воен одговор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voen-odgovor/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Jan 2023 20:27:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воен одговор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voen-odgovor/ 32 32 Борел: Израел да не користи смртоносна сила како одговор на нападите, освен во краен случај https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-izrael-da-ne-koristi-smrtonosna-sila-kako-odgovor-na-napadite-osven-vo-kraen-sluchaj/ Sat, 28 Jan 2023 20:27:24 +0000 https://republika.mk/?p=602092

 Шефот за европската дипломатија Жозеп Борел го повика Израел да не користи смртоносна сила, „освен во краен случај“, како одговор на палестинските напади вчера и денеска, во кои загинаа седум лица, а ранети се 12.

„Две лица се ранети од огнено оружје во нов напад денеска во источен Ерусалим“, соопшти утринава израелската полиција, опишувајќи го како „терористички напад“, извршен еден ден по смртоносниот напад на синагога во истиот град во кој загинаа седум, а беа ранети 10 лица.

До пукањето дојде помалку од 24 часа по нападот на синагогата на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот.

Нападите ги осудија сојузниците на Израел и некои арапски земји, а 42 лица беа приведени на сослушување во истрагата.

„Европската унија целосно ја разбира легитимната загриженост на израел по прашањето на безбедноста, што дополнително се оправдува со последните терористички напади, но треба да се нагласи дека смртоносната сила не треба да се користи освен како последно средство, кога е неизбежно да се заштитат животи“, рече Борел откако денеска палестинско момче (13) рани татко и син во близина на важен археолошки локалитет за Евреите.

Борел вели дека Унијата е загрижена поради зголемената тензија во Израел и на палестинските територии и ги повикува двете страни да направат се што е можно за да се смири моменталната ситуација и да започнат координирани акции за да се спречат нови напади и насилство.

The post Борел: Израел да не користи смртоносна сила како одговор на нападите, освен во краен случај appeared first on Република.

]]>

 Шефот за европската дипломатија Жозеп Борел го повика Израел да не користи смртоносна сила, „освен во краен случај“, како одговор на палестинските напади вчера и денеска, во кои загинаа седум лица, а ранети се 12. „Две лица се ранети од огнено оружје во нов напад денеска во источен Ерусалим“, соопшти утринава израелската полиција, опишувајќи го како „терористички напад“, извршен еден ден по смртоносниот напад на синагога во истиот град во кој загинаа седум, а беа ранети 10 лица. До пукањето дојде помалку од 24 часа по нападот на синагогата на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот. Нападите ги осудија сојузниците на Израел и некои арапски земји, а 42 лица беа приведени на сослушување во истрагата. „Европската унија целосно ја разбира легитимната загриженост на израел по прашањето на безбедноста, што дополнително се оправдува со последните терористички напади, но треба да се нагласи дека смртоносната сила не треба да се користи освен како последно средство, кога е неизбежно да се заштитат животи“, рече Борел откако денеска палестинско момче (13) рани татко и син во близина на важен археолошки локалитет за Евреите.
Борел вели дека Унијата е загрижена поради зголемената тензија во Израел и на палестинските територии и ги повикува двете страни да направат се што е можно за да се смири моменталната ситуација и да започнат координирани акции за да се спречат нови напади и насилство.

The post Борел: Израел да не користи смртоносна сила како одговор на нападите, освен во краен случај appeared first on Република.

]]>