вмрод-дпмне Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vmrod-dpmne/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Nov 2022 07:04:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вмрод-дпмне Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vmrod-dpmne/ 32 32 Буџетот скроен од Ковачевски е најава за нови задолжувања и уште поголема економска катастрофа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/budzetot-skroen-od-kovachevski-e-najava-za-novi-zadolzuvanja-i-ushte-pogolema-ekonomska-katastrofa/ Mon, 28 Nov 2022 06:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=578728

Буџетот за 2023 не само што е рекордно најголем, туку во исто време е и инфлаторен и неразвоен. Ова само потврдува дека оваа власт на СДС и ДУИ е генератор на кризи и наместо да ги решава уште повеќе ги продлабочува.

Заради нивните лоши економски политики, комбинирани со криминалот и корупцијата, доведоа до ситуација Македонија да се наоѓа во економски и социјален колапс. Стандардот на граѓаните е уништен, затоа што инфлацијата ги изеде платите и пензиите. Македонија со Ковачевски има една од највисоките стапки на инфлација од 20%. Македонија со Ковачевски е во топ 10 земји во светот според инфлацијата на цените на прехранбените произвди. Македонија со Ковачевски има убедливо најниска прогноза за раст на БДП во Европа, а единствено полоши од нас се само Русија и Украина кои се во војна, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија со Ковачевски е на дното по прилив на странски инвестици во целиот регион.

Во Македонија за година и пол се затворени над 12 илјади компании, а уште толку едвај врзуваат крај со крај бидејќи плаќаат најскапа струја во споредба со останатите држави од опкружувањето.

Македонија со Ковачевски достигна долг од 8,5 милијарди евра.

Новиот буџет за 2023 година кој го скроила власта тежи 5,3 милијарди евра предвидува буџетски дефицит од 700 милиони евра, што е најава и за нови задолжувања и економска катастрофа. Резултати од рекордните буџети и задолжувања од владите на СДС нема. Реализацијата на капиталните инвестиции едвај надминува 50 % иако постојано се кратат. Нема нови автопати, болници, училишта, детски градинки… Парите на народот завршуваат во дупка, или поточно во криминалните тендери и длабоките џебови на нивните функционери.

The post Буџетот скроен од Ковачевски е најава за нови задолжувања и уште поголема економска катастрофа appeared first on Република.

]]>

Буџетот за 2023 не само што е рекордно најголем, туку во исто време е и инфлаторен и неразвоен. Ова само потврдува дека оваа власт на СДС и ДУИ е генератор на кризи и наместо да ги решава уште повеќе ги продлабочува.
Заради нивните лоши економски политики, комбинирани со криминалот и корупцијата, доведоа до ситуација Македонија да се наоѓа во економски и социјален колапс. Стандардот на граѓаните е уништен, затоа што инфлацијата ги изеде платите и пензиите. Македонија со Ковачевски има една од највисоките стапки на инфлација од 20%. Македонија со Ковачевски е во топ 10 земји во светот според инфлацијата на цените на прехранбените произвди. Македонија со Ковачевски има убедливо најниска прогноза за раст на БДП во Европа, а единствено полоши од нас се само Русија и Украина кои се во војна, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија со Ковачевски е на дното по прилив на странски инвестици во целиот регион. Во Македонија за година и пол се затворени над 12 илјади компании, а уште толку едвај врзуваат крај со крај бидејќи плаќаат најскапа струја во споредба со останатите држави од опкружувањето. Македонија со Ковачевски достигна долг од 8,5 милијарди евра. Новиот буџет за 2023 година кој го скроила власта тежи 5,3 милијарди евра предвидува буџетски дефицит од 700 милиони евра, што е најава и за нови задолжувања и економска катастрофа. Резултати од рекордните буџети и задолжувања од владите на СДС нема. Реализацијата на капиталните инвестиции едвај надминува 50 % иако постојано се кратат. Нема нови автопати, болници, училишта, детски градинки… Парите на народот завршуваат во дупка, или поточно во криминалните тендери и длабоките џебови на нивните функционери.

The post Буџетот скроен од Ковачевски е најава за нови задолжувања и уште поголема економска катастрофа appeared first on Република.

]]>