водоснабдување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vodosnabduvanje/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Oct 2023 15:14:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png водоснабдување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vodosnabduvanje/ 32 32 Израел го обнови водоснабдувањето во Појасот Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-go-obnovi-vodosnabduvaneto-vo-pojasot-gaza/ Sun, 15 Oct 2023 15:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=691437

Висок израелски функционер потврди дека Израел денеска го обновил снабдувањето со вода во Појасот Газа, откако водоснабдувањето беше во прекин по терористичкиот напад на Хамас од минатата сабота, јави „Тајмс оф Израел“.

Оваа одлука ја потврди и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, кој за Си-ен-ен изјави дека неговите израелски колеги го информирале за овој потег пред еден час.

Саливан додаде дека САД се фокусирани на американските граѓани да им обезбедат безбеден премин од Газа до Египет.

Тој, исто така, истакна дека САД се обидуваат да обезбедат најголемиот број цивили што ја напуштаат Газа да добијат пристап до вода, храна, лекови и засолниште

The post Израел го обнови водоснабдувањето во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Висок израелски функционер потврди дека Израел денеска го обновил снабдувањето со вода во Појасот Газа, откако водоснабдувањето беше во прекин по терористичкиот напад на Хамас од минатата сабота, јави „Тајмс оф Израел“. Оваа одлука ја потврди и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, кој за Си-ен-ен изјави дека неговите израелски колеги го информирале за овој потег пред еден час. Саливан додаде дека САД се фокусирани на американските граѓани да им обезбедат безбеден премин од Газа до Египет. Тој, исто така, истакна дека САД се обидуваат да обезбедат најголемиот број цивили што ја напуштаат Газа да добијат пристап до вода, храна, лекови и засолниште

The post Израел го обнови водоснабдувањето во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Студенчица тече: Прилеп нема проблеми со водата како во минатото https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/studenchitsa-teche-prilep-nema-problemi-so-vodata-kako-vo-minatoto/ Thu, 20 Jul 2023 14:16:22 +0000 https://republika.mk/?p=663638

Во големите жештини, Прилеп нема проблеми со водоснабдувањето иако потрошувачката е зголемена за 40 проценти. Вода има доволно и е стабилна дарежливоста на изворот Студенчица. Во функција се и сопствените извори.

- Зголемена е потрошувачката. Особено во викендите. Во моментов градот располага со 337 литри вода во секунда. Стабилен е дотокот на вода. Ние, сепак, мора да бидеме подготвени на секаква ситуација и резервоарите да бидат функционални. Но, нема и не се очекува нарушено водоснабдување, вели Игор Гулабоски, директор на прилепски „Водовод и канализација“.

Одредените намалувања на дотокот во населби, Јавното претпријатие ги објаснува со интервенции на дефекти.

- Кога работиме на дефекти има одредено намалување на приливот на вода, но тоа е краткотрајно. Некои граѓани се жалат на заматеност. Но нема никакви проблеми, водата е исправна, нагласува Гулабоски.

Надлежните остануваат на апелот рационално да се троши водата за пиење.

Граѓаните ја користат секоја можност за разладување.

The post Студенчица тече: Прилеп нема проблеми со водата како во минатото appeared first on Република.

]]>

Во големите жештини, Прилеп нема проблеми со водоснабдувањето иако потрошувачката е зголемена за 40 проценти. Вода има доволно и е стабилна дарежливоста на изворот Студенчица. Во функција се и сопствените извори.
- Зголемена е потрошувачката. Особено во викендите. Во моментов градот располага со 337 литри вода во секунда. Стабилен е дотокот на вода. Ние, сепак, мора да бидеме подготвени на секаква ситуација и резервоарите да бидат функционални. Но, нема и не се очекува нарушено водоснабдување, вели Игор Гулабоски, директор на прилепски „Водовод и канализација“.
Одредените намалувања на дотокот во населби, Јавното претпријатие ги објаснува со интервенции на дефекти.
- Кога работиме на дефекти има одредено намалување на приливот на вода, но тоа е краткотрајно. Некои граѓани се жалат на заматеност. Но нема никакви проблеми, водата е исправна, нагласува Гулабоски.
Надлежните остануваат на апелот рационално да се троши водата за пиење. Граѓаните ја користат секоја можност за разладување.

The post Студенчица тече: Прилеп нема проблеми со водата како во минатото appeared first on Република.

]]>
Голем дефект во Штип, дел од градот без вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/golem-defekt-vo-shtip-golem-del-od-gradot-bez-voda/ Sun, 08 Jan 2023 11:37:16 +0000 https://republika.mk/?p=594578

Обезбедени се цистерни со вода на три локации во Штип, поради големиот дефект на водоводна линија во Штип. Надлежните од ЈП „Исар” информираат дека  локацијата на дефектот е под филтер станицата на ЈП ,,Исар”, поточно во населбата Дузлак.

Во консултација со службите на ЈП ,,Исар”, санацијата на дефектот треба да трае од шест до осум часа.  Посочуваат дека  од овие причини за граѓаните ќе биде обезбедена вода од цистерна.

Цистерната ќе биде на три пункта, односно локации:

-Од 12 до 13 часот цистерна ќе биде поставена на улицата ,,Христијан Карпош” кај спортското игралиште.

– Од 13 до 14 часот, цистерната ќе биде поставена на улицата ,,Радански пат” во близина на продавница Палестина.
– Од 14 до 15 часот цистерната ќе биде поставена во населбата Деснаци, во близина на спортското игралиште Суитлак.go

The post Голем дефект во Штип, дел од градот без вода appeared first on Република.

]]>

Обезбедени се цистерни со вода на три локации во Штип, поради големиот дефект на водоводна линија во Штип. Надлежните од ЈП „Исар” информираат дека  локацијата на дефектот е под филтер станицата на ЈП ,,Исар”, поточно во населбата Дузлак. Во консултација со службите на ЈП ,,Исар”, санацијата на дефектот треба да трае од шест до осум часа.  Посочуваат дека  од овие причини за граѓаните ќе биде обезбедена вода од цистерна. Цистерната ќе биде на три пункта, односно локации: -Од 12 до 13 часот цистерна ќе биде поставена на улицата ,,Христијан Карпош” кај спортското игралиште.
– Од 13 до 14 часот, цистерната ќе биде поставена на улицата ,,Радански пат” во близина на продавница Палестина.
– Од 14 до 15 часот цистерната ќе биде поставена во населбата Деснаци, во близина на спортското игралиште Суитлак.go

The post Голем дефект во Штип, дел од градот без вода appeared first on Република.

]]>
Град Скопје и Општина Сарај почнуваат изградба на систем за водоснабдување во Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-i-opshtina-saraj-pochnuvaat-izgradba-na-sistem-za-vodosnabduvanje-vo-rashche-kopanica-bojane-bukovikj-i-laskarci/ Tue, 23 Aug 2022 20:28:01 +0000 https://republika.mk/?p=543412

Градоначланичката на град Скопје, Данела Арсовска, најави решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци во општината Сарај.

Арсовска истакна дека тој решавањето на тој проблем е меѓу приоритетните проекти на кои во наредниот период ќе се посвети Градот Скопје.

Сегашната состојба на системот за водоснабдување на селата Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци не ги задоволува основните потреби на жителите на овие населени места за снабдување со вода за пиење. Ова е горлив проблем со кој локалните жители секојдневно се соочени и затоа заедно во соработка со Општина Сарај, пристапуваме кон решавање на овој децениски предизвик. Со цел да се надмине сегашната состојба и да се овозможат поквалитетни услови за живеење, Град Скопје и Општина Сарај пристапуваат кон изработка на урбанистичко планска документација за подобрување на водоснабдувањето, според која се планира да се отпочне со изградба на нов систем за водоснабдување – порача градоначалничката Арсовска.

The post Град Скопје и Општина Сарај почнуваат изградба на систем за водоснабдување во Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци appeared first on Република.

]]>

Градоначланичката на град Скопје, Данела Арсовска, најави решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци во општината Сарај. Арсовска истакна дека тој решавањето на тој проблем е меѓу приоритетните проекти на кои во наредниот период ќе се посвети Градот Скопје.