власт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlast/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 17:40:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png власт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlast/ 32 32 Петрушевски: За три недели власт ВМРО-ДПМНЕ оствари и повеќе од очекуваното https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-za-tri-nedeli-vlast-vmro-dpmne-ostvari-i-poveke-od-ochekuvanoto/ Tue, 09 Jul 2024 17:40:44 +0000 https://republika.mk/?p=795068

Петнаесетина дена, три недели како имаме влада во Македонија и сметам дека остваривме и повеќе од она што се очекува. Едни од носечките наши изборни ветувања се веќе реализирани, а тоа е ДУИ во опозиција. Гледаме дека си седат во опозициските клупи и не се случи никакво чудо во Република Македонија како што претходно имаше најави, мислења или критики од одредени политички субјекти, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во денешното гостување на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија запрашан дали се остварите очекувањата од ВМРО-ДПМНЕ по преземањето на власта.

Имаме Влада која што ги среќава со дипломати, иако претходно беше зборувано дека ВМРО-ДПМНЕ било изолирано, гледаме дека не е така. Гледаме секојдневно средби со разно разни дипломати. Носечкото ветување за линеарно зголемување на пензиите кое што. Исто така беше критикувано дури и како невозможно во Република Македонија веќе е реалност, се прави ребаланс на буџетот и првите две и пол илјади денари линеарно зголемување ќе се пуштат во септември годинава, следното во март следната година, рече Петрушевски.

Набројувајќи ги постигнувањата и реализациите од страна на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот, Христијан Мицкоски додаде дека со ребалансот на буџетот кој што се подготвува ќе се одвојат пари и за ветените 250 милиони евра за реализација на проекти на општините.

Исто така со ребалансот се алоцираат средства за голем број на други ветувања кои што ги имаме во нашата програма, пред се акцент тука ставаме на 250 милиони евра, пари за општините. Не како до сега селективно онаму каде што владата мисли дека треба да ги даде, туку по формула на сите општини подеднакво. Тоа се пари кои што ќе се користат за нови училишта, канализации, водоводи, асфалтирање на патишта и така натаму, истакна Петрушевски.

Додаде дека гледаме сериозни странски инвестиции, три недели власт, веќе трета инвестиција најавена, посочувајќи дека тука нема да застане ВМРО-ДПМНЕ се до реализација на целосната програма ветена на граѓаните пред изборите.

Така што, мислам дека и повеќе од она што го очекувавме за три недели ние го реализиравме. Меѓутоа, апсолутно не застануваме тука. Планираме комплетната програма и сите оние ветувања кои што ги имаме дадено пред граѓаните во предизборниот период да бидат реализирани“, потенцираше Петрушевски.

The post Петрушевски: За три недели власт ВМРО-ДПМНЕ оствари и повеќе од очекуваното appeared first on Република.

]]>

Српските власти почнуваат со формирање на локалната власт, опозицијата бара напуштање на парламентот и граѓанска непослушност https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskite-vlasti-pochnuvaat-so-formirane-na-lokalnata-vlast-opozitsijata-bara-napushtane-na-parlamentot-i-graganska-neposlushnost/ Tue, 04 Jun 2024 10:24:26 +0000 https://republika.mk/?p=784614

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, изјави дека СНС ќе почне да работи на формирање на сите структури на локалните власти и исполнување на она што е ветено на граѓаните во предизборната кампања, а Саво Манојловиќ од движењето „Крени-промени“ ја повика опозицијата да ги врати мандатите и да го напушти градското собрание на Белград, Ниш, општината Нови Белград, како и републичкиот парламент поради изборните махинации, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ за ТВ Хепи изјави дека победата на изборната листа околу СНС во повеќето градови и општини во Србија е голема одговорност, како и дека „победата на изборите не е триумф“, туку обврска да се сработи ветеното.

Таа додаде дека „убедливата победа на коалицијата околу СНС покажува дека на изборите немало кражба на гласови“.

Ова е голем успех на нашата коалиција, СНС, Александар Вучиќ, Милош Вучевиќ, но и на сите наши коалициски партнери. Се обидов да воспоставам дијалог со опозицијата и се надевав на поинаква атмосфера. На сите наши напори опозицијата одговори со физички напади врз нашите кол центри, кои се сосема легални и нормални во секоја демократска земја. Не можам да разберам такво однесување. Утре како претседател на Народното собрание треба да го продолжам тој дијалог, но не знам како. Она што го видовме од опозицијата беше се освен демократија рече Ана Брнабиќ.

Премиерот на Србија и претседател на СНС, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека членовите на таа партија очекувале подобар резултат на локалните избори во Ниш, но дека нивната листа „секако добила најголем број гласови“ и дека нема да брзаат со формирањето власт во тој град.

Од друга страна, Саво Манојловиќ од движењето „Крени- промени“ ја повика опозицијата до утре во 10 часот да ги врати мандатите и да ги напушти Градското собрание на Белград, Ниш, општина Нови Белград, како и републичкиот парламент поради изборни махинации.

Во случај опозицијата да се договори за ова прашање, тој од сабота најави голема граѓанска непослушност, за која има план.

-Поради очигледната манипулација со гласовите и промените на евиденцијата на гласачите во Ниш и општина Нови Белград, бараме сите опозициски партии од овие градови, како и од републичкиот парламент, да го напуштат парламентот доколку се продолжи со прекројување на изборната воља на овој начин, повика Манојловиќ.

Тој посочи дека ова што сега се случува со прекројување на записникот е директна разлика меѓу автократија и диктатура.

-Немаме време да зборуваме кој бил претходно виновен, да шетаме два месеци, рече Манојловиќ и нагласи дека „кога немаш опозиција во парламентот, тогаш имаш диктатура“.

Тој кажа дека овој повик ги обединува оние политички опции кои велеа дека не треба да се излезе на избори поради фотелјата, но и оние кои велеа дека одат на избори за да се борите институционално.

Од коалицијата НАДА, која не учествуваше на изборите во Белград, но затоа е во фронтот на обединетата опозиција во Нови Сад, претседателот на Новата демократска партија на Србија (ДСС), Милош Јовановиќ, изјави дека новата власт во Белград „не е, не може и не смее да се смета за легитимна“.

-Нема сомнеж дека многу брзо, како резултат на постапките на нелегитимната белградска власт, ќе бидеме повикани да пружиме решителен отпор, рече Јовановиќ.

И иницијативата „Проглас“ соопшти дека локалните избори одржани во Србија на 2 јуни „не биле ниту фер, ниту слободни“, а ескалацијата на нерегуларностите и насилството ги надминала „најмрачните предвидувања“.

The post Српските власти почнуваат со формирање на локалната власт, опозицијата бара напуштање на парламентот и граѓанска непослушност appeared first on Република.

]]>

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, изјави дека СНС ќе почне да работи на формирање на сите структури на локалните власти и исполнување на она што е ветено на граѓаните во предизборната кампања, а Саво Манојловиќ од движењето „Крени-промени“ ја повика опозицијата да ги врати мандатите и да го напушти градското собрание на Белград, Ниш, општината Нови Белград, како и републичкиот парламент поради изборните махинации, јави дописникот на МИА од Белград. Брнабиќ за ТВ Хепи изјави дека победата на изборната листа околу СНС во повеќето градови и општини во Србија е голема одговорност, како и дека „победата на изборите не е триумф“, туку обврска да се сработи ветеното. Таа додаде дека „убедливата победа на коалицијата околу СНС покажува дека на изборите немало кражба на гласови“. Ова е голем успех на нашата коалиција, СНС, Александар Вучиќ, Милош Вучевиќ, но и на сите наши коалициски партнери. Се обидов да воспоставам дијалог со опозицијата и се надевав на поинаква атмосфера. На сите наши напори опозицијата одговори со физички напади врз нашите кол центри, кои се сосема легални и нормални во секоја демократска земја. Не можам да разберам такво однесување. Утре како претседател на Народното собрание треба да го продолжам тој дијалог, но не знам како. Она што го видовме од опозицијата беше се освен демократија рече Ана Брнабиќ. Премиерот на Србија и претседател на СНС, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека членовите на таа партија очекувале подобар резултат на локалните избори во Ниш, но дека нивната листа „секако добила најголем број гласови“ и дека нема да брзаат со формирањето власт во тој град. Од друга страна, Саво Манојловиќ од движењето „Крени- промени“ ја повика опозицијата до утре во 10 часот да ги врати мандатите и да ги напушти Градското собрание на Белград, Ниш, општина Нови Белград, како и републичкиот парламент поради изборни махинации. Во случај опозицијата да се договори за ова прашање, тој од сабота најави голема граѓанска непослушност, за која има план. -Поради очигледната манипулација со гласовите и промените на евиденцијата на гласачите во Ниш и општина Нови Белград, бараме сите опозициски партии од овие градови, како и од републичкиот парламент, да го напуштат парламентот доколку се продолжи со прекројување на изборната воља на овој начин, повика Манојловиќ. Тој посочи дека ова што сега се случува со прекројување на записникот е директна разлика меѓу автократија и диктатура. -Немаме време да зборуваме кој бил претходно виновен, да шетаме два месеци, рече Манојловиќ и нагласи дека „кога немаш опозиција во парламентот, тогаш имаш диктатура“. Тој кажа дека овој повик ги обединува оние политички опции кои велеа дека не треба да се излезе на избори поради фотелјата, но и оние кои велеа дека одат на избори за да се борите институционално. Од коалицијата НАДА, која не учествуваше на изборите во Белград, но затоа е во фронтот на обединетата опозиција во Нови Сад, претседателот на Новата демократска партија на Србија (ДСС), Милош Јовановиќ, изјави дека новата власт во Белград „не е, не може и не смее да се смета за легитимна“. -Нема сомнеж дека многу брзо, како резултат на постапките на нелегитимната белградска власт, ќе бидеме повикани да пружиме решителен отпор, рече Јовановиќ. И иницијативата „Проглас“ соопшти дека локалните избори одржани во Србија на 2 јуни „не биле ниту фер, ниту слободни“, а ескалацијата на нерегуларностите и насилството ги надминала „најмрачните предвидувања“.

The post Српските власти почнуваат со формирање на локалната власт, опозицијата бара напуштање на парламентот и граѓанска непослушност appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ одговори на заканите од ДУИ за дестабилизација ако не останат на власт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-odgovori-na-zakanite-od-dui-za-destabilizatsija-ako-ne-ostanat-na-vlast/ Sat, 11 May 2024 08:54:57 +0000 https://republika.mk/?p=776996

ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја се неприфатливи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по заканите од ДУИ за можна нестабилност доколку не останат во власта.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-vo-niven-planinski-stil-ne-si-igrajte-so-albantsite-ova-ima-posleditsi-za-stabilnosta/

Обидите на ДУИ да се сликаат како бранители на албанските права не се ништо друго туку фасада за прилепување до власта по секоја цена. Нивното искуство доволно говори за нивните вистински намери. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на македонските Албанци „Вреди“, се залага за правда, транспарентност и вистинска застапеност за сите граѓани на Македонија. Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби. Нашиот фокус е поддржување на владеењето на правото, промовирање на единството и унапредување на интересите на сите граѓани, без разлика на етничката припадност. Ја повикуваме ДУИ конструктивно да се вклучи во демократските процеси наместо да прибегнува кон тактики на страв и манипулации. Иднината на Македонија е во единството, а не во поделбата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ одговори на заканите од ДУИ за дестабилизација ако не останат на власт appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја се неприфатливи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по заканите од ДУИ за можна нестабилност доколку не останат во власта. https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-vo-niven-planinski-stil-ne-si-igrajte-so-albantsite-ova-ima-posleditsi-za-stabilnosta/
Обидите на ДУИ да се сликаат како бранители на албанските права не се ништо друго туку фасада за прилепување до власта по секоја цена. Нивното искуство доволно говори за нивните вистински намери. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на македонските Албанци „Вреди“, се залага за правда, транспарентност и вистинска застапеност за сите граѓани на Македонија. Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби. Нашиот фокус е поддржување на владеењето на правото, промовирање на единството и унапредување на интересите на сите граѓани, без разлика на етничката припадност. Ја повикуваме ДУИ конструктивно да се вклучи во демократските процеси наместо да прибегнува кон тактики на страв и манипулации. Иднината на Македонија е во единството, а не во поделбата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ одговори на заканите од ДУИ за дестабилизација ако не останат на власт appeared first on Република.

]]>
Николоски: Власта расипнички троши 250 милиони евра за транспортни хеликоптери на компанија поврзана со огромен корупциски скандал во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vlasta-rasipnichki-troshi-250-milioni-evra-za-transportni-helikopteri-na-kompanija-povrzana-so-ogromen-koruptsiski-skandal-vo-makedonija/ Fri, 15 Mar 2024 14:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=755168

За хеликоптерите сакам неколку аспекти за искоментирам, првата работа е дали Македонија во моментов воопшто има потреба од транспортни хеликоптери, бидејќи за да знае јавноста се работи за хеликоптери кои ќе бидат за транспорт на персонал и војници, а за борбени хеликоптери, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при посетата на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање поврзано со набавката на хеликоптери од министерство за одбрана.

Николоски посочи дека со ваква набавка одбранбената готовност на Македонија и армијата со ова не се подобрува, а исто така 250 милиони да се потрошат на ова е расипништво.

Во исто време кажуваме дека 250 милиони евра ќе впуштиме во сите општини во Македонија. Ако само за ова не ги трошат парите, за една година сите општини во Македонија ќе можат веќе да почнат со препород и со решавање на децениските проблеми на граѓаните. Министерката за одбрана на јавноста и должи одговор како е возможно во веќе почнат изборен период, распишани се избори да врши толку голема јавна набавка која треба да ја плаќа следната влада, рече Николоски.

Николоски исто така вели дека мора да се одговори зошто и како баш оваа компанија Леонардо од Италија е избрана а не се избрани другите компании, конкурирале француско-германски огромен конзорциум, шведски и американски производител.

Зошто е избран токму Леонардо, и дали причината за изборот е огромниот корупциски скандал кој беше прв на владата на Зоран Заев, а тоа е набавката на радарски систем од страна на компанијата Леонардо, кој според разговорите кои ги слушнавме во јавност чинел 1 милион евра повеќе од проценетата вредност за што тогашниот генерален секретар на владата Драги Рашковски заврши во затвор. Се дава набавка на компанија која е веќе поврзана со огромен скандал во Македонија. Ова покажува расипничко трошење и за ова ќе има одговорност, ако е прекршен законот, истакна Николоски.

The post Николоски: Власта расипнички троши 250 милиони евра за транспортни хеликоптери на компанија поврзана со огромен корупциски скандал во Македонија appeared first on Република.

]]>

За хеликоптерите сакам неколку аспекти за искоментирам, првата работа е дали Македонија во моментов воопшто има потреба од транспортни хеликоптери, бидејќи за да знае јавноста се работи за хеликоптери кои ќе бидат за транспорт на персонал и војници, а за борбени хеликоптери, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при посетата на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање поврзано со набавката на хеликоптери од министерство за одбрана. Николоски посочи дека со ваква набавка одбранбената готовност на Македонија и армијата со ова не се подобрува, а исто така 250 милиони да се потрошат на ова е расипништво.
Во исто време кажуваме дека 250 милиони евра ќе впуштиме во сите општини во Македонија. Ако само за ова не ги трошат парите, за една година сите општини во Македонија ќе можат веќе да почнат со препород и со решавање на децениските проблеми на граѓаните. Министерката за одбрана на јавноста и должи одговор како е возможно во веќе почнат изборен период, распишани се избори да врши толку голема јавна набавка која треба да ја плаќа следната влада, рече Николоски.
Николоски исто така вели дека мора да се одговори зошто и како баш оваа компанија Леонардо од Италија е избрана а не се избрани другите компании, конкурирале француско-германски огромен конзорциум, шведски и американски производител.
Зошто е избран токму Леонардо, и дали причината за изборот е огромниот корупциски скандал кој беше прв на владата на Зоран Заев, а тоа е набавката на радарски систем од страна на компанијата Леонардо, кој според разговорите кои ги слушнавме во јавност чинел 1 милион евра повеќе од проценетата вредност за што тогашниот генерален секретар на владата Драги Рашковски заврши во затвор. Се дава набавка на компанија која е веќе поврзана со огромен скандал во Македонија. Ова покажува расипничко трошење и за ова ќе има одговорност, ако е прекршен законот, истакна Николоски.
 
The post Николоски: Власта расипнички троши 250 милиони евра за транспортни хеликоптери на компанија поврзана со огромен корупциски скандал во Македонија appeared first on Република.

]]>
Македонските граѓани сметаат дека власта е неспособна да ги реши актуелните проблеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-gragani-smetaat-deka-vlasta-e-nesposobna-da-gi-reshi-aktuelnite-problemi/ Sat, 07 Oct 2023 15:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=688964

Во однос на актуелните прашања, како на пример скандалот во Клиниката за онкологија, проблемите со учебниците, измените во Кривичниот законик, уставните измени… македонските граѓани немаат доверба во тоа како власта ги разрешува овие проблеми. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

Над 60% од испитаниците сметаат дека надлежните органи не ја водат професионално и одговорно истрагата за случајот во Клиниката за онкологија.

Повеќе од половина од испитаниците (60%) сметаат дека недостигот на учебници во училиштата се должи на неодговорноста на надлежните институции.

Речиси половина од испитаниците (49%) сметаат дека измените во Кривичниот законик се направени со цел да се минимизираат казните за политичарите од сегашната власт во врска со постоечки или идни можни обвиненија.

Две третини од испитаниците не ги одобруваат честите измени во Уставот и не го оправдуваат начинот на кој беше направена уставната измена за промена на името на Македонија.

Речиси исто толку испитаници (65%) сметаат дека за секоја уставна измена треба да се одлучува преку референдум.

Анкетирањето беше спроведено од 18 до 25 септември 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%..

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

извор: МКД.мк

The post Македонските граѓани сметаат дека власта е неспособна да ги реши актуелните проблеми appeared first on Република.

]]>

Во однос на актуелните прашања, како на пример скандалот во Клиниката за онкологија, проблемите со учебниците, измените во Кривичниот законик, уставните измени… македонските граѓани немаат доверба во тоа како власта ги разрешува овие проблеми. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк. Над 60% од испитаниците сметаат дека надлежните органи не ја водат професионално и одговорно истрагата за случајот во Клиниката за онкологија. Повеќе од половина од испитаниците (60%) сметаат дека недостигот на учебници во училиштата се должи на неодговорноста на надлежните институции. Речиси половина од испитаниците (49%) сметаат дека измените во Кривичниот законик се направени со цел да се минимизираат казните за политичарите од сегашната власт во врска со постоечки или идни можни обвиненија. Две третини од испитаниците не ги одобруваат честите измени во Уставот и не го оправдуваат начинот на кој беше направена уставната измена за промена на името на Македонија. Речиси исто толку испитаници (65%) сметаат дека за секоја уставна измена треба да се одлучува преку референдум. Анкетирањето беше спроведено од 18 до 25 септември 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%.. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година. извор: МКД.мк

The post Македонските граѓани сметаат дека власта е неспособна да ги реши актуелните проблеми appeared first on Република.

]]>
Ако Ковачевски смее да му е спротистави на Ахмети, веднаш нека го разреши Бектеши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-kovachevski-smee-da-mu-e-sprotistavi-na-ahmeti-vednash-neka-go-razreshi-bekteshi/ Sun, 16 Jul 2023 08:21:52 +0000 https://republika.mk/?p=661852

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека повторно излегло на виделина целото лицемерие на власта на ДУИ и СДС.

-Кога во прашање се бизнис интересите и криминалот на ДУИ министрите во владата безпреговорно гласаат и даваат поддршка, за потоа пред граѓаните да лажат дека се против и протестираат против своите одлуки.

Додека глумат душегрижници и се појавуваат на протестот за рудниците во струмичко, истите кренале рака и ја изгласале споената концесија за рудниците во струмичко, предложена од министерот за економија, Крешник Бектеши, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека доколку е точна изјавата на дел од министрите во владата дека биле изманипулирани и не знаеле точно за што гласаат, Димитар Ковачевски треба веднаш да го разреши министерот за економија. Секако доколку смее да му се протистави на Али Ахмети и ДУИ.

-Ковачевски ако не го разреши Бектеши заради овој скандал со кои следува уништување на струмичкиот регион, редно е оние министри кои биле изманипулирани да си поднесат оставка и да престанат да му слугуваат на ДУИ и Али Ахмети.

Граѓаните од Струмица, Ново Село, Василево јасно го истакнаа својот став за доделената концесија за изградба на рудник во Иловица на фирми блиски од ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страната на народот. Се ближи денот кога оваа најнеспособна и криминална власт предводена од ДУИ и СДС ќе доживеат катастрофален пораз, токму од граѓаните заради нивните криминалии, концесии за нивни фирми, како и катострофални политики на штета на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ако Ковачевски смее да му е спротистави на Ахмети, веднаш нека го разреши Бектеши appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека повторно излегло на виделина целото лицемерие на власта на ДУИ и СДС. -Кога во прашање се бизнис интересите и криминалот на ДУИ министрите во владата безпреговорно гласаат и даваат поддршка, за потоа пред граѓаните да лажат дека се против и протестираат против своите одлуки. Додека глумат душегрижници и се појавуваат на протестот за рудниците во струмичко, истите кренале рака и ја изгласале споената концесија за рудниците во струмичко, предложена од министерот за економија, Крешник Бектеши, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека доколку е точна изјавата на дел од министрите во владата дека биле изманипулирани и не знаеле точно за што гласаат, Димитар Ковачевски треба веднаш да го разреши министерот за економија. Секако доколку смее да му се протистави на Али Ахмети и ДУИ. -Ковачевски ако не го разреши Бектеши заради овој скандал со кои следува уништување на струмичкиот регион, редно е оние министри кои биле изманипулирани да си поднесат оставка и да престанат да му слугуваат на ДУИ и Али Ахмети. Граѓаните од Струмица, Ново Село, Василево јасно го истакнаа својот став за доделената концесија за изградба на рудник во Иловица на фирми блиски од ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страната на народот. Се ближи денот кога оваа најнеспособна и криминална власт предводена од ДУИ и СДС ќе доживеат катастрофален пораз, токму од граѓаните заради нивните криминалии, концесии за нивни фирми, како и катострофални политики на штета на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.  

The post Ако Ковачевски смее да му е спротистави на Ахмети, веднаш нека го разреши Бектеши appeared first on Република.

]]>
Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ги прекина сите официјални билатерални средби со власта, може да се разговара само за предвремени избoри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-vmro-dpmne-gi-prekina-site-ofitsijalni-bilateralni-sredbi-so-vlasta-mozhe-da-se-razgovara-samo-za-predvremeni-izbori/ Wed, 12 Jul 2023 17:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=660541

Власта тактизира, ги користи уставните измени како тема за која треба да се зборува, а во суштина во државата се случуваат други процеси и граѓаните точно знаат каде се дефектите во државата, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски за „За или против“ на Алфа и посочи дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ реши прекине сите официјални билатерални средби со власта и дека единствено може да се разговара за избори.

Мицевски посочи дека во моментов ниту пратениците од власта не знаат што содржат предлозите за уставни измени, а власта го одолговлекува процесот оти нема мнозинство.

Овој процес се одолговлекува од минатата година кога го донесоа Францускиот предлог. Владата тогаш најавуваше дека има 80 пратеници и дека брзо ќе влезат уставните измени во собраниска процедура. Потоа се кажа дека ќе се продолжи во декември, па дека ќе одат во февруари, па мај, дојдовме до јули и пак се спомнуваат термини, рече Мицески.

Тој додаде дека згрешен е целиот процес од сам почеток и дека уште на почеток ВМРО-ДПМНЕ уште кога беше договорот со БУгарија укажуваше каде се проблемите и има замки кои Бугарија успеа да ги искористи

 Бугарија успеа билатерален проблем да го наметне како европски проблем. Укажувавме, имавме забелешки а тие викаа дека тој е патот, дека ќе нема повторно проблеми. Потоа се појавија проблемите и барањата за Бугарите во Уставот и сите тие проблеми кои потоа следуваа и кои се наметнаа, а ги немаше назад 30 години. Викавме дека не е добар процесот без ВМРО-ДПМНЕ, понудивме да имаме работни групи со лица кои ќе помогнат во тој процес и дека ќе исправиме сите неправилни работи и бевме одбиени, изјави Мицевски.

Мицевски истакна дека власта го даваше за пример хрватскиот модел, па кога ВМРО-ДПМНЕ рече може, тие избегаа како што избегаа од двата предлози на претседателот Мицкоски.

Го спомнува хрватскиот модел, кога го прифативме, бевме одбиени, се продолжи со тактизирање да дојдеме во ситуација кога ВМРО-ДПМНЕ на маса стави два предлога преодна вада без ДУИ и измени кои ќе стапат на сила по завршување на преговорите со членство на државата и вториот гаранции за идентитетот, економски пакет, заштита на Македонците во Бугарија и спроведување на дел од пресудите од ЕСЧП. Следеше спинување на предлозите. Се тактизираше 3-4 недели, за на крај излеговме со став дека преговори по ова прашање нема и единствена тема за која ќе разговараме следниот период се предвремени избори, изјави Мицевски.

The post Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ги прекина сите официјални билатерални средби со власта, може да се разговара само за предвремени избoри appeared first on Република.

]]>

Власта тактизира, ги користи уставните измени како тема за која треба да се зборува, а во суштина во државата се случуваат други процеси и граѓаните точно знаат каде се дефектите во државата, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски за „За или против“ на Алфа и посочи дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ реши прекине сите официјални билатерални средби со власта и дека единствено може да се разговара за избори. Мицевски посочи дека во моментов ниту пратениците од власта не знаат што содржат предлозите за уставни измени, а власта го одолговлекува процесот оти нема мнозинство.
Овој процес се одолговлекува од минатата година кога го донесоа Францускиот предлог. Владата тогаш најавуваше дека има 80 пратеници и дека брзо ќе влезат уставните измени во собраниска процедура. Потоа се кажа дека ќе се продолжи во декември, па дека ќе одат во февруари, па мај, дојдовме до јули и пак се спомнуваат термини, рече Мицески.
Тој додаде дека згрешен е целиот процес од сам почеток и дека уште на почеток ВМРО-ДПМНЕ уште кога беше договорот со БУгарија укажуваше каде се проблемите и има замки кои Бугарија успеа да ги искористи
 Бугарија успеа билатерален проблем да го наметне како европски проблем. Укажувавме, имавме забелешки а тие викаа дека тој е патот, дека ќе нема повторно проблеми. Потоа се појавија проблемите и барањата за Бугарите во Уставот и сите тие проблеми кои потоа следуваа и кои се наметнаа, а ги немаше назад 30 години. Викавме дека не е добар процесот без ВМРО-ДПМНЕ, понудивме да имаме работни групи со лица кои ќе помогнат во тој процес и дека ќе исправиме сите неправилни работи и бевме одбиени, изјави Мицевски.
Мицевски истакна дека власта го даваше за пример хрватскиот модел, па кога ВМРО-ДПМНЕ рече може, тие избегаа како што избегаа од двата предлози на претседателот Мицкоски.
Го спомнува хрватскиот модел, кога го прифативме, бевме одбиени, се продолжи со тактизирање да дојдеме во ситуација кога ВМРО-ДПМНЕ на маса стави два предлога преодна вада без ДУИ и измени кои ќе стапат на сила по завршување на преговорите со членство на државата и вториот гаранции за идентитетот, економски пакет, заштита на Македонците во Бугарија и спроведување на дел од пресудите од ЕСЧП. Следеше спинување на предлозите. Се тактизираше 3-4 недели, за на крај излеговме со став дека преговори по ова прашање нема и единствена тема за која ќе разговараме следниот период се предвремени избори, изјави Мицевски.
 
The post Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ги прекина сите официјални билатерални средби со власта, може да се разговара само за предвремени избoри appeared first on Република.

]]>
Груби да престане да се однесува како инфлуенсер од српска задруга, туку како вицепремиер на Владата во заминување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-da-prestane-da-se-odnesuva-kako-influenser-od-srpska-zadruga-tuku-kako-vitsepremier-na-vladata-vo-zaminuvane/ Mon, 12 Jun 2023 15:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=650555

Очигледно Артан Груби вознемирен од фактот што ДУИ може да оди во опозиција измислува пораки од Христијан Мицкоски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Груби веројатно се помешал со срцепарателните пораки и молби и лелеци до Ковачевски да не го пушти во опозиција. Ако Груби ја губи власта, барем нека не го губи достоинството со измислици и лаги. Груби да престане да се однесува како инфлуенсер од српска задруга, туку како вицепремиер на владата во заминување– велат од партијата.

The post Груби да престане да се однесува како инфлуенсер од српска задруга, туку како вицепремиер на Владата во заминување appeared first on Република.

Митева: Во најголема криза власта преку набавка од скоро 3 милиони денари ќе ужива во скапи алкохолни пијалоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-vo-najgolema-kriza-vlasta-preku-nabavka-od-skoro-3-milioni-denari-ke-uzhiva-vo-skapi-alkoholni-pijalotsi/ Mon, 22 May 2023 10:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=643546

Во најголемата криза, кога една потрошувачка кошничка не може да се покрие со две минимални плати, и кога половина милион наши сограѓани живеат со под 150 денари на ден, Владата на Ковачевски преку СОЗР троши пари на скапи и луксузни пијалоци и јадења. Во наредниве неколку дена ќе објавуваме документи како власта се луксузира, на сметка на народот, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Митева:

-Владата од ново не уверува дека со СДС и ДУИ на власт луксузот на функционерите на државен трошок нема да запре.

Во најголемата криза, кога една потрошувачка кошничка не може да се покрие со две минимални плати, и кога половина милион наши сограѓани живеат со под 150 денари на ден, Владата на Ковачевски преку СОЗР троши пари на скапи и луксузни пијалоци и јадења. Во наредниве неколку дена ќе објавуваме документи како власта се луксузира, на сметка на народот.

И кога нема пари за болните од цистична фиброза, кога нема за инсулин или за друг вид терапија треба да се сетиме дека Ковачевски преку СОЗР купува скапи и луксузни пијалоци за 2.950.000 денари.

Ова е договорот почитувани, кој е склучен на 24.04.2023 година помеѓу СОЗР и три економски оператори. Овој договор е Рамковна спогодба со која на договорниот орган му се дозволува да повлекува производи од палетата која е понудена во текот на целиот договорен период. Договорот е склучен со три економски оператори, со тоа што му се дава можност на СОЗР ако еден економски оператор не може да ја изврши нарачката, институцијата истиот пијалок да го нарача од друг економски оператор, по цените кои што се понудени од секој поединечно.

Кога ќе ги погледнеме цените по кои владата на Ковачевски преку СОЗР ќе нарачува, може јасно да заклучиме зошто владата нема пари за народот.

Функционерите од СДС и ДУИ ќе имаат можност да пијат високо квалитетно вино, означено како Барик вино со контролирано потекло во пакување од 0.75 литри по цена од 2.293 денари.

Додека народот преживува со 150 денари на ден, Ковачевски и неговите министри и директори ќе имаат можност да пијат виски од 1 литар, со минимум 42% алкохол кое чини 2.730 денари. А, кога ќе сакаат да пијат нешто поскапо, ќе пијат Бурбон виски во шише од 1 литар и со минимум 42% алкохол кое чини 3.413 денари.

Додека болните од дијабет чекаат инсулин, функционерите од власта ќе се засладуваат со крем ликер набавен за 2.034 денари.

Кога народот ќе купува поевтини тестенини, министрите и директорите на Ковачевски ќе наздравуваат со пенливо полуслатко бело вино од 1.331 денар.

Додека студентите ги чекаат парите за студентски оброк, и се борат за денар повеќе, луѓето околу Ковачевски ќе можат да пијат Коњак кој ќе чини и до 3.413 денари.

Овие пијалоци, во кои ќе уживаат функционерите од власта, половина милион луѓе во Македонија можеби воопшто нема да можат никогаш да ги пробаат.

Вака изгледа луксузот на власта на сметка на сиромашниот народ. Ова мора да има крај!, порача Митева.

The post Митева: Во најголема криза власта преку набавка од скоро 3 милиони денари ќе ужива во скапи алкохолни пијалоци appeared first on Република.

]]>

Во најголемата криза, кога една потрошувачка кошничка не може да се покрие со две минимални плати, и кога половина милион наши сограѓани живеат со под 150 денари на ден, Владата на Ковачевски преку СОЗР троши пари на скапи и луксузни пијалоци и јадења. Во наредниве неколку дена ќе објавуваме документи како власта се луксузира, на сметка на народот, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Митева: -Владата од ново не уверува дека со СДС и ДУИ на власт луксузот на функционерите на државен трошок нема да запре. Во најголемата криза, кога една потрошувачка кошничка не може да се покрие со две минимални плати, и кога половина милион наши сограѓани живеат со под 150 денари на ден, Владата на Ковачевски преку СОЗР троши пари на скапи и луксузни пијалоци и јадења. Во наредниве неколку дена ќе објавуваме документи како власта се луксузира, на сметка на народот. И кога нема пари за болните од цистична фиброза, кога нема за инсулин или за друг вид терапија треба да се сетиме дека Ковачевски преку СОЗР купува скапи и луксузни пијалоци за 2.950.000 денари. Ова е договорот почитувани, кој е склучен на 24.04.2023 година помеѓу СОЗР и три економски оператори. Овој договор е Рамковна спогодба со која на договорниот орган му се дозволува да повлекува производи од палетата која е понудена во текот на целиот договорен период. Договорот е склучен со три економски оператори, со тоа што му се дава можност на СОЗР ако еден економски оператор не може да ја изврши нарачката, институцијата истиот пијалок да го нарача од друг економски оператор, по цените кои што се понудени од секој поединечно. Кога ќе ги погледнеме цените по кои владата на Ковачевски преку СОЗР ќе нарачува, може јасно да заклучиме зошто владата нема пари за народот. Функционерите од СДС и ДУИ ќе имаат можност да пијат високо квалитетно вино, означено како Барик вино со контролирано потекло во пакување од 0.75 литри по цена од 2.293 денари. Додека народот преживува со 150 денари на ден, Ковачевски и неговите министри и директори ќе имаат можност да пијат виски од 1 литар, со минимум 42% алкохол кое чини 2.730 денари. А, кога ќе сакаат да пијат нешто поскапо, ќе пијат Бурбон виски во шише од 1 литар и со минимум 42% алкохол кое чини 3.413 денари. Додека болните од дијабет чекаат инсулин, функционерите од власта ќе се засладуваат со крем ликер набавен за 2.034 денари. Кога народот ќе купува поевтини тестенини, министрите и директорите на Ковачевски ќе наздравуваат со пенливо полуслатко бело вино од 1.331 денар. Додека студентите ги чекаат парите за студентски оброк, и се борат за денар повеќе, луѓето околу Ковачевски ќе можат да пијат Коњак кој ќе чини и до 3.413 денари. Овие пијалоци, во кои ќе уживаат функционерите од власта, половина милион луѓе во Македонија можеби воопшто нема да можат никогаш да ги пробаат. Вака изгледа луксузот на власта на сметка на сиромашниот народ. Ова мора да има крај!, порача Митева.

The post Митева: Во најголема криза власта преку набавка од скоро 3 милиони денари ќе ужива во скапи алкохолни пијалоци appeared first on Република.

]]>
Власта и опозицијата во Собрание се кладеа дали ќе има избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-i-opozitsijata-vo-sobranie-se-kladea-dali-ke-ima-izbori/ Thu, 26 Jan 2023 15:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=601376

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, најави дека промената на власта ќе биде многу брзо, по што потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, дел од пратеничката група на СДСМ, му понуди кладба на пратеникот Стојаноски, за која потоа кажа дека е шега.

Законот ќе важи еднакво за сите и ќе ви покажеме како ваквите насилници, ваквите силеџии, како што се директорите на затворите, министрите, градоначалници ќе се најдат онаму каде им е местото, само затоа што мислат дека ако имаат функција се над другите граѓани“, кажа Стојаноски по што се врати на местото каде седи.

Ти благодарам Бојан. Може да се кладиме? Да се кладиме за изборите, праша Мисовски.

Откако реагираа другите пратеници со „еееј“, Мисоски рече: „Мала шала, одиме со одговор на второ прашање“.

Мисоски го исклучи микрофнот, но бидејќи беше вклучен тој на говорницата, се слушаше дообјаснувањето на потпретседателот на Собранието:

Е па во ручек ќе се кладиме со Бојан. Во ручек.

The post Власта и опозицијата во Собрание се кладеа дали ќе има избори appeared first on Република.

]]>

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, најави дека промената на власта ќе биде многу брзо, по што потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, дел од пратеничката група на СДСМ, му понуди кладба на пратеникот Стојаноски, за која потоа кажа дека е шега. Законот ќе важи еднакво за сите и ќе ви покажеме како ваквите насилници, ваквите силеџии, како што се директорите на затворите, министрите, градоначалници ќе се најдат онаму каде им е местото, само затоа што мислат дека ако имаат функција се над другите граѓани“, кажа Стојаноски по што се врати на местото каде седи.
Ти благодарам Бојан. Може да се кладиме? Да се кладиме за изборите, праша Мисовски.
Откако реагираа другите пратеници со „еееј“, Мисоски рече: „Мала шала, одиме со одговор на второ прашање“. Мисоски го исклучи микрофнот, но бидејќи беше вклучен тој на говорницата, се слушаше дообјаснувањето на потпретседателот на Собранието:
Е па во ручек ќе се кладиме со Бојан. Во ручек.
 
The post Власта и опозицијата во Собрание се кладеа дали ќе има избори appeared first on Република.

]]>
Ќе се смени ли власта годинава? Опозицијата бара избори во мај, власта ги најавува во 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-smeni-li-vlasta-godinava-opozitsijata-bara-izbori-vo-maj-vlasta-gi-najavuva-vo-2024-godina/ Mon, 02 Jan 2023 08:41:24 +0000 https://republika.mk/?p=592711

Активна блокада во Собранието од дел од пратениците од опозицијата ја одбележа изминатата 2022 година година. ВМРО-ДПМНЕ почна со блокадата во мај, која, како што тогаш најавија од партијата, ќе трае сè до договор за датум за предвремени парламентарни избори. Блокадата, според партијата, подразбираше и „попречување на штетните закони и политики“. За власта и покрај бојкотот и блокадите, Собранието функционираше.

За предвремени парламентарни избори, стабилноста на парламентарното мнозинство, како и оценка за работата на Собранието изминатата година, МИА побара одговори од поголемите парламентарни политички партии – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Левица, ЛДП, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Движење БЕСА.

Власта и опозицијата не отстапуваат од своите ставови. Според СДСМ, предвремени парламентарни избори нема да има и ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година, а ВМРО-ДПМНЕ предлага тие да се одржат напролет, во периодот меѓу 14 и 21 мај 2023-та.

Зголемените активности на терен за СДСМ не значат и подготовка за предвремени избори, туку, како што посочија од партијата за МИА, изминатиот циклус на трибини е само продолжување на интензивните активности на партијата со цел граѓаните одблиску да се запознаат со политиките на СДСМ, но и да ги слушнат нивните мислења, идеи и предлози.

Кампања која подразбира контакт со граѓаните само пред избори, според оваа партија, е одлика на ВМРО-ДПМНЕ.

– Изборите ќе се одржат во 2024 година и тоа прашање е апсолвирано. СДСМ е отворена партија, блиска до граѓаните и преку различни форми, средби со општинските организации, поширок формат на трибини, СДСМ докажа дека е одговорна партија и како таква постојано со народот, посочија од партијата.

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски вели дека парламентарни избори ќе има заедно со претседателските во 2024 година и не се планира реконструкција на Владата.

– Јас сум човек кој се држи до своите ставови и не менувам ставови како други политичари и избори ќе има во 2024 година, прво претседателски, а потоа парламентарни избори, рече премиерот кој е убеден дека во 2024 година повторно ќе има Влада, што исто така ќе биде предводена од СДСМ и коалиционите партнери кои се за продолжување на европскиот пат на државата и зачленување до 2030 година во ЕУ.

Според најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, хаосот во власта, состојбите во државата и анкетите на јавното мислење покажуваат дека изборите напролет се неопходност.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во моментов политичката состојба во земјава е неподнослива, како меѓу партиите така и внатре во некои партии, односно во СДСМ, ДУИ и Алтернатива. Од партијата најавуваат искористување на сите механизми за постигнување на својата цел и креативност во изнаоѓање начини за одржување на тие избори.

Бидејќи од партијата предлагаат предвремени избори во мај, според нив, изборната кампања би почнала на 25 април. Целта на тие избори, како што брифираа од партијата, е ресет на системот и воведување на поголема стабилност.

ВМРО-ДПМНЕ како свој партнер во идната влада би сакала да ги види албанските опозициски партии за кои, иако се согласуваат дека ја немаат силата што во моментов ја има ДУИ, сепак сметаат дека постои големо незадоволство и кај гласачкото тело на етничките Албанци кои веруваат дека би поттикнале одредени промени во таа насока.

За ДУИ, предвремени парламентарни избори ќе нема и не треба да има.

Не треба да има предвремени парламентарни избори и нема да има, бидејќи сме максимално заинтересирани за реализирање на програмските определби, кои се пред нас и за кои граѓаните ни дадоа мандат. Изборите не се решение, туку решение се адресирање на сите потреби и проблеми на граѓаните, посочуваат од ДУИ за МИА.

Алијанса за Албанците тврди дека е подготвена за избори, кога и да се одржат. Во изјава за МИА велат дека ценат оти на земјата и треба ново мнозинство, нова Власт, постабилна, чиста и која ќе се бори против корупцијата.

Според партијата, приоритет број еден по Нова Година треба да биде носењето на уставните измени, отпочнување на преговорите со ЕУ, како и усвојување на закони и механизми за борба против криминалот и корупцијата.

И од Алтернатива за МИА посочија дека не гледаат посебна причина за предвремени парламентарни избори, но, велат, ако тие се случат, партијата е подготвена да учествуваме со својот политички капитал и учинок во Владата, како и да се натпреварува со нејзината политичка програма. Избори, според нив, и така не очекуваат до 2024-та, а сега, додаваат, е време за работа.

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во писмена изјава за МИА нагласува дека нејзиниот личен став е дека предвремени избори во овој неповолен момент на економска и енергетска криза проследен со војна која се случува на европскиот континент, не треба да има.

Парламентарното мнозинство е стабилно, што е основен предуслов за непречено функционирање на државата, проблемите се менаџираат и нема ескалација на политичка криза, односно нема ниту една добра причина да се трошат дополнително време и средства за предвремени парламентарни избори што би ја закочиле државата во и онака сложената ситуација на макро ниво. Треба да се научиме она што законодавецот го предвидел како исклучок, да не го воспоставуваме како основно правило што беше случај честа пракса во минатото, потенцира Зајкова.

Секои избори, како што додаде таа, го забавуваат развојот на државата, повторно наидуваме на блокирани институции во делот на надлежностите, но и се товар на буџетот кој е наменет за граѓаните. Сепак, нагласи таа, искуството ни укажува дека во политиката се е можно, поради што не би ја исклучила и таа мала шанса, која доколку се реализира, се надева дека ќе се заснова на врвниот државен и стратешки интерес, наместо теснопартиските или личните интереси на малкумина, што истиот ќе го поткопаат.

Од Движењето БЕСА добивме одговор дека веруваат оти Владата нема капацитет и политички легитимитет за преставување на граѓаните и затоа, според нив, изборите се неопходни. Оттаму веруваат дека во 2023 година треба да има предвремени парламентарни избори.

Левица смета дека предвремените парламентарни избори ќе значат „шанса за возобновување на македонските национални позиции, запирање на процесот на разнебитување на националните елементи и монументален исчекор кон конечната победа на мнозинството над вољата на малкумина“.

Поголемото присуство на Левица во законодавниот дом ќе се попречи на патот на социјална и државна катастрофа која следи доколку не се зададе конечен удар по злосторничките структури на СДСМ и ДУИ и затоа будно ја следиме состојбата која нагласува предвремени избори. Но, покрај видливите кампањи на големите партии, пострашни се останати припреми кои нагласуваат предвремени избори. СДСМ и ДУИ преку институциите на централната власт и ВМРО-ДПМНЕ преку локалната самоуправа, ги празнат народните каси за јакнење на сопствената структура за престојните избори, нагласуваат од Левица за МИА.

Од партијата веруваат дека во следниот собраниски состав Левица ќе има двоцифрен број пратеници.

Партиите не се согласни за стабилноста на парламентарното мнозинство во Собранието

За СДСМ парламентарното мнозинство е стабилно и постојано расте, додека ВМРО-ДПМНЕ оценува дека Собранието е нефункционално за носење ниту на закони со просто мнозинство, а не пак за двотретински системски законски решенија.

Прогресивните, демократски и европски ориентираните партии, ја препознаваат шансата за заокружување на процесот за полноправно членство во Европската Унија. Прашањето за двотретинските закони, е сериозно и државничко прашање. Тоа е прашање на принципи, дали останатите пратеници го поддржуваат европскиот пат или не, велат од СДСМ.

СДСМ, додаваат од партијата, повикува на општествено и политичко обединување за европскиот пат на државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека со активната блокада успеале да спречат дел од штетните решенија, а дел да ги успорат.

Собранието е нефункционално, ниту за закони со просто мнозинство, а не пак за двотретински системски законски решенија. Во коалицијата на власт владее хаос. Криминалот и корупцијата и поделеноста во владините табори се отсликува и во Собранието. Со активната блокада успеавме да спречиме дел од штетните решенија, а дел да ги успориме и тоа ќе биде така се до избори, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ за МИА.

Парламентарното мнозинство, според ДУИ е стабилно и оттаму сметаат дека не се соочиле со некоја криза во рамки на парламентарното мнозинство.

Максимално сме фокусирани на реализирање на определбите за кои се залагавме пред граѓаните и за кои добивме доверба, а кои се преточени во владини определби за која програма сите ние сме гласале. Затоа сме максимално фокусирани да го извршиме овој мандат до крај, со целосно реализирање на сите тие барања на граѓаните, така што не постои никаква криза ние сме максимално заинтересирани да обезбедиме еден широк проевропски фронт со сите политички партии, невладини организации, сите засегнати страни, почнувајќи од политичките партии за реализирање на нашата стратешка цел, а тоа е членството во ЕУ час поскоро, велат од ДУИ.

Алијанса за Албанците вели дека не само за двотретинско, туку Собранието во многу случаи немаше ни просто мнозинство.

Да потсетиме само на еден важен момент, гласањето на заклучоците за францускиот предлог со кој се отвара патот за ЕУ. Мнозинството немаше доволен број пратеници ни за кворум и Алијансата за Албанците го спасијовој процес со своите пратеници, велат од партијата за МИА.

Според Зајкова од ЛДП, парламентарното мнозинство во основа е стабилно и единствено кога станува збор за законски решенија од државен и граѓански интерес.

Убедена сум дека така и ќе остане се додека егзистираме на правилниот пат кон европското семејство овозможувајќи конкретни мерки. Би било некоректно ако не нотирам дека во дел од мерките кои се усвојуваат може да се забележи и придонесот од опозицијата, што е за почит. Што се однесува до двотретинските закони, истите не се условени од стабилноста на парламентарното мнозинство, туку од опозициската волја да учествува во државничките процеси за кои истото е неопходно. Во тој поглед, слушајќи ги изјавите на опозицијата не полагам големи надежи, што е на штета на државниот интерес, но не би исклучила и евентуална промена на нивниот став во иднина, бидејќи сите аргументи го налагаат тоа, вели Зајкова за МИА.

Во крајна линија, според неа, собраниските одлуки се по слободната волја на секој пратеник воден од сопственото убедување за иднината на државата согласно поставените стратешки цели и исправен пред предизвикот да придонесе за нејзиниот развојот макар тоа го чинело личен или партиски рејтинг.

Според Алтернатива, не може да се пофалиме кога станува збор за двотретинското мнозинство, бидејќи за тоа е потребен поширок консензус. Тоа, како што посочуваат, е поврзано директно со сеопштите политички релации помеѓу политичките субјекти.

Но, од наша страна можеме најодговорно да тврдиме дека ние сме биле и сме подготвени да дадеме наш придонес и во оформување на таквото двотретинско мнозинство, зависно од темата за која е потребно тоа, нагласуваат од Алтернатива.

Во овој момент, како што смета Левица, целосниот собраниски состав е легалистичка потпора за нелегитимна Влада.

Откако се случи минатогодишниот цирскус околу прекројувањето на мнозинството, хибридниот режим на Зоран Заев се претвори во целосно авторитарен – без легитимитет и со постојана нестабилност која води во политичка криза од невидени размери, непочитувајќи ја народната волја и претварајќи го мандатот од претставничко доверување во трофеј за мрачните крила и струења во СДСМ, чии игри за превласт отвараат уште поголем простор за разнебитување на политичкиот систем од страна на нивниот најголем и надреден коалициски партнер. Политиката е заболена, дегенерира и води кон разврска во која иституциите на Република Македонија нема да можат да ги исполнуваат функциите на сопствениот суверенитет, потенцираат од Левица.

Потполно оттуѓени, додаваат од Левица, „партиите од елитата, кои ја одредуваат иднината и секојдневието на народот, функционираат како криминални синдикати, кои имаат единствена цел на богатење и злоупотреба на моќта, која нивните пријатели од амбасадите кои не се кратковиди, ја легитимираат, бидејќи во историска рамка, домашните политички криминалци не можат да одговорат на предизвиците на нашето време“.

Противречноста на Левица наспроти сите останати недемократски партии е постојаноста во ставовите и принципите на доверената народна функција кај нашите пратеници, никогаш не отстапувајќи од јасната желба на широката јавност и безгласниот народ во овие темни дни на воено профитерство, висока корупција и обесмислување на судството поради мал број луѓе на државнички функции, нивните пријатели од олигархијата и управувачи од странство. Сепак, покрај Левица во Собранието, очигледно е дека понатамошните предавства како што е и најавеното менување на Уставот се невозможни, затоа што радикализација на политичките дејствија е секогаш можна, во услови кога првпат народната вочја е непосредно изразена преку нашите пратеници, велат од Левица.

Оценки од партиите за функционалноста на Собранието изминатата година

За партиите од власта и покрај блокадите од опозицијата во Собранието се изгласаа низа закони и акти во сеопшта служба на граѓаните, додека за опозициските парламентарни партии, законодавниот дом бил нефункционален.

Во 2022 година, сведоци сме на постојана блокада на Собранието од страна на опозицијата, вклучително и на закони кои подразбираат поддршка на граѓаните во време на криза. Циркус, театар и недолично однесување им приредија на граѓаните, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои често заборават дека се народни избраници и дека интересите на граѓаните треба да им бидат на прво место. Сепак и покрај сите опструкции од страна на опозицијата, во Собранието се изгласа европскиот предлог, со што и отпочнаа преговорите со ЕУ, како и пакет економски мерки вреден 760 милиони евра, за поддршка на граѓаните и стопанството во време на економска и енергетска криза, посочија за МИА од СДСМ.

За опозициката ВМРО-ДПМНЕ, Собрание кое „не носи одлука за да обезбеди храна за студентите и бега од прашања како што е безбедносно-дипломатскиот скандал Онишченко, не само што е нефункционално, туку и девастирано“.

Ова е само мал опис за состојбата, и тоа само од последниот период. „Падна“ и безбедносниот систем, па затворена комисиска седница се излеа на Јутјуб. Наместо за законски решенија за народот, Собранието нефункционално какво што е, дополнително ја влошува состојбата. Владее хаос во власта, и во коалицијата и во владејачките партии. Затоа се потребни избори со стабилно мнозинство кон вистински решенија за државата, нагласија од партијата.

ДУИ, пак, со апел до сите парламентарни политички партии дека треба да рефлектираат во правец на тоа што е интерес на граѓаните.

Се соочивме со активна блокада со деструктивен пристап од опозицијата и тоа влијаеше врз динамиката и ефективноста на работата на Собранието. Но, и покрај тоа мислам дека Собранието како целина го постигна својот ефект, иако тоа можеше и поефективно да се заврши. Активната блокада секако дека влијае и врз интересот на граѓаните, бидејќи без никаква причина имаме многубројни законски решенија кои се закочени, во застој, месеци без никакво образложение. Потоа, некои од нив, откако ќе поминат месеци, а некои и години, се усвојуваат од страна на Собранието. Значи, навистина треба секоја политичка партија да рефлектира во правец на тоа што е интерес на граѓаните, нагласија од ДУИ за МИА.

Алијанса за Албанците оцени дека Собранието во 2022 не беше на чело на работната должност и задача.

Примарната цел му е контрола врз извршната власт, но играше сосема обратна улога, мнозинството беше под диктат на власта. Освен тоа имаше и неколку инциденти, противзаконски дејствија, игнорирање на гласот на опозицијата и несакани случувања. Мнозинството, исто така, не беше стабилно и имавме многу одложувања и задоцнувања, а од друга страна многу наши иницијативи беа игнорирани, потенцираат од партијата.

Собраниската работа, од ЛДП ја оценуваат со оценка три.

Тоа значи дека Собранието функционира и овозможува основа за нормален тек на државата, особено при справувањето со актуелната криза, но не доволно и со ефикасност која граѓаните ја очекуваат и треба да ја почувствуваат во реалниот живот. Тоа особено се должи на нашите беспредметни собраниски дискусии, меѓупартиските обвинувања и активните блокади кои не носат никаков навремен бенефит за граѓаните и државата. Тие сакаат да видат конкретни резултати, а не празна реторика. Опозициските блокади на законските решенија проследени со долготрајни комисиски беседи можеби создава слика дека некој нешто прави, но тоа во суштина е работа чиешто равенство е чиста нула, вели Зајкова.

Најголемата забелешка во последниот извештај за подготвеноста на државата за членство ЕУ е упатена кон Собранието, со критики за недоволно носење на закони и премала употреба на пратенички прашања, а сето тоа, според Зајкова, се должи на политичката поларизација на двата блока во парламентот.

Се уште имаме низа законски решенија кои треба да овозможат напредок, а се закочени во матичните работни што е крајно неодговорно. Но, изразувам надеж дека следната 2023 година наместо политичка ирационалност ќе не следи прагматичност и политичка зрелост, што доликува на држава подготвена да ги започне преговорите со ЕУ, посочува Зајкова.

Алтернатива смета дека Собранието во текот на оваа година, работеше со полн капацитет, а мнозинството беше стабилно.

Иако во низа наврати имавме проблеми со блокадите кои ги наметнуваше опозицијата, главно работата беше солидна и ние, како дел од владејачкото мнозинство, успеавме да донесеме низа закони и акти, кои ќе бидат во сеопшта служба на граѓаните. Секако дека секогаш може да биде подобро, но ако поставуваме прашање дали сме имале функционално собрание во текот на 2022-ра година, одговорот неминовно ќе биде ДА, потенцираат од партијата.

За БЕСА, Собранието се користи од страна на мнозинството само како механизам за гласање на своеволието на партиите од владејачкото мнозинство.

Гласот на опозицијата не се слуша и во многу сличаи не се остава простор за конструктивни дебати. Ова мнозинство тешко поминува закони со просто мнозинство заради немање капацитет за носење одлуки со поширок конценсус, а камоли за двотретински закони, додадоа од БЕСА.

Според Левица, народните институции никогаш не биле подалеку од народот.

СДСМ и ДУИ се отворено впуштени во злоупотреба на демократските механизми, со тоа грижејќи се за опстојувањето на авторитарниот режим. Институционалната меморија за ова време ќе ја забележи борбата која Левица ја води против злоупотребите на законодавниот дом кои ги врши владејачката гарнитура преку спикерот, во секој поглед и преку сите механизми, од собраниската говорница и преку кривични пријави за сите злоупотреби на Деловникот и спротивности на Уставот, кои никојпат во историјата не биле во поголем број отколку во времето на Талат Џафери. На скорешниот пример кога спикерот спречи иницијатива за гласање на граѓаните на референдум му следеше и кривична пријава од Левица, во низата примери кои се надополнуваат на кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластувања како и интерпелација на Талат Џафери поради свесно кршење на Уставот и законите. Правниот сектор на Левица, има поднесено до Државната комисија за спречување на корупцијата и Претставка за утврување на судир на интереси поради неспоивост на функции, посочуваат од Левица.

Оттаму велат дека извршаната власт е „целосно предадена во рацете на предавници“, додека во Собранието, со сите расположливи средства се врши „угнетување на дејствувањето на автентичната опозиција“.

The post Ќе се смени ли власта годинава? Опозицијата бара избори во мај, власта ги најавува во 2024 година appeared first on Република.

]]>

Активна блокада во Собранието од дел од пратениците од опозицијата ја одбележа изминатата 2022 година година. ВМРО-ДПМНЕ почна со блокадата во мај, која, како што тогаш најавија од партијата, ќе трае сè до договор за датум за предвремени парламентарни избори. Блокадата, според партијата, подразбираше и „попречување на штетните закони и политики“. За власта и покрај бојкотот и блокадите, Собранието функционираше. За предвремени парламентарни избори, стабилноста на парламентарното мнозинство, како и оценка за работата на Собранието изминатата година, МИА побара одговори од поголемите парламентарни политички партии – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Левица, ЛДП, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Движење БЕСА. Власта и опозицијата не отстапуваат од своите ставови. Според СДСМ, предвремени парламентарни избори нема да има и ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година, а ВМРО-ДПМНЕ предлага тие да се одржат напролет, во периодот меѓу 14 и 21 мај 2023-та. Зголемените активности на терен за СДСМ не значат и подготовка за предвремени избори, туку, како што посочија од партијата за МИА, изминатиот циклус на трибини е само продолжување на интензивните активности на партијата со цел граѓаните одблиску да се запознаат со политиките на СДСМ, но и да ги слушнат нивните мислења, идеи и предлози. Кампања која подразбира контакт со граѓаните само пред избори, според оваа партија, е одлика на ВМРО-ДПМНЕ. – Изборите ќе се одржат во 2024 година и тоа прашање е апсолвирано. СДСМ е отворена партија, блиска до граѓаните и преку различни форми, средби со општинските организации, поширок формат на трибини, СДСМ докажа дека е одговорна партија и како таква постојано со народот, посочија од партијата. Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски вели дека парламентарни избори ќе има заедно со претседателските во 2024 година и не се планира реконструкција на Владата. – Јас сум човек кој се држи до своите ставови и не менувам ставови како други политичари и избори ќе има во 2024 година, прво претседателски, а потоа парламентарни избори, рече премиерот кој е убеден дека во 2024 година повторно ќе има Влада, што исто така ќе биде предводена од СДСМ и коалиционите партнери кои се за продолжување на европскиот пат на државата и зачленување до 2030 година во ЕУ. Според најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, хаосот во власта, состојбите во државата и анкетите на јавното мислење покажуваат дека изборите напролет се неопходност. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во моментов политичката состојба во земјава е неподнослива, како меѓу партиите така и внатре во некои партии, односно во СДСМ, ДУИ и Алтернатива. Од партијата најавуваат искористување на сите механизми за постигнување на својата цел и креативност во изнаоѓање начини за одржување на тие избори. Бидејќи од партијата предлагаат предвремени избори во мај, според нив, изборната кампања би почнала на 25 април. Целта на тие избори, како што брифираа од партијата, е ресет на системот и воведување на поголема стабилност. ВМРО-ДПМНЕ како свој партнер во идната влада би сакала да ги види албанските опозициски партии за кои, иако се согласуваат дека ја немаат силата што во моментов ја има ДУИ, сепак сметаат дека постои големо незадоволство и кај гласачкото тело на етничките Албанци кои веруваат дека би поттикнале одредени промени во таа насока. За ДУИ, предвремени парламентарни избори ќе нема и не треба да има.
Не треба да има предвремени парламентарни избори и нема да има, бидејќи сме максимално заинтересирани за реализирање на програмските определби, кои се пред нас и за кои граѓаните ни дадоа мандат. Изборите не се решение, туку решение се адресирање на сите потреби и проблеми на граѓаните, посочуваат од ДУИ за МИА.
Алијанса за Албанците тврди дека е подготвена за избори, кога и да се одржат. Во изјава за МИА велат дека ценат оти на земјата и треба ново мнозинство, нова Власт, постабилна, чиста и која ќе се бори против корупцијата. Според партијата, приоритет број еден по Нова Година треба да биде носењето на уставните измени, отпочнување на преговорите со ЕУ, како и усвојување на закони и механизми за борба против криминалот и корупцијата. И од Алтернатива за МИА посочија дека не гледаат посебна причина за предвремени парламентарни избори, но, велат, ако тие се случат, партијата е подготвена да учествуваме со својот политички капитал и учинок во Владата, како и да се натпреварува со нејзината политичка програма. Избори, според нив, и така не очекуваат до 2024-та, а сега, додаваат, е време за работа. Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во писмена изјава за МИА нагласува дека нејзиниот личен став е дека предвремени избори во овој неповолен момент на економска и енергетска криза проследен со војна која се случува на европскиот континент, не треба да има.
Парламентарното мнозинство е стабилно, што е основен предуслов за непречено функционирање на државата, проблемите се менаџираат и нема ескалација на политичка криза, односно нема ниту една добра причина да се трошат дополнително време и средства за предвремени парламентарни избори што би ја закочиле државата во и онака сложената ситуација на макро ниво. Треба да се научиме она што законодавецот го предвидел како исклучок, да не го воспоставуваме како основно правило што беше случај честа пракса во минатото, потенцира Зајкова.
Секои избори, како што додаде таа, го забавуваат развојот на државата, повторно наидуваме на блокирани институции во делот на надлежностите, но и се товар на буџетот кој е наменет за граѓаните. Сепак, нагласи таа, искуството ни укажува дека во политиката се е можно, поради што не би ја исклучила и таа мала шанса, која доколку се реализира, се надева дека ќе се заснова на врвниот државен и стратешки интерес, наместо теснопартиските или личните интереси на малкумина, што истиот ќе го поткопаат. Од Движењето БЕСА добивме одговор дека веруваат оти Владата нема капацитет и политички легитимитет за преставување на граѓаните и затоа, според нив, изборите се неопходни. Оттаму веруваат дека во 2023 година треба да има предвремени парламентарни избори. Левица смета дека предвремените парламентарни избори ќе значат „шанса за возобновување на македонските национални позиции, запирање на процесот на разнебитување на националните елементи и монументален исчекор кон конечната победа на мнозинството над вољата на малкумина“.
Поголемото присуство на Левица во законодавниот дом ќе се попречи на патот на социјална и државна катастрофа која следи доколку не се зададе конечен удар по злосторничките структури на СДСМ и ДУИ и затоа будно ја следиме состојбата која нагласува предвремени избори. Но, покрај видливите кампањи на големите партии, пострашни се останати припреми кои нагласуваат предвремени избори. СДСМ и ДУИ преку институциите на централната власт и ВМРО-ДПМНЕ преку локалната самоуправа, ги празнат народните каси за јакнење на сопствената структура за престојните избори, нагласуваат од Левица за МИА.
Од партијата веруваат дека во следниот собраниски состав Левица ќе има двоцифрен број пратеници. Партиите не се согласни за стабилноста на парламентарното мнозинство во Собранието За СДСМ парламентарното мнозинство е стабилно и постојано расте, додека ВМРО-ДПМНЕ оценува дека Собранието е нефункционално за носење ниту на закони со просто мнозинство, а не пак за двотретински системски законски решенија.
Прогресивните, демократски и европски ориентираните партии, ја препознаваат шансата за заокружување на процесот за полноправно членство во Европската Унија. Прашањето за двотретинските закони, е сериозно и државничко прашање. Тоа е прашање на принципи, дали останатите пратеници го поддржуваат европскиот пат или не, велат од СДСМ.
СДСМ, додаваат од партијата, повикува на општествено и политичко обединување за европскиот пат на државата. Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека со активната блокада успеале да спречат дел од штетните решенија, а дел да ги успорат.
Собранието е нефункционално, ниту за закони со просто мнозинство, а не пак за двотретински системски законски решенија. Во коалицијата на власт владее хаос. Криминалот и корупцијата и поделеноста во владините табори се отсликува и во Собранието. Со активната блокада успеавме да спречиме дел од штетните решенија, а дел да ги успориме и тоа ќе биде така се до избори, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ за МИА.
Парламентарното мнозинство, според ДУИ е стабилно и оттаму сметаат дека не се соочиле со некоја криза во рамки на парламентарното мнозинство.
Максимално сме фокусирани на реализирање на определбите за кои се залагавме пред граѓаните и за кои добивме доверба, а кои се преточени во владини определби за која програма сите ние сме гласале. Затоа сме максимално фокусирани да го извршиме овој мандат до крај, со целосно реализирање на сите тие барања на граѓаните, така што не постои никаква криза ние сме максимално заинтересирани да обезбедиме еден широк проевропски фронт со сите политички партии, невладини организации, сите засегнати страни, почнувајќи од политичките партии за реализирање на нашата стратешка цел, а тоа е членството во ЕУ час поскоро, велат од ДУИ.
Алијанса за Албанците вели дека не само за двотретинско, туку Собранието во многу случаи немаше ни просто мнозинство.
Да потсетиме само на еден важен момент, гласањето на заклучоците за францускиот предлог со кој се отвара патот за ЕУ. Мнозинството немаше доволен број пратеници ни за кворум и Алијансата за Албанците го спасијовој процес со своите пратеници, велат од партијата за МИА.
Според Зајкова од ЛДП, парламентарното мнозинство во основа е стабилно и единствено кога станува збор за законски решенија од државен и граѓански интерес.
Убедена сум дека така и ќе остане се додека егзистираме на правилниот пат кон европското семејство овозможувајќи конкретни мерки. Би било некоректно ако не нотирам дека во дел од мерките кои се усвојуваат може да се забележи и придонесот од опозицијата, што е за почит. Што се однесува до двотретинските закони, истите не се условени од стабилноста на парламентарното мнозинство, туку од опозициската волја да учествува во државничките процеси за кои истото е неопходно. Во тој поглед, слушајќи ги изјавите на опозицијата не полагам големи надежи, што е на штета на државниот интерес, но не би исклучила и евентуална промена на нивниот став во иднина, бидејќи сите аргументи го налагаат тоа, вели Зајкова за МИА.
Во крајна линија, според неа, собраниските одлуки се по слободната волја на секој пратеник воден од сопственото убедување за иднината на државата согласно поставените стратешки цели и исправен пред предизвикот да придонесе за нејзиниот развојот макар тоа го чинело личен или партиски рејтинг. Според Алтернатива, не може да се пофалиме кога станува збор за двотретинското мнозинство, бидејќи за тоа е потребен поширок консензус. Тоа, како што посочуваат, е поврзано директно со сеопштите политички релации помеѓу политичките субјекти.
Но, од наша страна можеме најодговорно да тврдиме дека ние сме биле и сме подготвени да дадеме наш придонес и во оформување на таквото двотретинско мнозинство, зависно од темата за која е потребно тоа, нагласуваат од Алтернатива.
Во овој момент, како што смета Левица, целосниот собраниски состав е легалистичка потпора за нелегитимна Влада.
Откако се случи минатогодишниот цирскус околу прекројувањето на мнозинството, хибридниот режим на Зоран Заев се претвори во целосно авторитарен – без легитимитет и со постојана нестабилност која води во политичка криза од невидени размери, непочитувајќи ја народната волја и претварајќи го мандатот од претставничко доверување во трофеј за мрачните крила и струења во СДСМ, чии игри за превласт отвараат уште поголем простор за разнебитување на политичкиот систем од страна на нивниот најголем и надреден коалициски партнер. Политиката е заболена, дегенерира и води кон разврска во која иституциите на Република Македонија нема да можат да ги исполнуваат функциите на сопствениот суверенитет, потенцираат од Левица.
Потполно оттуѓени, додаваат од Левица, „партиите од елитата, кои ја одредуваат иднината и секојдневието на народот, функционираат како криминални синдикати, кои имаат единствена цел на богатење и злоупотреба на моќта, која нивните пријатели од амбасадите кои не се кратковиди, ја легитимираат, бидејќи во историска рамка, домашните политички криминалци не можат да одговорат на предизвиците на нашето време“.
Противречноста на Левица наспроти сите останати недемократски партии е постојаноста во ставовите и принципите на доверената народна функција кај нашите пратеници, никогаш не отстапувајќи од јасната желба на широката јавност и безгласниот народ во овие темни дни на воено профитерство, висока корупција и обесмислување на судството поради мал број луѓе на државнички функции, нивните пријатели од олигархијата и управувачи од странство. Сепак, покрај Левица во Собранието, очигледно е дека понатамошните предавства како што е и најавеното менување на Уставот се невозможни, затоа што радикализација на политичките дејствија е секогаш можна, во услови кога првпат народната вочја е непосредно изразена преку нашите пратеници, велат од Левица.
Оценки од партиите за функционалноста на Собранието изминатата година За партиите од власта и покрај блокадите од опозицијата во Собранието се изгласаа низа закони и акти во сеопшта служба на граѓаните, додека за опозициските парламентарни партии, законодавниот дом бил нефункционален.
Во 2022 година, сведоци сме на постојана блокада на Собранието од страна на опозицијата, вклучително и на закони кои подразбираат поддршка на граѓаните во време на криза. Циркус, театар и недолично однесување им приредија на граѓаните, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои често заборават дека се народни избраници и дека интересите на граѓаните треба да им бидат на прво место. Сепак и покрај сите опструкции од страна на опозицијата, во Собранието се изгласа европскиот предлог, со што и отпочнаа преговорите со ЕУ, како и пакет економски мерки вреден 760 милиони евра, за поддршка на граѓаните и стопанството во време на економска и енергетска криза, посочија за МИА од СДСМ.
За опозициката ВМРО-ДПМНЕ, Собрание кое „не носи одлука за да обезбеди храна за студентите и бега од прашања како што е безбедносно-дипломатскиот скандал Онишченко, не само што е нефункционално, туку и девастирано“.
Ова е само мал опис за состојбата, и тоа само од последниот период. „Падна“ и безбедносниот систем, па затворена комисиска седница се излеа на Јутјуб. Наместо за законски решенија за народот, Собранието нефункционално какво што е, дополнително ја влошува состојбата. Владее хаос во власта, и во коалицијата и во владејачките партии. Затоа се потребни избори со стабилно мнозинство кон вистински решенија за државата, нагласија од партијата.
ДУИ, пак, со апел до сите парламентарни политички партии дека треба да рефлектираат во правец на тоа што е интерес на граѓаните.
Се соочивме со активна блокада со деструктивен пристап од опозицијата и тоа влијаеше врз динамиката и ефективноста на работата на Собранието. Но, и покрај тоа мислам дека Собранието како целина го постигна својот ефект, иако тоа можеше и поефективно да се заврши. Активната блокада секако дека влијае и врз интересот на граѓаните, бидејќи без никаква причина имаме многубројни законски решенија кои се закочени, во застој, месеци без никакво образложение. Потоа, некои од нив, откако ќе поминат месеци, а некои и години, се усвојуваат од страна на Собранието. Значи, навистина треба секоја политичка партија да рефлектира во правец на тоа што е интерес на граѓаните, нагласија од ДУИ за МИА.
Алијанса за Албанците оцени дека Собранието во 2022 не беше на чело на работната должност и задача.
Примарната цел му е контрола врз извршната власт, но играше сосема обратна улога, мнозинството беше под диктат на власта. Освен тоа имаше и неколку инциденти, противзаконски дејствија, игнорирање на гласот на опозицијата и несакани случувања. Мнозинството, исто така, не беше стабилно и имавме многу одложувања и задоцнувања, а од друга страна многу наши иницијативи беа игнорирани, потенцираат од партијата.
Собраниската работа, од ЛДП ја оценуваат со оценка три.
Тоа значи дека Собранието функционира и овозможува основа за нормален тек на државата, особено при справувањето со актуелната криза, но не доволно и со ефикасност која граѓаните ја очекуваат и треба да ја почувствуваат во реалниот живот. Тоа особено се должи на нашите беспредметни собраниски дискусии, меѓупартиските обвинувања и активните блокади кои не носат никаков навремен бенефит за граѓаните и државата. Тие сакаат да видат конкретни резултати, а не празна реторика. Опозициските блокади на законските решенија проследени со долготрајни комисиски беседи можеби создава слика дека некој нешто прави, но тоа во суштина е работа чиешто равенство е чиста нула, вели Зајкова.
Најголемата забелешка во последниот извештај за подготвеноста на државата за членство ЕУ е упатена кон Собранието, со критики за недоволно носење на закони и премала употреба на пратенички прашања, а сето тоа, според Зајкова, се должи на политичката поларизација на двата блока во парламентот.
Се уште имаме низа законски решенија кои треба да овозможат напредок, а се закочени во матичните работни што е крајно неодговорно. Но, изразувам надеж дека следната 2023 година наместо политичка ирационалност ќе не следи прагматичност и политичка зрелост, што доликува на држава подготвена да ги започне преговорите со ЕУ, посочува Зајкова.
Алтернатива смета дека Собранието во текот на оваа година, работеше со полн капацитет, а мнозинството беше стабилно.
Иако во низа наврати имавме проблеми со блокадите кои ги наметнуваше опозицијата, главно работата беше солидна и ние, како дел од владејачкото мнозинство, успеавме да донесеме низа закони и акти, кои ќе бидат во сеопшта служба на граѓаните. Секако дека секогаш може да биде подобро, но ако поставуваме прашање дали сме имале функционално собрание во текот на 2022-ра година, одговорот неминовно ќе биде ДА, потенцираат од партијата.
За БЕСА, Собранието се користи од страна на мнозинството само како механизам за гласање на своеволието на партиите од владејачкото мнозинство.
Гласот на опозицијата не се слуша и во многу сличаи не се остава простор за конструктивни дебати. Ова мнозинство тешко поминува закони со просто мнозинство заради немање капацитет за носење одлуки со поширок конценсус, а камоли за двотретински закони, додадоа од БЕСА.
Според Левица, народните институции никогаш не биле подалеку од народот.
СДСМ и ДУИ се отворено впуштени во злоупотреба на демократските механизми, со тоа грижејќи се за опстојувањето на авторитарниот режим. Институционалната меморија за ова време ќе ја забележи борбата која Левица ја води против злоупотребите на законодавниот дом кои ги врши владејачката гарнитура преку спикерот, во секој поглед и преку сите механизми, од собраниската говорница и преку кривични пријави за сите злоупотреби на Деловникот и спротивности на Уставот, кои никојпат во историјата не биле во поголем број отколку во времето на Талат Џафери. На скорешниот пример кога спикерот спречи иницијатива за гласање на граѓаните на референдум му следеше и кривична пријава од Левица, во низата примери кои се надополнуваат на кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластувања како и интерпелација на Талат Џафери поради свесно кршење на Уставот и законите. Правниот сектор на Левица, има поднесено до Државната комисија за спречување на корупцијата и Претставка за утврување на судир на интереси поради неспоивост на функции, посочуваат од Левица.
Оттаму велат дека извршаната власт е „целосно предадена во рацете на предавници“, додека во Собранието, со сите расположливи средства се врши „угнетување на дејствувањето на автентичната опозиција“.

The post Ќе се смени ли власта годинава? Опозицијата бара избори во мај, власта ги најавува во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Рејтингот на Владата е на минус, власта бега од избори затоа што ги знаат резултатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-rejtingot-na-vladata-e-na-minus-vlasta-bega-od-izbori-zatoa-shto-gi-znaat-rezultatite/ Mon, 14 Nov 2022 19:00:14 +0000 https://republika.mk/?p=573844

Власта бега од избори затоа шти ги знаат резултатите, граѓаните се севсни гледаат што се случува околу нив. Јасно е што се случува, рејтингот на Владата е на минус и не одат на избори за да можат до последен ден да исцрпат она што може да го исцрпат од ресурсите на Македонија изјави порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа.

Стоилковски посочи дека граѓаните веќе точно знаат како да реагираат и да оценат. Не постои толкава апатија што ќе го одврати народот да ја казни оваа власт што 3 години го казнува народот.

Индексот на мизерија се должи на односот на власта кон состојбите но и кон истојбите кои ги предизвикува со нивното изостанување на реакција. Изостанувањето на реакција е она кое што го депримира човекот каде и да живее бидејќи тој се бунтува и реагира на неправда гледајќи ја правдата, рече Стоилковски.

Стоилковски додаде дека одговорност за било што во државата нема.

Нема одговорност кај власта, работите течат без реакција од институциите и тоа е чуството на несигурност кај граѓаните, а уште повеќе на непредвидливост за тоа што утре може да се случи е она што се нарекува мизерија, изјави Стоилковски.

The post Стоилковски: Рејтингот на Владата е на минус, власта бега од избори затоа што ги знаат резултатите appeared first on Република.

]]>

Власта бега од избори затоа шти ги знаат резултатите, граѓаните се севсни гледаат што се случува околу нив. Јасно е што се случува, рејтингот на Владата е на минус и не одат на избори за да можат до последен ден да исцрпат она што може да го исцрпат од ресурсите на Македонија изјави порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа. Стоилковски посочи дека граѓаните веќе точно знаат како да реагираат и да оценат. Не постои толкава апатија што ќе го одврати народот да ја казни оваа власт што 3 години го казнува народот.
Индексот на мизерија се должи на односот на власта кон состојбите но и кон истојбите кои ги предизвикува со нивното изостанување на реакција. Изостанувањето на реакција е она кое што го депримира човекот каде и да живее бидејќи тој се бунтува и реагира на неправда гледајќи ја правдата, рече Стоилковски.
Стоилковски додаде дека одговорност за било што во државата нема.
Нема одговорност кај власта, работите течат без реакција од институциите и тоа е чуството на несигурност кај граѓаните, а уште повеќе на непредвидливост за тоа што утре може да се случи е она што се нарекува мизерија, изјави Стоилковски.

The post Стоилковски: Рејтингот на Владата е на минус, власта бега од избори затоа што ги знаат резултатите appeared first on Република.

]]>
Еден час подолго на власт https://arhiva3.republika.mk/kolumni/eden-chas-podolgo-na-vlast/ Wed, 26 Oct 2022 20:56:17 +0000 https://republika.mk/?p=566058

Петар Поп Арсов

Приказната за летното сметање на времето започнува некаде во САД за време на Првата светска војна кога било воведено во обид да се намали потрошувачката на енергија. Целта на ваквиот потег била да се намали потрошувачката на струја за осветлување, не за затоплување. Во тоа време немале штедливи сверилки ниту пак инвертер клими, па фокусот бил ставен на осветлувањето. По завршувањето на војната, овој модел на пресметка на времето бил напуштен, веројатно поради потребата од нормално функционирање на човекот засновано на биолошкиот часовник. Набргу потоа повторно, за време на Втората светска војна, во услови

кога залихите на гориво биле при крај, овој модел бил повторно воведен.
Навистина Првата и Втората светска војна се недвосмислено важни историски одредници кои го определиле севкупниот светски поредок кое што го прави особено интересно сознанието дека дебатите и одлуките за тоа дали треба или не треба ваков модел на пресметка на времето се случувале токму во времето на
светските војни.
Да се надеваме дека дебатата и одлуката за начинот на сметање на времето кои што се присутни деновиве кај нас и во Европа нема да имаат никаква врска со нова светска војна или поширока ескалација на онаа која што веќе ја имаме. Да веруваме дека оваа дебата е мотивирана само од онаа одлука на Европскиот парламент од 2019 година, со која се бара од членките на ЕУ да ја променат двојната формула на пресметка на времето почнувајќи од 2021 година и да изберат само летно или само зимско сметање на времето. Тоа беше одлука која
никогаш не доби финална разрешница. Некои велат ковид кризата е главната причина, додека други сметаат дека во Европа има многу поважни прашања од начинот на сметање на времето. Ваквата одлука беше донесена во време кога во Европа имаше гас, нафта, струја, а немаше војна.
Сега е „малку“ поинаку. Но, подобро е да веруваме дека секоја паралела и поврзаност на војната со начинот на сметање на времето е неоснована. Да се надеваме дека се ќе биде во ред макар изгледале како ноеви со главата забиена во песокта.
Времето е единствената константа која што ја имаме во животот. Ниту можеме некаде да го пронајдеме или заработиме. Не можеме да го добиеме на подарок, да го освоиме на сила или пак едноставно да го украдеме доколку имаме и такви афинитети. Колку што ни е пишано, толку е. Ниту повеќе, ниту помалку.
Оној кој што доцни, тој што го чекаме, што го злоупотребува и троши нашето време, буквално троши дел од нашиот живот. Времето не чека никого без разлика на тоа дали на него гледаме како на апсолутна или релативна величина или пак го мериме во минути, часови, денови и години или пак... го пресметуваме според
летното или зимското сметање на времето.
Токму ова последното е најмалку важното нешто поврзано со времето. И баш токму тоа, најневажното нешто е во наша моќ. Што е, тука е. Ако не можеме да го контролираме и моделираме, добро е барем што можеме да го мериме и пресметуваме, без разлика дали тоа било летно или зимско.
Доколку не се менуваше времето, половина од нас ќе немаа за што да зборуваат. Некои ќе немавме тема за да напишеме некаков текст, статус или можеби уште една колумна плус. Некои пак ќе немаа можност да поспијат уште еден час повеќе уживајќи во единствениот ден во годината кој што трае 25 часа.
Владата пак ќе немаше можност да направи опсежни анализи кои траеа цели пет- шест дена (без викенди и државни празници), ниту пак ќе имаше можност за носење на „сериозна“ одлука базирана на „уште посериозни“ анализи. Анализи за кои што можевме да слушнеме по телевизиските вестите од типот „Владата се
консултирала со МАНУ и од таму најверојатно и потврдиле дека во недела повторно ќе треба да се поместат стрелките на часовникот.“ Најверојатно е клучензбор во целата научна анализа.
Инаку министерот Бектеши и неговиот ресор за економија беа задолжени да направат анализа за економските аспекти и можните заштеди на енергенси во случај да се применува едната или другата варијанта на пресметка на времето.
Бектеши требаше да ги заврши анализите до минатиот петок, но тој решил да се консултира со МАНУ, Бирото за метеорологија и стопанството кои во вторник попладне, после продолжениот празничен викенд, најверјатно му ги изложиле своите научни и практични заклучоци.
Таква беше првичната информација која подоцна беше поткрепена со „сериозни“ аргументи дека со анализата било воочено дека задржувањето на летното сметање на времето ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија од 1,5 – 3,5 проценти за грејната сезона.
Во ред. Враќањето на стрелките на часовникот нема да донесе некои големи заштедите, но сепак се некакви заштеди и тука нема место за приговор. Одлуката на владата не е спорна. Спорен е начинот, сериозноста и брзината на анализите со кои било дојдено до наведените резултати. Анализата на евентуалните заштеди треба да ги опфати сите, не само државните институции. Треба да ги опфати и граѓаните и нивниот индивидуален интерес, вклучително и нивните енергетски заштеди доколку ги има. Не е во ред владата својата неспособност за управување со државата да ја маскира со некакви незначителни или фиктивни заштеди, да се прикажува како штедлива, а од друга страна да не води никаква грижа и да остава нерегулиран простор и дивеење на цените на одредени енергенси, како цената на пелетите на пример. Не е во ред методологијата за
пресметувањето на времето да се користи како пропагандна алатка која треба да ја прикаже владата како одговорна и домаќинска и како влада која демек покажува некаков особен интерес за штедење. Да потсетиме, тоа е истата власт која минатата година дозволи да изгорат хектари и хектари шума. Дрвна маса која сега
не е ставена во функција на сиромашните граѓани како ресурс за затоплување. Напротив, го користи ресурсот на исклучително сомнителен и криминален начин за остварување на енормни профити преку класично „воено профитерство“ и „дерење“ на граѓаните кои користат пелет и огревно дрво.
Нема да биде во ред и доколку се покажат како точни гласините дека училиштата и факултетите ќе прекинат со настава со физичко присуство и ќе продолжат со онлајн настава во студените зимски денови. Мерката за овозможување на образовните институции да бидат ставени на регулиран пазар и да плаќаат струја
по пониска цена е добра, но дали ќе биде доволна за непречено да се одвива наставата, ќе видиме. Во најмала рака можам да кажам дека се сомневам и воопшто не сум оптимист.
Се прашува ли некој во владата кој ќе ја плати енергијата за дополнително загревање на посебните простории за учениците и наставниците за наставата во домашни услови? Има ли владата анализа колку пари ќе го чини секое семејство непреченото и квалитетно следење на наставата во посебна просторија која дополнително треба да се загрева доколку ги затворат училиштата. Го пресметува ли некој овој параметар во вкупниот материјален биланс на општи и лични заштеди на граѓаните или тоа пак ќе биде некоја одлука која што ќе се базира на анализи од пет-шест дена?
Што се однесува до тоа какво е влијанието на летно-зимското пресметување на времето врз квалитетот на животот на граѓаните, некаде дефинитивно се правени вистински и опсежни анализи. На пример во Германија.
Имено, анализите во Германија говорат дека примената на летното сметање на времето донесува одредена заштеда на енергија во потоплите месеци, не и во студените. Во зима секако дека е потребно затоплување, без оглед на начинот на сметање на времето, освен ако не се прават наменски рестрикции поради конкретна причина и заради конкретна заштеда. Таквите рестрикции немаат врска со зимското или летното сметање на времето. Вообичаеното поместување на стрелките за еден час ја намалува само потрошувачката за осветлување, кое што реално е прилично мала и речиси незабележлива заштеда за германците.
Од друга страна, дневната светлина, а особено сончевите зраци се „главните тајмери“ на биолошкиот часовник на човекот и исклучително важни за ритамот на будење и спиење. Според германските експерти, токму зимското сметање на времето најдобро се вклопува со ритамот на биолошкиот часовник на човекот. Со
промената кон летно сметање се заканува недостаток на сон, недостаток на концентрација, намалена продуктивност и води кон зголемен број на сообраќајни и други несреќи.
Убаво кажано. Убаво сиже на една најверојатно сериозна и сеопфатна анализа. Така велат анализите во Германија. Македонија на глобусот е токму еден час пред Германија и германското зимско сметање на времето е еквивалент на македонското летно сметање.
На паметниот му е доста.
Сето останато во врска со прашањето за зимското и летното сметање на времето и отворањето на оваа тема токму сега е само обичен театар во функција на пропаганда. Пропаганда и PR на една расипничка влада која сака да се претстави како одговорна и домаќинска. Враќањето на стрелките на часовникот, кое и без
силните „анализи“ ќе се случеше по инерција, нема да донесе ништо друго освен еден час подолго владеење на оваа власт.

The post Еден час подолго на власт appeared first on Република.

]]>

Петар Поп Арсов

Приказната за летното сметање на времето започнува некаде во САД за време на Првата светска војна кога било воведено во обид да се намали потрошувачката на енергија. Целта на ваквиот потег била да се намали потрошувачката на струја за осветлување, не за затоплување. Во тоа време немале штедливи сверилки ниту пак инвертер клими, па фокусот бил ставен на осветлувањето. По завршувањето на војната, овој модел на пресметка на времето бил напуштен, веројатно поради потребата од нормално функционирање на човекот засновано на биолошкиот часовник. Набргу потоа повторно, за време на Втората светска војна, во услови

кога залихите на гориво биле при крај, овој модел бил повторно воведен. Навистина Првата и Втората светска војна се недвосмислено важни историски одредници кои го определиле севкупниот светски поредок кое што го прави особено интересно сознанието дека дебатите и одлуките за тоа дали треба или не треба ваков модел на пресметка на времето се случувале токму во времето на светските војни. Да се надеваме дека дебатата и одлуката за начинот на сметање на времето кои што се присутни деновиве кај нас и во Европа нема да имаат никаква врска со нова светска војна или поширока ескалација на онаа која што веќе ја имаме. Да веруваме дека оваа дебата е мотивирана само од онаа одлука на Европскиот парламент од 2019 година, со која се бара од членките на ЕУ да ја променат двојната формула на пресметка на времето почнувајќи од 2021 година и да изберат само летно или само зимско сметање на времето. Тоа беше одлука која никогаш не доби финална разрешница. Некои велат ковид кризата е главната причина, додека други сметаат дека во Европа има многу поважни прашања од начинот на сметање на времето. Ваквата одлука беше донесена во време кога во Европа имаше гас, нафта, струја, а немаше војна. Сега е „малку“ поинаку. Но, подобро е да веруваме дека секоја паралела и поврзаност на војната со начинот на сметање на времето е неоснована. Да се надеваме дека се ќе биде во ред макар изгледале како ноеви со главата забиена во песокта. Времето е единствената константа која што ја имаме во животот. Ниту можеме некаде да го пронајдеме или заработиме. Не можеме да го добиеме на подарок, да го освоиме на сила или пак едноставно да го украдеме доколку имаме и такви афинитети. Колку што ни е пишано, толку е. Ниту повеќе, ниту помалку. Оној кој што доцни, тој што го чекаме, што го злоупотребува и троши нашето време, буквално троши дел од нашиот живот. Времето не чека никого без разлика на тоа дали на него гледаме како на апсолутна или релативна величина или пак го мериме во минути, часови, денови и години или пак... го пресметуваме според летното или зимското сметање на времето. Токму ова последното е најмалку важното нешто поврзано со времето. И баш токму тоа, најневажното нешто е во наша моќ. Што е, тука е. Ако не можеме да го контролираме и моделираме, добро е барем што можеме да го мериме и пресметуваме, без разлика дали тоа било летно или зимско. Доколку не се менуваше времето, половина од нас ќе немаа за што да зборуваат. Некои ќе немавме тема за да напишеме некаков текст, статус или можеби уште една колумна плус. Некои пак ќе немаа можност да поспијат уште еден час повеќе уживајќи во единствениот ден во годината кој што трае 25 часа. Владата пак ќе немаше можност да направи опсежни анализи кои траеа цели пет- шест дена (без викенди и државни празници), ниту пак ќе имаше можност за носење на „сериозна“ одлука базирана на „уште посериозни“ анализи. Анализи за кои што можевме да слушнеме по телевизиските вестите од типот „Владата се консултирала со МАНУ и од таму најверојатно и потврдиле дека во недела повторно ќе треба да се поместат стрелките на часовникот.“ Најверојатно е клучензбор во целата научна анализа. Инаку министерот Бектеши и неговиот ресор за економија беа задолжени да направат анализа за економските аспекти и можните заштеди на енергенси во случај да се применува едната или другата варијанта на пресметка на времето. Бектеши требаше да ги заврши анализите до минатиот петок, но тој решил да се консултира со МАНУ, Бирото за метеорологија и стопанството кои во вторник попладне, после продолжениот празничен викенд, најверјатно му ги изложиле своите научни и практични заклучоци. Таква беше првичната информација која подоцна беше поткрепена со „сериозни“ аргументи дека со анализата било воочено дека задржувањето на летното сметање на времето ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија од 1,5 – 3,5 проценти за грејната сезона. Во ред. Враќањето на стрелките на часовникот нема да донесе некои големи заштедите, но сепак се некакви заштеди и тука нема место за приговор. Одлуката на владата не е спорна. Спорен е начинот, сериозноста и брзината на анализите со кои било дојдено до наведените резултати. Анализата на евентуалните заштеди треба да ги опфати сите, не само државните институции. Треба да ги опфати и граѓаните и нивниот индивидуален интерес, вклучително и нивните енергетски заштеди доколку ги има. Не е во ред владата својата неспособност за управување со државата да ја маскира со некакви незначителни или фиктивни заштеди, да се прикажува како штедлива, а од друга страна да не води никаква грижа и да остава нерегулиран простор и дивеење на цените на одредени енергенси, како цената на пелетите на пример. Не е во ред методологијата за пресметувањето на времето да се користи како пропагандна алатка која треба да ја прикаже владата како одговорна и домаќинска и како влада која демек покажува некаков особен интерес за штедење. Да потсетиме, тоа е истата власт која минатата година дозволи да изгорат хектари и хектари шума. Дрвна маса која сега не е ставена во функција на сиромашните граѓани како ресурс за затоплување. Напротив, го користи ресурсот на исклучително сомнителен и криминален начин за остварување на енормни профити преку класично „воено профитерство“ и „дерење“ на граѓаните кои користат пелет и огревно дрво. Нема да биде во ред и доколку се покажат како точни гласините дека училиштата и факултетите ќе прекинат со настава со физичко присуство и ќе продолжат со онлајн настава во студените зимски денови. Мерката за овозможување на образовните институции да бидат ставени на регулиран пазар и да плаќаат струја по пониска цена е добра, но дали ќе биде доволна за непречено да се одвива наставата, ќе видиме. Во најмала рака можам да кажам дека се сомневам и воопшто не сум оптимист. Се прашува ли некој во владата кој ќе ја плати енергијата за дополнително загревање на посебните простории за учениците и наставниците за наставата во домашни услови? Има ли владата анализа колку пари ќе го чини секое семејство непреченото и квалитетно следење на наставата во посебна просторија која дополнително треба да се загрева доколку ги затворат училиштата. Го пресметува ли некој овој параметар во вкупниот материјален биланс на општи и лични заштеди на граѓаните или тоа пак ќе биде некоја одлука која што ќе се базира на анализи од пет-шест дена? Што се однесува до тоа какво е влијанието на летно-зимското пресметување на времето врз квалитетот на животот на граѓаните, некаде дефинитивно се правени вистински и опсежни анализи. На пример во Германија. Имено, анализите во Германија говорат дека примената на летното сметање на времето донесува одредена заштеда на енергија во потоплите месеци, не и во студените. Во зима секако дека е потребно затоплување, без оглед на начинот на сметање на времето, освен ако не се прават наменски рестрикции поради конкретна причина и заради конкретна заштеда. Таквите рестрикции немаат врска со зимското или летното сметање на времето. Вообичаеното поместување на стрелките за еден час ја намалува само потрошувачката за осветлување, кое што реално е прилично мала и речиси незабележлива заштеда за германците. Од друга страна, дневната светлина, а особено сончевите зраци се „главните тајмери“ на биолошкиот часовник на човекот и исклучително важни за ритамот на будење и спиење. Според германските експерти, токму зимското сметање на времето најдобро се вклопува со ритамот на биолошкиот часовник на човекот. Со промената кон летно сметање се заканува недостаток на сон, недостаток на концентрација, намалена продуктивност и води кон зголемен број на сообраќајни и други несреќи. Убаво кажано. Убаво сиже на една најверојатно сериозна и сеопфатна анализа. Така велат анализите во Германија. Македонија на глобусот е токму еден час пред Германија и германското зимско сметање на времето е еквивалент на македонското летно сметање. На паметниот му е доста. Сето останато во врска со прашањето за зимското и летното сметање на времето и отворањето на оваа тема токму сега е само обичен театар во функција на пропаганда. Пропаганда и PR на една расипничка влада која сака да се претстави како одговорна и домаќинска. Враќањето на стрелките на часовникот, кое и без силните „анализи“ ќе се случеше по инерција, нема да донесе ништо друго освен еден час подолго владеење на оваа власт.

The post Еден час подолго на власт appeared first on Република.

]]>
Таравари: Спин на ДУИ е дека ќе бидеме дел од власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-spin-na-dui-e-deka-kje-bideme-del-od-vlasta/ Fri, 21 Oct 2022 13:27:13 +0000 https://republika.mk/?p=564081

В.д. претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари денеска истакна дека засега нема никаква понуда за неговата партија да биде дел од власта, а и да има ќе се одлучува преку партиските тела.

За тоа дека ќе бидеме дел од мнозинство мислам дека повеќе е спин од ДУИ. Таму има интересни настани, поделени се во 3-4 фракции. Не може да се разбере кој со кого е. И мислам дека им понираат вакви теми, а јас сум кажал. Прв пат ме прашаа пред пет-шест недели. Повторно ќе кажам ние не сме човек партија, туку сме партија која што има тела на партијата и ако има таков предлог, засега нема ништо ова е само шпекулација. Ако има таков предлог мислам дека не треба одлуката да ја донесе само претседателот туку треба сериозно да се разгледа во партиските тела и да се донесе одлука, без разлика каква е, истакна Таравари кој на денешната прес-конференцијата ја претстави анализата од нивните партиски експерти по повод најновиот Извештај за прогресот на Европската комисија за 2022 година.

Тој го повтори ставот дека Алијанса за Албанците има свои предлози доколку во Собранието се почне дебата за менување на Уставот.

Овој пакет на мерки кои што ќе го дадеме, ќе се презентира пред најзначајните амбасади во Скопје. Потоа ќе се презентира пред медиумите и се надевам пред пошироката јавност, но и пред другите политички партии. Нашиот предлог ќе биде нешто што не може да се одбие. Секако едно од нашето барања, второ ќе биде тоа еднаш за секогаш да ги тргнеме тоа 20 остсто. Да биде барем во Југославија како што беше, албанскиот и македонскиот јазик тука беа јазици кои официјално се користеа. Јас се надевам дека има подготвеност од сите македонски политички партии, тоа да се прифати, тоа да го помине и потоа да поминеме на други побитни теми, посочи Таравари.

The post Таравари: Спин на ДУИ е дека ќе бидеме дел од власта appeared first on Република.

Мицкоски: Ако власта правилно менаџира, државава нема да биде увозно зависна од струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-ako-vlasta-pravilno-menadzira-drzavava-nema-da-bide-uvozno-zavisna-od-struja/ Mon, 17 Oct 2022 18:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=562247

Најодговорно тврдам дека ако вистински се менаџира енергетскиот систем дека Македонија нема да биде увозно зависна од електрична енергија. Зошто? Затоа што ако се направи на време план за модернизација на производните капацитетите како што постоеше пред 6,7,8,10 години во РЕК Битола, Осломеј или ако пак се продолжи со модернизација на хидро капацитетите односно електраните кои што од вода произведуваат струја, вклучително и сите оние проекти коишто се од приватна иницијатива, вклучително и капацитетот на термоелектрана или позната во јавноста како ТЕ-ТО Скопје, Македонија нема да биде увозно зависна од струја“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Отворено студио“.

Доколку ја имате вие оперативна РЕК Битола, трите блока модернизирани како што беше планот, ако имате доволни количини откриен јаглен, доволно количини ископан јаглен и одложен на греда, подготвен за горење во технолошкиот процес на РЕК Битола кој што потоа ќе произведува струја, тие можат комотно да произведуваат околу 600 мегавати. Еве нема да одам понатаму иако според планот беше да произведуваат 232,5 мегавати по блок, еве по 200 мегавати сигурно тие можат да произведуваат, заклучи Мицкоски.

Претседателот посочи дека Осломеј во оваа кондиција ваков што е, со овој потенцијал со кој што располага може да произведува од 80 до 100 мегавати. Но, тој би се задржал на 80 мегавати. Иако денеска ако се погледне билансот на МЕПСО може да се воочи дека не произведува повеќе од 70-тина мегавати. Правилното менаџирање на хидро потенцијалот може да даде дополнителна моќност и да обезбеди помеѓу 250 и 350 мегавати.

Ако тука се стави производниот капацитет кој што не знам од кои причини денеска не е во функција, кој што има 30-тина мегавати инсталиран капацитет плус енергетика која што исто така има од прилика 20-тина до 30-тина мегавати, ако на тоа се додаде ТЕЦ Неготино со двата котли од 160 мегавати и капацитетот ТЕ-ТО од 200 мегавати плус производните капацитети од сонце или фотоволтаиците, ветерните електрани, био маса, био гас, малите централи, хидро и така натаму, ние можеме самите да го задоволиме нашето енергетско портфолио и воопшто нема да ни е потребно да увезуваме електрична енергија. Нешто на кое што ние предупредувавме уште пред година дена дека е возможно да се случи во Македонија како сценарио доколку правилно се менаџира ресурсите. Но, за жал од Владата не ги менаџираа правилно ресурсите и затоа се случува да МЕПСО и ЕЛЕМ од фирми кои што книжеа огромни профити во минатото, денеска ни се најголеми загубари“, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски: Ако власта правилно менаџира, државава нема да биде увозно зависна од струја appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Се врши екоцид – антимакедонската СДС не само што ја уништува Македонија, туку и го труе народот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-se-vrshi-ekocid-antimakedonskata-sds-ne-samo-shto-ja-unishtuva-makedonija-tuku-i-go-true-narodot/ Tue, 30 Aug 2022 06:41:03 +0000 https://republika.mk/?p=545445

Власта на СДС и ДУИ се фрлени на криминал и местење тендери. Затоа состојбата со РЕК Битола е во катастрофална и затоа од таму со денови се гледа густ жолт-кафеав чад што е мешавина од пепел и земја. Ова е екоцид за кој мора некој да одговара, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека власта треба да одговори дали наместо јаглен се согорува мешавина од земја и јаглен?

Дали со намера да се прикрие аматерското работење со енергетските капацитети, свесно се загрозува здравјето и животите на граѓаните во Битола и битолско? Каде беа потрошени милионите евра кои ги најавуваа Заев и СДС со кои требаше да се реши загадувањето од РЕК? Очигледно е дека РЕК Битола во моментот загадува, а поради недозволениот начин на работа се загрозува животната средина и амбиенталниот воздух. Молчат активистите на копче кои не така одамна беа гласни. Лагите на криминалците од власта излегуваат на виделина. Оваа антимакедонска СДС не само што решила да ја уништи Македонија, решила и да го отруе народот, стои во соопштението на партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Се врши екоцид – антимакедонската СДС не само што ја уништува Македонија, туку и го труе народот appeared first on Република.

]]>

Власта на СДС и ДУИ се фрлени на криминал и местење тендери. Затоа состојбата со РЕК Битола е во катастрофална и затоа од таму со денови се гледа густ жолт-кафеав чад што е мешавина од пепел и земја. Ова е екоцид за кој мора некој да одговара, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека власта треба да одговори дали наместо јаглен се согорува мешавина од земја и јаглен?
Дали со намера да се прикрие аматерското работење со енергетските капацитети, свесно се загрозува здравјето и животите на граѓаните во Битола и битолско? Каде беа потрошени милионите евра кои ги најавуваа Заев и СДС со кои требаше да се реши загадувањето од РЕК? Очигледно е дека РЕК Битола во моментот загадува, а поради недозволениот начин на работа се загрозува животната средина и амбиенталниот воздух. Молчат активистите на копче кои не така одамна беа гласни. Лагите на криминалците од власта излегуваат на виделина. Оваа антимакедонска СДС не само што решила да ја уништи Македонија, решила и да го отруе народот, стои во соопштението на партијата.
 
The post ВМРО-ДПМНЕ: Се врши екоцид – антимакедонската СДС не само што ја уништува Македонија, туку и го труе народот appeared first on Република.

]]>
Власта со апел сите пратеници да ги поддржат уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за нивно отфрлање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-so-apel-site-pratenici-da-gi-poddrzat-ustavnite-izmeni-vmro-dpmne-ostanuva-na-stavot-za-nivno-otfrlanje/ Sat, 27 Aug 2022 07:53:32 +0000 https://republika.mk/?p=544630

Претставници на власта вчера уште еднаш ги повикаа пратениците во Собранието, пред се оние од редовите на опозицијата, да ги поддржат уставните измени и да не го блокираат патот на земјава кон ЕУ, додека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да ги поддржи предлозите за промена на Уставот.

Премиерот Димитар Ковачевски ги повика сите 120 пратениците да бидат на висина на задачата и да го поддржат продолжување на патот на земјава кон полноправно членство во ЕУ, со тоа што ќе ги поддржат уставните измени.

Тој нагласи дека уставните измени ќе поминат низ процес на парламентарна дискусија и тие се нешто што земјава треба да го направи и не треба да се користат за теснопартиски интереси.

– Верувам дека сите 120 пратеници треба да ги поддржат уставните измени зашто со нив се внесуваат делови од други народи кои живеат тука, кои изразиле желба да бидат дел од нашиот Устав. Ние веќе имаме повеќе делови од народи кои се дел од Уставот, покрај македонскиот народ. Постојат држави со дури 25 народи во Уставот, како Хрватска и тоа само ја збогатува општествената кохезија, рече вчера Ковачевски на прес-конференција во Владата.

Тој потенцира дека секој пратеник има обврска кон граѓаните и државата во однос на европската иднина и затоа постои дискусија во Собранието која треба да се базира на аргументи, факти и на перспективите на земјата.

Според него, во земјава јасно се издиференцирани две коалиции – една „за европска Македонија“, која заедно со доминантниот дел од граѓаните сака да ја види државата како дел од ЕУ и ВМРО-ДПМНЕ и Левица – кои се противат на членството во Унијата и за тоа постојано изнаоѓаат нови причини кои немаат никаква врска со реалноста.

– Втората коалиција не нуди никаква алтернатива. Едниот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ нуди некаков азиски сојуз со централноазиски држави, што сметам дека е нонсенс во однос на евроинтеграциите, потенцира премиерот.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, пак, изрази надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја искористи шансата да биде на страната на членството на Македонија во ЕУ, што, како што нагласи, е стратешки приоритет на земјата веќе 30 години.

– Веруваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифатат оваа шанса и оваа можност, бидејќи ја пропуштија за НАТО, иако дел од пратениците тогаш го поддржа Преспанскиот договор и уставните измени, изјави Маричиќ во гостување во вестите на Канал 5 телевизија.

Според него, паралелно со процесот на скрининг имаме можност во тој период да ја завршиме и обврската со измена на Уставот „со додавање на некои заедници, како Хрватите, Црногорците и Бугарите во Преамбулата и во уште една точка во Уставот“.

– Од наш аспект содржински нема никаква пречка тоа да се направи. Мислам дека нашиот концепт на Уставот и нашиот амбиент секогаш бил инклузивен за сите заедници. Ние ќе отвориме дијалог со сите политички партии, но и со сите пратеници. Сметаме дека ќе има можност пратениците да се определат јасно дали се за продолжување на европскиот пат, дали се за членство на Македонија во Европската Унија или пак се за застој, враќање назад и отстапување од тој пат, рече Маричиќ.

Од друга страна, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вчера уште еднаш го повтори ставот дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржат предлозите за измена на Уставот, порачувајќи и на власта „да го пушти“ предлогот за уставни промени во Собранието и да види дали има или нема поддршка за нив.

– Еве ја повикувам власта нека го пуштат овој предлог во Собрание да видат дека немаат поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Предлозите за уставни измени ќе паднат во Собранието и после тоа да одиме на предвремени парламентарни избори, изјави Николоски во гостување во вестите на Канал 5, додавајќи дека предвремените парламентарни избори „треба да се случат, за народот го каже сопственото мислење“.

Тој додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ не се откажала од референдум за „францускиот предлог“ и дека активно и интензивно работи на негова организација.

– Ние кажавме дека на крајот на овој месец и почетокот на септември ќе излеземе со конкретни позиции во однос на прашањето и на начинот на кој што би се реализирал овој референдум. Се надевам дека од власта ќе соберат доволно храброст и ќе дадат можност на народот да го каже своето мислење во однос на бугарскиот предлог и во однос на овој спорен договор што го потпишаа, истакна Николоски.

The post Власта со апел сите пратеници да ги поддржат уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за нивно отфрлање appeared first on Република.

]]>

Претставници на власта вчера уште еднаш ги повикаа пратениците во Собранието, пред се оние од редовите на опозицијата, да ги поддржат уставните измени и да не го блокираат патот на земјава кон ЕУ, додека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да ги поддржи предлозите за промена на Уставот. Премиерот Димитар Ковачевски ги повика сите 120 пратениците да бидат на висина на задачата и да го поддржат продолжување на патот на земјава кон полноправно членство во ЕУ, со тоа што ќе ги поддржат уставните измени. Тој нагласи дека уставните измени ќе поминат низ процес на парламентарна дискусија и тие се нешто што земјава треба да го направи и не треба да се користат за теснопартиски интереси. – Верувам дека сите 120 пратеници треба да ги поддржат уставните измени зашто со нив се внесуваат делови од други народи кои живеат тука, кои изразиле желба да бидат дел од нашиот Устав. Ние веќе имаме повеќе делови од народи кои се дел од Уставот, покрај македонскиот народ. Постојат држави со дури 25 народи во Уставот, како Хрватска и тоа само ја збогатува општествената кохезија, рече вчера Ковачевски на прес-конференција во Владата. Тој потенцира дека секој пратеник има обврска кон граѓаните и државата во однос на европската иднина и затоа постои дискусија во Собранието која треба да се базира на аргументи, факти и на перспективите на земјата. Според него, во земјава јасно се издиференцирани две коалиции – една „за европска Македонија“, која заедно со доминантниот дел од граѓаните сака да ја види државата како дел од ЕУ и ВМРО-ДПМНЕ и Левица – кои се противат на членството во Унијата и за тоа постојано изнаоѓаат нови причини кои немаат никаква врска со реалноста. – Втората коалиција не нуди никаква алтернатива. Едниот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ нуди некаков азиски сојуз со централноазиски држави, што сметам дека е нонсенс во однос на евроинтеграциите, потенцира премиерот. Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, пак, изрази надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја искористи шансата да биде на страната на членството на Македонија во ЕУ, што, како што нагласи, е стратешки приоритет на земјата веќе 30 години. – Веруваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифатат оваа шанса и оваа можност, бидејќи ја пропуштија за НАТО, иако дел од пратениците тогаш го поддржа Преспанскиот договор и уставните измени, изјави Маричиќ во гостување во вестите на Канал 5 телевизија. Според него, паралелно со процесот на скрининг имаме можност во тој период да ја завршиме и обврската со измена на Уставот „со додавање на некои заедници, како Хрватите, Црногорците и Бугарите во Преамбулата и во уште една точка во Уставот“. – Од наш аспект содржински нема никаква пречка тоа да се направи. Мислам дека нашиот концепт на Уставот и нашиот амбиент секогаш бил инклузивен за сите заедници. Ние ќе отвориме дијалог со сите политички партии, но и со сите пратеници. Сметаме дека ќе има можност пратениците да се определат јасно дали се за продолжување на европскиот пат, дали се за членство на Македонија во Европската Унија или пак се за застој, враќање назад и отстапување од тој пат, рече Маричиќ. Од друга страна, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вчера уште еднаш го повтори ставот дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржат предлозите за измена на Уставот, порачувајќи и на власта „да го пушти“ предлогот за уставни промени во Собранието и да види дали има или нема поддршка за нив. – Еве ја повикувам власта нека го пуштат овој предлог во Собрание да видат дека немаат поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Предлозите за уставни измени ќе паднат во Собранието и после тоа да одиме на предвремени парламентарни избори, изјави Николоски во гостување во вестите на Канал 5, додавајќи дека предвремените парламентарни избори „треба да се случат, за народот го каже сопственото мислење“. Тој додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ не се откажала од референдум за „францускиот предлог“ и дека активно и интензивно работи на негова организација. – Ние кажавме дека на крајот на овој месец и почетокот на септември ќе излеземе со конкретни позиции во однос на прашањето и на начинот на кој што би се реализирал овој референдум. Се надевам дека од власта ќе соберат доволно храброст и ќе дадат можност на народот да го каже своето мислење во однос на бугарскиот предлог и во однос на овој спорен договор што го потпишаа, истакна Николоски.  

The post Власта со апел сите пратеници да ги поддржат уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за нивно отфрлање appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Власт“ од Нушиќ на штипскиот Театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-vlast-od-nushikj-na-shtipskiot-teatar/ Tue, 14 Jun 2022 11:49:31 +0000 https://republika.mk/?p=515003

Текстот „Власт" на Бранислав Нушиќ вечер ќе се постави на штипската театарска сцена во рамки на проектот „Нушиќ – наш современик". Претставата по текстот на врвниот комедиограф Нушиќ во Штип ќе се гледа по речиси петнаесетина години откако претходно се играше неговата „Нажалена фамилија". Комедијата „Власт" е трета премиера годинава на Театарот во Штип, режисер е Ѓорѓи Ризески и играат осум актери.

Мило ми е што ја работиме оваа претстава, зашто делата на Нушиќ се апсолутно актуелни и ден. Тоа е последно дело на Нушиќ и, да речам, можеби е најзрело, бидејќи колку повеќе твори, толку повеќе се истакнува неговиот квалитет. Тоа е недовршено дело и ние не го буквално довршивме, но имавме една наша креација и мислам дека тоа ќе се почувстува во претставата, рече режисерот Ризески.

Според актерите, станува збор за актуелна приказна, а пренесува и голема порака и ги вклучува емоциите. Ги поканија штипјани да уживаат во претставата.

Не само што е актуелна приказната и не дека тоа е тоа што ќе ја движи претставата, туку се емоциите. Секој од нас кога ќе се најде во таква ситуација, кога негов близок се наоѓа на власт, сѐ се менува. И тоа толку боли, бидејќи знаеме дека има еден куп проблеми. Со ова може да го кажеме и нашиот став гласно и јасно“, рече актерот Ефтим Трајчов Ѓаурски.

Актерот Милорад Ангелов додаде дека е чест и задоволство да се учествува во вакво дело режирано од, како што рече, еден прекрасен млад режисер.

Гарантирам дека публиката ќе ужива во претставата, рече Ангелов.

Центарот за култура „Ацо Шопов"-Штип со претставата „Власт" ја завршува полусезоната. Во неа учествува голем тим, од кој дел се и невработени актери избрани на аудиција. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов" Горан Трајков е со став дека на ваков начин се подобрува квалитетот и се задоволува потребата од млади актери.

По вечерашната премиера, претставата „Власт" ќе има уште две репризи, на 20 и 28 јуни. Почетокот е во 20 часот, а влезницата чини 300 денари.

The post Премиера на „Власт“ од Нушиќ на штипскиот Театар appeared first on Република.

]]>

Текстот „Власт" на Бранислав Нушиќ вечер ќе се постави на штипската театарска сцена во рамки на проектот „Нушиќ – наш современик". Претставата по текстот на врвниот комедиограф Нушиќ во Штип ќе се гледа по речиси петнаесетина години откако претходно се играше неговата „Нажалена фамилија". Комедијата „Власт" е трета премиера годинава на Театарот во Штип, режисер е Ѓорѓи Ризески и играат осум актери.
Мило ми е што ја работиме оваа претстава, зашто делата на Нушиќ се апсолутно актуелни и ден. Тоа е последно дело на Нушиќ и, да речам, можеби е најзрело, бидејќи колку повеќе твори, толку повеќе се истакнува неговиот квалитет. Тоа е недовршено дело и ние не го буквално довршивме, но имавме една наша креација и мислам дека тоа ќе се почувстува во претставата, рече режисерот Ризески.
Според актерите, станува збор за актуелна приказна, а пренесува и голема порака и ги вклучува емоциите. Ги поканија штипјани да уживаат во претставата.
Не само што е актуелна приказната и не дека тоа е тоа што ќе ја движи претставата, туку се емоциите. Секој од нас кога ќе се најде во таква ситуација, кога негов близок се наоѓа на власт, сѐ се менува. И тоа толку боли, бидејќи знаеме дека има еден куп проблеми. Со ова може да го кажеме и нашиот став гласно и јасно“, рече актерот Ефтим Трајчов Ѓаурски.
Актерот Милорад Ангелов додаде дека е чест и задоволство да се учествува во вакво дело режирано од, како што рече, еден прекрасен млад режисер.
Гарантирам дека публиката ќе ужива во претставата, рече Ангелов.
Центарот за култура „Ацо Шопов"-Штип со претставата „Власт" ја завршува полусезоната. Во неа учествува голем тим, од кој дел се и невработени актери избрани на аудиција. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов" Горан Трајков е со став дека на ваков начин се подобрува квалитетот и се задоволува потребата од млади актери. По вечерашната премиера, претставата „Власт" ќе има уште две репризи, на 20 и 28 јуни. Почетокот е во 20 часот, а влезницата чини 300 денари.  

The post Премиера на „Власт“ од Нушиќ на штипскиот Театар appeared first on Република.

]]>
ВМРО ДПМНЕ: Најголемата и најдобрата антикризна мерка на оваа неспособна власт е оставка и организирање на предвремени парламентарни избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-najgolemata-i-najdobrata-antikrizna-merka-na-ovaa-nesposobna-vlast-e-ostavka-i-organiziranje-na-predvremeni-parlamentarni-izbori/ Wed, 01 Jun 2022 15:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=509853

Најголемата и најдобрата антикризна мерка на оваа неспособна власт е оставка и организирање на предвремени парламентарни избори после кои конечно ќе започне процесот на извлекување на Македонија од бездната кон која ја втурнаа, сметаат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Само одговорна и посветена влада, составена од професионалци и чесни личности која ќе испорача резултати и која ќе покаже дека нема недопирливи и дека криминалот во власта жестоко и правично ќе се санкционира е рецептот кој ќе донесе нова надеж.

Затоа го повикуваме СДСМ наместо со неодговорни маркетинг трикови за наводна помош на разорената од криминал Македонија, конечно да покаже доблест и да ја признае неспособноста и аздисаноста на нивните шерифи низ институциите на државната власт. Тоа ќе биде најдобриот проект на оваа неспособна Влада што може да го направи после пет години груб грабеж на земјата, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ: Најголемата и најдобрата антикризна мерка на оваа неспособна власт е оставка и организирање на предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>

Најголемата и најдобрата антикризна мерка на оваа неспособна власт е оставка и организирање на предвремени парламентарни избори после кои конечно ќе започне процесот на извлекување на Македонија од бездната кон која ја втурнаа, сметаат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.
Само одговорна и посветена влада, составена од професионалци и чесни личности која ќе испорача резултати и која ќе покаже дека нема недопирливи и дека криминалот во власта жестоко и правично ќе се санкционира е рецептот кој ќе донесе нова надеж. Затоа го повикуваме СДСМ наместо со неодговорни маркетинг трикови за наводна помош на разорената од криминал Македонија, конечно да покаже доблест и да ја признае неспособноста и аздисаноста на нивните шерифи низ институциите на државната власт. Тоа ќе биде најдобриот проект на оваа неспособна Влада што може да го направи после пет години груб грабеж на земјата, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ: Најголемата и најдобрата антикризна мерка на оваа неспособна власт е оставка и организирање на предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>
Азески: Владата да се однесува одговорно и да им помогне на компаниите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-vladata-da-se-odnesuva-odgovorno-i-da-im-pomogne-na-kompaniite/ Fri, 27 May 2022 11:39:54 +0000 https://republika.mk/?p=507616

Во ваква ситуација да донесеш ребаланс на Буџетот значи да се прилагодиш на ситуацијата и во тоа не гледам ништо друго освен намалување на непродуктивните трошоци, задржување на економската активност и на работните места. Ние однапред кажавме дека ситуацијата е тешка, па не знам кој би можел и нешто друго да изведе, рече денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Одговорајќи на новинарски прашања по средбата со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, Азески апелира Владата максимално одговорно да се однесува и да им помогне на компаниите, а тоа може да се реализира само ако, рече, сите се движат кон утврдените приоритети.

Чекаме да видиме што ќе се случи со ребалансот, па да седнеме со Владата и да разговараме. Мерките што ќе ги предлагаме ќе бидат во насока да се задржи постојното ниво на економска активност и на работните места. Не загрижува проблемот со скапите суровини и нивната набавка, но и цената на струјата. Треба да се подигне степенот на домашно производство и рационално да се троши енергијата. Понудивме и други решенија како јавно-приватно партнерство во електропроизводството, а имаме и предлози како да се менаџираат јавните набавки. До крајот на годината не треба да се носат нови даночни задолжувања, треба да има и предвидливост, потенцира Азески.

Тој подвлече и дека стопанството покажа дека може да се носи со вакви предизвици.

Од 2008 година сме во криза, но бизнисот жилаво се држи, рече Азески.

The post Азески: Владата да се однесува одговорно и да им помогне на компаниите appeared first on Република.

]]>

Во ваква ситуација да донесеш ребаланс на Буџетот значи да се прилагодиш на ситуацијата и во тоа не гледам ништо друго освен намалување на непродуктивните трошоци, задржување на економската активност и на работните места. Ние однапред кажавме дека ситуацијата е тешка, па не знам кој би можел и нешто друго да изведе, рече денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Одговорајќи на новинарски прашања по средбата со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, Азески апелира Владата максимално одговорно да се однесува и да им помогне на компаниите, а тоа може да се реализира само ако, рече, сите се движат кон утврдените приоритети.