внатрешни блокади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vnatreshni-blokadi/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Sep 2023 11:59:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png внатрешни блокади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vnatreshni-blokadi/ 32 32 Пендаровски: Без внатрешни блокади можеме да влеземе во ЕУ и пред 2030 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-bez-vnatreshni-blokadi-mozheme-da-vlezeme-vo-eu-i-pred-2030-godina/ Fri, 01 Sep 2023 12:56:56 +0000 https://republika.mk/?p=677898

„Без внатрешни опструкции какви што гледаме кај македонската опозиција, можно е да влеземе во Европската Унија и пред 2030 година.“- рече претседателот Пендаровск одговарајќи на новинарско прашање во Охрид.

-Во насока на тоа се и зборовите на министерката за Европа во администрацијата на францускиот претседател Макрон, која рече дека може некоја од земјите на Западен Балкан да влезе и пред 2030 година, додаде Пендаровски

Пендаровски говореше и за изјавата на Макрон за „Европа со повеќе брзини“, коментирајќи дека тој во ниту една своја изјава не вели дека Западен Балкан не треба да биде дел од Унијата.

„Макрон на почетокот на својот говор, специфично во делот каде што зборува за внатрешно преуредување на ЕУ вели: ‘ова што ви го кажувам сега ви го кажав и пред пет години’. Тоа е неговата стара идеја за продлабочување пред проширување или продлабочување заедно со проширување. Во меѓувреме нема ниту една изјава на претседателот на Макрон во која вели дека Западниот Балкан, додека не го направиме продлабочувањето, не треба да влезе. Знаете дека Франција беше спонзор за европската преговарачка рамка којашто ја усвоивме лани. Дека е тоа така потврдуваат и зборовите на министерката за европа во администрацијата на Макрон. Се потврдија и зборовите на Шарл Мишел, кој е највисок политички пријател на Макрон. Секоја голема идеја во Европа што Макрон ја промовира, Шарл Мишел ја прифаќа“, рече Пендаровски.

Претседателот дополни дека досега, всушност, ниту еден од европските официјални лица не рекол дека Западен Балкан нема да влезе, ниту една од шесте држави додека ние внатрешно не се доуредиме.

За уставните измени, Пендаровски го повтори ставот дека не гледа како тоа би ја загрозило Македонија.

„Имаме седум народи во Уставот, проблем ли е да ставиме уште шест. Како тоа ќе ја загрози Македонија. Ако имаш политички причини, чекајќи ги следните избори за да дојдеш на власт, а потоа да му ја мислиш за Европа и две-третини Устав, тоа е друга работа. Тука не станува збор за стратешко, туку за теснопартиско размислување кое се судира со стратешките интереси на Македонија“, рече Пендаровски во Охрид.

 

The post Пендаровски: Без внатрешни блокади можеме да влеземе во ЕУ и пред 2030 година appeared first on Република.

]]>

„Без внатрешни опструкции какви што гледаме кај македонската опозиција, можно е да влеземе во Европската Унија и пред 2030 година.“- рече претседателот Пендаровск одговарајќи на новинарско прашање во Охрид. -Во насока на тоа се и зборовите на министерката за Европа во администрацијата на францускиот претседател Макрон, која рече дека може некоја од земјите на Западен Балкан да влезе и пред 2030 година, додаде Пендаровски Пендаровски говореше и за изјавата на Макрон за „Европа со повеќе брзини“, коментирајќи дека тој во ниту една своја изјава не вели дека Западен Балкан не треба да биде дел од Унијата. „Макрон на почетокот на својот говор, специфично во делот каде што зборува за внатрешно преуредување на ЕУ вели: ‘ова што ви го кажувам сега ви го кажав и пред пет години’. Тоа е неговата стара идеја за продлабочување пред проширување или продлабочување заедно со проширување. Во меѓувреме нема ниту една изјава на претседателот на Макрон во која вели дека Западниот Балкан, додека не го направиме продлабочувањето, не треба да влезе. Знаете дека Франција беше спонзор за европската преговарачка рамка којашто ја усвоивме лани. Дека е тоа така потврдуваат и зборовите на министерката за европа во администрацијата на Макрон. Се потврдија и зборовите на Шарл Мишел, кој е највисок политички пријател на Макрон. Секоја голема идеја во Европа што Макрон ја промовира, Шарл Мишел ја прифаќа“, рече Пендаровски. Претседателот дополни дека досега, всушност, ниту еден од европските официјални лица не рекол дека Западен Балкан нема да влезе, ниту една од шесте држави додека ние внатрешно не се доуредиме. За уставните измени, Пендаровски го повтори ставот дека не гледа како тоа би ја загрозило Македонија. „Имаме седум народи во Уставот, проблем ли е да ставиме уште шест. Како тоа ќе ја загрози Македонија. Ако имаш политички причини, чекајќи ги следните избори за да дојдеш на власт, а потоа да му ја мислиш за Европа и две-третини Устав, тоа е друга работа. Тука не станува збор за стратешко, туку за теснопартиско размислување кое се судира со стратешките интереси на Македонија“, рече Пендаровски во Охрид.  

The post Пендаровски: Без внатрешни блокади можеме да влеземе во ЕУ и пред 2030 година appeared first on Република.

]]>