влатко кешишов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlatko-keshishov/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 13:21:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png влатко кешишов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlatko-keshishov/ 32 32 Како се дозволило Палевски и Кешишов да се возат во исто полициско комбе и да си подаваат ливчиња? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kako-se-dozvolilo-palevski-i-keshishov-da-se-vozat-vo-isto-politsisko-kombe-i-da-si-podavaat-livchina/ Mon, 25 Nov 2024 13:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=841588

Интересно беше на денешното рочиште за случајот „Вања и Панче“.Се поставува како полицијата два пати со исто комбе ги возела обвинетите Палевски и Кешиев додека тие си подавале ливчиња.

Во прата изјава на Кишишев пишуваше дека Палевски за време на убиствата спиел во штабот на партијата, а делата ги извршиле останатите обвинети, но не беше наведено кој пукал во Вања и во Панче.

– Влатко Кешишев на денешното судење даде појаснување за таа изјава. Тој ја негираше целосно изјавата и рече дека два пати бил транспортиран од затворот до судот и назад со првообвинетиот и при тој транспорт Палевски му дал ливче. Палевски од Кешишев побарал да го препише со свој ракопис, да стави потпис и да го пушти до Судот. Кешишев појасни дека чувствувал страв од првообвинетиот и поради тоа го стори тоа. Тој ја повлекува изјавата и сè што има да каже, ќе каже пред судот – рече адвокатот Ефремов.

Во врска со тоа дали ќе бара од МВР да не се повтори ваков транспорт на обвинетите, за да не може Палевски и натаму да влијае врз Кешишев, адвокатот рече дека по завршувањето на судењето, самиот судија побарал од затворската полиција отсега, па натаму, транспортот да се одвива со четири комбиња.

– Секој треба да се транспортира одделно, токму поради вакви влијанија, да немаат контакт едни со други. Дадената изјава може да биде предмет и на Обвинителството – рече Ефремов.

На прашањето дали обвинетиот Кешишев го има оригиналот што го напишал првообвинетиот Палевски, адвокатот Ефремов рече дека тоа ќе го остави на Јавното обвинителство да го открие, ако смета дека треба да отвори истрага.

Keшишов: Палчо ми даде ливче

Изјавата не е моја, ми беше дадено ливче да биде напишано со мој ракопис и да ви го дадам, изјави обвинетиот Влатко Кешишов на денешното судење во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во врска со изјавата во која тој наведува дека Палчо нема врска со убиството.

Кешишов денеска рече дека тоа го сторил од страв.

- Еден од обвинетите што беше таму со мене ми даде ливче, требаше да напишам со мој ракопис и да го дадам на вас. И јас го направив тоа од страв. При транспортот во судот Палчо ми даде ливче, бидејќи бевме сами назад, на два пати нѐ пренесуваа сами, изјави Кешишев, откако неговиот адвокат побара тој да се произнесе по однос на изјавата која беше доставена на изминатото рочиште до судот во која стоеше дека обвинетитот Кешишов вели дека Палчо нема врска со убиството, туку дела тоа го сториле останатите тројца обвинети.

На прашање од Судот од кого се плаши, обвинетиот со одговор „воопшто“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/keshishov-izjavata-ne-e-moja-palcho-mi-dade-livche-da-go-napisham-so-moj-rakopis/

The post Како се дозволило Палевски и Кешишов да се возат во исто полициско комбе и да си подаваат ливчиња? appeared first on Република.

]]>

Интересно беше на денешното рочиште за случајот „Вања и Панче“.Се поставува како полицијата два пати со исто комбе ги возела обвинетите Палевски и Кешиев додека тие си подавале ливчиња. Во прата изјава на Кишишев пишуваше дека Палевски за време на убиствата спиел во штабот на партијата, а делата ги извршиле останатите обвинети, но не беше наведено кој пукал во Вања и во Панче.
– Влатко Кешишев на денешното судење даде појаснување за таа изјава. Тој ја негираше целосно изјавата и рече дека два пати бил транспортиран од затворот до судот и назад со првообвинетиот и при тој транспорт Палевски му дал ливче. Палевски од Кешишев побарал да го препише со свој ракопис, да стави потпис и да го пушти до Судот. Кешишев појасни дека чувствувал страв од првообвинетиот и поради тоа го стори тоа. Тој ја повлекува изјавата и сè што има да каже, ќе каже пред судот – рече адвокатот Ефремов.
Во врска со тоа дали ќе бара од МВР да не се повтори ваков транспорт на обвинетите, за да не може Палевски и натаму да влијае врз Кешишев, адвокатот рече дека по завршувањето на судењето, самиот судија побарал од затворската полиција отсега, па натаму, транспортот да се одвива со четири комбиња.
– Секој треба да се транспортира одделно, токму поради вакви влијанија, да немаат контакт едни со други. Дадената изјава може да биде предмет и на Обвинителството – рече Ефремов.
На прашањето дали обвинетиот Кешишев го има оригиналот што го напишал првообвинетиот Палевски, адвокатот Ефремов рече дека тоа ќе го остави на Јавното обвинителство да го открие, ако смета дека треба да отвори истрага.

Keшишов: Палчо ми даде ливче

Изјавата не е моја, ми беше дадено ливче да биде напишано со мој ракопис и да ви го дадам, изјави обвинетиот Влатко Кешишов на денешното судење во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во врска со изјавата во која тој наведува дека Палчо нема врска со убиството. Кешишов денеска рече дека тоа го сторил од страв. - Еден од обвинетите што беше таму со мене ми даде ливче, требаше да напишам со мој ракопис и да го дадам на вас. И јас го направив тоа од страв. При транспортот во судот Палчо ми даде ливче, бидејќи бевме сами назад, на два пати нѐ пренесуваа сами, изјави Кешишев, откако неговиот адвокат побара тој да се произнесе по однос на изјавата која беше доставена на изминатото рочиште до судот во која стоеше дека обвинетитот Кешишов вели дека Палчо нема врска со убиството, туку дела тоа го сториле останатите тројца обвинети. На прашање од Судот од кого се плаши, обвинетиот со одговор „воопшто“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/keshishov-izjavata-ne-e-moja-palcho-mi-dade-livche-da-go-napisham-so-moj-rakopis/

The post Како се дозволило Палевски и Кешишов да се возат во исто полициско комбе и да си подаваат ливчиња? appeared first on Република.

]]>
Сака ли некој со сила да го стави или спаси Палчо од затвор? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/saka-li-nekoj-so-sila-da-go-stavi-ili-spasi-palcho-od-zatvor/ Thu, 21 Nov 2024 09:51:42 +0000 https://republika.mk/?p=840246

Случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој ја потресе Македонија не оди кон скора завршница. Јавноста веќе го осуди Палевски како сторител на двете убиства. Но, едно е јавност а друго се доказите кои засега ги нема или се многу тенки.

Досега ниту еден од сведоците не понуди доказ за тоа дека Палевски ги убил Вања и Панче, иако е сосема сигурно дека тој ја предводел групата во која се и останатите обвинети. Но, дали ја убил на така свиреп начин како што раскажа полицискиот инспектор ќе покаже понатамошниот тек на судењето.

На почетокот на процесот обвинителката рече дека поседуваат несоборливи докази дека Палевски е сторителот и дека од таткото на Вања дознал дека кобниот ден таа сама ќе оди на училиште, Но, засега таков доказ, пишан или пак телефонски разговор меѓу нив не е презентиран пред судот.Згора на тоа Палчо и Александар велат дека не се познаваат.

И најважното, досега не е пронајден пиштолот од кој Палевски наводно пукал во Вања и Панче.

Пропусти во истрагата има многу. Да почнеме со ред. Се сеќавате на онаа филмска прес конференција во МВР кога беше објавено дека Палевски е уапсен и кога тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во улога на инспектор одговараше на прашања.

На прашањето дали се земени парафински ракавици на осомничените тој избегна одговор и неуверливо рече дека е направено се што било потребно.

Со други зборови ги ослободија од одговорност за пукање без да обезбедат докази.

Полицијата, но и Обвинителството засега нема одговори и кој е конкретниот мотив да се убие Панче Жежовски.Не држи вода дека го убиле само да му ја земат колата со која подоцна е грабната Вања.

[caption id="attachment_729763" align="alignnone" width="514"] foto Srgan Nogo[/caption]

Треба да си навистина наивен да поверуваш дека без никаков страв ќе возиш автомобил кој згора на тоа е пријавен дека го нема неколку денови низ Скопје кога градот беше преполн со полиција поради самитот на ОБСЕ.

[caption id="attachment_818062" align="alignnone" width="640"] Влатко Кешишов[/caption]

Целосен пресврт во овој случај може да донесе вчерашната писмена изјава на Влатко Кешишов, еден од обвинетите. Тој си ја поби првичната изјава дека Палчо ги убил Панче и Вања. Кешишев сега вели дека Велибор Манев а не Палевски е сторителот на двете убиства.

По сево останува прашањето дали јавноста по кој знае кој пат е публика на добро режирана театарска претстава? Сака ли некој со сила да го стави или извади Палчо од затвор?

The post Сака ли некој со сила да го стави или спаси Палчо од затвор? appeared first on Република.

]]>

Случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој ја потресе Македонија не оди кон скора завршница. Јавноста веќе го осуди Палевски како сторител на двете убиства. Но, едно е јавност а друго се доказите кои засега ги нема или се многу тенки. Досега ниту еден од сведоците не понуди доказ за тоа дека Палевски ги убил Вања и Панче, иако е сосема сигурно дека тој ја предводел групата во која се и останатите обвинети. Но, дали ја убил на така свиреп начин како што раскажа полицискиот инспектор ќе покаже понатамошниот тек на судењето. На почетокот на процесот обвинителката рече дека поседуваат несоборливи докази дека Палевски е сторителот и дека од таткото на Вања дознал дека кобниот ден таа сама ќе оди на училиште, Но, засега таков доказ, пишан или пак телефонски разговор меѓу нив не е презентиран пред судот.Згора на тоа Палчо и Александар велат дека не се познаваат. И најважното, досега не е пронајден пиштолот од кој Палевски наводно пукал во Вања и Панче. Пропусти во истрагата има многу. Да почнеме со ред. Се сеќавате на онаа филмска прес конференција во МВР кога беше објавено дека Палевски е уапсен и кога тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во улога на инспектор одговараше на прашања. На прашањето дали се земени парафински ракавици на осомничените тој избегна одговор и неуверливо рече дека е направено се што било потребно. Со други зборови ги ослободија од одговорност за пукање без да обезбедат докази. Полицијата, но и Обвинителството засега нема одговори и кој е конкретниот мотив да се убие Панче Жежовски.Не држи вода дека го убиле само да му ја земат колата со која подоцна е грабната Вања. [caption id="attachment_729763" align="alignnone" width="514"] foto Srgan Nogo[/caption] Треба да си навистина наивен да поверуваш дека без никаков страв ќе возиш автомобил кој згора на тоа е пријавен дека го нема неколку денови низ Скопје кога градот беше преполн со полиција поради самитот на ОБСЕ. [caption id="attachment_818062" align="alignnone" width="640"] Влатко Кешишов[/caption] Целосен пресврт во овој случај може да донесе вчерашната писмена изјава на Влатко Кешишов, еден од обвинетите. Тој си ја поби првичната изјава дека Палчо ги убил Панче и Вања. Кешишев сега вели дека Велибор Манев а не Палевски е сторителот на двете убиства. По сево останува прашањето дали јавноста по кој знае кој пат е публика на добро режирана театарска претстава? Сака ли некој со сила да го стави или извади Палчо од затвор?  

The post Сака ли некој со сила да го стави или спаси Палчо од затвор? appeared first on Република.

]]>
„Јас не сум човек“ повторувал Кешишев носејќи ги кон гробот на „маленкото“, не сакал ни да го погледне местото https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/jas-ne-sum-chovek-povtoruval-keshishev-nosejki-gi-kon-grobot-na-malenkoto-ne-sakal-ni-da-go-pogledne-mestoto/ Fri, 18 Oct 2024 09:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=828383

Сведокот Дејан Димовски, началник за насилен криминал и крвни деликти на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски објасни дека обвинетиот Влатко Кешишев долго време се „кршел“ додека се решил да им го покаже местото каде што е закопана Вања. Инспекторите се изненадиле дека ги води до местото каде претходно бил пронајден запалениот „цитроен“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/do-togash-ne-znaele-deka-sluchaite-se-povrzani-obvinetiot-keshishov-go-odnesol-nachalnikot-do-mestoto-kade-shto-e-ubiena-vana/

Попат Кишишев повторувал „Јас не сум човек“.

Оделе, како што кажа началникот, буквално низ беспаќе, иако првично Кешишев не им кажал што да очекуваат.

Ни покажуваше со вртење на главата кон едно место каде имаше кумери, перници. Почнавме да копаме, но земјата пропаѓаше. Кешешев не сакаше да гледа и само рече, „Овде е маленкото“. Му рековме и тој да копа и тој почна да копа. Немавме доволно лопати и зедовме од селото. Кога почнавме да копаме видовме лице. Тогаш Кешиев му рекол на началникот Каишиќ дека со нив бил и каратистот Боре од Велес. Вања беше како жива на устата имаше лента со врзани раце и нозе, раскажа началикот.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kaj-ste-do-sega-ve-chekavme-im-rekol-keshishev-na-politsajtsite-koga-vlegle-vo-desna/

The post „Јас не сум човек“ повторувал Кешишев носејќи ги кон гробот на „маленкото“, не сакал ни да го погледне местото appeared first on Република.

]]>

Сведокот Дејан Димовски, началник за насилен криминал и крвни деликти на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски објасни дека обвинетиот Влатко Кешишев долго време се „кршел“ додека се решил да им го покаже местото каде што е закопана Вања. Инспекторите се изненадиле дека ги води до местото каде претходно бил пронајден запалениот „цитроен“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/do-togash-ne-znaele-deka-sluchaite-se-povrzani-obvinetiot-keshishov-go-odnesol-nachalnikot-do-mestoto-kade-shto-e-ubiena-vana/ Попат Кишишев повторувал „Јас не сум човек“. Оделе, како што кажа началникот, буквално низ беспаќе, иако првично Кешишев не им кажал што да очекуваат.
Ни покажуваше со вртење на главата кон едно место каде имаше кумери, перници. Почнавме да копаме, но земјата пропаѓаше. Кешешев не сакаше да гледа и само рече, „Овде е маленкото“. Му рековме и тој да копа и тој почна да копа. Немавме доволно лопати и зедовме од селото. Кога почнавме да копаме видовме лице. Тогаш Кешиев му рекол на началникот Каишиќ дека со нив бил и каратистот Боре од Велес. Вања беше како жива на устата имаше лента со врзани раце и нозе, раскажа началикот.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kaj-ste-do-sega-ve-chekavme-im-rekol-keshishev-na-politsajtsite-koga-vlegle-vo-desna/

The post „Јас не сум човек“ повторувал Кешишев носејќи ги кон гробот на „маленкото“, не сакал ни да го погледне местото appeared first on Република.

]]>
„Кај сте до сега, ве чекавме“, им рекол Кешишев на полицајците кога влегле во Десна https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kaj-ste-do-sega-ve-chekavme-im-rekol-keshishev-na-politsajtsite-koga-vlegle-vo-desna/ Fri, 18 Oct 2024 09:19:58 +0000 https://republika.mk/?p=828375

Сведокот Дејан Димовски, началник за насилен криминал и крвни деликти, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски објасни како дошле до местото каде што било закопано телото на Вања откако претходно го забележале „цитроенот“ на велешанецот низ скопските улици и низ „Сејф сити“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vana-imala-virtuelen-dechko-od-shvedska-na-chii-profil-imalo-znamina-od-isis/

Клучно било јавувањето на таткото Александар и разговорот што го воделе.

„Имам сомнително возило да го проверите“, ми рече Алекандар. Му реков прати ги. Тоа беа слики од некој козметички салон. Го проверивме тоа возило чија траекотрија беше од улицата „Аминта Трети“ кон „Партизанска“ и „Симпо“. Ни рече дека до него има и некое комбе и да го провериме. Кога видовме, сфативме дека тоа е запалениот велешки „цитроен“ откако ја проверивме и регистрацијата, објасни началникот

Било лоцирано и возилото „кангу“ особено откако неколкупати се појавило на камера заедно со „цитроенот“.

Проверилњ дека го користи партијата Десна на Љупчо Палевски.

Кога влеговме на претрес во партијата го начекавме осомничениот Влатко Кешишев, кој ни рече „Кај сте до сега, ве чекавме“. Го прашав каде е претседателот на партијата (Љупчо Палески Палчо), рече дека е во Белград. Таму беше адвокатот Васко, кој откри дека тој го однел Палчо во Белград. Васко рекол дека Палчо по пат кон Белград му раскажувал дека неколку дена го следи некој „цитроен“, раскажа началникот за случувањата во партијата Десна.

И овој началник како и вчерашниот објасни дека со Александар доаѓал некој Гоце, за кого таткото на Вања рече дека било старо кумство со кого се немаат видено 20 години, но оти еве сега се нашол тука да му помогне.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ke-odgovori-li-kumashinot-gotse-zoshto-im-ja-dal-na-politsijata-snimkata-od-tsitroenot-na-benziska/

Гоце ми рече дека Палчо бил зет за прва братучетка на неговата мајка, откри началникот.

The post „Кај сте до сега, ве чекавме“, им рекол Кешишев на полицајците кога влегле во Десна appeared first on Република.

]]>

Сведокот Дејан Димовски, началник за насилен криминал и крвни деликти, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски објасни како дошле до местото каде што било закопано телото на Вања откако претходно го забележале „цитроенот“ на велешанецот низ скопските улици и низ „Сејф сити“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vana-imala-virtuelen-dechko-od-shvedska-na-chii-profil-imalo-znamina-od-isis/ Клучно било јавувањето на таткото Александар и разговорот што го воделе.
„Имам сомнително возило да го проверите“, ми рече Алекандар. Му реков прати ги. Тоа беа слики од некој козметички салон. Го проверивме тоа возило чија траекотрија беше од улицата „Аминта Трети“ кон „Партизанска“ и „Симпо“. Ни рече дека до него има и некое комбе и да го провериме. Кога видовме, сфативме дека тоа е запалениот велешки „цитроен“ откако ја проверивме и регистрацијата, објасни началникот
Било лоцирано и возилото „кангу“ особено откако неколкупати се појавило на камера заедно со „цитроенот“. Проверилњ дека го користи партијата Десна на Љупчо Палевски.
Кога влеговме на претрес во партијата го начекавме осомничениот Влатко Кешишев, кој ни рече „Кај сте до сега, ве чекавме“. Го прашав каде е претседателот на партијата (Љупчо Палески Палчо), рече дека е во Белград. Таму беше адвокатот Васко, кој откри дека тој го однел Палчо во Белград. Васко рекол дека Палчо по пат кон Белград му раскажувал дека неколку дена го следи некој „цитроен“, раскажа началникот за случувањата во партијата Десна.
И овој началник како и вчерашниот објасни дека со Александар доаѓал некој Гоце, за кого таткото на Вања рече дека било старо кумство со кого се немаат видено 20 години, но оти еве сега се нашол тука да му помогне. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ke-odgovori-li-kumashinot-gotse-zoshto-im-ja-dal-na-politsijata-snimkata-od-tsitroenot-na-benziska/
Гоце ми рече дека Палчо бил зет за прва братучетка на неговата мајка, откри началникот.

The post „Кај сте до сега, ве чекавме“, им рекол Кешишев на полицајците кога влегле во Десна appeared first on Република.

]]>
Киднаперите на Вања комуницирале преку „моторола“, не користеле мобилен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kidnaperite-na-vana-komunitsirale-preku-motorola-ne-koritele-mobilen/ Thu, 17 Oct 2024 07:13:17 +0000 https://republika.mk/?p=827634

Полицискиот началник Каишиќ кој беше сведок на денешното рочиште за случајот „Вања и Панче“ рече дека грабнувачите не користеле мобилен телефон туку дека користеле радио врска, односно „моторола“.

Каишиќ потврди и дека го нема пиштолот со кој е убиено девојчето, но и дека недостига една лопата.

Информацијата дека Вања е убиена и каде е закопана началникот ја дознал од обвинетиот Влатко Кешишов. Тој сам се понудил да го однесе во селото Бразда, но да не дознае Палчо оти може да го убие.

„Самиот почна да зборува дека е лош човек, дека е нечовек, наговестуваше нешто. Во еден момент рече дека ќе ме однесе мене на едно место, да ми покаже нешто, бараше да одиме сами не сакаше да одиме со другите началници, сакаше јас и тој сами, ми рече „ако дознае Палчо ќе ме убие. Со главата ми посочи кон расфрлени перници и душеци. Дури и со рака не сакаше да покаже, покажуваше со главата кон перниците-објасни началникот.

The post Киднаперите на Вања комуницирале преку „моторола“, не користеле мобилен appeared first on Република.

]]>

Полицискиот началник Каишиќ кој беше сведок на денешното рочиште за случајот „Вања и Панче“ рече дека грабнувачите не користеле мобилен телефон туку дека користеле радио врска, односно „моторола“. Каишиќ потврди и дека го нема пиштолот со кој е убиено девојчето, но и дека недостига една лопата. Информацијата дека Вања е убиена и каде е закопана началникот ја дознал од обвинетиот Влатко Кешишов. Тој сам се понудил да го однесе во селото Бразда, но да не дознае Палчо оти може да го убие.
„Самиот почна да зборува дека е лош човек, дека е нечовек, наговестуваше нешто. Во еден момент рече дека ќе ме однесе мене на едно место, да ми покаже нешто, бараше да одиме сами не сакаше да одиме со другите началници, сакаше јас и тој сами, ми рече „ако дознае Палчо ќе ме убие. Со главата ми посочи кон расфрлени перници и душеци. Дури и со рака не сакаше да покаже, покажуваше со главата кон перниците-објасни началникот.
   
The post Киднаперите на Вања комуницирале преку „моторола“, не користеле мобилен appeared first on Република.

]]>
До тогаш не знаеле дека случаите се поврзани: Обвинетиот Кешишов го однесол началникот до местото каде што е убиена Вања https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/do-togash-ne-znaele-deka-sluchaite-se-povrzani-obvinetiot-keshishov-go-odnesol-nachalnikot-do-mestoto-kade-shto-e-ubiena-vana/ Wed, 16 Oct 2024 09:29:18 +0000 https://republika.mk/?p=827494

Полицискиот началник Музафер Калишиќ, кој го водеше случајот на Вања Ѓорчевска, на денешното рочиште детално објасни како дошле до местото каде што девојчето беше пронајдено мртво.

Таму ги однел обвинетиот Влатко Кешишов, кој бил уапсен поради сомнежи за исчезнувањето на Панче Жежовски. Па, тоа што следувало било шок.

[caption id="attachment_818062" align="alignnone" width="1600"] Влатко Кешишов[/caption]

Тој барал да одат сами до „едно место“, бидејќи се плашел дека првообвинетиот Љупчо Палески - Палчо може да го убие ако дознае што ќе им покаже.

Нè однесе до запаленото возило, до „цитроенот“. Ние веќе знаевме за возилото. Таму разговаравме. Сакаше да каже нешто, па не сакаше, се премислуваше. Па рече, ајде ќе ве однесам. Возевме по негови насоки и рече излезете. Широк огромен простор, кој служи како депонија. Пак сакаше да каже нешто, па велеше не можам, не можам. Тргна кон возилото, па се врати и рече ајде. Каде одиме, го прашав. Ми посочи со главата, имаше перници, душеци. Не покажуваше со рака, со глава. Рече:,,Таму кај перниците”. Потоа продолжи: ,,Ама јас стоев 20-30 метра од нив”. Почнавме да копаме. Го замоливме да посочи каде точно. Посочи едно место. Рече: ,,Тука ја фрлија”. Тогаш ме фати за рака и рече: ,,Мислам тука е маленкото”. Кога прашав кое, рече тоа што го барате девојчето. Копавме се додека не го видовме носот и едната нога и запревме, сведочи началникот.

Претходно началникот зборуваше и за почетната истрага околу исчезнувањето на девојчето, посочувајќи дека однесувањето на нејзиниот татко било многу чудно и конфузно и дека тој им бил сомнителен:

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsiski-nachalnik-odnesuvaneto-na-aleksandar-beshe-chudno-i-konfuzno-postojano-povtoruvashe-deka-vana-e-kidnapirana-i-ubiena/

Началникот посочи и дека Александар со негов стар пријател по име Гоце, почнале да ѝ носат снимки од назорни камери на полицијата, за кои не знаеле од каде ги прибавува и како:

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kabelot-od-kamerata-od-objekt-sproti-zgradata-na-vana-bil-isechen/

The post До тогаш не знаеле дека случаите се поврзани: Обвинетиот Кешишов го однесол началникот до местото каде што е убиена Вања appeared first on Република.

]]>

Полицискиот началник Музафер Калишиќ, кој го водеше случајот на Вања Ѓорчевска, на денешното рочиште детално објасни како дошле до местото каде што девојчето беше пронајдено мртво. Таму ги однел обвинетиот Влатко Кешишов, кој бил уапсен поради сомнежи за исчезнувањето на Панче Жежовски. Па, тоа што следувало било шок. [caption id="attachment_818062" align="alignnone" width="1600"] Влатко Кешишов[/caption] Тој барал да одат сами до „едно место“, бидејќи се плашел дека првообвинетиот Љупчо Палески - Палчо може да го убие ако дознае што ќе им покаже.
Нè однесе до запаленото возило, до „цитроенот“. Ние веќе знаевме за возилото. Таму разговаравме. Сакаше да каже нешто, па не сакаше, се премислуваше. Па рече, ајде ќе ве однесам. Возевме по негови насоки и рече излезете. Широк огромен простор, кој служи како депонија. Пак сакаше да каже нешто, па велеше не можам, не можам. Тргна кон возилото, па се врати и рече ајде. Каде одиме, го прашав. Ми посочи со главата, имаше перници, душеци. Не покажуваше со рака, со глава. Рече:,,Таму кај перниците”. Потоа продолжи: ,,Ама јас стоев 20-30 метра од нив”. Почнавме да копаме. Го замоливме да посочи каде точно. Посочи едно место. Рече: ,,Тука ја фрлија”. Тогаш ме фати за рака и рече: ,,Мислам тука е маленкото”. Кога прашав кое, рече тоа што го барате девојчето. Копавме се додека не го видовме носот и едната нога и запревме, сведочи началникот.
Претходно началникот зборуваше и за почетната истрага околу исчезнувањето на девојчето, посочувајќи дека однесувањето на нејзиниот татко било многу чудно и конфузно и дека тој им бил сомнителен: https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsiski-nachalnik-odnesuvaneto-na-aleksandar-beshe-chudno-i-konfuzno-postojano-povtoruvashe-deka-vana-e-kidnapirana-i-ubiena/ Началникот посочи и дека Александар со негов стар пријател по име Гоце, почнале да ѝ носат снимки од назорни камери на полицијата, за кои не знаеле од каде ги прибавува и како: https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kabelot-od-kamerata-od-objekt-sproti-zgradata-na-vana-bil-isechen/  

The post До тогаш не знаеле дека случаите се поврзани: Обвинетиот Кешишов го однесол началникот до местото каде што е убиена Вања appeared first on Република.

]]>
30 дена притвор за Александар Ѓорчевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/30-dena-pritvor-za-aleksandar-gorchevski/ Wed, 06 Dec 2023 09:14:19 +0000 https://republika.mk/?p=720236

Судот го прифати барањето на Јавното обвинителство за определување мерка 30 дневен притвор на осомничените за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Притвор од по 30 дена добија таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, Александар Ѓорчевски, и тројцата осомничени Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки притвор против 4 лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со грабнувањето и убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и убиството на велешанецот П.Ж., ценејќи ги приложените факти и исказите на обвинетите во однос на предлогот за притвор донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител. Па така на В.М., В.К., Б.В., и А.Ѓ. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165. ст.1, точки 1,2 и 3 од ЗКП. односно опасност од бегство, попречување на истрагата со влијание на сведоци и повторување или сторување ново кривично дело, соопшти Судот.

Краткотраен притвор од 48 часа доби и вчера приведениот 46-годишен скопјанец С.Д. кој се сомничи дека му помогнал на првоосомничениот за убиствата Љупчо Палевски – Палчо да избега во Турција.

The post 30 дена притвор за Александар Ѓорчевски appeared first on Република.

Претрес и во партијата Десна во која членувале сите осомничени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretres-i-vo-partijata-desna-vo-koja-chlenuvale-site-osomnicheni/ Mon, 04 Dec 2023 11:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=719354

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција потврди дека вчера е извршен претрес и во политичката партија Десна, на која ѝ припаѓале сите осомничени лица поврзани со грабнувањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жеожовски.

Според Спасовски, извршени се разговори со повеќе лица, а по претресот се пронајдени „извесни информации“.

Во моментов, основачот на партијата и првоосомничен за двете убиства, Љупчо Палевски Палчо е во бегство. Според информациите на полицијата, тој ја напуштил Македонија на 30 ноември.

https://republika.mk/vesti/makedonija/palcho-go-ispukal-kurshumot-vo-teloto-na-vana/

The post Претрес и во партијата Десна во која членувале сите осомничени appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција потврди дека вчера е извршен претрес и во политичката партија Десна, на која ѝ припаѓале сите осомничени лица поврзани со грабнувањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жеожовски. Според Спасовски, извршени се разговори со повеќе лица, а по претресот се пронајдени „извесни информации“. Во моментов, основачот на партијата и првоосомничен за двете убиства, Љупчо Палевски Палчо е во бегство. Според информациите на полицијата, тој ја напуштил Македонија на 30 ноември. https://republika.mk/vesti/makedonija/palcho-go-ispukal-kurshumot-vo-teloto-na-vana/

The post Претрес и во партијата Десна во која членувале сите осомничени appeared first on Република.

]]>
Ноќва приведени тројца осомничени за убиствата на Вања и Панче https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nokva-privedeni-trojtsa-osomnicheni-za-ubistvata-na-vana-i-panche/ Mon, 04 Dec 2023 07:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=719113

Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи притвор од 48 часа на три лица кои беа спроведени во суд, а се осомничени за убуитвото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, потврдија од судот за МИА.

Еден од осомничените кој ноќеска беше спроведен во суд е е велешанецот Велибор Манев. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори негативно.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eden-od-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-donesen-vo-sud-veli-deka-toj-ne-go-izvrshil-ubistvoto/

Во текот на ноќта беа приведени и Влатко Кешишов и Боре Видевски.

Од Обвинителството доцна ноќеска потврдија и дека Александар, таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, е на распит во полициска станица и дека ќе биде задржан додека се расчистува неговата инволвираност.

Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двата случаи, како што информираа вечерва од МВР, осомничени се пет лица, сите од македонска етничка припадност. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека мотив за убиствата е „користољубие“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-identitetot-na-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-chii-initsijali-mvr-i-obvinitelstvoto-ne-gi-soopshtuvaat/

Дел од медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата, излегоа со информација дека се трага по лицето Љ.П. од Скопје, кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска. Тој избегал од државата и во моментов се трага по него.

Повеќе информации се очекува да бидат објавени денеска на прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и главниот јавен обвинител Габрил Бубевски.

The post Ноќва приведени тројца осомничени за убиствата на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>

Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи притвор од 48 часа на три лица кои беа спроведени во суд, а се осомничени за убуитвото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, потврдија од судот за МИА. Еден од осомничените кој ноќеска беше спроведен во суд е е велешанецот Велибор Манев. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори негативно. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eden-od-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-donesen-vo-sud-veli-deka-toj-ne-go-izvrshil-ubistvoto/ Во текот на ноќта беа приведени и Влатко Кешишов и Боре Видевски. Од Обвинителството доцна ноќеска потврдија и дека Александар, таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, е на распит во полициска станица и дека ќе биде задржан додека се расчистува неговата инволвираност. Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември. За двата случаи, како што информираа вечерва од МВР, осомничени се пет лица, сите од македонска етничка припадност. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека мотив за убиствата е „користољубие“. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-identitetot-na-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-chii-initsijali-mvr-i-obvinitelstvoto-ne-gi-soopshtuvaat/ Дел од медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата, излегоа со информација дека се трага по лицето Љ.П. од Скопје, кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска. Тој избегал од државата и во моментов се трага по него. Повеќе информации се очекува да бидат објавени денеска на прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и главниот јавен обвинител Габрил Бубевски.

The post Ноќва приведени тројца осомничени за убиствата на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>