Во разговор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vo-razgovor/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 09:27:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Во разговор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vo-razgovor/ 32 32 „Во разговор“ – изложба на Петра Јовановска и Вит Павлик во КИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-razgovor-izlozhba-na-petra-jovanovska-i-vit-pavlik-vo-kits/ Tue, 17 Sep 2024 07:25:56 +0000 https://republika.mk/?p=817042

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на графики и слики од уметниците Петра Јовановска и Вит Павлик од Чешка, насловена „Во разговор“.

Централниот елемент во делата на Петра Јовановска е круг кој не е случајно избран. Претставува синтеза на креативната и животната филозофија, како и сознанието дека совршената форма е без почеток и крај. Тоа е знак кој го симболизира животниот циклус. Уметницата Петра Јовановска ги печати своите мисли, емоции и погледи на светот во кругови. На одредени уметнички композиции овој знак се множи. Тоа го постигнува со различни медиуми и графички техники. Оформена рамнотежа на овие геометриски форми во контекст на композиција, тон, боја, структура. Круг симболизира еден вид емотивни размислувања кои се за Петра Јовановска несконечни, се вели во соопштението на Културно-информативниот центар.

Вит Павлик ги обработува темите чувства, емоции, мисли и ги пренесува на свој апстрактен начин. Го дололува одразот на интензитетот на искуствата, секоја боја има силно знашење и своја лична приказна. Еден од најубавите аспекти на уметноста е нејзината отвореност и способност да предизвикува различни чувства, емоции и мисли кај секој што ќе се сретне со неа. Ги креира своите приказни, толкувања, се обидува да ја пренесе приказната во еден креативен и уметнички процес. Овој пат заедно Петра Јовановска и Вит Павлик ќе се обидат на направат една заедничка приказна, еден ликовен разговор.

Петра Јовановска е родена во Чешка. Завршила на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, смер графика. Таа е ликовен уметник, организатор, куратор и координарор на многубројни ликовни проекти, до сега има реализирано 70 самостојни изложби во Чешка, Македонија, Франција, Словенија, Германија, САД, Полска, Хрватска, Босна Херцеговина.

Вит Павлик е роден во1976 год. во Чешка. Завршил на Јужночешки универзитет, педагошки смер за уметнички училишта. Член и претседател е на Асоцијација на јужночешките уметниици. Има реализарано голем број самостојни и групни изложби во Чешка, Германија, Австрија, Словачка, Италија, Франција, САД, Полска.

Изложбата ќе биде отворена до 30 септември оваа година.

 

The post „Во разговор“ – изложба на Петра Јовановска и Вит Павлик во КИЦ appeared first on Република.

]]>

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на графики и слики од уметниците Петра Јовановска и Вит Павлик од Чешка, насловена „Во разговор“. Централниот елемент во делата на Петра Јовановска е круг кој не е случајно избран. Претставува синтеза на креативната и животната филозофија, како и сознанието дека совршената форма е без почеток и крај. Тоа е знак кој го симболизира животниот циклус. Уметницата Петра Јовановска ги печати своите мисли, емоции и погледи на светот во кругови. На одредени уметнички композиции овој знак се множи. Тоа го постигнува со различни медиуми и графички техники. Оформена рамнотежа на овие геометриски форми во контекст на композиција, тон, боја, структура. Круг симболизира еден вид емотивни размислувања кои се за Петра Јовановска несконечни, се вели во соопштението на Културно-информативниот центар. Вит Павлик ги обработува темите чувства, емоции, мисли и ги пренесува на свој апстрактен начин. Го дололува одразот на интензитетот на искуствата, секоја боја има силно знашење и своја лична приказна. Еден од најубавите аспекти на уметноста е нејзината отвореност и способност да предизвикува различни чувства, емоции и мисли кај секој што ќе се сретне со неа. Ги креира своите приказни, толкувања, се обидува да ја пренесе приказната во еден креативен и уметнички процес. Овој пат заедно Петра Јовановска и Вит Павлик ќе се обидат на направат една заедничка приказна, еден ликовен разговор. Петра Јовановска е родена во Чешка. Завршила на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, смер графика. Таа е ликовен уметник, организатор, куратор и координарор на многубројни ликовни проекти, до сега има реализирано 70 самостојни изложби во Чешка, Македонија, Франција, Словенија, Германија, САД, Полска, Хрватска, Босна Херцеговина. Вит Павлик е роден во1976 год. во Чешка. Завршил на Јужночешки универзитет, педагошки смер за уметнички училишта. Член и претседател е на Асоцијација на јужночешките уметниици. Има реализарано голем број самостојни и групни изложби во Чешка, Германија, Австрија, Словачка, Италија, Франција, САД, Полска. Изложбата ќе биде отворена до 30 септември оваа година.  

The post „Во разговор“ – изложба на Петра Јовановска и Вит Павлик во КИЦ appeared first on Република.

]]>