внук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vnuk/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jan 2024 14:31:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png внук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vnuk/ 32 32 Убиство во Ново Лисиче, внук ја претепал па задушил својата баба https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ubistvo-vo-novo-lisiche-vnuk-ja-pretepal-pa-zadushil-svojata-baba/ Sat, 20 Jan 2024 08:46:23 +0000 https://republika.mk/?p=734855

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

На 18 јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Според првичните сознанија, тој ја нападнал удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил, информира ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

The post Убиство во Ново Лисиче, внук ја претепал па задушил својата баба appeared first on Република.

]]>

Внукот на Сталин почина на 94-годишна возраст во Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vnukot-na-stalin-pochina-na-94-godishna-vozrast-vo-moskva/ Thu, 21 Dec 2023 14:44:11 +0000 https://republika.mk/?p=725367

Во Москва на 94-годишна возраст почина внукот на Јосиф Висарионович Сталин и ветеран од Големата патриотска војна, Леонид Алилујев, пишува весникот „Известија“.

Како што изјави неименуван извор за весникот, телото на Алилујев било пронајдено во средата во стан во Москва, пренесе “РИА новости“.

Тој рече дека смртта на ветеранот не била насилна.

The post Внукот на Сталин почина на 94-годишна возраст во Москва appeared first on Република.

]]>

Во Москва на 94-годишна возраст почина внукот на Јосиф Висарионович Сталин и ветеран од Големата патриотска војна, Леонид Алилујев, пишува весникот „Известија“. Како што изјави неименуван извор за весникот, телото на Алилујев било пронајдено во средата во стан во Москва, пренесе “РИА новости“. Тој рече дека смртта на ветеранот не била насилна.

The post Внукот на Сталин почина на 94-годишна возраст во Москва appeared first on Република.

]]>
Истрага против уште едно лице за грабнување на внукот на Љубе Бошкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/istraga-protiv-ushte-edno-litse-za-grabnuvane-na-vnukot-na-lube-boshkoski/ Mon, 10 Jul 2023 18:22:03 +0000 https://republika.mk/?p=659841

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека било вклучено во дејствија на кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 3 март, заедно со уште две други лица против кои веќе се води истрага, учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Се преземаат дејствија за лишување од слобода на осомничениот.

The post Истрага против уште едно лице за грабнување на внукот на Љубе Бошкоски appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека било вклучено во дејствија на кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 3 март, заедно со уште две други лица против кои веќе се води истрага, учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Се преземаат дејствија за лишување од слобода на осомничениот.  

The post Истрага против уште едно лице за грабнување на внукот на Љубе Бошкоски appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Додека таткото на Дрин Ахмети е на глава на Ислам Абази, Обвинителството ќе молчи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-dodeka-tatkoto-na-drin-ahmeti-e-na-glava-na-islam-abazi-obvinitelstvoto-ke-molchi/ Wed, 28 Jun 2023 11:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=656005

Ова е фотографија во домашна атмосфера на која се сликани братот на Али Ахмети и татко на Дрин Ахмети и Ислам Абази, шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, изјави на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Имајќи ја во предвид оваа фотографија која е направена во домашна опуштена атмосфера, може да се заклучи поврзаноста и блискоста на Ислам Абази со кланот Ахмети, и сосема е јасно зошто ЈО со денови молчи и не смее да отвори постапка како тоа внукот на Али, Дрин Ахмети, се стекнал со 39% од деловниот центар Соравиа без да плати ниту денар.

Соопштението со кое ЈО ги повикува институциите да отпочнат постапка е смешно и трагично истовремно, а уште е потрагично тоа што обвинителството потенцира дека отвора предмети по допрен глас кога има сериозен сомнеж за криминал. Па што е поочигледно од тоа внукот на Али Ахмети, политичар од кого зависи владата, да добие 39% од деловен објект вреден 30 милиони евра?

Дрин Ахмети, внук на политичарот Али Ахмети, буквално без да вложи денар, добива 12 милиони евра учество во деловна зграда. Дали тоа е нормална појава и пракса од секојдневниот живот, па за ЈО тоа воопшто не е сомнително? Или пак причината е тоа што братот на Ахмети како што гледаме и на оваа фотографија буквално му седи на глава на обвинителот Ислам Абази?

Кланот Ахмети е соголен пред целата Македонска јавност. Народот виде дека додека Али е политичар, како неговото семејство се стекна со имот вреден десетици милиони евра.

И да не покрене истрага ЈО, во што по оваа фотографија на Ахмети кој седи на главата на Абази се сомневаме, на народот му е кристално јасно дека ДУИ и СДС треба да си заминат час поскоро. А тогаш ќе има одговорност, како за криминалците од ДУИ и СДС, така и за обвинителите кои што ги штителе, вели Ковачки.

https://youtu.be/Po0iDgudNa8

The post Ковачки: Додека таткото на Дрин Ахмети е на глава на Ислам Абази, Обвинителството ќе молчи appeared first on Република.

]]>

Ова е фотографија во домашна атмосфера на која се сликани братот на Али Ахмети и татко на Дрин Ахмети и Ислам Абази, шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, изјави на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
Имајќи ја во предвид оваа фотографија која е направена во домашна опуштена атмосфера, може да се заклучи поврзаноста и блискоста на Ислам Абази со кланот Ахмети, и сосема е јасно зошто ЈО со денови молчи и не смее да отвори постапка како тоа внукот на Али, Дрин Ахмети, се стекнал со 39% од деловниот центар Соравиа без да плати ниту денар.
Соопштението со кое ЈО ги повикува институциите да отпочнат постапка е смешно и трагично истовремно, а уште е потрагично тоа што обвинителството потенцира дека отвора предмети по допрен глас кога има сериозен сомнеж за криминал. Па што е поочигледно од тоа внукот на Али Ахмети, политичар од кого зависи владата, да добие 39% од деловен објект вреден 30 милиони евра? Дрин Ахмети, внук на политичарот Али Ахмети, буквално без да вложи денар, добива 12 милиони евра учество во деловна зграда. Дали тоа е нормална појава и пракса од секојдневниот живот, па за ЈО тоа воопшто не е сомнително? Или пак причината е тоа што братот на Ахмети како што гледаме и на оваа фотографија буквално му седи на глава на обвинителот Ислам Абази?
Кланот Ахмети е соголен пред целата Македонска јавност. Народот виде дека додека Али е политичар, како неговото семејство се стекна со имот вреден десетици милиони евра. И да не покрене истрага ЈО, во што по оваа фотографија на Ахмети кој седи на главата на Абази се сомневаме, на народот му е кристално јасно дека ДУИ и СДС треба да си заминат час поскоро. А тогаш ќе има одговорност, како за криминалците од ДУИ и СДС, така и за обвинителите кои што ги штителе, вели Ковачки.
https://youtu.be/Po0iDgudNa8

The post Ковачки: Додека таткото на Дрин Ахмети е на глава на Ислам Абази, Обвинителството ќе молчи appeared first on Република.

]]>
Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претприемач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chichkoto-ahmeti-politichar-vnukot-drin-pretpriemach-na-24-godini-go-kupil-biznis-tsentarot-soravia-koj-chini-skoro-30-milioni-evra/ Sat, 24 Jun 2023 07:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=654601

Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети го купува деловниот објект Соравиа во строгиот центар на Скопје со површина од 15.000м2 во вредност од 30 милиони евра. Младиот олигарх Дрин и неговата фирма Тор Индустриес во партнерство со Павлеку ШПК го купуваат деловниот објект Соравиа Груп, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинуваат дека Димитар Ковачевски и Али Ахмети ја користат Македонија за лично богатење.

Внукот на Ахмети купува деловен објект, а сопругата на Ковачевски е ко сопственик на фирма за производство на струја. Ковачевски и Ахмети се главните во матните бизнис зделки на власта. Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претпримач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра. Криминалот на СДС и ДУИ царува во државата, а институциите и понатаму молчат и се прогласуваат за ненадлежни. Токму поради тоа владините функционери на ДУИ се на црната листа на САД.

И наместо да реагира, Димитар Ковачевски само за да опстои на власт го премолчува и овој скандал. Како може младиот Ахмети на 24 годишна возраст да се стекне со бизнис центар кој чини скоро 30 милиони евра?

Прашањето е ако Дрин на 24 години се стекнал со волку скап имот, што може да се очекува за неколку години од сега, да ги поседува сите трговски центри и деловни објекти ширум државата?

ДУИ е криминализирана и мора да замине во опозиција. Ковачевски и Ахмет системски ја уништуваат државата и институциите. Нема само дуизација на системот. ДУИ врши и дуизација на бизнисот, се наведува во партиското соопштение.

The post Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претприемач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети го купува деловниот објект Соравиа во строгиот центар на Скопје со површина од 15.000м2 во вредност од 30 милиони евра. Младиот олигарх Дрин и неговата фирма Тор Индустриес во партнерство со Павлеку ШПК го купуваат деловниот објект Соравиа Груп, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата обвинуваат дека Димитар Ковачевски и Али Ахмети ја користат Македонија за лично богатење.
Внукот на Ахмети купува деловен објект, а сопругата на Ковачевски е ко сопственик на фирма за производство на струја. Ковачевски и Ахмети се главните во матните бизнис зделки на власта. Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претпримач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра. Криминалот на СДС и ДУИ царува во државата, а институциите и понатаму молчат и се прогласуваат за ненадлежни. Токму поради тоа владините функционери на ДУИ се на црната листа на САД.
И наместо да реагира, Димитар Ковачевски само за да опстои на власт го премолчува и овој скандал. Како може младиот Ахмети на 24 годишна возраст да се стекне со бизнис центар кој чини скоро 30 милиони евра? Прашањето е ако Дрин на 24 години се стекнал со волку скап имот, што може да се очекува за неколку години од сега, да ги поседува сите трговски центри и деловни објекти ширум државата? ДУИ е криминализирана и мора да замине во опозиција. Ковачевски и Ахмет системски ја уништуваат државата и институциите. Нема само дуизација на системот. ДУИ врши и дуизација на бизнисот, се наведува во партиското соопштение.

The post Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претприемач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Ивановска: ДКСК нема надлежност да постапува за внукот на Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-dksk-nema-nadlezhnost-da-postapuva-za-vnukot-na-ahmeti/ Fri, 23 Jun 2023 12:51:42 +0000 https://republika.mk/?p=654450

Внукот на Али Ахмети не е избрано и именувано лице поради што, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) директно нема надлежност да постапува по него, рече денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Одговорајќи на новинарско прашање дали ДКСК го следи случајот „Соравија“ во кој е наводно инволвиран внукот на Ахмети и дали има можност за постапување, Ивановска напомена дека ДКСК веќе четири години укажува на неопходноста од донесување закон за потекло на имот.

Веќе четири години кажуваме дека е неопходен закон за потекло на имот согласно кој, секој граѓанин ќе се изјасни од каде му се средствата за стекнување на имотот. Законот почна да се подготвува, се оформи работна група со поддршка на Советот на Европа уште од претходниот Кабинет за борба против корупцијата, кога беше вицепремиер Љупчо Николовски, почна постапката за овој закон, стигна до некоја драфт верзија, која од минатата година до пред две недели е во Кабинетот на вицепремиерката Грковска. Пред две недели не викнаа на состанок за да видиме дека е променет насловот на законот и тој веќе не е закон за потекло на имот, туку е закон за конфискација без донесување судска пресуда, што по мене е нелогично, бидејќи, како би се вршела конфискација ако не се испита потеклото на имотот?, рече Ивановска на прес-конференција.

Таа информира и дека е избришан делот од законот во кој ДКСК барала секој граѓанин да има обврска да го пријави и имотот, но и средствата со кои е стекнат.

Според нас, се губи основната цел на постоењето на тој закон. Дали Владата ќе донесе понатаму одлука, дали ќе формира работно тело за подготовка, не знам, но мислам дека се изгуби многу време, а тој закон е основен ако сакаме вистинска борба против корупцијата зашто ние имавме бројни случаи и дојави дека некој има некаков имот, а кога ќе го провериме со Катастарот, имотот му е во ред. Значи, упатува на тоа дека е пријавен на друго лице. Единствен начин да се спречи тоа, е да се има клучна контрола. Клучната контрола треба да даде црвени светла каде постои ризик дека нешто е незаконски, а тоа може да се постигне само ако се направи поврзување на податоци кои ги имаат институциите кои регуларно ги собираат и изготвување софтвер кој ќе детектира ризици. Тоа не е воопшто тешко да се спроведе, но треба добра волја, потенцира Ивановска.

The post Ивановска: ДКСК нема надлежност да постапува за внукот на Ахмети appeared first on Република.

]]>

Внукот на Али Ахмети не е избрано и именувано лице поради што, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) директно нема надлежност да постапува по него, рече денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. Одговорајќи на новинарско прашање дали ДКСК го следи случајот „Соравија“ во кој е наводно инволвиран внукот на Ахмети и дали има можност за постапување, Ивановска напомена дека ДКСК веќе четири години укажува на неопходноста од донесување закон за потекло на имот.
Веќе четири години кажуваме дека е неопходен закон за потекло на имот согласно кој, секој граѓанин ќе се изјасни од каде му се средствата за стекнување на имотот. Законот почна да се подготвува, се оформи работна група со поддршка на Советот на Европа уште од претходниот Кабинет за борба против корупцијата, кога беше вицепремиер Љупчо Николовски, почна постапката за овој закон, стигна до некоја драфт верзија, која од минатата година до пред две недели е во Кабинетот на вицепремиерката Грковска. Пред две недели не викнаа на состанок за да видиме дека е променет насловот на законот и тој веќе не е закон за потекло на имот, туку е закон за конфискација без донесување судска пресуда, што по мене е нелогично, бидејќи, како би се вршела конфискација ако не се испита потеклото на имотот?, рече Ивановска на прес-конференција.
Таа информира и дека е избришан делот од законот во кој ДКСК барала секој граѓанин да има обврска да го пријави и имотот, но и средствата со кои е стекнат.
Според нас, се губи основната цел на постоењето на тој закон. Дали Владата ќе донесе понатаму одлука, дали ќе формира работно тело за подготовка, не знам, но мислам дека се изгуби многу време, а тој закон е основен ако сакаме вистинска борба против корупцијата зашто ние имавме бројни случаи и дојави дека некој има некаков имот, а кога ќе го провериме со Катастарот, имотот му е во ред. Значи, упатува на тоа дека е пријавен на друго лице. Единствен начин да се спречи тоа, е да се има клучна контрола. Клучната контрола треба да даде црвени светла каде постои ризик дека нешто е незаконски, а тоа може да се постигне само ако се направи поврзување на податоци кои ги имаат институциите кои регуларно ги собираат и изготвување софтвер кој ќе детектира ризици. Тоа не е воопшто тешко да се спроведе, но треба добра волја, потенцира Ивановска.
 
The post Ивановска: ДКСК нема надлежност да постапува за внукот на Ахмети appeared first on Република.

]]>
Голема радост во семејството Ѓоковиќ: На лудата прослава Новак и Марко го носеа Ѓорѓе на раменици https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/golema-radost-vo-semejstvoto-gokovik-na-ludata-proslava-novak-i-marko-go-nosea-gorge-na-ramenitsi/ Thu, 23 Mar 2023 17:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=622966

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ стана чичко. Сопругата на неговиот брат Ѓорѓе Ѓоковиќ, поранешната водителка Сашка Веселинов се породи и на свет донесе момче на кое родителите одлучија да му дадат име Александар.

Затоа беше организирана голема прослава на која меѓу најрасположените беа Новак и Марко. Прославата се одржува во Рума во викендица, а на социјалните мрежи се појавија видеа.

Марко и Новак Ѓоковиќ пееја и го носеа Ѓорѓе на грб, а во позадина свиреше песната „Мали Господин“ од Нада Точагиќ.

Не можеше да помине без да се искине маицата, а имаше и огномет за наследникот.

https://twitter.com/_anatc0/status/1638626847234871296?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1638626847234871296%7Ctwgr%5Ede67741fc84537a3dd79e0296a92969d102e9efb%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fsport%2Ftenis%2Fvideo-ludo-slavlje-djokovic-novak-marko-djordje-dete-saska-aleksandar%2F

Ѓорѓе и Сашка се венчаа кон средината на септември во минатата година и направија луксузни веселби, најпрво во Белград, а потоа и на плажа во Црна Гора.

За Сашка и Ѓорѓе ова е прво дете, додека Новак има две со сопругата Јелена.

Новак моментално е во Србија каде се подготвува за следните предизвици оваа сезона, бидејќи наскоро ќе започне серија турнири на земјена подлога, а негова главна цел е Ролан Гарос.

The post Голема радост во семејството Ѓоковиќ: На лудата прослава Новак и Марко го носеа Ѓорѓе на раменици appeared first on Република.

]]>

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ стана чичко. Сопругата на неговиот брат Ѓорѓе Ѓоковиќ, поранешната водителка Сашка Веселинов се породи и на свет донесе момче на кое родителите одлучија да му дадат име Александар. Затоа беше организирана голема прослава на која меѓу најрасположените беа Новак и Марко. Прославата се одржува во Рума во викендица, а на социјалните мрежи се појавија видеа. Марко и Новак Ѓоковиќ пееја и го носеа Ѓорѓе на грб, а во позадина свиреше песната „Мали Господин“ од Нада Точагиќ. Не можеше да помине без да се искине маицата, а имаше и огномет за наследникот. https://twitter.com/_anatc0/status/1638626847234871296?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1638626847234871296%7Ctwgr%5Ede67741fc84537a3dd79e0296a92969d102e9efb%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fsport%2Ftenis%2Fvideo-ludo-slavlje-djokovic-novak-marko-djordje-dete-saska-aleksandar%2F Ѓорѓе и Сашка се венчаа кон средината на септември во минатата година и направија луксузни веселби, најпрво во Белград, а потоа и на плажа во Црна Гора. За Сашка и Ѓорѓе ова е прво дете, додека Новак има две со сопругата Јелена. Новак моментално е во Србија каде се подготвува за следните предизвици оваа сезона, бидејќи наскоро ќе започне серија турнири на земјена подлога, а негова главна цел е Ролан Гарос.

The post Голема радост во семејството Ѓоковиќ: На лудата прослава Новак и Марко го носеа Ѓорѓе на раменици appeared first on Република.

]]>
Приведени двајца осомничени за киднапирањето на внукот на Љубе Бошковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-dvajtsa-osomnicheni-za-kidnapiraneto-na-vnukot-na-lube-boshkovski/ Thu, 09 Mar 2023 18:11:16 +0000 https://republika.mk/?p=617857

Две лица се приведени и за нив се бара притвор како осомничени дека учествувале во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, дознава Макфакс од извори во Кривичниот суд.

Се чека судија да одлучи дали ќе им определи 48-часовен притвор како што побарал обвинителот кој го води случајот.

МВР во дневниот билтен на 5 март објави дека е исчезнато 26-годишно лице.

„На 4 март во 8 часот во СВР Скопје, М.К. (32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К. (26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информира МВР.

Исчезнувањето на момчето го пријавил неговиот брат. Се стравува дека 26-годишникот е киднапиран откако бил повикан на средба во Кисела Вода или Драчево и потоа му се губи трагата.

The post Приведени двајца осомничени за киднапирањето на внукот на Љубе Бошковски appeared first on Република.

]]>

Две лица се приведени и за нив се бара притвор како осомничени дека учествувале во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, дознава Макфакс од извори во Кривичниот суд. Се чека судија да одлучи дали ќе им определи 48-часовен притвор како што побарал обвинителот кој го води случајот. МВР во дневниот билтен на 5 март објави дека е исчезнато 26-годишно лице. „На 4 март во 8 часот во СВР Скопје, М.К. (32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К. (26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информира МВР. Исчезнувањето на момчето го пријавил неговиот брат. Се стравува дека 26-годишникот е киднапиран откако бил повикан на средба во Кисела Вода или Драчево и потоа му се губи трагата.    

The post Приведени двајца осомничени за киднапирањето на внукот на Љубе Бошковски appeared first on Република.

]]>
Внукот на Али Ахмети приведен за трговија со дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vnukot-na-ali-ahmeti-priveden-za-trgovija-so-droga/ Thu, 26 Jan 2023 14:41:25 +0000 https://republika.mk/?p=601351

Муса Ахмети, внукот на Али Ахмети е приведен за трговија со дрога, дознава ТВ Алфа, според чии информации тој пред извесен период се вратил од Косово, каде бил некое време. Набрзо по доаѓањето во Македонија, бил фатен со дрога.

 Дали во текот на минативе три недели од страна на полицијата во Кичево бил уапсен Муса Ахмети под сомнеж за неовластено поседување и пуштање во промет на опојни дроги?, беше прашањето кое „Алфа“ го постави до МВР.

Оттаму одговараат дека лице со иницијалите М.А во Зајас било уапсено по извршен претрес во неговиот дом.

На 29/30.10 2022 во времето од 19.10 часот до 00.10 часот по издадена наредба од Основен суд Кичево за вршење на претрес во дом и помошни простории, извршен е претрес во домот кај лицето М.А. (34) од село Зајас, кичевско. При претресот пронајдени се и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и кокаин, четири куршуми, чинија со остатоци од кокаин. За овој кривично правен настан под сомнение за сторено кривично дело… известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево. На 20.12 2022 ОВР Кичево поднесе кривична пријава… против М. А. од Зајас, информираат од МВР.

М. А., лицето кое има исти иницијали со Муса Ахмети бил уапсен на 27 декември во Кичево поради кривично – правниот настан кој му се става на товар.

The post Внукот на Али Ахмети приведен за трговија со дрога appeared first on Република.

Уапсен кочанчанец, кој си ја нападнал снаата, а потоа и малиот внук https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-kochanchanets-koj-si-ja-napadnal-snaata-a-potoa-i-maliot-vnuk/ Thu, 19 Jan 2023 19:41:43 +0000 https://republika.mk/?p=598831

Вчера во 14.15 часот во Кочани од полициски службеници од Полициската станица Кочани бил лишен од слобода Ќ.А.(46) од Кочани.

Како што информираат од МВР, околу 12.30 часот во домот на неговата снаа С.А.(41) од Кочани, најпрво вербално, а потоа и физички ги нападнал неа и нејзиниот малолетен син. По овластување на Јавен обвинител извршен е увид и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

The post Уапсен кочанчанец, кој си ја нападнал снаата, а потоа и малиот внук appeared first on Република.

]]>

Вчера во 14.15 часот во Кочани од полициски службеници од Полициската станица Кочани бил лишен од слобода Ќ.А.(46) од Кочани. Како што информираат од МВР, околу 12.30 часот во домот на неговата снаа С.А.(41) од Кочани, најпрво вербално, а потоа и физички ги нападнал неа и нејзиниот малолетен син. По овластување на Јавен обвинител извршен е увид и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

The post Уапсен кочанчанец, кој си ја нападнал снаата, а потоа и малиот внук appeared first on Република.

]]>
Внук бил заљубен во сопругата на соседот поради што го наговорил дедо си да го убие: Го сочекале во заседа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vnuk-bil-zaluben-vo-soprugata-na-sosedot-poradi-shto-go-nagovoril-dedo-si-da-go-ubie-go-sochekale-vo-zaseda/ Wed, 28 Dec 2022 12:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=590981

Седумдесет и седумгодишниот Т.П. и неговиот внук М.П. (31) од Нови Село се уапсени за убиството на Н.С. (51) од село Коњино, чие тело е пронајдено во шума кај Лебанe, град во Јужна Србија.

Дедото и внукот се уапсени, а Т.П. го признал убиството.

Како што самиот кажа, внукот го наговорил да го стори тоа бидејќи бил заљубен во сопругата на жртвата - тврди извор на српски „Курир“ близок до истрагата.

Како што додава изворот, дедото и внукот му направиле „заседа“ на несреќникот и тргнале по него кога излегол од селото за да ја набере бадникови гранчиња, коишто неговата сопруга подоцна требало да ги продава на улица.

Извор од истрагата тврди дека Н.С.бил убиен со автоматска пушка. Зад себе ги остави сопругата и три деца.

Истрагата на местото на убиството траела речиси 48 часа поради непристапниот терен и густата магла.

The post Внук бил заљубен во сопругата на соседот поради што го наговорил дедо си да го убие: Го сочекале во заседа appeared first on Република.

]]>

Седумдесет и седумгодишниот Т.П. и неговиот внук М.П. (31) од Нови Село се уапсени за убиството на Н.С. (51) од село Коњино, чие тело е пронајдено во шума кај Лебанe, град во Јужна Србија. Дедото и внукот се уапсени, а Т.П. го признал убиството.
Како што самиот кажа, внукот го наговорил да го стори тоа бидејќи бил заљубен во сопругата на жртвата - тврди извор на српски „Курир“ близок до истрагата.
Како што додава изворот, дедото и внукот му направиле „заседа“ на несреќникот и тргнале по него кога излегол од селото за да ја набере бадникови гранчиња, коишто неговата сопруга подоцна требало да ги продава на улица. Извор од истрагата тврди дека Н.С.бил убиен со автоматска пушка. Зад себе ги остави сопругата и три деца. Истрагата на местото на убиството траела речиси 48 часа поради непристапниот терен и густата магла.

The post Внук бил заљубен во сопругата на соседот поради што го наговорил дедо си да го убие: Го сочекале во заседа appeared first on Република.

]]>
Баба пријави дека исчезнал нејзиниот 46 годишен внук https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/baba-prijavi-deka-ischeznal-46-godishniot-vnuk/ Sat, 29 Oct 2022 16:47:20 +0000 https://republika.mk/?p=567227

Вчера во 12:05 часот во СВР-Струмица, Р. Ц. (75) од Струмица пријавила дека од домот во Струмица се оддалечил нејзиниот внук М. П. (46) од Струмица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето

The post Баба пријави дека исчезнал нејзиниот 46 годишен внук appeared first on Република.

Баба го шета внукот врзан со синџир како куче https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/baba-go-sheta-vnukot-vrzan-so-sindzir-kako-kuche/ Sat, 27 Aug 2022 07:30:53 +0000 https://republika.mk/?p=544623

Сцена од улиците на Суботица шокираше и згрози многумина, на која се гледа како баба го шета својот внук врзан со синџир околу вратот.

Таа тврдела дека по негово барање си играла со внукот и дека тој самиот и го врзал синџирот околу вратот.

Жената не сакала да се претстави, но мајката на момчето ги потврдила зборовите на нејзината мајка. Изјавите на бабата ги потврдијле и блиските продавачи.

Дури и ако изјавите на оваа баба се вистинити и тоа е само „игра“ на која инсистирал нејзиниот внук, може да стане многу опасно и непредвидливо, за што момчето на сликата секако не е свесно.

Во коментарите луѓето ја осудија оваа постапка на бабата, но и мајката која ја оправдала.

The post Баба го шета внукот врзан со синџир како куче appeared first on Република.

]]>

Сцена од улиците на Суботица шокираше и згрози многумина, на која се гледа како баба го шета својот внук врзан со синџир околу вратот. Таа тврдела дека по негово барање си играла со внукот и дека тој самиот и го врзал синџирот околу вратот. Жената не сакала да се претстави, но мајката на момчето ги потврдила зборовите на нејзината мајка. Изјавите на бабата ги потврдијле и блиските продавачи. Дури и ако изјавите на оваа баба се вистинити и тоа е само „игра“ на која инсистирал нејзиниот внук, може да стане многу опасно и непредвидливо, за што момчето на сликата секако не е свесно. Во коментарите луѓето ја осудија оваа постапка на бабата, но и мајката која ја оправдала.  

The post Баба го шета внукот врзан со синџир како куче appeared first on Република.

]]>
Ужас во Србија: Внук си ја силулвал и претепал бабата која дошла да го чува https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uzas-vo-srbija-vnuk-si-ja-silulval-i-pretepal-babata-koja-doshla-da-go-chuva/ Fri, 19 Aug 2022 06:28:21 +0000 https://republika.mk/?p=541732

71-годишна жена за време на викендот била силувана и претепана од нејзиниот внук (17) во српското гратче Алибунар. Како што пренесуваат српските медиуми, таа дошла во куќата во која се случил овој хорор за да ги чува своите три малолетни внуци бидејќи според неофицијални информации мајка им ги оставила, а татко им починал.

Да не го преземеше старателството над нив, момчињата ќе завршеа во Домот за запуштени деца, пренесува „Телеграф“.

Силувањето наводно го извршил најстариот внук во текот на изминатиот викенд.

Кога бабата одбила да го направи тоа што тој ја побарал, внукот ја претепал и ѝ рекол дека ќе ја убие. Несреќната жена го пријавила случајот во полиција.

Според последниот попис од 2011 година, во Алибунар има 3000 жители, од кои една третина се Романци.

The post Ужас во Србија: Внук си ја силулвал и претепал бабата која дошла да го чува appeared first on Република.

]]>

71-годишна жена за време на викендот била силувана и претепана од нејзиниот внук (17) во српското гратче Алибунар. Како што пренесуваат српските медиуми, таа дошла во куќата во која се случил овој хорор за да ги чува своите три малолетни внуци бидејќи според неофицијални информации мајка им ги оставила, а татко им починал. Да не го преземеше старателството над нив, момчињата ќе завршеа во Домот за запуштени деца, пренесува „Телеграф“. Силувањето наводно го извршил најстариот внук во текот на изминатиот викенд. Кога бабата одбила да го направи тоа што тој ја побарал, внукот ја претепал и ѝ рекол дека ќе ја убие. Несреќната жена го пријавила случајот во полиција. Според последниот попис од 2011 година, во Алибунар има 3000 жители, од кои една третина се Романци.

The post Ужас во Србија: Внук си ја силулвал и претепал бабата која дошла да го чува appeared first on Република.

]]>
Чичкото го прегазил внукот во дворот додека се враќал наназад со автомобилот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chichkoto-go-pregazil-vnukot-vo-dvorot-dodeka-se-vrakjal-nanazad-so-avtomobilot/ Sun, 27 Mar 2022 13:04:51 +0000 https://republika.mk/?p=479311

Малолетник бил удрен со возило од неговиот чичко додека се враќал наназад, во дворот од куќата во Скопје.

Малолетникот бил донесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки повреди, по што полициски службеници излегле на терен за да истражат што се случило со него.

Тие констатирале дека несреќата се случила во дворно место од семејниот дом на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје.

Увид бил извршен од екипа од СВР Скопје.

The post Чичкото го прегазил внукот во дворот додека се враќал наназад со автомобилот appeared first on Република.

]]>

Малолетник бил удрен со возило од неговиот чичко додека се враќал наназад, во дворот од куќата во Скопје. Малолетникот бил донесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки повреди, по што полициски службеници излегле на терен за да истражат што се случило со него. Тие констатирале дека несреќата се случила во дворно место од семејниот дом на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје. Увид бил извршен од екипа од СВР Скопје.

The post Чичкото го прегазил внукот во дворот додека се враќал наназад со автомобилот appeared first on Република.

]]>
Бабата пријавила, исчезнал внукот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/babata-prijavila-ischeznal-vnukot/ Tue, 22 Mar 2022 15:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=476772

На 21.03.2022 околу 18:40 часот во Полициското одделение Петровец, Ј.Ц.(81) од Скопје пријавила дека од семејната куќа се оддалечил нејзиниот внук С.Ц.(25) од Скопје.

Спорет пријавата, тој и претходно повеќе пати се оддалечувал и бил враќан назад.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

The post Бабата пријавила, исчезнал внукот appeared first on Република.

]]>

На 21.03.2022 околу 18:40 часот во Полициското одделение Петровец, Ј.Ц.(81) од Скопје пријавила дека од семејната куќа се оддалечил нејзиниот внук С.Ц.(25) од Скопје. Спорет пријавата, тој и претходно повеќе пати се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

The post Бабата пријавила, исчезнал внукот appeared first on Република.

]]>