воена база Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voena-baza/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 17:13:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воена база Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voena-baza/ 32 32 САД отвори нова ракетна база во Полска на 100 километри од руската граница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-otvori-nova-raketna-baza-vo-polska-na-100-kilometri-od-ruskata-granitsa/ Wed, 13 Nov 2024 17:51:41 +0000 https://republika.mk/?p=837311

Соединетите Американски Држави (САД) денеска отворија нова база за противвоздушна одбрана во cеверна Полска, што претседателот на таа земја ја оцени како доказ дека Полска е безбедна како членка на НАТО, дури и додека Русија води војна во соседна Украина.

САД се гарант за безбедноста на Полска“, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда.

Тој додаде дека постојаното присуство на американските сили во базата покажува дека Полска, комунистичка држава до 1989 година, „не е во руската сфера на влијание“.

Базата, која се градеше уште од 2000-тите, е сместена во градот Реџиково во близина на балтичкиот брег, кој се наоѓа на околу 100 километри од руската граница.

Официјален Кремљ ја нарече базата обид придвижување на американската воена инфраструктура поблиску до нејзините граници.

Американската база во Реџиково е дел од поширокиот антибалистички ракетен штит на НАТО, копнена верзија на американскиот противракетен одбранбен систем Ејџис, за кој Алијансата тврди дека може да пресретне балистички ракети со краток и среден дострел.

Уште во 2007 година, додека проектот беше во фаза на планирање, официјална Москва ја означи оваа база како закана. НАТО тврди дека штитот има чисто одбранбен карактер.

The post САД отвори нова ракетна база во Полска на 100 километри од руската граница appeared first on Република.

]]>

Соединетите Американски Држави (САД) денеска отворија нова база за противвоздушна одбрана во cеверна Полска, што претседателот на таа земја ја оцени како доказ дека Полска е безбедна како членка на НАТО, дури и додека Русија води војна во соседна Украина.
САД се гарант за безбедноста на Полска“, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда.
Тој додаде дека постојаното присуство на американските сили во базата покажува дека Полска, комунистичка држава до 1989 година, „не е во руската сфера на влијание“. Базата, која се градеше уште од 2000-тите, е сместена во градот Реџиково во близина на балтичкиот брег, кој се наоѓа на околу 100 километри од руската граница. Официјален Кремљ ја нарече базата обид придвижување на американската воена инфраструктура поблиску до нејзините граници. Американската база во Реџиково е дел од поширокиот антибалистички ракетен штит на НАТО, копнена верзија на американскиот противракетен одбранбен систем Ејџис, за кој Алијансата тврди дека може да пресретне балистички ракети со краток и среден дострел. Уште во 2007 година, додека проектот беше во фаза на планирање, официјална Москва ја означи оваа база како закана. НАТО тврди дека штитот има чисто одбранбен карактер.

The post САД отвори нова ракетна база во Полска на 100 километри од руската граница appeared first on Република.

]]>
Сè уште не е изгаснат пожарот во руската воена база на Крим https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-ushte-ne-e-izgasnat-pozarot-vo-ruskata-voena-baza-na-krim/ Wed, 17 Aug 2022 13:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=541429

Во руската воена база во близина на Џанкој на Крим денеска, еден ден по нападот, сè уште има пожар и се слушаат експлозии од магацинот за оружје.

Вршителот на должност премиер на Крим, Сергеј Аксјонов изјави дека пожарот се гасне и од воздух со хеликоптер. Тој исто така наведе дека се трага по извршителите на нападот.

Поради пожарот и експлозиите евакуирани се повеќе од 3.000 луѓе.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека експлозиите во складиштето за муниција на Крим се саботажа.

„Скај њуз“ (Sky News) објави дека нападот е извршен од украинските специјални сили кои дејствуваат во Крим, кој е под руска окупација.

The post Сè уште не е изгаснат пожарот во руската воена база на Крим appeared first on Република.

]]>

Во руската воена база во близина на Џанкој на Крим денеска, еден ден по нападот, сè уште има пожар и се слушаат експлозии од магацинот за оружје. Вршителот на должност премиер на Крим, Сергеј Аксјонов изјави дека пожарот се гасне и од воздух со хеликоптер. Тој исто така наведе дека се трага по извршителите на нападот. Поради пожарот и експлозиите евакуирани се повеќе од 3.000 луѓе. Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека експлозиите во складиштето за муниција на Крим се саботажа. „Скај њуз“ (Sky News) објави дека нападот е извршен од украинските специјални сили кои дејствуваат во Крим, кој е под руска окупација.

The post Сè уште не е изгаснат пожарот во руската воена база на Крим appeared first on Република.

]]>
Русија ќе гради воена база во Србија ?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rusija-kje-gradi-voena-baza-vo-srbija/ Tue, 09 Aug 2022 08:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=538258

Русија размислува да изгради руска воена база која ќе извршува различни извидувачки задачи и ќе ја следи животната средина во Србија, смета рускиот воен експерт и историчар Борис Јулин, пренесува lenta.ru, нашироко читан руски портал во сопственост на „Сбербанк“ од 2020 година.

Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Русија во Белград, Александар Боцан-Карченко, пишува порталот, зборувал за тоа наведувајќи дека „создавањето руски воени бази во Србија е суверена работа на таа земја“

Освен тоа, додава тој, ова е прашање што ја засега самата Русија.

Што се однесува до заедничкиот хуманитарен центар, тој постои и функционира за одговор на кризи во случај на хуманитарна катастрофа, го цитира Лента.ру Боцан Харченко.

Воениот експерт Јулин наведува дека не е многу јасно какви придобивки ќе има создавањето на воена база во Србија.

Факт е дека базите се наоѓаат во близина на зоните на можни непријателства. Но, во Србија, територијално, ќе биде целосно отсечена од Русија и опкружена од сите страни со земји од ЕУ, а делумно и од земјите на НАТО. Не е јасно како е можно да се концентрираат силите и да се обезбеди база во овој случај, истакнува Јулин.

Единствената можна цел на нејзино создавање, за овој руски воен експерт е „извидувачка мисија и надзор на околината, поточно собирање разузнавачки податоци.

Тој исто така додава дека „Европската унија би можела да почне да ја перципира Србија како веројатен извор на закана во случај на конфликт“, што би имало не многу пријатни последици за Белград.

Претходно српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, потсетува рускиот портал, објавил дека Србија е независна земја и не сака да се меша во конфликтите меѓу Русија и Западот и дека особено не сака да стане „пешадија на НАТО пактот“.

The post Русија ќе гради воена база во Србија ?! appeared first on Република.

]]>

Русија размислува да изгради руска воена база која ќе извршува различни извидувачки задачи и ќе ја следи животната средина во Србија, смета рускиот воен експерт и историчар Борис Јулин, пренесува lenta.ru, нашироко читан руски портал во сопственост на „Сбербанк“ од 2020 година. Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Русија во Белград, Александар Боцан-Карченко, пишува порталот, зборувал за тоа наведувајќи дека „создавањето руски воени бази во Србија е суверена работа на таа земја“ Освен тоа, додава тој, ова е прашање што ја засега самата Русија. Што се однесува до заедничкиот хуманитарен центар, тој постои и функционира за одговор на кризи во случај на хуманитарна катастрофа, го цитира Лента.ру Боцан Харченко. Воениот експерт Јулин наведува дека не е многу јасно какви придобивки ќе има создавањето на воена база во Србија. Факт е дека базите се наоѓаат во близина на зоните на можни непријателства. Но, во Србија, територијално, ќе биде целосно отсечена од Русија и опкружена од сите страни со земји од ЕУ, а делумно и од земјите на НАТО. Не е јасно како е можно да се концентрираат силите и да се обезбеди база во овој случај, истакнува Јулин. Единствената можна цел на нејзино создавање, за овој руски воен експерт е „извидувачка мисија и надзор на околината, поточно собирање разузнавачки податоци. Тој исто така додава дека „Европската унија би можела да почне да ја перципира Србија како веројатен извор на закана во случај на конфликт“, што би имало не многу пријатни последици за Белград. Претходно српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, потсетува рускиот портал, објавил дека Србија е независна земја и не сака да се меша во конфликтите меѓу Русија и Западот и дека особено не сака да стане „пешадија на НАТО пактот“.

The post Русија ќе гради воена база во Србија ?! appeared first on Република.

]]>
Руски ракети уништиле украинска воена база во близина на Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-raketi-unishtile-ukrainska-voena-baza-vo-blizina-na-kiev/ Thu, 28 Jul 2022 20:31:34 +0000 https://republika.mk/?p=534436

Генералштабот на украинската војска соопшти дека руски крстосувачки ракети ја погодиле и уништиле воената база во близина на главниот град Киев и „делумно ја разориле“.

Околу 5 часот утрото по локално време непријателот почна напад истрелувајќи шест крстосувачки ракети „Калибр“ врз воената постројка Лиутиј во регионот на Киев - изјави за медиумите Олексиј Громов, висок функционер во врвот на украинските вооружени сили.

Громов додаде дека ракетите биле истрелани од насока на црноморскиот полуостров Крим.

Тој тврди и дека руските сили, наводно, со повеќекратни ракетни лансери од територијата на соседна Белорусија извеле напад во северниот украински регион Чернигов.

Има загуби меѓу украинската војска - додаде Громов.

Според него, проруските сепаратисти и руските трупи го продолжиле напредувањето кон градовите Северск и Бахмут на границата на одметнатата област Донбас, доминантно населена со руско и рускојазично население.

Ситуацијата таму е тешка но целосно под контрола - додаде Громов.

Во јужниот регион Херсон, каде што Киев со недели најавува контраофанзива откако го ракетира со американските системи со голем дострел и висока мобилност ХИМАРС, наводно последните две недели украинската војска успеала да врати под контрола три села. Сепак, западните медиуми наведуваат дека не можно да се потврдат информациите од независни извори.

Во меѓувреме, проруските сепаратисти од Доњецк известија дека во масивните украински гранатирања во изминатото деноноќие загинале четворица цивили, додека, пак, украинската страна наведува дека во продолжиле руските бомбардирања во неколку региони.

 

The post Руски ракети уништиле украинска воена база во близина на Киев appeared first on Република.

]]>

Генералштабот на украинската војска соопшти дека руски крстосувачки ракети ја погодиле и уништиле воената база во близина на главниот град Киев и „делумно ја разориле“.
Околу 5 часот утрото по локално време непријателот почна напад истрелувајќи шест крстосувачки ракети „Калибр“ врз воената постројка Лиутиј во регионот на Киев - изјави за медиумите Олексиј Громов, висок функционер во врвот на украинските вооружени сили.
Громов додаде дека ракетите биле истрелани од насока на црноморскиот полуостров Крим. Тој тврди и дека руските сили, наводно, со повеќекратни ракетни лансери од територијата на соседна Белорусија извеле напад во северниот украински регион Чернигов.
Има загуби меѓу украинската војска - додаде Громов.
Според него, проруските сепаратисти и руските трупи го продолжиле напредувањето кон градовите Северск и Бахмут на границата на одметнатата област Донбас, доминантно населена со руско и рускојазично население.
Ситуацијата таму е тешка но целосно под контрола - додаде Громов.
Во јужниот регион Херсон, каде што Киев со недели најавува контраофанзива откако го ракетира со американските системи со голем дострел и висока мобилност ХИМАРС, наводно последните две недели украинската војска успеала да врати под контрола три села. Сепак, западните медиуми наведуваат дека не можно да се потврдат информациите од независни извори. Во меѓувреме, проруските сепаратисти од Доњецк известија дека во масивните украински гранатирања во изминатото деноноќие загинале четворица цивили, додека, пак, украинската страна наведува дека во продолжиле руските бомбардирања во неколку региони.  

The post Руски ракети уништиле украинска воена база во близина на Киев appeared first on Република.

]]>
Руските сили освоиле украинска воена база со големо количество складирано оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-osvoile-ukrainska-voena-baza-so-golemo-kolichestvo-skladirano-oruzje/ Tue, 26 Apr 2022 12:24:56 +0000 https://republika.mk/?p=493797

Вооружените сили на Руската Федерација ја презеле контролата врз база за складирање и ремонт на опремата на Вооружените сили на Украина.

Како што објавија руските медиуми, во базата има голем број системи за противвоздушна одбрана за различни намени, муниција за нив, како и резервни делови за радарски станици, кои националистите ги оставиле при повлекувањето.

The post Руските сили освоиле украинска воена база со големо количество складирано оружје appeared first on Република.

]]>

Вооружените сили на Руската Федерација ја презеле контролата врз база за складирање и ремонт на опремата на Вооружените сили на Украина. Како што објавија руските медиуми, во базата има голем број системи за противвоздушна одбрана за различни намени, муниција за нив, како и резервни делови за радарски станици, кои националистите ги оставиле при повлекувањето.

The post Руските сили освоиле украинска воена база со големо количество складирано оружје appeared first on Република.

]]>