воена опрема Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voena-oprema/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 18:36:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воена опрема Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voena-oprema/ 32 32 Британија испраќа дополнителна тешка воена опрема на руските граници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanija-ispraka-dopolnitelna-teshka-voena-oprema-na-ruskite-granitsi/ Wed, 23 Oct 2024 19:32:41 +0000 https://republika.mk/?p=830329

Велика Британија најавува прераспоредување на дополнителни тенкови „Челинџер 3“, оклопни транспортери „Бокер“ и „Ајак“ и артилериски системи „Арчер“ во Естонија.

Во позадина на вестите за претстојното потпишување на „историскиот пакт“ меѓу Германија и Велика Британија, вклучително и можноста за заеднички воени вежби на Балтикот, може да се претпостави дека ќе има трајно распоредување на британска воена опрема во Естонија.

Претходно, во јавноста беше објавено за отворање на нов поморски штаб на НАТО во Германија за следење на ситуацијата на руската граница.

The post Британија испраќа дополнителна тешка воена опрема на руските граници appeared first on Република.

]]>

Велика Британија најавува прераспоредување на дополнителни тенкови „Челинџер 3“, оклопни транспортери „Бокер“ и „Ајак“ и артилериски системи „Арчер“ во Естонија. Во позадина на вестите за претстојното потпишување на „историскиот пакт“ меѓу Германија и Велика Британија, вклучително и можноста за заеднички воени вежби на Балтикот, може да се претпостави дека ќе има трајно распоредување на британска воена опрема во Естонија. Претходно, во јавноста беше објавено за отворање на нов поморски штаб на НАТО во Германија за следење на ситуацијата на руската граница.

The post Британија испраќа дополнителна тешка воена опрема на руските граници appeared first on Република.

]]>
Шпанија испраќа воена опрема во Украина вредна милијарда евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-ispraka-voena-oprema-vo-ukraina-vredna-milijarda-evra/ Mon, 27 May 2024 17:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=782172

Шпанија годинава ќе и обезбеди на Украина воена опрема вредна една милијарда евра, како дел од билатералниот договор што денеска во Мадрид го потпишаа шпанскиот премиер Педро Санчез и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Најважно е брзо да и помогнеме на Украина да се одбрани, рече Санчез на прес-конференција.

Зеленски денеска е во својата прва посета на Шпанија откако Русија ја почна инвазијата врз Украина пред 824 дена.

Украинската армија се соочува со руска офанзива во источниот регион Харкив, па Зеленски бара од западните сојузници дополнително оружје.

Украина во исто време продолжува со бомбардирања на внатрешноста на Русија, при што денеска загина едно лице, а тројца се ранети.

Шпанија вети дека ќе испрати десетина ракети за американските противвоздушни системи Патриот и 19 користени тенкови и муниција Леопард 2А4 од германско производство.

Украинскиот претседател денеска се сретна со шпанскиот крал Фелипе Шести, а во текот на денот ќе се сретне и со претставници на шпанскиот парламент и на опозицијата.

The post Шпанија испраќа воена опрема во Украина вредна милијарда евра appeared first on Република.

]]>

Шпанија годинава ќе и обезбеди на Украина воена опрема вредна една милијарда евра, како дел од билатералниот договор што денеска во Мадрид го потпишаа шпанскиот премиер Педро Санчез и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Најважно е брзо да и помогнеме на Украина да се одбрани, рече Санчез на прес-конференција.
Зеленски денеска е во својата прва посета на Шпанија откако Русија ја почна инвазијата врз Украина пред 824 дена. Украинската армија се соочува со руска офанзива во источниот регион Харкив, па Зеленски бара од западните сојузници дополнително оружје. Украина во исто време продолжува со бомбардирања на внатрешноста на Русија, при што денеска загина едно лице, а тројца се ранети. Шпанија вети дека ќе испрати десетина ракети за американските противвоздушни системи Патриот и 19 користени тенкови и муниција Леопард 2А4 од германско производство. Украинскиот претседател денеска се сретна со шпанскиот крал Фелипе Шести, а во текот на денот ќе се сретне и со претставници на шпанскиот парламент и на опозицијата.  

The post Шпанија испраќа воена опрема во Украина вредна милијарда евра appeared first on Република.

]]>
АРМ организира изложба и презентација на воени возила и опрема Air/Ground Static Display на Спортскиот аеродром „Аџи Tепе” во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arm-organizira-izlozhba-i-prezentatsija-na-voeni-vozila-i-oprema-air-ground-static-display-na-sportskiot-aerodrom-adhi-tepe-vo-kumanovo/ Sat, 20 May 2023 18:27:58 +0000 https://republika.mk/?p=643064

На ден 21.05.2023 (недела) во период од 11:00 до 14:00 часот на локација на Спортски Аеродром “Аџи Tепе” во Куманово ќе се одржи изложба и презентација на воени возила и опрема Air/Ground Static Display, во организација на Армијата на Република Македонија, со поддршка од Општина Куманово.

Настанот е од отворен тип за посетители, и сите граѓани можат да дојдат на Спортскиот Аеродром "Аџи Тепе" во Куманово и непосредно да разгледаат интересна воена опрема и воздухоплови, меѓу кои: CH 47 (Chinook), AH 64 (Apache), MI 8-17, UH 60 ( Black Hawk),Хамви со митралез 50 калибар, Хамви со фрлач на гранати Mk19 40mm, Амбулантно возило, Хамви со минофрлач 120мм, Хармелин, JLTV, Оклопно возило кобра , АБХО возило –форд, Падобранска опрема, Алпинистичка опрема, Нуркачка опрема, АБХО опрема и друга опрема.

На настанот ќе бидат изложени цртежи на учениците од средните општински училишта кои што цртаа за оваа пригода, а за музиката ќе биде задолжен оркестарот “Синфониум” при Гимназија “Гоце Делчев”.

The post АРМ организира изложба и презентација на воени возила и опрема Air/Ground Static Display на Спортскиот аеродром „Аџи Tепе” во Куманово appeared first on Република.

Македонија повторно испрати воена помош за Украина: Еве што има во натоварениот воз https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-povtorno-isprati-voena-pomosh-za-ukraina-eve-shto-ima-vo-natovareniot-voz/ Thu, 10 Nov 2022 09:11:14 +0000 https://republika.mk/?p=572172

На социјалната мрежа Телеграм вчера осамна видео-снимка од воз натоварен со воена инженерска опрема и возила, за која се тврди дека е дел од воената помош од Македонија наменета за Украина.

На снимката што ја објавува прорускиот канал @Ryabar, кој го води извесен Дејан Бариќ од Србија, се тврди дека возот со инженерска опрема тргнал од Скопје на 7 ноември и преку Бугарија се упатил кон Украина. На 9 ноември возот стигнал во бугарскиот град Русе, го поминал граничниот премин со Романија, па се упатил преку романска територија кон областа на Одеса, тврди каналот повикувајќи се на свои извор.

На снимката се гледаат повеќе од десет различни типови возила, вклучувајќи оклопни возила за спасување Т-55, камиони М-35, оклопни возила Ленд ровер, возила за итна медицинска помош, булдожери и дигалки…

Каналот уште тврди дека во придружба на опремата патувале и припадници на украинската армија, кои биле сместени во патнички вагон. Оваа пратка наводно требало да стигне во Украина уште во август, но поради проблеми кои не се наведени, транспортот доцнел, пишува Нетпрес.

The post Македонија повторно испрати воена помош за Украина: Еве што има во натоварениот воз appeared first on Република.

]]>

На социјалната мрежа Телеграм вчера осамна видео-снимка од воз натоварен со воена инженерска опрема и возила, за која се тврди дека е дел од воената помош од Македонија наменета за Украина. На снимката што ја објавува прорускиот канал @Ryabar, кој го води извесен Дејан Бариќ од Србија, се тврди дека возот со инженерска опрема тргнал од Скопје на 7 ноември и преку Бугарија се упатил кон Украина. На 9 ноември возот стигнал во бугарскиот град Русе, го поминал граничниот премин со Романија, па се упатил преку романска територија кон областа на Одеса, тврди каналот повикувајќи се на свои извор. На снимката се гледаат повеќе од десет различни типови возила, вклучувајќи оклопни возила за спасување Т-55, камиони М-35, оклопни возила Ленд ровер, возила за итна медицинска помош, булдожери и дигалки… Каналот уште тврди дека во придружба на опремата патувале и припадници на украинската армија, кои биле сместени во патнички вагон. Оваа пратка наводно требало да стигне во Украина уште во август, но поради проблеми кои не се наведени, транспортот доцнел, пишува Нетпрес.

The post Македонија повторно испрати воена помош за Украина: Еве што има во натоварениот воз appeared first on Република.

]]>
САД оставиле воена опрема вредна 7 милијарди долари во Авганистан, но дел од хеликоптерите се префрлени во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-ostavile-voena-oprema-vredna-7-milijardi-dolari-vo-avganistan-no-del-od-helikopterite-se-prefrlen-vo-ukraina/ Thu, 28 Apr 2022 13:44:03 +0000 https://republika.mk/?p=494823

Приближно 7 милијарди долари воена опрема пренесена од САД на авганистанската влада во текот на 16 години, останала во Авганистан откако Американците го завршија повлекувањето во август, се наведува во извештај изработен од американското Министерство за одбрана, а одобрен од Конгресот.

Опремата сега се наоѓа во земја која е под под контрола на талибанците, коишто САД се обидуваа да ги поразат во последните две децении. Министерството за одбрана не планира да се врати во Авганистан за да „ја повлече или уништи“ опремата - пишува „Си-Ен-Ен“.

Според извештајот, САД обезбедиле вкупно 18,6 милијарди долари опрема за авганистанските национални одбранбени и безбедносни сили (ANDSF) од 2005 до август 2021 година. Од тој вкупен износ, опрема вредна 7,12 милијарди долари останала во Авганистан по завршувањето на повлекувањето на САД на 30 август 2021 година.

Тоа вклучува авиони, муниција воздух-земја, воени возила, оружје, опрема за комуникација и други материјали, се вели во извештајот на Министерството за одбрана.

Огромната вредност на оставеното оружје ќе послужи за повторно фокусирање на вниманието на хаотичното и избрзано повлекување од Авганистан, кое беше жестоко критикувано од домашната јавност.

Голем дел од преостанатата опрема што остана во Авганистан бара специјализирано одржување, што претходно им го обезбедуваа изведувачите од Министерството за одбрана на авганистанските сили во вид на техничко знаење и поддршка - се наведува во извештајот.

Министерството за одбрана мораше да поднесе извештај до Конгресот „за располагањето со имотот, опремата и залихите на САД дадени на авганистанските сили кои беа“ уништени, извлечени или оставени во Авганистан, се наведува во извештајот од март 2022 година.

Од Авганистан до Украина

Во извештајот се наведува и дека пет хеликоптери Ми-17 кои биле во Авганистан, официјално и се префрлени на Украина во 2022 година, откако тие веќе биле во Украина заради одржување пред САД да го напуштат Авганистан.

Министерството за одбрана го информираше Конгресот за својата намера да префрли хеликоптери во јануари 2022 година, пред да почне руската воена акција, а Украина потпиша писмо за прифаќање на 11 март 2022 година.

Овие пет хеликоптери беа на поправка во Украина кога падна авганистанската влада и оттогаш остануваат таму.

Од другата опрема што САД претходно ја набавија за Авганистан, но не ја испратија во таа земја, САД и дадоа на Украина одредено количество „нестандардна муниција“, вклучително и околу 37.000 куршуми за хаубица калибар 122 мм - се вели во извештајот.

САД, исто така, префрлиле на Украина над 15 милиони куршуми, над 99.000 гранати со висока експлозивност/фрагментација од 40 милиметри и околу 119.000 82-милиметарски високоексплозивни гранати за минофрлачи од опремата што претходно беше набавена за Авганистан.

Муницијата е пренесена во Украина по овластување на претседателот да се повлече опремата - се наведува во извештајот.

Во Авганистан останале авиони вредни 923,3 милиони долари.

Пред повлекувањето, САД оставија 78 авиони набавени за авганистанската влада на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Кабул. Авионите биле демилитаризирани и онеспособени пред да замине американската војска - се вели во извештајот.

Вкупно 9.524 парчиња муниција воздух-земја, вредна 6,54 милиони долари, останале во Авганистан по повлекувањето на американската војска.

Непозната состојба на воени возила

Во Авганситан, во моментот на повлекувањето на САД, останале и повеќе од 40.000 од вкупно 96.000 воени возила донирани од САД на авганистанските сили, вклучително и 12.000 Хамви.

Не е позната оперативната состојба на преостанатите возила во Авганистан - се наведува во извештајот.

Повеќе од 300.000 од вкупно 427.300 парчиња оружје што САД им ги обезбедија на авганистанските сили остануваат во Авганистан, како и помалку од 1.537.000 парчиња „специјална муниција“ и „обична муниција за малокалибарско оружје“, во вкупна вредност од 48 милиони долари.

Речиси целата комуникациска опрема што САД ја обезбедиле на авганистанските сили останала, вклучително и базни станици, мобилни, преносни и рачни комерцијални и воени радио системи, како и поврзани предаватели и уреди за шифрирање.

Речиси целата опрема за надзор за ноќно гледање, „биометриска и позиционирачка опрема“ останала на територија контролирана од талибанците, како и речиси целата опрема за отстранување и деминирање на експлозиви - се додава во извештајот.

The post САД оставиле воена опрема вредна 7 милијарди долари во Авганистан, но дел од хеликоптерите се префрлени во Украина appeared first on Република.

]]>

Приближно 7 милијарди долари воена опрема пренесена од САД на авганистанската влада во текот на 16 години, останала во Авганистан откако Американците го завршија повлекувањето во август, се наведува во извештај изработен од американското Министерство за одбрана, а одобрен од Конгресот.
Опремата сега се наоѓа во земја која е под под контрола на талибанците, коишто САД се обидуваа да ги поразат во последните две децении. Министерството за одбрана не планира да се врати во Авганистан за да „ја повлече или уништи“ опремата - пишува „Си-Ен-Ен“.
Според извештајот, САД обезбедиле вкупно 18,6 милијарди долари опрема за авганистанските национални одбранбени и безбедносни сили (ANDSF) од 2005 до август 2021 година. Од тој вкупен износ, опрема вредна 7,12 милијарди долари останала во Авганистан по завршувањето на повлекувањето на САД на 30 август 2021 година. Тоа вклучува авиони, муниција воздух-земја, воени возила, оружје, опрема за комуникација и други материјали, се вели во извештајот на Министерството за одбрана. Огромната вредност на оставеното оружје ќе послужи за повторно фокусирање на вниманието на хаотичното и избрзано повлекување од Авганистан, кое беше жестоко критикувано од домашната јавност.
Голем дел од преостанатата опрема што остана во Авганистан бара специјализирано одржување, што претходно им го обезбедуваа изведувачите од Министерството за одбрана на авганистанските сили во вид на техничко знаење и поддршка - се наведува во извештајот.
Министерството за одбрана мораше да поднесе извештај до Конгресот „за располагањето со имотот, опремата и залихите на САД дадени на авганистанските сили кои беа“ уништени, извлечени или оставени во Авганистан, се наведува во извештајот од март 2022 година.

Од Авганистан до Украина

Во извештајот се наведува и дека пет хеликоптери Ми-17 кои биле во Авганистан, официјално и се префрлени на Украина во 2022 година, откако тие веќе биле во Украина заради одржување пред САД да го напуштат Авганистан. Министерството за одбрана го информираше Конгресот за својата намера да префрли хеликоптери во јануари 2022 година, пред да почне руската воена акција, а Украина потпиша писмо за прифаќање на 11 март 2022 година.
Овие пет хеликоптери беа на поправка во Украина кога падна авганистанската влада и оттогаш остануваат таму.   Од другата опрема што САД претходно ја набавија за Авганистан, но не ја испратија во таа земја, САД и дадоа на Украина одредено количество „нестандардна муниција“, вклучително и околу 37.000 куршуми за хаубица калибар 122 мм - се вели во извештајот.
САД, исто така, префрлиле на Украина над 15 милиони куршуми, над 99.000 гранати со висока експлозивност/фрагментација од 40 милиметри и околу 119.000 82-милиметарски високоексплозивни гранати за минофрлачи од опремата што претходно беше набавена за Авганистан.
Муницијата е пренесена во Украина по овластување на претседателот да се повлече опремата - се наведува во извештајот.
Во Авганистан останале авиони вредни 923,3 милиони долари.
Пред повлекувањето, САД оставија 78 авиони набавени за авганистанската влада на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Кабул. Авионите биле демилитаризирани и онеспособени пред да замине американската војска - се вели во извештајот.
Вкупно 9.524 парчиња муниција воздух-земја, вредна 6,54 милиони долари, останале во Авганистан по повлекувањето на американската војска.

Непозната состојба на воени возила

Во Авганситан, во моментот на повлекувањето на САД, останале и повеќе од 40.000 од вкупно 96.000 воени возила донирани од САД на авганистанските сили, вклучително и 12.000 Хамви.
Не е позната оперативната состојба на преостанатите возила во Авганистан - се наведува во извештајот.
Повеќе од 300.000 од вкупно 427.300 парчиња оружје што САД им ги обезбедија на авганистанските сили остануваат во Авганистан, како и помалку од 1.537.000 парчиња „специјална муниција“ и „обична муниција за малокалибарско оружје“, во вкупна вредност од 48 милиони долари. Речиси целата комуникациска опрема што САД ја обезбедиле на авганистанските сили останала, вклучително и базни станици, мобилни, преносни и рачни комерцијални и воени радио системи, како и поврзани предаватели и уреди за шифрирање.