воена парада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voena-parada/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Oct 2023 12:33:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воена парада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voena-parada/ 32 32 Воена парада во Солун по повод националниот празник на Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/voena-parada-vo-solun-po-povod-natsionalniot-praznik-na-grtsija/ Sat, 28 Oct 2023 12:33:16 +0000 https://republika.mk/?p=695792

Во присуство на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, министерот за одбрана, претставници на локалната власт и на партиите, како и илјадници граѓани, во Солун се одржа традиционалната воена парада по повод националниот празник, денот „Охи“ (Не), односно негативниот одговор на Грција на ултиматумот од Италија во 1940 година, јави дописничката на МИА од Атина.

На воената парада учествуваа припадници на армијата, пешадиски тимови, оклопни возила и сл, а од воздух прелетуваа авионите Рафал, кои Грција ги купи од Франција, Ф-16, Ф-4, воени хеликоптери, но и легендарниот авион Спитфајр.

Особено впечатливи беа маневрите на пилотот на Ф-16 на крајот од парадата, кој воедно испрати и порака до Грците за националниот празник.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и министерот за одбрана Никос Дендиас, по завршувањето на парадата истакнаа дека Грција е фактор и столб на стабилност во поширокиот регион.

Сакеларопулу рече дека во „турбулентното меѓународно опкружување во кое живееме, Грција ќе продолжи да ги истакнува своите национални права и ќе остане столб на стабилноста и мирот во поширокиот регион“.

Дендиас порача дека „Грција ќе продолжи да ги брани своите права и да биде фактор на мир и стабилност на Балканот, Источниот Медитеран и поширокиот регион“.

Како и секоја година, така и сега, во Атина и во останатите грчки градови се одржаа паради на учениците.

The post Воена парада во Солун по повод националниот празник на Грција appeared first on Република.

]]>

Во присуство на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, министерот за одбрана, претставници на локалната власт и на партиите, како и илјадници граѓани, во Солун се одржа традиционалната воена парада по повод националниот празник, денот „Охи“ (Не), односно негативниот одговор на Грција на ултиматумот од Италија во 1940 година, јави дописничката на МИА од Атина. На воената парада учествуваа припадници на армијата, пешадиски тимови, оклопни возила и сл, а од воздух прелетуваа авионите Рафал, кои Грција ги купи од Франција, Ф-16, Ф-4, воени хеликоптери, но и легендарниот авион Спитфајр. Особено впечатливи беа маневрите на пилотот на Ф-16 на крајот од парадата, кој воедно испрати и порака до Грците за националниот празник. Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и министерот за одбрана Никос Дендиас, по завршувањето на парадата истакнаа дека Грција е фактор и столб на стабилност во поширокиот регион. Сакеларопулу рече дека во „турбулентното меѓународно опкружување во кое живееме, Грција ќе продолжи да ги истакнува своите национални права и ќе остане столб на стабилноста и мирот во поширокиот регион“. Дендиас порача дека „Грција ќе продолжи да ги брани своите права и да биде фактор на мир и стабилност на Балканот, Источниот Медитеран и поширокиот регион“. Како и секоја година, така и сега, во Атина и во останатите грчки градови се одржаа паради на учениците.

The post Воена парада во Солун по повод националниот празник на Грција appeared first on Република.

]]>
Германски тенкови „Мардер“ и француски авони „Рафал“ на воена парада во Солун https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/germanski-tenkovi-marder-i-francuski-avoni-rafal-na-voena-parada-vo-solun/ Fri, 28 Oct 2022 13:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=566875

Во присуство на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, на потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас, на министерот за одбрана, претставници на локалната власт и на партиите, на американскиот амбасадор, како и илјадници граѓани, во Солун се одржа традиционалната воена парада по повод националниот празник, денот „Охи“ (Не), односно негативниот одговор на Грција на ултиматумот од Италија во 1940 година, парада која по пауза од две години се одржа без никакви ограничувања.

На воената парада првпат учествуваа и француските воени авиони Рафал, како и оклопните возила Мардер кои неодамна пристигнаа во Грција, а земјата ги доби од Германија, во замена за нејзините стари оклопни возила од типот БМП-1, кои беа испратени во Украина.

Паралелно со парадирањето на припадниците на армијата, на небото во Солун, освен четирите од вкупно 24 Рафал кои Грција ги купи од Франција, прелетаа и воени хеликоптери, како и воени Ф-16, Ф-4, но и легендарниот авион Спитфаер.

Особено впечатливи беа маневрите на пилотот на Ф-16 на крајот од парадата, кој воедно испрати и порака до Грците за националниот празник.

Денешната воена парада беше прва по 2019 година што се одржа под нормални услови, без никакви ограничувања за пандемијата, со оглед на тоа дека во 2020 година беше откажана, а лани беше под специјални Ковид мерки.

Токму затоа беше огромна присутноста на граѓаните, а парадата беше со продолжено времетраење од над два часа.

Во Атина и во останатите грчки градови се одржаа паради на учениците, а во село на островот Наксос, како и на малиот остров Матраки, парадираше само по еден ученик, единствениот во училиштето.

The post Германски тенкови „Мардер“ и француски авони „Рафал“ на воена парада во Солун appeared first on Република.

]]>

Во присуство на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, на потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас, на министерот за одбрана, претставници на локалната власт и на партиите, на американскиот амбасадор, како и илјадници граѓани, во Солун се одржа традиционалната воена парада по повод националниот празник, денот „Охи“ (Не), односно негативниот одговор на Грција на ултиматумот од Италија во 1940 година, парада која по пауза од две години се одржа без никакви ограничувања. На воената парада првпат учествуваа и француските воени авиони Рафал, како и оклопните возила Мардер кои неодамна пристигнаа во Грција, а земјата ги доби од Германија, во замена за нејзините стари оклопни возила од типот БМП-1, кои беа испратени во Украина. Паралелно со парадирањето на припадниците на армијата, на небото во Солун, освен четирите од вкупно 24 Рафал кои Грција ги купи од Франција, прелетаа и воени хеликоптери, како и воени Ф-16, Ф-4, но и легендарниот авион Спитфаер. Особено впечатливи беа маневрите на пилотот на Ф-16 на крајот од парадата, кој воедно испрати и порака до Грците за националниот празник. Денешната воена парада беше прва по 2019 година што се одржа под нормални услови, без никакви ограничувања за пандемијата, со оглед на тоа дека во 2020 година беше откажана, а лани беше под специјални Ковид мерки. Токму затоа беше огромна присутноста на граѓаните, а парадата беше со продолжено времетраење од над два часа. Во Атина и во останатите грчки градови се одржаа паради на учениците, а во село на островот Наксос, како и на малиот остров Матраки, парадираше само по еден ученик, единствениот во училиштето.

The post Германски тенкови „Мардер“ и француски авони „Рафал“ на воена парада во Солун appeared first on Република.

]]>