Водици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vodici/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Jan 2024 19:59:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Водици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vodici/ 32 32 И Грците почнаа да го слават Водици како Бугари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/i-grtsite-pochnaa-da-go-slavat-voditsi-kako-bugari/ Sun, 21 Jan 2024 19:59:08 +0000 https://republika.mk/?p=735210

Иако во Грција големиот празник Богојавление Водици се прославува на 7 јануари, добро е да се потсетиме како се прославува во лулката на цивилизацијата.

Судејќи по видеата кои се појавија на мрежите, Грците како да ги обземале Бугари. Се сеќавате на сите бугараштини поврзани за Водици.

Како што може да се види на видеото објавено на социјалните мрежи, капачот нурна по светиот крст, ни помалку ни повеќе, туку во фонтаната!

Свештеникот прво ставил крст во водата, а потоа човекот полека влегол во фонтаната, испливал еден круг и излегол со крстот. На крајот попот го благослови, додека насобраните снимаа и сите ги наградија со овации.

- Од авион се гледа дека не е местенка; Ова мора да е Бугарија - се дел од коментарите на видеото.

Се се одвивало на островот Хиос.

Другата снимка, пак, доаѓа од Солун, каде што попут успеа цел базен да промаши.

The post И Грците почнаа да го слават Водици како Бугари appeared first on Република.

]]>

Иако во Грција големиот празник Богојавление Водици се прославува на 7 јануари, добро е да се потсетиме како се прославува во лулката на цивилизацијата. Судејќи по видеата кои се појавија на мрежите, Грците како да ги обземале Бугари. Се сеќавате на сите бугараштини поврзани за Водици. Како што може да се види на видеото објавено на социјалните мрежи, капачот нурна по светиот крст, ни помалку ни повеќе, туку во фонтаната! Свештеникот прво ставил крст во водата, а потоа човекот полека влегол во фонтаната, испливал еден круг и излегол со крстот. На крајот попот го благослови, додека насобраните снимаа и сите ги наградија со овации. - Од авион се гледа дека не е местенка; Ова мора да е Бугарија - се дел од коментарите на видеото.
Се се одвивало на островот Хиос. Другата снимка, пак, доаѓа од Солун, каде што попут успеа цел базен да промаши.

The post И Грците почнаа да го слават Водици како Бугари appeared first on Република.

]]>
Поп го фрли крстот, па и тој со мантијата скокна во езерото: Хит снимка од Водици https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pop-go-frli-krstot-pa-i-toj-so-mantijata-skokna-vo-ezeroto-hit-snimka-od-voditsi/ Sat, 20 Jan 2024 11:10:07 +0000 https://republika.mk/?p=734889

Несекојдневна сцена се случила во Црна Гора на Пивско Езеро, за време на вчерашното празнување на Богојавление – Водици, кога традиционално православните верници скокаат по светиот крст, пренесуваат медиумите од соседството.

На видеото кое се споделува на социјалните мрежи се гледа како свештено лице – поп, прво го осветува крстот, го фрла да го фатат верниците, па и самиот облечен во мантија скокна во студената вода.

The post Поп го фрли крстот, па и тој со мантијата скокна во езерото: Хит снимка од Водици appeared first on Република.

]]>

Несекојдневна сцена се случила во Црна Гора на Пивско Езеро, за време на вчерашното празнување на Богојавление – Водици, кога традиционално православните верници скокаат по светиот крст, пренесуваат медиумите од соседството. На видеото кое се споделува на социјалните мрежи се гледа како свештено лице – поп, прво го осветува крстот, го фрла да го фатат верниците, па и самиот облечен во мантија скокна во студената вода.

The post Поп го фрли крстот, па и тој со мантијата скокна во езерото: Хит снимка од Водици appeared first on Република.

]]>
И попот скокна по крстот на Водици https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/i-popot-skokna-po-krstot-na-voditsi/ Fri, 19 Jan 2024 18:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=734778

Несекојдневна сцена се случи на денешниот празник Богојавление - Водици, каде традиционално пливачите се фрлаат по светиот крст. На видеото кое се споделува по социјалните мрежи се гледа поп, кој прво го осветува крстот, го фрла, па и самиот се фрла во студените води.

The post И попот скокна по крстот на Водици appeared first on Република.

]]>

Несекојдневна сцена се случи на денешниот празник Богојавление - Водици, каде традиционално пливачите се фрлаат по светиот крст. На видеото кое се споделува по социјалните мрежи се гледа поп, кој прво го осветува крстот, го фрла, па и самиот се фрла во студените води.

The post И попот скокна по крстот на Водици appeared first on Република.

]]>
Ноле победи во Австралија па порача: „Бог се јави“ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nole-pobedi-vo-avstralija-pa-poracha-bog-se-javi/ Fri, 19 Jan 2024 17:51:21 +0000 https://republika.mk/?p=734764

И овојпат Новак Ѓоковиќ ја искористи камерата за да испрати порака до светот. Денеска, по победата над Аргентинецот, Томас Мартин Ечвери во трите сета (6:3, 6:3, 7:6) на Австралија опен, светскиот тениски ас им го честиташе православниот празник Богојавление - Водици на сите православни верници.

Бог се јави, напиша Ноле, по што го прослави влезот во осминафиналето, каде ќе се сретне со Французинот, Манарино.

The post Ноле победи во Австралија па порача: „Бог се јави“ appeared first on Република.

]]>

И овојпат Новак Ѓоковиќ ја искористи камерата за да испрати порака до светот. Денеска, по победата над Аргентинецот, Томас Мартин Ечвери во трите сета (6:3, 6:3, 7:6) на Австралија опен, светскиот тениски ас им го честиташе православниот празник Богојавление - Водици на сите православни верници.
Бог се јави, напиша Ноле, по што го прослави влезот во осминафиналето, каде ќе се сретне со Французинот, Манарино.

The post Ноле победи во Австралија па порача: „Бог се јави“ appeared first on Република.

]]>
Со истрели најавено фрлањето на крстот во Велгошти https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/so-istreli-najaveno-frlaneto-na-krstot-vo-velgoshti/ Fri, 19 Jan 2024 15:31:30 +0000 https://republika.mk/?p=734727

По хорското пеење крстот во Велгошти беше фрлен во вода, а моментот на фрлање на верниците во вода беше најавен со истрели. ВВо малиот базен скокнаа десетици момчиња, кои долго не можеа да го пронајдат крстот. Конечно еден од нив успеа да го извлече од заматената вода, а како по некоја традиција, на крај следуваше туш со крстена вода

https://www.youtube.com/watch?v=hMNz_mpU994

The post Со истрели најавено фрлањето на крстот во Велгошти appeared first on Република.

]]>

По хорското пеење крстот во Велгошти беше фрлен во вода, а моментот на фрлање на верниците во вода беше најавен со истрели. ВВо малиот базен скокнаа десетици момчиња, кои долго не можеа да го пронајдат крстот. Конечно еден од нив успеа да го извлече од заматената вода, а како по некоја традиција, на крај следуваше туш со крстена вода https://www.youtube.com/watch?v=hMNz_mpU994

The post Со истрели најавено фрлањето на крстот во Велгошти appeared first on Република.

]]>
И Путин скокаше по крстот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-putin-skokashe-po-krstot/ Fri, 19 Jan 2024 14:51:30 +0000 https://republika.mk/?p=734717

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека рускиот претседател Владимир Путин се капел во ледена вода за да го прослави православниот празник Богојавление Водици во утринските часови на 19 јануари, пренесува Тасс.

„Тој го направи тоа за да го одбележи Богојавление според традицијата“, рече Песков на прашањето дали Путин се капе традиционално.

Putin-1-.jpg

Православните верници ширум светот го слават празникот Рождество Христово, еден од најголемите православни празници. Водициското капење обично се одржува во раните утрински часови на 19 јануари. Тоа е празник за време на кој православните христијани се потопуваат во студена вода, во која претходно се става замрзнат крст.

Кремљ првпат ги објави подвизите на Путин во 2018 година, а Песков вели дека рускиот лидер ја следел традицијата и претходно, но не ја споделил со јавноста. Минатата година Путин се избања во предградијата на Москва.

The post И Путин скокаше по крстот appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека рускиот претседател Владимир Путин се капел во ледена вода за да го прослави православниот празник Богојавление Водици во утринските часови на 19 јануари, пренесува Тасс. „Тој го направи тоа за да го одбележи Богојавление според традицијата“, рече Песков на прашањето дали Путин се капе традиционално. Putin-1-.jpg Православните верници ширум светот го слават празникот Рождество Христово, еден од најголемите православни празници. Водициското капење обично се одржува во раните утрински часови на 19 јануари. Тоа е празник за време на кој православните христијани се потопуваат во студена вода, во која претходно се става замрзнат крст. Кремљ првпат ги објави подвизите на Путин во 2018 година, а Песков вели дека рускиот лидер ја следел традицијата и претходно, но не ја споделил со јавноста. Минатата година Путин се избања во предградијата на Москва.

The post И Путин скокаше по крстот appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Водици е традиција што секогаш не потсетува дека треба да имаме верба во заеднички живот, да веруваме во мир и соживот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-voditsi-e-traditsija-shto-sekogash-ne-potsetuva-deka-treba-da-imame-verba-vo-zaednichki-zhivot-da-veruvame-vo-mir-i-sozhivot/ Fri, 19 Jan 2024 14:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=734711

Значењето на денешниот празник е можност да ја осознаеме безвременска порака дека во природата на луѓето е шансата да се биде подобра личност, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, кој заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник, Богојавление – Водици, во Скопје.

Премиерот Ковачевски на присутните граѓани им го честиташе денешниот празник и му честиташе и на момчето кое го фати крстот, со верба дека ќе му донесе среќа.

-Богојавление е голем празник. Денес бевме присутни тука во Скопје, на реката Вардар каде што архиепископот македонски ги освети водите на Вардар, меѓутоа во сите градови низ државата ова е една традиција која секогаш не потсетува дека треба да имаме верба во заеднички живот, да веруваме во мир, во соживот. Во тој дух сакам да го честитам празникот на сите наши граѓани и да посакам успешна година, среќен празник, на сите оние кои слават именден да им честитам именден, изјави Ковачевски по церемонијата на осветувањето на водите на реката Вардар и положување на светиот крст.

The post Ковачевски: Водици е традиција што секогаш не потсетува дека треба да имаме верба во заеднички живот, да веруваме во мир и соживот appeared first on Република.

]]>

Значењето на денешниот празник е можност да ја осознаеме безвременска порака дека во природата на луѓето е шансата да се биде подобра личност, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, кој заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник, Богојавление – Водици, во Скопје. Премиерот Ковачевски на присутните граѓани им го честиташе денешниот празник и му честиташе и на момчето кое го фати крстот, со верба дека ќе му донесе среќа.
-Богојавление е голем празник. Денес бевме присутни тука во Скопје, на реката Вардар каде што архиепископот македонски ги освети водите на Вардар, меѓутоа во сите градови низ државата ова е една традиција која секогаш не потсетува дека треба да имаме верба во заеднички живот, да веруваме во мир, во соживот. Во тој дух сакам да го честитам празникот на сите наши граѓани и да посакам успешна година, среќен празник, на сите оние кои слават именден да им честитам именден, изјави Ковачевски по церемонијата на осветувањето на водите на реката Вардар и положување на светиот крст.

The post Ковачевски: Водици е традиција што секогаш не потсетува дека треба да имаме верба во заеднички живот, да веруваме во мир и соживот appeared first on Република.

]]>
Љубе Шопов го фати крстот во Струмица https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/lube-shopov-go-fati-krstot-vo-strumitsa/ Fri, 19 Jan 2024 13:14:15 +0000 https://republika.mk/?p=734692

 Љубе Шопов денеска го фати положениот крст во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица.

Во водата скокнаа 25 граѓани, а најбрз беше Серафимовски.

-Повеќе пати скокам по крстот и сега прв пат успеав да го фатам. Посакувам здравје и среќа на сите. Се надевам дека идната година ќе не има повеќе, рече Шопов.

Тој од Општина Струмица доби Плакета-православен крст и подароци од спонзорите.

Со свечена Богојавленска литургија, празникот Водици беше одбележан во сите храмови на Струмичката епархија, а положување на крстот беше изршено и во другите општини и населени места во Југоисточниот регион

The post Љубе Шопов го фати крстот во Струмица appeared first on Република.

]]>

 Љубе Шопов денеска го фати положениот крст во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица.
Во водата скокнаа 25 граѓани, а најбрз беше Серафимовски. -Повеќе пати скокам по крстот и сега прв пат успеав да го фатам. Посакувам здравје и среќа на сите. Се надевам дека идната година ќе не има повеќе, рече Шопов.
Тој од Општина Струмица доби Плакета-православен крст и подароци од спонзорите. Со свечена Богојавленска литургија, празникот Водици беше одбележан во сите храмови на Струмичката епархија, а положување на крстот беше изршено и во другите општини и населени места во Југоисточниот регион

The post Љубе Шопов го фати крстот во Струмица appeared first on Република.

]]>
Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати осветениот крст во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sedumnaesetgodishniot-gorgi-nikolovski-go-fati-osveteniot-krst-vo-skopje/ Fri, 19 Jan 2024 11:43:52 +0000 https://republika.mk/?p=734657

Во Скопје во водите на реката Вардар поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан го положи осветениот крст.

Годинава, пријавени беа 157 граѓани кои се обидат да го фатат Светиот крст што се положи во реката Вардар.

Најсреќен меѓу нив беше 17-годишниот Ѓорги Николовски.

Сѐ најдобро за сите, Господ е голем. Господ гледа сѐ, сите да имаат единство и да се обедини Македонија и македонскиот народ – изјави среќниот фаќач.

Одбележувањето на празникот Богојавление-Водици почна во 9 часот со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ со која чиноначалствуваше архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан.

По завршување на литургијата, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка се упати кон мостот „Слобода“.

На чинот на осветување на водите на реката Вардар присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалничката Данела Арсовска.

 

The post Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати осветениот крст во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Скопје во водите на реката Вардар поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан го положи осветениот крст. Годинава, пријавени беа 157 граѓани кои се обидат да го фатат Светиот крст што се положи во реката Вардар. Најсреќен меѓу нив беше 17-годишниот Ѓорги Николовски.
Сѐ најдобро за сите, Господ е голем. Господ гледа сѐ, сите да имаат единство и да се обедини Македонија и македонскиот народ – изјави среќниот фаќач.
Одбележувањето на празникот Богојавление-Водици почна во 9 часот со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ со која чиноначалствуваше архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан. По завршување на литургијата, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка се упати кон мостот „Слобода“. На чинот на осветување на водите на реката Вардар присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалничката Данела Арсовска.  

The post Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати осветениот крст во Скопје appeared first on Република.

]]>
(ВО ЖИВО) Богојавление-Водици: Осветување на водите на Вардар и фрлање на Светиот крст во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-bogojavlenie-voditsi-osvetuvane-na-vodite-na-vardar-i-frlane-na-svetiot-krst-vo-skopje/ Fri, 19 Jan 2024 10:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=734638

The post (ВО ЖИВО) Богојавление-Водици: Осветување на водите на Вардар и фрлање на Светиот крст во Скопје appeared first on Република.

]]>

The post (ВО ЖИВО) Богојавление-Водици: Осветување на водите на Вардар и фрлање на Светиот крст во Скопје appeared first on Република.

]]>
15-годишниот Илија Адамчевски го извлече светиот крст од црковниот базен во тетовска Брвеница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/15-godishniot-ilija-adamchevski-go-izvleche-svetiot-krst-od-tsrkovniot-bazen-vo-tetovska-brvenitsa/ Fri, 19 Jan 2024 10:44:16 +0000 https://republika.mk/?p=734631

Во тетовска Брвеница, 15-годишниот Илија Адамчевски го фати осветениот крст на денешното традиционално празнување на Богојавление Водици во црквата Свети Атанасиј.

Старешината на храмот протојереј Ивица Спасеновски ја отслужи празничната литургија, по што беше извршен водосвет и положување на крстот во базенот во црковниот двор, информираат од црковниот одбор при храмот „Свети Атанасиј Александриски“ во Брвеница.

По светиот крст во базенот скокнаа седум учесници.

The post 15-годишниот Илија Адамчевски го извлече светиот крст од црковниот базен во тетовска Брвеница appeared first on Република.

]]>

Во тетовска Брвеница, 15-годишниот Илија Адамчевски го фати осветениот крст на денешното традиционално празнување на Богојавление Водици во црквата Свети Атанасиј.
Старешината на храмот протојереј Ивица Спасеновски ја отслужи празничната литургија, по што беше извршен водосвет и положување на крстот во базенот во црковниот двор, информираат од црковниот одбор при храмот „Свети Атанасиј Александриски“ во Брвеница.
По светиот крст во базенот скокнаа седум учесници.

The post 15-годишниот Илија Адамчевски го извлече светиот крст од црковниот базен во тетовска Брвеница appeared first on Република.

]]>
Светиот крст во Битола отиде во рацете на Иван Стојановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/svetiot-krst-vo-bitola-otide-vo-ratsete-na-ivan-stojanovski/ Fri, 19 Jan 2024 10:35:11 +0000 https://republika.mk/?p=734626

Иван Стојановски е најсреќниот учесник во црковната манифестација на положување на светиот крст во водата на базенот на храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола.

Меѓу педесетте момчиња и едно девојче, Стојановски беше највешт и за прв пат успеа да го фати живототворниот крст.

Со верба во Бога успеав да го фатам крстот. Трет пат учествувам на оваа манифестација и за прв пат успеав. Со смирение и божја помош, се е лесно. Порачувам да го славиме Бога, порача Стојановски.

Младиот Стојановски доби честитки од митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар и од градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

The post Светиот крст во Битола отиде во рацете на Иван Стојановски appeared first on Република.

]]>

Иван Стојановски е најсреќниот учесник во црковната манифестација на положување на светиот крст во водата на базенот на храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола. Меѓу педесетте момчиња и едно девојче, Стојановски беше највешт и за прв пат успеа да го фати живототворниот крст.
Со верба во Бога успеав да го фатам крстот. Трет пат учествувам на оваа манифестација и за прв пат успеав. Со смирение и божја помош, се е лесно. Порачувам да го славиме Бога, порача Стојановски.
Младиот Стојановски доби честитки од митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар и од градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

The post Светиот крст во Битола отиде во рацете на Иван Стојановски appeared first on Република.

]]>
Малиот Павел Блажевски го фати Светиот крст во Дебар, посака здравје и среќа за сите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maliot-pavel-blazhevski-go-fati-svetiot-krst-vo-debar-posaka-zdravje-i-sreka-za-site/ Fri, 19 Jan 2024 10:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=734623

При фрлањето на Светиот крст во Дебар најсреќен беше деветгодишниот Павел Ангеловски, кој и минатата година го фати крстот, положен во водата на базенот во дворот на црквата „Света Петка“, каде што е и седиштето на Дебарската парохија.

Пресреќен сум. Посакувам здравје и среќа за сите, рече Павел.

По светиот крст се фрлија Павел и Дарко Блажевски.

Годинашните кумови, семејството на Љупчо и Татјана Узуновски, соодветно го даруваа и Павел и верниците.

Пред положувањето на светиот крст, намесникот на Дебарската парохија Миле Ангеловски, отслужи Света Златоустова литургија на која присуствуваа и дебрани кои денес живеат во други градови во земјава.

 

Големиот христијански празник, Богојавление - Водици се одбележува и во населените места во поширокиот дебарски регион. По повод Водици, дојдени се поранешни жители и нивните потомци. По празнувањето посебно се препознатливи селата Битуше, Горенци, Гари и Долно Мелничани.

The post Малиот Павел Блажевски го фати Светиот крст во Дебар, посака здравје и среќа за сите appeared first on Република.

]]>

При фрлањето на Светиот крст во Дебар најсреќен беше деветгодишниот Павел Ангеловски, кој и минатата година го фати крстот, положен во водата на базенот во дворот на црквата „Света Петка“, каде што е и седиштето на Дебарската парохија.
Пресреќен сум. Посакувам здравје и среќа за сите, рече Павел.
По светиот крст се фрлија Павел и Дарко Блажевски. Годинашните кумови, семејството на Љупчо и Татјана Узуновски, соодветно го даруваа и Павел и верниците. Пред положувањето на светиот крст, намесникот на Дебарската парохија Миле Ангеловски, отслужи Света Златоустова литургија на која присуствуваа и дебрани кои денес живеат во други градови во земјава.   Големиот христијански празник, Богојавление - Водици се одбележува и во населените места во поширокиот дебарски регион. По повод Водици, дојдени се поранешни жители и нивните потомци. По празнувањето посебно се препознатливи селата Битуше, Горенци, Гари и Долно Мелничани.

The post Малиот Павел Блажевски го фати Светиот крст во Дебар, посака здравје и среќа за сите appeared first on Република.

]]>
Бојан Костадиновски го извади светиот крст во соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bojan-kostadinovski-go-izvadi-svetiot-krst-vo-soborniot-hram-sveti-nikola-vo-kumanovo/ Fri, 19 Jan 2024 10:19:34 +0000 https://republika.mk/?p=734619

Дваесет и едногодишниот Бојан Костадиновски од Куманово го извади светиот крст во Соборниот храм „Свети Никола“ во градот.

Успех и здравје на сите. Трет пат скокам, им посакувам здравје на сите. На сите нека им даде Господ здравје, среќа и радост, бериќет дома. Би сакал многу успеси оваа година, да има здравје па друго ќе си дојде само. Ме мотивираше да скокам за здравје и среќа и очекувам оваа година да ми биде успешна, изјави Костадиновски.

Од свештенството на Соборниот храм, Бојан доби икона и свет крст, како и пригодни подароци од локалната бизнис-заедница.

Претходно, во Соборниот храм „Свети Никола“ се одржа и литургија по повод празникот Богојавление Водици. И во останатите цркви во Куманово се фрлаше светиот крст.

Водици се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

The post Бојан Костадиновски го извади светиот крст во соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово appeared first on Република.

]]>

Дваесет и едногодишниот Бојан Костадиновски од Куманово го извади светиот крст во Соборниот храм „Свети Никола“ во градот.
Успех и здравје на сите. Трет пат скокам, им посакувам здравје на сите. На сите нека им даде Господ здравје, среќа и радост, бериќет дома. Би сакал многу успеси оваа година, да има здравје па друго ќе си дојде само. Ме мотивираше да скокам за здравје и среќа и очекувам оваа година да ми биде успешна, изјави Костадиновски.
Од свештенството на Соборниот храм, Бојан доби икона и свет крст, како и пригодни подароци од локалната бизнис-заедница. Претходно, во Соборниот храм „Свети Никола“ се одржа и литургија по повод празникот Богојавление Водици. И во останатите цркви во Куманово се фрлаше светиот крст. Водици се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

The post Бојан Костадиновски го извади светиот крст во соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово appeared first on Република.

]]>
Никола Јакимоски го фати Чесниот крст во Охридското Езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikola-jakimoski-go-fati-chesniot-krst-vo-ohridskoto-ezero/ Fri, 19 Jan 2024 09:59:12 +0000 https://republika.mk/?p=734610

Никола Јакимоски од Охрид беше најсреќен и највешт меѓу неколкуте стотини верници и успеа да го извади Чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро.

Скокам по крстот од својата 15-та година и како сите имав желба да го фатам. Оваа година среќата ме посака мене. Секогаш е тешко да се влезе во студените води, ама желбата е поголема од тешкотиите. Посакувам здравје, среќа, љубов, свадби, дечиња, напредок на сите полиња, рече 29-годишниот Јакимоски.

Традиционално, најсреќниот и оваа година беше даруван. Владиката дебарско-кичевски Тимотеј го даруваше со златен ланец со крст, а градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков му подари икона и крст изработен во филигран.

Како и секоја година празникот Водици во Охрид се одбележува масовно, со присуство на илјадници верници, како и стотици и илјадници капачи кои влегуваат во осветените езерски води.

Верскиот дел од чествувањата по повод Богојавленскиот водосвет ќе биде заокружен точно на пладне на Сараиште, со масовно крштевање во осветените езерски води.

За бројните верници и гости кои се тука во Охрид, прославувањето на големиот празник продолжува со концерт на групата „Некст тајм“ на Градскиот плоштад.

Празнувањата на Водици во Охрид продолжуваат и утре со „Денот на рибарите“ на самиот празник посветен на Свети Јован Крстител. Традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и истата ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини. Оваа година ќе биде послужена и храна карактеристична за трпезите на овој празник, греана ракија, вино, пивтија.

The post Никола Јакимоски го фати Чесниот крст во Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>

Никола Јакимоски од Охрид беше најсреќен и највешт меѓу неколкуте стотини верници и успеа да го извади Чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро.
Скокам по крстот од својата 15-та година и како сите имав желба да го фатам. Оваа година среќата ме посака мене. Секогаш е тешко да се влезе во студените води, ама желбата е поголема од тешкотиите. Посакувам здравје, среќа, љубов, свадби, дечиња, напредок на сите полиња, рече 29-годишниот Јакимоски.
Традиционално, најсреќниот и оваа година беше даруван. Владиката дебарско-кичевски Тимотеј го даруваше со златен ланец со крст, а градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков му подари икона и крст изработен во филигран. Како и секоја година празникот Водици во Охрид се одбележува масовно, со присуство на илјадници верници, како и стотици и илјадници капачи кои влегуваат во осветените езерски води. Верскиот дел од чествувањата по повод Богојавленскиот водосвет ќе биде заокружен точно на пладне на Сараиште, со масовно крштевање во осветените езерски води. За бројните верници и гости кои се тука во Охрид, прославувањето на големиот празник продолжува со концерт на групата „Некст тајм“ на Градскиот плоштад. Празнувањата на Водици во Охрид продолжуваат и утре со „Денот на рибарите“ на самиот празник посветен на Свети Јован Крстител. Традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и истата ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини. Оваа година ќе биде послужена и храна карактеристична за трпезите на овој празник, греана ракија, вино, пивтија.

The post Никола Јакимоски го фати Чесниот крст во Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>
Напладне ќе бидат осветени водите на Преспанското Езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/napladne-ke-bidat-osveteni-vodite-na-prespanskoto-ezero/ Fri, 19 Jan 2024 09:54:56 +0000 https://republika.mk/?p=734607

Во сите храмови во Преспанско-пелагониската епархија со утринска литургија почна одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Централната прослава е во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола, каде митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски г. Петар служи Света архиерејска литургија.

Во 11 часот ќе биде осветена водата во црковниот базен во кругот на црквата „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола и ќе биде положен крстот за осветување на водите.

Напладне, свештеници на Преспанско-пелагониската епархија ќе ги осветат водите во Преспанското Езеро, во близина на туристичката населба Отешево, каде градоначалникот Јован Тозиевски ќе додели награда на најсреќниот учесник што ќе го фати живототворен крст.

The post Напладне ќе бидат осветени водите на Преспанското Езеро appeared first on Република.

]]>

Во сите храмови во Преспанско-пелагониската епархија со утринска литургија почна одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Централната прослава е во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола, каде митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски г. Петар служи Света архиерејска литургија. Во 11 часот ќе биде осветена водата во црковниот базен во кругот на црквата „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола и ќе биде положен крстот за осветување на водите. Напладне, свештеници на Преспанско-пелагониската епархија ќе ги осветат водите во Преспанското Езеро, во близина на туристичката населба Отешево, каде градоначалникот Јован Тозиевски ќе додели награда на најсреќниот учесник што ќе го фати живототворен крст.

The post Напладне ќе бидат осветени водите на Преспанското Езеро appeared first on Република.

]]>
21-годишниот Давид Дамјановски го фати осветениот крст во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/21-godishniot-david-damjanovski-go-fati-osveteniot-krst-vo-tetovo/ Fri, 19 Jan 2024 09:49:59 +0000 https://republika.mk/?p=734604

На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм „Свети Кирил и Методиј“ осветениот крст во црковниот базен го фати 21-годишниот Давид Дамјановски.

Претходно, архиерејската литургијата, чинот на водосвет и положување на осветениот крст во црковниот базен ги изврши митрополитот г. Јосиф.

По втор пат скокам по осветениот крст и за прв пат успеав да го фатам. Посакувам Господ да дарува здравје, љубов и бериќет оваа година, истакна Дамјановски.

По осветениот крст скокаа и 24-годишниот Давид Ристовски и 23-годишниот Наден Ристовски, сите тројца од населбата Два бреста во Тетово.

The post 21-годишниот Давид Дамјановски го фати осветениот крст во Тетово appeared first on Република.

]]>

На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм „Свети Кирил и Методиј“ осветениот крст во црковниот базен го фати 21-годишниот Давид Дамјановски. Претходно, архиерејската литургијата, чинот на водосвет и положување на осветениот крст во црковниот базен ги изврши митрополитот г. Јосиф.
По втор пат скокам по осветениот крст и за прв пат успеав да го фатам. Посакувам Господ да дарува здравје, љубов и бериќет оваа година, истакна Дамјановски.
По осветениот крст скокаа и 24-годишниот Давид Ристовски и 23-годишниот Наден Ристовски, сите тројца од населбата Два бреста во Тетово.

The post 21-годишниот Давид Дамјановски го фати осветениот крст во Тетово appeared first on Република.

]]>
Бог се јави – навистина се јави: Православните верници го слават Богојавление-Водици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bog-se-javi-navistina-se-javi-pravoslavnite-vernitsi-go-slavat-bogojavlenie-voditsi/ Fri, 19 Jan 2024 07:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=734562

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст.

Како што изјавија за МИА од Скопската православна епархија, годинава се пријавени 157 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот што ќе се положи во реката Вардар.

Одбележувањето на празникот Богојавление ќе почне во 9 часот со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ со која ќе чиноначалствува архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан.

По завршување на литургијата, во 11:30 часот поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода“ каде околу 11:45 часот ќе започне „Водосветот“, а неколку минути по 12 часот, архиепископот ќе го положи крстот во реката Вардар.

На чинот на осветување на водите на реката Вардар и положување на светиот крст ќе присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Кристијан Нинески беше најсреќниот меѓу многубројните верници кои денеска на Богојавеление – Водици скокнаа во реката Вардар и го извади осветениот крст.

Според верувањата, оној кој ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.

Во земјава, согласно Законот за празници, Богојавление-Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

The post Бог се јави – навистина се јави: Православните верници го слават Богојавление-Водици appeared first on Република.

]]>

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст. Како што изјавија за МИА од Скопската православна епархија, годинава се пријавени 157 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот што ќе се положи во реката Вардар. Одбележувањето на празникот Богојавление ќе почне во 9 часот со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ со која ќе чиноначалствува архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан. По завршување на литургијата, во 11:30 часот поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода“ каде околу 11:45 часот ќе започне „Водосветот“, а неколку минути по 12 часот, архиепископот ќе го положи крстот во реката Вардар. На чинот на осветување на водите на реката Вардар и положување на светиот крст ќе присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Кристијан Нинески беше најсреќниот меѓу многубројните верници кои денеска на Богојавеление – Водици скокнаа во реката Вардар и го извади осветениот крст. Според верувањата, оној кој ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити. Во земјава, согласно Законот за празници, Богојавление-Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

The post Бог се јави – навистина се јави: Православните верници го слават Богојавление-Водици appeared first on Република.

]]>
Бог се јави, денеска е Богојавление – Водици: Ден кога водите стануваат осветени и лековити https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/bog-se-javi-deneska-e-bogojavlenie-voditsi-den-koga-vodite-stanuvaat-osveteni-i-lekoviti/ Fri, 19 Jan 2024 07:08:12 +0000 https://republika.mk/?p=734554

Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл.

Празникот Богојавление се однесува на настанот на Христовото крштевање во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител, кој уште се вика и Претеча што значи претходник. Тој со своето учење одел пред Исус, што значи му претходел на Исус и затоа е наречен Претеча. Св. Јован го повикувал народот на покајание и му кажувал дека е дојдено времето кога ќе се појави Спасителот на Светот. Притоа луѓето ги крштевал со вода и им кажувал дека тој што ќе дојде по него ќе ги крсти со Свет Дух. „Јас ве крштевам со вода; но иде посилен од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ни ременчињата на обувките Негови. Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.“ (Лука, 3/16)

Овој настан се нарекува Боголавление (Епифанија – јавување). Во почетокот на празнувањето на Богојавление, во овој празник биле слеани повеќе спомени, меѓу кои и Раѓањето Христово. „Во четвртиот век празниците биле одделени, така што Христовото раѓање било пренесено на 25 декември, на денот кога паганите го празнувале богот на Сонцето, а христијаните го празнуваат Сонцето на правдата.“

Крштевањето се изведува преку потопување во водата. На тој начин верникот излегува од водата измиен од гревовите. „Според Јован Дамаскин, Христос се крсти за да ги уништи главите на демоните во водата, бидејќи постоело сфаќање дека демоните живеат во водата; за да го измие гревот и да го погреба целокупниот стар Адам во водата, за да го освети Крстителот затоа што не го освети Претечата Христа туку Христос го освети Претечата, кога последниов ја стави својата рака врз Христовата глава; за да го исполни законот; затоа што Он Самиот го даде и не требаше да испадне негов престапник, за да ја открие тајната на Света Троица, бидејќи во тој час имаме јавување на Света Троица; за да стане образец на нашето крштение коешто е совршено крштение и се врши со вода и Дух Свети.“

Со своето крштевање во реката Јордан Исус ги освети водите. И денеска на денот Богојавление се извршува осветување на водите „Така по осветувањето водата престанува да биде вода на падот и станува вода на обновување, бидејќи се соединува со несоздадената благодат Божја“.

Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Божана, Бојан, Бонка, Богомил (значи мил на Бога), Јордан, Данчо, Јорданка, Данка, Даница, Дарин, Јован, Јованка, Јонко, Јонка, Јоана…

The post Бог се јави, денеска е Богојавление – Водици: Ден кога водите стануваат осветени и лековити appeared first on Република.

]]>

Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл. Празникот Богојавление се однесува на настанот на Христовото крштевање во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител, кој уште се вика и Претеча што значи претходник. Тој со своето учење одел пред Исус, што значи му претходел на Исус и затоа е наречен Претеча. Св. Јован го повикувал народот на покајание и му кажувал дека е дојдено времето кога ќе се појави Спасителот на Светот. Притоа луѓето ги крштевал со вода и им кажувал дека тој што ќе дојде по него ќе ги крсти со Свет Дух. „Јас ве крштевам со вода; но иде посилен од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ни ременчињата на обувките Негови. Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.“ (Лука, 3/16) Овој настан се нарекува Боголавление (Епифанија – јавување). Во почетокот на празнувањето на Богојавление, во овој празник биле слеани повеќе спомени, меѓу кои и Раѓањето Христово. „Во четвртиот век празниците биле одделени, така што Христовото раѓање било пренесено на 25 декември, на денот кога паганите го празнувале богот на Сонцето, а христијаните го празнуваат Сонцето на правдата.“ Крштевањето се изведува преку потопување во водата. На тој начин верникот излегува од водата измиен од гревовите. „Според Јован Дамаскин, Христос се крсти за да ги уништи главите на демоните во водата, бидејќи постоело сфаќање дека демоните живеат во водата; за да го измие гревот и да го погреба целокупниот стар Адам во водата, за да го освети Крстителот затоа што не го освети Претечата Христа туку Христос го освети Претечата, кога последниов ја стави својата рака врз Христовата глава; за да го исполни законот; затоа што Он Самиот го даде и не требаше да испадне негов престапник, за да ја открие тајната на Света Троица, бидејќи во тој час имаме јавување на Света Троица; за да стане образец на нашето крштение коешто е совршено крштение и се врши со вода и Дух Свети.“ Со своето крштевање во реката Јордан Исус ги освети водите. И денеска на денот Богојавление се извршува осветување на водите „Така по осветувањето водата престанува да биде вода на падот и станува вода на обновување, бидејќи се соединува со несоздадената благодат Божја“. Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Божана, Бојан, Бонка, Богомил (значи мил на Бога), Јордан, Данчо, Јорданка, Данка, Даница, Дарин, Јован, Јованка, Јонко, Јонка, Јоана…

The post Бог се јави, денеска е Богојавление – Водици: Ден кога водите стануваат осветени и лековити appeared first on Република.

]]>
Вечерва погледнете кон небото и замислете си желба, секоја може да се оствари https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vecherva-poglednete-kon-neboto-i-zamislete-si-zhelba-sekoja-mozhe-da-se-ostvari/ Thu, 18 Jan 2024 16:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=734443

Според преданието, во Богојавленската ноќ се отвора небото и се верува дека секоја желба може да се исполни. Точно на полноќ треба да се погледне во него и да се замисли желба, која каква и да е мора да биде јасна.

Денеска е зимскиот Крстовден, ден кој се слави во пресрет на Богојавление и е прв ден по Божиќ кога православните верници постат.

Богојавление е празник востановен во спомен на Христовото крштевање во реката Јордан. Кога наполнил 30 години, Исус дошол на реката Јордан за да го крсти Јован Крстител, кој ги подготвувал луѓето за доаѓањето на Месијата и ги крштевал оние кои се покајале на брегот на Јордан

The post Вечерва погледнете кон небото и замислете си желба, секоја може да се оствари appeared first on Република.

]]>

Според преданието, во Богојавленската ноќ се отвора небото и се верува дека секоја желба може да се исполни. Точно на полноќ треба да се погледне во него и да се замисли желба, која каква и да е мора да биде јасна. Денеска е зимскиот Крстовден, ден кој се слави во пресрет на Богојавление и е прв ден по Божиќ кога православните верници постат. Богојавление е празник востановен во спомен на Христовото крштевање во реката Јордан. Кога наполнил 30 години, Исус дошол на реката Јордан за да го крсти Јован Крстител, кој ги подготвувал луѓето за доаѓањето на Месијата и ги крштевал оние кои се покајале на брегот на Јордан

The post Вечерва погледнете кон небото и замислете си желба, секоја може да се оствари appeared first on Република.

]]>