водород Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vodorod/ За подобро да се разбереме Fri, 06 May 2022 07:24:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png водород Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vodorod/ 32 32 „Дојче бан“ и „Сименс“ направија воз на водород https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/dojche-ban-i-simens-napravija-voz-na-vodorod/ Fri, 06 May 2022 07:24:33 +0000 https://republika.mk/?p=498384

Германскиот конгломерат „Сименс“ денеска го претстави моторниот воз којшто се движи на водород, развиен со германскиот железнички оператор „Дојче бан“. Предвидено е да почне да сообраќа во 2024 година во регионалниот транспорт.

Возот треба „да ги замени дизел-возовите (шинобусите) во меѓуградскиот превоз“, соопшти „Дојче бан“.

Новиот модел на воз наречен „Мирео плус X“ работи на „зелен водород“, произведен со чиста енергија, а по согорувањето испушта само водена пареа. Употребата на гасот водород како гориво без загадувачки влијанија, е дел од проектот на германската Влада, којашто исто така сака „да електрифицира 75 отсто од железничката мрежа до 2030 година“, како што рече Михаел Теурер, државен секретар во Министерството за дигитални технологии и транспорт.

– Секој испорачан воз ќе значи до 45.000 тони јаглерод-диоксид помалку во текот на 30-годишниот животен век во споредба со соодветните патувања со автомобил, изјави Мајкл Петер, извршен директор на „Сименс мобилити“.

Во зависност од конфигурацијата, возот ќе може да мине од 800 до 1.000 километри, со максимална брзина до 160 километри на час, се наведува во соопштението.

„Мирео плус Х“ ќе се тестира на линиите Баден-Виртемберг во 2023 година, а во редовен сообраќај ќе биде пуштен во 2024 година, меѓу градовите Тибинген, Хорб и Форчајм. Со оваа програма, „Сименс“ се обидува да го достигне својот француски конкурент „Алстом“, којшто веќе продава патнички возови на водород – 41 воз беа нарачани од две германски провинции, а тестови беа спроведени во Австрија, Холандија, Полска, Шведска и Франција.

„Алстом“ и компаниијата „Енџи“ развиваат силни товарни локомотиви напојувани од горивни водородни ќелии.

The post „Дојче бан“ и „Сименс“ направија воз на водород appeared first on Република.

]]>

Германскиот конгломерат „Сименс“ денеска го претстави моторниот воз којшто се движи на водород, развиен со германскиот железнички оператор „Дојче бан“. Предвидено е да почне да сообраќа во 2024 година во регионалниот транспорт. Возот треба „да ги замени дизел-возовите (шинобусите) во меѓуградскиот превоз“, соопшти „Дојче бан“. Новиот модел на воз наречен „Мирео плус X“ работи на „зелен водород“, произведен со чиста енергија, а по согорувањето испушта само водена пареа. Употребата на гасот водород како гориво без загадувачки влијанија, е дел од проектот на германската Влада, којашто исто така сака „да електрифицира 75 отсто од железничката мрежа до 2030 година“, како што рече Михаел Теурер, државен секретар во Министерството за дигитални технологии и транспорт.
– Секој испорачан воз ќе значи до 45.000 тони јаглерод-диоксид помалку во текот на 30-годишниот животен век во споредба со соодветните патувања со автомобил, изјави Мајкл Петер, извршен директор на „Сименс мобилити“.
Во зависност од конфигурацијата, возот ќе може да мине од 800 до 1.000 километри, со максимална брзина до 160 километри на час, се наведува во соопштението. „Мирео плус Х“ ќе се тестира на линиите Баден-Виртемберг во 2023 година, а во редовен сообраќај ќе биде пуштен во 2024 година, меѓу градовите Тибинген, Хорб и Форчајм. Со оваа програма, „Сименс“ се обидува да го достигне својот француски конкурент „Алстом“, којшто веќе продава патнички возови на водород – 41 воз беа нарачани од две германски провинции, а тестови беа спроведени во Австрија, Холандија, Полска, Шведска и Франција. „Алстом“ и компаниијата „Енџи“ развиваат силни товарни локомотиви напојувани од горивни водородни ќелии.

The post „Дојче бан“ и „Сименс“ направија воз на водород appeared first on Република.

]]>
Путин: До 2035 година Русија би можела да стане еден од најголемите светски извозници на водород https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-do-2035-godina-rusija-bi-mozela-da-stane-eden-od-najgolemite-svetski-izvoznici-na-vodorod/ Wed, 26 Jan 2022 13:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=449787

До 2035 година Русија би можела да стане еден од најголемите светски производители и извозници на водород, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на средба со претставник на италијанскиот бизнис.

Русија располага со значителни ресурси и технолошки можности за развој на зелената енергија. Во наредните години ќе бидат лансирани пилот-проекти за производство на водород со ниски емисии на штетни гасови и нивна примена во енергијата, транспортот и индустријата - истакна Путин.

Според него, концептот за развој на водородната енергија веќе се спроведува, додавајќи дека „до 2035 година Русија би можела да стане еден од најголемите светски производители и извозници на водород“.

Русија неодамна презеде голем број важни чекори за создавање економија со ниска потрошувачка на јаглерод. Земјата планира да стане јаглеродно неутрална до 2060 година, истовремено одржувајќи одржлив економски раст - нагласи Путин.

The post Путин: До 2035 година Русија би можела да стане еден од најголемите светски извозници на водород appeared first on Република.