вмро-бнд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vmro-bnd/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Oct 2022 09:39:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вмро-бнд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vmro-bnd/ 32 32 ВМРО-БНД ќе протестира подалеку од клубот „Вапцаров“: Полиција дежура пред зградата каде ќе се отвори македонскиот културен центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vmro-bnd-kje-protestira-podaleku-od-klubot-vapcarov-policija-dezura-pred-zgradata-kade-kje-se-otvori-makedonskiot-kulturen-centar/ Sun, 30 Oct 2022 09:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=567319

Протестот на бугарската партија ВМРО-БНД во Благоевград, во знак на несогласување со отоврањето македонски културен клуб во овој град, ќе се одржи подалеку од местото на клубот, пред споменикот на Гоце Делчев, во центарот на градот, извести бугарската телевизија ТВ Нова.

Телевизијата јавува и дека полициска патрола во цивилно возило дежура пред објектот во Благоевград, во кој денеска ќе биде отворен македонскиот клуб „Никола Вапцаров“. Репортерот на бугарската ТВ Нова во јавувањето во живо известува дека на околните згради видливо се истакнати бугарски знамиња, што вообичаено се случува на државни празници, но, според репортерот, денеска е очигледна намерата да се испрати порака до тие што ќе присуствуваат на отворањето на македонскиот клуб.

Од снимките на репортажата може да се види дека на натписот на клубот е вратена буквата „М“, но сега недостига буквата „Е“.

The post ВМРО-БНД ќе протестира подалеку од клубот „Вапцаров“: Полиција дежура пред зградата каде ќе се отвори македонскиот културен центар appeared first on Република.

]]>

Протестот на бугарската партија ВМРО-БНД во Благоевград, во знак на несогласување со отоврањето македонски културен клуб во овој град, ќе се одржи подалеку од местото на клубот, пред споменикот на Гоце Делчев, во центарот на градот, извести бугарската телевизија ТВ Нова. Телевизијата јавува и дека полициска патрола во цивилно возило дежура пред објектот во Благоевград, во кој денеска ќе биде отворен македонскиот клуб „Никола Вапцаров“. Репортерот на бугарската ТВ Нова во јавувањето во живо известува дека на околните згради видливо се истакнати бугарски знамиња, што вообичаено се случува на државни празници, но, според репортерот, денеска е очигледна намерата да се испрати порака до тие што ќе присуствуваат на отворањето на македонскиот клуб. Од снимките на репортажата може да се види дека на натписот на клубот е вратена буквата „М“, но сега недостига буквата „Е“.

The post ВМРО-БНД ќе протестира подалеку од клубот „Вапцаров“: Полиција дежура пред зградата каде ќе се отвори македонскиот културен центар appeared first on Република.

]]>
Партијата на Каракачанов им нуди на Слави Трифонов и поранешниот в.д. премиер, Стефан Јанев, заеднички настап на парламентарните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/partijata-na-karakachanov-im-nudi-na-slavi-trifonov-i-poraneshniot-v-d-premier-stefan-janev-zaednichki-nastap-na-parlamentarnite-izbori/ Fri, 29 Jul 2022 17:58:46 +0000 https://republika.mk/?p=534813

Партијата ВМРО-БНД, на Красимир Каракачанов, за претстојните предвремени парламентарни избори ќе предложи спојување со партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов и „Бугарски подем“ на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев, јави дописникот на МИА од Софија.

Од ВМРО-БНД соопштија дека ги повикуваат сите формации кои се сметаат себеси за патриоти, како и оние кои не го одобруваат францускиот предлог за членство на Македонија во Европската Унија, што Бугарија го прифати пред еден месец, да се приклучат на „бугарофилите“. Според медиумите во Софија, оваа генерална коалиција за претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија може да се нарече „коалиција Македонија“.

Одлуката на ВМРО-БНД да се појави во широка коалиција е донесена на состанок на раководството на партијата. На разговорите ќе бидат поканети поранешниот вршител на должноста премиер на Бугарија Стефан Јанев и неговата нова партија „Бугарски подем“. Јанев ја дефинираше својата партија како национално-конзервативна кога беше создадена, која идеолошки е блиска до ВМРО-БНД.

Локалните медиуми јавуваат дека партијата на поранешниот привремен премиер може да коалицира со партијата на поранешната омбудсманка Маја Манолова, „Стани, Бугарија“, која беше многу активна на протестите против владеењето на Бојко Борисов во 2020 година. ВМРО-БНД ќе бара разговори и со нивните поранешни партнери од Националниот фронт за спас на Бугарија на поранешниот вицепремиер Валери Симеонов.

The post Партијата на Каракачанов им нуди на Слави Трифонов и поранешниот в.д. премиер, Стефан Јанев, заеднички настап на парламентарните избори appeared first on Република.

]]>

Партијата ВМРО-БНД, на Красимир Каракачанов, за претстојните предвремени парламентарни избори ќе предложи спојување со партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов и „Бугарски подем“ на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев, јави дописникот на МИА од Софија. Од ВМРО-БНД соопштија дека ги повикуваат сите формации кои се сметаат себеси за патриоти, како и оние кои не го одобруваат францускиот предлог за членство на Македонија во Европската Унија, што Бугарија го прифати пред еден месец, да се приклучат на „бугарофилите“. Според медиумите во Софија, оваа генерална коалиција за претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија може да се нарече „коалиција Македонија“. Одлуката на ВМРО-БНД да се појави во широка коалиција е донесена на состанок на раководството на партијата. На разговорите ќе бидат поканети поранешниот вршител на должноста премиер на Бугарија Стефан Јанев и неговата нова партија „Бугарски подем“. Јанев ја дефинираше својата партија како национално-конзервативна кога беше создадена, која идеолошки е блиска до ВМРО-БНД. Локалните медиуми јавуваат дека партијата на поранешниот привремен премиер може да коалицира со партијата на поранешната омбудсманка Маја Манолова, „Стани, Бугарија“, која беше многу активна на протестите против владеењето на Бојко Борисов во 2020 година. ВМРО-БНД ќе бара разговори и со нивните поранешни партнери од Националниот фронт за спас на Бугарија на поранешниот вицепремиер Валери Симеонов.

The post Партијата на Каракачанов им нуди на Слави Трифонов и поранешниот в.д. премиер, Стефан Јанев, заеднички настап на парламентарните избори appeared first on Република.

]]>