воена вежба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voena-vezba/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Mar 2024 16:59:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воена вежба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voena-vezba/ 32 32 Пендаровски присуствуваше на армиска вежба во касарната „Народен херој Страшо Пинџур“ во Петровец https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-prisustvuvashe-na-armiska-vezhba-vo-kasarnata-naroden-heroj-strasho-pindhur-vo-petrovets/ Thu, 21 Mar 2024 19:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=757128

Претседателот Стево Пендаровски денеска во касарната „Народен херој Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на методско показна вежба на тема „Лесен пешадиски вод во извршување на наменски задачи: патролирање, чистење на патен правец и реакција на контакт“.

Вежбата ја спроведоа околу 100 припадници на Првата пешадиска бригада на Армијата. Сценариото на вежбата опфати деминирање на патен правец при вршење на патрола и симулација на контакт со непријателски сили и нивно неутрализирање. Преку вежбата, истовремено, беше презентирана дел од новата опрема и лично вооружување на лесната пешадиска баталјонска група.

Претседателот Пендаровски оцени дека успешната реализација на вежбата е уште еден показател за професионалноста, посветеноста и подготвеноста на припадниците на Армијата, како доверлив партнер во рамки на НАТО алијансата и ги реафирмираше своите заложби и очекувања за натамошна модернизацијата на Армијата и во следните години.

The post Пендаровски присуствуваше на армиска вежба во касарната „Народен херој Страшо Пинџур“ во Петровец appeared first on Република.

]]>

Денеска боjно гаѓање на стрелиштето „Леково“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-bojno-gagane-na-strelishteto-lekovo/ Tue, 12 Mar 2024 08:43:16 +0000 https://republika.mk/?p=753874

На стрелиштето „Леково“ денеска од 8:30 до 15:00 часот ќе биде реализирано боjно гаѓање. Заради безбедност се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето, информираат од Регионалниот ЦУК Битола повикувајќи се на известување од Министерство за одбрана.

По завршувањето на гаѓањето во реонот на стрелиштето, ако се најдат неексплодирани зрна односно проектили, граѓаните не треба да ги допираат или поместуваат и треба да се пријави на 112 во ЦУК, по што од страна на ЦУК ќе се постапи според стандардните оперативни процедури за пронаоѓање на неексплодирани убојни средства (НУС) во Системот за управување со кризи, се наведува во соопштението од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

The post Денеска боjно гаѓање на стрелиштето „Леково“ appeared first on Република.

Кина почна подготовки за воена вежба со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-pochna-podgotovki-za-voena-vezhba-so-rusija/ Wed, 19 Jul 2023 11:49:39 +0000 https://republika.mk/?p=663121

Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека бродови на кинеската морнарица почнале подготовки за заедничка вежба со руските поморски сили.

Во вежбата учествуваат повеќе од 10 бродови и повеќе од 30 авиони, јавија кинеските медиуми.

Министерството соопшти дека во вежбата учествуваат разурнувачите со наведувани ракети „Чичихар“ и „Гујанг“, фрегатите со наведувани ракети „Заожуанг и Рижао“ и бродот за снабдување „Таиху“.

Според извештајот, кинеските бродови носат четири хеликоптери.

Русија учествува во вежбата со фрегатите „Громкиј“ и „Отличниј“, кои веќе седум дена ги пречекуваат посетителите во финансискиот центар на Шангај, најголемиот град и најголемото пристаниште во Кина.

Заедничките вежби, чиј дел треба да се одвиваат во Јапонското Море, се фокусирани на комуникација брод-брод, маневрирање во формирањето и поморско пребарување и спасување.

Кина ја има најголемата морнарица во светот и е значително помоќна од Русија, како по големина, така и според техничките можности.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, флотите на овие земји одржаа серија вежби и заеднички маневри.

The post Кина почна подготовки за воена вежба со Русија appeared first on Република.

]]>

Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека бродови на кинеската морнарица почнале подготовки за заедничка вежба со руските поморски сили. Во вежбата учествуваат повеќе од 10 бродови и повеќе од 30 авиони, јавија кинеските медиуми. Министерството соопшти дека во вежбата учествуваат разурнувачите со наведувани ракети „Чичихар“ и „Гујанг“, фрегатите со наведувани ракети „Заожуанг и Рижао“ и бродот за снабдување „Таиху“. Според извештајот, кинеските бродови носат четири хеликоптери. Русија учествува во вежбата со фрегатите „Громкиј“ и „Отличниј“, кои веќе седум дена ги пречекуваат посетителите во финансискиот центар на Шангај, најголемиот град и најголемото пристаниште во Кина. Заедничките вежби, чиј дел треба да се одвиваат во Јапонското Море, се фокусирани на комуникација брод-брод, маневрирање во формирањето и поморско пребарување и спасување. Кина ја има најголемата морнарица во светот и е значително помоќна од Русија, како по големина, така и според техничките можности. Од почетокот на руската инвазија на Украина, флотите на овие земји одржаа серија вежби и заеднички маневри.  

The post Кина почна подготовки за воена вежба со Русија appeared first on Република.

]]>
Поради настаните на северот: Косовските војници се исфрлени од воена вежба која се одржува и во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poradi-nastanite-na-severot-kosovskite-vojnitsi-se-isfrleni-od-voena-vezhba-koja-se-odrzhuva-i-vo-makedonija/ Wed, 31 May 2023 05:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=646304

Косовоските војници се исфрлени од воената вежба која во моментов се се одржува во Македонија на полигонот Криволак и тоа е прва мерка за случувањата на северот , објавуваат српските медиуми.

Во периодот од 22 мај до 2 јуни на армискиот полигон „Криволак“ се реализира вежбата „Брз одговор 23“ којашто е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23”.

Околу 1 850 припадници на четири НАТО армии - САД, Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово.

Покрај исклучуваето од воената вежба, САД се заканија дека ќе престанат да лобираат за независно Косово а ги забрани и ппосетите на косовските власти во Вашингтон.

The post Поради настаните на северот: Косовските војници се исфрлени од воена вежба која се одржува и во Македонија appeared first on Република.

]]>

Косовоските војници се исфрлени од воената вежба која во моментов се се одржува во Македонија на полигонот Криволак и тоа е прва мерка за случувањата на северот , објавуваат српските медиуми. Во периодот од 22 мај до 2 јуни на армискиот полигон „Криволак“ се реализира вежбата „Брз одговор 23“ којашто е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23”. Околу 1 850 припадници на четири НАТО армии - САД, Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово. Покрај исклучуваето од воената вежба, САД се заканија дека ќе престанат да лобираат за независно Косово а ги забрани и ппосетите на косовските власти во Вашингтон.  

The post Поради настаните на северот: Косовските војници се исфрлени од воена вежба која се одржува и во Македонија appeared first on Република.

]]>
„Брз одговор 23“: Започнува една од најголемите воени вежби во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/brz-odgovor-23-zapochnuva-edna-od-najgolemite-voeni-vezhbi-vo-makedonija/ Mon, 22 May 2023 05:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=643405

На армискиот полигон „Криволак“ денеска започнува вежбата „Брз одговор 23“ која што е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23” и ќе трае до 2 јуни.

„Брз одговор 23'“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово.

Во делот од вежбата што ќе се реализира во Македонија, односно на армискиот полигон „Криволак“, ќе учествуваат околу 1 850 припадници на четири НАТО армии - САД, Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово.

Дополнително, Армијата на Македонија со околу 130 припадници ќе учествува во реализацијата на оваа вежба и во Германија, Словенија, Хрватска, Косово и Албанија.

Целта на вежбата е подобрување на воените способности и интероперабилноста на сојузниците и партнерите. Преку изведување на здружен опсег на операции мисии и активности, вежбата ќе влијае на подобрување на брзината на дејствувањето и усогласување на оперативните процедури.

Единиците ќе користат своја формациска опрема и вооружување, а како дел од опремата се оклопни возила од серијата на „HMMWV“ борбени хеликоптери „АН-64 АРАСНЕ“, транспортни хеликоптери „UH-60“ (Black Hawk), транспортни хеликоптери „CH-47“ (Chinook), транспортни медицински хеликоптери „HH-60“ (Black Hawk), транспортен хеликоптер „Ми 8/17“ и артилериски орудија „хаубици и минофрлачки".

Во текот на вежбата на АП „Криволак“ ќе биде презентиран и проектот ORIGIN кој претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии, односно автономно, копнени роботски возило на Командата за развој на воените способности на САД.

Поради заштита на животната средина, во соработка со универзитетската лабораторија АМБИКОН на штипскиот Универзитет е организирано мерење на суспендирани честички на АП „Криволак“ за цело време на вежбата.

The post „Брз одговор 23“: Започнува една од најголемите воени вежби во Македонија appeared first on Република.

]]>

На армискиот полигон „Криволак“ денеска започнува вежбата „Брз одговор 23“ која што е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23” и ќе трае до 2 јуни. „Брз одговор 23'“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово. Во делот од вежбата што ќе се реализира во Македонија, односно на армискиот полигон „Криволак“, ќе учествуваат околу 1 850 припадници на четири НАТО армии - САД, Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово. Дополнително, Армијата на Македонија со околу 130 припадници ќе учествува во реализацијата на оваа вежба и во Германија, Словенија, Хрватска, Косово и Албанија. Целта на вежбата е подобрување на воените способности и интероперабилноста на сојузниците и партнерите. Преку изведување на здружен опсег на операции мисии и активности, вежбата ќе влијае на подобрување на брзината на дејствувањето и усогласување на оперативните процедури. Единиците ќе користат своја формациска опрема и вооружување, а како дел од опремата се оклопни возила од серијата на „HMMWV“ борбени хеликоптери „АН-64 АРАСНЕ“, транспортни хеликоптери „UH-60“ (Black Hawk), транспортни хеликоптери „CH-47“ (Chinook), транспортни медицински хеликоптери „HH-60“ (Black Hawk), транспортен хеликоптер „Ми 8/17“ и артилериски орудија „хаубици и минофрлачки". Во текот на вежбата на АП „Криволак“ ќе биде презентиран и проектот ORIGIN кој претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии, односно автономно, копнени роботски возило на Командата за развој на воените способности на САД. Поради заштита на животната средина, во соработка со универзитетската лабораторија АМБИКОН на штипскиот Универзитет е организирано мерење на суспендирани честички на АП „Криволак“ за цело време на вежбата.

The post „Брз одговор 23“: Започнува една од најголемите воени вежби во Македонија appeared first on Република.

]]>
Воената вежба „Бранител Европа 23“ почнува в понеделник во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/voenata-vezhba-branitel-evropa-23-pochnuva-v-ponedelnik-vo-albanija/ Sat, 20 May 2023 12:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=642976

Во Албанија в понеделник почнува заедничката мултинационална воена вежба „Бранител Европа 23“ (Defender Europe 23), предводена од Европската команда на САД, на која ќе се демонстрираат интерактивните способности на САД со сојузничките и партнерските армии на НАТО.

Во врска со тоа Американската амбасада во Тирана денеска информираше дека американски војници и опрема веќе се пристигнати во Албанија и оти на вежбата ќе учествуваат повеќе од 20 земји сојузнички и партнери.

-Со нетрпение и задоволство го очекуваме официјалниот почеток на вежбовните активности. Заедничката мултинационална вежба предводена од европската команда на САД е дизајнирана да изгради подготвеност и интероперабилност меѓу сојузниците и партнерите на САД и НАТО, се вели во објавата на Американската амбасада на социјалните мрежи.

Албанија по втор пат ќе биде домаќин на најголемата воена вежба во Европа „Бранител Европа 23“. На вежбата, како што информираше албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши, која ќе се одржува од 22 мај до 23 јуни ќе учествуваат повеќе од 7.000 американски војници и 17.000 мултинационални трупи од повеќе од 20 сојузнички и партнерски земји, меѓу нив од Македонија и Косово, кои веќе се пристигнати во Албанија,  што ќе ја направи најголемата вежба во историјата на Албанија како сојузник на НАТО.

The post Воената вежба „Бранител Европа 23“ почнува в понеделник во Албанија appeared first on Република.

]]>

Во Албанија в понеделник почнува заедничката мултинационална воена вежба „Бранител Европа 23“ (Defender Europe 23), предводена од Европската команда на САД, на која ќе се демонстрираат интерактивните способности на САД со сојузничките и партнерските армии на НАТО. Во врска со тоа Американската амбасада во Тирана денеска информираше дека американски војници и опрема веќе се пристигнати во Албанија и оти на вежбата ќе учествуваат повеќе од 20 земји сојузнички и партнери.
-Со нетрпение и задоволство го очекуваме официјалниот почеток на вежбовните активности. Заедничката мултинационална вежба предводена од европската команда на САД е дизајнирана да изгради подготвеност и интероперабилност меѓу сојузниците и партнерите на САД и НАТО, се вели во објавата на Американската амбасада на социјалните мрежи.
Албанија по втор пат ќе биде домаќин на најголемата воена вежба во Европа „Бранител Европа 23“. На вежбата, како што информираше албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши, која ќе се одржува од 22 мај до 23 јуни ќе учествуваат повеќе од 7.000 американски војници и 17.000 мултинационални трупи од повеќе од 20 сојузнички и партнерски земји, меѓу нив од Македонија и Косово, кои веќе се пристигнати во Албанија,  што ќе ја направи најголемата вежба во историјата на Албанија како сојузник на НАТО.

The post Воената вежба „Бранител Европа 23“ почнува в понеделник во Албанија appeared first on Република.

]]>
Владата ќе дозволи влез во државава на странски вооружени сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ke-dozvoli-vlez-vo-drzhavava-na-stranski-vooruzheni-sili/ Fri, 05 May 2023 21:52:52 +0000 https://republika.mk/?p=637511

Владата донесе одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на државата за учество на вежбата „Моментален одговор - 23“ (Immediate Response – 23).

Од владината прес-служба информираат дека станува збор за персонал и материјално-технички средства на странски вооружени сили од Соединетите Американски Држави, Република Албанија, Црна Гора и Република Косово на територијата на Македонија кои доаѓаат заради учество во оваа вежба.

The post Владата ќе дозволи влез во државава на странски вооружени сили appeared first on Република.

]]>

Владата донесе одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на државата за учество на вежбата „Моментален одговор - 23“ (Immediate Response – 23). Од владината прес-служба информираат дека станува збор за персонал и материјално-технички средства на странски вооружени сили од Соединетите Американски Држави, Република Албанија, Црна Гора и Република Косово на територијата на Македонија кои доаѓаат заради учество во оваа вежба.

The post Владата ќе дозволи влез во државава на странски вооружени сили appeared first on Република.

]]>
Песков: Русија внимателно следи што ќе прават Србија и НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/peskov-rusija-vnimatelno-sledi-shto-ke-pravat-srbija-i-nato/ Thu, 06 Apr 2023 17:53:33 +0000 https://republika.mk/?p=628086

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, порача дека Русија многу внимателно ќе ги следи воените вежби „Платинест волк“ што Србија ги изведува со САД и 10 други земји.

Што се однесува до наведените вежби, секако ќе ги следиме многу внимателно - одговори Песков на новинарското прашање дали Русија е загрижена од намерата на Србија да одржи воени вежби со САД.

Според Песков, не престануваат притисоците врз Белград да усвои антируски став.

Постои постојан обид Србија да се привлече на страната на оние кои имаат антируски став. Знаеме дека Белград е под огромен притисок, притисок без претседан, истакна портпаролот на Кремљ.

Како што соопштија српските медиуми, Војската на Србија годинава ќе одржи воена вежба „Платинест волк“ со припадниците на американската војска и западните партнери, со што ќе се прекине мораториумот за учество на билатерални и мултилатерални вежби со сите партнери, воведен по војната во Украина.

Активирањето на меѓународните воени вежби на 23 март го спомена и високиот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, кога на Твитер му се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за неговиот конструктивен ангажман во Охрид, но и за „повторниот ангажман со САД во одбранбените воени вежби“ со натпис „# PlatinumWolf“.

Од Министерството за одбрана на Србија, за медиумите потврдија дека во Србија ќе се одржи воената вежба „Платинест волк 23“, како и дека припадниците на вооружените сили ќе тренираат со војниците на НАТО и нивните сојузници.

Со заклучокот на Владата на Србија од 16 март 2023, одобрено е спроведување на меѓународната тактичка вежба „Платински волк 23“, со што таа вежба се иззема од мораториумот за планирање, подготовка и реализација на вежби со странски партнери во земјата и странство. Причината за донесувањето ваквата одлука е исполнување на обврските преземени од Србија во врска со учеството на српските вооружени сили во мултинационални операции, соопшти Министерството за одбрана во одговорот на прашањето за одржување на вежбата.

Меѓународната тактичка вежба „Платинумски волк 23“ ќе се одржи од 16 до 30 јуни 2023 година во Србија заедно со неколку земји партнери со кои српските вооружени сили учествуваат во мултинационални операции. Целта на оваа вежба е одржување на постигнато ниво на интероперабилност на единиците на вооружените сили на Србија за учество во мултинационални операции.

Од Министерството за одбрана потенцираат дека мораториумот на меѓународните воени вежби се уште трае, а дека оваа вежба со НАТО е исклучок.

Напоменуваме дека одлуката на Владата на Република Србија од 27 февруари 2022 година, со која се суспендираат и одложуваат сите активности поврзани со вежби со странски партнери, сè уште е во сила, нагласуваат од надлежното министерство.

„Платински волк“ е вежба која се изведува во Србија од 2014 година со идеја, покрај непосредна подготовка за учество во мултинационални операции, да го стимулира развојот на базата „Југ“ како регионален центар за обука.

The post Песков: Русија внимателно следи што ќе прават Србија и НАТО appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, порача дека Русија многу внимателно ќе ги следи воените вежби „Платинест волк“ што Србија ги изведува со САД и 10 други земји.
Што се однесува до наведените вежби, секако ќе ги следиме многу внимателно - одговори Песков на новинарското прашање дали Русија е загрижена од намерата на Србија да одржи воени вежби со САД.
Според Песков, не престануваат притисоците врз Белград да усвои антируски став.
Постои постојан обид Србија да се привлече на страната на оние кои имаат антируски став. Знаеме дека Белград е под огромен притисок, притисок без претседан, истакна портпаролот на Кремљ.
Како што соопштија српските медиуми, Војската на Србија годинава ќе одржи воена вежба „Платинест волк“ со припадниците на американската војска и западните партнери, со што ќе се прекине мораториумот за учество на билатерални и мултилатерални вежби со сите партнери, воведен по војната во Украина. Активирањето на меѓународните воени вежби на 23 март го спомена и високиот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, кога на Твитер му се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за неговиот конструктивен ангажман во Охрид, но и за „повторниот ангажман со САД во одбранбените воени вежби“ со натпис „# PlatinumWolf“. Од Министерството за одбрана на Србија, за медиумите потврдија дека во Србија ќе се одржи воената вежба „Платинест волк 23“, како и дека припадниците на вооружените сили ќе тренираат со војниците на НАТО и нивните сојузници. Со заклучокот на Владата на Србија од 16 март 2023, одобрено е спроведување на меѓународната тактичка вежба „Платински волк 23“, со што таа вежба се иззема од мораториумот за планирање, подготовка и реализација на вежби со странски партнери во земјата и странство. Причината за донесувањето ваквата одлука е исполнување на обврските преземени од Србија во врска со учеството на српските вооружени сили во мултинационални операции, соопшти Министерството за одбрана во одговорот на прашањето за одржување на вежбата. Меѓународната тактичка вежба „Платинумски волк 23“ ќе се одржи од 16 до 30 јуни 2023 година во Србија заедно со неколку земји партнери со кои српските вооружени сили учествуваат во мултинационални операции. Целта на оваа вежба е одржување на постигнато ниво на интероперабилност на единиците на вооружените сили на Србија за учество во мултинационални операции. Од Министерството за одбрана потенцираат дека мораториумот на меѓународните воени вежби се уште трае, а дека оваа вежба со НАТО е исклучок.
Напоменуваме дека одлуката на Владата на Република Србија од 27 февруари 2022 година, со која се суспендираат и одложуваат сите активности поврзани со вежби со странски партнери, сè уште е во сила, нагласуваат од надлежното министерство.
„Платински волк“ е вежба која се изведува во Србија од 2014 година со идеја, покрај непосредна подготовка за учество во мултинационални операции, да го стимулира развојот на базата „Југ“ како регионален центар за обука.

The post Песков: Русија внимателно следи што ќе прават Србија и НАТО appeared first on Република.

]]>
Македонски војници ангажирани во НАТО операција во Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonski-vojnitsi-angazhirani-vo-nato-operatsija-vo-tsrna-gora/ Tue, 07 Feb 2023 18:20:36 +0000 https://republika.mk/?p=606158

Повеќе од 250 војници на земјите на НАТО вежбаа планинска воeна акција во Црна Гора.

Припадници на вооружените сили на Црна Гора, Австрија, Македонија, САД, Италија и Центарот на НАТО за планинско војување ги тестираа своите вештини и знаења во планинското војување, како и операциите за пребарување и спасување (САР), за време на маневрите „Заеднички предизвик 23“.

Движењето низ снежните наноси, изградбата на засолниште и преноќувањето на ваков терен бара внимателно планирање, заедничка работа и беспрекорно познавање на опремата со која располага, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Црна Гора.

Вежбата „Заеднички предизвик 23“ собра над 250 учесници, што ја прави најголема меѓународна воена вежба во зимски услови во Црна Гора.

The post Македонски војници ангажирани во НАТО операција во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 250 војници на земјите на НАТО вежбаа планинска воeна акција во Црна Гора. Припадници на вооружените сили на Црна Гора, Австрија, Македонија, САД, Италија и Центарот на НАТО за планинско војување ги тестираа своите вештини и знаења во планинското војување, како и операциите за пребарување и спасување (САР), за време на маневрите „Заеднички предизвик 23“.
Движењето низ снежните наноси, изградбата на засолниште и преноќувањето на ваков терен бара внимателно планирање, заедничка работа и беспрекорно познавање на опремата со која располага, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Црна Гора.
Вежбата „Заеднички предизвик 23“ собра над 250 учесници, што ја прави најголема меѓународна воена вежба во зимски услови во Црна Гора.

The post Македонски војници ангажирани во НАТО операција во Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Авијацијата на НАТО ја заврши двонеделната вежба во Бугарија во правец кон Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/avijacijata-na-nato-ja-zavrshi-dvonedelnata-vezba-vo-bugarija-vo-pravec-kon-rusija/ Sat, 20 Aug 2022 15:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=542307

Пет земји-членки на НАТО ја завршија двонеделната воздухопловна вежба што се одржа во Бугарија, а висок функционер на Алијансата оцени дека оваа активност им ги пружила на авијатичарите потребните вештини за да се обезбеди стабилност во Југоисточна Европа, пред се во стратешки важната област на Црното Море.

Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, во изминатите две недели во Бугарија се одржа заедничка воена вежба на авијацијата на САД, Канада, Грција, Бугарија и Романија, наречена „Тракиска отровница 2022“, со учество на борбени авиони од тие земји.

Воздухопловните сили на петте земји вежбаа заеднички операции во различни офанзивни и одбранбени сценарија во воздушниот простор на Бугарија, вклучително и стратешки важната област на Црното Море на источното крило на НАТО.

Канада учествуваше со ловци CF-18 кои долетаа од Романија каде што се во мисија на НАТО ер полисинг. Со нив во Бугарија пристигнаа и романски ловци Ф-16.
Грчките воздухопловни сили испратија и борбени авиони Ф-16 кои долетаа од матичните бази.

Армијата на земјата домаќин Бугарија ангажираше ловци МиГ-29 од воздухопловната база Граф Ингнатиево, ловци Су-25 од воздухопловната база Безмер и хеликоптери АС-532 Кугуар од воздухопловната база Крумово.

Воздухопловните сили на САД обезбедија поддршка за воздухопловните операции со персонал на полигонот Елена.

„Тракиската отровница“ им ги обезбеди на сојузничките авијатичари потребните вештини за да обезбедат стабилност и безбедност на Југоисточна Европа, заклучи на крајот на вежбата началникот на Генералштабот на Воздухопловната команда на НАТО, генерал Џанлука Ерлокани.

Вежбата „Тракиска отровница“ се одржува во Бугарија веќе 12 години со цел да се подобри способноста на воздухопловните сили на земјата домаќин и регионот да дејствуваат заедно во поширока сојузничка рамка.

The post Авијацијата на НАТО ја заврши двонеделната вежба во Бугарија во правец кон Русија appeared first on Република.

]]>

Пет земји-членки на НАТО ја завршија двонеделната воздухопловна вежба што се одржа во Бугарија, а висок функционер на Алијансата оцени дека оваа активност им ги пружила на авијатичарите потребните вештини за да се обезбеди стабилност во Југоисточна Европа, пред се во стратешки важната област на Црното Море. Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, во изминатите две недели во Бугарија се одржа заедничка воена вежба на авијацијата на САД, Канада, Грција, Бугарија и Романија, наречена „Тракиска отровница 2022“, со учество на борбени авиони од тие земји. Воздухопловните сили на петте земји вежбаа заеднички операции во различни офанзивни и одбранбени сценарија во воздушниот простор на Бугарија, вклучително и стратешки важната област на Црното Море на источното крило на НАТО. Канада учествуваше со ловци CF-18 кои долетаа од Романија каде што се во мисија на НАТО ер полисинг. Со нив во Бугарија пристигнаа и романски ловци Ф-16. Грчките воздухопловни сили испратија и борбени авиони Ф-16 кои долетаа од матичните бази. Армијата на земјата домаќин Бугарија ангажираше ловци МиГ-29 од воздухопловната база Граф Ингнатиево, ловци Су-25 од воздухопловната база Безмер и хеликоптери АС-532 Кугуар од воздухопловната база Крумово. Воздухопловните сили на САД обезбедија поддршка за воздухопловните операции со персонал на полигонот Елена.
„Тракиската отровница“ им ги обезбеди на сојузничките авијатичари потребните вештини за да обезбедат стабилност и безбедност на Југоисточна Европа, заклучи на крајот на вежбата началникот на Генералштабот на Воздухопловната команда на НАТО, генерал Џанлука Ерлокани.
Вежбата „Тракиска отровница“ се одржува во Бугарија веќе 12 години со цел да се подобри способноста на воздухопловните сили на земјата домаќин и регионот да дејствуваат заедно во поширока сојузничка рамка.

The post Авијацијата на НАТО ја заврши двонеделната вежба во Бугарија во правец кон Русија appeared first on Република.

]]>
Кина испраќа борбени авиони на воена вежба со Тајланд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-isprakja-borbeni-avioni-na-voena-vezba-so-tajland/ Sat, 13 Aug 2022 13:00:54 +0000 https://republika.mk/?p=539892

Кинеските воздухопловни сили ќе испратат борбени авиони на заедничка воена вежба со Тајланд, потврди Министерството за одбрана на Кина, јавува Анадолија.

Во соопштението се наведува дека кинески борбени авиони и бомбардери ќе учествуваат во вежбата „Falcon Strike“, која ќе започне утре во Тајланд.

Во вежбата, која ќе се одржи во кралската воздухопловна база Удорн на северот на земјата, во близина на границата со Лаос, „ќе се спроведуваат тренинзи во областа на воздушна поддршка, напади на копнени цели, мал и голем транспорт на трупи“.

Вежбата следува по кинеските воени вежби што се одржаа околу Тајван, откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети островот.

Вежбите спроведени во шест региони, со учество од воздух, копно и море, создадоа де факто блокада околу островот. Во средата Кина објави крај на воените вежби во близина на Тајван.

The post Кина испраќа борбени авиони на воена вежба со Тајланд appeared first on Република.

]]>

Кинеските воздухопловни сили ќе испратат борбени авиони на заедничка воена вежба со Тајланд, потврди Министерството за одбрана на Кина, јавува Анадолија. Во соопштението се наведува дека кинески борбени авиони и бомбардери ќе учествуваат во вежбата „Falcon Strike“, која ќе започне утре во Тајланд. Во вежбата, која ќе се одржи во кралската воздухопловна база Удорн на северот на земјата, во близина на границата со Лаос, „ќе се спроведуваат тренинзи во областа на воздушна поддршка, напади на копнени цели, мал и голем транспорт на трупи“. Вежбата следува по кинеските воени вежби што се одржаа околу Тајван, откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети островот. Вежбите спроведени во шест региони, со учество од воздух, копно и море, создадоа де факто блокада околу островот. Во средата Кина објави крај на воените вежби во близина на Тајван.  

The post Кина испраќа борбени авиони на воена вежба со Тајланд appeared first on Република.

]]>
Падобранци на НАТО ќе спроведуваат обука во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/padobranci-na-nato-kje-sproveduvaat-obuka-vo-makedonija/ Thu, 05 May 2022 10:06:04 +0000 https://republika.mk/?p=497933

Во Македонија пристигнаа 1.800 падобранци од 16-тата воздухопловна јуришна бригада на Обединетото Кралство за да одржат обука заедно со седум други земји на НАТО, вклучително и силите од Македонија. Обуките ќе се одржат на четири различни локации низ земјата, информираат од Британската амбасада во Скопје.

Како што соопштуваат оттаму, во текот на следните недели 2.700 војници од Македонија, Албанија, Грција, Италија, Обединетото Кралство, САД и Црна Гора ќе спроведат обуки за боево гаѓање, како и дневни и ноќни скокови со падобран.

На обуката ќе се демонстрира способноста на земјите-членки на НАТО да се распоредат насекаде низ светот и способноста на нивните војници да работат заедно професионално и успешно. Оваа годишна вежба, која годинава се случува во Македонија, е клучен придонес за европската безбедност, која има за цел да испорача сили со висока готовност во низа улоги, да го зголеми го капацитетот и да ги дополни НАТО и другите европски и глобални безбедносни аранжмани, велат од амбасадата.

Воздухопловната јуришна бригада вклучува падобранци, инженери, артилерија, логистичари, медицински лица, воено разузнавање, специјалисти за комуникации, армиски воздухопловен корпус, кралски воздухопловни сили, механичари и специјалисти за уништување на експлозивни смртоносни средства. Бригадата се распоредува во вежби и операции на глобално ниво со сите возила и опрема потребни за самоодржливост, вклучувајќи хеликоптери, теренски транспортери на тркала и гасеничари, артилериски пушки и мноштво логистички и инженерски возила.

Командантот на кралските инженерски падобранци, потполковник Џек Кросли, е во Македонија од 24 март. Тој го надгледуваше движењето на бригадата од Обединетото Кралство кон  Македонија.

Движењето на речиси 2.000 британски војници и сите возила и опрема што доаѓаат со една бригада низ Европа до тука беше огромна задача, која немаше да можеме да ја направиме толку ефикасно без поддршката на вашата Влада и вооружени сили, истакна потполковникот Кросли.

Од 24 март, војници од осум земји на НАТО почнаа да пристигнуваат во Македонија за вежбата БРЗ ОДГОВОР 22, вежба на сојузничките воздухопловно-десантни сили, што е дел од пошироката серија вежби кои се одржуваат низ цела источна Европа.

The post Падобранци на НАТО ќе спроведуваат обука во Македонија appeared first on Република.

]]>

Во Македонија пристигнаа 1.800 падобранци од 16-тата воздухопловна јуришна бригада на Обединетото Кралство за да одржат обука заедно со седум други земји на НАТО, вклучително и силите од Македонија. Обуките ќе се одржат на четири различни локации низ земјата, информираат од Британската амбасада во Скопје. Како што соопштуваат оттаму, во текот на следните недели 2.700 војници од Македонија, Албанија, Грција, Италија, Обединетото Кралство, САД и Црна Гора ќе спроведат обуки за боево гаѓање, како и дневни и ноќни скокови со падобран.
На обуката ќе се демонстрира способноста на земјите-членки на НАТО да се распоредат насекаде низ светот и способноста на нивните војници да работат заедно професионално и успешно. Оваа годишна вежба, која годинава се случува во Македонија, е клучен придонес за европската безбедност, која има за цел да испорача сили со висока готовност во низа улоги, да го зголеми го капацитетот и да ги дополни НАТО и другите европски и глобални безбедносни аранжмани, велат од амбасадата.
Воздухопловната јуришна бригада вклучува падобранци, инженери, артилерија, логистичари, медицински лица, воено разузнавање, специјалисти за комуникации, армиски воздухопловен корпус, кралски воздухопловни сили, механичари и специјалисти за уништување на експлозивни смртоносни средства. Бригадата се распоредува во вежби и операции на глобално ниво со сите возила и опрема потребни за самоодржливост, вклучувајќи хеликоптери, теренски транспортери на тркала и гасеничари, артилериски пушки и мноштво логистички и инженерски возила. Командантот на кралските инженерски падобранци, потполковник Џек Кросли, е во Македонија од 24 март. Тој го надгледуваше движењето на бригадата од Обединетото Кралство кон  Македонија.
Движењето на речиси 2.000 британски војници и сите возила и опрема што доаѓаат со една бригада низ Европа до тука беше огромна задача, која немаше да можеме да ја направиме толку ефикасно без поддршката на вашата Влада и вооружени сили, истакна потполковникот Кросли.
Од 24 март, војници од осум земји на НАТО почнаа да пристигнуваат во Македонија за вежбата БРЗ ОДГОВОР 22, вежба на сојузничките воздухопловно-десантни сили, што е дел од пошироката серија вежби кои се одржуваат низ цела источна Европа.

The post Падобранци на НАТО ќе спроведуваат обука во Македонија appeared first on Република.

]]>
Во Македонија доаѓаат 2.500 британски војници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-makedonija-doagjaat-2-500-britanski-vojnici/ Sun, 01 May 2022 17:17:17 +0000 https://republika.mk/?p=496105

Од утре па до крајот на мај, Македонија ќе биде домаќин на припадници од седум НАТО-сојузнички армии во рамки на вежбата „Swift response 22“. Како што соопшти британското Министерство за одбрана, 2.500 британски војници ќе учествуваат со 16 воздушно-борбени тимови и еден борбен тим на воздухопловната бригада.

Министерот за одбрана Бен Волас вели дека покрај Македонија, Лондон испраќа трупи и на воени вежби во Полска, Латвија и Финска, што е најголемо распоредување на британската војска во странство после Студената војна.

Првите луѓе на армијата истакнаа дека обемот на распоредување ќе ја одврати „агресијата“ во размери што не се видени во Европа овој век.

Обединетото Кралство дава значаен придонес во одбраната на Европа и спречувањето на руската агресија. Серијата вежби на британската армија е фундаментална и за двете. Продолжуваме да се распоредуваме низ Европа, од Балтикот до Егејот, вели гнерал-полковник Ралф Вудис.

Од Генералштабот на АРМ информираа дека течат подготвителните активности, а најголемиот дел од нив ќе се одвиваат на Криволак и на Стенковец кај Скопје.

Ова е досега најголема мултинационална вежба во државата од ваков вид и единствена од осамостојувањето во која ќе се реализираат воздушни десанти во овој обем, велат од Генералштабот на АРМ за Алсат М.

Акцентот на вежбата ќе се состои од активности во воздушниот простор со изведување на падобрански десанти, но и со активности на терен со учество на повеќе од 4.000 војници од армиите на Македонија, САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Албанија, Грција и Црна Гора.

The post Во Македонија доаѓаат 2.500 британски војници appeared first on Република.

]]>

Од утре па до крајот на мај, Македонија ќе биде домаќин на припадници од седум НАТО-сојузнички армии во рамки на вежбата „Swift response 22“. Како што соопшти британското Министерство за одбрана, 2.500 британски војници ќе учествуваат со 16 воздушно-борбени тимови и еден борбен тим на воздухопловната бригада. Министерот за одбрана Бен Волас вели дека покрај Македонија, Лондон испраќа трупи и на воени вежби во Полска, Латвија и Финска, што е најголемо распоредување на британската војска во странство после Студената војна. Првите луѓе на армијата истакнаа дека обемот на распоредување ќе ја одврати „агресијата“ во размери што не се видени во Европа овој век.
Обединетото Кралство дава значаен придонес во одбраната на Европа и спречувањето на руската агресија. Серијата вежби на британската армија е фундаментална и за двете. Продолжуваме да се распоредуваме низ Европа, од Балтикот до Егејот, вели гнерал-полковник Ралф Вудис.
Од Генералштабот на АРМ информираа дека течат подготвителните активности, а најголемиот дел од нив ќе се одвиваат на Криволак и на Стенковец кај Скопје.
Ова е досега најголема мултинационална вежба во државата од ваков вид и единствена од осамостојувањето во која ќе се реализираат воздушни десанти во овој обем, велат од Генералштабот на АРМ за Алсат М.
Акцентот на вежбата ќе се состои од активности во воздушниот простор со изведување на падобрански десанти, но и со активности на терен со учество на повеќе од 4.000 војници од армиите на Македонија, САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Албанија, Грција и Црна Гора.

The post Во Македонија доаѓаат 2.500 британски војници appeared first on Република.

]]>
НАТО испраќа војници во Норвешка на воена вежба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nato-isprakja-vojnici-vo-norveshka-na-voena-vezba/ Sat, 12 Mar 2022 08:27:33 +0000 https://republika.mk/?p=471607

НАТО соопшти дека во понеделник ќе испрати војници во Норвешка каде ќе се спроведе воена вежба.

Околу 30.000 војници, 200 авиони и 50 пловни објекти од 27 земји се очекува да учествуваат во вежбата Студената реакција 2022, најголемата вежба во која учествуваат трупите на НАТО оваа година.

Вежбата ќе се одржи на неколку стотици километри од руската граница.

– Оваа вежба е исклучително важна за безбедноста на Норвешка и нејзините сојузници. Се очекува вежбата да заврши на 1 април, изјави норвешкиот министер за одбрана Од Роџер Еноксен.

The post НАТО испраќа војници во Норвешка на воена вежба appeared first on Република.

]]>

НАТО соопшти дека во понеделник ќе испрати војници во Норвешка каде ќе се спроведе воена вежба. Околу 30.000 војници, 200 авиони и 50 пловни објекти од 27 земји се очекува да учествуваат во вежбата Студената реакција 2022, најголемата вежба во која учествуваат трупите на НАТО оваа година. Вежбата ќе се одржи на неколку стотици километри од руската граница. – Оваа вежба е исклучително важна за безбедноста на Норвешка и нејзините сојузници. Се очекува вежбата да заврши на 1 април, изјави норвешкиот министер за одбрана Од Роџер Еноксен.

The post НАТО испраќа војници во Норвешка на воена вежба appeared first on Република.

]]>
Русија одбила како набљудувач да присуствува на воена вежба на НАТО во Норвешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-odbila-kako-nabljuduvach-da-prisustvuva-na-voena-vezba-na-nato-vo-norveshka/ Fri, 04 Mar 2022 09:01:05 +0000 https://republika.mk/?p=467550

Русија одбила како набљудувач да присуствува на претстојната воена вежба на НАТО во Норвешка, на која ќе учествуваат околу 30.000 војници од 27 држави.

Норвешка од 13 март треба да биде домаќин на вежбата „Ладен одговор“ (Cold Response), која е планирана со месеци и има за цел обука за случај на напад во студени временски услови. Русија беше поканета да присуствува на вежбата како набљудувач.

Оружените сили на Норвешка во изјава за Асошиејтед прес, изјавија дека „сакаат да бидат отворени и транспарентни во врска со оваа вежба за да не би имало недоразбирања“.

Вежбата е од одбранбена природа, при што ќе се вежба со нашите сојузници и партнерски земји. Со напнатоста во Европа, важно е да вежбаме за да можеме да се одбраниме - се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Норвежаните повеќе би сакале Русија да испрати набљудувачи, но дека ја почитуваат нивната одлука.

Норвешка има копнена граница со Русија од речиси 200 километри.

The post Русија одбила како набљудувач да присуствува на воена вежба на НАТО во Норвешка appeared first on Република.

]]>

Русија одбила како набљудувач да присуствува на претстојната воена вежба на НАТО во Норвешка, на која ќе учествуваат околу 30.000 војници од 27 држави. Норвешка од 13 март треба да биде домаќин на вежбата „Ладен одговор“ (Cold Response), која е планирана со месеци и има за цел обука за случај на напад во студени временски услови. Русија беше поканета да присуствува на вежбата како набљудувач. Оружените сили на Норвешка во изјава за Асошиејтед прес, изјавија дека „сакаат да бидат отворени и транспарентни во врска со оваа вежба за да не би имало недоразбирања“.
Вежбата е од одбранбена природа, при што ќе се вежба со нашите сојузници и партнерски земји. Со напнатоста во Европа, важно е да вежбаме за да можеме да се одбраниме - се наведува во соопштението.
Во него се додава дека Норвежаните повеќе би сакале Русија да испрати набљудувачи, но дека ја почитуваат нивната одлука. Норвешка има копнена граница со Русија од речиси 200 километри.  

The post Русија одбила како набљудувач да присуствува на воена вежба на НАТО во Норвешка appeared first on Република.

]]>