воена обука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voena-obuka/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jan 2024 17:33:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воена обука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voena-obuka/ 32 32 Хрватска ќе воведува задолжителна основна воена обука https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-ke-voveduva-zadolzhitelna-osnovna-voena-obuka/ Wed, 17 Jan 2024 17:33:32 +0000 https://republika.mk/?p=734096

Хрватското Министерство за одбрана (МО) денеска соопшти дека работи на концепт за куса основна воена обука, а државниот секретар Здравко Јакоб во Парламентот изјави дека моделот ќе биде познат во најбрз можен рок.

Јакоб во хрватскиот Сабор, по седницата на Комисијата за одбрана, изјави дека обуката отсекогаш била тема во Министерството и вооружените сили и дека моделот ќе биде познат што е можно поскоро. Тој потенцираше дека со моделот на обука ќе се одговори на безбедносните барања на Хрватска и на организациите во кои учествуваат хрватските вооружени сили.

Ако имате повеќе обучени војници, подофицери и офицери, тогаш сте поподготвени, рече тој.

- Министерството за одбрана отсекогаш барало најдобри можни решенија, па се уште го бара најдоброто можно решение. Тоа е актуелно прашање и ќе видиме со какво решение ќе излеземе во јавноста, истакна Јакоб.

- Сите опции се отворени и ќе се обидеме да го најдеме најдоброто можно решение, додаде државниот секретар, посочувајќи дека во вооружените сили има доволно луѓе за спроведување обука. Министерството за одбрана и вооружените сили, согласно законот и Уставот, секогаш се подготвени да одговорат на задачите, рече тој.

Јакоб посочи дека за таа намена ќе се обезбедат пари и дека и годинава се предвидени одредени средства за обука.

The post Хрватска ќе воведува задолжителна основна воена обука appeared first on Република.

]]>

Хрватското Министерство за одбрана (МО) денеска соопшти дека работи на концепт за куса основна воена обука, а државниот секретар Здравко Јакоб во Парламентот изјави дека моделот ќе биде познат во најбрз можен рок. Јакоб во хрватскиот Сабор, по седницата на Комисијата за одбрана, изјави дека обуката отсекогаш била тема во Министерството и вооружените сили и дека моделот ќе биде познат што е можно поскоро. Тој потенцираше дека со моделот на обука ќе се одговори на безбедносните барања на Хрватска и на организациите во кои учествуваат хрватските вооружени сили. Ако имате повеќе обучени војници, подофицери и офицери, тогаш сте поподготвени, рече тој. - Министерството за одбрана отсекогаш барало најдобри можни решенија, па се уште го бара најдоброто можно решение. Тоа е актуелно прашање и ќе видиме со какво решение ќе излеземе во јавноста, истакна Јакоб. - Сите опции се отворени и ќе се обидеме да го најдеме најдоброто можно решение, додаде државниот секретар, посочувајќи дека во вооружените сили има доволно луѓе за спроведување обука. Министерството за одбрана и вооружените сили, согласно законот и Уставот, секогаш се подготвени да одговорат на задачите, рече тој. Јакоб посочи дека за таа намена ќе се обезбедат пари и дека и годинава се предвидени одредени средства за обука.

The post Хрватска ќе воведува задолжителна основна воена обука appeared first on Република.

]]>
Полска нуди основна воена обука https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-nudi-osnovna-voena-obuka/ Mon, 26 Sep 2022 14:16:17 +0000 https://republika.mk/?p=554371

Полската војска ќе им понуди основен еднодневен курс за обука на граѓаните од 18 до 65 години, информираше Министерството за одбрана.

Курсот ќе се состои од учење како да се ракува со оружје, како да се пука, ограничување на противници во блиска борба и вештина за читање географски карти.

Ќе се одржува во октомври и ноември, секоја сабота во 17 воени бази. Може да присуствуваат само граѓани на Полска.

Како што пишуваат дел од медиумите, војната во Украина повторно ги стави во фокус долгогодишните планови на земјата, чија цел е да го зголеми бројот на полските војници.

Полската војска сега има 110.000 војници, со дополнителни 30.000 машки и женски лица во рамки на Територијалните одбранбени сили. Владината цел е да се зголемат бројките на 250.000 професионалци и 50.000 припадници на Територијалните одбранбени сили.

The post Полска нуди основна воена обука appeared first on Република.

]]>

Полската војска ќе им понуди основен еднодневен курс за обука на граѓаните од 18 до 65 години, информираше Министерството за одбрана. Курсот ќе се состои од учење како да се ракува со оружје, како да се пука, ограничување на противници во блиска борба и вештина за читање географски карти. Ќе се одржува во октомври и ноември, секоја сабота во 17 воени бази. Може да присуствуваат само граѓани на Полска. Како што пишуваат дел од медиумите, војната во Украина повторно ги стави во фокус долгогодишните планови на земјата, чија цел е да го зголеми бројот на полските војници. Полската војска сега има 110.000 војници, со дополнителни 30.000 машки и женски лица во рамки на Територијалните одбранбени сили. Владината цел е да се зголемат бројките на 250.000 професионалци и 50.000 припадници на Територијалните одбранбени сили.

The post Полска нуди основна воена обука appeared first on Република.

]]>
Цивили, меѓу кои и жени, масовно учат да пукаат: Финска се подготвува за војна со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/civili-megju-koi-i-zeni-masovno-uchat-da-pukaat-finska-se-podgotvuva-za-vojna-so-rusija/ Thu, 28 Apr 2022 09:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=494611

Според анкетите спроведени по рускaта воена акција во Украина, голем број фински граѓани го поддржуваат влезот на земјата во НАТО по долгорочната политика да не го попречува моќниот сосед со кој дели долга источна граница. И не само тоа, се чини дека финските граѓани доволно се плашат од Русија што дел од нив активно се подготвуваат за војна, пренесува „Јутарњи.хр“.

„Лос Анџелес Тајмс“ известува за воени вежби организирани од фински резервисти за фински цивили. „Reservilaisliitto“, финско здружение на резервисти, неодамна ги повика цивилите, особено машките жители, да се пријават за војна обука и евентуална војна.

Во градот Хаминлин во внатрешноста на земјата веднаш биле пополнети 400 понудени места, а на листата на чекање се пријавиле дури 500 жени, пишува „ЛА Тајмс“.

Заинтересираните Финци ќе вежбаат пукање од огнено оружје и ќе научат за сајбер безбедноста и однесувањето во првите денови од можната војна.

Не би го нарекла страв. Работата е во тоа, да бидеме подготвени - вели Соња Аирики, 39-годишен резервна армиска наредничка која ја води обуката.

Пресврт во ставот на јавноста

Финска има комплицирана историја со Русија. Многу Финци отсекогаш гледале со недоверба кон својот источен сосед. Сепак, бројот на заинтересирани за цивилна одбрана ги изненади организаторите.

Финската влада во моментов расправа за членство во НАТО во парламентот.

На 100-годишнината од прогласувањето независност, во 2017 година, само 19% од Финците во анкетите имале позитивно мислење за влез во НАТО. Анкетите сега покажуваат поддршка од 68 отсто.

Додека скандинавските медиуми се повеќе шпекулираат дека одлуката е веќе донесена меѓу владејачката партија, не само во Финска, туку и во соседна Шведска, финските медиуми пренесуваат пораки и предупредувања од финските национални безбедносни служби за потенцијални руски опструкции кон НАТО.

Се споменува можноста за зголемување на руската шпионска активност во земјата. Кога украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна се обрати пред финскиот парламент преку видео врска, паднаа веб-страниците на финските министерства за надворешни работи и одбрана. Ова, велат во Финска, се очекувало, но немало значителна штета.

Согледувајќи ја опасноста што се заканува, шефовите на норвешката и шведската служба го посетија Хелсинки за да покажат дека ги збиваат редовите со скандинавските соседи. Но, според информациите што јавно ги доставија шведските и финските безбедносни служби во тие две земји, барем засега, не е забележан значаен обид на Русија да влијае на јавната дебата.

Досегашните обиди на Русија беа ограничени, веројатно затоа што Москва сега е фокусирана на Украина -  изјави Анти Пелтари, шеф на финската служба за безбедност.

Го намалуваат увозот на енергија од Русија

Финскиот „Фингрид “, оператор за пренос на електрична енергија, најави дека ќе го намали увозот на електрична енергија од Русија во светло на можните промени на ситуацијата, особено со оглед на најавата за членство во НАТО. Максималните увозни капацитети ќе бидат ограничени од сегашните 1.300 мегавати на 900 мегавати, пишуваат финските медиуми. Раководството на „Фингрид“ ја образложи својата одлука со проценката на владините служби дека може да има обид да се влијае на критичната инфраструктура на земјата. Сличен потег неодамна направија и балтичките земји. Финска исто така ќе се стреми да ги задоволи потребите за увоз од Шведска и да го зголеми домашното производство.

Финското општество како целина треба да биде подготвено на различни начини кои Русија би можела да ги искористи за да влијае на процесот на донесување одлуки - порача Пелтари, шеф на финската безбедност, потсетувајќи на можноста за користење на мигрантите како оружје веќе видено во земјата.

Тој додава дека финските служби проценуваат оти руските сајбер и информативни операции ќе се прошират западно од Украина во наредните месеци.

Задачата на властите е да обезбедат слободна дебата без присуство на страв и надворешните играчи да не влијаат на одлуките што ги носиме за сопствената безбедност - вели Пелтари.

Тој откри и дека во земјата има ист број шпиони како и за време на Студената војна. Тој ги предупреди Финците да не станат плен на лажни информации и да ги проверуваат изворите на информации на социјалните мрежи.

Пелтари го повтори предупредувањето дека е неопходно да се подготват за можни напади врз клучната инфраструктура и дека оваа одговорност ја споделуваат јавните и приватните оператори.

The post Цивили, меѓу кои и жени, масовно учат да пукаат: Финска се подготвува за војна со Русија appeared first on Република.

]]>

Според анкетите спроведени по рускaта воена акција во Украина, голем број фински граѓани го поддржуваат влезот на земјата во НАТО по долгорочната политика да не го попречува моќниот сосед со кој дели долга источна граница. И не само тоа, се чини дека финските граѓани доволно се плашат од Русија што дел од нив активно се подготвуваат за војна, пренесува „Јутарњи.хр“. „Лос Анџелес Тајмс“ известува за воени вежби организирани од фински резервисти за фински цивили. „Reservilaisliitto“, финско здружение на резервисти, неодамна ги повика цивилите, особено машките жители, да се пријават за војна обука и евентуална војна. Во градот Хаминлин во внатрешноста на земјата веднаш биле пополнети 400 понудени места, а на листата на чекање се пријавиле дури 500 жени, пишува „ЛА Тајмс“. Заинтересираните Финци ќе вежбаат пукање од огнено оружје и ќе научат за сајбер безбедноста и однесувањето во првите денови од можната војна.
Не би го нарекла страв. Работата е во тоа, да бидеме подготвени - вели Соња Аирики, 39-годишен резервна армиска наредничка која ја води обуката.

Пресврт во ставот на јавноста

Финска има комплицирана историја со Русија. Многу Финци отсекогаш гледале со недоверба кон својот источен сосед. Сепак, бројот на заинтересирани за цивилна одбрана ги изненади организаторите. Финската влада во моментов расправа за членство во НАТО во парламентот. На 100-годишнината од прогласувањето независност, во 2017 година, само 19% од Финците во анкетите имале позитивно мислење за влез во НАТО. Анкетите сега покажуваат поддршка од 68 отсто. Додека скандинавските медиуми се повеќе шпекулираат дека одлуката е веќе донесена меѓу владејачката партија, не само во Финска, туку и во соседна Шведска, финските медиуми пренесуваат пораки и предупредувања од финските национални безбедносни служби за потенцијални руски опструкции кон НАТО. Се споменува можноста за зголемување на руската шпионска активност во земјата. Кога украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна се обрати пред финскиот парламент преку видео врска, паднаа веб-страниците на финските министерства за надворешни работи и одбрана. Ова, велат во Финска, се очекувало, но немало значителна штета. Согледувајќи ја опасноста што се заканува, шефовите на норвешката и шведската служба го посетија Хелсинки за да покажат дека ги збиваат редовите со скандинавските соседи. Но, според информациите што јавно ги доставија шведските и финските безбедносни служби во тие две земји, барем засега, не е забележан значаен обид на Русија да влијае на јавната дебата.
Досегашните обиди на Русија беа ограничени, веројатно затоа што Москва сега е фокусирана на Украина -  изјави Анти Пелтари, шеф на финската служба за безбедност.

Го намалуваат увозот на енергија од Русија

Финскиот „Фингрид “, оператор за пренос на електрична енергија, најави дека ќе го намали увозот на електрична енергија од Русија во светло на можните промени на ситуацијата, особено со оглед на најавата за членство во НАТО. Максималните увозни капацитети ќе бидат ограничени од сегашните 1.300 мегавати на 900 мегавати, пишуваат финските медиуми. Раководството на „Фингрид“ ја образложи својата одлука со проценката на владините служби дека може да има обид да се влијае на критичната инфраструктура на земјата. Сличен потег неодамна направија и балтичките земји. Финска исто така ќе се стреми да ги задоволи потребите за увоз од Шведска и да го зголеми домашното производство.
Финското општество како целина треба да биде подготвено на различни начини кои Русија би можела да ги искористи за да влијае на процесот на донесување одлуки - порача Пелтари, шеф на финската безбедност, потсетувајќи на можноста за користење на мигрантите како оружје веќе видено во земјата.
Тој додава дека финските служби проценуваат оти руските сајбер и информативни операции ќе се прошират западно од Украина во наредните месеци.
Задачата на властите е да обезбедат слободна дебата без присуство на страв и надворешните играчи да не влијаат на одлуките што ги носиме за сопствената безбедност - вели Пелтари.
Тој откри и дека во земјата има ист број шпиони како и за време на Студената војна. Тој ги предупреди Финците да не станат плен на лажни информации и да ги проверуваат изворите на информации на социјалните мрежи. Пелтари го повтори предупредувањето дека е неопходно да се подготват за можни напади врз клучната инфраструктура и дека оваа одговорност ја споделуваат јавните и приватните оператори.

The post Цивили, меѓу кои и жени, масовно учат да пукаат: Финска се подготвува за војна со Русија appeared first on Република.

]]>