Влора Читаку Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlora-chitaku/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 14:46:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Влора Читаку Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlora-chitaku/ 32 32 Читаку: Со пари на граѓаните Курти води партиска кампања во дијаспората, ги злоупотребува дипломатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chitaku-so-pari-na-graganite-kurti-vodi-partiska-kampana-vo-dijasporata-gi-zloupotrebuva-diplomatite/ Sat, 09 Nov 2024 14:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=835891

Генералната секретарка на опозициската Демократска партија на Косово, Влора Читаку, ги обвини премиерот Албин Курти и министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала дека „ја камуфлираат партиската агенда како официјална и владина работа“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Читаку на денешната прес-конференција рече дека Курти и Грвала отворено ја злоупотребуваат својата политичка моќ со парите на даночните обврзници за да спроведуваат партиска кампања во дијаспората.

„Последниве денови косовскиот премиер и министерката за надворешни работи отворено ја злоупотребуваат нивната политичка моќ, парите на даночните обврзници и нашите институции за да спроведуваат партиска кампања во дијаспората. Оваа влада – избрана да им служи на граѓаните, сега државата и нејзините ресурси ги претвора во алатки за партиски придобивки“, рече Читаку.

Повикувајќи ги премиерот и шефицата на дипломатијата да не ги користат дипломатските претставништва за партиски и изборни цели, поранешната амбасадорка на Косово во САД изјави дека нивното однесување е „неприфатливо и срамно“.

„И, пред сè, тоа е манипулација на нашата дијаспора, која заслужува почит и чесност, а не ниски политички шеми. Нашите сонародници во иселеништво покажаа непоколеблива посветеност на Косово во минатите децении. Тие заслужуваат почит, а не манипулација“, рече Читаку.

Таа напомена дека Курти и Грвала вршат притисок врз косовските дипломати во светот, принудувајќи ги да организираат предизборни собири под превезот на државна работа.

„Дипломатите, кои треба достоинствено и непристрасно да му служат на секој граѓанин, се принудени да организираат партиски собири, злоупотребувајќи ги службените должности и државните ресурси. Оваа манипулација со моќта е буквално злоупотреба. Затоа, денеска апелирам до секој дипломат што ја претставува Република Косово: Не подлегнувајте на оваа злоупотреба. Не дозволувајте да бидете искористени како инструмент во кампањата на оваа влада. Запомнете, вие сте претставници на Косово, а не претставници на една партиска агенда“, порача Читаку.

The post Читаку: Со пари на граѓаните Курти води партиска кампања во дијаспората, ги злоупотребува дипломатите appeared first on Република.

]]>

Генералната секретарка на опозициската Демократска партија на Косово, Влора Читаку, ги обвини премиерот Албин Курти и министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала дека „ја камуфлираат партиската агенда како официјална и владина работа“, јави дописникот на МИА од Приштина. Читаку на денешната прес-конференција рече дека Курти и Грвала отворено ја злоупотребуваат својата политичка моќ со парите на даночните обврзници за да спроведуваат партиска кампања во дијаспората.
„Последниве денови косовскиот премиер и министерката за надворешни работи отворено ја злоупотребуваат нивната политичка моќ, парите на даночните обврзници и нашите институции за да спроведуваат партиска кампања во дијаспората. Оваа влада – избрана да им служи на граѓаните, сега државата и нејзините ресурси ги претвора во алатки за партиски придобивки“, рече Читаку.
Повикувајќи ги премиерот и шефицата на дипломатијата да не ги користат дипломатските претставништва за партиски и изборни цели, поранешната амбасадорка на Косово во САД изјави дека нивното однесување е „неприфатливо и срамно“.
„И, пред сè, тоа е манипулација на нашата дијаспора, која заслужува почит и чесност, а не ниски политички шеми. Нашите сонародници во иселеништво покажаа непоколеблива посветеност на Косово во минатите децении. Тие заслужуваат почит, а не манипулација“, рече Читаку.
Таа напомена дека Курти и Грвала вршат притисок врз косовските дипломати во светот, принудувајќи ги да организираат предизборни собири под превезот на државна работа.
„Дипломатите, кои треба достоинствено и непристрасно да му служат на секој граѓанин, се принудени да организираат партиски собири, злоупотребувајќи ги службените должности и државните ресурси. Оваа манипулација со моќта е буквално злоупотреба. Затоа, денеска апелирам до секој дипломат што ја претставува Република Косово: Не подлегнувајте на оваа злоупотреба. Не дозволувајте да бидете искористени како инструмент во кампањата на оваа влада. Запомнете, вие сте претставници на Косово, а не претставници на една партиска агенда“, порача Читаку.

The post Читаку: Со пари на граѓаните Курти води партиска кампања во дијаспората, ги злоупотребува дипломатите appeared first on Република.

]]>
Љубовницата на Хашим Тачи го нарече Новак – животно https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ljubovnicata-na-hashim-tachi-go-nareche-novak-zivotno/ Wed, 05 Jan 2022 08:49:36 +0000 https://republika.mk/?p=440788

Поранешната министерка за надворешни работи на Косово и поранешна амбасадорка во САД, Влора Читаку, се огласи по одлуката Новак Ѓоковиќ да добие зелено светло за настап на овогодинешниот Австралија опен.

Влора е позната како поранешна љубовница на хашкиот притвореник Хашим Тачи.

Таа ја коментираше сосема легитимната одлука Новак да добие медицинско ослободување и на тој начин да игра на претстојниот Грен слем во Мелбурн.

Таа на својот Твитер профил остави цитат од книгата на Џорџ Орвел „Животинска фарма“ за веста за заминувањето на Новак во Австралија и го спореди Ноле со животно.

Тоа предизвика остра дипломатска реакција од Србија која бара извинување од Читаку.

The post Љубовницата на Хашим Тачи го нарече Новак – животно appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за надворешни работи на Косово и поранешна амбасадорка во САД, Влора Читаку, се огласи по одлуката Новак Ѓоковиќ да добие зелено светло за настап на овогодинешниот Австралија опен. Влора е позната како поранешна љубовница на хашкиот притвореник Хашим Тачи. Таа ја коментираше сосема легитимната одлука Новак да добие медицинско ослободување и на тој начин да игра на претстојниот Грен слем во Мелбурн. Таа на својот Твитер профил остави цитат од книгата на Џорџ Орвел „Животинска фарма“ за веста за заминувањето на Новак во Австралија и го спореди Ноле со животно. Тоа предизвика остра дипломатска реакција од Србија која бара извинување од Читаку.

The post Љубовницата на Хашим Тачи го нарече Новак – животно appeared first on Република.

]]>