воен удар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voen-udar/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Aug 2023 09:49:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воен удар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voen-udar/ 32 32 Зеленски би можел да биде соборен со државен удар во следните три до четири недели, вели воен аналитичар од САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-bi-mozhel-da-bide-soboren-so-drzhaven-udar-vo-slednite-tri-do-chetiri-nedeli-veli-voen-analitichar-od-sad/ Wed, 30 Aug 2023 09:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=677239

Поранешен аналитичар на ЦИА, Лери Џонсон, вели дека украинската војска може да се сврти против претседателот Володимир Зеленски после неуспешните контраофанзиви.

„Зеленски би можел да биде соборен со државен удар во следните три до четири недели, поради големото незадоволство меѓу војниците на источниот фронт“, рече Џонсон во интервју за „Редактед“.

Повеќе американски аналитичари шпекулираа дека војската ќе се сврти против Зеленски. Претходно овој месец, поранешниот офицер на американскиот марински корпус Скот Ритер рече дека веројатноста за воен напад се зголемува со секоја уништена украинска бригада.

„Можеме да дојдеме до точка каде што војската само ќе каже: „Доста ни е“, рече Ритер.

Џонсон вели дека Киев е веќе целосно зависен од Западот и опстанокот на Украина како држава е под голем знак прашалник.

The post Зеленски би можел да биде соборен со државен удар во следните три до четири недели, вели воен аналитичар од САД appeared first on Република.

]]>

Поранешен аналитичар на ЦИА, Лери Џонсон, вели дека украинската војска може да се сврти против претседателот Володимир Зеленски после неуспешните контраофанзиви. „Зеленски би можел да биде соборен со државен удар во следните три до четири недели, поради големото незадоволство меѓу војниците на источниот фронт“, рече Џонсон во интервју за „Редактед“.
Повеќе американски аналитичари шпекулираа дека војската ќе се сврти против Зеленски. Претходно овој месец, поранешниот офицер на американскиот марински корпус Скот Ритер рече дека веројатноста за воен напад се зголемува со секоја уништена украинска бригада.
„Можеме да дојдеме до точка каде што војската само ќе каже: „Доста ни е“, рече Ритер. Џонсон вели дека Киев е веќе целосно зависен од Западот и опстанокот на Украина како држава е под голем знак прашалник.

The post Зеленски би можел да биде соборен со државен удар во следните три до четири недели, вели воен аналитичар од САД appeared first on Република.

]]>
Воен удар во Габон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/voen-udar-vo-gabon/ Wed, 30 Aug 2023 07:55:18 +0000 https://republika.mk/?p=677187

Воени офицери се појавија на националната телевизија во Габон и соопштија дека ја презеле власта во земјата.

Офицерите соопштија дека ги поништуваат резултатите од саботните избори на кои претседателот Али Бонго беше прогласен за победник, јавува Би-би-си.

Изборната комисија соопшти дека Бонго освоил нешто помалку од две третини од гласовите на изборите за кои опозицијата тврдеше дека биле фалсификувани.

The post Воен удар во Габон appeared first on Република.

]]>

Воени офицери се појавија на националната телевизија во Габон и соопштија дека ја презеле власта во земјата. Офицерите соопштија дека ги поништуваат резултатите од саботните избори на кои претседателот Али Бонго беше прогласен за победник, јавува Би-би-си. Изборната комисија соопшти дека Бонго освоил нешто помалку од две третини од гласовите на изборите за кои опозицијата тврдеше дека биле фалсификувани.

The post Воен удар во Габон appeared first on Република.

]]>
Илјадници демонстранти на улиците во главниот град на Судан против воениот удар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iljadnici-demonstranti-na-ulicite-vo-glavniot-grad-na-sudan-protiv-voeniot-udar/ Sun, 30 Jan 2022 13:59:23 +0000 https://republika.mk/?p=451572

Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Картум и другите градови низ Судан за да протестираат против октомврискиот воен удар. Демонстрантите, главно момчиња и девојчиња, маршираа низ улиците повикувајќи на формирање цивилна влада што ќе доведе до транзиција на земјата кон демократија.

Учесниците на протестите удираа во тапани и извикуваа слогани против државниот удар низ улиците на Картум и неговиот збратимен град Омдурман. Тие носеа судански знамиња и други транспаренти со фотографии на демонстранти убиени од безбедносните сили.

Властите ја зајакнале безбедноста во Картум и Омдурман пред одржувањето на протестите. Биле распоредени илјадници војници и полиција, кои го затвориле центарот на Картум, повикувајќи ги демонстрантите да се собираат само на јавните плоштади.

Група демонстранти соопштија дека планираат да се упатат кон претседателската палата.

Според податоците на Суданскиот комитет на лекари, од почетокот на протестите загинале најмалку 78 луѓе, а стотици се повредени, во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили.

The post Илјадници демонстранти на улиците во главниот град на Судан против воениот удар appeared first on Република.

]]>

Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Картум и другите градови низ Судан за да протестираат против октомврискиот воен удар. Демонстрантите, главно момчиња и девојчиња, маршираа низ улиците повикувајќи на формирање цивилна влада што ќе доведе до транзиција на земјата кон демократија. Учесниците на протестите удираа во тапани и извикуваа слогани против државниот удар низ улиците на Картум и неговиот збратимен град Омдурман. Тие носеа судански знамиња и други транспаренти со фотографии на демонстранти убиени од безбедносните сили. Властите ја зајакнале безбедноста во Картум и Омдурман пред одржувањето на протестите. Биле распоредени илјадници војници и полиција, кои го затвориле центарот на Картум, повикувајќи ги демонстрантите да се собираат само на јавните плоштади. Група демонстранти соопштија дека планираат да се упатат кон претседателската палата. Според податоците на Суданскиот комитет на лекари, од почетокот на протестите загинале најмалку 78 луѓе, а стотици се повредени, во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили.

The post Илјадници демонстранти на улиците во главниот град на Судан против воениот удар appeared first on Република.

]]>
Воен удар во Буркина Фасо: Уставот суспендиран, претседателот уапсен, владата и парламентот распуштени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/voen-udar-vo-burkina-faso-ustavot-suspendiran-pretsedatelot-uapsen-vladata-i-parlamentot-raspushteni/ Mon, 24 Jan 2022 19:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=448913

Војската на Буркина Фасо денеска го собори претседателот Рох Каборе, го суспендира Уставот, ги распуштила владата и националното собрание и ги затвори границите на земјата.

Во соопштението, потпишано од потполковникот Пол-Анри Сандаого Дамиба, а прочитано на државната телевизија од друг воен претставник, се вели дека преземањето на власта било извршено без насилство и дека приведените се на безбедно место.

Соопштението доаѓа од името на засега непознато тело - Патриотско движење за зачувување и обнова или МПСР.

МПСР, телото што ги вклучува сите сегменти на војската, одлучи денеска да го прекине мандатот на претседателот Каборе - се наведува во соопштението.

Како причина за изведениот воен удар се наведува колапсот на безбедносната ситуација во земјата и тоа што се опишува како неспособност на Каборе да ја обедини нацијата и ефикасно да одговори на предизвиците со кои се соочува.

До обраќањето на војската доаѓа два дена по конфузијата и стравот што владееја во главниот град Уагадугу, каде вчера дојде до размена на оган во касарните, додека војниците бараа поголема поддршка за нивната борба против исламските милитанти.

Не е познато што се случува со Каборе откако во текот на ноќта се слушнаа силни пукотници во близина на неговата резиденција.

Претходно, партијата на Каборе соопшти дека тој преживеал обид за атентат, но не соопшти никакви детали.

Пред соопштението на војската, Африканската унија и западноафриканскиот блок ЕКОВАС го осудија, како што го нарекоа, обидот за државен удар во Буркина Фасо, соопштувајќи дека армијата ја сметаат за одговорна за безбедноста на Каборе.

Пучот го осуди и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

The post Воен удар во Буркина Фасо: Уставот суспендиран, претседателот уапсен, владата и парламентот распуштени appeared first on Република.

]]>

Војската на Буркина Фасо денеска го собори претседателот Рох Каборе, го суспендира Уставот, ги распуштила владата и националното собрание и ги затвори границите на земјата. Во соопштението, потпишано од потполковникот Пол-Анри Сандаого Дамиба, а прочитано на државната телевизија од друг воен претставник, се вели дека преземањето на власта било извршено без насилство и дека приведените се на безбедно место. Соопштението доаѓа од името на засега непознато тело - Патриотско движење за зачувување и обнова или МПСР.
МПСР, телото што ги вклучува сите сегменти на војската, одлучи денеска да го прекине мандатот на претседателот Каборе - се наведува во соопштението.
Како причина за изведениот воен удар се наведува колапсот на безбедносната ситуација во земјата и тоа што се опишува како неспособност на Каборе да ја обедини нацијата и ефикасно да одговори на предизвиците со кои се соочува. До обраќањето на војската доаѓа два дена по конфузијата и стравот што владееја во главниот град Уагадугу, каде вчера дојде до размена на оган во касарните, додека војниците бараа поголема поддршка за нивната борба против исламските милитанти. Не е познато што се случува со Каборе откако во текот на ноќта се слушнаа силни пукотници во близина на неговата резиденција. Претходно, партијата на Каборе соопшти дека тој преживеал обид за атентат, но не соопшти никакви детали. Пред соопштението на војската, Африканската унија и западноафриканскиот блок ЕКОВАС го осудија, како што го нарекоа, обидот за државен удар во Буркина Фасо, соопштувајќи дека армијата ја сметаат за одговорна за безбедноста на Каборе. Пучот го осуди и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

The post Воен удар во Буркина Фасо: Уставот суспендиран, претседателот уапсен, владата и парламентот распуштени appeared first on Република.

]]>