вода за пиење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voda-za-pienje/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 07:36:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вода за пиење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/voda-za-pienje/ 32 32 Костадинов: Општина Струмица излегува од ЗЕЛС https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostadinov-opshtina-strumitsa-izleguva-od-zels/ Thu, 24 Oct 2024 07:36:33 +0000 https://republika.mk/?p=830403

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов преку неговиот Фејсбук профил  соопшти дека ја напуштаат Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Тој претходно ја осуди одлуката на надлежните институции да биде продолжена забраната за користење на водата за пиење во Струмица.

-Со огромна грижа кон народот на моја Струмица, утре ќе спремам и официјален допис, ЗЕЛС не ја заслужува партиципацијата на Струмица. Го напуштаме ЗЕЛС, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е. Филозофија без прагма, штета за која ја плаќаат граѓаните! Ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права, за уставните права и слободи. За мојата Струмица, компромиси немало, нема и нема да има! Нека ви е со среќа – вели Костадинов во синоќешната објава.

Според Костадинов, борбата против Струмица продолжува и како што напиша „чекаа, калкулираа и денес преку медиуми се научивме дека не ни даваат решение за водата“.

-Решивте на грбот на народот да правите политика, скапо ќе плати некој за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани. Наскоро вистината и за водата, но и за сите притисоци, врз инспектори, врз вработени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) само да не се кажуваат јавно резултатите оти истите не се во прилог на политиката на Цветан Трипуновски – напиша струмичкиот градоначалник.

The post Костадинов: Општина Струмица излегува од ЗЕЛС appeared first on Република.

]]>

АХВ: Водата во Гостивар безбедна за пиење, присуството на манган е во границите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahv-vodata-vo-gostivar-bezbedna-za-piene-prisustvoto-na-mangan-e-vo-granitsite/ Mon, 14 Oct 2024 12:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=826651

Безбедна е водата од гостиварскиот водовод, а и присуството на манган е во граница на дозволените вредности, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според АХВ, ова го покажале резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри вода од гостиварскиот водоводен систем што ги изврши Институтот за јавно здравје - Скопје во рамки на вонредниот инспекциски надзор на 05.10.2024 година.

Анализирани биле примероци од три мерни места во Гостивар. Резултатите покажале дека водата за пиење физичко - хемиски и бактериолошки одговара на дефинираните критериуми за безбедност и квалитет.

Паралелно, на 5, 8 и на 09.10.2024 година, земени беа десет мостри за анализа на водата за пиење од градски водовод Гостивар од страна на Центар за јавно здравје Гостивар. Резултатите од тестирањето на водата за пиење потврдија дека мострите одговараат физичко хемиски и бактериолошки со параметрите од Правилникот, а манганот е во граница на нормалните вредности. Бидејќи нема отстапки во однос на безбедносните критериуми, водата е безбедна за пиење, односно, се отстранува забраната за користење на водата од гостиварскиот водоводен систем, наведува АХВ.

The post АХВ: Водата во Гостивар безбедна за пиење, присуството на манган е во границите appeared first on Република.

]]>

Безбедна е водата од гостиварскиот водовод, а и присуството на манган е во граница на дозволените вредности, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Според АХВ, ова го покажале резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри вода од гостиварскиот водоводен систем што ги изврши Институтот за јавно здравје - Скопје во рамки на вонредниот инспекциски надзор на 05.10.2024 година. Анализирани биле примероци од три мерни места во Гостивар. Резултатите покажале дека водата за пиење физичко - хемиски и бактериолошки одговара на дефинираните критериуми за безбедност и квалитет.
Паралелно, на 5, 8 и на 09.10.2024 година, земени беа десет мостри за анализа на водата за пиење од градски водовод Гостивар од страна на Центар за јавно здравје Гостивар. Резултатите од тестирањето на водата за пиење потврдија дека мострите одговараат физичко хемиски и бактериолошки со параметрите од Правилникот, а манганот е во граница на нормалните вредности. Бидејќи нема отстапки во однос на безбедносните критериуми, водата е безбедна за пиење, односно, се отстранува забраната за користење на водата од гостиварскиот водоводен систем, наведува АХВ.

The post АХВ: Водата во Гостивар безбедна за пиење, присуството на манган е во границите appeared first on Република.

]]>
Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/strumichani-ke-dobivaat-voda-za-piene-od-aparati-i-kanistri-postaveni-niz-gradot/ Wed, 02 Oct 2024 05:43:06 +0000 https://republika.mk/?p=821535

Од денеска граѓаните на Струмица и шест населени места со вода за пиење ќе се снабдуваат преку 25 апарати поставени во сите училишта и детски градинки, а се обезбедени и 25 канистри со вода за пиење кои 24 часа ќе бидат распоредени низ улиците на градот, соопштија синоќа од струмичкото комунално претпријатие.

Во Струмица петти ден не може да се користи водата за пиење од градскиот водовод поради неможноста фабриката за вода да ја прочистува водата која доаѓа во системот од браната Турија и во неа има манган повеќе од дозволеното. Водата може единствено да се користи како техничка.

Канистрите за вода за пиење 24 часа ќе бидат поставени кај Градската болница, резервоарот на „Свети Петнаесет“, Амфитеатарот во Градскиот парк, улица „24 Октомври“ (поранешна дирекција на „Комуналец“), булевар „Климент Охридски“ (Дирекција на „Комуналец“), а по два часа во текот на денот ќе има поставени канистри на повеќе локации во градот.

Во шесте населени места - Дабиле, Градско Балдовци, Водоча, Просениково, Баницаи Добрејци вода за пиење ќе има од 7 до 19 часот.

Од „Комуналец“ информираат дека на сите места квалитетот на водата за пиење во секој канистер редовно ќе се контролира од акредитираната лабораторија на Центарот за јавно здравје - Струмица.

The post Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот appeared first on Република.

]]>

Од денеска граѓаните на Струмица и шест населени места со вода за пиење ќе се снабдуваат преку 25 апарати поставени во сите училишта и детски градинки, а се обезбедени и 25 канистри со вода за пиење кои 24 часа ќе бидат распоредени низ улиците на градот, соопштија синоќа од струмичкото комунално претпријатие. Во Струмица петти ден не може да се користи водата за пиење од градскиот водовод поради неможноста фабриката за вода да ја прочистува водата која доаѓа во системот од браната Турија и во неа има манган повеќе од дозволеното. Водата може единствено да се користи како техничка. Канистрите за вода за пиење 24 часа ќе бидат поставени кај Градската болница, резервоарот на „Свети Петнаесет“, Амфитеатарот во Градскиот парк, улица „24 Октомври“ (поранешна дирекција на „Комуналец“), булевар „Климент Охридски“ (Дирекција на „Комуналец“), а по два часа во текот на денот ќе има поставени канистри на повеќе локации во градот. Во шесте населени места - Дабиле, Градско Балдовци, Водоча, Просениково, Баницаи Добрејци вода за пиење ќе има од 7 до 19 часот. Од „Комуналец“ информираат дека на сите места квалитетот на водата за пиење во секој канистер редовно ќе се контролира од акредитираната лабораторија на Центарот за јавно здравје - Струмица.

The post Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот appeared first on Република.

]]>
Предупредување: Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/predupreduvane-vodata-vo-gostivar-ne-e-za-piene-otkriena-e-bakterijata-esherihija-koli/ Thu, 26 Sep 2024 15:29:33 +0000 https://republika.mk/?p=819951

Водата со која се снабдуваат корисниците од општина Гостивар, преку водоводот, не е безбедна за пиење, информираа попладнево од ЈП „Комуналец“. Во соопштението до јавноста тиe изразуваат жалење за состојбата која произлегла од последните микробиолошки анализи.

Водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови открија присуство на колиформни бактерии и ешерихија коли (E. coli), кои можат да претставуваат сериозни здравствени ризици, стои во соопштението од гостиварското комунално претпријатие.

Корисниците на водата од градскиот водовод се советуваат да се преземат мерки и притоа да се избегнува употреба на вода од јавната водоводна мрежа и да се користи пакувана вода за пиење и готвење.

Од ЈП Комуналец упатуваат апел за разбирање и од граѓаните очекуваат да ги следат информациите до решавање на проблемот и обезбедување на безбедно водоснабдување.

Здравјето и безбедноста на жителите на Гостивар се наш приоритет и ќе ве информираме штом водата повторно ќе биде безбедна за употреба, се наведува во соопштението.

The post Предупредување: Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли appeared first on Република.

]]>

Водата со која се снабдуваат корисниците од општина Гостивар, преку водоводот, не е безбедна за пиење, информираа попладнево од ЈП „Комуналец“. Во соопштението до јавноста тиe изразуваат жалење за состојбата која произлегла од последните микробиолошки анализи.
Водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови открија присуство на колиформни бактерии и ешерихија коли (E. coli), кои можат да претставуваат сериозни здравствени ризици, стои во соопштението од гостиварското комунално претпријатие.
Корисниците на водата од градскиот водовод се советуваат да се преземат мерки и притоа да се избегнува употреба на вода од јавната водоводна мрежа и да се користи пакувана вода за пиење и готвење. Од ЈП Комуналец упатуваат апел за разбирање и од граѓаните очекуваат да ги следат информациите до решавање на проблемот и обезбедување на безбедно водоснабдување.
Здравјето и безбедноста на жителите на Гостивар се наш приоритет и ќе ве информираме штом водата повторно ќе биде безбедна за употреба, се наведува во соопштението.

The post Предупредување: Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли appeared first on Република.

]]>
Германија на своите граѓани кои патуваат во Македонија им препорачува да не ја пијат водата од чешма https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/germanija-na-svoite-gragani-koi-patuvaat-vo-makedonija-im-preporachuva-da-ne-ja-pijat-vodata-od-cheshma/ Wed, 21 Aug 2024 07:23:58 +0000 https://republika.mk/?p=808508

Во лето, треба да внимавате да пиете доволно вода, дури и за време на одморот. Но, тоа може да донесе и потенцијални ризици во некои земји, предупредува германскиот автомагазин ADAC.

Во Германија е природно многу луѓе да пијат вода од чешма без да се грижат за своето здравје. Сепак, треба да бидете внимателни на одмор, во некои земји, меѓу кои и Македонија.

Прво добрата вест: водата од чешма е безбедна за пиење во многу европски земји. Сепак, можеби ќе треба да се прилагодите на различни вкусови. Особено во јужна или југоисточна Европа, водата од чешма често може да има малку хлориран вкус, но тоа не претставува никаков ризик за здравјето.

Сепак, ADAC препорачува да не се пие вода од чешма во следните земји, повикувајќи се на список од Центрите за контрола и превенција на болести на САД, поради ризикот од контаминација:

Албанија

Босна и Херцеговина

Бугарија

Косово

Литванија

Летонија

Молдавија

Македонија

Романија

Србија

Турција

Во овие земји, можете да пиете вода само од индустриски затворени шишиња и бидете сигурни дека сигурносните прстени се недопрени. Меѓутоа, ако не постои начин да ги купите, пожелно е да се зоврива водата. За да го направите ова, според препораките на ADAC, треба да ја загреете водата на 100 степени Целзиусови најмалку три минути. Микробите и другите патогени ќе се уништат на овој начин.

The post Германија на своите граѓани кои патуваат во Македонија им препорачува да не ја пијат водата од чешма appeared first on Република.

]]>

Во лето, треба да внимавате да пиете доволно вода, дури и за време на одморот. Но, тоа може да донесе и потенцијални ризици во некои земји, предупредува германскиот автомагазин ADAC.

Во Германија е природно многу луѓе да пијат вода од чешма без да се грижат за своето здравје. Сепак, треба да бидете внимателни на одмор, во некои земји, меѓу кои и Македонија. Прво добрата вест: водата од чешма е безбедна за пиење во многу европски земји. Сепак, можеби ќе треба да се прилагодите на различни вкусови. Особено во јужна или југоисточна Европа, водата од чешма често може да има малку хлориран вкус, но тоа не претставува никаков ризик за здравјето. Сепак, ADAC препорачува да не се пие вода од чешма во следните земји, повикувајќи се на список од Центрите за контрола и превенција на болести на САД, поради ризикот од контаминација: Албанија Босна и Херцеговина Бугарија Косово Литванија Летонија Молдавија Македонија Романија Србија Турција Во овие земји, можете да пиете вода само од индустриски затворени шишиња и бидете сигурни дека сигурносните прстени се недопрени. Меѓутоа, ако не постои начин да ги купите, пожелно е да се зоврива водата. За да го направите ова, според препораките на ADAC, треба да ја загреете водата на 100 степени Целзиусови најмалку три минути. Микробите и другите патогени ќе се уништат на овој начин.

The post Германија на своите граѓани кои патуваат во Македонија им препорачува да не ја пијат водата од чешма appeared first on Република.

]]>
Водата во Скопје е безбедна за пиење https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vodata-vo-skopje-e-bezbedna-za-piene-2/ Mon, 19 Aug 2024 09:08:03 +0000 https://republika.mk/?p=807874

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од испитувањата направени на 208 примероци земени од 47 мерни места во градот.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 12-ти до 16 август зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во денешното соопштение од ЈП „Водовод и канализација“.

Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

The post Водата во Скопје е безбедна за пиење appeared first on Република.

Жителите во високите зони на Штип од десната страна на Отиња утре без вода за пиење https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/zhitelite-vo-visokite-zoni-na-shtip-od-desnata-strana-na-otina-utre-bez-voda-za-piene/ Wed, 19 Jun 2024 12:32:17 +0000 https://republika.mk/?p=789061

Во Штип интензивно се гради новиот кружен тек кај зградата Пролет, кој треба да го олесни сообраќајот кон Клиничката болница-Штип, но и кон неколку институции во градот.

Поради промена на водоводната и канализациона мрежа утре без вода за пиење ќе бидат жители на неколку населби и улици во високата зона од десната страна на река Отиња, информираат денеска преку писмено соопштение комуналното претпријатие „Исар“-Штип.

Во него се вели дека по претходно планирани активности за промена на водоводна и канализациона линија за изградба на новиот турбо кружен тек кај зграда Пролет утре од 05:00 часот наутро без вода за пиење ќе биде десната висока зона од река Отиња.

-Станува збор за жителите од станбените згради познати како „Кули“„ потоа населната Деснаци, жителите од улиците „25 Мај“, „Ленинова“, „Личка“, „Вита Поп Јорданова„, „Борко Талев“, „Првомајска“, „Никола Карев“, „Јаким Стојков“, „Димо Хаџи Димов“, се вели во соопштението од ЈП „Исар“-Штип.

Од ова комунално претпријатие посочуваат дека планирано времетраење за завршување на активностите е околу 23 часа.

The post Жителите во високите зони на Штип од десната страна на Отиња утре без вода за пиење appeared first on Република.

]]>

Во Штип интензивно се гради новиот кружен тек кај зградата Пролет, кој треба да го олесни сообраќајот кон Клиничката болница-Штип, но и кон неколку институции во градот. Поради промена на водоводната и канализациона мрежа утре без вода за пиење ќе бидат жители на неколку населби и улици во високата зона од десната страна на река Отиња, информираат денеска преку писмено соопштение комуналното претпријатие „Исар“-Штип. Во него се вели дека по претходно планирани активности за промена на водоводна и канализациона линија за изградба на новиот турбо кружен тек кај зграда Пролет утре од 05:00 часот наутро без вода за пиење ќе биде десната висока зона од река Отиња. -Станува збор за жителите од станбените згради познати како „Кули“„ потоа населната Деснаци, жителите од улиците „25 Мај“, „Ленинова“, „Личка“, „Вита Поп Јорданова„, „Борко Талев“, „Првомајска“, „Никола Карев“, „Јаким Стојков“, „Димо Хаџи Димов“, се вели во соопштението од ЈП „Исар“-Штип. Од ова комунално претпријатие посочуваат дека планирано времетраење за завршување на активностите е околу 23 часа.

The post Жителите во високите зони на Штип од десната страна на Отиња утре без вода за пиење appeared first on Република.

]]>
Не ја пијте денеска водата во Куманово https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ne-ja-pijte-deneska-vodata-vo-kumanovo/ Wed, 22 May 2024 08:01:12 +0000 https://republika.mk/?p=780692

Утрово, денеска, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување на голем проблем за водоснабдување на градот Куманово.

Имено, по вчерашните обилни поројни врнежи од дожд и град во Липковскиот регион е предизвикано зголемување на нивото на Липковска Река, што има влијание на системот за водоснабдување - на филтер станицата на ЈП Водовод Куманово. Според информација од одговорното лице на филтер станицата се работи за количина на над 10.000 m3 заматена вода што влијае на процесот на прочистување и испорака на истата до граѓаните. Од тие причини, во моментот е појавена заматеност на водата во цевководниот преносен систем и е прекината дистрибуцијата до граѓаните, што најверојатно ќе трае во текот на целиот денешен ден, а по потреба, се до моментот на надминување на состојбата, информира ЦУК.

Од Центарот за управување со кризи, веднаш е побарано инспекциските служби и Центарот за јавно здравје од Куманово да излезат на лице место, направат увид, земат мостри за анализа и донесат соодветно решение за понатамошна постапка. Истовремено е известена и Општина Куманово за понатамошна постапка, во насока преземање мерки и активности за надминување на состојбата во интерес на граѓаните, а во моментот е воспоставена е комуникација со медиумите заради известување кон граѓаните на Куманово.

Најавено е дека во 12.00 часот ќе заседава Општински штаб со сите претставници од институции во Општина Куманово

The post Не ја пијте денеска водата во Куманово appeared first on Република.

]]>

Утрово, денеска, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување на голем проблем за водоснабдување на градот Куманово. Имено, по вчерашните обилни поројни врнежи од дожд и град во Липковскиот регион е предизвикано зголемување на нивото на Липковска Река, што има влијание на системот за водоснабдување - на филтер станицата на ЈП Водовод Куманово. Според информација од одговорното лице на филтер станицата се работи за количина на над 10.000 m3 заматена вода што влијае на процесот на прочистување и испорака на истата до граѓаните. Од тие причини, во моментот е појавена заматеност на водата во цевководниот преносен систем и е прекината дистрибуцијата до граѓаните, што најверојатно ќе трае во текот на целиот денешен ден, а по потреба, се до моментот на надминување на состојбата, информира ЦУК. Од Центарот за управување со кризи, веднаш е побарано инспекциските служби и Центарот за јавно здравје од Куманово да излезат на лице место, направат увид, земат мостри за анализа и донесат соодветно решение за понатамошна постапка. Истовремено е известена и Општина Куманово за понатамошна постапка, во насока преземање мерки и активности за надминување на состојбата во интерес на граѓаните, а во моментот е воспоставена е комуникација со медиумите заради известување кон граѓаните на Куманово. Најавено е дека во 12.00 часот ќе заседава Општински штаб со сите претставници од институции во Општина Куманово

The post Не ја пијте денеска водата во Куманово appeared first on Република.

]]>
Бекатонот ви е побитен од водата за пиење, обвинуваат од „Спас за Маврово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bekatonot-vi-e-pobiten-od-vodata-za-piene-obvinuvaat-od-spas-za-mavrovo/ Wed, 27 Dec 2023 10:56:42 +0000 https://republika.mk/?p=727057

Здружението за заштита на животната средина „Спас за Маврово“ смета дека буџетот на Општината Маврово-Ростуше е донесен поред политичките потреби, а не реалните проблеми.

Советот на Општината Маврово Ростушего усвои буџетот за 2024 година во кој предност се дава на уредување на улици со бекатон и реконструкција на улица и паркинг во село Скудриње и реконструкција на улица и изградба на паркинг село Ростуше, а не на решавање на проблемот со водата за пиење во викенд населбата Леуново и другите населени места околу Мавровското Езеро, велат од Здружението.

Оттаму додаваат дека за улица и паркинг во село Скудриње се планирани  353 000 евра, за улица и паркинг во село Ростуше 100 000 евра, а за реконструкција на водоводната мрежа во населба Леуново, каде што состојбата, како што нагласуваат, е алармантна само 33 000 евра.

И според природните закони, а и според Законот за локална самоуправа приоритет треба да биде водата. Но, тоа не е за актуелното раководство на општината. Нивните приоритети, сега пред избори се придобивање на гласачи, а не решавање на горливите проблеми. 
Ова континуирано запоставување на мавровскиот регион започна со спојувањето на Општината Маврово кон Општината Ростуше, а со тоа се уништува Маврово како туристички центар. Од градоначалникот  Медат Куртовски бараме, барем пред крајот на својот мандат да почне да ги решава акутните проблеми на жителите во Општината Маврово Ростуше, а не да ја крои својата секојдневна работа според нечии бизнис и политички интереси, се вели во соопштението од Здружението за заштита на животната средина „Спас за Маврово“.

The post Бекатонот ви е побитен од водата за пиење, обвинуваат од „Спас за Маврово“ appeared first on Република.

]]>

Здружението за заштита на животната средина „Спас за Маврово“ смета дека буџетот на Општината Маврово-Ростуше е донесен поред политичките потреби, а не реалните проблеми.
Советот на Општината Маврово Ростушего усвои буџетот за 2024 година во кој предност се дава на уредување на улици со бекатон и реконструкција на улица и паркинг во село Скудриње и реконструкција на улица и изградба на паркинг село Ростуше, а не на решавање на проблемот со водата за пиење во викенд населбата Леуново и другите населени места околу Мавровското Езеро, велат од Здружението.
Оттаму додаваат дека за улица и паркинг во село Скудриње се планирани  353 000 евра, за улица и паркинг во село Ростуше 100 000 евра, а за реконструкција на водоводната мрежа во населба Леуново, каде што состојбата, како што нагласуваат, е алармантна само 33 000 евра.
И според природните закони, а и според Законот за локална самоуправа приоритет треба да биде водата. Но, тоа не е за актуелното раководство на општината. Нивните приоритети, сега пред избори се придобивање на гласачи, а не решавање на горливите проблеми.  Ова континуирано запоставување на мавровскиот регион започна со спојувањето на Општината Маврово кон Општината Ростуше, а со тоа се уништува Маврово како туристички центар. Од градоначалникот  Медат Куртовски бараме, барем пред крајот на својот мандат да почне да ги решава акутните проблеми на жителите во Општината Маврово Ростуше, а не да ја крои својата секојдневна работа според нечии бизнис и политички интереси, се вели во соопштението од Здружението за заштита на животната средина „Спас за Маврово“.

The post Бекатонот ви е побитен од водата за пиење, обвинуваат од „Спас за Маврово“ appeared first on Република.

]]>
Ќе се испитува водата за пиење по пожарот во Фалиште во кој гореа 100 тони хемикалии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-ispituva-vodata-za-piene-po-pozharot-vo-falishte-vo-koj-gorea-100-toni-hemikalii/ Thu, 23 Nov 2023 10:45:57 +0000 https://republika.mk/?p=715477

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот што избувна во фабриката за бои и лакови кај село Фалише, Општина Тетово, е ставен под контрола.

Има по малку чад, но на лице место континуирано се уште има екипа пожарникари од ТППЕ Тетово којашто ја контролира ситуацијата и има и полиција за обезбедување на локацијата, информираат од ЦУК.

Согласно информациите во ЦУК, екипа Од ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово е на терен и за да ја испита водата за пиење, а резултатите ќе бидат готови за неколку дена.

Од ЈЗУ Тетово известуваат дека состојбата на водата ќе биде во ред, бидејќи бушотината од којашто се црпи вода имала 50 метри длабочина.

Вчера претпадне изби пожар во продавница и магацин на фирмата „Евроком“ во близина на тетовското село Фалише, во кои се чувала голема количина бои и други хемиски материјали. Сопственикот на фирмата во разговор со Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК кажал дека можеби имало и сто тони од овие хемиски материи кои беа зафатени од огнот.

На местото на пожарот првин дошла Противпожарната екипа (ПП) од Тетово како и претставници од Центарот за управување со кризи (ЦУК), кои поради големината на пожарот и неможноста тетовските пожарникари сами да го изгаснат, напомош ги повикале и противпожарните екипи од Скопје, Куманово и Велес.

The post Ќе се испитува водата за пиење по пожарот во Фалиште во кој гореа 100 тони хемикалии appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот што избувна во фабриката за бои и лакови кај село Фалише, Општина Тетово, е ставен под контрола.
Има по малку чад, но на лице место континуирано се уште има екипа пожарникари од ТППЕ Тетово којашто ја контролира ситуацијата и има и полиција за обезбедување на локацијата, информираат од ЦУК.
Согласно информациите во ЦУК, екипа Од ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово е на терен и за да ја испита водата за пиење, а резултатите ќе бидат готови за неколку дена. Од ЈЗУ Тетово известуваат дека состојбата на водата ќе биде во ред, бидејќи бушотината од којашто се црпи вода имала 50 метри длабочина. Вчера претпадне изби пожар во продавница и магацин на фирмата „Евроком“ во близина на тетовското село Фалише, во кои се чувала голема количина бои и други хемиски материјали. Сопственикот на фирмата во разговор со Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК кажал дека можеби имало и сто тони од овие хемиски материи кои беа зафатени од огнот. На местото на пожарот првин дошла Противпожарната екипа (ПП) од Тетово како и претставници од Центарот за управување со кризи (ЦУК), кои поради големината на пожарот и неможноста тетовските пожарникари сами да го изгаснат, напомош ги повикале и противпожарните екипи од Скопје, Куманово и Велес.  

The post Ќе се испитува водата за пиење по пожарот во Фалиште во кој гореа 100 тони хемикалии appeared first on Република.

]]>
Стружани останаа без вода за пиење https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/struzhani-ostanaa-bez-voda-za-piene/ Mon, 06 Nov 2023 12:06:24 +0000 https://republika.mk/?p=698776

Зголемена вредност на параметарот матност во водата за пиење во Струга, значително поголеми од законски пропишаните, констатира Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) - Охрид по денешните хемиски анализи направени на примероци од Градскиот водовод во Струга.

Според резултатите, како што соопшти ЦЈЗ - Охрид, водата од градската водоводна мрежа не е здравственобезбедна и не треба да се користи за пиење.

Согласно правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата приклучени на градската водоводна мрежа, не е здравствено безбедна и не треба да се користи за пиење. Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување, стои во информацијата на ЦЈЗ - Охрид.

Посочуваат дека во координација со надлежните институции, континуирано ја следат состојбата со квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрержа во Струга и навремено ќе информираат за секоја промена.

Водата од струшкиот водовод деновиве е заматена поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија подрачјето на општина Струга.

The post Стружани останаа без вода за пиење appeared first on Република.

]]>

Зголемена вредност на параметарот матност во водата за пиење во Струга, значително поголеми од законски пропишаните, констатира Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) - Охрид по денешните хемиски анализи направени на примероци од Градскиот водовод во Струга. Според резултатите, како што соопшти ЦЈЗ - Охрид, водата од градската водоводна мрежа не е здравственобезбедна и не треба да се користи за пиење.
Согласно правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата приклучени на градската водоводна мрежа, не е здравствено безбедна и не треба да се користи за пиење. Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување, стои во информацијата на ЦЈЗ - Охрид.
Посочуваат дека во координација со надлежните институции, континуирано ја следат состојбата со квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрержа во Струга и навремено ќе информираат за секоја промена. Водата од струшкиот водовод деновиве е заматена поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија подрачјето на општина Струга.

The post Стружани останаа без вода за пиење appeared first on Република.

]]>
Струга остана без вода за пиење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/struga-ostana-bez-voda-za-piene/ Sat, 04 Nov 2023 15:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=698182

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Струга соопшти дека водата од градскиот водовод не е за пиење.

Ваквата забрана следува поради заматеност предизвикана од врнежите од дожд кои го зафатија регионот.

Ги замолуваме сите граѓани да не користат вода од водоводот до следното известување, стои во информацијата на Јавното претпријатие.

The post Струга остана без вода за пиење appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Струга соопшти дека водата од градскиот водовод не е за пиење. Ваквата забрана следува поради заматеност предизвикана од врнежите од дожд кои го зафатија регионот.
Ги замолуваме сите граѓани да не користат вода од водоводот до следното известување, стои во информацијата на Јавното претпријатие.
 
The post Струга остана без вода за пиење appeared first on Република.

]]>
Водата во Скопје е безбедна за пиење https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vodata-vo-skopje-e-bezbedna-za-piene/ Mon, 07 Aug 2023 09:36:58 +0000 https://republika.mk/?p=669531

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од испитувањата направени на 146 примероци на 38 мерни места во градот.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 31 јули до 4 август годинава зема 146 примероци за физичко-хемиска и 146 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 38 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во денешното соопштение од ЈП „Водовод и канализација“.

Јавното претпријатие, како што се наведува во соопштението, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Мора да се преврива пред употреба: Водата за пиење во Кавадарци е заматена поради обилните врнежи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mora-da-se-prevriva-pred-upotreba-vodata-za-piene-vo-kavadartsi-e-zamatena-poradi-obilnite-vrnezhi/ Sun, 18 Jun 2023 07:16:42 +0000 https://republika.mk/?p=652648

Водата за пиење во градскиот вововод во Кавадарци е заматена поради обилните дождови на изворите Лукар. Од кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец“ информираат дека е потребно водата за пиење да се преврива пред консумирање.

Ние ќе ја следиме состојбата и ќе известиме кога ќе се нормализира состојбата со водата, додаваат од комуналното претпријатие.

Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев потсетија дека Тиквешијата два дена беше зафатена од обилни врнежи, а најголема количина наврнат дожд е регистрирана на мерните станици во селото Раец од 145 литри на метар квадратен, што предизвика излевање на Раечка река и поплавување на голем дел од земјоделските површини во атарот на Раец и селото Дреново.

Се апелира до населението да не се движи во близина на речното корито во тој предел, бидејќи водостојот на реката е се уште голем и водата од земјоделските површини не е повлечена, известија од кабинетот на Јанчев.

The post Мора да се преврива пред употреба: Водата за пиење во Кавадарци е заматена поради обилните врнежи appeared first on Република.

Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vodata-vo-skopje-bezbedna-za-piene-i-so-dobar-kvalitet/ Mon, 06 Mar 2023 09:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=616322

Водата во Скопје е безбедна за пиење и има добар квалитет, покажа неделниот лабораториски извештај.

Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018, се наведува во соопштението на претпријатието.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 27 февруари до 3 март зема 183 примероци за физичко-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, пишува во соопштението.

The post Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет appeared first on Република.

]]>

Водата во Скопје е безбедна за пиење и има добар квалитет, покажа неделниот лабораториски извештај. Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018, се наведува во соопштението на претпријатието.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 27 февруари до 3 март зема 183 примероци за физичко-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, пишува во соопштението.

The post Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет appeared first on Република.

]]>
Превријте ја пред пиење: Загадена водата во Крушево https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/prevrijte-ja-pred-pienje-zagadena-vodata-vo-krushevo/ Thu, 15 Dec 2022 09:57:39 +0000 https://republika.mk/?p=585853

По обилните врнежи од дожд изминатите денови може повторно да дојде до заматување на водата, велат од ЈП „Комуна“ Крушево. Од таму препорачуваат водата да не се користи за пиење или доколку се користи за таа намена да се преврива.

Ги информираме граѓаните дека претпријатието врши редовни проверки за исправноста на водата, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.

The post Превријте ја пред пиење: Загадена водата во Крушево appeared first on Република.

Во Романија најавија ограничувања за вода за пиење https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-romanija-najavija-ogranichuvanja-za-voda-za-pienje/ Thu, 21 Jul 2022 07:27:13 +0000 https://republika.mk/?p=531647

Дел локални администрации ќе треба да наметнат ограничувања за користење на водата за пиење, затоа што многу се троши кога поединци со таа вода си ги полеваат градините, изјави романскиот министер за животна средина, води и шуми, Тањош Барна.Како што додаде министерот, кризен штаб на Владата ќе ги следи регионите засегнати од суша и ќе преземе дејствија во населените места каде има недостиг од питка вода.

Има многу населени места, каде системите за снабдување со вода за пиење се изградени за нормална потрошувачка, без да се употребува питката вода за други цели: наводнување, индустриски потреби, базени, полевање на градината или на тревата. Особено во овој период треба да бидеме одговорни и да се грижиме за овој ресурс, истакна министерот.

Колку и да ни е жал за доматите, водата за пиење и за домашни потреби е скапа, прочистена вода што поминала низ многу процеси на прочистување и филтрирање, затоа треба да ја користиме за тоа, за што ни е неопходна, нагласи министерот.

Тој информираше и дека на вчерашната владина седница го покренал прашањето за пожари во сува вегетација, па ги повика земјоделците да не потпалуваат земјоделски површини, бидејќи опасноста од појава на пожари е огромна.

Ова е исклучително опасен период и не треба да паднеме на позицијата на Шпанија, Грција и на Франција. Нашите шуми се од различен тип, нема иста опасност од шумски пожари на многу големи површини, но, трагедии може да се случат, предупреди министерот.

The post Во Романија најавија ограничувања за вода за пиење appeared first on Република.

]]>

Дел локални администрации ќе треба да наметнат ограничувања за користење на водата за пиење, затоа што многу се троши кога поединци со таа вода си ги полеваат градините, изјави романскиот министер за животна средина, води и шуми, Тањош Барна.Како што додаде министерот, кризен штаб на Владата ќе ги следи регионите засегнати од суша и ќе преземе дејствија во населените места каде има недостиг од питка вода. Има многу населени места, каде системите за снабдување со вода за пиење се изградени за нормална потрошувачка, без да се употребува питката вода за други цели: наводнување, индустриски потреби, базени, полевање на градината или на тревата. Особено во овој период треба да бидеме одговорни и да се грижиме за овој ресурс, истакна министерот. Колку и да ни е жал за доматите, водата за пиење и за домашни потреби е скапа, прочистена вода што поминала низ многу процеси на прочистување и филтрирање, затоа треба да ја користиме за тоа, за што ни е неопходна, нагласи министерот. Тој информираше и дека на вчерашната владина седница го покренал прашањето за пожари во сува вегетација, па ги повика земјоделците да не потпалуваат земјоделски површини, бидејќи опасноста од појава на пожари е огромна. Ова е исклучително опасен период и не треба да паднеме на позицијата на Шпанија, Грција и на Франција. Нашите шуми се од различен тип, нема иста опасност од шумски пожари на многу големи површини, но, трагедии може да се случат, предупреди министерот.

The post Во Романија најавија ограничувања за вода за пиење appeared first on Република.

]]>
Водата во Скопје безбедна за пиење https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vodata-vo-skopje-bezbedna-za-pienje-2/ Mon, 04 Jul 2022 09:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=523458

Водата за пиење во Скопје е безбедна покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 43 мерни места во градот.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 27 јуни до 1 јули зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Овие информации од јавното претпријатие ги објавува рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

The post Водата во Скопје безбедна за пиење appeared first on Република.

Тетовци наполнете вода, од 23 до 3 часот ќе има рестрикции, изворот Лешница е загаден https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tetovci-napolnete-voda-od-23-do-3-chasot-kje-ima-restrikcii-izvorot-leshnica-e-zagaden/ Sat, 02 Apr 2022 20:09:18 +0000 https://republika.mk/?p=482491

Од вечерва Јавното комунално претпријатие „Тетово” воведува рестрикции во водоснабдувањето, за што тврдат дека се потребни поради загадување на водата што доаѓа од новиот водоснабдителен систем од Лешичка Река.

Според нивната информација, до загадување на водата што доаѓа од изворот на Лешница е поради обилните врнежи дожд и затоа тој водоснабдителен систем е исклучен од мрежата.

Количеството на вода што доаѓа од другите извори и бунарите е 260 литри во секунда, што не е доволно за нормално снабдување на сите граѓани. Поради тоа, претпријатието одлучи од 23 до 3 часот да има рестрикција на вода. Оваа информација ќе важи се додека анализата на водата од изворот на Лешница не ни покаже дека водата е чиста и ги исполнува условите да биде пуштена во употреба од граѓаните, се вели во известувањето на ЈКП „Тетово”.

Годинава рестрикции во Тетово имаше и во јануари, но граѓани од многу делови на градот велат дека постојано се соочуваат со прекини во водоснабдувањето.

The post Тетовци наполнете вода, од 23 до 3 часот ќе има рестрикции, изворот Лешница е загаден appeared first on Република.

]]>

Од вечерва Јавното комунално претпријатие „Тетово” воведува рестрикции во водоснабдувањето, за што тврдат дека се потребни поради загадување на водата што доаѓа од новиот водоснабдителен систем од Лешичка Река. Според нивната информација, до загадување на водата што доаѓа од изворот на Лешница е поради обилните врнежи дожд и затоа тој водоснабдителен систем е исклучен од мрежата.