

Захаровa: Кој ќе ни суди? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-koj-ke-ni-sudi/ Sun, 05 Feb 2023 20:47:16 +0000 https://republika.mk/?p=605126

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова прашува кој ќе им суди.

Во Европа има повици да им се суди на одговорните за воените злосторства извршени во Украина. Веќе се собрани докази.

„Повиците на Европската унија за мирно решавање на конфликтот се уште една форма на лицемерие“, изјави Захарова.

Според неа, во овие услови апсурдно и неморално е да се зборува за трибунали во Русија ќе одговара. Захарова истакна дека Москва ќе ги постигне сите цели на воената операција и дека залудни се сите обиди на Западот, кој политички, финансиски и воено целосно се вклучи во украинскиот конфликт.

Германија собрала докази за воени злосторства во Украина. Ова за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ го соопшти главниот обвинител на Сојузниот врховен суд, Петер Франк. Tие се фокусирани на Буча и нападите на цивилната инфраструктура.

The post Захаровa: Кој ќе ни суди? appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова прашува кој ќе им суди. Во Европа има повици да им се суди на одговорните за воените злосторства извршени во Украина. Веќе се собрани докази. „Повиците на Европската унија за мирно решавање на конфликтот се уште една форма на лицемерие“, изјави Захарова. Според неа, во овие услови апсурдно и неморално е да се зборува за трибунали во Русија ќе одговара. Захарова истакна дека Москва ќе ги постигне сите цели на воената операција и дека залудни се сите обиди на Западот, кој политички, финансиски и воено целосно се вклучи во украинскиот конфликт. Германија собрала докази за воени злосторства во Украина. Ова за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ го соопшти главниот обвинител на Сојузниот врховен суд, Петер Франк. Tие се фокусирани на Буча и нападите на цивилната инфраструктура.

The post Захаровa: Кој ќе ни суди? appeared first on Република.

]]>
Ги силуваат и понижуваат пред очите на семејството: Украина обвинува за ѕверства на руските војници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gi-siluvaat-i-ponizuvaat-pred-ochite-na-semejstvoto-ukraina-obvinuva-za-dzverstva-na-ruskite-vojnici/ Mon, 05 Dec 2022 07:34:16 +0000 https://republika.mk/?p=581837

Украинскиот јавен обвинител Андриј Костин го осуди „драстичното зголемување“ на сексуалното насилство извршено од руски војници како дел од тековната инвазија на Украина.

– Сите полови и возрасни групи се погодени, изјави Костин за весниците на германската Funke Media Group и францускиот весник Ouest-France во забелешките во кои имаше увид ДПА пред денеска да бидат објавени.

Костин ги обвини руските војници дека намерно користеле сексуално насилство како воено оружје „за да ги понижат Украинците“.

Во многу случаи, луѓето се силувани, мачени и потоа убиени од руски војници. Често силувањето се случува пред очите на роднините и децата, рече Костин.

Руските команданти често наредувале или барем поддржувале силување, тврди Костин. Неговите изјави не можат да бидат проверени од независен извор, забележува ДПА.

Венцел Михалски, директор на германскиот огранок на Хјуман рајтс воч, исто така гледа систематски пристап кон насилството кога станува збор за руската инвазија на Украина која започна на крајот на февруари.

Злосторствата врз цивилите се дел од воената тактика на руските војници во Украина“, изјави Михалски за весниците на Функе Медиа Груп.

Насилните дела извршени од војниците, вклучително и силувањето, не се казнети од руските политички лидери и војската. Напротив, силите кои дејствуваат со особена бруталност сè уште се почитуваат, рече тој.

Според украинскиот јавен обвинител, речиси 8.500 цивили се убиени во Украина од почетокот на војната пред околу девет месеци, вклучувајќи 440 деца. Повеќе од 11.000 цивили се повредени.

The post Ги силуваат и понижуваат пред очите на семејството: Украина обвинува за ѕверства на руските војници appeared first on Република.

]]>

Украинскиот јавен обвинител Андриј Костин го осуди „драстичното зголемување“ на сексуалното насилство извршено од руски војници како дел од тековната инвазија на Украина. – Сите полови и возрасни групи се погодени, изјави Костин за весниците на германската Funke Media Group и францускиот весник Ouest-France во забелешките во кои имаше увид ДПА пред денеска да бидат објавени. Костин ги обвини руските војници дека намерно користеле сексуално насилство како воено оружје „за да ги понижат Украинците“.
Во многу случаи, луѓето се силувани, мачени и потоа убиени од руски војници. Често силувањето се случува пред очите на роднините и децата, рече Костин.
Руските команданти често наредувале или барем поддржувале силување, тврди Костин. Неговите изјави не можат да бидат проверени од независен извор, забележува ДПА. Венцел Михалски, директор на германскиот огранок на Хјуман рајтс воч, исто така гледа систематски пристап кон насилството кога станува збор за руската инвазија на Украина која започна на крајот на февруари.
Злосторствата врз цивилите се дел од воената тактика на руските војници во Украина“, изјави Михалски за весниците на Функе Медиа Груп.
Насилните дела извршени од војниците, вклучително и силувањето, не се казнети од руските политички лидери и војската. Напротив, силите кои дејствуваат со особена бруталност сè уште се почитуваат, рече тој. Според украинскиот јавен обвинител, речиси 8.500 цивили се убиени во Украина од почетокот на војната пред околу девет месеци, вклучувајќи 440 деца. Повеќе од 11.000 цивили се повредени.

The post Ги силуваат и понижуваат пред очите на семејството: Украина обвинува за ѕверства на руските војници appeared first on Република.

]]>
На „Богородица“ уапсен Србин осомничен за воени злосторства, си одел на одмор во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-bogorodica-uapsen-srbin-osomnichen-za-voeni-zlostorstva-si-odel-na-odmor-vo-grcija/ Mon, 27 Jun 2022 20:38:36 +0000 https://republika.mk/?p=520485

Грчката полиција соопшти дека уапсила српски државјанин, кого Хрватска го бара за наводни воени злосторства на нејзина територија во 1991 година, јави „Радио Слободна Европа“.

Полицијата соопштила дека 59-годишниот српски државјанин, чиешто име не се открива, бил уапсен откако влегол во Грција од Македонија, на пат кон летувалиште во cеверна Грција со сопругата и ќерката.

Уапсениот во Хрватска е обвинет за „учество во акции што довеле до смрт на цивили“ од 19 август до 14 декември 1991 година во хрватските села Воќин и Хум, во централна Славонија, каде што биле убиени десетици луѓе.

Тој изјавил дека бил припадник на југословенската војска, но негирал дека е виновен.

Српскиот државјанин ќе биде изведен пред јавниот обвинител во Солун, а тричлениот судски совет најверојатно следната недела ќе го разгледа барањето за екстрадиција во Хрватска.

The post На „Богородица“ уапсен Србин осомничен за воени злосторства, си одел на одмор во Грција appeared first on Република.

]]>

Грчката полиција соопшти дека уапсила српски државјанин, кого Хрватска го бара за наводни воени злосторства на нејзина територија во 1991 година, јави „Радио Слободна Европа“. Полицијата соопштила дека 59-годишниот српски државјанин, чиешто име не се открива, бил уапсен откако влегол во Грција од Македонија, на пат кон летувалиште во cеверна Грција со сопругата и ќерката. Уапсениот во Хрватска е обвинет за „учество во акции што довеле до смрт на цивили“ од 19 август до 14 декември 1991 година во хрватските села Воќин и Хум, во централна Славонија, каде што биле убиени десетици луѓе. Тој изјавил дека бил припадник на југословенската војска, но негирал дека е виновен. Српскиот државјанин ќе биде изведен пред јавниот обвинител во Солун, а тричлениот судски совет најверојатно следната недела ќе го разгледа барањето за екстрадиција во Хрватска.

The post На „Богородица“ уапсен Србин осомничен за воени злосторства, си одел на одмор во Грција appeared first on Република.

]]>
Украина отворила 16 кривични истраги поврзани со сексуално насилство на руски војници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-otvorila-16-krivichni-istragi-povrzani-so-seksualno-nasilstvo-na-ruski-vojnici/ Fri, 03 Jun 2022 21:16:00 +0000 https://republika.mk/?p=510869

Украинската полиција примила околу 50 тужби и отворила 16 кривични истраги за наводи за сексуално насилство од страна на руски војници врз цивили, соопшти  заменик-министерката за внатрешни работи на Украина, Катерина Павличенко.

Украина, нејзините меѓународни сојузници и Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации истражуваат потенцијални воени злосторства, вклучително и сексуално насилство во Украина откако Русија ја почна воената операција во земјата во февруари.

Официјална Москва негира дека извршила воени злосторства и дека цели на руските сили биле цивили.

The post Украина отворила 16 кривични истраги поврзани со сексуално насилство на руски војници appeared first on Република.

]]>

Украинската полиција примила околу 50 тужби и отворила 16 кривични истраги за наводи за сексуално насилство од страна на руски војници врз цивили, соопшти  заменик-министерката за внатрешни работи на Украина, Катерина Павличенко. Украина, нејзините меѓународни сојузници и Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации истражуваат потенцијални воени злосторства, вклучително и сексуално насилство во Украина откако Русија ја почна воената операција во земјата во февруари. Официјална Москва негира дека извршила воени злосторства и дека цели на руските сили биле цивили.

The post Украина отворила 16 кривични истраги поврзани со сексуално насилство на руски војници appeared first on Република.

]]>
Косовците уапсија Србин за воени злосторства https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovcite-uapsija-srbin-za-voeni-zlostorstva/ Fri, 03 Jun 2022 11:00:39 +0000 https://republika.mk/?p=510607

Полицијата на Косово соопшти дека уапсила лице од српска националност, осомничено за воени злосторства врз цивилното население извршени во војната во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во 24-часовниот извештај на полицијата се вели дека осомничениот, со иницијали Ч. Ј., е уапсен вчера во селото Ѓураковац во општина Исток.

– По извршени истражни дејствија од страна на Единицата за истражување на воените злосторства, идентификувано е и уапсено машко лице од српска националност поради воени злосторства извршени врз цивилното население на Косово во периодот од 1998 до 1999 година. Со одлука на обвинител му е одреден притвор, се вели во соопштението на полицијата.

Главниот обвинител на Специјалното обвинителство на Косово, Блерим Исуфај изјави за „Коха.нет“ дека се работи за лице од Исток, родено 1968 година.

Според Исуфај, лицето се сомничи за извршени злосторства во околината на градот Пеќ

The post Косовците уапсија Србин за воени злосторства appeared first on Република.

]]>

Полицијата на Косово соопшти дека уапсила лице од српска националност, осомничено за воени злосторства врз цивилното население извршени во војната во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Во 24-часовниот извештај на полицијата се вели дека осомничениот, со иницијали Ч. Ј., е уапсен вчера во селото Ѓураковац во општина Исток. – По извршени истражни дејствија од страна на Единицата за истражување на воените злосторства, идентификувано е и уапсено машко лице од српска националност поради воени злосторства извршени врз цивилното население на Косово во периодот од 1998 до 1999 година. Со одлука на обвинител му е одреден притвор, се вели во соопштението на полицијата. Главниот обвинител на Специјалното обвинителство на Косово, Блерим Исуфај изјави за „Коха.нет“ дека се работи за лице од Исток, родено 1968 година. Според Исуфај, лицето се сомничи за извршени злосторства во околината на градот Пеќ

The post Косовците уапсија Србин за воени злосторства appeared first on Република.

]]>
Двајца руски војници осудени на 11,5 години затвор во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dvajca-ruski-vojnici-osudeni-na-11-5-godini-zatvor-vo-ukraina/ Tue, 31 May 2022 12:12:13 +0000 https://republika.mk/?p=509277

Украински суд осуди двајца руски војници на 11,5 години затвор поради гранатирање град во источниот дел на Украина.

Тоа е втора пресуда за воени злосторства од почетокот на руската инвазија во февруари.

Александар Бобикин и Александар Иванов минатата недела се изјаснија за виновни.

Вината на Бобикин и Иванов целосно е докажана, изјави судијата Евген Болибок.

Според обвинителите, гранатирањето уништило образовна установа во градот Дергачи, но, немало човечки жртви.

Двајцата војници, опишани како возач и стрелец, се заробени откако ја преминале границата и продолжиле со гранатирање. Обвинителите бараа затворска казна од 12 години, а одбраната наведе оти двајцата извршеле наредби и се покајале.

Со првата пресуда за воено злосторство во Украина, 21-годишен руски војник доби казна доживотен затвор поради убивање невооружен цивил

The post Двајца руски војници осудени на 11,5 години затвор во Украина appeared first on Република.

]]>

Украински суд осуди двајца руски војници на 11,5 години затвор поради гранатирање град во источниот дел на Украина. Тоа е втора пресуда за воени злосторства од почетокот на руската инвазија во февруари. Александар Бобикин и Александар Иванов минатата недела се изјаснија за виновни.
Вината на Бобикин и Иванов целосно е докажана, изјави судијата Евген Болибок.
Според обвинителите, гранатирањето уништило образовна установа во градот Дергачи, но, немало човечки жртви. Двајцата војници, опишани како возач и стрелец, се заробени откако ја преминале границата и продолжиле со гранатирање. Обвинителите бараа затворска казна од 12 години, а одбраната наведе оти двајцата извршеле наредби и се покајале. Со првата пресуда за воено злосторство во Украина, 21-годишен руски војник доби казна доживотен затвор поради убивање невооружен цивил

The post Двајца руски војници осудени на 11,5 години затвор во Украина appeared first on Република.

]]>
Бомбардирале деца и старци: Покренато обвинение за четворица хрватски офицери https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bombardirale-deca-i-starci-pokrenato-obvinenie-za-chetvorica-hrvatski-oficeri/ Thu, 26 May 2022 08:03:19 +0000 https://republika.mk/?p=507100

Српското обвинителство за воени злосторства покрена обвинение за воени злосторства четворица високи офицери на хрватската армија, затоа што во операцијата „Бура“ на 7 и 8 август 1995 година, наредиле авионско ракетирање колона бегалци, главно деца и постари лица, на Петровачка цеста кај Босански Петровац и во населеното местото Сводна кај Нови Град.

За злосторството во кое биле убиени најмалку 13 српски цивили, меѓу кои имало и шест деца, додека бегале од просторот зафатен со воени дејствија, обвинети се сега пензионираните офицери на хрватското воздухопловство Владимир Микац (67), Зденко Радуљ (69), Жељко Јелениќ (69) и Данијел Боровиќ (64).

Саво Штрбац од Центарот за документација и информации Веритас за „Ало.рс“ објаснува дека сите обвинети биле пилоти на ЈНА и дека има многу докази дека знаеле да таргетираат цивили.

Данијел Боровиќ е првиот Хрват кој со „Миг-21“ пребега во Хрватска, останатите заминаа без авион. Има многу докази дека знаеле кого гранатираат. Прво, беа употребувани ракети С-24 кои се наменети да уништат жива сила, луѓе, а не тенкови, не да пробиваат оклоп. Тие гранати немаше да му направат ништо на тенкот, ако имаа таква намера, како што велат, да гаѓаат тенкови и оклопи. За оклоп се користат оклопни гранати. Ова без сомнение покажува дека гранатирале од чиста одмазда, без никаква воена потреба.

Второ, тоа се случило далеку од хрватските граници, кога луѓето бегале во Бања Лука и Србија. Трето, пилотите летале на височина од 50 метри, со брзина од 900 километри. При вакви прелети јасно се гледа се, дека долу има трактори и цивили, а не тенкови и војска. И на снимките се гледа дека никаде нема тенк или оклопно возило - вели Штрбац

The post Бомбардирале деца и старци: Покренато обвинение за четворица хрватски офицери appeared first on Република.

]]>

Српското обвинителство за воени злосторства покрена обвинение за воени злосторства четворица високи офицери на хрватската армија, затоа што во операцијата „Бура“ на 7 и 8 август 1995 година, наредиле авионско ракетирање колона бегалци, главно деца и постари лица, на Петровачка цеста кај Босански Петровац и во населеното местото Сводна кај Нови Град. За злосторството во кое биле убиени најмалку 13 српски цивили, меѓу кои имало и шест деца, додека бегале од просторот зафатен со воени дејствија, обвинети се сега пензионираните офицери на хрватското воздухопловство Владимир Микац (67), Зденко Радуљ (69), Жељко Јелениќ (69) и Данијел Боровиќ (64). Саво Штрбац од Центарот за документација и информации Веритас за „Ало.рс“ објаснува дека сите обвинети биле пилоти на ЈНА и дека има многу докази дека знаеле да таргетираат цивили.
Данијел Боровиќ е првиот Хрват кој со „Миг-21“ пребега во Хрватска, останатите заминаа без авион. Има многу докази дека знаеле кого гранатираат. Прво, беа употребувани ракети С-24 кои се наменети да уништат жива сила, луѓе, а не тенкови, не да пробиваат оклоп. Тие гранати немаше да му направат ништо на тенкот, ако имаа таква намера, како што велат, да гаѓаат тенкови и оклопи. За оклоп се користат оклопни гранати. Ова без сомнение покажува дека гранатирале од чиста одмазда, без никаква воена потреба.   Второ, тоа се случило далеку од хрватските граници, кога луѓето бегале во Бања Лука и Србија. Трето, пилотите летале на височина од 50 метри, со брзина од 900 километри. При вакви прелети јасно се гледа се, дека долу има трактори и цивили, а не тенкови и војска. И на снимките се гледа дека никаде нема тенк или оклопно возило - вели Штрбац

The post Бомбардирале деца и старци: Покренато обвинение за четворица хрватски офицери appeared first on Република.

]]>
САД, ЕУ и Велика Британија ќе помагаат во истрагите за воени злосторства во Украина  https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-eu-i-velika-britanija-kje-pomagaat-vo-istragite-za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina/ Thu, 26 May 2022 06:03:09 +0000 https://republika.mk/?p=506965

САД, ЕУ и Велика Британија денеска објавија формирање на Советодавна група за свирепи злосторства (АЦА), механизам чија цел е да се овозможи ефикасна координација на нивната поддршка за барање одговорност за злосторствата од руската инвазија на Украина. 

Групата е ангажирана пред сѐ за засилување на тековните напори на ЕУ, САД и Велика Британија за барање одговорност за свирепи злосторства во тековната војна на агресија на Русија против Украина, соопштија од Стејт департентот. 

-Советодавната група ги унапредува заложбите на ЕУ, САД и Велика Британија да се прикаже меѓународна поддршка и солидарноста во овој клучен историски мимент, соопшти државниот секретар Ентони Блинкен. 

Според него, сеопфатната мисија на АЦА е да го поддржи Одделот за воени злосторства при Канцеларијата на генералниот обвинител на Украина, во нивните истраги и прогон на злостор направен во конфликтот. 

The post САД, ЕУ и Велика Британија ќе помагаат во истрагите за воени злосторства во Украина  appeared first on Република.

]]>

САД, ЕУ и Велика Британија денеска објавија формирање на Советодавна група за свирепи злосторства (АЦА), механизам чија цел е да се овозможи ефикасна координација на нивната поддршка за барање одговорност за злосторствата од руската инвазија на Украина.  Групата е ангажирана пред сѐ за засилување на тековните напори на ЕУ, САД и Велика Британија за барање одговорност за свирепи злосторства во тековната војна на агресија на Русија против Украина, соопштија од Стејт департентот.  -Советодавната група ги унапредува заложбите на ЕУ, САД и Велика Британија да се прикаже меѓународна поддршка и солидарноста во овој клучен историски мимент, соопшти државниот секретар Ентони Блинкен.  Според него, сеопфатната мисија на АЦА е да го поддржи Одделот за воени злосторства при Канцеларијата на генералниот обвинител на Украина, во нивните истраги и прогон на злостор направен во конфликтот. 

The post САД, ЕУ и Велика Британија ќе помагаат во истрагите за воени злосторства во Украина  appeared first on Република.

]]>
Ќе се формира суд за припадниците на баталјонот „Азов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kje-se-formira-sud-za-pripadnicite-na-bataljonot-azov/ Wed, 25 May 2022 08:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=506649

Првиот човек на Доњецката Народна Република, Денис Пушилин, соопшти дека Трибуналот за украинските националисти од баталјонот „Азов“ ќе опфати неколку фази судења, при што, првиот степен ќе се одржи во Мариупол.

Сметам дека не треба да го одложуваме почетокот на работата на Трибуналот. Повеќе индиректни судови мора да одржат рочишта пред главната постапка, како што беше случајот по Големата патриотска војна. Пред Нирнберг имаше трибунали во Киев и Харков, како и низа други. Според се, ќе имаме судење пред судот во Мариупол како едно од првите во серијата такви судења - порача Пушилин во видео објавено на Телеграм.

Пушилин потврди дека „неколку земји прелиминарно се согласиле да учествуваат во работата на меѓународниот трибунал“ и посочи дека кога станува збор за Повелбата на Трибуналот, таа се развива од релевантни служби, чија работа ја вклучува и руската експертска служба.

The post Ќе се формира суд за припадниците на баталјонот „Азов“ appeared first on Република.

Првиот руски војник кому се суди за воени злосторства во Украина се изјасни за виновен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prviot-ruski-vojnik-komu-se-sudi-za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina-se-izjasni-za-vinoven/ Wed, 18 May 2022 12:40:24 +0000 https://republika.mk/?p=503858

Вадим Шишимарин (21), рускиот војник кому се суди за воени злосторства во Украина, денеска се изјасни за виновен за убиство на невооружен цивил

Тој е обвинет дека застрелал невооружен 62-годишен цивил во првите денови по почетокот на инвазијата и се соочува со доживотен затвор.

Според обвинители, Шишимарин бил во украдено возило со други војници во североисточниот регион Суми, кога наишле на 62-годишен велосипедист, кој држел мобилен телефон.

Наводно, на Шишимарин му било наредено да пука во цивилот, со цел да го спречи на украинските бранители да им ја открие локацијата на руските војници.

Со ова прво судење, праќаме јасен сигнал дека секој извршител, секое лице што наредило или помогнало во вршење на злосторство во Украина, нема да избегне одговорност, изјави главната обвинителка Ирина Венедиктова.

Обвинителите велат дека би можеле да претстојат повеќе судења, откако ќе се идентификуваат илјадници потенцијални злосторства извршени од руските сили. Москва негираше дека нејзините војници целеле цивили.

Кремљ тврди дека нема информации за судење на руски војник и го обвинува Киев за измислување обвиненија.

The post Првиот руски војник кому се суди за воени злосторства во Украина се изјасни за виновен appeared first on Република.

]]>

Вадим Шишимарин (21), рускиот војник кому се суди за воени злосторства во Украина, денеска се изјасни за виновен за убиство на невооружен цивил Тој е обвинет дека застрелал невооружен 62-годишен цивил во првите денови по почетокот на инвазијата и се соочува со доживотен затвор. Според обвинители, Шишимарин бил во украдено возило со други војници во североисточниот регион Суми, кога наишле на 62-годишен велосипедист, кој држел мобилен телефон. Наводно, на Шишимарин му било наредено да пука во цивилот, со цел да го спречи на украинските бранители да им ја открие локацијата на руските војници.
Со ова прво судење, праќаме јасен сигнал дека секој извршител, секое лице што наредило или помогнало во вршење на злосторство во Украина, нема да избегне одговорност, изјави главната обвинителка Ирина Венедиктова.
Обвинителите велат дека би можеле да претстојат повеќе судења, откако ќе се идентификуваат илјадници потенцијални злосторства извршени од руските сили. Москва негираше дека нејзините војници целеле цивили. Кремљ тврди дека нема информации за судење на руски војник и го обвинува Киев за измислување обвиненија.

The post Првиот руски војник кому се суди за воени злосторства во Украина се изјасни за виновен appeared first on Република.

]]>
Судот во Хаг ќе испитува воени злосторства во Хаг https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudot-vo-hag-kje-ispituva-voeni-zlostorstva-vo-hag/ Mon, 25 Apr 2022 15:42:14 +0000 https://republika.mk/?p=493419

Меѓународниот кривичен суд (МКС) ќе се приклучи на тимот на ЕУ формиран минатиот месец за да ги испита наводите за воени злосторства во Украина.

Обвинителот од МКС Карим Кан и главните обвинители на Литванија, Полска и Украина денеска потпишаа договор за прво учество на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во истражниот тим, соопшти Евроџаст – Агенцијата на Европската унија за соработка во кривичното правосудство. Агенцијата прецизира дека заедничките напори ќе испратат „јасна порака дека ќе се вложат сите напори“ да се соберат докази и одговорните да се изведат пред суд.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) истражува и гони осомничените поединечни воени злосторници кои не се изведуваат пред националните судови. На почетокот на март, главниот обвинител на МКС, Карим Кан соопшти дека планира да почне истрага за настаните во Украина „што е можно поскоро“, откако 39 земји повикаа да се спроведе истрага

The post Судот во Хаг ќе испитува воени злосторства во Хаг appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот кривичен суд (МКС) ќе се приклучи на тимот на ЕУ формиран минатиот месец за да ги испита наводите за воени злосторства во Украина. Обвинителот од МКС Карим Кан и главните обвинители на Литванија, Полска и Украина денеска потпишаа договор за прво учество на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во истражниот тим, соопшти Евроџаст – Агенцијата на Европската унија за соработка во кривичното правосудство. Агенцијата прецизира дека заедничките напори ќе испратат „јасна порака дека ќе се вложат сите напори“ да се соберат докази и одговорните да се изведат пред суд. Меѓународниот кривичен суд (МКС) истражува и гони осомничените поединечни воени злосторници кои не се изведуваат пред националните судови. На почетокот на март, главниот обвинител на МКС, Карим Кан соопшти дека планира да почне истрага за настаните во Украина „што е можно поскоро“, откако 39 земји повикаа да се спроведе истрага

The post Судот во Хаг ќе испитува воени злосторства во Хаг appeared first on Република.

]]>
Сирија се обрати до ОН: САД треба да одговараат за целосното уништување на градовите под чии урнатини останаа мртви илјадници луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sirija-se-obrati-do-on-sad-treba-da-odgovaraat-za-celosnoto-unishtuvanje-na-gradovite-pod-chii-urnatini-ostanaa-mrtvi-iljadnici-lugje/ Thu, 21 Apr 2022 05:00:43 +0000 https://republika.mk/?p=491363

Сирија соопшти дека прашањето за уништувањето на градот Рака и убиството на илјадници невини луѓе од страна на нелегитимната коалиција предводена од САД не го добило потребното меѓународно внимание.

Како што порачуваат од официјален Дамаск, овие акции биле и ќе останат едно од најлошите злосторства што некогаш се случиле, меѓународната заедница не е запознаена со нив.

Дојде време да се расветли ова хуманитарно, политичко и правно прашање - се наведува во официјалната порака испратена до генералниот секретар на ОН и претседателот на Советот за безбедност за воените злосторства извршени од таканаречената меѓународна коалиција во Рака во 2017 година.

Од сириското министерство додаваат дека американската воена операција, помогната од нелегитимна меѓународна коалиција, во градот Рака извршена меѓу јуни и октомври 2017 година, довела до целосно уништување на овој град и убиство на илјадници цивили чии тела биле затрупани под урнатините.

Сирија истакнува дека верува оти истата оценка ќе се примени и за воените злосторства извршени од меѓународната коалиција и милициите на КСД поврзани со САД во селото Ал-Багуз во Деир ез-Зор во 2018 и 2019 година, бидејќи ова село беше целосно уништено при што воени авиони на нелегитимна коалиција на 18 март 2019 годинаизвршија масакр на конвој од 80 жители кои се обидувале да побегнат на безбедно.

Американски официјални извори го признаа убиството и ранувањето на 240 цивили во Рака од 38 различни инциденти предизвикани од американските воени операции, додека невладините организации ги проценија жртвите во Рака на 774 убиени - се вели во пораката, јави САНА.

Тие бројки потврдуваат дека САД и нивните сојузници извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото.

Министерството соопшти дека ќе продолжи да го покренува прашањето за Рака, Ал-Багуз и браната Еуфрат, како и другите сириски региони кои беа целосно или делумно уништени и во кои цивилите беа намерно цел на меѓународната коалиција предводена од САД.

Сирија го задржува правото да верува дека владите на земјите кои беа вклучени во „меѓународната коалиција“ имаат политичка, морална и правна одговорност за злосторствата извршени од воените сили и за загубите и штетите што влијаеле на приватниот и јавниот имот - се наведува во пораката.

The post Сирија се обрати до ОН: САД треба да одговараат за целосното уништување на градовите под чии урнатини останаа мртви илјадници луѓе appeared first on Република.

]]>

Сирија соопшти дека прашањето за уништувањето на градот Рака и убиството на илјадници невини луѓе од страна на нелегитимната коалиција предводена од САД не го добило потребното меѓународно внимание. Како што порачуваат од официјален Дамаск, овие акции биле и ќе останат едно од најлошите злосторства што некогаш се случиле, меѓународната заедница не е запознаена со нив.
Дојде време да се расветли ова хуманитарно, политичко и правно прашање - се наведува во официјалната порака испратена до генералниот секретар на ОН и претседателот на Советот за безбедност за воените злосторства извршени од таканаречената меѓународна коалиција во Рака во 2017 година.
Од сириското министерство додаваат дека американската воена операција, помогната од нелегитимна меѓународна коалиција, во градот Рака извршена меѓу јуни и октомври 2017 година, довела до целосно уништување на овој град и убиство на илјадници цивили чии тела биле затрупани под урнатините. Сирија истакнува дека верува оти истата оценка ќе се примени и за воените злосторства извршени од меѓународната коалиција и милициите на КСД поврзани со САД во селото Ал-Багуз во Деир ез-Зор во 2018 и 2019 година, бидејќи ова село беше целосно уништено при што воени авиони на нелегитимна коалиција на 18 март 2019 годинаизвршија масакр на конвој од 80 жители кои се обидувале да побегнат на безбедно.
Американски официјални извори го признаа убиството и ранувањето на 240 цивили во Рака од 38 различни инциденти предизвикани од американските воени операции, додека невладините организации ги проценија жртвите во Рака на 774 убиени - се вели во пораката, јави САНА.
Тие бројки потврдуваат дека САД и нивните сојузници извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото. Министерството соопшти дека ќе продолжи да го покренува прашањето за Рака, Ал-Багуз и браната Еуфрат, како и другите сириски региони кои беа целосно или делумно уништени и во кои цивилите беа намерно цел на меѓународната коалиција предводена од САД.
Сирија го задржува правото да верува дека владите на земјите кои беа вклучени во „меѓународната коалиција“ имаат политичка, морална и правна одговорност за злосторствата извршени од воените сили и за загубите и штетите што влијаеле на приватниот и јавниот имот - се наведува во пораката.

The post Сирија се обрати до ОН: САД треба да одговараат за целосното уништување на градовите под чии урнатини останаа мртви илјадници луѓе appeared first on Република.

]]>
Хрватскиот адвокат Нобило: Путин според меѓународното право не е воен злосторник, геноцид во Буча – тоа е опасна конструкција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatskiot-advokat-nobilo-putin-spored-megjunarodnoto-pravo-ne-e-voen-zlostornik-genocid-vo-bucha-toa-e-opasna-konstrukcija/ Tue, 12 Apr 2022 09:58:05 +0000 https://republika.mk/?p=487253

Хрватскиот адвокат Анто Нобило, кој има искуство со меѓународните трибунали за воени злосторства, смета дека Владимир Путин во моментов не може да се нарече воен злосторник. Тој додава дека за случувањата во Буча не би смеело да се користи зборот „геноцид“.

Нобило смета дека конструкциите „воен злосторник“ и „геноцид“ станале политичко средство и дека нивното прелесно изговарање може да доведе до опасни последици.

Како што вели Нобило за „Вечерњи лист“, според меѓународното право, претседателот на Русија не е воен злосторник.

The post Хрватскиот адвокат Нобило: Путин според меѓународното право не е воен злосторник, геноцид во Буча – тоа е опасна конструкција appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот адвокат Анто Нобило, кој има искуство со меѓународните трибунали за воени злосторства, смета дека Владимир Путин во моментов не може да се нарече воен злосторник. Тој додава дека за случувањата во Буча не би смеело да се користи зборот „геноцид“. Нобило смета дека конструкциите „воен злосторник“ и „геноцид“ станале политичко средство и дека нивното прелесно изговарање може да доведе до опасни последици. Како што вели Нобило за „Вечерњи лист“, според меѓународното право, претседателот на Русија не е воен злосторник.

The post Хрватскиот адвокат Нобило: Путин според меѓународното право не е воен злосторник, геноцид во Буча – тоа е опасна конструкција appeared first on Република.

]]>